Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/brakja-manaki/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 19:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Браќа Манаки Archives - Република https://republika.mk/tema/brakja-manaki/ 32 32 Знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со актерите и продуцентите, вели режисерот Димитар Оровчанец со чиј филм „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора 45. издание на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/znaev-shto-sakam-od-ovoj-film-i-toa-go-postignavme-vo-komunikatsija-so-akterite-i-produtsentite-veli-rezhiserot-dimitar-orovchanets-so-chij-film-ubij-gi-prvo-detsata-vecherva-se-zatvora-45-izdanie-na/ Fri, 27 Sep 2024 13:11:16 +0000 https://republika.mk/?p=820299

Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“

Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски.

Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, режисерот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња....многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме, истакна Самоиловски.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина. Филмот е за млади, но само за младите, беше речено во фестивалскиот прес центар.

Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите, посочи режисерот Димитар Оровчанец.

На прес конференција во Битола импресиите од учеството во филмот ги споделија актерките, актерите и продуцентите во „Убиј ги прво децата“.

Во продолжение се одржаа прес конференции со кинематограферите Гиорги Швелидзе, за грузискиот филм „Лото“, прикажан во рамките на европската Lo-cap програма, Клер Пиџман, кинематографер на филмот „Портата“ од документарната програма и Душан Кардалевски, кинематографер на филмот „Амра“, кој во рамките на кратката програма ќе биде прикажан денес.

The post Знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со актерите и продуцентите, вели режисерот Димитар Оровчанец со чиј филм „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора 45. издание на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец вечер во Битола, на големото платно ќе го означи крајот на годинешниот ИФФК „Браќа Манаки“ Учеството на фестивалот на кинематограферите за кинематограферот Владимир Самоиловски е значајно, а снимањето на филмот предизвик, истакна на прес конференција во Битола, Владимир Самоиловски.
Драго ми е што младата генерација сака да соработува со мене како кинематографер и тоа ми претставува голема сатисфакција. Од младите научив за прецизност и брзина на работа за што во овој филм ми помогна Димитар Оровчанец, режисерот на филмот. А, за тоа што сум кинематографер, најголемата среќа е што мојот татко беше снимател кого го гледав како работи. Се сеќавам, за време на земјотресот во 1963 година кога имав само 10 години, јас му асистирав на мојот татко да ги сними рушевините на Скопје. Поминаа времиња....многу одамна снимав филм и со два режисери, а најновиот филм со Оровчанец за мене беше нов предизвик и драго ми е што успеавме бидејќи има многу, многу сцени што ги снимавме, истакна Самоиловски.
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина. Филмот е за млади, но само за младите, беше речено во фестивалскиот прес центар.
Сценариото за филмот беше напишано многу брзо, а конкурирањето траеше долги години. Процесот потоа се одвиваше динамично, знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со сите учесници, односно актерите и продуцентите, посочи режисерот Димитар Оровчанец.
На прес конференција во Битола импресиите од учеството во филмот ги споделија актерките, актерите и продуцентите во „Убиј ги прво децата“. Во продолжение се одржаа прес конференции со кинематограферите Гиорги Швелидзе, за грузискиот филм „Лото“, прикажан во рамките на европската Lo-cap програма, Клер Пиџман, кинематографер на филмот „Портата“ од документарната програма и Душан Кардалевски, кинематографер на филмот „Амра“, кој во рамките на кратката програма ќе биде прикажан денес.

The post Знаев што сакам од овој филм и тоа го постигнавме во комуникација со актерите и продуцентите, вели режисерот Димитар Оровчанец со чиј филм „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора 45. издание на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Во Битола вечерва завршува фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-vecherva-zavrshuva-festivalot-na-kinematograferite-braka-manaki/ Fri, 27 Sep 2024 11:53:01 +0000 https://republika.mk/?p=820263

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“.

Во текот на фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“ беа емитувани 67 филмови во повеќе натпреварувачки категории.

The post Во Битола вечерва завршува фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со доделување на наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ и со проекција на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во кој кинематографер е Владимир Самоиловски, вечер во Битола завршува ИФФК „Браќа Манаки“. Во текот на фестивалот кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“ беа емитувани 67 филмови во повеќе натпреварувачки категории.

The post Во Битола вечерва завршува фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ https://republika.mk/scena/film/so-makedonska-premira-na-debitantskiot-film-na-dimitar-orovchanets-ubij-gi-prvo-detsata-vecherva-se-zatvora-iffk-braka-manaki/ Fri, 27 Sep 2024 08:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=820124

Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровчанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август.

Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео

. Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов.

Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска.

Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни
филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни
филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио,
Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор
на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на
својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ
и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен
ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку
театарски претстави.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

The post Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Со македонската премиера на дебитанскиот филм на Димитар Оровчанец „ Убиј ги прво децата“, вечерва во Битола се затвора 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Светската премиера филмот ја доживеа на Саревскиот филмски фестивал во август. Филмот е во продукција на „Трис филмс“ и ДМФ Филмс. „Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео . Главните улоги ги играат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Продуценти се Атанас Георгиев, Дејан Илиев и Корнелија Ристовска. Музиката за филмот ја направи Дарко Спасовски и Игор Василев – Новоградска. Димитар Оровчанец има искуство како сценарист и режисер на краткометражни и долгометражни филмови. Има работено на голем број ТВ реклами, кампањи, музички спотови, документарни филмови, телевизиски документарни филмови и ТВ емисии. Освен со режија и сценарио, Димитар има и долгогодишно искуство со фотографија кое вклучува ангажмани како директор на фотографија на еден игран филм, на повеќето од своите кратки филмови како и на на својот долгометражен документарен филм „Олга”. Покрај искуство во филмската, видео, ТВ и радио продукција, повеќето од својата кариера ја има поминато работејќи како креативен ум и режисер за неколку продукциски и адвертајзинг куќи и како и режисер на неколку театарски претстави. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.  

The post Со македонска премира на дебитантскиот филм на Димитар Оровчанец „Убиј ги прво децата“ вечерва се затвора ИФФК „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Кардалевски: Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од било кога https://republika.mk/vesti/kultura/kardalevski-sostojbata-vo-makedonskiot-film-vo-momentov-e-najteshka-od-bilo-koga/ Thu, 26 Sep 2024 11:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=819847

Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од кога било, смета киноматрограферот Душан Кардалевски, но се надеваат дека ќе дојдат подобри времиња.

Кардалевски гостуваше на прес-конфренцијата која денеска се одржа во Битола каде што е во тек Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Неговиот краткометражен филм „Состојба на умот“ (“Frame of Mind”), во режија на Александра Кардалевска беше прикажан вчера во киното „Манаки“ во Битола, како дел официјалната краткометражна натпреварувачка програма за наградата „Златна камера 300“. Филмот досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.

Кардалевски смета дека исто така тешка е состојбата и со копродукциите и за долгометражни и за краткометражни филмови, но ако имате добра проект, добро сценарио, сепак е можно.

На денешната прес конференција за своите искуства во соработката со режисерите освен Карадалевски проговорија и кинематограферите Кинан Масарани и Петер Колањи.

Од една страна е тешко да се работи со режисер, во мојот случај тоа е сестра ми, но од друга страна е полесно за некои работи. Таа е многу прецизна, и кога ќе го подготви филмот доаѓа со книга и веднаш кажува како сака снимањето да изгледа и тоа е едноставно за работа, рече Кардалевски.

„Состојба на умот“ во режија на Александра Кардалевска, говори за случајната средба меѓу еден фотограф и една мистериозна девојка води до ноќ на заедничка интимност и конекција. Но, новиот ден открива скриена вистина, што фрла сенка врз нивната романса.

Прв пат снимав со „Сони“ камера, користев светлина од излозите во близина, набавив и филтри, но поради големата загаденост на воздухот додека снимавме немаше потреба да ги користам, рече Кардалевски кој подвлече дека снимале едно попладне и една ноќ.

Кинан Масарани, кинематограферот на филмот „Добро момче“, кој е всушност прв филм на режисерот Пол Венсан Де Лестард, рече дека немало потреба да го води како поискусен бидејќи Пол бил мошне сигурен и веќе имал снимено студентски филм и немало потреба од поголема помош.

Филмот ја раскажува приказната за Максим има шеснаесет години. Како надежен пливач, тој е на пат да се запише на студиска програма за спорт. Едно попладне, полицијата го прекинува тренингот за да разговара со неговиот тренер, кој е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на еден од младите пливачи во клубот.

Петер Колањи, пак, со режисерката Ребека Румел се познавале од училишните денови и немале потешкотии во соработката одлично се познавале.

Приказната на филмот „Оддалечување“ говори за тоа кога Вера оди во советското одморалиште за да му се придружи на својот сопруг астронаут, Алексеј, летната идила е нарушена од сомнежите за сопругот, што тајно ѝ ја загорчуваат душата.

Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои“ вчера беше прикажан на „Браќа Манаки“ во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“.

Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот „Вози ја мојата кола“.

Со овој филм тој стана многу популарен во Јапонија, но и во странство, но сепак за филмот „Зло не постои“ не доби многу голем буџет. Композиторката со која соработувале на филмот „Вози ја мојата кола“ му понудила да ја визуелизира нејзината музика на фестивалот на филм во Гент, Рјуске го прифатил тоа , а потоа и јас и така почна соработката, рече Китагава.

Такуми и неговата ќерка Хана живеат во едно село близу Токио. Како и нивните предци, тие живеат скромни животи што ги следат циклусите и редот на природата. Еден ден, кога од Токио пристигнуваат претставници на една компанија за да го претстават планот за изградба на гламурозен камп („гламп“) кој ќе им понуди на жителите на градот можност за луксузно „бегство во природа“, станува јасно дека проектот ќе му наштети на локалното водоснабдување.

Актерите не се професионалци и одлично ја презентираат идејата дека не е се црно и бело, и дека злото некогаш постои, а некогаш не. Филмот ја тера публиката да мисли што ни значи природата и да доаѓа во кино-салите, порача Китагава, заблагодарувајќи се на прекрасното искуство да биде дел од програмата на „Браќа Манаки“.

Во Европската Lo-Sap програма, вчера публиката можеше да го погледне филмот „Бегај“ на казахстанскиот кинематографер Азамат Дулатов.

Филмот го прикажува Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-те години, време обележано со брзата колективизација на фармите на Сталин и со најбруталниот глад што некогаш го видел модерниот свет. Локалниот гробар Исатај мора да се соочи со тежок избор.

Пред снимањето на филмот веќе сум работел на музички видеа и реклами со режисерот и постојано разговаравме да снимаме филм и овој пат одлучивме да го направиме тоа. Направивме подготовки со сценариото, актерите, баравме локации и откако се подготвивме почна снимањето. Токму поради добрата подготовка снимањето одеше многу мазно, рече Дулатов на денешната прес конференција, и потенцираше дека во мајсторството на прикажувањето на сцените кои се снимале во степите многу му помогнала неговата едукација, бидејќи, како што рече има дипломирано ликовна уметност.

Кинематограферката Јошико Такано, преку камерата раскажа интересна проказна со документарниот филм „Гама“.

Во Окинава, местото каде што кон крајот на Втората светска војна се случиле интензивни копнени битки, постојат многу природни пештери наречени “ГАМА”. Мицуо Мацунага собира остатоци од битката за Окинава и опишува како цивилите кои учествувале во војната се засолниле во ГАМА.

Се обидовме да ја раскажеме историјата на ГАМА во Окинава. ГАМА пештерите за многумина не се познати во Јапонија, но на овој начин преку филмот ќе се запознаат со овие засолништа. Во документарниот филм внесовме визуелна поезија, а гледачот преку очите на девојчето ги следи настаните, раскажа Такано, која посочи дека снимале во ноември бидејќи тоа е најповолниот период за снимање бидејќи во тој предел е многу топло.

The post Кардалевски: Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од било кога appeared first on Република.

]]>

Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од кога било, смета киноматрограферот Душан Кардалевски, но се надеваат дека ќе дојдат подобри времиња. Кардалевски гостуваше на прес-конфренцијата која денеска се одржа во Битола каде што е во тек Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Неговиот краткометражен филм „Состојба на умот“ (“Frame of Mind”), во режија на Александра Кардалевска беше прикажан вчера во киното „Манаки“ во Битола, како дел официјалната краткометражна натпреварувачка програма за наградата „Златна камера 300“. Филмот досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил. Кардалевски смета дека исто така тешка е состојбата и со копродукциите и за долгометражни и за краткометражни филмови, но ако имате добра проект, добро сценарио, сепак е можно. На денешната прес конференција за своите искуства во соработката со режисерите освен Карадалевски проговорија и кинематограферите Кинан Масарани и Петер Колањи.
Од една страна е тешко да се работи со режисер, во мојот случај тоа е сестра ми, но од друга страна е полесно за некои работи. Таа е многу прецизна, и кога ќе го подготви филмот доаѓа со книга и веднаш кажува како сака снимањето да изгледа и тоа е едноставно за работа, рече Кардалевски.
„Состојба на умот“ во режија на Александра Кардалевска, говори за случајната средба меѓу еден фотограф и една мистериозна девојка води до ноќ на заедничка интимност и конекција. Но, новиот ден открива скриена вистина, што фрла сенка врз нивната романса.
Прв пат снимав со „Сони“ камера, користев светлина од излозите во близина, набавив и филтри, но поради големата загаденост на воздухот додека снимавме немаше потреба да ги користам, рече Кардалевски кој подвлече дека снимале едно попладне и една ноќ.
Кинан Масарани, кинематограферот на филмот „Добро момче“, кој е всушност прв филм на режисерот Пол Венсан Де Лестард, рече дека немало потреба да го води како поискусен бидејќи Пол бил мошне сигурен и веќе имал снимено студентски филм и немало потреба од поголема помош. Филмот ја раскажува приказната за Максим има шеснаесет години. Како надежен пливач, тој е на пат да се запише на студиска програма за спорт. Едно попладне, полицијата го прекинува тренингот за да разговара со неговиот тренер, кој е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на еден од младите пливачи во клубот. Петер Колањи, пак, со режисерката Ребека Румел се познавале од училишните денови и немале потешкотии во соработката одлично се познавале. Приказната на филмот „Оддалечување“ говори за тоа кога Вера оди во советското одморалиште за да му се придружи на својот сопруг астронаут, Алексеј, летната идила е нарушена од сомнежите за сопругот, што тајно ѝ ја загорчуваат душата. Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои“ вчера беше прикажан на „Браќа Манаки“ во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“. Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот „Вози ја мојата кола“.
Со овој филм тој стана многу популарен во Јапонија, но и во странство, но сепак за филмот „Зло не постои“ не доби многу голем буџет. Композиторката со која соработувале на филмот „Вози ја мојата кола“ му понудила да ја визуелизира нејзината музика на фестивалот на филм во Гент, Рјуске го прифатил тоа , а потоа и јас и така почна соработката, рече Китагава.
Такуми и неговата ќерка Хана живеат во едно село близу Токио. Како и нивните предци, тие живеат скромни животи што ги следат циклусите и редот на природата. Еден ден, кога од Токио пристигнуваат претставници на една компанија за да го претстават планот за изградба на гламурозен камп („гламп“) кој ќе им понуди на жителите на градот можност за луксузно „бегство во природа“, станува јасно дека проектот ќе му наштети на локалното водоснабдување.
Актерите не се професионалци и одлично ја презентираат идејата дека не е се црно и бело, и дека злото некогаш постои, а некогаш не. Филмот ја тера публиката да мисли што ни значи природата и да доаѓа во кино-салите, порача Китагава, заблагодарувајќи се на прекрасното искуство да биде дел од програмата на „Браќа Манаки“.
Во Европската Lo-Sap програма, вчера публиката можеше да го погледне филмот „Бегај“ на казахстанскиот кинематографер Азамат Дулатов. Филмот го прикажува Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-те години, време обележано со брзата колективизација на фармите на Сталин и со најбруталниот глад што некогаш го видел модерниот свет. Локалниот гробар Исатај мора да се соочи со тежок избор.
Пред снимањето на филмот веќе сум работел на музички видеа и реклами со режисерот и постојано разговаравме да снимаме филм и овој пат одлучивме да го направиме тоа. Направивме подготовки со сценариото, актерите, баравме локации и откако се подготвивме почна снимањето. Токму поради добрата подготовка снимањето одеше многу мазно, рече Дулатов на денешната прес конференција, и потенцираше дека во мајсторството на прикажувањето на сцените кои се снимале во степите многу му помогнала неговата едукација, бидејќи, како што рече има дипломирано ликовна уметност.
Кинематограферката Јошико Такано, преку камерата раскажа интересна проказна со документарниот филм „Гама“. Во Окинава, местото каде што кон крајот на Втората светска војна се случиле интензивни копнени битки, постојат многу природни пештери наречени “ГАМА”. Мицуо Мацунага собира остатоци од битката за Окинава и опишува како цивилите кои учествувале во војната се засолниле во ГАМА.
Се обидовме да ја раскажеме историјата на ГАМА во Окинава. ГАМА пештерите за многумина не се познати во Јапонија, но на овој начин преку филмот ќе се запознаат со овие засолништа. Во документарниот филм внесовме визуелна поезија, а гледачот преку очите на девојчето ги следи настаните, раскажа Такано, која посочи дека снимале во ноември бидејќи тоа е најповолниот период за снимање бидејќи во тој предел е многу топло.
 
The post Кардалевски: Состојбата во македонскиот филм во моментов е најтешка од било кога appeared first on Република.

]]>
Пабло Лозано и Душан Хусар на „Браќа Манаки“: Чуда може да се случат секаде https://republika.mk/vesti/kultura/pablo-lozano-i-dushan-husar-na-braka-manaki-chuda-mozhe-da-se-sluchat-sekade/ Wed, 25 Sep 2024 12:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=819572

Пабло Лозано и Душан Хусар, кинематограферите на филмовите „Хроники на една скитачка светица“ од официјалната селекција Камера 300 и „Осаменост“ филм кој синоќа беше прикажан во Европската Lo-Cap програма.

Во едно аргентинско гратче, една побожна, но компетитивна жена сфаќа дека доколку измисли дека доживеала чудо, може да ја прогласат за светица. Но, пред да објави дека чудото се случило, еден шокантен настан и ја покажува скриената магија на нејзиниот свет, принудувајќи ја да го преиспита сето она што го земала здраво за готово.

Среќен сум што наидов на вакво сценарио, беше многу интересно да се размислува и да се процесира сетот тоа, рече Лозано кој раскажа дека со режисерот се познаваат од училишните денови и дека снимале и кратки филмови заедно.

Сите во селото биле возбудени додека се снимал филмот, црквата е многу интересна и реткост е да се најде таква.

Чуда може да се случат насекаде, во многу мали места не само во Аргентина, туку било каде во светот. Имавме среќа што ја најдовме таа напуштена железничка станица за да снимаме таму, а статуата која исчезнува во филмот навистина ја нема долго време, тоа не е фикција, раскажа Лозано и рече дека филмот се прикажува веќе шест недели во кината во Аргентина.

Во рамките на новата селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Златна европска камера“ на 45. ИФФК „Браќа Манаки“ денеска Душан Хусар, кинематограферот на филмот „Осаменост“ говореше за своето искуство додека се снимал филмот.

Прекрасна беше локацијата Исланд, каде и да погледнеш можеш да снимаш, што за нас беше фасцинантно, а за нив секојдневие, затоа беше предизвик за мене да пронајдам смирени и мирни места кои ќе бидат реални и за нив и за нас, без да се стави акцентот само на најубавите места, рече Хусар.

Филмот „Осаменост“ ја раскажува приказната за тоа дека државата принудува еден земјоделец кој живее мирен живот на село да го продаде својот дом, да остави сè зад себе и да се пресели во главниот град, каде се спријателува со 10-годишен доставувач на весници.

The post Пабло Лозано и Душан Хусар на „Браќа Манаки“: Чуда може да се случат секаде appeared first on Република.

]]>

Пабло Лозано и Душан Хусар, кинематограферите на филмовите „Хроники на една скитачка светица“ од официјалната селекција Камера 300 и „Осаменост“ филм кој синоќа беше прикажан во Европската Lo-Cap програма. Во едно аргентинско гратче, една побожна, но компетитивна жена сфаќа дека доколку измисли дека доживеала чудо, може да ја прогласат за светица. Но, пред да објави дека чудото се случило, еден шокантен настан и ја покажува скриената магија на нејзиниот свет, принудувајќи ја да го преиспита сето она што го земала здраво за готово.
Среќен сум што наидов на вакво сценарио, беше многу интересно да се размислува и да се процесира сетот тоа, рече Лозано кој раскажа дека со режисерот се познаваат од училишните денови и дека снимале и кратки филмови заедно.
Сите во селото биле возбудени додека се снимал филмот, црквата е многу интересна и реткост е да се најде таква.
Чуда може да се случат насекаде, во многу мали места не само во Аргентина, туку било каде во светот. Имавме среќа што ја најдовме таа напуштена железничка станица за да снимаме таму, а статуата која исчезнува во филмот навистина ја нема долго време, тоа не е фикција, раскажа Лозано и рече дека филмот се прикажува веќе шест недели во кината во Аргентина.
Во рамките на новата селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Златна европска камера“ на 45. ИФФК „Браќа Манаки“ денеска Душан Хусар, кинематограферот на филмот „Осаменост“ говореше за своето искуство додека се снимал филмот.
Прекрасна беше локацијата Исланд, каде и да погледнеш можеш да снимаш, што за нас беше фасцинантно, а за нив секојдневие, затоа беше предизвик за мене да пронајдам смирени и мирни места кои ќе бидат реални и за нив и за нас, без да се стави акцентот само на најубавите места, рече Хусар.
Филмот „Осаменост“ ја раскажува приказната за тоа дека државата принудува еден земјоделец кој живее мирен живот на село да го продаде својот дом, да остави сè зад себе и да се пресели во главниот град, каде се спријателува со 10-годишен доставувач на весници.

The post Пабло Лозано и Душан Хусар на „Браќа Манаки“: Чуда може да се случат секаде appeared first on Република.

]]>
Кинематограферите Митја Личен, Гергу Сомоѓвари, Сергеј Сарчевски и Грим Вандекеркхов на „Браќа Манаки“ ги споделија своите размислувања за филмот и нивниот начин на работа https://republika.mk/vesti/kultura/kinematograferite-mitja-lichen-gergu-somogvari-sergej-sarchevski-i-grim-vandekerkhov-na-braka-manaki-gi-spodelija-svoite-razmisluvana-za-filmot-i-nivniot-nachin-na-rabota/ Tue, 24 Sep 2024 12:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=819291

На денешната прес конференција во рамките на годинашното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ присутните ги слушнаа кинематограферите Митја Личен, Гергу Сомоѓвари, Сергеј Сарчевски и Грим Вандекеркхов.

Филмот претставува критика на елитата. Ликовите во филмот на некој начин ги материјализираат нашите темни мисли. Никој од нас на странец веројатно не би му ја отворил вратата. И на некој начин ова што го прикажува филмот е инцидент, тие не би му ја отвориле вратата доколку не е во прашање нивниот гостин. Ги познавам лично актерите кои играат во филмот. Имавме проби со нив, работилници, беше лесно да се работи со нив, говоревме отворено за се и немаше никакви проблеми. Сниман е во период ноември- декември и бидејќи во тој дел од годината поради времето, светлината не толку силна како во останатиот дел од годината имавме помалку време на располагање за снимање. Но, имаше секогаш доволно време, рече Митја Личен, кинематограферот на филмот „Токсично“ , кој беше прикажан во рамките на Европска Lo-Cap програма.

Документарниот филм „Самовилска градина“ е целосно авторство на Гергу Сомоѓвари и говори за трансродова девојка која живее со бездомник надвор од Будимпешта.

Во 2019 во Унгарија беше донесен закон со кој им се забранува на бездомните луѓе да спијат на улица. Со пријател кој работи како социјален работник одлучивме да направиме краток документарен филм со некој бездомник кој би бил отворен за соработка. Лутавме низ шумите околу Будимпешта барајќи соговорник и еден ден ја пронајдовме таа прекрасна куќичка и девојката која беше пријателски расположена за соработка. Ни ја раскажа приказната како се сретнале и се спријателиле и почнале да живеат заедно. Кога ја видов снимката на камерата од нив двајцата после првото снимање која беше 20 минути и одлучивме тоа да биде филм. За среќа имам моја опрема и сите предизвици со кои се соочивме при снимањето можев да ги надминам. Сакам да работам со режисери, но овој пат навистина беше добро што немаше никој друг меѓу мене и ликовите со кои работевме и уживав додека работев. Се зближивме во текот на снимањето и сеуште се грижам што се случува со неа, нема лесен живот и мошне е тешко да се направи дистанца по четири години снимање и да се одлучи дали сме пријатели, дали таа е само субјект, дел од филмот...Но, главната идеја е да бидеме хумани, не треба да поставуване строги граници меѓу нас, рече Сомоѓвари и подетално го објасни статусот на бездомниците и припадниците на ЛГБТ заедницата во Унгарија.

Во рамките на кратката програма беа прикажани филмовите „Мала шега“ и „Преку водите“, а денеска кинематограферите Сергеј Сарчевски и Грим Вандекеркхов проговорија за значењето да се биде дел од фестивалот „Браќа Манаки“, нивниот начин на работа, што ги инспирирало да работат токму на овие филмови.

Она што ме инспирираше за работа на овој филм беше сценариото, со оглед на тоа дека станува збор за тоа како некогаш многу мало нешто може да ја промени вашата перспектива. Тоа ми беше фасцинантно, бидејќи и самиот некогаш размислувам за прашањата кои сме, од каде доаѓаме, како е формирано нашето влијание..., рече Вандекеркхов.

Оригиналната приказна на Чехов е основата за филмот „Мала шега“. Размислувале да го направат во оригинална форма, но потоа одлучиле да ја модернизираат и да ја направат поинтересна.

Требаше да снимаме четири дена, излезе да има потреба од пет дена снимање. Буџетот за снимање секогаш е предизвик, потоа на денот кога почнавме да снимаме почна да врне, па презакажавме и сценографијата моравме да ја пренесеме во студио и таму да продолжиме со снимање, но на крајот се излезе доста добро, рече Сарчевски.

И двајцата изразија задоволство што се во Битола и рекоа дека се среќни што се овде на единствениот и најстар фестивал посветен на кинематограферите, каде многу подиректно отколку на било кој друг фестивал можат да им пријдат на колегите кинематографери кои веќе се големи ѕвезди.

Синоќа додека седнавме да вечераме, Данте Спиноти седна зад мене и рече „Добар апетит“, така што вакво нешто не може да ми се случи на некој друг фестивал, раскажа Вандекеркхов.

The post Кинематограферите Митја Личен, Гергу Сомоѓвари, Сергеј Сарчевски и Грим Вандекеркхов на „Браќа Манаки“ ги споделија своите размислувања за филмот и нивниот начин на работа appeared first on Република.

Можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме, тоа е одлична комуникација со светот, вели Димитар Грбевски, лауреат на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ https://republika.mk/vesti/kultura/mozheme-tselata-makedonska-kultura-da-ja-prefrlime-na-filmot-i-da-ja-prezentirame-toa-e-odlichna-komunikatsija-so-svetot-veli-dimitar-grbevski-laureat-na-golema-zvezda-na-makedonskiot-film/ Tue, 24 Sep 2024 08:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=819185

Филмот е национална добробит и мора континуирано да се прави. Филмот е одлична комуникација со светот и затоа треба да се инвестира во филмот, вели во интервју за МИА, професорот во пензија Димитар Грбевски, основач на Катедрата за филмска и ТВ монатажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, познат и признат македонски филмски и телевизиски монтажер, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. Наградата што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија-ДФРМ, беше врачена на ИФФК „Браќа Манаки“ за исклучителен придонес на Грбевски во македонската кинематографија.

Радосен сум. Ова е признание кое долги години се формирало за да се дојде до признание. Првиот филм што го направив е „Црвениот коњ“ на Столе Попов, а пред него за телевизиски игран филм работев со Димитрие Османли. Во мојата професионална кариера работев во „Јадран филм“ во Хрватска каде и студирав. Последниот филм го работев со Митко Панов, станува збор за филмот „Сведок“. А во меѓувреме, во Македонија работев со сите режисери меѓу кои Ѓурчинов, Блажевски, Трајчов, Попов, Гапо, Мето Петровски, Зоран Младеновиќ, Стево Црвеновски…можеби некого во овој момент ненамерно нема да посочам, вели Грбевски во интервју за МИА.

Според Грбевски, филм мора да се прави.

Ние можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме. Тоа е одлична комуникација со светот. Друг начин не постои. Снимен филм може да се пласира насекаде, на секој фестивал. Затоа треба да се инвестира во филмот. На пример, само со филм може да се оди на фестивалот во Кан. Филмот е најкомуникативен. Може да се понуди на е-мрежи и да се пласира насекаде. Ние со филмот „Медена земја“ се закитивме со две номинации за Оскар. Номинација за Оскар имавме и кога со Столе Попов го работевме филмот „Дае“. Јас како дел од тимот бев во Холивуд на доделувањето на наградата Оскар. Ден денес памтам кога еден господин ми пријде и ме праша -Што очекувате? Јас му одговорив: – Очекуваме да добиеме Оскар! А, тој веднаш рече: – Но, вие веќе го добивте оскарот бидејќи со самата номинација вие веќе имате Оскар, ми рече соговорникот. Престојот во Холивуд за мене е магија што ја видов и секогаш ќе ја паметам, додава годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

The post Можеме целата македонска култура да ја префрлиме на филмот и да ја презентираме, тоа е одлична комуникација со светот, вели Димитар Грбевски, лауреат на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ appeared first on Република.

Да се работи на целата подготовката пред да се снима филмот е тешко, но импресивно и уникатно искуство, вели Кжиштоф Влодарчик, кој работел на на полскиот филм „Зона на интерес“ https://republika.mk/vesti/kultura/da-se-raboti-na-tselata-podgotovkata-pred-da-se-snima-filmot-e-teshko-no-impresivno-i-unikatno-iskustvo-veli-kzhishtof-vlodarchik-koj-rabotel-na-na-polskiot-film-zona-na-interes/ Tue, 24 Sep 2024 07:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=819163

Да се биде (DIT - digital imaging technician) техничар на дигитална слика, e уникатно искуство. Да се работи на целата таа подготовката пред да се снима филмот е тешко, но импресивно. Би го направил истото пак, но сигурен сум дека нема да е толку предизвикувачки и фасцинантно во исто време, како ова искуство. Ова го кажа денеска Кжиштоф Влодарчик, DIT на полскиот филм „Зона на интерес“, на Џонатан Глејзер кој беше прикажан во главната селекција на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Тој во киното Манаки во Битола презентираше што се случувало зад сцената како и во периодот на подготовки пред да започне снимањето на овој извонреден филм.

Режисерот сакаше целиот филм да се снима со природна светлина, односно да се користи природната светлина што ја има ноќе и онаа преку ден. Во еден ваков проект важно е каков избор на опрема ќе направите. Избравме 10 SONY Venice камери, ни требаа повеќе камери. Во куќата во која снимавме, знаевме дека имаме ограничен простор за камерите, за екипата што работи на снимање на филмот, па моравме да обезбедиме мали камери. Куќата во која снимавме, моравме да знаеме колкава е, за да видиме со каков простор располагаме. При снимањето на овој филм немаше филмска екипа на сет, каде што актерот снима, рече Влодарчик.

Тој кажа дека била важна големината на уредите кои ги користиме за време на снимање на филмот. Важно било камерите да се што е можно помали, за полесно да можат да бидат скриени, со цел да не ги дефокусираат актерите. Идејата на режисерот на филмот не била да се сечат кадри и да се повторуваат сцени. Затоа на крајот имало многу снимен материјал, околу 400 терабајти (0,6 петабајт).

За потребите на филмот, ноќе била користена термовижн камера, која е многу специфична. Таа била адаптирана за филмска употреба, бидејќи примарно, не е наменета за снимање филмови. Тоа искуство за екипата шо снимала било лесно искуство, но за оние во постпродукција, било предизвикувачки.

Влодарчик кажа дека камерите на SONY завршиле добра работа, со оглед на тоа дека дневната светлина се менува во текот на денот. Тој прикажа фотографии од снимањето на филмот, на кои се гледа како на автомобил, се монтирани неколку камери спремни за снимање на сет, а тоа е можно бидејќи се мали и може да се монтираат и употребат на исто место наеднаш.

Инаку, директор на фотографија на филмот „Зона на интерес“ е Лукаш Жал, полски кинематографер, познат по филмот „Студена војна“ (2018), што му донесе номинација за Оскар, награда на Американското здружение на кинематографи (ASC) за извонредни достигнувања во кинематографијата во театарски изданија и номинација за БАФТА. Покрај овој филм, тој е автор и на филмот „Ида“ (2014, номинација за Оскар, награда на ASC Рефлектор/Spotlight, награда за најдобар европски кинематографер на ЕФА и номинација за БАФТА).

The post Да се работи на целата подготовката пред да се снима филмот е тешко, но импресивно и уникатно искуство, вели Кжиштоф Влодарчик, кој работел на на полскиот филм „Зона на интерес“ appeared first on Република.

]]>

Да се биде (DIT - digital imaging technician) техничар на дигитална слика, e уникатно искуство. Да се работи на целата таа подготовката пред да се снима филмот е тешко, но импресивно. Би го направил истото пак, но сигурен сум дека нема да е толку предизвикувачки и фасцинантно во исто време, како ова искуство. Ова го кажа денеска Кжиштоф Влодарчик, DIT на полскиот филм „Зона на интерес“, на Џонатан Глејзер кој беше прикажан во главната селекција на Фестивалот „Браќа Манаки“. Тој во киното Манаки во Битола презентираше што се случувало зад сцената како и во периодот на подготовки пред да започне снимањето на овој извонреден филм.
Режисерот сакаше целиот филм да се снима со природна светлина, односно да се користи природната светлина што ја има ноќе и онаа преку ден. Во еден ваков проект важно е каков избор на опрема ќе направите. Избравме 10 SONY Venice камери, ни требаа повеќе камери. Во куќата во која снимавме, знаевме дека имаме ограничен простор за камерите, за екипата што работи на снимање на филмот, па моравме да обезбедиме мали камери. Куќата во која снимавме, моравме да знаеме колкава е, за да видиме со каков простор располагаме. При снимањето на овој филм немаше филмска екипа на сет, каде што актерот снима, рече Влодарчик.
Тој кажа дека била важна големината на уредите кои ги користиме за време на снимање на филмот. Важно било камерите да се што е можно помали, за полесно да можат да бидат скриени, со цел да не ги дефокусираат актерите. Идејата на режисерот на филмот не била да се сечат кадри и да се повторуваат сцени. Затоа на крајот имало многу снимен материјал, околу 400 терабајти (0,6 петабајт). За потребите на филмот, ноќе била користена термовижн камера, која е многу специфична. Таа била адаптирана за филмска употреба, бидејќи примарно, не е наменета за снимање филмови. Тоа искуство за екипата шо снимала било лесно искуство, но за оние во постпродукција, било предизвикувачки. Влодарчик кажа дека камерите на SONY завршиле добра работа, со оглед на тоа дека дневната светлина се менува во текот на денот. Тој прикажа фотографии од снимањето на филмот, на кои се гледа како на автомобил, се монтирани неколку камери спремни за снимање на сет, а тоа е можно бидејќи се мали и може да се монтираат и употребат на исто место наеднаш. Инаку, директор на фотографија на филмот „Зона на интерес“ е Лукаш Жал, полски кинематографер, познат по филмот „Студена војна“ (2018), што му донесе номинација за Оскар, награда на Американското здружение на кинематографи (ASC) за извонредни достигнувања во кинематографијата во театарски изданија и номинација за БАФТА. Покрај овој филм, тој е автор и на филмот „Ида“ (2014, номинација за Оскар, награда на ASC Рефлектор/Spotlight, награда за најдобар европски кинематографер на ЕФА и номинација за БАФТА).

The post Да се работи на целата подготовката пред да се снима филмот е тешко, но импресивно и уникатно искуство, вели Кжиштоф Влодарчик, кој работел на на полскиот филм „Зона на интерес“ appeared first on Република.

]]>
Француска вечер на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/frantsuska-vecher-na-braka-manaki/ Mon, 23 Sep 2024 09:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=818948

На 24 септември, вторник, во 21 часот, во киното „Манаки“ ќе се одржи Француска вечер вo рамките на јубилејното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ со проекција на култниот француски филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, во присуство на директорот на фотографија и овогодишниот добитник на награтата Златна камера 300, Бруно Делбонел.

Воедно, во рамките на фестивалскиот проект „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан“ во рамките на фестивалот, предвидени се и знајачни средби помеѓу француските продуценти и носителите на проекти од регионот, поддржани од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

The post Француска вечер на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

На 24 септември, вторник, во 21 часот, во киното „Манаки“ ќе се одржи Француска вечер вo рамките на јубилејното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“ со проекција на култниот француски филм „Чудесната судбина на Амели Пулен“, во присуство на директорот на фотографија и овогодишниот добитник на награтата Златна камера 300, Бруно Делбонел. Воедно, во рамките на фестивалскиот проект „Копродукција помеѓу Франција и Западен Балкан“ во рамките на фестивалот, предвидени се и знајачни средби помеѓу француските продуценти и носителите на проекти од регионот, поддржани од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.  

The post Француска вечер на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки https://republika.mk/vesti/kultura/pochesna-zlatna-kamera-300-za-janaki-manaki/ Sun, 22 Sep 2024 07:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=818605

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки.

Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели награда Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.

Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, истакна Дамески.

Наградата беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематогаферите.

Прв пат мојот татко ја прими наградата златна „Камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки, истакна внукот Милтон.

Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред НУ Центар за култура, во центарот на градот.

Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

The post Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ на свеченото отворање на фестивалот додели Почесна „Златна Камера 300“ на Јанаки Манаки. Во 1996 година фестивалот во Битола на Милтон Манаки му додели награда Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело, потсети директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески.
Решивме да ја исправиме оваа неправда и затоа оваа година доделуваме Почесна „Златна Камера 300“ за животно дело на Јанаки Манаки, истакна Дамески.
Наградата беше врачена на Милтон, внукот на Јанаки Манаки кој истакна дека фестивалот „Браќа Манаки“ е уникатен фестивал, еден од малкуте фестивали во светот што ги слават кинематогаферите.
Прв пат мојот татко ја прими наградата златна „Камера 300“ во името на неговиот татко. Голема е честа и благодарност што оваа награда ја добива нашето семејство, и во име на нашиот Јанаки Манаки, истакна внукот Милтон.
Пред аудиториумот во Битола, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамески, најави дека наскоро ќе се постави и споменик на Јанаки Манаки кој се очекува да биде во непосредна близина на споменикот на Милтон Манаки што се наоѓа пред НУ Центар за култура, во центарот на градот. Денеска во Битола ќе бидат промовирани три, од вкупно 18 ѕвезди на „Патеката на славните“ што се наоѓа на Широк Сокак, а почнува од пред киното Манаки каде се поместени ѕвездите на Милтон Манаки, Јанаки Манаки и Данте Спиноти.

The post Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки appeared first on Република.

]]>
Во Битола отворен фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ – „Еден е Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-otvoren-festivalot-na-kinematograferite-braka-manaki-eden-e-manaki/ Sat, 21 Sep 2024 20:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=818599

Во Битола вечерва почна 45. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“.

Најстариот светски фестивал на кинематогаферите за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова која заради престој во странство, своите пораки ги искажа низ видео обраќање.

-Со право важниот и чудесен настан „Браќа Манаки“ ги слави и величи кинематограферите како волшебници и магионичари кои од приказната прават слика и филм. Сите ние имаме лична историја запишана во нашата или нечија меморија. Во книгите или во видеозаписите како што Милтон и Јанаки ги запишале и сочувале големите собитија на почетокот на 20 век, но и малите секојдневни работи и активности. Нивните записи се не само историја, туку и уметност, битолска, национална, регионална и светска. Да продолжиме да ги чествуваме и славиме браќата Манаки. Да ги сакаме, негуваме и славиме, филмот и уметноста, да го живееме животот, оти едни и единствени се браќата Манаки, порача претседателката Силјановска Давкова, прогласувајќи го фестивалот за отворен.

Според востановената традиција, на големата сцена во Битола беше доделена наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а ја врачи претседателот на владата Христијан Мицкоски, наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска, а ја врачи градоначалникот Тони Коњановски.

Пред аудиториумот во Битола лауреатот Далбонел истакна дека тоа што сакам да го направам е да му вратам на киното за тоа што киното направи за мене, додека пак Дилевска посочи дека признанието е голема награда за сите филмски работници со кои што таа работела. И благодарам на Македонија за оваа награда, рече Дилевска.

Во името на градот домаќин, гостите ги поздрави градоначаликот Тони Коњановски кој нагласи дека Битола продолжува да биде креативен центар за најдобрите светски директори на фотографијата, откривајќи низ времето нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинематографија закитени со наградите од нашиот фестивал.

Церемонијалот на свечено отворање на фестивалот беше заокружен со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј годинашен добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

На филмското платно во Битола во моментов се прикажува филмот „Партенопе“ во кој кинематогафер е Дариа Д’ Антонио.

Фото: МИА

The post Во Битола отворен фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ – „Еден е Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Во Битола вечерва почна 45. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој годинава се одржува под мотото „Еден е Манаки“. Најстариот светски фестивал на кинематогаферите за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова која заради престој во странство, своите пораки ги искажа низ видео обраќање. -Со право важниот и чудесен настан „Браќа Манаки“ ги слави и величи кинематограферите како волшебници и магионичари кои од приказната прават слика и филм. Сите ние имаме лична историја запишана во нашата или нечија меморија. Во книгите или во видеозаписите како што Милтон и Јанаки ги запишале и сочувале големите собитија на почетокот на 20 век, но и малите секојдневни работи и активности. Нивните записи се не само историја, туку и уметност, битолска, национална, регионална и светска. Да продолжиме да ги чествуваме и славиме браќата Манаки. Да ги сакаме, негуваме и славиме, филмот и уметноста, да го живееме животот, оти едни и единствени се браќата Манаки, порача претседателката Силјановска Давкова, прогласувајќи го фестивалот за отворен. Според востановената традиција, на големата сцена во Битола беше доделена наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а ја врачи претседателот на владата Христијан Мицкоски, наградата за особен придонес во светската филмска уметност ја доби Јоланта Дилевска, а ја врачи градоначалникот Тони Коњановски. Пред аудиториумот во Битола лауреатот Далбонел истакна дека тоа што сакам да го направам е да му вратам на киното за тоа што киното направи за мене, додека пак Дилевска посочи дека признанието е голема награда за сите филмски работници со кои што таа работела. И благодарам на Македонија за оваа награда, рече Дилевска. Во името на градот домаќин, гостите ги поздрави градоначаликот Тони Коњановски кој нагласи дека Битола продолжува да биде креативен центар за најдобрите светски директори на фотографијата, откривајќи низ времето нови таленти кои денес важат за врвни уметници на филмската фотографија и кинематографија закитени со наградите од нашиот фестивал. Церемонијалот на свечено отворање на фестивалот беше заокружен со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј годинашен добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер. На филмското платно во Битола во моментов се прикажува филмот „Партенопе“ во кој кинематогафер е Дариа Д’ Антонио. Фото: МИА

The post Во Битола отворен фестивалот на кинематограферите „Браќа Манаки“ – „Еден е Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, ќе бидат откриени ѕвезди на досегашните добитници на „Златна камера 300“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-45-izdanie-na-festivalot-braka-manaki-ke-bidat-otkrieni-zvezdi-na-dosegashnite-dobitnitsi-na-zlatna-kamera-300/ Sat, 21 Sep 2024 09:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=818417

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.

Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

На Широк сокак во Битола за првпат годинава ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „Златна камера 300“ почнувајќи од браќата Манаки. „Патека на славните“ има 18 ѕвезди на кои се впишани имињата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки, Питер Бизу, Роби Милер, Џон Сиели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Мантл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Јоргос Арванитис, Свен Никвист и Бруно Далбонел.

Директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА направено во пресрет на Фестивалот откри дека „Патеката на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом.

Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, истакна Дамевски во интервјуто.

Во текот на фестивалот којшто трае до 27 септември, ќе бидат емитувани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почнува фестивалот.

The post Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, ќе бидат откриени ѕвезди на досегашните добитници на „Златна камера 300“ appeared first on Република.

]]>

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Меѓународниот собир и натпревар на кинематограферите ќе почне со доделување на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело која годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, како и со доделување на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, чиј добитник е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер. На Широк сокак во Битола за првпат годинава ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „Златна камера 300“ почнувајќи од браќата Манаки. „Патека на славните“ има 18 ѕвезди на кои се впишани имињата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки, Питер Бизу, Роби Милер, Џон Сиели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Мантл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Јоргос Арванитис, Свен Никвист и Бруно Далбонел. Директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски во видео интервју за МИА направено во пресрет на Фестивалот откри дека „Патеката на славните“ ќе почнува од пред киното Манаки и ќе оди кон Офицерскиот дом.
Не постои друг град во светот освен Холивуд, каде на главната улица, на Широк сокак, ќе бидат поставени ѕвезди на сите добитници на наградата Златна камера 300 за животно дело со годината кога ги добиле почнувајќи од браќата Манаки, во чие име е направен фестивалот. Едниот има добиено почесна награда, годинава ќе му доделиме и на вториот постхумно. Ќе се обидеме да најдеме членови од семејствата кои се живи, разбрав каде може да има, ќе ги поканиме да дојдат, да им ја дадеме наградата за братот кој што никогаш не бил чествуван соодветно. Годинава на двајцата им ставаме посебни ѕвезди, истакна Дамевски во интервјуто.
Во текот на фестивалот којшто трае до 27 септември, ќе бидат емитувани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почнува фестивалот.

The post Почнува 45. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, ќе бидат откриени ѕвезди на досегашните добитници на „Златна камера 300“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kostimot-vo-makedonija-vo-ramkite-na-olabaj-off-programata-na-festivalot-braka-manaki/ Tue, 17 Sep 2024 10:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=817068

Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата, а модераторка ќе биде уредничката Бисера Бендевска. „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е поддржано од Министерството за култура, како дело од национален интерес.

Ова е второ претставување на „Костимот во Македонија“, по промоцијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во март оваа година. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес.

Стилот на пишување е белетризиран и збогатен со цитати од македонската книжевност, конкретно од романот „Крпен живот“ на Стале Попов во кој детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија, кои зборуваат за други аспекти на облекувањето во тоа време. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата.

Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн.). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонските дневни и периодични изданија („Починка“, „Екран“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Журнал“, „Просветена жена“ и др.), а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“. По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.

The post Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во НУ Завод и музеј – Битола, воедно и авторка на едниот предговор во книгата, а модераторка ќе биде уредничката Бисера Бендевска. „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е поддржано од Министерството за култура, како дело од национален интерес. Ова е второ претставување на „Костимот во Македонија“, по промоцијата во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во март оваа година. Книгата ги сублимира сознанијата и знаењата здобиени од стручната наобразба на авторката во областа на костимографијата и на модниот дизајн, но и од работните искуства, пред сè како филмски и музејски костимограф. Повикувајќи се на големите студии на проф. д-р Ѓорѓи Здравев за македонските народни носии, на д-р Воислав С. Радовановиќ, кој се фокусирал на раскошноста на мариовската носија и на неколкумина други македонски стручни лица, етнолози, и потпирајќи се на својот вроден раскажувачки талент, Тодорова-Младеновиќ создаде читлив и рецептивен текст интересен за стручната јавност, но и за секој љубопитник што го интересира развојот на облеката во Македонија од првите фотографски записи, па до денес. Стилот на пишување е белетризиран и збогатен со цитати од македонската книжевност, конкретно од романот „Крпен живот“ на Стале Попов во кој детално се опишуваат постапките на креирање облека во домаќинството, а вклучени се и сведоштва на историски личности од почетокот на 20 век во Македонија, кои зборуваат за други аспекти на облекувањето во тоа време. Книгата е збогатена со многубројни фотографии од приватната архива на авторката и од други извори, педантно забележани во книгата. Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е моден креатор, костимограф, автор и новинар. По дипломирањето на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 година, се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за ТВ-серии, драми и музичко-забавни емисии. Истовремено работи костимографии и за играни филмови („Мементо“, „Жед“, „Истрел“, „Исправи се Делфина“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Војната заврши“ итн.), и за театарски претстави (во Драмски театар, Кумановски театар, Битолски театар, Театар на националностите, Театар „Пралипе“ итн.). Во текот на својот работен век пишува и текстови за мода во македонските дневни и периодични изданија („Починка“, „Екран“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Журнал“, „Просветена жена“ и др.), а одреден период го уредува специјализираното списание „Текстилен информатор“. По пензионирањето, Тодорова-Младеновиќ реализира околу 200 историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како и во Археолошкиот музеј во Скопје.  

The post Промоција на „Костимот во Македонија“ во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Јубилејно 45-то издание на „Браќа Манаки“ од 21-27 септември во Битола https://republika.mk/scena/film/jubilejno-45-to-izdanie-na-braka-manaki-od-21-27-septemvri-vo-bitola/ Thu, 02 May 2024 16:57:56 +0000 https://republika.mk/?p=773488

Јубилејното 45-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи во Битола, од 21 до 27 септември. Од неговото основање во 1979 година, овој фестивал е сведоштво на уметноста на кинематограферите, славејќи го наследството на Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки, инспиративните фигури зад неговото основање.

Јубилејното издание на фестивалот ветува извонредна програма на филмови од етаблирани кинематографери и од нови таленти. Публиката може да очекува ексклузивни премиери, специјални проекции и ретроспективи.

Покрај филмските проекции, фестивалот ќе биде домаќин на привлечни панел-дискусии, работилници и мастер-класови на кои ќе присуствуваат познати личности од индустријата и експерти. Овие сесии ќе обезбедат единствена можност за филмаџиите, ентузијастите и професионалците од индустријата да разменат идеи, да споделат сознанија и да ги прослават различните гласови кои го обликуваат современото кино.

Годинава, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ ја одбележува својата 45-годишнина како фестивал на мајсторите на кинематографијата.

Инициран во 1979 година од Друштвото на филмски работници на Република Македонија (ДФРМ) во соработка со Кинотеката на Македонија, Центарот за култура Битола и градот Битола, по Декларацијата за независност на Република Македонија во 1991 година фестивалот се трансформира во меѓународен и им овозможува на филмовите од целиот свет да влезат во конкуренција за престижните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Битола станува глобален центар за најдобрите кинематографери, откривајќи нови таленти кои оттогаш станаа познати експерти на филмската фотографија и естетика.

Покрај наградите во конкуренцијата КАМЕРА 300, фестивалот се гордее и со својот КЛУБ НА ВЕЛИКАНИ. Овој истакнат клуб ги слави лауреатите на Златната камера 300 за животен опус и Специјалната златна камера 300 за посебен придонес во светската филмска уметност.

Низ годините, вонсериски личности како Свен Никвист, ASC, FSF, Виторио Стораро, ASC, AIC, Сер Роџер Дикинс CBE, ASC, BSC и многу други се закитија со овие престижни награди. Фестивалот продолжува да ја препознава извонредноста, оддавајќи им почит и на етаблираните мајстори и на новите таленти кои имаат значителен придонес во светот на кинематограферската уметност.

Посветеноста на фестивалот на извонредноста ја надминува работата на кинематограферите со наградата Специјална златна камера 300. Освен кинематограферите како Кристофер Дојл и Бруно Делбонел значајни добитници се истакнати режисери и продуценти, како и актерките Кетрин Денев Изабел Ипер и Жилиет Бинош, меѓу другите. Оваа награда им оддава признание на филмски професионалци кои оставиле неизбришлива трага во историјата на кинематографијата.

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги поканува љубителите на филмот, филмаџиите и професионалците од индустријата да се придружат во оваа незаборавна прилика. Јубилејното 45-то фестивалско издание ќе се наврати на богатата историја на фестивалот, истовремено славејќи го духот на современата кинематографија. Во текот на 7 дена, присутните ќе можат да очекуваат куриран избор на играни филмови, документарци, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и се стимул за понатамошно правење филмови.

The post Јубилејно 45-то издание на „Браќа Манаки“ од 21-27 септември во Битола appeared first on Република.

]]>

Јубилејното 45-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи во Битола, од 21 до 27 септември. Од неговото основање во 1979 година, овој фестивал е сведоштво на уметноста на кинематограферите, славејќи го наследството на Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) Манаки, инспиративните фигури зад неговото основање. Јубилејното издание на фестивалот ветува извонредна програма на филмови од етаблирани кинематографери и од нови таленти. Публиката може да очекува ексклузивни премиери, специјални проекции и ретроспективи. Покрај филмските проекции, фестивалот ќе биде домаќин на привлечни панел-дискусии, работилници и мастер-класови на кои ќе присуствуваат познати личности од индустријата и експерти. Овие сесии ќе обезбедат единствена можност за филмаџиите, ентузијастите и професионалците од индустријата да разменат идеи, да споделат сознанија и да ги прослават различните гласови кои го обликуваат современото кино. Годинава, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ ја одбележува својата 45-годишнина како фестивал на мајсторите на кинематографијата. Инициран во 1979 година од Друштвото на филмски работници на Република Македонија (ДФРМ) во соработка со Кинотеката на Македонија, Центарот за култура Битола и градот Битола, по Декларацијата за независност на Република Македонија во 1991 година фестивалот се трансформира во меѓународен и им овозможува на филмовите од целиот свет да влезат во конкуренција за престижните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Битола станува глобален центар за најдобрите кинематографери, откривајќи нови таленти кои оттогаш станаа познати експерти на филмската фотографија и естетика. Покрај наградите во конкуренцијата КАМЕРА 300, фестивалот се гордее и со својот КЛУБ НА ВЕЛИКАНИ. Овој истакнат клуб ги слави лауреатите на Златната камера 300 за животен опус и Специјалната златна камера 300 за посебен придонес во светската филмска уметност. Низ годините, вонсериски личности како Свен Никвист, ASC, FSF, Виторио Стораро, ASC, AIC, Сер Роџер Дикинс CBE, ASC, BSC и многу други се закитија со овие престижни награди. Фестивалот продолжува да ја препознава извонредноста, оддавајќи им почит и на етаблираните мајстори и на новите таленти кои имаат значителен придонес во светот на кинематограферската уметност. Посветеноста на фестивалот на извонредноста ја надминува работата на кинематограферите со наградата Специјална златна камера 300. Освен кинематограферите како Кристофер Дојл и Бруно Делбонел значајни добитници се истакнати режисери и продуценти, како и актерките Кетрин Денев Изабел Ипер и Жилиет Бинош, меѓу другите. Оваа награда им оддава признание на филмски професионалци кои оставиле неизбришлива трага во историјата на кинематографијата. Фестивалот „Браќа Манаки“ ги поканува љубителите на филмот, филмаџиите и професионалците од индустријата да се придружат во оваа незаборавна прилика. Јубилејното 45-то фестивалско издание ќе се наврати на богатата историја на фестивалот, истовремено славејќи го духот на современата кинематографија. Во текот на 7 дена, присутните ќе можат да очекуваат куриран избор на играни филмови, документарци, кратки и студентски филмови кои пленат, инспирираат и се стимул за понатамошно правење филмови.

The post Јубилејно 45-то издание на „Браќа Манаки“ од 21-27 септември во Битола appeared first on Република.

]]>
Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-vecherva-parazit-vo-chest-na-kinematograferot-hong-kjung-pjo-dobitnik-na-zlatna-kamera-300-vo-2018-godina/ Wed, 03 Apr 2024 07:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=761529

Tретиот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со добитникот на Оскар за најдобар филм (и на уште три Оскари) во 2020 година, ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо.

Кинематографер е кореанецот ХОНГ КЈУНГ-ПЈО, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година за кинематограферската работа на филмот „Б’рнинг“.

3 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч
ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ
ПАРАЗИТ
(Parasite)
Игран филм, Јужна Кореа
2019, 132 мин., колор, ДЦП
Режија: Бонг Јун Хо (Bong Joon-ho)
Сценарио: Bong Joon-ho, Хан Јин Вон (Bong Joon-ho, Han Jin-won )
Улоги: Сонг Канг Хо, Ли Сан Кјун, Чо Јео Јеонг, Чои Ву Шик (Song Kang-ho, Lee Sun-kyun, Cho Yeo-jeong, Choi Woo-shik)

Приказната го следи сиромашното семејство Ким од ниската класа и обидите на неговите членови да ги надминат класните ограничувања и достигнат височините на богатите. По една среќна околност, синот наоѓа работа како учител по англиски на ќерка од богатото семејство Парк, кое живее во една раскошна куќа во модернистички стил. По синот, и останатите од семејството Ким се инфилтрираат во богатото семејство Парк, работејќи разни домашни помошнички работи во куќата. Фасцинирани од животот во луксуз и богатство, тие максимално се обидуваат да го искористат семејството Парк, сè додека не се најдат во небрано после еден неочекуван инцидент.
ПАРАЗИТ е еден од најзборуваните и најнаградувани филмови последниве 10 години. Во 2019 година, филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда а воедно е и добитник на четири оскари, меѓу кои и оскарот за најдобар филм, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што го освоил Оскар за најдобар филм и го зацементира Бонг Џунг Хо како еден од најдобрите современи режисери.
Во ПАРАЗИТ Бонг Џунг Хо ја третира неговата омилена тема, класната борба и нееднаквоста во современото општество. Филмот се регистрира на многу нивоа. Според зборовите на режисерот, тоа е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Започнува како комедија на интриги, се развива во мелодрама и завршува како црна комедија со трагично хорор крешчендо. Врз фонот на сите овие жанровски референци е острата општествена сатира и ироничен коментар кој никогаш не се чувствува како дидактичка порака. Впрочем, и насловот на филмот е ироничен и ја одразува комплексноста на овие класни односи. Сигурно дека семејството Ким се паразити, бидејќи тие ја преземаат куќата на богатите Парк. Но богатите Паркови се исто така паразити, користејќи платена помош за пополнување и одржување на емотивните улоги и обврски кои тие не можат или не сакат да ги прават.
Директор на фотографија на филмот е корејскиот кинематографер Кјонг-Пјо Хонг, еден од највидните претставници на средната генерација јужнокорејски кинематографери, кој освен по соработката со Бонг Џунг Хо е познат и по „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“. Во 2018 ја добива наградата „Златна камера 300“ за филмот „Горење“.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година appeared first on Република.

]]>

Tретиот месец од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ започнува со добитникот на Оскар за најдобар филм (и на уште три Оскари) во 2020 година, ПАРАЗИТ на Бонг Џун Хо.

Кинематографер е кореанецот ХОНГ КЈУНГ-ПЈО, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година за кинематограферската работа на филмот „Б’рнинг“.
3 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ ПАРАЗИТ (Parasite) Игран филм, Јужна Кореа 2019, 132 мин., колор, ДЦП Режија: Бонг Јун Хо (Bong Joon-ho) Сценарио: Bong Joon-ho, Хан Јин Вон (Bong Joon-ho, Han Jin-won ) Улоги: Сонг Канг Хо, Ли Сан Кјун, Чо Јео Јеонг, Чои Ву Шик (Song Kang-ho, Lee Sun-kyun, Cho Yeo-jeong, Choi Woo-shik) Приказната го следи сиромашното семејство Ким од ниската класа и обидите на неговите членови да ги надминат класните ограничувања и достигнат височините на богатите. По една среќна околност, синот наоѓа работа како учител по англиски на ќерка од богатото семејство Парк, кое живее во една раскошна куќа во модернистички стил. По синот, и останатите од семејството Ким се инфилтрираат во богатото семејство Парк, работејќи разни домашни помошнички работи во куќата. Фасцинирани од животот во луксуз и богатство, тие максимално се обидуваат да го искористат семејството Парк, сè додека не се најдат во небрано после еден неочекуван инцидент. ПАРАЗИТ е еден од најзборуваните и најнаградувани филмови последниве 10 години. Во 2019 година, филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда а воедно е и добитник на четири оскари, меѓу кои и оскарот за најдобар филм, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје што го освоил Оскар за најдобар филм и го зацементира Бонг Џунг Хо како еден од најдобрите современи режисери. Во ПАРАЗИТ Бонг Џунг Хо ја третира неговата омилена тема, класната борба и нееднаквоста во современото општество. Филмот се регистрира на многу нивоа. Според зборовите на режисерот, тоа е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Започнува како комедија на интриги, се развива во мелодрама и завршува како црна комедија со трагично хорор крешчендо. Врз фонот на сите овие жанровски референци е острата општествена сатира и ироничен коментар кој никогаш не се чувствува како дидактичка порака. Впрочем, и насловот на филмот е ироничен и ја одразува комплексноста на овие класни односи. Сигурно дека семејството Ким се паразити, бидејќи тие ја преземаат куќата на богатите Парк. Но богатите Паркови се исто така паразити, користејќи платена помош за пополнување и одржување на емотивните улоги и обврски кои тие не можат или не сакат да ги прават. Директор на фотографија на филмот е корејскиот кинематографер Кјонг-Пјо Хонг, еден од највидните претставници на средната генерација јужнокорејски кинематографери, кој освен по соработката со Бонг Џунг Хо е познат и по „Шампион“, „Братството на војната“, „Мајка“, „Прогонувачи“, „Лелекање“. Во 2018 ја добива наградата „Златна камера 300“ за филмот „Горење“. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: Вечерва „Паразит“ во чест на кинематограферот Хонг Кјунг-Пјо, добитник на Златна Камера 300 во 2018 година appeared first on Република.

]]>
Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Ерин Брокович“ денеска во чест на Едвард Лакман добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2019 година https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-erin-brokovich-deneska-vo-chest-na-edvard-lakman-dobitnik-na-zlatnata-kamera-300-za-zhivoten-opus-vo-2019-godina/ Wed, 20 Mar 2024 08:29:02 +0000 https://republika.mk/?p=756566

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“Кинотеката на Македонија, фестивалот, Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ се прикажуваат секоја среда, а во Центарот за култура Битола секој понеделник.

Следниот филм од ретроспективата е ЕРИН БРОКОВИЧ (2000), снимен од веројатно најголемиот кинематографер на американскиот независен филм, Роберт Лакман, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2019 година, трикратно номиниран за Оскар, последен пат оваа, 2024 година, како и добитник на Наградата за животно дело на Американското здружение на кинематографери и на БАФТА наградата за најдобра кинематограферска работа во игран филм. Освен по соработката со режисерот на „Ерин Брокович“, Стивен Содерберг, Лакман е познат и по соработките со Тод Хејнз, Вим Вендерс, Улрих Зајдл, Пол Шредер, Тод Солондз, Лари Кларк, Софија Копола, Мира Наир, Роберт Алтман и Николас Реј.

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Ерин Брокович“ денеска во чест на Едвард Лакман добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2019 година appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“Кинотеката на Македонија, фестивалот, Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ се прикажуваат секоја среда, а во Центарот за култура Битола секој понеделник. Следниот филм од ретроспективата е ЕРИН БРОКОВИЧ (2000), снимен од веројатно најголемиот кинематографер на американскиот независен филм, Роберт Лакман, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2019 година, трикратно номиниран за Оскар, последен пат оваа, 2024 година, како и добитник на Наградата за животно дело на Американското здружение на кинематографери и на БАФТА наградата за најдобра кинематограферска работа во игран филм. Освен по соработката со режисерот на „Ерин Брокович“, Стивен Содерберг, Лакман е познат и по соработките со Тод Хејнз, Вим Вендерс, Улрих Зајдл, Пол Шредер, Тод Солондз, Лари Кларк, Софија Копола, Мира Наир, Роберт Алтман и Николас Реј.

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Ерин Брокович“ денеска во чест на Едвард Лакман добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2019 година appeared first on Република.

]]>
Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Добриот, лошиот и грдиот“ вечерва во чест на Тонино Дели Коли, добитник на Златната Камера 300 во 2002 година https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-dobriot-loshiot-i-grdiot-vecherva-vo-chest-na-tonino-deli-koli-dobitnik-na-zlatnata-kamera-300-vo-2002-godina/ Wed, 13 Mar 2024 07:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=754215

Ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ продолжува со ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ на Серџо Леоне.

Кинематографер е италијанецот ТОНИНО ДЕЛИ КОЛИ, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2002 година.
ДОБРИОТ, ЛОШИОТ И ГРДИОТ (1966), снимен од италијанскиот кинематографер Тонино Дели Коли, добитник на Златната Камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2002 година, на Меѓународната награда на Американското здружение на кинематографери и на четири Давид ди Донатело награди за најдобра фотографија. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Дели Коли, култниот Серџо Леоне. Освен по соработката со Леоне, Дели Коли е познат и по соработките со Федерико Фелини, Пјер Паоло Пазолини, Роман Полански, Луј Мал, Роберто Роселини, Марио Моничели, Дино Ризи, Џузепе Торнаторе и Роберто Бенињи.

Среда, 13.3. во 20:00 во Кинотека и понеделник 18.3. во 20:00 во Центар за култура Битола.

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека: „Добриот, лошиот и грдиот“ вечерва во чест на Тонино Дели Коли, добитник на Златната Камера 300 во 2002 година appeared first on Република.

Великаните на Браќа Манаки во Кинотека : „Влези во празнината“ во чест на Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-vlezi-vo-prazninata-vo-chest-na-benoa-debi-dobitnik-na-zlatna-kamera-300-vo-2010-godina/ Wed, 28 Feb 2024 09:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=748801

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00.

Последен февруарски филм (28 февруари) од ретроспективата е ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА (2009, ИМДБ 7.2) снимен од белгискиот кинематографер Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Деби, француско-аргентинскиот enfant terrible Гаспар Ное.

28 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч
ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“
ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА
(Enter the void)
Игран филм, САД
2009, 143 мин., колор, 35мм
Режија: Гаспар Ное (Gaspar Noé)
Сценарио: Гаспар Ное, Лусил Хаџихалиловиќ (Gaspar Noé, Lucile Hadzihalilovic)
Кинематографер: Беноа Деби (Benoît Debie)
Улоги: Натаниел Браун, Паз де ла Хуерта, Сирил Рој, Ед Спир (Nathaniel Brown, Paz de la Huerta, Cyril Roy, Ed Spear)

Младиот Оскар е Американец кој живее во Токио. Под неонските светла на велеградот, тој се занимава со ситен криминал и криумчарење на дрога. При една рација, Оскар е смртоносно погоден од полицијата. Во тој момент започнува неговaта посмртна одисеја. Неговиот дух патува во минатото, сегашноста и иднината. Присуствува на битни настани на неговите блиски, а потоа запаѓа во континуирано временски-просторно циклично повторување.
ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА е психоделичен приказ на животот по смртта. Најкомплексниот филм на Гаспар Ное, францускиот кино провокатор, со тек на времето стана култно остварување. Сè почесто овој интригантен кино-ракопис зазема место во листите за најдобри филмови досега во 21 век. Филмот првично е промовиран на Канскиот филмски фестивал, а по завршната пост-продукција во 2010, се најде на репертоарот на светските арт-хаус кино сали и кинотеки. Музиката во филмот игра значајна улога, и е комбинација од електронски пејзажи и психоделични звуци. Како главно влијание, Ное ги потенцира филмовите на Кенет Ангер, особено Inauguration of the Pleasure Dome, 2001 – Одисеја во Вселената на Кјубрик, и веќе подзаборавениот Snake Eyes на Брајан Де Палма.
Кинематографер на ова остварување е белгиецот Беноа Деби, добитник на наградата Златна Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Редовен соработник на Ное, Деби соработува и со контроверзниот американски филмаџија Хармони Корин, со Вим Вендерс, Жак Одиар, како и со Дарио Арџенто.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека : „Влези во празнината“ во чест на Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00. Последен февруарски филм (28 февруари) од ретроспективата е ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА (2009, ИМДБ 7.2) снимен од белгискиот кинематографер Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Деби, француско-аргентинскиот enfant terrible Гаспар Ное. 28 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА (Enter the void) Игран филм, САД 2009, 143 мин., колор, 35мм Режија: Гаспар Ное (Gaspar Noé) Сценарио: Гаспар Ное, Лусил Хаџихалиловиќ (Gaspar Noé, Lucile Hadzihalilovic) Кинематографер: Беноа Деби (Benoît Debie) Улоги: Натаниел Браун, Паз де ла Хуерта, Сирил Рој, Ед Спир (Nathaniel Brown, Paz de la Huerta, Cyril Roy, Ed Spear) Младиот Оскар е Американец кој живее во Токио. Под неонските светла на велеградот, тој се занимава со ситен криминал и криумчарење на дрога. При една рација, Оскар е смртоносно погоден од полицијата. Во тој момент започнува неговaта посмртна одисеја. Неговиот дух патува во минатото, сегашноста и иднината. Присуствува на битни настани на неговите блиски, а потоа запаѓа во континуирано временски-просторно циклично повторување. ВЛЕЗИ ВО ПРАЗНИНАТА е психоделичен приказ на животот по смртта. Најкомплексниот филм на Гаспар Ное, францускиот кино провокатор, со тек на времето стана култно остварување. Сè почесто овој интригантен кино-ракопис зазема место во листите за најдобри филмови досега во 21 век. Филмот првично е промовиран на Канскиот филмски фестивал, а по завршната пост-продукција во 2010, се најде на репертоарот на светските арт-хаус кино сали и кинотеки. Музиката во филмот игра значајна улога, и е комбинација од електронски пејзажи и психоделични звуци. Како главно влијание, Ное ги потенцира филмовите на Кенет Ангер, особено Inauguration of the Pleasure Dome, 2001 – Одисеја во Вселената на Кјубрик, и веќе подзаборавениот Snake Eyes на Брајан Де Палма. Кинематографер на ова остварување е белгиецот Беноа Деби, добитник на наградата Златна Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2010 година токму за кинематограферската работа на овој филм. Редовен соработник на Ное, Деби соработува и со контроверзниот американски филмаџија Хармони Корин, со Вим Вендерс, Жак Одиар, како и со Дарио Арџенто. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Великаните на Браќа Манаки во Кинотека : „Влези во празнината“ во чест на Беноа Деби, добитник на Златна Камера 300 во 2010 година appeared first on Република.

]]>
Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер https://republika.mk/scena/film/publikata-vo-kinoteka-uzhivashe-vo-kultnoto-delo-pariz-teksas-snimeno-od-holandskiot-kinematografer-robi-miler/ Thu, 15 Feb 2024 11:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=744348

Вториот филм од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ , „Париз, Тексас“ (1984, ИМДБ 8.1), синоќа беше прикажан во Кинотеката на Македонија.

Публиката во преполната сала имаше можност да ужива во култното дело снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.

Многу ми е драго што ве гледам во толкав голем број на оваа прекрасна ревија на филмови наречена „Великаните на Манаки“ што ја работиме во соработка со Кинотеката на Македонија, која е еден од четворицата основоположници на ИФФК „Браќа Манаки“. На овој начин ја проширувме нашата соработка, со оглед на тоа дека голем дел од луѓето кои работат на Фестивалот се вработени во Кинотеката и ова е еден чекор кон продлабочување на соработката и реализација на идејата Фестивалот „Браќа Манаки“ да се случува во текот на целата година. Од следната година се надеваме дека ќе имате можност да ги гледате сите наградени филмови од таа година на Фестивалот, зошто идејата е тој да се проширува, да патува и да можат да го видат сите низ Македонија, рече Симеон Мони Дамевски, директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, кој ги поздрави присутните.

Дамевски нагласи дека за прикажувањето на овој филм од селекцијата за ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ заслужни се Кристијан Ристевски, извршен директор на Фестивалот и Бојан Станишиќ, актуелен  в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Вечерва ќе имате можност да го видите „Париз, Тексас“, кој според мое мислење е најголемото достигнување на Вим Вендерс, а кинематографер е Роби Милер, еден од најголемите европски кинематографери и добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година, подвлече Дамевски.

Роби Милер, еден од најголемите светски кинематографери е познат како „мајстор на светлината“ и соработник на режисерите Ларс фон Трир, Џим Џармуш и Вим Вендерс.

Роден е во 1940 во Курасао, Холандски Антили. Во 1954 се преселил од Индонезија во Холандија, каде што студирал од 1962-1964 на Холандската филмска академија, во Амстердам, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер на рекламни филмови. Во текот на 1960-те па до крајот, снима како кинематографер серија кратки филмови, за од крајот на 1960-те и во текот на 1970-те да ја започне својата најзначајна, прва етапа на соработка во тандем со водечкиот германски и светски режисер Вим Вендерс.

На „Браќа Манаки“ првпат учествувал во 1996 година, во официјалната програма со филмот „Спроти брановите“ на Фон Трир, за што доби Бронзена камера 300. Во 2000 година, дуото повторно учествуваше со „Танчарка во мракот“, а во 2002 стана лауреат на специјалната награда Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, кога беше и претседател на интернационалното жири.

Во неговата кариера има работено на над 80 филмови и 15 ТВ-филмови, како „Алиса во градовите“, „Погрешен потег“, „Крал на патот“, на Вендерс, „В затвор“ на Џармуш, „Да се живее и умре во Л.А“, „Танго лекции“, „Луѓе за 24-часовна журка“, „Американскиот другар“, „Париз, Тексас“ кој доби Златна палма во Кан во 1984.

Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, а почина во 2018 година. Беше најпознат по неговата пионерска работа со камерата, специфичната употреба на светлината, со посебен акцент на природната светлина и бојата.

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

The post Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер appeared first on Република.

]]>

Вториот филм од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ , „Париз, Тексас“ (1984, ИМДБ 8.1), синоќа беше прикажан во Кинотеката на Македонија. Публиката во преполната сала имаше можност да ужива во култното дело снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.
Многу ми е драго што ве гледам во толкав голем број на оваа прекрасна ревија на филмови наречена „Великаните на Манаки“ што ја работиме во соработка со Кинотеката на Македонија, која е еден од четворицата основоположници на ИФФК „Браќа Манаки“. На овој начин ја проширувме нашата соработка, со оглед на тоа дека голем дел од луѓето кои работат на Фестивалот се вработени во Кинотеката и ова е еден чекор кон продлабочување на соработката и реализација на идејата Фестивалот „Браќа Манаки“ да се случува во текот на целата година. Од следната година се надеваме дека ќе имате можност да ги гледате сите наградени филмови од таа година на Фестивалот, зошто идејата е тој да се проширува, да патува и да можат да го видат сите низ Македонија, рече Симеон Мони Дамевски, директор на Фестивалот „Браќа Манаки“, кој ги поздрави присутните.
Дамевски нагласи дека за прикажувањето на овој филм од селекцијата за ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ заслужни се Кристијан Ристевски, извршен директор на Фестивалот и Бојан Станишиќ, актуелен  в.д. директор на Кинотека на Македонија.
Вечерва ќе имате можност да го видите „Париз, Тексас“, кој според мое мислење е најголемото достигнување на Вим Вендерс, а кинематографер е Роби Милер, еден од најголемите европски кинематографери и добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година, подвлече Дамевски.
Роби Милер, еден од најголемите светски кинематографери е познат како „мајстор на светлината“ и соработник на режисерите Ларс фон Трир, Џим Џармуш и Вим Вендерс.
Роден е во 1940 во Курасао, Холандски Антили. Во 1954 се преселил од Индонезија во Холандија, каде што студирал од 1962-1964 на Холандската филмска академија, во Амстердам, на одделот за камера и монтажа. По студиите, кратко останува во Холандија, а потоа заминува во Германија, каде што прво работел како асистент со германскиот кинематографер Герхард Ванденберг, а паралелно и како кинематографер на рекламни филмови. Во текот на 1960-те па до крајот, снима како кинематографер серија кратки филмови, за од крајот на 1960-те и во текот на 1970-те да ја започне својата најзначајна, прва етапа на соработка во тандем со водечкиот германски и светски режисер Вим Вендерс. На „Браќа Манаки“ првпат учествувал во 1996 година, во официјалната програма со филмот „Спроти брановите“ на Фон Трир, за што доби Бронзена камера 300. Во 2000 година, дуото повторно учествуваше со „Танчарка во мракот“, а во 2002 стана лауреат на специјалната награда Златна Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност, кога беше и претседател на интернационалното жири. Во неговата кариера има работено на над 80 филмови и 15 ТВ-филмови, како „Алиса во градовите“, „Погрешен потег“, „Крал на патот“, на Вендерс, „В затвор“ на Џармуш, „Да се живее и умре во Л.А“, „Танго лекции“, „Луѓе за 24-часовна журка“, „Американскиот другар“, „Париз, Тексас“ кој доби Златна палма во Кан во 1984.
Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, а почина во 2018 година. Беше најпознат по неговата пионерска работа со камерата, специфичната употреба на светлината, со посебен акцент на природната светлина и бојата. Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Трет е британецот Роџер Дикинс со филмот ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ (1998, ИМДБ 8.1), но не хиерархиски, туку по редот на прикажувањето (21 февруари). Дикинс е двоен оскаровец, добитник на Златната Камера 300 за животен опус во 2018 година и еден од најголемите живи кинематографери. Режисери на филмот се постојаните соработници на Дикинс, браќата Џоел и Итан Коен.

The post Публиката во Кинотека уживаше во култното дело „Париз, Тексас“ снимено од холандскиот кинематографер Роби Милер appeared first on Република.

]]>
Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер https://republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-pariz-teksas-utre-vo-chest-na-robi-miler/ Wed, 14 Feb 2024 08:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=743487

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“.

Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00.

Вториот филм од ретроспективата (14 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс.

14 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч

ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“
ПАРИЗ, ТЕКСАС
(Paris, Texas)
Игран филм, Германија, Франција / САД / Велика Британија
1984, 147 мин., колор, ДЦП
Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)
Сценарио: Л.М. Кит Карсон (L. M. Kit Carson), Сем Шепард (Sam Shepard)
Кинематографер: Роби Милер (Robby Müller)
Улоги: Хери Дин Стентон (Harry Dean Stanton), Настасја Кински (Nastassja Kinski), Дин Стоквел (Dean Stockwell), Аурор Клемен (Aurore Clément), Хантер Карсон (Hunter Carson)

Тревис (игран од Хари Дин Стентон) скита низ величествените пустински пејзажи на американскиот југозапад. Тој не се сеќава кој е и не знае за своето минато. Него го наоѓа неговиот брат Волт кој му помага да си го врати сеќавањето на животот што го имал пред да исчезне четири години претходно. Тревис има син (кој последните четири години живее со Волт), а сопругата на Тревис (која ја глуми Настасја Кински) е исчезната. Откако повторно се поврзува со син му, Тревис се обидува да го спои своето семејство и патува во Хјустон во потрага по својата отуѓена сопруга.
ПАРИЗ, ТЕКСАС е трогателна студија на карактери напишана од реномираниот американски драматург Сем Шепард. Ова е најпознатиот „road“ филм на Вендерс. Станува збор за едноставна и спора приказна – медитативно аудио визуелно патување низ американските дистописки пејзажи, преку кое Вендерс и Шепард успеваат да направат деконструкција на митовите за мажественоста и за американскиот сон.
Неверојатната глума на главниот актерски пар Хари Дин Стентон (чие лице самото е пејзаж) и Настасја Кински, фотографијата на Роби Милер и музиката на Реј Кудер го ставаат филмот меѓу најдобрите филмови на Вендерс и задолжителна филмска лектира за сите филмски сладокусци.
Кинематографер на ова прекрасно филмско остварување е можеби најпознатиот холандски и германски снимател, покојниот Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година на ИФФК „Браќа Манаки“. Во текот на неговата долга и плодна кариера, бил редовен соработник на филмовите на Вендерс и Џим Џармуш, а соработувал и со Анджеј Вајда, Барбет Шредер, Ларс фон Трир, како и со режисерите од Новиот Холивуд – Питер Богданович и Вилијам Фридкин.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 45-ото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката на РСМ, во наредните неколку месеци фестивалот, Кинотеката и Центарот за култура Битола организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се некои од досегашните лауреати на „Браќа Манаки“. Во Кинотека филмовите од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“ ќе се прикажуваат секоја среда од 20:00, а во Центарот за култура Битола секој понеделник од 20:00. Вториот филм од ретроспективата (14 февруари) е ПАРИЗ, ТЕКСАС (1984, ИМДБ 8.1), снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е постојаниот соработник на Милер, култниот Вим Вендерс. 14 ФЕВРУАРИ (СРЕДА) 20:00ч ВЕЛИКАНИТЕ НА „БРАЌА МАНАКИ“ ПАРИЗ, ТЕКСАС (Paris, Texas) Игран филм, Германија, Франција / САД / Велика Британија 1984, 147 мин., колор, ДЦП Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders) Сценарио: Л.М. Кит Карсон (L. M. Kit Carson), Сем Шепард (Sam Shepard) Кинематографер: Роби Милер (Robby Müller) Улоги: Хери Дин Стентон (Harry Dean Stanton), Настасја Кински (Nastassja Kinski), Дин Стоквел (Dean Stockwell), Аурор Клемен (Aurore Clément), Хантер Карсон (Hunter Carson) Тревис (игран од Хари Дин Стентон) скита низ величествените пустински пејзажи на американскиот југозапад. Тој не се сеќава кој е и не знае за своето минато. Него го наоѓа неговиот брат Волт кој му помага да си го врати сеќавањето на животот што го имал пред да исчезне четири години претходно. Тревис има син (кој последните четири години живее со Волт), а сопругата на Тревис (која ја глуми Настасја Кински) е исчезната. Откако повторно се поврзува со син му, Тревис се обидува да го спои своето семејство и патува во Хјустон во потрага по својата отуѓена сопруга. ПАРИЗ, ТЕКСАС е трогателна студија на карактери напишана од реномираниот американски драматург Сем Шепард. Ова е најпознатиот „road“ филм на Вендерс. Станува збор за едноставна и спора приказна – медитативно аудио визуелно патување низ американските дистописки пејзажи, преку кое Вендерс и Шепард успеваат да направат деконструкција на митовите за мажественоста и за американскиот сон. Неверојатната глума на главниот актерски пар Хари Дин Стентон (чие лице самото е пејзаж) и Настасја Кински, фотографијата на Роби Милер и музиката на Реј Кудер го ставаат филмот меѓу најдобрите филмови на Вендерс и задолжителна филмска лектира за сите филмски сладокусци. Кинематографер на ова прекрасно филмско остварување е можеби најпознатиот холандски и германски снимател, покојниот Роби Милер, добитник на Специјалната златна Камера 300 за посебен придонес на светската филмска уметност во 2002 година и Златната Камера 300 за животен опус во 2016 година на ИФФК „Браќа Манаки“. Во текот на неговата долга и плодна кариера, бил редовен соработник на филмовите на Вендерс и Џим Џармуш, а соработувал и со Анджеј Вајда, Барбет Шредер, Ларс фон Трир, како и со режисерите од Новиот Холивуд – Питер Богданович и Вилијам Фридкин. Возрасна категорија: 12 години Влезница: 150 денари    

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Париз, Тексас“ денеска во чест на Роби Милер appeared first on Република.

]]>