блокада на Собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada-na-sobranie/ За подобро да се разбереме Thu, 05 May 2022 18:38:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блокада на Собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/blokada-na-sobranie/ 32 32 Пендаровски: Најавата од опозицијата за блокада на Собранието е легитимен начин за борба за власт, но тајмингот е катастофален https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-najavata-od-opozicijata-za-blokada-na-sobranieto-e-legitimen-nachin-za-borba-za-vlast-no-tajmingot-e-katastofalen/ Thu, 05 May 2022 18:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=498247

Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, претседателот на државата смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема
Се работи за легитимен обид на опозицијата да ја урне Владата, но тајмингот е кататстрофален, вели претседателот Стево Пендаровски, о интервју за Канал 5, коментирајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на активна блокада на Собранието од 10 мај.

„Тоа е сосема легитимен обид, сме имале и други такви случаи, да се урне Владата и да се предизвикаат предвремени парламентарни избори, врз основа на резултатите постигнати на локалните избори. Но тајмингот за тоа, војна, кризи е катастрофално избран. Сепак, треба да се остави време да видиме што значи таа блокада – односно најавата дека нема да се блокираат закони во интерес на граѓаните. Еве, ако Владата предложи закон за 10 отсто повисоки плати на просветарите, ВМРО-ДПМНЕ може да рече треба 30 и да го блокира“, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, тој смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема.

Пендаровски исто така смета дека во моментов постои многу голем јаз меѓу двата главни блока СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што тешко дека може да се дојде до некој заеднички став по некои странични прашања, а не па по главните политички.

„По неуспешниот обид да ги соберам сите на 2 август лани, јас неодамна се обидов да ги соберам сите на заедничко следење на фудбалскиот натпревар Македонија – Португалија. И не успеав. Од ВМРО-ДПМНЕ ми рекоа дека веќе имале договорено на друга локација“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Најавата од опозицијата за блокада на Собранието е легитимен начин за борба за власт, но тајмингот е катастофален appeared first on Република.

]]>

Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, претседателот на државата смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема Се работи за легитимен обид на опозицијата да ја урне Владата, но тајмингот е кататстрофален, вели претседателот Стево Пендаровски, о интервју за Канал 5, коментирајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да оди на активна блокада на Собранието од 10 мај.
„Тоа е сосема легитимен обид, сме имале и други такви случаи, да се урне Владата и да се предизвикаат предвремени парламентарни избори, врз основа на резултатите постигнати на локалните избори. Но тајмингот за тоа, војна, кризи е катастрофално избран. Сепак, треба да се остави време да видиме што значи таа блокада – односно најавата дека нема да се блокираат закони во интерес на граѓаните. Еве, ако Владата предложи закон за 10 отсто повисоки плати на просветарите, ВМРО-ДПМНЕ може да рече треба 30 и да го блокира“, вели Пендаровски.
Во однос на тоа дали се можни предвремени парламентарни избори, тој смета дека не е сигрен дека ќе дојде до такво нешто, истакнувајќи дека најсигурен начин за тоа е 61 глас за распуштање на Собранието, а опозицијата во овој момент тоа го нема. Пендаровски исто така смета дека во моментов постои многу голем јаз меѓу двата главни блока СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што тешко дека може да се дојде до некој заеднички став по некои странични прашања, а не па по главните политички.
„По неуспешниот обид да ги соберам сите на 2 август лани, јас неодамна се обидов да ги соберам сите на заедничко следење на фудбалскиот натпревар Македонија – Португалија. И не успеав. Од ВМРО-ДПМНЕ ми рекоа дека веќе имале договорено на друга локација“, рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Најавата од опозицијата за блокада на Собранието е легитимен начин за борба за власт, но тајмингот е катастофален appeared first on Република.

]]>
За Ковачевски најавена блокада на ВМРО-ДМНЕ била неодговорна https://republika.mk/vesti/makedonija/za-kovachevski-najavena-blokada-na-vmro-dmne-bila-neodgovorna/ Thu, 05 May 2022 13:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=498091

Најавената блокада на Собранието е неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавената блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да прави вакви чекори. Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризава која што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент, нагласи Ковачевски.

Блокирањето на Собранието, додаде тој, не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ сега го најавува и го прави, бидејќи ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Втора работа која што исто така е многу важна, јас ги гледам денешните написи воопшто не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и да се служи со закани затоа што јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството, истакна премиерот.

Ковачевски повтори дека со резигнација го отфла ова што го презема ВМРО-ДПМНЕ, и како што истакна, тоа не е ништо поразлично од она што го правеле и досега, меѓутоа сега веројатно добиле наредба тоа да биде и јавно искажано.

– Доколку ги земете законите што со години веќе не се разгледуваат ниту на комисии ниту на пленарни седници тогаш ќе ви стане јасно дека оваа најавена блокада е само продолжување на она што се правеше и досега. Постои постојана отворена комуникација помеѓу пратениците во пратеничките групи, постои отворена комуникација на ниво на ЗЕЛС. Јас имав состанок со УО на ЗЕЛС, значи комплетниот УО каде што доминантно се претставници на партиите од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ што беа на состанок во Владата и каде што разговаравме за сите отворени прашања. Исто така, имам и директна комуникација со градоначалници коишто имаат одредени отворени прашања со Владата. Меѓутоа, одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.

Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика, како што рече, од опозицијата, во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател.

Ковачевски во одговор на прашање кажа дека Владата има целосен политички и легален легитимитет.

– Најпрвин легитимитетот на Владата се црпи од пратениците во Собранието и ако го погледнеме легитимитетот на оваа Владата, таа има и поголем легитимитет во однос на претходната со оглед на тоа дека 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија а тоа е партијата Алтернатива. Ние имавме разговори при формирањето на владината коалиција со претставници на Алтернатива и во Програмата на Владата беа вклучени и програмските определби на таа партија, рече Ковачевски.

The post За Ковачевски најавена блокада на ВМРО-ДМНЕ била неодговорна appeared first on Република.

]]>

Најавената блокада на Собранието е неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за најавената блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да прави вакви чекори. Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризава која што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент, нагласи Ковачевски.
Блокирањето на Собранието, додаде тој, не е нешто што ВМРО-ДПМНЕ сега го најавува и го прави, бидејќи ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ. – Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Втора работа која што исто така е многу важна, јас ги гледам денешните написи воопшто не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и да се служи со закани затоа што јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството, истакна премиерот. Ковачевски повтори дека со резигнација го отфла ова што го презема ВМРО-ДПМНЕ, и како што истакна, тоа не е ништо поразлично од она што го правеле и досега, меѓутоа сега веројатно добиле наредба тоа да биде и јавно искажано.
– Доколку ги земете законите што со години веќе не се разгледуваат ниту на комисии ниту на пленарни седници тогаш ќе ви стане јасно дека оваа најавена блокада е само продолжување на она што се правеше и досега. Постои постојана отворена комуникација помеѓу пратениците во пратеничките групи, постои отворена комуникација на ниво на ЗЕЛС. Јас имав состанок со УО на ЗЕЛС, значи комплетниот УО каде што доминантно се претставници на партиите од опозицијата, односно од ВМРО-ДПМНЕ што беа на состанок во Владата и каде што разговаравме за сите отворени прашања. Исто така, имам и директна комуникација со градоначалници коишто имаат одредени отворени прашања со Владата. Меѓутоа, одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.
Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика, како што рече, од опозицијата, во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател. Ковачевски во одговор на прашање кажа дека Владата има целосен политички и легален легитимитет. – Најпрвин легитимитетот на Владата се црпи од пратениците во Собранието и ако го погледнеме легитимитетот на оваа Владата, таа има и поголем легитимитет во однос на претходната со оглед на тоа дека 64 пратеници ја поддржуваат, дополнително и уште една политичка партија а тоа е партијата Алтернатива. Ние имавме разговори при формирањето на владината коалиција со претставници на Алтернатива и во Програмата на Владата беа вклучени и програмските определби на таа партија, рече Ковачевски.

The post За Ковачевски најавена блокада на ВМРО-ДМНЕ била неодговорна appeared first on Република.

]]>
По ВМРО-ДПМНЕ, и БЕСА на Касами најави блокада на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/i-kasami-najavi-blokada-na-sobranieto/ Wed, 04 May 2022 09:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=497356

По ВМРО-ДПМНЕ, и Беса најавува блокада на Собранието.

Од партијата велат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.

Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои преку ноќ од критичари на власта станаа дел од Владата. Ваквиот состав на Владата рефлектира и лошо управување со сите институции, затоа е многу битно ден побрзо да имаме парламентарни избори, легитимнитетот да се врати на граѓаните и тие да одлучат за тоа кој треба да ги претставува - порача Елмедин Мемиши за „Слободен печат“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vecherva-kje-odluchuva-za-aktivnata-blokada-na-sobranieto-shto-ja-najavi-mickoski/

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.

The post По ВМРО-ДПМНЕ, и БЕСА на Касами најави блокада на Собранието appeared first on Република.

]]>

По ВМРО-ДПМНЕ, и Беса најавува блокада на Собранието. Од партијата велат дека ќе се користат сите можни механизми за да предизвикаат што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори.
Ставот на Беса е многу јасен и го повторуваме неколку месеци. Легитимитетот на Владата е спорен бидејќи мнозинството е направено преку уценувани пратеници и политички партии кои преку ноќ од критичари на власта станаа дел од Владата. Ваквиот состав на Владата рефлектира и лошо управување со сите институции, затоа е многу битно ден побрзо да имаме парламентарни избори, легитимнитетот да се врати на граѓаните и тие да одлучат за тоа кој треба да ги претставува - порача Елмедин Мемиши за „Слободен печат“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vecherva-kje-odluchuva-za-aktivnata-blokada-na-sobranieto-shto-ja-najavi-mickoski/ Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.

The post По ВМРО-ДПМНЕ, и БЕСА на Касами најави блокада на Собранието appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за активната блокада на Собранието што ја најави Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vecherva-kje-odluchuva-za-aktivnata-blokada-na-sobranieto-shto-ja-najavi-mickoski/ Wed, 04 May 2022 06:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=497222

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.

СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.

На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници.

ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bidejkji-kovachevski-nema-sluh-za-dijalog-i-soochuvanje-so-narodot-na-izbori-kje-predlozam-aktivna-blokada-na-sobranieto/

Ова доаѓа по вчерашната најава на лидерот Мицкоски како еден од начините да се натера власта да се организираат избори час поскоро

The post ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за активната блокада на Собранието што ја најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блокада на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори. СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори. На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници. ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bidejkji-kovachevski-nema-sluh-za-dijalog-i-soochuvanje-so-narodot-na-izbori-kje-predlozam-aktivna-blokada-na-sobranieto/ Ова доаѓа по вчерашната најава на лидерот Мицкоски како еден од начините да се натера власта да се организираат избори час поскоро

The post ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за активната блокада на Собранието што ја најави Мицкоски appeared first on Република.

]]>