Претседателот Пендаровски нагласи  дека според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, правила и прописи, државјаните на нашата треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени.

-Во однос на ова што кажувате она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел, во Софија тоа не е ништо ново. Тие не можеа да разберат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од другите државни авторитети. Значи, зборувам за две-три години наназад, дека и според билатералниот договор што го имаме со Бугарија и според сите меѓународни норми, според сите меѓународни правила и прописи, државјаните на РСМ треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени во Република Македонија од македонските институции. За жал, тие тргнаа по обратниот пат и мислам дека го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека ние нема да ги сервисираме нивните потреби исто апсолутно идентично како и секој друг македонски граѓанин, меѓутоа мислам дека бадијала го губат времето зборувајќи со европски институции, Судот во  Стразбур, а претходно да не реферирале или да не побарале поддршка или барем да објаснат во што е нивниот проблем тука во Скопје, потенцира Пендаровски.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.