бугарски клуб цар борис Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-klub-car-boris/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Apr 2023 12:45:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски клуб цар борис Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-klub-car-boris/ 32 32 „Цар Борис Трети“ од Охрид избришан од Централниот регистар https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-treti-od-ohrid-izbrishan-od-tsentralniot-registar/ Tue, 04 Apr 2023 12:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=627149

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид од денеска е избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Министерот за правда Кренар Лога на 30 март годинава го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид.

Од Министерството за правда, во соопштение до медиумите, укажаа дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности, и дека Решението ќе се достави до Централен регистар за понатамошно постапување.

Комисијата за употреба на имиња на личности, како што посочи Министерството за правда, смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, се вели во соопштението од Правда, објавено на 30 март.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември.

Пред две недели од Централниот регистар беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.

The post „Цар Борис Трети“ од Охрид избришан од Централниот регистар appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид од денеска е избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност. Министерот за правда Кренар Лога на 30 март годинава го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид. Од Министерството за правда, во соопштение до медиумите, укажаа дека постапуваат согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности, и дека Решението ќе се достави до Централен регистар за понатамошно постапување. Комисијата за употреба на имиња на личности, како што посочи Министерството за правда, смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.
Во образложението Комисијата наведува дека тој е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка, се вели во соопштението од Правда, објавено на 30 март.
Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември. Пред две недели од Централниот регистар беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.

The post „Цар Борис Трети“ од Охрид избришан од Централниот регистар appeared first on Република.

]]>
И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар https://republika.mk/vesti/makedonija/i-tsar-boris-treti-izbrishan-od-tsentralen-registar/ Tue, 04 Apr 2023 10:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=627077

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација. Централниот регистар постапи пет дена откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Претходно владината Комисија за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…

The post И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација. Централниот регистар постапи пет дена откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност. Претходно владината Комисија за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…  

The post И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае дали и „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-znae-dali-i-tsar-boris-ke-zavrshi-kako-vancho-mihajlov/ Tue, 28 Mar 2023 06:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=624433

Комисијата за употреба на историските имиња денеска треба да одржи седница и да изготви извештај во врска со бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, по што министерот за правда Кренар Лога ќе треба да донесе соодветно решение.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Минатата недела со одлука на министерот за правда, а по претходно мислење на надлежната Комисија, од Централниот регистер беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола

The post Денеска ќе се знае дали и „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

Утре ќе се знае дали „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-ke-se-znae-dali-tsar-boris-ke-zavrshi-kako-vancho-mihajlov/ Mon, 27 Mar 2023 13:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=624300

Утре ќе се знае дали Цар Борис трети“ во Охрид ќе ја доживее истата судбина како и „Ванчо Михајлов“ . Комисијата за употреба на имињата утре ќе расправа и треба мислењето да го достави до министерот за правда кој го има последниот збор.  Тој пак уверува дека ќе постапува согласно законските измени.

  • Комисијата ќе заседава утре и ќе донесе мислење за името на охридското здружение, по што јас ќе донесам соодветно решение, согласно законот. Процедурата е иста како минатиот пат“ – рече министерот за правда Лога.

The post Утре ќе се знае дали „Цар Борис“ ќе заврши како „Ванчо Михајлов“ appeared first on Република.

На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур https://republika.mk/vesti/makedonija/na-den-pred-istekot-na-rokot-sredba-so-osmani-tsar-boris-ke-go-menuva-imeto-vancho-mihajlov-ke-ja-bara-pravdata-vo-strazbur/ Wed, 15 Feb 2023 07:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=609124

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија.

Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/

За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.

Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур.

Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх.

Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише.

Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа.

Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Претставници на бугарските здруженија во Република Македонија денеска ќе остварат средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Средбата е на барање  на Османи и се одржува ден пред да истече законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис III“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван Михајлов“, кој најавува дека правдата ќе ја бара пред меѓународниот суд во Стразбур. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/
За здружението „Иван Михајлов“ од Битола, не е поднесено барање за промени согласно новите измени на Законот за здруженија и фондации, велат од Централен регистар за DW.
Првиот човек на клубот, Љупчо Ѓоргиевски за ДВ вели дека нема намера да го менува името на клубот и ќе ги искористат сите правни алатки за да ги остварат нивните права, па ако треба ќе ја тужат и државата во Стразбур. Утре истекува рокот од три месециво кој бугарските здруженија треба да се усогласат со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои, здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на луѓе кои по која било основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, национал-социјализам и Третиот рајх. Измените на Законот за здруженијата и фондациитестапија на сила на 16 ноември. Ако здруженијата кои имаат имиња што се косат со одредбите во законот, не направат усогласување, односно преименување, министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот (до 16 март), по претходно негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, и врз таа основа Централниот регистар треба ги избрише. Охридскиот клуб „Цар Борис III“ беше отворен лани во октомври, а за време на отварањето имаше протести на револтирани граѓани. Набрзо по отварањето клубот беше каменуван, па во него беше пукано, а сторителите на овие напади досега не се откриени. Неодамна, пак, во Охрид беше натепан секретарот на клубот Христијан Пендиков, по што Бугарија итно го евакуираше со авион, а охридското обвинителство за овој случај покрена обвинение против едно лице за напад врз етничка основа. Битолскиот клуб „Иван Михајлов“ беше отворен лани во април во присуство на целиот бугарски државен врв, на чело со тогашниот премиер Кирил Петков.

The post На ден пред истекот на рокот средба со Османи: „Цар Борис“ ќе го менува името, „Ванчо Михајлов“ ќе ја бара правдата во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Бугарија: Нападот врз клубот не е вандалски чин, туку кривично дело https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-napadot-vrz-klubot-ne-e-vandalski-chin-tuku-krivichno-delo/ Thu, 24 Nov 2022 10:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=577705

Бугарското Министерство за надворешни работи категорично го осуди, како што се наведува, сериозното кривично дело во кое беше употребено огнено оружје врз Клубот на граѓани со бугарска самосвест „Цар Борис III“ вчера во Охрид.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според објавата на Министерството, бугарскиот генерален конзул во Битола Димитар Иванов бил во посета на Охрид и воспоставил контакт со членовите на здружението и надлежните институции во градот инволвирани во случајот.

Ова е трет напад врз клубот Цар Борис III за помалку од два месеци. Претходниот напад беше извршен пред само два дена, за што бугарското МНР испрати вербална нота до амбасадата на Македонија во Софија.

Бугарското МНР, се додава, ја нотира реакцијата на Министерството за надворешни работи на Македонија, но, се посочува, категорично не прифаќаат „вакви тешки кривични дела да се дефинираат како вандалски чин“.

Властите во Софија, како што пренесува дописникот на МИА, очекуваат надлежните органи во Македонија „во најкраток можен рок да преземат мерки за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на злосторството врз клубот „Цар Борис Трети““.

По тој повод, денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија, на средба ќе биде повикана амбасадорката на Македонија, Агнеза Руси-Поповска, на која ќе ѝ биде врачена протестна нота.

Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера, оценувајќи го како вандалски чин.

Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР.

The post Бугарија: Нападот врз клубот не е вандалски чин, туку кривично дело appeared first on Република.

]]>

Бугарското Министерство за надворешни работи категорично го осуди, како што се наведува, сериозното кривично дело во кое беше употребено огнено оружје врз Клубот на граѓани со бугарска самосвест „Цар Борис III“ вчера во Охрид. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според објавата на Министерството, бугарскиот генерален конзул во Битола Димитар Иванов бил во посета на Охрид и воспоставил контакт со членовите на здружението и надлежните институции во градот инволвирани во случајот. Ова е трет напад врз клубот Цар Борис III за помалку од два месеци. Претходниот напад беше извршен пред само два дена, за што бугарското МНР испрати вербална нота до амбасадата на Македонија во Софија. Бугарското МНР, се додава, ја нотира реакцијата на Министерството за надворешни работи на Македонија, но, се посочува, категорично не прифаќаат „вакви тешки кривични дела да се дефинираат како вандалски чин“. Властите во Софија, како што пренесува дописникот на МИА, очекуваат надлежните органи во Македонија „во најкраток можен рок да преземат мерки за откривање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на злосторството врз клубот „Цар Борис Трети““. По тој повод, денеска во Министерството за надворешни работи на Бугарија, на средба ќе биде повикана амбасадорката на Македонија, Агнеза Руси-Поповска, на која ќе ѝ биде врачена протестна нота. Македонското Министерство за надворешни работи синоќа го осуди оштетувањето на стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид кое се случило вчера, оценувајќи го како вандалски чин.
Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, се наведува во реакцијата за МНР.

The post Бугарија: Нападот врз клубот не е вандалски чин, туку кривично дело appeared first on Република.

]]>
Димитров: Ваквите инциденти од Охрид не влијаат врз работата на Комисијата https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-vakvite-incidenti-od-ohrid-ne-vlijaat-vrz-rabotata-na-komisijata/ Thu, 24 Nov 2022 09:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=577690

Инцидентите како последниот со кршењето на стаклото на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи ние имаме свој научен пристап за решение на проблемите, изјави денеска во Скопје копретседавачот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров пред почетокот на новата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Тоа е еден брутален чин на омраза, додаде Димитров, во одговор на новинарско прашање за коментар за синоќешниот инцидент во Охрид.

Во однос на темите на средбата, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје, тој посочи дека тоа се истите кои разговараат со македонските колеги на последните неколку средби.

Тоа значи дека нема напредок, а дали ќе има ќе видиме денеска. Оптимист сум и секогаш очекувам нешто добро, рече Димитров.

Се очекува на средбата во Скопје историчарите да дебатираат за учебниците по историја за 7-мо одделение и за Гоце Делчев.

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

The post Димитров: Ваквите инциденти од Охрид не влијаат врз работата на Комисијата appeared first on Република.

]]>

Инцидентите како последниот со кршењето на стаклото на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи ние имаме свој научен пристап за решение на проблемите, изјави денеска во Скопје копретседавачот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров пред почетокот на новата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Тоа е еден брутален чин на омраза, додаде Димитров, во одговор на новинарско прашање за коментар за синоќешниот инцидент во Охрид.
Во однос на темите на средбата, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје, тој посочи дека тоа се истите кои разговараат со македонските колеги на последните неколку средби.
Тоа значи дека нема напредок, а дали ќе има ќе видиме денеска. Оптимист сум и секогаш очекувам нешто добро, рече Димитров.
Се очекува на средбата во Скопје историчарите да дебатираат за учебниците по историја за 7-мо одделение и за Гоце Делчев. Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

The post Димитров: Ваквите инциденти од Охрид не влијаат врз работата на Комисијата appeared first on Република.

]]>
МНР потресено од вчерашното оштетување на бугарскиот клуб во Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mnr-potreseno-od-vcherashnoto-oshtetuvanje-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid/ Thu, 24 Nov 2022 09:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=577680

Министерството за надворешни работи најстрого го осудува вандалскиот чин што се случил вечерва, 23 ноември, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид, се вели во нивното соопштение утрово.

Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, велат од МНР.

Тие ги повикуваат надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие „вандалски активности“ и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат „соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава“.

Сите граѓани имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања, што преставува и законски и уставно загарантирани човечки, граѓански права и слободи – државата како веродостоен кандидат за членство во ЕУ тоа мора да го обезбеди.

Истовремено апелираме до сите граѓани за одговорно однесување и почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, се вели во соопштението.

The post МНР потресено од вчерашното оштетување на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи најстрого го осудува вандалскиот чин што се случил вечерва, 23 ноември, при што меѓу другото со употреба на оружје се оштетени надворешните стакла на граѓанскиот клуб во Охрид, се вели во нивното соопштение утрово.
Особено загрижува фактот што овие вандалски активности се повторуваат во многу краток период, имајќи предвид дека пред само неколку дена, на 20 ноември, бевме сведоци на уште еден вандалски чин кога беше оштетен излогот на клубот. Ваквите настани се целосно неприфатливи, можат да загрозат човечки животи, и ги засилуваат ретроградните процеси кои се во спротивност со европските интеграции на земјава, велат од МНР.
Тие ги повикуваат надлежните институции да ги истражат околностите под кои се случија овие „вандалски активности“ и да преземат итни мерки за откривање на сторителите, како и да преземат дополнителни превентивни активности со цел да се обезбедат „соодветни услови за непречено одвивање на активностите на овој и сите други граѓански клубови и здруженија во земјава“.
Сите граѓани имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања, што преставува и законски и уставно загарантирани човечки, граѓански права и слободи – државата како веродостоен кандидат за членство во ЕУ тоа мора да го обезбеди. Истовремено апелираме до сите граѓани за одговорно однесување и почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, се вели во соопштението.

The post МНР потресено од вчерашното оштетување на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>
На клубот било пукано со оружје https://republika.mk/vesti/makedonija/na-klubot-bilo-pukano-so-oruzje/ Wed, 23 Nov 2022 21:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=577514

Оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид вечерва било направено од огнено оружје, потврди охридската полиција.

Вечерва во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана на бул. „Македонски просветители“ во ТЦ Амам во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.

Додаде дека за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/car-boris-go-napadnale-vo-dva-izutrina-skreshno-e-stakloto/

The post На клубот било пукано со оружје appeared first on Република.

]]>

Оштетувањето на бугарскиот клуб во Охрид вечерва било направено од огнено оружје, потврди охридската полиција.
Вечерва во 19.12 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“ лоцирана на бул. „Македонски просветители“ во ТЦ Амам во Охрид. Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.
Додаде дека за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Охрид по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот. Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/car-boris-go-napadnale-vo-dva-izutrina-skreshno-e-stakloto/

The post На клубот било пукано со оружје appeared first on Република.

]]>
Oхриѓани не ги оставаат на мира: Повторно оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ohrigjani-ne-gi-ostavaat-na-mira-povtorno-oshteten-bugarskiot-klub-car-boris/ Wed, 23 Nov 2022 21:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=577504

Повторно е извршен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид. Овојпат, оштетена е поставената табла на клубот и нападнати се просториите на клубот.

Полицијата изврши увид на местото. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА изјави дека во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид.

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Димоски.

За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/car-boris-go-napadnale-vo-dva-izutrina-skreshno-e-stakloto/

The post Oхриѓани не ги оставаат на мира: Повторно оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Повторно е извршен напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид. Овојпат, оштетена е поставената табла на клубот и нападнати се просториите на клубот. Полицијата изврши увид на местото. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за МИА изјави дека во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на здружението „Цар Борис Трети“, лоцирана на булеварот „Македонски Просветители“ во трговскиот центар Амам во Охрид.
Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјави Димоски.
За настанот бил известен јавен обвинител од ОЈО Охрид, по чии насоки се преземаат мерки за расчистување на настанот. Ова е трет напад врз клубот со контроверзно име. Првиот напад се случи веднаш по отворањето, за кое имаше и голем протест од охриѓани, а вториот пред само неколку дена. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/car-boris-go-napadnale-vo-dva-izutrina-skreshno-e-stakloto/

The post Oхриѓани не ги оставаат на мира: Повторно оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Димоски: МВР е фокусирано на пронаоѓање на одговорните за оштетување на излогот на бугарскиот клуб во Охрид https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dimoski-mvr-e-fokusirano-na-pronaogjanje-na-odgovornite-za-oshtetuvanje-na-izlogot-na-bugarskiot-klub-vo-ohrid/ Tue, 22 Nov 2022 11:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=576878

Полицијата е фокусирана на пронаоѓање на сторителите, кои го извршиле оштетувањето на стаклото од излогот на седиштето на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид, по што ќе поднесе соодветна пријава, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој посочи дека остануваат на вчерашното соопштение дека кај нив било пријавено оштетување на стаклото на седиштето на здружението, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид и оти по пронаоѓање на сторителите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Оштетувањето на стаклото и дел од светечката реклама на клубог „Цар Борис Трети“ во Охрид, кое било направено со тврд предмет, во полицијата е пријавено вчера во 2 часот и 5 минути.

Бугарски медиуми објавија видео на кое се гледа како три маскирани лица фрлаат со тврди предмети кон излогот на клубот. На ова негово второ оштетување по отворањето, вчера со осуда реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи.

The post Димоски: МВР е фокусирано на пронаоѓање на одговорните за оштетување на излогот на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>

Полицијата е фокусирана на пронаоѓање на сторителите, кои го извршиле оштетувањето на стаклото од излогот на седиштето на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид, по што ќе поднесе соодветна пријава, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој посочи дека остануваат на вчерашното соопштение дека кај нив било пријавено оштетување на стаклото на седиштето на здружението, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид и оти по пронаоѓање на сторителите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Оштетувањето на стаклото и дел од светечката реклама на клубог „Цар Борис Трети“ во Охрид, кое било направено со тврд предмет, во полицијата е пријавено вчера во 2 часот и 5 минути. Бугарски медиуми објавија видео на кое се гледа како три маскирани лица фрлаат со тврди предмети кон излогот на клубот. На ова негово второ оштетување по отворањето, вчера со осуда реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи.

The post Димоски: МВР е фокусирано на пронаоѓање на одговорните за оштетување на излогот на бугарскиот клуб во Охрид appeared first on Република.

]]>
„Цар Борис“ го нападнале во два изутрина, скршeно е стаклото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/car-boris-go-napadnale-vo-dva-izutrina-skreshno-e-stakloto/ Mon, 21 Nov 2022 18:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=576622

На 21.11.2022 во 02.05 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло од излог на „Здружение на граѓани Цар Борис III“ лоцирано на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

The post „Цар Борис“ го нападнале во два изутрина, скршeно е стаклото appeared first on Република.

Законот е изгласан, власта да почне да го применува и да го затвори „Цар Борис“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-e-izglasan-vlasta-da-pochne-da-go-primenuva-i-da-go-zatvori-car-boris/ Thu, 10 Nov 2022 08:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=572143

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот „Цар Борис“, кој носи име на нацистички соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи дека законот е донесен и изгласан во Собранието, и затоа треба веднаш да се почне со примена.

Името на клубот „Цар Борис“, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер. Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар. Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Законот е изгласан, власта да почне да го применува и да го затвори „Цар Борис“ appeared first on Република.

„Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-mihajlov-i-car-boris-treti-imaat-tri-meseci-da-si-gi-smenat-iminjata/ Wed, 02 Nov 2022 20:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=568943

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка.

Измените на Законот за здруженија ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ по отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности.

Предлогот на опозицијата го поддржаа и пратениците од власта. За измените гласаа 67 пратеници, немаше против и воздржани.

Потоа и владејачката СДСМ поднесе измени на Законот за партии, со речиси идентичен текст на законот за здруженија, со кои се осудува фашизмот. И за овие измени „за“ гласаа 67 пратеници.

Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

The post „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата appeared first on Република.

]]>

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка. Измените на Законот за здруженија ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ по отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности. Предлогот на опозицијата го поддржаа и пратениците од власта. За измените гласаа 67 пратеници, немаше против и воздржани. Потоа и владејачката СДСМ поднесе измени на Законот за партии, со речиси идентичен текст на законот за здруженија, со кои се осудува фашизмот. И за овие измени „за“ гласаа 67 пратеници. Измените на законот за здруженија предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња, по примерот на здруженијата Иван (Ванчо) Михајлов и Цар Борис Трети и истоимените клубови. Овие здруженија и клубови ќе имаат време да ги сменат имињата, а доколку тоа не го направат во рок од три месеци, ќе бидат избришани од Централен регистар.

The post „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ имаат три месеци да си ги сменат имињата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за „Цар Борис“: Провокација на мала група луѓе, македонски граѓани https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-car-boris-provokacija-na-mala-grupa-lugje-makedonski-gragjani/ Sat, 08 Oct 2022 18:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=558895

Го осудувам отворањето на клубот со такво име, но тој клуб го имаат отворено македонски граѓани, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Така да ако треба да реагираме, тоа треба на македонските граѓани кои живеат во нашата држава и треба да имаат чувство за граѓаните кои имаат резерва кон тоа име. Тоа не се однесува само на овој, туку и на претходни клубови. Како Влада и на политичката партија прво го осудуваме, и тоа е провокација на мала група на луѓе кои не сакаат да имаме добри односи со соседот.
Ние имаме либерален закон за имиња, и сега работиме на нов закон за отворање на клубови. Јас ги повикувам сите пратеници и еврејската заедница да учествуваат во формирање на овој закон, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за „Цар Борис“: Провокација на мала група луѓе, македонски граѓани appeared first on Република.

]]>

Го осудувам отворањето на клубот со такво име, но тој клуб го имаат отворено македонски граѓани, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Така да ако треба да реагираме, тоа треба на македонските граѓани кои живеат во нашата држава и треба да имаат чувство за граѓаните кои имаат резерва кон тоа име. Тоа не се однесува само на овој, туку и на претходни клубови. Како Влада и на политичката партија прво го осудуваме, и тоа е провокација на мала група на луѓе кои не сакаат да имаме добри односи со соседот. Ние имаме либерален закон за имиња, и сега работиме на нов закон за отворање на клубови. Јас ги повикувам сите пратеници и еврејската заедница да учествуваат во формирање на овој закон, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за „Цар Борис“: Провокација на мала група луѓе, македонски граѓани appeared first on Република.

]]>