бугаризација Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarizacija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jan 2024 12:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугаризација Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarizacija/ 32 32 Хајредини: Со Бугарите во Уставот, Бугарија сака да го почне процесот за бугаризација на Македонците https://republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-so-bugarite-vo-ustavot-bugarija-saka-da-go-pochne-protsesot-za-bugarizatsija-na-makedontsite/ Sat, 20 Jan 2024 09:25:00 +0000 https://republika.mk/?p=734863

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини смета дека со одлуката за промена на Уставот може да води кон поголема бугаризација на Македонците во земајва. Сепак, тој посочува дека е енигма дали планот ќе им успее.

Со Бугарите во уставот, Бугарија сака да го почне процесот на бугаризација на Македонците во Македонија. Дали во тоа ќе успее и колку тој процес ќе трае, никој не знае, напиша Хајредини на неговиот фејсбук профил.

Тој потенцира и дека Албанците за влез во ЕУ, немаат потреба за нонпејпер потпишан од Али Амети.

The post Хајредини: Со Бугарите во Уставот, Бугарија сака да го почне процесот за бугаризација на Македонците appeared first on Република.

]]>

Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://republika.mk/vesti/balkan/uapseni-tri-litsa-za-izdavane-lazhni-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 13:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=725332

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра). Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.
Тие во соработка меѓусебно ја злоупотребиле должноста фалсификувајќи списи од граѓанска евиденција и за парични средства на лица кои сакале да аплицираат за бугарско државјанство им давале лажни потврди, со кои потоа се пријавале во здружението „Голо Брдо“ и да добијат бугарски пасоши,  наведуваат медиумите, во кои ова е топ тема имајќи ги превид реакциите на Македонците од оваа област за уцени, закани и поткуп од бугарски претставници за да на пописот се  изјаснат како Бугари.
Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени. Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

The post Уапсени три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, бугаризација е бајка на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-sdsm-i-sotsijaldemokratite-sekogash-bile-patrioti-bugarizatsija-e-bajka-na-vmro-dpmne/ Sun, 25 Jun 2023 19:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=655060

Суштинската разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е исто како разликата помеѓу патриоти и националисти. Патриотите сакаат, националистите мразат, патриотите градат мостови, националистите рушат, патриотите се интегрираат, националистите се изолираат, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ на денешната трибина во Куманово, „Рeзултати што прават разлика“, на тема „МК во ЕУ до 2030“.

„СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, а еден голем дел од ВМРО-ДПМНЕ беа и останаа националисти кои на евроинтеграцијата гледаат како тема за добивање политички поени, тема за избор, илузија и нереалност“нагласи Маричиќ.

Тој посочи дека опозицијата постојано сее страв и паника кај граѓаните, заплашувајќи ги дека се изгубени нашите идентитетските обележја, со цел да бараат и да ги доведат само до избори.

„Нивна е бајката за бугаризација, бајката за бришење на идентитетот, бајката дека Фронтекс нема да се потпише и дека сме се откажале од јазикот“рече Маричиќ.

Тој посочи дека европската иднина е реалност и македонската европска приказна се темели на реални факти, проекции, ветувања на веќе постигнати резултати.

The post Маричиќ: СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, бугаризација е бајка на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Суштинската разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е исто како разликата помеѓу патриоти и националисти. Патриотите сакаат, националистите мразат, патриотите градат мостови, националистите рушат, патриотите се интегрираат, националистите се изолираат, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ на денешната трибина во Куманово, „Рeзултати што прават разлика“, на тема „МК во ЕУ до 2030“. „СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, а еден голем дел од ВМРО-ДПМНЕ беа и останаа националисти кои на евроинтеграцијата гледаат како тема за добивање политички поени, тема за избор, илузија и нереалност“нагласи Маричиќ. Тој посочи дека опозицијата постојано сее страв и паника кај граѓаните, заплашувајќи ги дека се изгубени нашите идентитетските обележја, со цел да бараат и да ги доведат само до избори. „Нивна е бајката за бугаризација, бајката за бришење на идентитетот, бајката дека Фронтекс нема да се потпише и дека сме се откажале од јазикот“рече Маричиќ. Тој посочи дека европската иднина е реалност и македонската европска приказна се темели на реални факти, проекции, ветувања на веќе постигнати резултати.

The post Маричиќ: СДСМ и социјалдемократите секогаш биле патриоти, бугаризација е бајка на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Ни го бугаризираат малцинството во Албанија, додека Ориѓански се среќава со Аљи Ахмети https://republika.mk/tvitovi/ni-go-bugariziraat-maltsinstvoto-vo-albanija-dodeka-origanski-se-srekava-so-ali-ahmeti/ Wed, 01 Feb 2023 15:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=603469

https://republika.mk/vesti/makedonija/origanski-kefoj-shto-vo-poseta-mu-bil-gospodinot-ahmeti-imavme-prekrasen-dlabok-razgovor-fantastichen-pochetok-na-godinata/

The post Ни го бугаризираат малцинството во Албанија, додека Ориѓански се среќава со Аљи Ахмети appeared first on Република.

Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-bugarizacija-na-edno-misla-imame-sega-dana-pee-blgariya-cyala-da-e-i-deka-tie-ne-se-rusnaci-i-amerikanci/ Thu, 03 Nov 2022 08:30:47 +0000 https://republika.mk/?p=569040

Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“.

https://arhiva.republika.mk/949399

Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ukradoa-pesna-na-vojo-stojanovski-namesto-za-cheda-na-aleksandar-gordost-makedonska-se-pee-za-asparuh-gordost-bugarska/

Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година.

https://youtu.be/gH7ec2yEgLs

Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Рад­ми­ла Ми­тро­виќ, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/svatba-e-golema-bugarite-ukradoa-ushte-eden-hit-na-vojo-stojanovski/

The post Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ appeared first on Република.

]]>

Песната „Една мисла имаме“ изведувана од македонскиот пејач Војо Стојаноски пред неколку години беше земена од бугарската пејачка Глорија, а познатите стихови преработени од „Македонија цела да е“ во „Бугарија цела да е“. https://arhiva.republika.mk/949399 Станува збор за македонска песна чии автори се групата „Пелистер“, а текстот на Владе Георгиевски од истата група. Синот на легендарниот Војо, Драган Стојаноски неодамна реагираше дека никој од државата не се погрижил да реагира за авторските права на песната и како тоа од „чеда на Александар“ се дојде до „Аспарух“. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-ukradoa-pesna-na-vojo-stojanovski-namesto-za-cheda-na-aleksandar-gordost-makedonska-se-pee-za-asparuh-gordost-bugarska/ Истата песна сега доби нова верзија од бугарската пејачка Дана. Покрај голем крст, облечена и во бугарско знаме, Дана пее „България цяла да е“ и како тие не се „ни Руси ни Американци“. Во описот на видеото никаде не стои кои се авторите на песната од 1992 година. https://youtu.be/gH7ec2yEgLs Новиот спот за „Всеки да я знае“ доаѓа само неколку недели по кражбата на „Свадба е голема“, исто така изведувана од Стојаноски. Текстот за „Свадба е голема“ го напиша Рад­ми­ла Ми­тро­виќ, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. И нивните имиња се изоставени во бугарската верзија. https://republika.mk/vesti/makedonija/svatba-e-golema-bugarite-ukradoa-ushte-eden-hit-na-vojo-stojanovski/

The post Уште една бугаризација на „Едно мисла имаме“, сега Дана пее „България цяла да е“ и дека тие не се „руснаци и американци“ appeared first on Република.

]]>
Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива https://republika.mk/vesti/makedonija/petrov-bugarizacija-e-koga-150-000-gragjani-kje-zemat-bugarski-pasosh-za-da-baraat-perspektiva/ Fri, 07 Oct 2022 14:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=558482

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.

-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.

Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења.

Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.

Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.

Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

The post Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива appeared first on Република.

]]>

Членот на ИО на СДСМ Андреј Петров во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна вистински патриотизам и штитење на македонските интереси е полноправно членство во ЕУ, додавајќи дека местото на државите од Западен Балкан е во ЕУ и нема друга алтернатива.
-Вистинско штитење на националните интереси е Македонија да стане членка на ЕУ, затоа што тоа е најголемиот штитник на националните интереси. Бугаризација е кога 150.000 граѓани на Македонија ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива од економски карактер, наместо тоа треба да им понудиме тука, како земја членка на ЕУ каде што никој нема потреба да прави такви работи и на тој начин посилно се бранат националните интереси, рече Петров.
Скринингот е во тек, а европската политичка заедница, треба да се искористи, земји кои не се членки на ЕУ на иста маса со членките на ЕУ да ги кажат своите заложби, без вообичаените стеги на строгата оранизација на ЕУ, истакна Петров, додавајќи дека треба да се користи секоја можност да се седне на маса со колегите од Европа да се разменат мислења. Тој нагласи во интерес на државата е да го смени Уставот и да се додадат делови од други народи во нашиот устав.
Прво ова нема да наштети на националните интереси на државата, а од друга страна ќе се добие многу и второ тоа е гаранција дека ние сме посебен народ, штом дел од некој народ го внесувате во Уставот, тоа е најголем демант на тезата дека ова е еден народ во две држави, истакна Петров.
Државата има корист да ги разреши пречките што стојат на патот кон ЕУ, да најде консензус помеѓу клучните политички фактори во државата и да оди напред, да ја респектира изјавата на евро-амбасадорот дека очигледна е желбата на САД и ЕУ Македонија да се стави на брза трака заедно со Албанија да влезе во ЕУ што побрзо и на тој начин да се затворат отворените прашања на Балканот, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.

The post Петров: Бугаризација е кога 150.000 граѓани ќе земат бугарски пасош за да бараат перспектива appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Од бугаризација се плашат само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-bugarizacija-se-plashat-samo-makedoncite-koi-imaat-labavo-nacionalno-samochuvstvo/ Sat, 17 Sep 2022 10:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=551686

Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план.

-Не мислам дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можат да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекавме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција, рече претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во магазинот Трилинг на ТВ 24.

Шефот на државата најави дека на 1 октомври ќе отпатува во Софија, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев.

Пендаровски досега имал четири телефонски разговори со неговиот колега Радев, на тема увоз на електрична енергија.

Тој информира дека таму се отвора интерконекторот меѓу Грција и Бугарија, а ќе бидат присутни, како што е најавено, и неколку претседатели и премиери од регионот, со цел да покажеме дека не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во невоља..

-Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Навредливо е за македонската нација да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално члувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација. Мислам дека тоа е испукан ќор фишек, бидејќи нема никаква опасност дека ние низ европските процеси на крајот на станеме Бугари, дециден е Пендаровски.

Политички став на претседателот Пендаровски, е дека референдум нас ни беше нужен, но не, како што истакна, со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.

-И јас бев спремен да излезам и да гласам на референдум на кој ќе се поставеше прашањето дали сте за ЕУ или не сте, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Од бугаризација се плашат само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство appeared first on Република.

]]>

Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план.
-Не мислам дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можат да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекавме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција, рече претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во магазинот Трилинг на ТВ 24.
Шефот на државата најави дека на 1 октомври ќе отпатува во Софија, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев. Пендаровски досега имал четири телефонски разговори со неговиот колега Радев, на тема увоз на електрична енергија. Тој информира дека таму се отвора интерконекторот меѓу Грција и Бугарија, а ќе бидат присутни, како што е најавено, и неколку претседатели и премиери од регионот, со цел да покажеме дека не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во невоља..
-Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Навредливо е за македонската нација да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално члувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација. Мислам дека тоа е испукан ќор фишек, бидејќи нема никаква опасност дека ние низ европските процеси на крајот на станеме Бугари, дециден е Пендаровски.
Политички став на претседателот Пендаровски, е дека референдум нас ни беше нужен, но не, како што истакна, со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.
-И јас бев спремен да излезам и да гласам на референдум на кој ќе се поставеше прашањето дали сте за ЕУ или не сте, рече Пендаровски.
 
The post Пендаровски: Од бугаризација се плашат само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство appeared first on Република.

]]>
Богоев: Нема бугаризација, јазикот е потврден, историјата не ни е украдена https://republika.mk/vesti/makedonija/bogoev-nema-bugarizacija-jazikot-e-potvrden-istorijata-ne-ni-e-ukradena/ Mon, 05 Sep 2022 12:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=547626

Потпреседателот на СДСМ Стефан Богоев во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека нема бугаризација, јазикот е потврден а историјата не ни е украдена.

Ако прашаме некој дипломат или претставник на било која држава во Македонија на кој јазик Стефан и Љубиша збореа во дебатната емисија на ТВ21 во понеделник сабајле, ќе ви речат дека зборуваме на македонски јазик. Каде е бугаризацијата? Јазикот се потврди. Кој дел од историјата ние чувствуваме дека ни е украден или ни го нема за разлика од пред месец и половина кога се правеше хистеријата“, прашува Стефан Богоев.

Богоев прашува што се сменило суштински во насока на бугаризација од тогаш до ден денешен.

The post Богоев: Нема бугаризација, јазикот е потврден, историјата не ни е украдена appeared first on Република.

]]>

Потпреседателот на СДСМ Стефан Богоев во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека нема бугаризација, јазикот е потврден а историјата не ни е украдена. Ако прашаме некој дипломат или претставник на било која држава во Македонија на кој јазик Стефан и Љубиша збореа во дебатната емисија на ТВ21 во понеделник сабајле, ќе ви речат дека зборуваме на македонски јазик. Каде е бугаризацијата? Јазикот се потврди. Кој дел од историјата ние чувствуваме дека ни е украден или ни го нема за разлика од пред месец и половина кога се правеше хистеријата“, прашува Стефан Богоев. Богоев прашува што се сменило суштински во насока на бугаризација од тогаш до ден денешен.

The post Богоев: Нема бугаризација, јазикот е потврден, историјата не ни е украдена appeared first on Република.

]]>
„Затнете го носот и голтнете“ – е во ова ни ја претворија државата https://republika.mk/vesti/makedonija/zatnete-go-nosot-i-goltnete-e-vo-ova-ni-ja-pretvorija-drzavata/ Thu, 14 Jul 2022 08:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=528480

Е, во ова ни ја претворија државата ваквите субмисивни психопати од власта. Во држава за која дојденците бирократи мислат дека за 50 евра може што сакаат да и прават, во уста да и се избербатат - па на крај да и кажат да замиже, затне нос и да голтне, вели Богдан Илиевски споделувајќи ја изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дека треба да замижеме и да го голтнеме францускиот предлог иако „не е најубав“.

Е, нема. Вие голтајте ако ви се голта. Препорака за лоцирање храна? Под шахтите кои муртинскиот пиперкар ги брусеше за да дојде во ЕУ, вели Илиевски.

The post „Затнете го носот и голтнете“ – е во ова ни ја претворија државата appeared first on Република.

„Софија води нескриена жестока антимакедонска пропаганда“: Проглас во 11 точки на Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/sofija-vodi-neskriena-zestoka-antimakedonska-propaganda-proglas-vo-11-tochki-na-sojuz-na-borcite-od-noavm-i-gragjanite-prodolzuvachi-od-bitola/ Wed, 06 Jul 2022 16:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=524881

Проглас во 11 точки нa Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Битола, кој ви го пренесуваме во целост.

Како организација која се грижи за негување и зачување на придобивките од Националноослободителната војна и зачувување на традициите од националноослободителните борби и востанија на македонскиот народ од подалечното минато, во врска со отворените прашања при пристапувањето на македонската држава кон Европската унија укажува:

1. Македонскиот народ и останатите националности кои живеат во Македонија, осојузени со членовите на големата антифашистичка коалиција, во време на Втората светска војна, четири години се бореа против германскиот, италијанскиот, албанскиот и бугарскиот фашизам и ја создадоа македонската држава. Во таа борба животот го загубија илјадници македонски борци. Таа борба е неотуѓив и нераскинлив дел од македонската национална историја и од македонскиот национален идентитет. Таа националноослободителна борба е темелот врз кој е поставена македонската држава. Ревизијата, оцрнувањето и негирањето на таа македонска историја значи рушење на македонската национална држава и директно посегање по македонскиот национален идентитет.

2. Имајќи ги предвид антимакедонските документи донесени во Народното собрание на Бугарија, како на пример „Декларацијата“ од октомври 2019 година, антимакедонските документи на бугарската влада, какообјаснувачкиот „Меморандум“ испратен до членки на ЕУ од 2020 година, досегашната антимакедонска политичка пракса на официјална Софија, нејзиното користење на европските механизми за сопствените големодржавни проекти, нејзината агресија кон македонскиот идентитет и нескриените обиди за наметнување на бугарскиот наратив за нашата македонска историјата, билатерализација на пристапниот процес кон ЕУ е целосно неприфатлива опција за македонската држава.

3. Укажуваме на македонските институции, на македонските претставници кои се инволвирани во процесот на пристапување на државата кон ЕУ, на македонските политички партии и на целата македонска јавност дека не е само јазикот елемент на националната идентификација, туку дека ништо помалку таков елемент е историјата. Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка“, туку бараме услов за понатамошни преговори да биде признавање на сувереното право на сопствена македонска историја и образование. Македонските институции мора посебно внимание да обрнат во унапредување на образованието во училишните системи на секое ниво, особено во областа на историјата како трајна вредност на еден народ.

4. Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада, во форма во која беше презентиран пред македонската јавност директно ја тангира историјата и има јасна тенденција за ревизија на историската вистина по терк на бугарскиот историографски наратив. Забележлива е тенденцијата за ревизија на македонската антифашистичка историја од профашистички позиции. Ова е особено присутно во деловите кои третираат „измислените“: говор на омраза преку „спомениците“ и во учебниците, како и преку рехабилитација на жртвите на комунизмот. Затоа, сметаме дека македонските државни институции требада внимаваат во прифаќање и верификување на таков срамен, лажен и понижувачки Протокол.

5. Договорот за пријателство од 2017 година, константно се користи од Софија за да се истакнуваат отворени антимакедонски тези и ставови, да се клеветат и навредуваат Македонија и Македонците, но и да се задоволат бугарските национални аспирации кон Македонија и македонскиот народ. Сето тоа е јасно кршење на духот и одредбите од Договорот за пријателство и доволна причина македонските институции да протестираат, да бојкотираат, па дури во определен момент да го откажат спроведувањето на Договорот во оние делови каде се третираат историски и национални прашања, односно во Заедничката комисија за историски и образовни прашања.

6. Документите со кои се третираат образовни, лингвистички, историски и идентитетски прашања се директно спротивни на црвените линии од Резолуцијата на македонското Собрание за „Утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, објавена во „Службен весник“ бр:173/2021од 30.07.2021. Имено, таму јасно стои дека во процесот на пристапните преговори со ЕУ треба да се почитува континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

7. Вклучувањето на Бугарите во Уставот е неприфатливо сè додека официјална Софија води нескриена жестока антимакедонска пропаганда и изразува аспирации за денационализација и асимилација на македонскиот народ.

8. Македонскиот пат кон ЕУ не смее да зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од исполнување на своите желбикон Македонија, па затоа треба да се бараат недвосмислени гаранции од ЕУ за непречен напредок во пристапниот процес. Во сега понудените документи не постои ниту една гаранција дека веќе утре Бугарија нема да стави ново вето измислувајќи наводно непочитување на Договорот за пријателство од 2017 година.

9. Нашето Министерство за надворешни работи неодложно да направи акционен план и да започне паралелен процес за афирмација во официјална пишана форма за македонскиот идентитет, нација и јазик, од членките на ЕУ и НАТО.

10. Сите македонски државни институции инволвирани во процесот на пристапување кон ЕУ да испратат јавна порака до Софија: Никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

11. Во името на осумте народни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над три илјади депортирани евреи, сите наши сограѓани, кои вечно ќе ги чуваме во нашата меморија, апелираме владата да го прифати овој проглас и со тоа да искажи заслужена почит кон жртвите од НОАВМ.

Сојуз на борци од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Битола

The post „Софија води нескриена жестока антимакедонска пропаганда“: Проглас во 11 точки на Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Битола appeared first on Република.

]]>

Проглас во 11 точки нa Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Битола, кој ви го пренесуваме во целост. Како организација која се грижи за негување и зачување на придобивките од Националноослободителната војна и зачувување на традициите од националноослободителните борби и востанија на македонскиот народ од подалечното минато, во врска со отворените прашања при пристапувањето на македонската држава кон Европската унија укажува: 1. Македонскиот народ и останатите националности кои живеат во Македонија, осојузени со членовите на големата антифашистичка коалиција, во време на Втората светска војна, четири години се бореа против германскиот, италијанскиот, албанскиот и бугарскиот фашизам и ја создадоа македонската држава. Во таа борба животот го загубија илјадници македонски борци. Таа борба е неотуѓив и нераскинлив дел од македонската национална историја и од македонскиот национален идентитет. Таа националноослободителна борба е темелот врз кој е поставена македонската држава. Ревизијата, оцрнувањето и негирањето на таа македонска историја значи рушење на македонската национална држава и директно посегање по македонскиот национален идентитет. 2. Имајќи ги предвид антимакедонските документи донесени во Народното собрание на Бугарија, како на пример „Декларацијата“ од октомври 2019 година, антимакедонските документи на бугарската влада, какообјаснувачкиот „Меморандум“ испратен до членки на ЕУ од 2020 година, досегашната антимакедонска политичка пракса на официјална Софија, нејзиното користење на европските механизми за сопствените големодржавни проекти, нејзината агресија кон македонскиот идентитет и нескриените обиди за наметнување на бугарскиот наратив за нашата македонска историјата, билатерализација на пристапниот процес кон ЕУ е целосно неприфатлива опција за македонската држава. 3. Укажуваме на македонските институции, на македонските претставници кои се инволвирани во процесот на пристапување на државата кон ЕУ, на македонските политички партии и на целата македонска јавност дека не е само јазикот елемент на националната идентификација, туку дека ништо помалку таков елемент е историјата. Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка“, туку бараме услов за понатамошни преговори да биде признавање на сувереното право на сопствена македонска историја и образование. Македонските институции мора посебно внимание да обрнат во унапредување на образованието во училишните системи на секое ниво, особено во областа на историјата како трајна вредност на еден народ. 4. Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада, во форма во која беше презентиран пред македонската јавност директно ја тангира историјата и има јасна тенденција за ревизија на историската вистина по терк на бугарскиот историографски наратив. Забележлива е тенденцијата за ревизија на македонската антифашистичка историја од профашистички позиции. Ова е особено присутно во деловите кои третираат „измислените“: говор на омраза преку „спомениците“ и во учебниците, како и преку рехабилитација на жртвите на комунизмот. Затоа, сметаме дека македонските државни институции требада внимаваат во прифаќање и верификување на таков срамен, лажен и понижувачки Протокол. 5. Договорот за пријателство од 2017 година, константно се користи од Софија за да се истакнуваат отворени антимакедонски тези и ставови, да се клеветат и навредуваат Македонија и Македонците, но и да се задоволат бугарските национални аспирации кон Македонија и македонскиот народ. Сето тоа е јасно кршење на духот и одредбите од Договорот за пријателство и доволна причина македонските институции да протестираат, да бојкотираат, па дури во определен момент да го откажат спроведувањето на Договорот во оние делови каде се третираат историски и национални прашања, односно во Заедничката комисија за историски и образовни прашања. 6. Документите со кои се третираат образовни, лингвистички, историски и идентитетски прашања се директно спротивни на црвените линии од Резолуцијата на македонското Собрание за „Утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, објавена во „Службен весник“ бр:173/2021од 30.07.2021. Имено, таму јасно стои дека во процесот на пристапните преговори со ЕУ треба да се почитува континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет. 7. Вклучувањето на Бугарите во Уставот е неприфатливо сè додека официјална Софија води нескриена жестока антимакедонска пропаганда и изразува аспирации за денационализација и асимилација на македонскиот народ. 8. Македонскиот пат кон ЕУ не смее да зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од исполнување на своите желбикон Македонија, па затоа треба да се бараат недвосмислени гаранции од ЕУ за непречен напредок во пристапниот процес. Во сега понудените документи не постои ниту една гаранција дека веќе утре Бугарија нема да стави ново вето измислувајќи наводно непочитување на Договорот за пријателство од 2017 година. 9. Нашето Министерство за надворешни работи неодложно да направи акционен план и да започне паралелен процес за афирмација во официјална пишана форма за македонскиот идентитет, нација и јазик, од членките на ЕУ и НАТО. 10. Сите македонски државни институции инволвирани во процесот на пристапување кон ЕУ да испратат јавна порака до Софија: Никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. 11. Во името на осумте народни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над три илјади депортирани евреи, сите наши сограѓани, кои вечно ќе ги чуваме во нашата меморија, апелираме владата да го прифати овој проглас и со тоа да искажи заслужена почит кон жртвите од НОАВМ. Сојуз на борци од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи – Битола

The post „Софија води нескриена жестока антимакедонска пропаганда“: Проглас во 11 точки на Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Битола appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за ДВ: Народот препознава кои се уфрлени насилници и нема да наседне на провокации на протестите https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-dv-narodot-prepoznava-koi-se-ufrleni-nasilnici-i-nema-da-nasedne-na-provokacii-na-protestite/ Wed, 06 Jul 2022 09:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=524706

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар за Дојче Веле ги повтори забелешките кои ВМРО-ДПМНЕ ги има за Предлогот кој во себе ги содржи преговарачката рамка за почеток на преговори со Европската унија и документите кои се дел од тој пакет.

Предлогот за работни групи го дадовме со цел нашите забелешки да ги преточиме во конкретни дела во однос на документите и преговарачката рамка, која е предмет на дискусија. Нашите забелешки се однесуваат пред се за исфрлање на сите спорни делови кои предизвикаа контраверза во однос на постојниот предлог, а со кој се прави отворена штета за државните и национални интереси. Измените на текстот се однесуваат на тргање на делот за уставни измени со кој би се обврзала државата, како и отфрлање на можноста за измена на учебници, историски факти како и ризиците кои постојат за негирање на македонскиот јазик, вели Мицкоски за ДВ.

Првата средба на работните групи е договорена за денеска во 13 часот. Христијан Мицкоски очекува да надвладее разумот бидејќи ова е шанса сите партии да застанат зад една позиција.

Со оваа рамка таква каква што е предложена, не се штитат интересите, туку бугаризацијата на општеството станува услов за влез во Унијата. Еве шанса да застанеме околу единствена позиција за ова круцијално прашање. Иако, гледајќи ги досегашните чекори не сум оптимист дека ќе надвладее разумот, но останува да видиме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува со народот заеднички да го изрази незадоволството и револтот преку протестите кои веќе неколку дена се одржуваат во Скопје и порача дека народот нема да наседне на провокациите на инсталациите на власта.

Исто така, сакам да посочам дека инцидентите кои се случија, а потоа и бруталноста која се демонстрираше на дел од учесниците, се резултат на инсталациите на Спасовски и Ковачевски кои транспарентно го најавуваа сценариото кое го применија. Таквиот театар каде ќе упаднат инфилтратори пратени од полицијата, а потоа ќе се апсат луѓе – е за дефокус на вниманието од предавството кое го прават и најдобар начин да се задуши народниот отпор. За среќа народот е мудар и добро препознава кои се уфрлени насилници и нема да наседне на провокации, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски за ДВ: Народот препознава кои се уфрлени насилници и нема да наседне на провокации на протестите appeared first on Република.