брајово писмо Archives - Република https://republika.mk/tema/brajovo-pismo/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jan 2024 14:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брајово писмо Archives - Република https://republika.mk/tema/brajovo-pismo/ 32 32 Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/skopje/obezbedeni-60-tina-naslovi-na-brajovo-pismo-za-detsata-so-oshteten-vid-vo-kisela-voda/ Thu, 04 Jan 2024 14:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=729675

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи.

Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.

Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.

 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ „Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст напиша градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓеивски на социјалните мрежи. Тој посочи дека ова се прави веќе трета година по ред и со задоволство може да каже дека библиотеката е опремена со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.
Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија ,,Алиса во земјата на чудата” и ,,Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид“ напиша Ѓорѓиевски.
 

The post Oбезбедени 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Орце Ѓоргиевски донира 46 книги напишани со Брајово писмо за училиштето за слепи и слабовидни лица https://republika.mk/vesti/skopje/orce-gjorgievski-donira-46-knigi-napishani-so-brajovo-pismo-za-uchilishteto-za-slepi-i-slabovidni-lica/ Tue, 04 Jan 2022 12:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=440466

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, по повод Светскиот ден на Брајовата азбука, донираше 46 книги напишани на Брајово писмо за учениците од ДУРМДОВ „Димитар Влахов“.

Донацијата содржи лектирни изданија кои, за прв пат во Македонија содржат и илустрации.

Библиотеката на ова училиште речиси и да немаше вакви книги бидејќи овој процес на изработка е специфичен и скап, а ретко можат да се најдат и во слободна продажба.

 

Тука би сакал да нагласам и дека моите визит-картички кои ги давам на соработниците покрај со визуелен фонд, ќе ги содржат моите податоци напишани на Брајова азбука. Можеби не е ништо големо, но ете, уште еден придонес кон ова што го зборувам.

 

Уште на нашата предновогодишна средба, јас како градоначалник на општина Кисела Вода, во која е лоцирано училиштето за слепи и слабовидни лица, им ветив дека можат да сметаат на мојата поддршка.

 

Денес, тоа го потврдувам со конкретни чекори.

 

Имено, се информирав дека во библиотеката на ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ речиси и нема книги на Брајово писмо преку кои, учениците би имале достапност до насловите кои ги читаат нивните врсници. 

 

И токму затоа, донацијата за која сме денес тука, се состои од 46 книги напишани на Брајово писмо.

 

Овие книги се работат на посебна хартија, со специјални печатачи и како такви се исклучително скапи и родителите на слепите ученици не можат да си ги дозволат, а за волја на вистината, ги нема ниту во слободна продажба.

 

Од денес, тие ќе им бидат достапни во библиотеката на училиштето.

 

Посебно сакам да нагласам дека за прв пат во Македонија испечативме книги кои се со илустрации, со што децата ќе го имаат истото доживување при читањето како и нивните врсници кои немаат оштетен вид.

 

Конкретно, се одлучивме за насловите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографијата на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери. Лектирни изданија, но и книги кои се со голема литерарна вредност.

 

Би сакал да се заблагодарам на издавачкиот центар „АЛДЕБАРАН“, на уредникот Мите Стефоски и сопственикот Мирослав Размоски кои интензивно работеа за да можеме на време да ја обезбедиме оваа донација токму денес, кога го одбележуваме Светскиот Ден на Брајовото писмо.

 

Исто така, изразувам благодарност и до претседателот на Национален сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски, претседателката на скопскиот огранок на ова здружение Надица Николовска, како и на претседателот на Советот на општина Кисела Вода Иван Живковски за присуството на овој настан.

 

Се надевам дека на овој начин, преку кампањата која општина Кисела Вода ја спроведува под слоганот „Различни, а исти“, даваме свој удел во подигнувањето на свесноста за важноста на комуникацијата, како човеково право на слепите и лицата со намален вид, се надевам дека ќе успееме да им ги прошириме видиците!

 

Грижата за нив не смее да биде само декларативна и секој од нас, треба да работи на надминување на стигмата и на подигнување на бариерите кои на лицата со хендикеп им се пречка за еднакво учество во општествените процеси - порачува градоначланикот Ѓоргиевски.

The post Орце Ѓоргиевски донира 46 книги напишани со Брајово писмо за училиштето за слепи и слабовидни лица appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, по повод Светскиот ден на Брајовата азбука, донираше 46 книги напишани на Брајово писмо за учениците од ДУРМДОВ „Димитар Влахов“. Донацијата содржи лектирни изданија кои, за прв пат во Македонија содржат и илустрации.
Библиотеката на ова училиште речиси и да немаше вакви книги бидејќи овој процес на изработка е специфичен и скап, а ретко можат да се најдат и во слободна продажба.   Тука би сакал да нагласам и дека моите визит-картички кои ги давам на соработниците покрај со визуелен фонд, ќе ги содржат моите податоци напишани на Брајова азбука. Можеби не е ништо големо, но ете, уште еден придонес кон ова што го зборувам.   Уште на нашата предновогодишна средба, јас како градоначалник на општина Кисела Вода, во која е лоцирано училиштето за слепи и слабовидни лица, им ветив дека можат да сметаат на мојата поддршка.   Денес, тоа го потврдувам со конкретни чекори.   Имено, се информирав дека во библиотеката на ДУРМДОВ „Димитар Влахов“ речиси и нема книги на Брајово писмо преку кои, учениците би имале достапност до насловите кои ги читаат нивните врсници.    И токму затоа, донацијата за која сме денес тука, се состои од 46 книги напишани на Брајово писмо.   Овие книги се работат на посебна хартија, со специјални печатачи и како такви се исклучително скапи и родителите на слепите ученици не можат да си ги дозволат, а за волја на вистината, ги нема ниту во слободна продажба.   Од денес, тие ќе им бидат достапни во библиотеката на училиштето.   Посебно сакам да нагласам дека за прв пат во Македонија испечативме книги кои се со илустрации, со што децата ќе го имаат истото доживување при читањето како и нивните врсници кои немаат оштетен вид.   Конкретно, се одлучивме за насловите Гоце Делчев од Ванчо Николески, Песни од Миладинов, Автобиографијата на Григор Прчличев и Малиот Принц од Антоан де Сент Егзипери. Лектирни изданија, но и книги кои се со голема литерарна вредност.   Би сакал да се заблагодарам на издавачкиот центар „АЛДЕБАРАН“, на уредникот Мите Стефоски и сопственикот Мирослав Размоски кои интензивно работеа за да можеме на време да ја обезбедиме оваа донација токму денес, кога го одбележуваме Светскиот Ден на Брајовото писмо.   Исто така, изразувам благодарност и до претседателот на Национален сојуз на слепи на Република Македонија, Жарко Селковски, претседателката на скопскиот огранок на ова здружение Надица Николовска, како и на претседателот на Советот на општина Кисела Вода Иван Живковски за присуството на овој настан.   Се надевам дека на овој начин, преку кампањата која општина Кисела Вода ја спроведува под слоганот „Различни, а исти“, даваме свој удел во подигнувањето на свесноста за важноста на комуникацијата, како човеково право на слепите и лицата со намален вид, се надевам дека ќе успееме да им ги прошириме видиците!   Грижата за нив не смее да биде само декларативна и секој од нас, треба да работи на надминување на стигмата и на подигнување на бариерите кои на лицата со хендикеп им се пречка за еднакво учество во општествените процеси - порачува градоначланикот Ѓоргиевски.

The post Орце Ѓоргиевски донира 46 книги напишани со Брајово писмо за училиштето за слепи и слабовидни лица appeared first on Република.

]]>