бомбардирање на југославија Archives - Република https://republika.mk/tema/bombardiranje-na-jugoslavija/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Apr 2023 06:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бомбардирање на југославија Archives - Република https://republika.mk/tema/bombardiranje-na-jugoslavija/ 32 32 На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/na-deneshen-den-vo-1941-godina-hitler-go-bombardirashe-belgrad-nekolku-nedeli-podotsna-bugarite-ja-okupiraa-makedonija/ Thu, 06 Apr 2023 06:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=627741

На денешен ден 1941 година фашистичка Германија го бомбардираше Белград. Десет дена претходно, Кралството Југославија се приклучи на Пактот со силите на оската. Потоа следеа протести во земјата и државен удар со кој беше сменет принцот Павле.

Земјата се приближи до западните сојузници, токму кога Хитлер требаше да ја започне операцијата Барбароса против Советскиот Сојуз.

На 27 март Хитлер лично донел одлука да го бомбардира Белград и да ја окупира Југославија а нападот е извршен на 6 април.

Неколку недели подоцна Бугарија со дозвола на Хитлер влегува и ја окупира Македонија, т.е она што денешните власти го нарекуваат администрација.

The post На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 1941 година фашистичка Германија го бомбардираше Белград. Десет дена претходно, Кралството Југославија се приклучи на Пактот со силите на оската. Потоа следеа протести во земјата и државен удар со кој беше сменет принцот Павле. Земјата се приближи до западните сојузници, токму кога Хитлер требаше да ја започне операцијата Барбароса против Советскиот Сојуз. На 27 март Хитлер лично донел одлука да го бомбардира Белград и да ја окупира Југославија а нападот е извршен на 6 април. Неколку недели подоцна Бугарија со дозвола на Хитлер влегува и ја окупира Македонија, т.е она што денешните власти го нарекуваат администрација.

The post На денешен ден во 1941 година Хитлер го бомбардираше Белград, неколку недели подоцна Бугарите ја окупираа Македонија appeared first on Република.

]]>
Хил во Белград: Изненаден сум што уште секој ден се споменува бомбардирањето од 1999 година, мора да гледате напред! https://republika.mk/vesti/balkan/hil-vo-belgrad-iznenaden-sum-shto-ushte-sekoj-den-se-spomenuva-bombardiraneto-od-1999-godina-mora-da-gledate-napred/ Sat, 21 Jan 2023 08:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=599268

Кога дојдов овде минатиот март, бев изненаден што сè уште секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година... Мора да гледате напред, изјави американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил. Во интервју за „Неделник“, Хил зборуваше за младоста која ја поминал во Белград, но ги сподели и впечатоците од Србија откако се врати како американски амбасадор.

За мене најголемото разочарување беше тоа што мислев дека работите за кои мислев дека се решени одамна, сè уште се свежи во главите на луѓето. Бев изненаден, кога дојдов овде минатиот март, што секој ден имаше по некој потсетник за 1999 година. На државите, исто како и на луѓето, им е потребна издржливост, но и да завршат со некои работи за да можат да продолжат понатаму, вели Хил.

Тој ја спореди оваа ситуација со пријателска расправија.

Тоа е како кога разговарате со пријател, но тој постојано се навраќа на некоја расправија што се случила одамна. Така е и во животот на државата. Мора да гледате напред, но во исто време е непристојно да му го кажувате тоа на вашиот пријател и на луѓето. Не сум тука да велам: „Заборавете на тоа“. Ако не е заборавено, тогаш веројатно има причина, сликовито опиша американскиот дипломат во Србија.

The post Хил во Белград: Изненаден сум што уште секој ден се споменува бомбардирањето од 1999 година, мора да гледате напред! appeared first on Република.

За Весли Кларк бомбардирањето на НАТО врз Југославија е сосема поинакво од руската воена акција во Украина https://republika.mk/vesti/balkan/za-vesli-klark-bombardiranjeto-na-nato-vrz-jugoslavija-e-sosema-poinakvo-od-ruskata-voena-akcija-vo-ukraina/ Fri, 11 Mar 2022 15:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=471398

Пензионираниот американски генерал и поранешен врховен командант на европските силите на НАТО за време на бомбардирањето на Сојузничките сили кои траеа од крајот на март до почетокот на јуни 1999 година врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), Весли Кларк, смета дека нема паралели меѓу бомбардирањето на НАТО во поранешната СРЈ и руската воена акција во Украина.

Во интервју за Гласот на Америка, Кларк вели дека Алијансата почнала воена акција против СРЈ по неколкумесечни преговори со тогашното југословенско раководство, на чело со Слободан Милошевиќ, кои конечно пропаднале во Рамбује во Франција.

Тој вели дека на ова претходеле судири меѓу воено-полициските сили и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Тоа е сосема различно од она што се случува во Украина. Во таа земја немаше прогон. Русија едноставно ја сака таа земја и дејствува без ограничувања убивајќи цивили. Тоа е воено злосторство, бидејќи Русија се обидува да прегази и контролира една земја или барем целосно да ја промени нејзината сегашна влада. Разочарувачки е да се видат луѓе кои демонстрираат во корист на Русија на улиците во Србија. Тие очигледно не сакаат да ја видат хуманитарната катастрофа што се случува. Или се слабо информирани или, на некој начин, политички мотивирани - вели Кларк.

Тој го поздравува тоа што балканските држави ја поддржале осудата на руската воена акција во Украина.

Можно е Александар Вучиќ и српските власти се уште да бараат среден пат - да ја уживаат поддршката на Русија, но и да се фокусираат на членството во ЕУ и поголема економска интеграција со Европа. Можеби мислеа дека гласањето нема да има големо значење. Резултатот од војната во Украина ќе биде поостра поделба во Европа „и мислам дека Србија ќе треба да одлучи – дали ќе стане изолиран и економски осиромашен претставник на Русија или ќе се приклучи на Западот и ќе напредува - вели Кларк.

Коментирајќи ги „непријателските држави“ објавени од Русија, меѓу кои и Македонија и Црна Гора, Кларк оценува дека тие донекаде се заштитени со тоа што и двете земји се членки на НАТО.

Од друга страна, нивните безбедносни служби треба да бидат будни. Во нив има значително руско влијание, на еден или друг начин, што се остварува преку компании како Гаспром, интереси поврзани со природни или економски ресурси. Ако веруваме во меѓународен поредок заснован на правилата дека споровите треба да се решаваат по мирен пат или дека земјите треба да имаат право да ја изберат својата политичка припадност, тогаш треба да го поддржиме Западот - изјави Кларк.

За него, нема сомнеж дека Русија сака да го маргинализира НАТО, да ја скрши лидерската улога на САД и да ја преземе контролата врз Украина.

The post За Весли Кларк бомбардирањето на НАТО врз Југославија е сосема поинакво од руската воена акција во Украина appeared first on Република.

]]>

Пензионираниот американски генерал и поранешен врховен командант на европските силите на НАТО за време на бомбардирањето на Сојузничките сили кои траеа од крајот на март до почетокот на јуни 1999 година врз Сојузна Република Југославија (СРЈ), Весли Кларк, смета дека нема паралели меѓу бомбардирањето на НАТО во поранешната СРЈ и руската воена акција во Украина. Во интервју за Гласот на Америка, Кларк вели дека Алијансата почнала воена акција против СРЈ по неколкумесечни преговори со тогашното југословенско раководство, на чело со Слободан Милошевиќ, кои конечно пропаднале во Рамбује во Франција. Тој вели дека на ова претходеле судири меѓу воено-полициските сили и припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Тоа е сосема различно од она што се случува во Украина. Во таа земја немаше прогон. Русија едноставно ја сака таа земја и дејствува без ограничувања убивајќи цивили. Тоа е воено злосторство, бидејќи Русија се обидува да прегази и контролира една земја или барем целосно да ја промени нејзината сегашна влада. Разочарувачки е да се видат луѓе кои демонстрираат во корист на Русија на улиците во Србија. Тие очигледно не сакаат да ја видат хуманитарната катастрофа што се случува. Или се слабо информирани или, на некој начин, политички мотивирани - вели Кларк.
Тој го поздравува тоа што балканските држави ја поддржале осудата на руската воена акција во Украина.
Можно е Александар Вучиќ и српските власти се уште да бараат среден пат - да ја уживаат поддршката на Русија, но и да се фокусираат на членството во ЕУ и поголема економска интеграција со Европа. Можеби мислеа дека гласањето нема да има големо значење. Резултатот од војната во Украина ќе биде поостра поделба во Европа „и мислам дека Србија ќе треба да одлучи – дали ќе стане изолиран и економски осиромашен претставник на Русија или ќе се приклучи на Западот и ќе напредува - вели Кларк.
Коментирајќи ги „непријателските држави“ објавени од Русија, меѓу кои и Македонија и Црна Гора, Кларк оценува дека тие донекаде се заштитени со тоа што и двете земји се членки на НАТО.
Од друга страна, нивните безбедносни служби треба да бидат будни. Во нив има значително руско влијание, на еден или друг начин, што се остварува преку компании како Гаспром, интереси поврзани со природни или економски ресурси. Ако веруваме во меѓународен поредок заснован на правилата дека споровите треба да се решаваат по мирен пат или дека земјите треба да имаат право да ја изберат својата политичка припадност, тогаш треба да го поддржиме Западот - изјави Кларк.
За него, нема сомнеж дека Русија сака да го маргинализира НАТО, да ја скрши лидерската улога на САД и да ја преземе контролата врз Украина.

The post За Весли Кларк бомбардирањето на НАТО врз Југославија е сосема поинакво од руската воена акција во Украина appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди НАТО агресијата врз Србија https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-kje-ja-osudam-rusija-koga-zelenski-kje-ja-osudi-nato-agresijata-vrz-srbija/ Tue, 22 Feb 2022 21:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=462209

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека „ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година.

Тој ова го изјави како одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, „дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија да ја признае независноста на Донбас“.

Ние сме мала земја и не сакаме да се лишиме од можноста да продолжиме со пријателствата со некои, а на ниту еден начин не одлучуваме за судбината на Украина. Но, ако тоа е веќе така, го повикувам г-дин Александрович да го повика претседателот на неговата земја, г. Зеленски, и да го замоли вечерва на телевизија да ја осуди ужасната и трагична агресија врз Србија од страна на САД, Британија, Германија и други земји Штом го направи тоа, со задоволство ќе го прифатам повикот и ќе одговорам на неговите барања, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Монако.

Вучиќ повтори дека политиката на Србија е воена неутралност, но дека српската политика не е неутрална и дека нема да се откаже од традиционалните пријателства.

Србија секогаш го поддржуваше интегритетот на Украина и немаше никакви промени, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот ја призна независноста на Доњецк и Луганск и потпиша со нив „договори за пријателство и взаемна помош“, а потоа и нареди на руската армија да го „чува мирот“ на тие територии.

The post Вучиќ: Ќе ја осудам Русија кога Зеленски ќе ја осуди НАТО агресијата врз Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Монако изјави дека „ќе го осуди признавањето на независноста на сепаратистичките региони во источна Украина кога претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, на телевизија ја осуди агресијата на НАТО врз Србија во 1999 година. Тој ова го изјави како одговор на изјавата на амбасадорот на Украина во Србија, Олександар Александрович, „дека Украина и украинскиот народ очекуваат Србија да го осуди вчерашниот потег на Русија да ја признае независноста на Донбас“.