брачен пар Archives - Република https://republika.mk/tema/brachen-par/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 10:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png брачен пар Archives - Република https://republika.mk/tema/brachen-par/ 32 32 Постар брачен пар се заби во бетонски ѕид во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/postar-brachen-par-se-zabi-vo-betonski-zid-vo-kisela-voda/ Mon, 04 Nov 2024 10:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=833956

Вчеравечер во 21:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 

The post Постар брачен пар се заби во бетонски ѕид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР. Увид извршила екипа од СВР Скопје.  

The post Постар брачен пар се заби во бетонски ѕид во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-povreden-vo-pukotnitsi-vo-prodavnitsa-vo-strumichko-novo-selo/ Tue, 10 Sep 2024 09:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=814894

Ноќва околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско.

Како што објаснуваат од МВР, рој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури.

По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 

The post Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско. Како што објаснуваат од МВР, рој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46). Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>
Перо и Манда починаа на ист ден, по 50 години брак https://republika.mk/vesti/balkan/pero-i-manda-pochinaa-na-ist-den-po-50-godini-brak/ Fri, 14 Jul 2023 07:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=661174

Брачна двојка од Громачник во областа Славонија во Хрватска почина во ист ден откако минале 50 години в брак.

Перо Илак (79) и девет години помладата Манда биле еден покрај друг до самиот крај, пишува „Плуспортал“. Откако прво починал Перо, и неговата сопатничка набргу „замина“ по него, пренесува „Н1“.

Потомците на Манда и Перо во еден ден неочекувано останаа без двајцата родители, т.е. без нивната (пра)баба и (пра)дедо. Тие истакнуваат утеха им е што и во смртта „останале заедно“ откако минале половина век заедно.

Тие во педесетте години заеднички живот, на помладите им ја пренеле и меѓусебната приврзаност, верност и посветеност - особини што ги красеа до крајот и кои веројатно придонеле да не отидат на последното патување еден без друг.

The post Перо и Манда починаа на ист ден, по 50 години брак appeared first on Република.

]]>

Брачна двојка од Громачник во областа Славонија во Хрватска почина во ист ден откако минале 50 години в брак. Перо Илак (79) и девет години помладата Манда биле еден покрај друг до самиот крај, пишува „Плуспортал“. Откако прво починал Перо, и неговата сопатничка набргу „замина“ по него, пренесува „Н1“. Потомците на Манда и Перо во еден ден неочекувано останаа без двајцата родители, т.е. без нивната (пра)баба и (пра)дедо. Тие истакнуваат утеха им е што и во смртта „останале заедно“ откако минале половина век заедно. Тие во педесетте години заеднички живот, на помладите им ја пренеле и меѓусебната приврзаност, верност и посветеност - особини што ги красеа до крајот и кои веројатно придонеле да не отидат на последното патување еден без друг.

The post Перо и Манда починаа на ист ден, по 50 години брак appeared first on Република.

]]>
Добиле три деца, па по 17 години дознале дека се роднини https://republika.mk/zivot/semejstvo/dobile-tri-detsa-pa-po-17-godini-doznale-deka-se-rodnini/ Sun, 23 Apr 2023 18:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=633333

Селина и Џозеф Кинон од Колорадо во САД започнале врска во 2006 година, а по неколку месеци се венчале. Кратко по стапувањето во брак го добиле првото дете, а потоа добиле уште две. Сепак, станале вирални на ТикТок откако дознале дека се во сродство.

Во објавата на ТикТок, која е прегледана 4,4 милиони пати, Селина споделила фотографија од неа и сопругот на денот на венчавката. Текстот на сликата гласи:

„Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Добив три деца и не размислував за тоа.“

Во видеото има и снимка од интернет-страница, за пронаоѓање на сопствените предци, а жената објаснува дека таа и нејзиниот сопруг имаат поклопување од 62 СМ. Ова мерење се користи за одредување на генетската поврзаност, а тоа значи дека делат однос од осум генерации наназад.

Резултатите покажуваат дека се во сродство помеѓу вториот и седмиот роднина.

Селина објаснила дека сѐ е во ред меѓу нив по ова сознание.

„Моите деца и сопругот ми се сѐ. Сите наши деца имаат 10 прсти на рацете и 10 прсти на нозете.“

The post Добиле три деца, па по 17 години дознале дека се роднини appeared first on Република.

]]>

Селина и Џозеф Кинон од Колорадо во САД започнале врска во 2006 година, а по неколку месеци се венчале. Кратко по стапувањето во брак го добиле првото дете, а потоа добиле уште две. Сепак, станале вирални на ТикТок откако дознале дека се во сродство. Во објавата на ТикТок, која е прегледана 4,4 милиони пати, Селина споделила фотографија од неа и сопругот на денот на венчавката. Текстот на сликата гласи:
„Се омажив за мојот сопруг во 2006 година. Добив три деца и не размислував за тоа.“
Во видеото има и снимка од интернет-страница, за пронаоѓање на сопствените предци, а жената објаснува дека таа и нејзиниот сопруг имаат поклопување од 62 СМ. Ова мерење се користи за одредување на генетската поврзаност, а тоа значи дека делат однос од осум генерации наназад. Резултатите покажуваат дека се во сродство помеѓу вториот и седмиот роднина. Селина објаснила дека сѐ е во ред меѓу нив по ова сознание.
„Моите деца и сопругот ми се сѐ. Сите наши деца имаат 10 прсти на рацете и 10 прсти на нозете.“

The post Добиле три деца, па по 17 години дознале дека се роднини appeared first on Република.

]]>
Дали треба да спиете одделно од партнерот? https://republika.mk/zivot/psihologija/dali-treba-da-spiete-oddelno-od-partnerot/ Fri, 14 Apr 2023 19:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=630899

Некогаш брачните двојки спиеја во одделни кревети. Денес тоа изгледа бизарно. Или можеби не? Мислењата на научниците се поделени…

Раздвојте се!

Ако вашиот партнер ’рчи, често станува, чкрипи со забите и ви го нарушува сонот, обидете се да спиете одвоено. Уморот поради ненаспаност може да предизвика депресија, нервоза и опаѓање на либидото, што ќе остави последици врз вашиот однос. Одвоените постели не се пречка за секс. А квалитетниот сон, кој следува потоа (во одвоени кревети), е услов за добро расположение.

Останете заедно!

По подолго период спиење во одвоени кревети, може да се наруши блискоста во врската. Поголемиот број двојки денес не се гледаат преку ден, па ноќта е единствениот период кога се физички блиски. Затоа испробајте ги сите други опции, како што се тампони за уши, пред да почнете да спиете одвоено.

The post Дали треба да спиете одделно од партнерот? appeared first on Република.

]]>

Некогаш брачните двојки спиеја во одделни кревети. Денес тоа изгледа бизарно. Или можеби не? Мислењата на научниците се поделени… Раздвојте се! Ако вашиот партнер ’рчи, често станува, чкрипи со забите и ви го нарушува сонот, обидете се да спиете одвоено. Уморот поради ненаспаност може да предизвика депресија, нервоза и опаѓање на либидото, што ќе остави последици врз вашиот однос. Одвоените постели не се пречка за секс. А квалитетниот сон, кој следува потоа (во одвоени кревети), е услов за добро расположение. Останете заедно! По подолго период спиење во одвоени кревети, може да се наруши блискоста во врската. Поголемиот број двојки денес не се гледаат преку ден, па ноќта е единствениот период кога се физички блиски. Затоа испробајте ги сите други опции, како што се тампони за уши, пред да почнете да спиете одвоено.

The post Дали треба да спиете одделно од партнерот? appeared first on Република.

]]>
Нека рајот биде ваше место: Познат спортски пар пронајден мртов под рушевините од разорниот земјотрес https://republika.mk/vesti/svet/neka-rajot-bide-vashe-mesto-poznat-sportski-par-pronajden-mrtov-pod-rushevinite-od-razorniot-zemjotres/ Tue, 07 Feb 2023 13:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=606003

Тажни вести доаѓаат од Турција. Под рушевините по разорниот земјотрес во Турција, пронајдени се телата на одбојкарскиот брачен пар, Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир.

Нашата болка е голема...Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која потекна од нашиот тим и со години на најдобар начин го претставуваше нашиот клуб и нејзиниот сопруг Бедретин Чакар, исто така одбојкар. И посакуваме божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, нека рајот биде ваше место, стои во објавата на клубот МериносБолејбол.

Бетул имала 27 години и играла за екипата Меринос, а нејзиниот две години постар сопруг , некогаш играл во Халкбанк.

The post Нека рајот биде ваше место: Познат спортски пар пронајден мртов под рушевините од разорниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Тажни вести доаѓаат од Турција. Под рушевините по разорниот земјотрес во Турција, пронајдени се телата на одбојкарскиот брачен пар, Бетул Чобан Чакир и Бедретин Чакир. Нашата болка е голема...Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која потекна од нашиот тим и со години на најдобар начин го претставуваше нашиот клуб и нејзиниот сопруг Бедретин Чакар, исто така одбојкар. И посакуваме божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, нека рајот биде ваше место, стои во објавата на клубот МериносБолејбол. Бетул имала 27 години и играла за екипата Меринос, а нејзиниот две години постар сопруг , некогаш играл во Халкбанк.

The post Нека рајот биде ваше место: Познат спортски пар пронајден мртов под рушевините од разорниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/divi-trkachi-im-presudija-na-sopruznicite-koi-so-nivnoto-jugo-zaginaa-vo-shtip/ Thu, 02 Jun 2022 13:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=510241

Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-zagina-vo-teshka-soobrakjajka-vo-shtip/

Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден зад друг. Приближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил, соопшти ЈО.

Како резултат на судирот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип appeared first on Република.

]]>

Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-zagina-vo-teshka-soobrakjajka-vo-shtip/ Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата „Брегалничка“, еден зад друг. Приближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил, соопшти ЈО. Како резултат на судирот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Диви тркачи им пресудија на сопружниците кои со нивното „југо“ загинаа во Штип appeared first on Република.

]]>
Брачен пар загина во тешка сообраќајка во Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-zagina-vo-teshka-soobrakjajka-vo-shtip/ Wed, 01 Jun 2022 07:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=509579

Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка.

При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П..

Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди.

Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панојотова потврди дека се случила несреќа во која, како што рече, има две жртви.

Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот.

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

The post Брачен пар загина во тешка сообраќајка во Штип appeared first on Република.

]]>

Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка. При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П.. Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди. Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панојотова потврди дека се случила несреќа во која, како што рече, има две жртви. Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот. Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.

The post Брачен пар загина во тешка сообраќајка во Штип appeared first on Република.

]]>
Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poradi-podarok-tegla-od-babata-pochinal-brachen-par-dechinjata-tri-dena-sami-se-snaogjale/ Sun, 20 Feb 2022 10:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=461002

Петгодишно девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички.

Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка.

Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат.

Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.

Кога ги видов паднав и почнав да врескам - изјавила Наталија.

По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење.

Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција.

Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал.

За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.

The post Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале appeared first on Република.

]]>

Петгодишно девојче и нејзиниот брат биле пронајдени во станот три дена откако нивните родители починале од труење со кисели краставички. Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, неколку дена не можеле да ги добијат на нивните телефони. Имено, тие ја пропуштиле семејната средба и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка. Девојчето рекло дека мама и тато заспале и дека веќе долго време спијат, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат. Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.
Кога ги видов паднав и почнав да врескам - изјавила Наталија.
По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење. Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле тегла домашни кисели краставички од неговата баба. Сомневањата се дека причина за смртта е ботулинскиот токсин од краставицата. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција. Соседот Микаил Комченко во полиција изјавил дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал. За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.

The post Поради подарок тегла од бабата, починал брачен пар: Дечињата три дена сами се снаоѓале appeared first on Република.

]]>