Загина брачен пар од Штип во тешка сообраќајка што се случи синоќа кај штипската населба Македонка.

При судир на две возила, „југо“ и „опел астра“, на лице место починале возачот, 68-годишниот Г.П. и 62- годишната сопатничка Ј.П..

Автомобилот „опел астра“ го управувало 20-годишно момче од Штип, кое здобило телесни повреди.

Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панојотова потврди дека се случила несреќа во која, како што рече, има две жртви.

Увидот треба да утврди кои се причините за сообраќајката која се случила синоќа во 23.20 часот.

Ова не е прва несреќа на овој потег на улицата „Брегалничка“ која води до приградските населби и индустриската зона Македонка, но е и излез и влез на Штип кон Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.