Босна и Херцеговина Archives - Република https://republika.mk/tema/bosna-i-hercegovina/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 19:15:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Босна и Херцеговина Archives - Република https://republika.mk/tema/bosna-i-hercegovina/ 32 32 Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец https://republika.mk/vesti/balkan/chudo-vo-bosna-poplavata-odnese-s-osven-statuata-na-ovoj-svetets/ Sat, 12 Oct 2024 19:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=825986

Светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните последици од неодамнешните поплави што го погодија ова подрачје на Босна.

Иако целата инфраструктура на светилиштето е уништена, единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков, која многумина ја доживуваат како вистинско чудо.

Локалитетот има длабоко вкоренето значење за католичките верници . Поплавите предизвикаа свлечишта, потонаа цели населени места и со себе однесоа куќи, патишта и мостови.

The post Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец appeared first on Република.

]]>

Светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните последици од неодамнешните поплави што го погодија ова подрачје на Босна. Иако целата инфраструктура на светилиштето е уништена, единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков, која многумина ја доживуваат како вистинско чудо. Локалитетот има длабоко вкоренето значење за католичките верници . Поплавите предизвикаа свлечишта, потонаа цели населени места и со себе однесоа куќи, патишта и мостови.

The post Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец appeared first on Република.

]]>
Босанските муџахедини барале од српски затвореник да ја бакне главата на мртов соборец https://republika.mk/vesti/balkan/bosanskite-mudhahedini-barale-od-srpski-zatvorenik-da-ja-bakne-glavata-na-mrtov-soborets/ Thu, 10 Oct 2024 12:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=824898

Муџахедините за време на војната во БИХ извршиле страшни злосторства.

Во убиствата најмногу се истакнала групата на Сакиб Махмуљин, врховен командант на Третиот (зенички) корпус на Армијата на Босна и Херцеговина, и неговите соборци, странски муџахедини.

Тие принудиле еден српски затвореник по име Новица Бановиќ да бакне мртва глава на негов друар и соборец.

Бакни го својот брат, мртов - ми рекоа, испружувајќи ја неодамна отсечената глава, од која сè уште капеше крв,раскажа Бановиќ за „Новости“

The post Босанските муџахедини барале од српски затвореник да ја бакне главата на мртов соборец appeared first on Република.

]]>

Муџахедините за време на војната во БИХ извршиле страшни злосторства. Во убиствата најмногу се истакнала групата на Сакиб Махмуљин, врховен командант на Третиот (зенички) корпус на Армијата на Босна и Херцеговина, и неговите соборци, странски муџахедини. Тие принудиле еден српски затвореник по име Новица Бановиќ да бакне мртва глава на негов друар и соборец.
Бакни го својот брат, мртов - ми рекоа, испружувајќи ја неодамна отсечената глава, од која сè уште капеше крв,раскажа Бановиќ за „Новости“

The post Босанските муџахедини барале од српски затвореник да ја бакне главата на мртов соборец appeared first on Република.

]]>
Високиот претставник во БИХ има плата од 24.000 евра месечно https://republika.mk/vesti/balkan/visokiot-pretstavnik-vo-bih-ima-plata-od-24-000-evra-mesechno/ Mon, 07 Oct 2024 10:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=823576

Високиот претставник во Босна и Херцеговина нема никаков легитимитет и многу привилегии, обвини Милорад Додик. Актуелниот Кристијан Шмит не е избран согласно Дејтонскиот договор туку им „натурен“.

Toj не е избран како што е предвидено и не смеам да се согласам на тоа.Шмит е за мене германски турист.Во анексот 10 на Дејтонскиот договор стои како се бира Висок претставник, односно дека го бираат Србија, Република Српска, Федерацијата БИХ и Задничкиот орган на БИХ и да биде потврден од Советот за безбедност на ОН. Него ни го потури Меркел пред да си оди зошто не знаеше што да му прави и со плата од 24.000 евра месечно. И привилегија да не плаќа данок ни во Босна ни во Германија

The post Високиот претставник во БИХ има плата од 24.000 евра месечно appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник во Босна и Херцеговина нема никаков легитимитет и многу привилегии, обвини Милорад Додик. Актуелниот Кристијан Шмит не е избран согласно Дејтонскиот договор туку им „натурен“.
Toj не е избран како што е предвидено и не смеам да се согласам на тоа.Шмит е за мене германски турист.Во анексот 10 на Дејтонскиот договор стои како се бира Висок претставник, односно дека го бираат Србија, Република Српска, Федерацијата БИХ и Задничкиот орган на БИХ и да биде потврден од Советот за безбедност на ОН. Него ни го потури Меркел пред да си оди зошто не знаеше што да му прави и со плата од 24.000 евра месечно. И привилегија да не плаќа данок ни во Босна ни во Германија

The post Високиот претставник во БИХ има плата од 24.000 евра месечно appeared first on Република.

]]>
Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите https://republika.mk/vesti/balkan/gi-odnese-vodata-dete-vo-bosna-vo-ist-den-ostana-bez-roditelite/ Sun, 06 Oct 2024 17:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=823586

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта меѓу четвртокот и петокот кога ова место го зафати страшна поплава.

Поплавата предвреме ги одвои од синот со кој неодамна го прославија осмиот роденден. Јабланица тагува по родителите кои водата ги однесе и одвои од синот.

The post Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите appeared first on Република.

]]>

Брачната двојка Адела (36) и Ведад Туфек (39) загинаа во Јабланица, каде се родени и каде живееја заедно до ноќта меѓу четвртокот и петокот кога ова место го зафати страшна поплава. Поплавата предвреме ги одвои од синот со кој неодамна го прославија осмиот роденден. Јабланица тагува по родителите кои водата ги однесе и одвои од синот.

The post Ги однесе водата: Дете во Босна во ист ден остана без родителите appeared first on Република.

]]>
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ https://republika.mk/zivot/servisi/dzs-ke-isprati-luge-i-oprema-za-pomosh-vo-bih/ Sun, 06 Oct 2024 12:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=823440

Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок.

На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила).

Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта.

ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.

The post ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ appeared first on Република.

]]>

Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок. На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила). Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта. ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.

The post ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ appeared first on Република.

]]>
Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина https://republika.mk/vesti/balkan/pomosh-od-spts-od-100-000-evra-za-najzagrozenite-semejstva-od-poplavite-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 05 Oct 2024 20:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=823134

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина.

Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина.

https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/

Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква (СПЦ) донира 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина. Српскиот патријарх Порфирије дал наредба на Религиозното добротворно старателство во Белград, добротворна организација која работи во рамките на СПЦ, да испрати еднократна финансиска помош во износ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во БиХ преку Епархијата Захум и Херцеговина. https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/ Од Српската православна црква соопштија дека помошта ќе се дели без разлика на верската и националната припадност на настраданите.

The post Помош од СПЦ од 100.000 евра за најзагрозените семејства од поплавите во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
За неколку часа во БиХ собрани 85.000 евра од акција за настраданите, помош нудат и Хрватска и Србија https://republika.mk/vesti/balkan/za-nekolku-chasa-vo-bih-sobrani-85-000-evra-od-aktsija-za-nastradanite-pomosh-nudat-i-hrvatska-i-srbija/ Fri, 04 Oct 2024 20:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=822884

Откако неколку општини во Босна и Херцеговина беа погодени од поплави, здружението Помози.ба (pomozi.ba) почна акција за собирање пари, кои директно ќе одат за помош на тие подрачја и за само неколку часа собраа повеќе од 85.000 евра (околу 170.000 конвертибилни марки), јавија сараевски медиуми. Акцијата е се уште во тек и најголем дел од донациите дојдоа со јавување на бројот 17039, како и директно на веб-страницата каде има и информации за тоа како да се донира од странство.

Утрово катастрофални поплави зафатија голем дел од Босна и Херцеговина. Според најновите информации, бројот на жртвите е најмалку 20, а потрагата по исчезнати лица се уште трае. Најпогодени се општините Кисељак, Фојница, Јабланица, Коњиќ и Крешево.

https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/

Хрватска и понуди помош на Босна и Херцеговина откако соседната земја беше погодена од катастрофални поплави, објави владата во Загреб. Премиерот Андреј Пленковиќ ја контактираше својата колешка Борјана Кришто и изрази сочувство и понуди помош за санирање на последиците од природната катастрофа.

Хрватската влада веднаш ќе реагира и ќе ја обезбеди сета неопходна поддршка штом босанските власти ќе ги дефинираат конкретните потреби и ќе испратат официјално барање за помош, се наведува во соопштението.

Хрватска е подготвена да дејствува преку цивилната заштита, противпожарните бригади, министерствата за внатрешни работи и одбрана и преку хрватскиот Црвен крст, во зависност од формата на помош што ја бараат властите на БиХ.

Србија е подготвена на секој начин да му помогне на населението загрозено од поплавите во Босна и Херцеговина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ и упати сочувство до семејствата на жртвите. Вучиќ на новинарите им изјави дека Србија е подготвена да помогне со хеликоптери, чамци, како и со сите други форми на поддршка и финансиска помош.

The post За неколку часа во БиХ собрани 85.000 евра од акција за настраданите, помош нудат и Хрватска и Србија appeared first on Република.

]]>

Откако неколку општини во Босна и Херцеговина беа погодени од поплави, здружението Помози.ба (pomozi.ba) почна акција за собирање пари, кои директно ќе одат за помош на тие подрачја и за само неколку часа собраа повеќе од 85.000 евра (околу 170.000 конвертибилни марки), јавија сараевски медиуми. Акцијата е се уште во тек и најголем дел од донациите дојдоа со јавување на бројот 17039, како и директно на веб-страницата каде има и информации за тоа како да се донира од странство. Утрово катастрофални поплави зафатија голем дел од Босна и Херцеговина. Според најновите информации, бројот на жртвите е најмалку 20, а потрагата по исчезнати лица се уште трае. Најпогодени се општините Кисељак, Фојница, Јабланица, Коњиќ и Крешево. https://republika.mk/vesti/balkan/apokaliptichni-stseni-vo-bih-dvaeset-litsa-mrtvi-bremena-zhena-go-izgubi-bebeto-vodata-nosi-kuki-polni-so-luge-vojkata-na-noze/ Хрватска и понуди помош на Босна и Херцеговина откако соседната земја беше погодена од катастрофални поплави, објави владата во Загреб. Премиерот Андреј Пленковиќ ја контактираше својата колешка Борјана Кришто и изрази сочувство и понуди помош за санирање на последиците од природната катастрофа. Хрватската влада веднаш ќе реагира и ќе ја обезбеди сета неопходна поддршка штом босанските власти ќе ги дефинираат конкретните потреби и ќе испратат официјално барање за помош, се наведува во соопштението. Хрватска е подготвена да дејствува преку цивилната заштита, противпожарните бригади, министерствата за внатрешни работи и одбрана и преку хрватскиот Црвен крст, во зависност од формата на помош што ја бараат властите на БиХ. Србија е подготвена на секој начин да му помогне на населението загрозено од поплавите во Босна и Херцеговина, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ и упати сочувство до семејствата на жртвите. Вучиќ на новинарите им изјави дека Србија е подготвена да помогне со хеликоптери, чамци, како и со сите други форми на поддршка и финансиска помош.

The post За неколку часа во БиХ собрани 85.000 евра од акција за настраданите, помош нудат и Хрватска и Србија appeared first on Република.

]]>
Се поблиску до нас: Падна снег во Босна и Херцеговина https://republika.mk/vesti/balkan/se-poblisku-do-nas-padna-sneg-vo-bosna-i-hertsegovina/ Sat, 14 Sep 2024 12:30:22 +0000 https://republika.mk/?p=816313

Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета.

Снег има и на планинскиот превој Романија.

Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување и затоплување.

The post Се поблиску до нас: Падна снег во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета. Снег има и на планинскиот превој Романија. Во цела Босна и Херцеговина е значително постудено во однос на претходните денови, бидејќи температурата падна за 20 степени Целзиусови. Според прогнозата на Федералниот хидрометеоролошки завод, денеска и во наредните денови се очекува постепено разведрување и затоплување.

The post Се поблиску до нас: Падна снег во Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа https://republika.mk/zivot/zdravje/na-bosna-i-hertsegovina-i-se-zakanuva-epidemija-od-detska-paraliza/ Fri, 30 Aug 2024 11:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=811552

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми.

Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти.

Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација.

Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа.

Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.

Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.

Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.

 

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>

Ширењето на детска парализа, вирусна болест што може да има сериозни последици по здравјето на децата, но и на возрасните, стана закана за Босна и Херцеговина поради ниската стапка на вакцинација во таа земја, објавија денеска локалните медиуми. Европскиот регионален комитет за сертификација на елиминација на детска парализа (RCC) ги повика властите во БиХ да преземат итни мерки за да се спречи ширењето на болеста, откако процени дека најмалку 64 отсто од нејзиното население живее во области каде стапката на вакцинација на децата е помала 80 проценти. Полиовирусот е речиси искоренет во многу делови од светот, но неодамна тој е закана, особено во земјите со ниски стапки на имунизација. Поради опасноста од ширење на оваа болест, дури и Израел и Хамас се согласија на привремен прекин на огнот во Газа за да може медицинските тимови да ги вакцинираат децата таму, но Босна и Херцеговина сега се соочува со последиците од кампањите против вакцинација кои се проширија на социјалните мрежи во изминатите години, како и слаба информираност на нејзината популација. Затоа малите сипаници почнаа да се шират кај децата од градинка и училишна возраст, а сега постои опасност од епидемија на детска парализа која во потешки случаи може да остави трајни последици, односно доживотна парализа. Советот на министри на Босна и Херцеговина штотуку го усвои извештајот за состојбите и активностите во борбата против полиомиелитис за 2023 година, а во тој документ е наведено дека опфатот со вакцинација против полиомиелитис е под оптималното ниво, што доведе до земјата се смета за висок ризик.
Со оглед на високиот ризик, Европскиот регионален комитет (РЦЦ) ја повика Босна и Херцеговина да преземе итни мерки за да обезбеди подобра контрола и превенција“, се наведува во документот.
Благодарение на вакцинацијата, бројот на случаи на полио во светот е намален за повеќе од 99 проценти од 1988 година, а Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи Европа без полио во 2007 година. Сепак, не е искоренета во целиот свет бидејќи ја има во делови од Источна Азија, Африка и Источниот Медитеран, а со оглед на зголемените миграциски текови, постои ризик од негово повторно ширење и на европскиот континент.  

The post На Босна и Херцеговина и се заканува епидемија од детска парализа appeared first on Република.

]]>
Му одредиле дисциплинска мерка: Ова е чуварот кој уби директор, професор и секретар во училиште во Сански Мост https://republika.mk/vesti/balkan/mu-odredile-distsiplinska-merka-ova-e-chuvarot-koj-ubi-direktor-profesor-i-sekretar-vo-uchilishte-vo-sanski-most/ Wed, 21 Aug 2024 11:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=808642

Мехемед Вукалиќ, чуварот на училиштето во Сански Мост, со автоматска пушка ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

На крајот и тој се застрелал и со тешки физички повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука.

Како што пишуваат медиумите во БиХ, мотивот за тројното убиство е тоа што на Вукалиќ претходно му се водела дисциплинска постапка, а убиените наводно биле во комисијата која одлучувала за дисциплински мерки.

Неколку медиуми објавија фотографии од Вукалиќ, а од болницата велат дека е донесен со прострелна рана во градниот кош.

Тој е донесен во Ургентниот центар на РСЦ на Република Српска со прострелна рана во градниот кош. Пациентот е свесен и во моментов се водат дијагностички процедури и се планира операција, информираат Независне новине.

The post Му одредиле дисциплинска мерка: Ова е чуварот кој уби директор, професор и секретар во училиште во Сански Мост appeared first on Република.

]]>

Мехемед Вукалиќ, чуварот на училиштето во Сански Мост, со автоматска пушка ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. На крајот и тој се застрелал и со тешки физички повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука. Како што пишуваат медиумите во БиХ, мотивот за тројното убиство е тоа што на Вукалиќ претходно му се водела дисциплинска постапка, а убиените наводно биле во комисијата која одлучувала за дисциплински мерки. Неколку медиуми објавија фотографии од Вукалиќ, а од болницата велат дека е донесен со прострелна рана во градниот кош. Тој е донесен во Ургентниот центар на РСЦ на Република Српска со прострелна рана во градниот кош. Пациентот е свесен и во моментов се водат дијагностички процедури и се планира операција, информираат Независне новине.

The post Му одредиле дисциплинска мерка: Ова е чуварот кој уби директор, професор и секретар во училиште во Сански Мост appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-tsrna-gora-bih-i-delovi-od-hrvatska-tsrveno-predupreduvane-za-toploten-bran/ Tue, 16 Jul 2024 08:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=797273

Земјите од регионот и денеска се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран. Во цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска е прогласено црвено предупредување за топлотен бран, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени.

Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека жештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени.

Црвеното предупредување има и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во вишеградскиот регион максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени.

Граѓаните се повикуваат да преземат мерки на претпазливост во текот на најтоплиот дел од денот и да не се изложуваат на големи напори. Посебно предупредувањето се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели.

Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок - 10.

Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.

 

The post Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран appeared first on Република.

]]>

Земјите од регионот и денеска се под метеоролошки предупредувања за топлотен бран. Во цела Црна Гора и БиХ, како и делови од Хрватска е прогласено црвено предупредување за топлотен бран, а предвидените температури на места ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени. Кога станува збор за Хрватска, најтопло утрово беше во Дубровник, 27,5 степени. Хрватските метеоролози прогнозираат дека жештините ќе продолжат и во вториот дел од неделата, особено на Јадранот, додека во внатрешноста почестите врнежи ќе донесат времено освежување, кое особено ќе биде изразено во петок. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Република Српска издаде предупредување поради продолжување на топлотниот бран на целото подрачје. Температурата на воздухот денеска ќе се движи до 42 Целзиусови степени. Црвеното предупредување има и на територијата на целата Федерација Босна и Херцеговина, а температурите во Мостарскиот регион ќе достигнат околу 42 Целзиусови степени, во вишеградскиот регион максимална температура на воздухот ќе се движи меѓу 37 и 42 степени, а на планините околу 30 степени. Граѓаните се повикуваат да преземат мерки на претпазливост во текот на најтоплиот дел од денот и да не се изложуваат на големи напори. Посебно предупредувањето се однесува на постарите лица и лицата со нарушено здравје и децата. Не е исклучена појава на невреме во планинските предели. Во цела Црна Гора е прогласен црвен аларм поради многу топол бран, со тоа што попладне локално може да се очекува облачност. Максималната температура се прогнозира од 36 до 43 степени, а УВ индексот ќе биде висок - 10. Многу топло време со температури околу и над 41 степен денеска ќе има и на територијата на Македонија, а исто време се предвидува и за наредните денови. Поради топлотниот бран Владата одлучи бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работни обврски до четврток. На работодавачите им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегнат градежните и другите физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а градинките да не ги изнесуваат децата надвор во тој период од денот.  

The post Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран appeared first on Република.

]]>
Се урна рингишпил во Босна и Херцеговина, има повредени https://republika.mk/vesti/balkan/se-urna-ringishpil-vo-bosna-i-hertsegovina-ima-povredeni/ Tue, 25 Jun 2024 09:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=790568

Вчеравечер се урна рингишпил Во Добој, северна Босна и Херцеговина, во Паркот на народни херои, при што беа повредени децата кои се наоѓаа на него, пренесе босански Фактор.

Четири деца се повредени, а нивните родители ги пренеле на раце во блискиот Здравствен дом.

Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе ги однеле децата.

На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите под конструкцијата на рингишпилот извлекле повредени деца.

Сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.

The post Се урна рингишпил во Босна и Херцеговина, има повредени appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер се урна рингишпил Во Добој, северна Босна и Херцеговина, во Паркот на народни херои, при што беа повредени децата кои се наоѓаа на него, пренесе босански Фактор. Четири деца се повредени, а нивните родители ги пренеле на раце во блискиот Здравствен дом. Екипите за итна помош пристигнале за 2-3 минути, но родителите веќе ги однеле децата. На местото на настанот имало и полицајци кои заедно со родителите под конструкцијата на рингишпилот извлекле повредени деца. Сите деца биле свесни. Нивните животи не се во опасност.

The post Се урна рингишпил во Босна и Херцеговина, има повредени appeared first on Република.

]]>
Запознајте го Неум: Летувајте на море со цени како во Дојран https://republika.mk/zivot/patuvanja/zapoznajte-go-neum-letuvajte-na-more-so-tseni-kako-vo-dojran/ Mon, 10 Jun 2024 08:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=786068

Сте помислиле ли дека на море можете да одите во Босна и Херцеговина. Единственото место во Босна на море се вика Неум. Нуди евтино летување а тоа е најважно за македонските туристи.Можете без проблем да седнете на ручек без постојано да гледате во ценовиникот.

[caption id="attachment_786067" align="alignnone" width="514"] фото Аваз.ба[/caption]

На плажите може да си понесете и чадор и лежалка од дома а температурата речиси никогаш не надминува 35 степени.

Вреди, да му дадете шанса, зарем не?

[caption id="attachment_786065" align="alignnone" width="627"] фото Аваз.ба[/caption]

 

The post Запознајте го Неум: Летувајте на море со цени како во Дојран appeared first on Република.

]]>

Сте помислиле ли дека на море можете да одите во Босна и Херцеговина. Единственото место во Босна на море се вика Неум. Нуди евтино летување а тоа е најважно за македонските туристи.Можете без проблем да седнете на ручек без постојано да гледате во ценовиникот. [caption id="attachment_786067" align="alignnone" width="514"] фото Аваз.ба[/caption] На плажите може да си понесете и чадор и лежалка од дома а температурата речиси никогаш не надминува 35 степени. Вреди, да му дадете шанса, зарем не? [caption id="attachment_786065" align="alignnone" width="627"] фото Аваз.ба[/caption]  

The post Запознајте го Неум: Летувајте на море со цени како во Дојран appeared first on Република.

]]>
Падна дел од рингишпил во БиХ, повредени шест малолетни лица https://republika.mk/vesti/balkan/padna-del-od-ringishpil-vo-bih-povredeni-shest-maloletni-litsa/ Fri, 31 May 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=783402

Шест малолетници се повредени во Љубушкo, БиХ, при пад на дел од структурата на рингишпилот. Во моментот на падот на вртелешката се наоѓале неколку лица, а како што пренесува порталот „hercegovina.info“, неколкумина од нив, претежно деца, со возило на Брза помош биле пренесени во болница.

„Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави Мила Чавар, портпарол на МУП на Владата на Западна Херцеговина.

Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар.

Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек.

The post Падна дел од рингишпил во БиХ, повредени шест малолетни лица appeared first on Република.

]]>

Шест малолетници се повредени во Љубушкo, БиХ, при пад на дел од структурата на рингишпилот. Во моментот на падот на вртелешката се наоѓале неколку лица, а како што пренесува порталот „hercegovina.info“, неколкумина од нив, претежно деца, со возило на Брза помош биле пренесени во болница. „Во несреќата се повредени шест малолетници, а за се е известен и дежурниот обвинител“, изјави Мила Чавар, портпарол на МУП на Владата на Западна Херцеговина. Неколку повредени се пренесени во Ургентниот центар на Универзитетската клиничка болница во Мостар. Се уште нема официјални информации за причините за несреќата, а истрагата е во тек.

The post Падна дел од рингишпил во БиХ, повредени шест малолетни лица appeared first on Република.

]]>
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС https://republika.mk/vesti/balkan/ambasada-na-sad-vo-saraevo-dodik-e-na-opasen-pat-razdruzhuvaneto-na-bih-znachi-kraj-na-rs/ Fri, 24 May 2024 10:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=781371

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.

По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор.

САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.

„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.

Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ.

Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.

„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

The post Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава. По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор. САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.
„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.
Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ. Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.
„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.

The post Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС appeared first on Република.

]]>
Сестрите Душка и Светлана биле мачени: Обединетите нации слушнаа за српските страдања во војната во Босна https://republika.mk/vesti/balkan/sestrite-dushka-i-svetlana-bile-macheni-obedinetite-natsii-slushnaa-za-srpskite-stradana-vo-vojnata-vo-bosna/ Thu, 02 May 2024 10:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=773370

На иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, светот имаше можност за прв пат во зградата на Обединетите нации да види лица и да слушне лични приказни за страдањата на српскиот народ во Босна и Херцеговина.

- Ова е првпат светот да ги види сестрите Душка и Светлана Станиќ, кои како девојчиња на возраст од 6 и 8 години биле однесени во кампот во Рашчани каде биле мачени и малтретирани. Светот ги виде Рајко Драганиќ, кој ги затекна сопругата и родителите мртви, (искасапени) со ќерката и Душан Магазин, чии родители беа заклани кога тој беше момче. Како што му кажале, тие биле убиени од муслимански офицери и офицери на ХВО во Коњиќ.

 

The post Сестрите Душка и Светлана биле мачени: Обединетите нации слушнаа за српските страдања во војната во Босна appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, светот имаше можност за прв пат во зградата на Обединетите нации да види лица и да слушне лични приказни за страдањата на српскиот народ во Босна и Херцеговина.
- Ова е првпат светот да ги види сестрите Душка и Светлана Станиќ, кои како девојчиња на возраст од 6 и 8 години биле однесени во кампот во Рашчани каде биле мачени и малтретирани. Светот ги виде Рајко Драганиќ, кој ги затекна сопругата и родителите мртви, (искасапени) со ќерката и Душан Магазин, чии родители беа заклани кога тој беше момче. Како што му кажале, тие биле убиени од муслимански офицери и офицери на ХВО во Коњиќ.
 

The post Сестрите Душка и Светлана биле мачени: Обединетите нации слушнаа за српските страдања во војната во Босна appeared first on Република.

]]>
А, таман добија датум за преговори: Дали резолуцијата на ОН за наводен геноцид во Сребреница ќе означи крај на Босна и Херцеговина https://republika.mk/vesti/balkan/a-taman-dobija-datum-za-pregovori-dali-rezolutsijata-na-on-za-navoden-genotsid-vo-srebrenitsa-ke-oznachi-kraj-na-bosna-i-hertsegovina/ Mon, 08 Apr 2024 16:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=763885

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина можеби нема да „преживее“ како единствена земја поради навестеното усвојување на резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН.

„Сосема е можно оваа резолуција да помине, а таа е лоша, само ќе ги усложни односите во Босна и Херцеговина до целосна дисфункција. Поради одредбите на оваа резолуција, Босна и Херцеговина можеби нема да опстане како единствена земја“, изјави Додик за телевизијата „Русија 24“, пренесува Радио-телевизија РС (РТРС).

Тој рече дека „бошњачкиот дел“ на Мисијата на БиХ во ОН работи независно, без одлука на Претседателството на БиХ, на резолуцијата за Сребреница, која треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на ОН на 27 април.

РТРС, исто така, објави дека на крајот на април Додик ќе учествува на меѓународен безбедносен форум во Санкт Петербург, а во истиот град, но во јуни ќе учествува на економски форум, каде што очекува да се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Дванаесетиот Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања ќе се одржи во Санкт Петербург од 23 до 25 април, а Економскиот форум ќе биде од 5 до 8 јуни

The post А, таман добија датум за преговори: Дали резолуцијата на ОН за наводен геноцид во Сребреница ќе означи крај на Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина можеби нема да „преживее“ како единствена земја поради навестеното усвојување на резолуција за Сребреница во Генералното собрание на ОН.
„Сосема е можно оваа резолуција да помине, а таа е лоша, само ќе ги усложни односите во Босна и Херцеговина до целосна дисфункција. Поради одредбите на оваа резолуција, Босна и Херцеговина можеби нема да опстане како единствена земја“, изјави Додик за телевизијата „Русија 24“, пренесува Радио-телевизија РС (РТРС).
Тој рече дека „бошњачкиот дел“ на Мисијата на БиХ во ОН работи независно, без одлука на Претседателството на БиХ, на резолуцијата за Сребреница, која треба да биде претставена на седницата на Генералното собрание на ОН на 27 април. РТРС, исто така, објави дека на крајот на април Додик ќе учествува на меѓународен безбедносен форум во Санкт Петербург, а во истиот град, но во јуни ќе учествува на економски форум, каде што очекува да се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Дванаесетиот Меѓународен состанок на високи претставници задолжени за безбедносни прашања ќе се одржи во Санкт Петербург од 23 до 25 април, а Економскиот форум ќе биде од 5 до 8 јуни

The post А, таман добија датум за преговори: Дали резолуцијата на ОН за наводен геноцид во Сребреница ќе означи крај на Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови https://republika.mk/vesti/balkan/kratko-traeshe-radosta-na-bosna-pochetokot-na-pregovorite-zavisi-od-mnogu-uslovi/ Wed, 20 Mar 2024 11:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=756698

Европските лидери се подготвени да дадат „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, се наведува во нацрт-документот од 19 март до кој имал пристап магазинот „Политико“, пренесе Кликс.

Европската унија ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година. Минатата недела, Европската комисија даде позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, кои лидерите на Европскиот совет сега планираат да ги следат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/

Текстот вклучува услови за пристапни преговори, велејќи дека следниот дел од процесот може да се случи само „штом ќе се преземат релевантните чекори наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година', што значи дека БиХ треба да направи поголем напредок во својата домашна задача пред да може да влезе во блокот, наведува Кликс.

Актуелниот нацрт ќе биде разгледан од амбасадорите на ЕУ в среда и лидерите на ЕУ в четврток. Неколку дипломати беа оптимисти дека лидерите на крајот ќе го усвојат сегашниот курс за БиХ.

Еден дипломат од земја која првично беше поскептичен за досегашниот напредок на БиХ, кој доби анонимност да зборува искрено на оваа тема, изјави за Политико дека вториот дел од пасусот е клучен.

-Сите реформи за кои се договоривме навистина треба да се завршат пред да се случи каков било следен чекор за Босна, рече тој.

Пред седницата на Европскиот совет в четврток, седум европски земји ги повикаа своите колеги да ги следат препораките на Европската комисија за Босна и Херцеговина.

Австрија, Хрватска, Чешката Република, Грција, Италија, Словачка и Словенија рекоа дека блокот треба „да го искористи моментумот и сегашната можност“, а Германија се приклучи во нејзината поддршка

The post Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови appeared first on Република.

]]>

Европските лидери се подготвени да дадат „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, се наведува во нацрт-документот од 19 март до кој имал пристап магазинот „Политико“, пренесе Кликс. Европската унија ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година. Минатата недела, Европската комисија даде позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, кои лидерите на Европскиот совет сега планираат да ги следат. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Текстот вклучува услови за пристапни преговори, велејќи дека следниот дел од процесот може да се случи само „штом ќе се преземат релевантните чекори наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година', што значи дека БиХ треба да направи поголем напредок во својата домашна задача пред да може да влезе во блокот, наведува Кликс. Актуелниот нацрт ќе биде разгледан од амбасадорите на ЕУ в среда и лидерите на ЕУ в четврток. Неколку дипломати беа оптимисти дека лидерите на крајот ќе го усвојат сегашниот курс за БиХ. Еден дипломат од земја која првично беше поскептичен за досегашниот напредок на БиХ, кој доби анонимност да зборува искрено на оваа тема, изјави за Политико дека вториот дел од пасусот е клучен. -Сите реформи за кои се договоривме навистина треба да се завршат пред да се случи каков било следен чекор за Босна, рече тој. Пред седницата на Европскиот совет в четврток, седум европски земји ги повикаа своите колеги да ги следат препораките на Европската комисија за Босна и Херцеговина. Австрија, Хрватска, Чешката Република, Грција, Италија, Словачка и Словенија рекоа дека блокот треба „да го искористи моментумот и сегашната можност“, а Германија се приклучи во нејзината поддршка

The post Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови appeared first on Република.

]]>
Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Tue, 12 Mar 2024 12:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=754016

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ.

Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус.

Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово.

https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/

Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник.

Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор.

На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим.

ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа?

Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници.

https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/

Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија?

Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.

 

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ. Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус. Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово. https://republika.mk/vesti/balkan/bih-dobi-status-na-zemja-kandidat-zemjata-zapochnuva-pristapni-pregovori/ Босна и Херцеговина според сите извештаи важи за нефункционална држава и е практично протекторат на чело во висок претставник. Земјата е длабоко поделена помеѓу Федерацијата и Република Српска.Првиот човек на Република Српска Милорад Додик постојано се заканува дека ќе организира референдум за самостојност поради кршењете на Дејтонскиот договор. На минатиот самит на ЕУ преговори добија и Украина и Молдавија. Овие две поранешни советски републики излегоа во преден план со војната во Украина.Војната трае веќе две години, со последната офанзива Русија завзеде голем дел од територијата на истокот на земјата, a претходно и Крим. ЕУ се нема изјаснето ако некогаш ја прими Украина во кои граници ќе биде тоа? Слична е состојбата и со Молдавија.Оваа државичка не контролира 30 проценти од својата територија.Регионот Приднестровје е практично држава во држава со најголемата руска база надвор од Русија со околу 1500 војници. https://republika.mk/vesti/svet/koja-e-moldavija-shto-pochna-pregovori-pobrzo-od-makedonija-nemaat-svoj-jazik-ne-kontroliraat-polovina-od-teritorijats/ Дали кога Молдавија ќе влезе во ЕУ ќе ја прими и руската база на својата територија? Се разбира дека ниту Молдавија ниту Украина некогаш ќе станат членки на ЕУ, но ова треба да биде поука за Македонија дека кога ЕУ сака со некого да почне преговори тоа ќе го направи.  

The post Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија appeared first on Република.

]]>
Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/samo-bosna-e-po-greota-od-makedonija-vo-prosechnata-plata/ Tue, 06 Feb 2024 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=740809

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.

Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.

https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-pogolem-bdp-od-site-zemji-od-regionot-zaedno/

Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.
Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата. https://republika.mk/vesti/balkan/srbija-ima-pogolem-bdp-od-site-zemji-od-regionot-zaedno/ Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Само Босна е по „греота“ од Македонија во просечната плата appeared first on Република.

]]>