Бугари во Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugari-vo-makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 18:27:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бугари во Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/bugari-vo-makedonija/ 32 32 Ниедна пресуда на Судот и на Советот на Европа не е во корист на Бугарија, потсети потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/niedna-presuda-na-sudot-i-na-sovetot-na-evropa-ne-e-vo-korist-na-bugarija-potseti-potpretsedaelot-na-vmro-dpmne/ Tue, 02 May 2023 18:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=636200

„Самиот факт што нема ниедна пресуда која е во корист на Бугарија, а сите се во корист на Македонците од Бугарија доволно говори која е позицијата и на Судот и на Советот на Европа во однос на правата на Македонците во Бугарија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешното гостување во емисија на Македонско радио.

Николоски истакна дека Советот на Европа е најстарата организација во која е обединета Европа и чија примарна цел е заштита на основните човекови и граѓански права. Познатиот Суд во Стразбур каде граѓаните ја бараат правдата кога не можат да ја најдат правдата во домашните судови е токму под директна надлежност на Советот на Европа.

„Македонците кои живеат во Бугарија немаат право на изјаснување, немаат право на самоидентификација како Македонци, немаат право на образование и користење на македонскиот јазик и немаат право да учествуваат на избори односно забрането им е да формираат политичка партија и да учествуваат на избори“, кажа Николоски.

Тој посочи дека тоа што во Советот на Европа го кажал се голи факти и гола вистина. Од една страна не ги спроведуваат пресудите за Македонците во Бугарија, а од друга страна се многу гласни за минорни прашања кои се надвор од Бугарија.

Николоски додаде дека она што очигледно ја заболело бугарската делегација се фактите кои таму ги кажал.

„Во однос на ова Македонците имаат поднесено бројни пресуди до Европскиот Суд за човекови права и имаат добиено 16 пресуди. Досега Бугарија нема спроведено ниту една од овие 16 пресуди. Бугарија е во топ 7 најлоши држави во Европа по не спроведување на пресуди на Европскиот Суд за човекови права. До денес Бугарија нема спроведено 166 пресуди на судот, од кои околу 10 или 16 проценти се однесуваат на Македонците“, потенцираше Николоски.

Николоски е дециден дека десетици илјади Македонци живеат во Бугарија немаат права, а тука Бугарија го блокира почетокот на преговори на Македонија со ЕУ со измислени прашања и прашања кои немаат допир со реалноста.

The post Ниедна пресуда на Судот и на Советот на Европа не е во корист на Бугарија, потсети потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Од толку „многу“ Бугари во Македонија само 169 се пријавиле да гласаат на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/od-tolku-mnogu-bugari-vo-makedonija-samo-169-se-prijavile-da-glasaat-na-izborite/ Thu, 23 Mar 2023 09:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=622762

Само 169 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет.

Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица.

Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција - 28.286, во Велика Британија - 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.

The post Од толку „многу“ Бугари во Македонија само 169 се пријавиле да гласаат на изборите appeared first on Република.

]]>

Само 169 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи. Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет. Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица. Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство. Најголем број пријавени има во Турција - 28.286, во Велика Британија - 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.

The post Од толку „многу“ Бугари во Македонија само 169 се пријавиле да гласаат на изборите appeared first on Република.

]]>
Oсмани најавува средба со Бугарите од Македонија, со Македонците од Бугарија не е планиран https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-najavuva-sredba-so-bugarite-od-makedonija-so-makedontsite-od-bugarija-ne-e-planiran/ Tue, 14 Feb 2023 15:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=608994

Очекував таа средба да биде со мене, а не во Софија или во Брисел, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со средбата со претставници на македонските Бугари за која пишуваат бугарските медиуми.

– Таа порака ја упатувам постојано. Државјаните на Република Македонија, без разлика на која етничка група припаѓаат, имаат своја влада и свои институции каде може да ги адресираат своите прашања и проблеми. Јас сум постојано отворен за средба со која било група наши државјани од која било етничка припадност. Овие денови имаше влошување на таа комуникација со Република Бугарија и чекам да спласнат емоциите за да може да се продолжи со нормалната агенда. Многу ни е важно пред светот да го задржиме тој имиџ на земја која има постигнато највиско ниво на индивидуални и колективни права на сите граѓани. Толку е инвестирано во таа цел и сите обиди да се се фрли дамка дека државата дискриминира некого по етничка основа тешко не погодува. Ние ќе продолжиме да ги негуваме тие вредности – рече денеска Османи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsar-boris-ke-si-go-smeni-imeto/

The post Oсмани најавува средба со Бугарите од Македонија, со Македонците од Бугарија не е планиран appeared first on Република.

Пендаровски за Бугарите од Македонија: Тие избраа погрешен пат https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-za-bugarite-od-makedonija-tie-izbraa-pogreshen-pat/ Mon, 06 Feb 2023 12:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=605437

Претседателот Пендаровски нагласи  дека според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, правила и прописи, државјаните на нашата треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени.

-Во однос на ова што кажувате она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел, во Софија тоа не е ништо ново. Тие не можеа да разберат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од другите државни авторитети. Значи, зборувам за две-три години наназад, дека и според билатералниот договор што го имаме со Бугарија и според сите меѓународни норми, според сите меѓународни правила и прописи, државјаните на РСМ треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени во Република Македонија од македонските институции. За жал, тие тргнаа по обратниот пат и мислам дека го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека ние нема да ги сервисираме нивните потреби исто апсолутно идентично како и секој друг македонски граѓанин, меѓутоа мислам дека бадијала го губат времето зборувајќи со европски институции, Судот во  Стразбур, а претходно да не реферирале или да не побарале поддршка или барем да објаснат во што е нивниот проблем тука во Скопје, потенцира Пендаровски.  

The post Пендаровски за Бугарите од Македонија: Тие избраа погрешен пат appeared first on Република.

Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/van-den-berg-eu-go-gubi-kredibilitetot-so-dvojnite-arshini-kon-bugarite-vo-makedonija-i-kon-makedontsite-vo-bugarija/ Thu, 02 Feb 2023 07:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=603584

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа.

Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/

Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.

Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер.

Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој.

Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Случајот „Пендиков“ ја тресе и Европската Унија и е тест за преиспитување на европските вредности на самата Европа. Холандскиот експерт за Балканот Ханс ван дер Берг смета дека приемот на македонските Бугари од страна на еврокомесарот Оливер Вархеји е лош знак за кредибелитетот на ЕУ и испраќа порака дека ЕУ има двојни стандарди. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-bugari-vo-brisel-na-sredba-so-evrokomesarot-za-proshiruvane-varhej/ Ван ден Берг оценува дека двојните стандарди на Европската унија ги одвраќаат Македонците од неа.
Еден етнички Бугарин во Македонија, бивш вмровец познат во светот на дрогата, поврзан со бугарски центар во Македонија, претепан и еврокомесар се среќава со етнички Бугари? Во децениите кога Македонија беше независна, етничките Македонци во Бугарија беа убивани, исчезнуваа и им беше забрането да имаат македонски центар. Никој не се потресе, коментира Ван ден Берг на Твитер. Бугарија постојано ги игнорираше пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи човековите права на етничките Македонци во Бугарија беа сериозно прекршени. Никој во Европската комисија не се потресе. Бугарија одбива реципроцитет за сè. Никому во ЕК не му пречи. Не е ни чудо што ЕУ го губи целиот кредибилитет во Македонија. Двојни стандарди“, додава тој. Твитер е премногу ограничен за да се наведат сите прекршувања на човековите права на етничките Македонци во Бугарија (или етничките Македонци во Грција за таа работа), но чувството во Скопје е дека сето тоа е в ред ако сте во ЕУ. Сè помалку Македонци ќе сакаат да бидат во таква ЕУ, заклучува Ван ден Берг.

The post Ван ден Берг: ЕУ го губи кредибилитетот со двојните аршини кон Бугарите во Македонија и кон Македонците во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/milkov-vrakane-na-situatsijata-od-pred-deset-dena-ne-n-zadovoluva-sakame-bugarite-da-vlezat-vo-ustavot/ Mon, 30 Jan 2023 07:24:34 +0000 https://republika.mk/?p=602424

Сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму. Се стремиме кон таква деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме конкретни чекори, а најважниот конкретен чекор, се разбира, е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ.

Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата, вели Милков.

Во интервјуто, Милков информира дека секретарот на бугарскиот клуб во Охрид ќе остане во Бугарија се додека не биде безбедно да се врати назад.

Лошото е што имаме дилема пред којашто се поставени многу луѓе во Македонија – ќе треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е сериозен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот, вели Милков.

За говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов во Скопје, Милков вели дека не може да коментира бидејќи не бил таму.

Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи, туку ги зголемуваат тензиите во Северна Маакедонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите и повторно одиме во круг, вели Милков.

Во интервјуто тој потврдува дека утре во земјава ќе дојде техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-i-makedonskiot-minister-za-vnatreshni-ke-dogovaraat-taktika-za-4-fevruari-da-pomine-bez-intsidenti/

The post Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>

Сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму. Се стремиме кон таква деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме конкретни чекори, а најважниот конкретен чекор, се разбира, е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ.
Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата, вели Милков.
Во интервјуто, Милков информира дека секретарот на бугарскиот клуб во Охрид ќе остане во Бугарија се додека не биде безбедно да се врати назад.
Лошото е што имаме дилема пред којашто се поставени многу луѓе во Македонија – ќе треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е сериозен проблем. Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот, вели Милков.
За говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание Костадин Костадинов во Скопје, Милков вели дека не може да коментира бидејќи не бил таму.
Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи, туку ги зголемуваат тензиите во Северна Маакедонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите и повторно одиме во круг, вели Милков.
Во интервјуто тој потврдува дека утре во земјава ќе дојде техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-i-makedonskiot-minister-za-vnatreshni-ke-dogovaraat-taktika-za-4-fevruari-da-pomine-bez-intsidenti/

The post Милков: Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува, сакаме Бугарите да влезат во Уставот appeared first on Република.

]]>
Бугарски Минхаузен синдром https://republika.mk/kolumni/bugarski-minhauzen-sindrom/ Sat, 28 Jan 2023 09:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=601882

Атанас Кирјаковски

Си бил еднаш еден барон, Хиеронимус Карл Фридрих вон Минхаузен кој си живеел во Хановер, Германија во 18-тиот век. Својата професионална кариера ја започнал како момок-помошник на некој важен војвода, кој заедно со него го понел нашиов барон во Руско-Турската војна водена истиот век. Учествувал во две битки, некако преживерал, та дури се стекнал и со титула поручник. По враќањето од војната остатокот од својот живот го поминал на еден од своите имоти, постојано одејќи на аристократски забави каде раскажувал за неговите неверојатни „авантури“ во Русија. Неговите раскажувачки способности биле такви што станал доста популарен и многу благородници од околијата доаѓале да му ги слушаат приказните. „Авантури“ е во наводници бидејќи биле неверојатни и полни со измислици, деветини и бесмилици. Но неговото вешто раскажување ја убедило аристократската публика да го слуша со љубопитност и за брзо време да стекне впечаток за него како храбар и искрен човек. Овој „храбар и искрен човек“ бил инспирација за германскиот писател и негов современик (и преварант) Рудолф Ерик Распе да ја напише „Изненадувачките авантури на Барон Минхаузен“, фикционализирајќи го баронот во бесмртен архетип на измислувач или со модерна терминологија – во бесмртен булшитер. На пример, покрај неговите тврдења дека јавал топовко ѓуле, раскажувал дека бил на месечината, дека бил проголтан и од кит, една од неговите други познати „авантури“ е кога наводно паднал во езеро и се спасил самиот себеси на начинот што си ги повлекол врвките од своите аристократски чизми нагоре, подигнувајќи се самиот надвор од водата (тука не можам а да не спомнам дека во статистиката се користи терминот „bootstrapping“ мострење кој е инспириран токму од „авантурава“ на Барон Минхаузен).

Од сета таа фантазмагорија на почитуваниот Барон Минхаузен произлезе модерниот концепт на некој кој намерно преувеличува, фабрикува проблеми, измислува неправди, глуми повреда и лажно се самовиктимизира со цел и намера да добие внимание од другите – однесување познато као „Минхаузен синдром“. Кога зборуваме за овој синдром, мислиме на некој кој глуми жртва со цел да добие симпатии од другите, неретко за да оствари некаква себична цел. Еден вид на посебно перфидна манипулација. Нешто како целата бугарска политика кон Македонија во последно време. Посебно онаа во периодот откако тукашнитe „нобеловци“ на чело со Заев, го потпишаат циничниот и патетичен „договор за добрососедство“.

Бугарскиот Минхаузен синдром посебно се засили и истакна после оној немил настан на претепувањето на оној Охриѓанец. Многу битно да напоменам дека во никој случај не оправдувам дивјачко и варварско физичко насилство врз никого, вклучително и врз дотичниот господин. Дури и да се работи за должничко-доверителски односи како што проструи информација низ медиумите. Никој не заслужува да трпи физичко насилство и страдање во 21-виот век, без разлика на неговите ставови, определби и – долгови. Но она што е фокусот на оваа колумна, е начинот и намерата на официјална Софија да го искористи овој инцидент во кој случајно е инволвиран македонски државјанин со „бугарска самосвест“ и да нѐ претстави нас Македонците како „бугарофоби“. Ред бугарски политичари од разни деноминации почнаа со жалопојки, тужибабење, плач и лелек на сите можни канали и во сите можни европски центри. Го пуштија својот Минхаузен синдром на најјако и исценираа „драматична евакуација“ (противсуверена) на господинот од Охрид. Еклатантен пример за бугарски Минхаузен се изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред една седмица даде и патетична изјава дека претепувањето во Охрид е „резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија“. Булшит.

Секој Минхаузен синдром да глумење жртва мора да има и ескалација на симптомите. Па така, следниот чекор на бугарската власт беше да го (привремено) отповика нивниот амбасадор во Република Македонија како некаков си гест на „протест“. Глумење полжав на кој сме му го допреле окцето па нагло си го повлекол и собрал во главчето. Нежни гревчиња. Додека намерно отвораат провокативни неонацистички клубови со согласноста на СДСМ/ДУИ, нас Македонците нѐ обвинуваат за омраза. Веројатно целта е оваа бугарска бурлеска да резултира со ставање вето на нашите евроинтеграции (пффф, како да ни е првпат божем) и целота ова глумење „жртва“ е во функција само на напад и агресија кон нас. Мора синдромот да ескалира во таа насока, мора бугарските власти да си направат жртвено алиби за сопствената империјалистичка омраза која ја чувствуваат кон Македонија. Преку лажното самовиктимизирање, се обидуваат да нѐ оцрнат, обезличат и да ги натераат и другите да нѐ мразат. Веројатно сметаат дека ваквата пасив-агреси стратегија е соодветна за овој век во кој на физичкиот агресор не се гледа баш најдобро, посебно после Руско-Украинскиот конфликт, па пребегнуваат бугарските барони кон перфидна тактина на психолошка агресија, претставувајќе се себеси како жртви, бескрупулозно искористувајќи го охридскиот инцидент како причина и повод за да си ја оправдаат својата повеќедецениска омраза и негирање на македонскиот народ. Баронот Минхаузен кога би бил жив, сигурно би се гордеел со нив.

The post Бугарски Минхаузен синдром appeared first on Република.

]]>

Атанас Кирјаковски

Си бил еднаш еден барон, Хиеронимус Карл Фридрих вон Минхаузен кој си живеел во Хановер, Германија во 18-тиот век. Својата професионална кариера ја започнал како момок-помошник на некој важен војвода, кој заедно со него го понел нашиов барон во Руско-Турската војна водена истиот век. Учествувал во две битки, некако преживерал, та дури се стекнал и со титула поручник. По враќањето од војната остатокот од својот живот го поминал на еден од своите имоти, постојано одејќи на аристократски забави каде раскажувал за неговите неверојатни „авантури“ во Русија. Неговите раскажувачки способности биле такви што станал доста популарен и многу благородници од околијата доаѓале да му ги слушаат приказните. „Авантури“ е во наводници бидејќи биле неверојатни и полни со измислици, деветини и бесмилици. Но неговото вешто раскажување ја убедило аристократската публика да го слуша со љубопитност и за брзо време да стекне впечаток за него како храбар и искрен човек. Овој „храбар и искрен човек“ бил инспирација за германскиот писател и негов современик (и преварант) Рудолф Ерик Распе да ја напише „Изненадувачките авантури на Барон Минхаузен“, фикционализирајќи го баронот во бесмртен архетип на измислувач или со модерна терминологија – во бесмртен булшитер. На пример, покрај неговите тврдења дека јавал топовко ѓуле, раскажувал дека бил на месечината, дека бил проголтан и од кит, една од неговите други познати „авантури“ е кога наводно паднал во езеро и се спасил самиот себеси на начинот што си ги повлекол врвките од своите аристократски чизми нагоре, подигнувајќи се самиот надвор од водата (тука не можам а да не спомнам дека во статистиката се користи терминот „bootstrapping“ мострење кој е инспириран токму од „авантурава“ на Барон Минхаузен). Од сета таа фантазмагорија на почитуваниот Барон Минхаузен произлезе модерниот концепт на некој кој намерно преувеличува, фабрикува проблеми, измислува неправди, глуми повреда и лажно се самовиктимизира со цел и намера да добие внимание од другите – однесување познато као „Минхаузен синдром“. Кога зборуваме за овој синдром, мислиме на некој кој глуми жртва со цел да добие симпатии од другите, неретко за да оствари некаква себична цел. Еден вид на посебно перфидна манипулација. Нешто како целата бугарска политика кон Македонија во последно време. Посебно онаа во периодот откако тукашнитe „нобеловци“ на чело со Заев, го потпишаат циничниот и патетичен „договор за добрососедство“. Бугарскиот Минхаузен синдром посебно се засили и истакна после оној немил настан на претепувањето на оној Охриѓанец. Многу битно да напоменам дека во никој случај не оправдувам дивјачко и варварско физичко насилство врз никого, вклучително и врз дотичниот господин. Дури и да се работи за должничко-доверителски односи како што проструи информација низ медиумите. Никој не заслужува да трпи физичко насилство и страдање во 21-виот век, без разлика на неговите ставови, определби и – долгови. Но она што е фокусот на оваа колумна, е начинот и намерата на официјална Софија да го искористи овој инцидент во кој случајно е инволвиран македонски државјанин со „бугарска самосвест“ и да нѐ претстави нас Македонците како „бугарофоби“. Ред бугарски политичари од разни деноминации почнаа со жалопојки, тужибабење, плач и лелек на сите можни канали и во сите можни европски центри. Го пуштија својот Минхаузен синдром на најјако и исценираа „драматична евакуација“ (противсуверена) на господинот од Охрид. Еклатантен пример за бугарски Минхаузен се изјавите на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред една седмица даде и патетична изјава дека претепувањето во Охрид е „резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија“. Булшит. Секој Минхаузен синдром да глумење жртва мора да има и ескалација на симптомите. Па така, следниот чекор на бугарската власт беше да го (привремено) отповика нивниот амбасадор во Република Македонија како некаков си гест на „протест“. Глумење полжав на кој сме му го допреле окцето па нагло си го повлекол и собрал во главчето. Нежни гревчиња. Додека намерно отвораат провокативни неонацистички клубови со согласноста на СДСМ/ДУИ, нас Македонците нѐ обвинуваат за омраза. Веројатно целта е оваа бугарска бурлеска да резултира со ставање вето на нашите евроинтеграции (пффф, како да ни е првпат божем) и целота ова глумење „жртва“ е во функција само на напад и агресија кон нас. Мора синдромот да ескалира во таа насока, мора бугарските власти да си направат жртвено алиби за сопствената империјалистичка омраза која ја чувствуваат кон Македонија. Преку лажното самовиктимизирање, се обидуваат да нѐ оцрнат, обезличат и да ги натераат и другите да нѐ мразат. Веројатно сметаат дека ваквата пасив-агреси стратегија е соодветна за овој век во кој на физичкиот агресор не се гледа баш најдобро, посебно после Руско-Украинскиот конфликт, па пребегнуваат бугарските барони кон перфидна тактина на психолошка агресија, претставувајќе се себеси како жртви, бескрупулозно искористувајќи го охридскиот инцидент како причина и повод за да си ја оправдаат својата повеќедецениска омраза и негирање на македонскиот народ. Баронот Минхаузен кога би бил жив, сигурно би се гордеел со нив.

The post Бугарски Минхаузен синдром appeared first on Република.

]]>
Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата „Македонија“ ги повика Бугарите масовно да дојдат на 4 февруари во Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/viktor-stojanov-pretsedatelot-na-fondatsijata-makedonija-gi-povika-bugarite-masovno-da-dojdat-na-4-fevruari-vo-skopje/ Thu, 26 Jan 2023 10:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=601223

Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата Македонијана Фејсбук објави фотографија со бугарско знаме пред гробот на Гоце Делчев и повика Бугарите масовно да дојдат на 4 февруари во Скопје, за да му оддадат почит на „бугарскиот херој“ и дека никој не може да ги запре во намерата „да создадат една нова традиција на чествување на Гоце во Скопје“.

Дојдете да го почестите бугарскиот херој Гоце Делчев во Скопје! На 4 февруари – сабота (151 година од неговото раѓање) на неговиот гроб во црквата Св. Спас, во Скопје! Никој не може да ви забрани да положите цвеќе на гробот на нашиот апостол на слободата во Македонија!

Ви благодариме на оние од вас кои веќе ја контактираа Фондацијата „Македонија“ и рекоа дека ќе дојдат. Министерството за внатрешни работи на Македонија ќе биде мобилизирано со полн капацитет (според нивниот министер Спасовски) за одржување на редот и безбедноста. Обезбедивме бесплатен превоз со автомобил! Поаѓање во 7:30 од Софија – од различни точки на градот, враќање – истиот ден!

Дојдете да му оддадеме почит на Гоце во Скопје, за да создадеме една нова традиција – да го чествувме споменот на нашиот Гоце во Скопје!“ – пишува во објавата на Стојанов.

The post Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата „Македонија“ ги повика Бугарите масовно да дојдат на 4 февруари во Скопје appeared first on Република.

]]>

Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата Македонијана Фејсбук објави фотографија со бугарско знаме пред гробот на Гоце Делчев и повика Бугарите масовно да дојдат на 4 февруари во Скопје, за да му оддадат почит на „бугарскиот херој“ и дека никој не може да ги запре во намерата „да создадат една нова традиција на чествување на Гоце во Скопје“.
Дојдете да го почестите бугарскиот херој Гоце Делчев во Скопје! На 4 февруари – сабота (151 година од неговото раѓање) на неговиот гроб во црквата Св. Спас, во Скопје! Никој не може да ви забрани да положите цвеќе на гробот на нашиот апостол на слободата во Македонија! Ви благодариме на оние од вас кои веќе ја контактираа Фондацијата „Македонија“ и рекоа дека ќе дојдат. Министерството за внатрешни работи на Македонија ќе биде мобилизирано со полн капацитет (според нивниот министер Спасовски) за одржување на редот и безбедноста. Обезбедивме бесплатен превоз со автомобил! Поаѓање во 7:30 од Софија – од различни точки на градот, враќање – истиот ден! Дојдете да му оддадеме почит на Гоце во Скопје, за да создадеме една нова традиција – да го чествувме споменот на нашиот Гоце во Скопје!“ – пишува во објавата на Стојанов.

The post Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата „Македонија“ ги повика Бугарите масовно да дојдат на 4 февруари во Скопје appeared first on Република.

]]>
По здруженија, Бугарите во Македонија формираат и партија https://republika.mk/vesti/makedonija/po-zdruzenija-bugarite-vo-makedonija-formiraat-i-partija/ Fri, 21 Oct 2022 09:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=563972

По неколку здруженија, Бугарите во Македонија најавуваат и формирање на политичка партија. Ќе се вика „Алијанса за македонските Бугари-движење за национално единство и Спас“.

Засега функцинира како неформално движење и на Фејсбук поставува објави во кои се потенцира за правата на Бугарите во Македонија, нивната бројка, резултатите од пописот и сл...

Ова движење брза да регистира политичка партија бидејќи со измените на Законот за политички партии кои веќе влегоа во собраниска процедура и кои се поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде многу тешко да бидат впишани во регистарот на партии.

Како што предвидуваат измените  политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, нема да можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.

The post По здруженија, Бугарите во Македонија формираат и партија appeared first on Република.

]]>

По неколку здруженија, Бугарите во Македонија најавуваат и формирање на политичка партија. Ќе се вика „Алијанса за македонските Бугари-движење за национално единство и Спас“. Засега функцинира како неформално движење и на Фејсбук поставува објави во кои се потенцира за правата на Бугарите во Македонија, нивната бројка, резултатите од пописот и сл... Ова движење брза да регистира политичка партија бидејќи со измените на Законот за политички партии кои веќе влегоа во собраниска процедура и кои се поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде многу тешко да бидат впишани во регистарот на партии. Како што предвидуваат измените  политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја, нема да можат да бидат насочени кон разгорување на национална расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, ширење или поддршка и промоција на фашизам, нацизам, национал – социјализам или Третиот рајх или повикување на личности и настани поврзани со фашизам нацизам, национал -социјализам или Третиот рајх.

The post По здруженија, Бугарите во Македонија формираат и партија appeared first on Република.

]]>
Само 461 Бугари гласале на изборите во Македонија за Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-461-bugari-glasale-na-izborite-vo-makedonija-za-bugarija/ Mon, 03 Oct 2022 07:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=556714

Мал број на Бугари во Македонија вчера изглегоа на избирачките места за да го остварат своето право на глас. Според податоците на 4NEWS.mk само 461 гласач отишле до избирачките места и го дале својот глас.

Најголем број на гласачи имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес најмалку односно само 12.

The post Само 461 Бугари гласале на изборите во Македонија за Бугарија appeared first on Република.

]]>

Мал број на Бугари во Македонија вчера изглегоа на избирачките места за да го остварат своето право на глас. Според податоците на 4NEWS.mk само 461 гласач отишле до избирачките места и го дале својот глас. Најголем број на гласачи имало во Скопје (172), па следува Кавадарци (68), Струмица (67), Охрид (56), Битола (53), Прилеп (33) и во ново-отвореното гласачко место во Велес најмалку односно само 12.

The post Само 461 Бугари гласале на изборите во Македонија за Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ново барање од Петков: Народниот правобранител во Македонија да формира комисија за следење на говорот на омраза кон Бугарите https://republika.mk/vesti/makedonija/novo-baranje-od-petkov-narodniot-pravobranitel-vo-makedonija-da-formira-komisija-za-sledenje-na-govorot-na-omraza-kon-bugarite/ Mon, 23 May 2022 16:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=506096

Бугарскиот премиер Кирил Петков од Рим испрати порака дека нема самостојно да носи одлука за Македонија туку тоа мора да биде со широк консензус.Истовремено тој побара од претседателот Радев да го свика Советот за национална сигурност.

Решението не може да биде само на владејачката позиција туку треба да биде заедничка национална позиција. За последните шест месеци се случија многу работи, разговори, беа разменети идеи, службите имаат многу информации да споделат.Проблемот со соседот не може да биде решен самостојно, тоа е национално прашање и имаме потреба од заедничко решение-изјави денеска Петков.

Тој најави дека од Ковачевски на утрешната средба ќе побара македонскиот омбуцман да  формира комисија која ќе го следи јазикот на омраза кон Бугарите и оти би било добро во таа комисија да има претставници од Бугарите во Македонија.

The post Ново барање од Петков: Народниот правобранител во Македонија да формира комисија за следење на говорот на омраза кон Бугарите appeared first on Република.

И Борисов побарал од Вархеји да се почитуваат правата на Бугарите во Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/i-borisov-pobaral-od-varheji-da-se-pochituvaat-pravata-na-bugarite-vo-makedonija/ Thu, 31 Mar 2022 18:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=481594

Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Македонија само откако категорично ќе се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и бугарскиот национален интерес, изјавил лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на работната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи во седиштето на партијата.

Борисов потенцирал дека го запознал Вархеји со заедничкиот став што сите партии претставени во парламентот го усвоиле заедно со претседателот Радев во јануари 2022 година.

Во рамките на разговорот потсетив и дека за време на бугарското претседателство со ЕУ, третиот кабинет на ГЕРБ беше тој што ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан, напишал Борисов по средбата на својот Фејсбук профил.

Покрај Борисов, Вархеји во текот на денот се сретна и со бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев.

The post И Борисов побарал од Вархеји да се почитуваат правата на Бугарите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Македонија само откако категорично ќе се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и бугарскиот национален интерес, изјавил лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на работната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи во седиштето на партијата. Борисов потенцирал дека го запознал Вархеји со заедничкиот став што сите партии претставени во парламентот го усвоиле заедно со претседателот Радев во јануари 2022 година.
Во рамките на разговорот потсетив и дека за време на бугарското претседателство со ЕУ, третиот кабинет на ГЕРБ беше тој што ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан, напишал Борисов по средбата на својот Фејсбук профил.
Покрај Борисов, Вархеји во текот на денот се сретна и со бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев.

The post И Борисов побарал од Вархеји да се почитуваат правата на Бугарите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Џафери: Пописот ќе покаже дали Бугарите се трет народ по бројност во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-popisot-kje-pokaze-dali-bugarite-se-tret-narod-po-brojnost-vo-makedonija/ Wed, 02 Mar 2022 22:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=466698

Планирано е со врзан потпис претседателот и потпретседателот на Заводот за статистика на 31 mарт да ги верифицираат и објават резултатите од пописот, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека не може да одговори за тоа колку Бугари би излегле на пописот.

Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам затоа што немам информации во врска со резултатите и не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа, додава Џафери.

The post Џафери: Пописот ќе покаже дали Бугарите се трет народ по бројност во Македонија appeared first on Република.

]]>

Планирано е со врзан потпис претседателот и потпретседателот на Заводот за статистика на 31 mарт да ги верифицираат и објават резултатите од пописот, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Тој додава дека не може да одговори за тоа колку Бугари би излегле на пописот.
Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам затоа што немам информации во врска со резултатите и не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа, додава Џафери.

The post Џафери: Пописот ќе покаже дали Бугарите се трет народ по бројност во Македонија appeared first on Република.

]]>
Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација https://republika.mk/vesti/makedonija/velat-deka-bugarite-bile-diskriminirani-a-samo-eden-dosega-se-pozalil-na-komisijata-za-diskriminacija/ Mon, 31 Jan 2022 10:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=451864

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.

– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка.

Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.

– Граѓанинот не мора ни да знае како да ја формулира претставката, доволно е да изнесе поради што ја поднесува претставката. Ние имаме право без најава да влеземе кај пријавениот за дискриминација и да извршиме увид па да го формулираме основот или основите на дискриминација, вели Бендевска.

Претставки може да поднесуваат и правни лица, односно здруженија кои се борат против дискриминациски основи. Најмногу од претставките што ги добиле, Бендевска посочи дека се поврзани со дискриминација на работното место

The post Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација appeared first on Република.

]]>

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.
– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.
Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка. Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата. Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.