бременост Archives - Република https://republika.mk/tema/bremenost/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 07:53:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бременост Archives - Република https://republika.mk/tema/bremenost/ 32 32 Совети околу можното губење тежина за време на бременоста https://republika.mk/zivot/semejstvo/soveti-okolu-mozhnoto-gubene-tezhina-za-vreme-na-bremenosta/ Sat, 21 Sep 2024 07:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=818396

Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа.

Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на телесна маса (БМИ). Според порталот „Кликс“, сепак, можно е и намалување на килограмите на жената за време на бременоста, што е сосем нормална појава.

Општо кажано, ниту една идна мајка не треба намерно да се обидува да изгуби тежина откако ќе дознае дека е бремена, дури и ако таа има прекумерна тежина.

Научните истражувања покажуваат дека намерното слабеење во бременоста може да ги зголеми опасностите за бебето. Натаму, се вели, ограничувањето на калориите и хранливите материи може да биде штетно и за трудницата и за бебето кое се развива.

Ако жената е со прекумерна тежина, лекарот ќе понуди совети за контрола на тежината при бременоста, за да се избегнат можните компликации.

За зголемување на телесната тежина за време на бременоста, нашите препораки ги базираме на БМИ на жената пред бременоста, вели гинекологот Кимберли Хендерсон.

Според надлежните, жените кои пред бременоста имаат БМИ 30, или повисок треба да накачат меѓу пет и девет килограми во бременоста. Жените кои имале БМИ над 40 може и да не ја покачат тежината за време на бременоста.

Лекарите забележуваат дека повеќето жени накачуваат само меѓу 400 грама и два килограми во првите три месеци од бременоста... Така што, губењето тежина во првото тримесечје веројатно не е повод за грижи.

Губењето апетит поради утринска мачнина е исто така честа причина за губење на тежината во бременоста. Според Хендерсон, причина за загриженост е она ако губењето тежина во бременоста достигне пет до 10 отсто од вкупната телесна тежина на жената.

Губење тежина во бременоста може да се случи и ако сте почнале да вежбате секојдневно и се обидувате да јадете поздрава храна. Ако е така, можеби ќе ви требаат неколку дополнителни калории во текот на денот за поддршка на бебето кое се развива, зависно од БМИ на жената.

Советот на стручњаците тука гласи: Ако жената губи тежина, а веќе е во четвртиот месец од бременоста, јавете се на лекар. Тоа може да биде и нешто безопасно, како дневни флуктуации во задржувањето на водата, но заради сигурност, секогаш е најдобро да се консултирате со Вашиот лекар.

Слабеењето во третото тримесечје може да биде причина за загриженост. Губењето на тежината во оваа доцна фаза на бременоста може да биде поврзано со слаб раст на бебето, ниска содржина на амнионска течност, или хипертензија, или прееклампсија индуцирана од бременоста.

The post Совети околу можното губење тежина за време на бременоста appeared first on Република.

]]>

Губењето килограми за време на бременоста може да биде збунувачко, а понекогаш и загрижувачко. Затоа е важно консултирањето со лекар за да се знае со сигурност причината за тоа. Идните мајки и нивните лекари обично зборуваат за зголемување на телесната тежина во бременоста. Според центрите за контрола и превенција на болести, генерално, нормално е жените да добијат меѓу 10 и 14 килограми во бременоста, но тоа зависи и од нивниот индекс на телесна маса (БМИ). Според порталот „Кликс“, сепак, можно е и намалување на килограмите на жената за време на бременоста, што е сосем нормална појава. Општо кажано, ниту една идна мајка не треба намерно да се обидува да изгуби тежина откако ќе дознае дека е бремена, дури и ако таа има прекумерна тежина. Научните истражувања покажуваат дека намерното слабеење во бременоста може да ги зголеми опасностите за бебето. Натаму, се вели, ограничувањето на калориите и хранливите материи може да биде штетно и за трудницата и за бебето кое се развива. Ако жената е со прекумерна тежина, лекарот ќе понуди совети за контрола на тежината при бременоста, за да се избегнат можните компликации.
За зголемување на телесната тежина за време на бременоста, нашите препораки ги базираме на БМИ на жената пред бременоста, вели гинекологот Кимберли Хендерсон.
Според надлежните, жените кои пред бременоста имаат БМИ 30, или повисок треба да накачат меѓу пет и девет килограми во бременоста. Жените кои имале БМИ над 40 може и да не ја покачат тежината за време на бременоста. Лекарите забележуваат дека повеќето жени накачуваат само меѓу 400 грама и два килограми во првите три месеци од бременоста... Така што, губењето тежина во првото тримесечје веројатно не е повод за грижи. Губењето апетит поради утринска мачнина е исто така честа причина за губење на тежината во бременоста. Според Хендерсон, причина за загриженост е она ако губењето тежина во бременоста достигне пет до 10 отсто од вкупната телесна тежина на жената. Губење тежина во бременоста може да се случи и ако сте почнале да вежбате секојдневно и се обидувате да јадете поздрава храна. Ако е така, можеби ќе ви требаат неколку дополнителни калории во текот на денот за поддршка на бебето кое се развива, зависно од БМИ на жената. Советот на стручњаците тука гласи: Ако жената губи тежина, а веќе е во четвртиот месец од бременоста, јавете се на лекар. Тоа може да биде и нешто безопасно, како дневни флуктуации во задржувањето на водата, но заради сигурност, секогаш е најдобро да се консултирате со Вашиот лекар. Слабеењето во третото тримесечје може да биде причина за загриженост. Губењето на тежината во оваа доцна фаза на бременоста може да биде поврзано со слаб раст на бебето, ниска содржина на амнионска течност, или хипертензија, или прееклампсија индуцирана од бременоста.

The post Совети околу можното губење тежина за време на бременоста appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ препорачува бремените жени, доилките и оние кои планираат да забременат да се вакцинираат против ковид https://republika.mk/zivot/zdravje/ijz-preporachuva-bremenite-zeni-doilkite-i-onie-koi-planiraat-da-zabremenat-da-se-vakciniraat-protiv-kovid/ Mon, 07 Feb 2022 11:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=455069

Вакцинацијата против ковид-19 се препорачува за трудници во Македонија. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18 години, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани, препорачуваат  од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од Инстутотот додаваат дека вакцината може да заштити од сериозни и тешки компликации при ковид -19, а здравата мајка е важна за здраво бебе.

Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против ковид 19, а се потребни две дози тогаш таа треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита.

Пред вакцинација против ковид- 19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат со ковид- 19 (со последици) во споредба со останатите жени кои не се бремени. Вакцинацијата може да заштити од тешки заболувања кои може да ги предизвика ковид-19, и се препорачува на жени кои планираат да забременат во иднина, се бремени или пак се доилки.

Според ИЈЗ бремените жени може да примат и бустер доза, а доказите за безбедност и ефективност на вакцината против ковид 19 за време на бременоста растат. Во моментов нема докази дека било која вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против ковид -19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите.

Вакцините против ковид- 19 не предизвикуваат инфекција со ковид кај луѓето, вклучувајќи ги бремените жени и нивните бебиња. Ниту една од вакцините за ковид не содржи жив вирус и неможе никој да се разболи со вирусот, вклучително и бремените жени и нивните бебиња.

Раните податоци за безбедноста на примањето на вакцина против mRNA (Moderna или Pfizer-BioNTech) за време на бременоста се смирувачки. Податоците од системите за следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле вакцина доцна во бременоста или за нивните бебиња. Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против ковид непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20 -та недела од бременоста). Центарот за контрола на болести на САД постојано ги следи и ќе продолжи да ги следи жените вакцинирани во текот на сите триместри од бременоста за подобро да се разберат ефектите врз бременоста и бебињата, велат од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Кога бремените жени примаат вакцина, нивното тело создава антитела слично како и кај луѓето кои не се бремени. Антителата создадени откако бремената личност примила вакцина против mRNA ковид-19 биле пронајдени во крвта од папочната врвца. Ова значи дека вакцинацијата против ковид-19 за време на бременоста може да помогне во заштита на новороденчињата од ковид-19. Потребни се повеќе податоци да се утврди како овие антитела, слични на оние произведени и од други вакцини можат да обезбедат заштита на бебето.

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за ковид-19, особено по втората доза на вакцина. Жените кои се бремени не пријавиле различни несакани ефекти од жените кои не се бремени и останатите вакцинирани луѓе по вакцинацијата со ковид- 19.

Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против ковид-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина.

Вообичаени ефекти се болка, црвенило, оток, замор, главоболка, мускулна болка, треска и гадење.

Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со ковид-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против ковид-19 не треба да добие друга доза од која било од вакцините mRNA ковид -19.

Во врска со штетните ефекти од вакцинацијата сакаме да потенцираме дека досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат ковид -19 акутни инфекции. Најважно од сė е заштита на своето тело, заштита на новороденчето и општествена одговорност од сите граѓани. Само на овој начин ќе ја добиеме битката со ковид-19. Заштита на јавното здравје е одговорност на сите нас!, велат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ препорачува бремените жени, доилките и оние кои планираат да забременат да се вакцинираат против ковид appeared first on Република.

]]>

Вакцинацијата против ковид-19 се препорачува за трудници во Македонија. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18 години, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани, препорачуваат  од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од Инстутотот додаваат дека вакцината може да заштити од сериозни и тешки компликации при ковид -19, а здравата мајка е важна за здраво бебе. Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против ковид 19, а се потребни две дози тогаш таа треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита. Пред вакцинација против ковид- 19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања. Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат со ковид- 19 (со последици) во споредба со останатите жени кои не се бремени. Вакцинацијата може да заштити од тешки заболувања кои може да ги предизвика ковид-19, и се препорачува на жени кои планираат да забременат во иднина, се бремени или пак се доилки. Според ИЈЗ бремените жени може да примат и бустер доза, а доказите за безбедност и ефективност на вакцината против ковид 19 за време на бременоста растат. Во моментов нема докази дека било која вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против ковид -19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите. Вакцините против ковид- 19 не предизвикуваат инфекција со ковид кај луѓето, вклучувајќи ги бремените жени и нивните бебиња. Ниту една од вакцините за ковид не содржи жив вирус и неможе никој да се разболи со вирусот, вклучително и бремените жени и нивните бебиња.
Раните податоци за безбедноста на примањето на вакцина против mRNA (Moderna или Pfizer-BioNTech) за време на бременоста се смирувачки. Податоците од системите за следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле вакцина доцна во бременоста или за нивните бебиња. Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против ковид непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20 -та недела од бременоста). Центарот за контрола на болести на САД постојано ги следи и ќе продолжи да ги следи жените вакцинирани во текот на сите триместри од бременоста за подобро да се разберат ефектите врз бременоста и бебињата, велат од ИЈЗ.
Оттаму додаваат дека вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Кога бремените жени примаат вакцина, нивното тело создава антитела слично како и кај луѓето кои не се бремени. Антителата создадени откако бремената личност примила вакцина против mRNA ковид-19 биле пронајдени во крвта од папочната врвца. Ова значи дека вакцинацијата против ковид-19 за време на бременоста може да помогне во заштита на новороденчињата од ковид-19. Потребни се повеќе податоци да се утврди како овие антитела, слични на оние произведени и од други вакцини можат да обезбедат заштита на бебето. Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за ковид-19, особено по втората доза на вакцина. Жените кои се бремени не пријавиле различни несакани ефекти од жените кои не се бремени и останатите вакцинирани луѓе по вакцинацијата со ковид- 19. Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против ковид-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина. Вообичаени ефекти се болка, црвенило, оток, замор, главоболка, мускулна болка, треска и гадење. Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со ковид-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против ковид-19 не треба да добие друга доза од која било од вакцините mRNA ковид -19.
Во врска со штетните ефекти од вакцинацијата сакаме да потенцираме дека досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат ковид -19 акутни инфекции. Најважно од сė е заштита на своето тело, заштита на новороденчето и општествена одговорност од сите граѓани. Само на овој начин ќе ја добиеме битката со ковид-19. Заштита на јавното здравје е одговорност на сите нас!, велат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ препорачува бремените жени, доилките и оние кои планираат да забременат да се вакцинираат против ковид appeared first on Република.

]]>
Конечно е вистина: Ријана ќе стане мајка https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/konechno-e-vistina-rijana-kje-stane-majka/ Mon, 31 Jan 2022 16:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=452101

Ријана има прекрасна вест. Славната пејачка ќе стане мајка.

33-годишната музичка ѕвезда го покажа трудничкото стомаче за време на прошетка со саканиот Ејсап Роки.

Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во декември 2020 година.

Изминатиот период, Ријана успешно го криеше трудничкото стомаче со широка облека.

The post Конечно е вистина: Ријана ќе стане мајка appeared first on Република.

]]>

Ријана има прекрасна вест. Славната пејачка ќе стане мајка. 33-годишната музичка ѕвезда го покажа трудничкото стомаче за време на прошетка со саканиот Ејсап Роки. Ријана и Ејсап Роки започнаа да се состануваат во декември 2020 година. Изминатиот период, Ријана успешно го криеше трудничкото стомаче со широка облека.

The post Конечно е вистина: Ријана ќе стане мајка appeared first on Република.

]]>