бранови Archives - Република https://republika.mk/tema/branovi/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 19:17:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бранови Archives - Република https://republika.mk/tema/branovi/ 32 32 Луѓе врескаа и бегаа најбрзо што можат: Огромни бранови носат сѐ пред себе во Калифорнија https://republika.mk/vesti/svet/luge-vreskaa-i-begaa-najbrzo-shto-mozhat-ogromni-branovi-nosat-s-pred-sebe-vo-kalifornija/ Sat, 30 Dec 2023 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=728325

Поради невообичаено големите бранови, властите затворија многу плажи долж брегот на Калифорнија. Во тешко погодениот округ Вентура, брановите ги надминаа морските ѕидови и носеа паркирани автомобили по улицата, блокирајќи ги патиштата за службите за итни случаи.

Поплавен е и локален хотел, при што е предизвикана штета на сите соби во приземјето. Иако времето почнува да се смирува за жителите на Cеверна Калифорнија, крајбрежните области на Централна и Јужна Калифорнија се уште се загрозени од екстремни бранови. Некои бранови во областа на Калифорнискиот Залив можат да достигнат висина од 12 метри, што е отприлика висина на телефонски столб.

Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес соопшти дека плажите, пристаништата и шеталиштата НЕ се безбедни“, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Знаеме дека брановите изгледаат импресивно и дека многумина би сакале да го видат тоа. Но, ги замолуваме граѓаните да се држат настрана и да не се приближуваат до крајбрежната област заради нивна и наша безбедност“, изјави локалниот началник на пожарникарите Брајан Мекграт.

https://www.youtube.com/watch?si=yf0PreSxEULaymd2&v=My41Mcwx4jg&feature=youtu.be

Надлежните служби спасиле 10-ина лица кои мислеле дека можат да се справат со брановите.

Двајца посетители на плажа помогнаа да го извлечат спасителот кој се обидувал да се врати на брегот, откако спасил лице во близина на пристаништето, вели пожарникарот Енди ВанСивер.

Во четвртокот, речиси 20 луѓе беа однесени од огромни бранови што удрија во бариерата на плажата Вентура. Осуммина повредени се пренесени во болница.

Беше застрашувачко и апокалиптично. Луѓето викаа, врескаа. Трчав најбрзо што можев“, вели Колин Хоаг, кој ги снимал луѓето како бегаат од бранот што премина преку бариерата.

The post Луѓе врескаа и бегаа најбрзо што можат: Огромни бранови носат сѐ пред себе во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Поради невообичаено големите бранови, властите затворија многу плажи долж брегот на Калифорнија. Во тешко погодениот округ Вентура, брановите ги надминаа морските ѕидови и носеа паркирани автомобили по улицата, блокирајќи ги патиштата за службите за итни случаи. Поплавен е и локален хотел, при што е предизвикана штета на сите соби во приземјето. Иако времето почнува да се смирува за жителите на Cеверна Калифорнија, крајбрежните области на Централна и Јужна Калифорнија се уште се загрозени од екстремни бранови. Некои бранови во областа на Калифорнискиот Залив можат да достигнат висина од 12 метри, што е отприлика висина на телефонски столб. Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес соопшти дека плажите, пристаништата и шеталиштата НЕ се безбедни“, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Знаеме дека брановите изгледаат импресивно и дека многумина би сакале да го видат тоа. Но, ги замолуваме граѓаните да се држат настрана и да не се приближуваат до крајбрежната област заради нивна и наша безбедност“, изјави локалниот началник на пожарникарите Брајан Мекграт.
https://www.youtube.com/watch?si=yf0PreSxEULaymd2&v=My41Mcwx4jg&feature=youtu.be Надлежните служби спасиле 10-ина лица кои мислеле дека можат да се справат со брановите.
Двајца посетители на плажа помогнаа да го извлечат спасителот кој се обидувал да се врати на брегот, откако спасил лице во близина на пристаништето, вели пожарникарот Енди ВанСивер.
Во четвртокот, речиси 20 луѓе беа однесени од огромни бранови што удрија во бариерата на плажата Вентура. Осуммина повредени се пренесени во болница.
Беше застрашувачко и апокалиптично. Луѓето викаа, врескаа. Трчав најбрзо што можев“, вели Колин Хоаг, кој ги снимал луѓето како бегаат од бранот што премина преку бариерата.

The post Луѓе врескаа и бегаа најбрзо што можат: Огромни бранови носат сѐ пред себе во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Високи бранови го поплавија кејот во Охрид https://republika.mk/vesti/makedonija/visoki-branovi-go-poplavija-kejot-vo-ohrid/ Sat, 05 Aug 2023 15:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=668987

Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика неволји во Охрид.

Дождот, повремените удари на силен ветер и високите бранови што се формираа во езерото, го поплавија кејот на нашиот туристички бисер.

Моќноста на брановите и на водата што прелеваше на кејот беше толкава што на неколку места предизвика растурање на поставените бекатон плочки на патеката од шеталиштето.

Невремето предизвика и "главоболки" за угостителите, со оглед на тоа што бројните туристи се засолнија од дождот, а ресторанските и терасите од кафулињата останаа празни.

The post Високи бранови го поплавија кејот во Охрид appeared first on Република.

]]>

Влажниот бран што ја зафати Македонија предизвика неволји во Охрид. Дождот, повремените удари на силен ветер и високите бранови што се формираа во езерото, го поплавија кејот на нашиот туристички бисер. Моќноста на брановите и на водата што прелеваше на кејот беше толкава што на неколку места предизвика растурање на поставените бекатон плочки на патеката од шеталиштето. Невремето предизвика и "главоболки" за угостителите, со оглед на тоа што бројните туристи се засолнија од дождот, а ресторанските и терасите од кафулињата останаа празни.

The post Високи бранови го поплавија кејот во Охрид appeared first on Република.

]]>
Ги топи брановите: Викторија Лоба во секси костим за капење ужива на плажа https://republika.mk/scena/estrada/gi-topi-branovite-viktorija-loba-vo-seksi-kostim-za-kapene-uzhiva-na-plazha/ Sat, 29 Jul 2023 09:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=666558

Со пуштената долга коса и темниот костим за капење, Викторија Лоба, измами голем број воздишки на Инстаграм.

Лоба, која е една од нашите најубави пејачки, објави видео од плажа, но не откри каде уѓива во летото, туку под видеото остави само емотикон од школка.

Лоба доби голем број позитивни коментари на кои фановите истакнуваат дека навистина им се допаѓа изгледот на пејачката.

The post Ги топи брановите: Викторија Лоба во секси костим за капење ужива на плажа appeared first on Република.

]]>

Со пуштената долга коса и темниот костим за капење, Викторија Лоба, измами голем број воздишки на Инстаграм. Лоба, која е една од нашите најубави пејачки, објави видео од плажа, но не откри каде уѓива во летото, туку под видеото остави само емотикон од школка.
Лоба доби голем број позитивни коментари на кои фановите истакнуваат дека навистина им се допаѓа изгледот на пејачката.

The post Ги топи брановите: Викторија Лоба во секси костим за капење ужива на плажа appeared first on Република.

]]>
Урагански ветер и бранови од 6 метри во Турција https://republika.mk/vesti/balkan/uraganski-veter-i-branovi-od-6-metri-vo-turtsija/ Thu, 12 Jan 2023 09:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=596060

Бурен ветер, кој на некои места достигнуваше брзина од 70 километри на час, во средата вечерта ја погоди јужната турска провинција Анталија. Висината на брановите долж брегот во областа на популарната плажа Коњаалт достигна 6 м. На многу места во одморалиштето имаше паднати дрвја, десетици автомобили беа оштетени, јави ТВ ТРТ-1.

Лошото време го зафати речиси целиот медитерански брег на Турција. Во многу населени места обилните дождови предизвикаа поплави, а некаде улиците се претворија во реки. Според метеоролозите, најсилните ветрови се забележани во провинцијата Испарта, соседна Анталија, каде нивната брзина достигна 102 км/ч.

Генералниот директорат за метеорологија на Турција издаде предупредување за невреме, наведувајќи дека во четврток се очекуваат обилни дождови, силен ветер и пад на температурите од 2 до 5 степени во 11 региони на земјата, главно долж Средоземното и Егејското Море.

 

The post Урагански ветер и бранови од 6 метри во Турција appeared first on Република.

]]>

Бурен ветер, кој на некои места достигнуваше брзина од 70 километри на час, во средата вечерта ја погоди јужната турска провинција Анталија. Висината на брановите долж брегот во областа на популарната плажа Коњаалт достигна 6 м. На многу места во одморалиштето имаше паднати дрвја, десетици автомобили беа оштетени, јави ТВ ТРТ-1. Лошото време го зафати речиси целиот медитерански брег на Турција. Во многу населени места обилните дождови предизвикаа поплави, а некаде улиците се претворија во реки. Според метеоролозите, најсилните ветрови се забележани во провинцијата Испарта, соседна Анталија, каде нивната брзина достигна 102 км/ч. Генералниот директорат за метеорологија на Турција издаде предупредување за невреме, наведувајќи дека во четврток се очекуваат обилни дождови, силен ветер и пад на температурите од 2 до 5 степени во 11 региони на земјата, главно долж Средоземното и Егејското Море.  

The post Урагански ветер и бранови од 6 метри во Турција appeared first on Република.

]]>