блок тарифи Archives - Република https://republika.mk/tema/blok-tarifi/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 09:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png блок тарифи Archives - Република https://republika.mk/tema/blok-tarifi/ 32 32 Бислимоски: Блок тарифите даваат резултат, домаќинствата имале просечна заштеда на скапа струја од 16,32% https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-blok-tarifite-davaat-rezultat-domakjinstvata-imale-prosechna-zashteda-na-skapa-struja-od-16-32/ Sun, 04 Dec 2022 09:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=581579

Анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека откако се воведени блок тарифите, домаќинствата ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа за 16,32%.

Согласно податоците, просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа изнесувала 244 kWh, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.

Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот - кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври, вели Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh.

The post Бислимоски: Блок тарифите даваат резултат, домаќинствата имале просечна заштеда на скапа струја од 16,32% appeared first on Република.

]]>

Анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека откако се воведени блок тарифите, домаќинствата ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа за 16,32%. Согласно податоците, просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа изнесувала 244 kWh, што е за 16,32% помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.
Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот - кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври, вели Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh.

The post Бислимоски: Блок тарифите даваат резултат, домаќинствата имале просечна заштеда на скапа струја од 16,32% appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-mora-da-ispratime-signal-deka-tie-shto-troshat-mnogu-kje-si-plakjaat-povekje/ Thu, 30 Jun 2022 17:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=521772

Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе. Ние се доведовме во состојба, 17 потрошувачи да ни трошат 10 проценти од произведената електрична енергија, порача вечерва претседателот на Регулторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

На гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Бислимоски уште еднаш повтори дека кај над 98 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од само 7,4 проценти.

– Воведувањето на блокови важи само за скапата тарифа. Прво, имавме еден сет предлог на блок тарифи, но по дебатата, ги проширивме границите. Анализите покажуваат дека и становите кои се греат на инвертери, ќе влезат во вториот, малку во третиот блок. Ние сме свесни дека има граѓани надвор од Скопје кои се греат на струја. Поради тоа го зголемивме и вториот и третиот блок, нагласи Бислимоски.

Според Бислимоски, состојбата во енергетиката мора да се подобри и да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија.

– Проблемот со производството исплива на површина во годиниве на криза. Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, рече Бислимоски.

Според него, за да се зголеми енергетската независност на државата потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани.

– Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порача првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на парното греење, Бислимоски смета дека државата треба да го преземе работењето со парното. – Владата, колку што знам, е во преговори за обезбедување на гас со „Макпетрол“. Можно е природен гас и од други места, рече Бислимоски. бак/сп/

The post Бислимоски: Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе appeared first on Република.

]]>

Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе. Ние се доведовме во состојба, 17 потрошувачи да ни трошат 10 проценти од произведената електрична енергија, порача вечерва претседателот на Регулторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. На гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Бислимоски уште еднаш повтори дека кај над 98 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од само 7,4 проценти.
– Воведувањето на блокови важи само за скапата тарифа. Прво, имавме еден сет предлог на блок тарифи, но по дебатата, ги проширивме границите. Анализите покажуваат дека и становите кои се греат на инвертери, ќе влезат во вториот, малку во третиот блок. Ние сме свесни дека има граѓани надвор од Скопје кои се греат на струја. Поради тоа го зголемивме и вториот и третиот блок, нагласи Бислимоски.
Според Бислимоски, состојбата во енергетиката мора да се подобри и да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија.
– Проблемот со производството исплива на површина во годиниве на криза. Да произведуваме до пет илјади гигават часа на годишно ниво, енергетската криза полесно ќе ја поминевме. Мора сега да размислуваме за иднината, да се градат капацитети и да се обезбеди базна енергија, рече Бислимоски.
Според него, за да се зголеми енергетската независност на државата потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани.
– Кога ќе го снема јагленот, ние ќе ја изгубиме независноста. Нас, Сонцето ќе ни ја обезбеди независноста во иднина и мора да се градат гасни централи. Од 2006 година, ТЕЦ Неготино го чуваме како споменик, дури сега се стави во функција. Да се направеше на времето ТЕЦ Неготино на гас, ние ќе имавме еден одличен капацитет за базна енергија. Тоа се пропуштените шанси на политичарите кои мора да се надоместат, порача првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика.
Во однос на парното греење, Бислимоски смета дека државата треба да го преземе работењето со парното. – Владата, колку што знам, е во преговори за обезбедување на гас со „Макпетрол“. Можно е природен гас и од други места, рече Бислимоски. бак/сп/

The post Бислимоски: Мора да испратиме сигнал дека тие што трошат многу, ќе си плаќаат повеќе appeared first on Република.

]]>
Ќе важат за домаќинствата и скапата тарифа: РКЕ наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач https://republika.mk/vesti/ekonomija/kje-vazat-za-domakjinstvata-i-skapata-tarifa-rke-narednata-nedela-kje-gi-definira-blokovite-za-noviot-tarifen-sistem-za-univerzalniot-snabduvach/ Mon, 20 Jun 2022 10:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=517566

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е при крај со анализите и во текот на наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија, информира денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Со сигурност од сега можам да кажам дека блоковите ќе бидат зголемени, а конкретно за колку, ќе информираме во текот на следната недела - рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека блок тарифите ќе важат исклучиво за домаќинствата и ќе се однесуваат за високата дневна тарифа, односно за скапата струја.

Анализите ги правиме пред се кај вториот и третиот блок и особено нивните граници ќе бидат повисоки од оние што беа презентирани во јавните расправи - прецизира Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ посочи дека поради злоупотребите што ги вршеле малите потрошувачи, кои се вратиле од слободниот на регулираниот пазар, направени се непланирани трошоци од 33 милиони евра за дополнителен увоз на електрична енергија, кои, како што рече, сериозно ќе ја оптоварат цената што ја плаќаат домаќинствата.

Затоа бараме начин како да се спречи ова некоректно однесување на одредени компании и општини во државата, бидејќи тоа ни прави сериозен притисок врз цената - потенцира Бислимоски.

Првично беше предвидено во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.

The post Ќе важат за домаќинствата и скапата тарифа: РКЕ наредната недела ќе ги дефинира блоковите за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач appeared first on Република.

АА со свој предлог за тарифирање на електричната енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/aa-so-svoj-predlog-za-tarifiranje-na-elektrichnata-energija/ Tue, 14 Jun 2022 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=514886

По објавувањето на презентацијата на нацртот за измени на тарифниот систем за универзалниот снабдувач од страна на РКЕ и експертите избрани од оваа институција, откако АА се запозна со истото и беа направени анализи од нејзината група експерти, денес пред јавноста Алијанса за Албанците излегува со конкретни предлози и анализи.

Првично како АА ја изразуваме нашата длабока огорченост кон РКЕ, зошто при презентацијата овој материјал од промените на тарифниот систем го нема на албански јазик. На официјалната веб-страница на оваа институција овој материјал е само на македонски јазик. Зошто сета оваа ароганција и непочитување на албанскиот јазик!?

Како што сме информирани, во управниот одбор на оваа институција има и Албанци. Прашуваме, во овој случај каде е гласот на овие во оваа институција, зошто дозволуваат такво игнорирање!? Тоа нека им служи на нивната совест!

Во ова излагање пред јавноста, денес најмногу ќе се задржиме на:

– категорија на потрошувачи 0,4 втор степен (индустриска категорија за малите бизниси)

– категорија на потрошувачка на јавно осветлување и

– категории на потрошувачка во среден напон.

Од тоа што е претставено во таа публикација на РКЕ за категоријата потрошувачи 0,4 втор степен, се гледа и се предлага како можност покрај високата тарифа за оваа категорија да се примени и ниската тарифа. За да биде појасно за јавноста, досега имаше само една висока тарифа и цената за kWh беше 11,42 денари, додека сега, врз основа на предложеното и задржувањето на соодносите „2 со 1" при утврдување на цената меѓу високата и ниската, цената во ниската тарифа треба да биде 5.705 денари. Во принцип, треба да се поддржи, но, на овој предлог од страна на АА се гледа со доза на сомнеж и загрижува фактот зошто токму сега се предлага оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи.

Примената на ниската тарифа за оваа категорија, знаејќи дека истата се применува секој ден од 22:00 до 7:00 часот, додека во недела во целиот временски период, нема да има реално влијание врз еснафите, занаетчиите и семејните бизниси, исто како и во времето кога би се применувала ниската тарифа нивната дејност (дуќани и работилници) се затворени, бидејќи истите активности во Управата за јавни приходи се претставени како работно време од 8 до 20 часот а во недела како слободен ден, па придобивката од примената на ниска такса за овој вид на активност ќе биде „нулта" (нула) ефект.

Дали за спроведување на оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи сте се согласиле и ги штитите интересите на некоја бизнис групација!?

Поточно, од овој предлог во оваа категорија, најголеми корисници ќе бидат продавниците за малопродажба на прехранбени производи на големи компании, ресторани, пекари, кафе барови и слично, кои имаат подолг распоред за вршење на дејноста и во распоредите кога ниската тарифа ќе се применува, енергијата што ја трошат бројните уреди кои се инсталирани и монтирани, како на п.р. фрижидери, клима уреди и други апарати кои трошат енергија, ќе се наплаќаат по повластена ниска тарифа.

Со овој предлог, вие како РКЕ и групата експерти избрани од вас, дали најавувате и дозволувате можно користење на правниот простор од страна на големите компании кои дел од својот бизнис ќе го префрлат во снабдување со електрична енергија од снабдувач на слободен пазар во универзален снабдувач?

Но, токму во своите јавни настапи, претседателот на РКЕ се пожали, се трудеше и се обидуваше да не убеди дека токму овие големи компании кои ги користат законските простори и формираат нови фирми и дел од бизнисот приклучен на среден напон и успеваат да се снабдува со енергија од снабдувачот на слободниот пазар до универзалниот снабдувач, ќе бидат главните причини за евентуалното поскапување на електричната енергија. Сега истиот човек од позицијата претседател на РКЕ и групата експерти блиски до него повторно предлагаат мерки кадешто ефектите од користа од овие големи компании ќе бидат колосални. Овие изјави и предлози се многу контрадикторни и збунувачки. Тие навистина живеат во земја на чуда!

АА во овој момент, со цел да се одржат билансите и да имаат корист од оваа мерка сите потрошувачи поврзани во оваа категорија потрошувачи (0,4 втор степен), предлага и бара да аплицираат како досега само една наплатна такса, но, бидејќи финансиските конјунктури и објавените и презентирани пресметки оставаат простор за корекции на цените, предлагаме цената за kWh за оваа категорија од сегашната 11,42 денари да се намали на 9,35 денари.

Поконкретно, од објавената презентација може да се види дека просечната месечна потрошувачка на потрошувач од оваа категорија е 370 kWh.

За овој трошок со сегашните цени треба да платите 5.353,00 денари:

370 * 11,42 = 4,225,40

ДДВ 18% = 760,57

Осветлување на кафеана = 367,50

Вкупно 5.353,00

Додека со предлогот на АА ќе платите 4.450,00 денари:

370 * 9,35 = 3,459,50

ДДВ 18% = 622,71

Осветлување на кафеана = 367,50

Вкупно 4.450,00 денари.

Значи, бенефит за потрошувачите ќе има од предлогот на АА во износ од 903,00 денари или изразен во процент од 16,87%.

Бидејќи РКЕ не ги зема во предвид ниту еден од реалните и точни предлози на АА во однос на тарифниот систем на универзалниот снабдувач, ги покануваме засегнатите групи, деловните здруженија, еснафите и занаетчиите како и стопанските комори да ни се придружат во оваа иницијатива која е во корист на секој потрошувач поврзан со оваа категорија на потрошувачи.

Во однос на категоријата на потрошувачи „јавно осветлување" и за оваа категорија од страна на РКЕ се гледа како можност за примена на ниска тарифа за наплата, покрај онаа за висока тарифа.

Но, зошто овие предлози на РКЕ се толку цинични и арогантни, а понекогаш дури и одвратни?

Сега веќе е познато дека врз основа на критериумите поставени од Владата на РСМ, речиси над 95% од единиците на локалната самоуправа (општините) ги исполниле условите да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот, а не на универзалниот, и се поставува прашањето- кому ќе му служи и каков ефект има овој предлог на РКЕ врз општините? Нулта ефект!

Ова е крајно потсмев и презир на РКЕ кон локалната власт.

Ако оваа Влада и оваа РКЕ навистина сакаат да помогнат и да им излезат на пресрет на единиците на локалната самоуправа, тогаш нека го разгледаат предлогот на АА и да го тргнеме од употреба тој фамозен критериум (50 вработени и 2 милиони евра обрт) и да им се овозможи на општините да се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач, барем за делот на јавното осветлување, а не за административните згради.

Од информациите со кои располагаме, над 95% од единиците на локалната самоуправа се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на либералниот пазар кадешто моменталната цена е над 100% до 150% повисока од онаа што ја нуди универзалниот снабдувач, додека има и општини кои се снабдуваат од добавувачот во краен случај каде што цената е речиси 200% повисока од онаа што ја нуди универзалниот добавувач.

Затоа, за оваа точка ги покануваме единиците на локалната самоуправа (општините) да го поддржат овој предлог на АА.

Додека пак, за делот на потрошувачите со мерење во среден напон, во некои случаи и изјави АА предложи сите потрошувачи приклучени во категориите на овој напон да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот пазар и на никаков начин да не им се дозволи да бидат снабдени со електрична енергија од универзалниот снабдувач.

Од една страна со презентираните предлози РКЕ вели дека истите се за целосна либерализација на пазарот за снабдување со електрична енергија за сите категории потрошувачи, но од друга страна и по 8 години од отворањето на оваа можност во РСМ се уште има места на корисници каде што мерните места за потрошувачка на електрична енергија се приклучени на среден напон и се снабдуваат со електрична енергија од универзалниот снабдувач.

Во наредните денови ќе имаме и други обраќања поврзани со електричната енергија. Ги уверуваме потрошувачите дека групата експерти на АА со посебно внимание ги следи овие случувања и дека во догледно време ќе излезе со конкретни предлози.

Алијанса за Албанците (АА), прес-конференција на Елми Азири

The post АА со свој предлог за тарифирање на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

По објавувањето на презентацијата на нацртот за измени на тарифниот систем за универзалниот снабдувач од страна на РКЕ и експертите избрани од оваа институција, откако АА се запозна со истото и беа направени анализи од нејзината група експерти, денес пред јавноста Алијанса за Албанците излегува со конкретни предлози и анализи. Првично како АА ја изразуваме нашата длабока огорченост кон РКЕ, зошто при презентацијата овој материјал од промените на тарифниот систем го нема на албански јазик. На официјалната веб-страница на оваа институција овој материјал е само на македонски јазик. Зошто сета оваа ароганција и непочитување на албанскиот јазик!? Како што сме информирани, во управниот одбор на оваа институција има и Албанци. Прашуваме, во овој случај каде е гласот на овие во оваа институција, зошто дозволуваат такво игнорирање!? Тоа нека им служи на нивната совест! Во ова излагање пред јавноста, денес најмногу ќе се задржиме на: – категорија на потрошувачи 0,4 втор степен (индустриска категорија за малите бизниси) – категорија на потрошувачка на јавно осветлување и – категории на потрошувачка во среден напон. Од тоа што е претставено во таа публикација на РКЕ за категоријата потрошувачи 0,4 втор степен, се гледа и се предлага како можност покрај високата тарифа за оваа категорија да се примени и ниската тарифа. За да биде појасно за јавноста, досега имаше само една висока тарифа и цената за kWh беше 11,42 денари, додека сега, врз основа на предложеното и задржувањето на соодносите „2 со 1" при утврдување на цената меѓу високата и ниската, цената во ниската тарифа треба да биде 5.705 денари. Во принцип, треба да се поддржи, но, на овој предлог од страна на АА се гледа со доза на сомнеж и загрижува фактот зошто токму сега се предлага оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи. Примената на ниската тарифа за оваа категорија, знаејќи дека истата се применува секој ден од 22:00 до 7:00 часот, додека во недела во целиот временски период, нема да има реално влијание врз еснафите, занаетчиите и семејните бизниси, исто како и во времето кога би се применувала ниската тарифа нивната дејност (дуќани и работилници) се затворени, бидејќи истите активности во Управата за јавни приходи се претставени како работно време од 8 до 20 часот а во недела како слободен ден, па придобивката од примената на ниска такса за овој вид на активност ќе биде „нулта" (нула) ефект. Дали за спроведување на оваа ниска тарифа за оваа категорија на потрошувачи сте се согласиле и ги штитите интересите на некоја бизнис групација!? Поточно, од овој предлог во оваа категорија, најголеми корисници ќе бидат продавниците за малопродажба на прехранбени производи на големи компании, ресторани, пекари, кафе барови и слично, кои имаат подолг распоред за вршење на дејноста и во распоредите кога ниската тарифа ќе се применува, енергијата што ја трошат бројните уреди кои се инсталирани и монтирани, како на п.р. фрижидери, клима уреди и други апарати кои трошат енергија, ќе се наплаќаат по повластена ниска тарифа. Со овој предлог, вие како РКЕ и групата експерти избрани од вас, дали најавувате и дозволувате можно користење на правниот простор од страна на големите компании кои дел од својот бизнис ќе го префрлат во снабдување со електрична енергија од снабдувач на слободен пазар во универзален снабдувач? Но, токму во своите јавни настапи, претседателот на РКЕ се пожали, се трудеше и се обидуваше да не убеди дека токму овие големи компании кои ги користат законските простори и формираат нови фирми и дел од бизнисот приклучен на среден напон и успеваат да се снабдува со енергија од снабдувачот на слободниот пазар до универзалниот снабдувач, ќе бидат главните причини за евентуалното поскапување на електричната енергија. Сега истиот човек од позицијата претседател на РКЕ и групата експерти блиски до него повторно предлагаат мерки кадешто ефектите од користа од овие големи компании ќе бидат колосални. Овие изјави и предлози се многу контрадикторни и збунувачки. Тие навистина живеат во земја на чуда! АА во овој момент, со цел да се одржат билансите и да имаат корист од оваа мерка сите потрошувачи поврзани во оваа категорија потрошувачи (0,4 втор степен), предлага и бара да аплицираат како досега само една наплатна такса, но, бидејќи финансиските конјунктури и објавените и презентирани пресметки оставаат простор за корекции на цените, предлагаме цената за kWh за оваа категорија од сегашната 11,42 денари да се намали на 9,35 денари. Поконкретно, од објавената презентација може да се види дека просечната месечна потрошувачка на потрошувач од оваа категорија е 370 kWh. За овој трошок со сегашните цени треба да платите 5.353,00 денари: 370 * 11,42 = 4,225,40 ДДВ 18% = 760,57 Осветлување на кафеана = 367,50 Вкупно 5.353,00 Додека со предлогот на АА ќе платите 4.450,00 денари: 370 * 9,35 = 3,459,50 ДДВ 18% = 622,71 Осветлување на кафеана = 367,50 Вкупно 4.450,00 денари. Значи, бенефит за потрошувачите ќе има од предлогот на АА во износ од 903,00 денари или изразен во процент од 16,87%. Бидејќи РКЕ не ги зема во предвид ниту еден од реалните и точни предлози на АА во однос на тарифниот систем на универзалниот снабдувач, ги покануваме засегнатите групи, деловните здруженија, еснафите и занаетчиите како и стопанските комори да ни се придружат во оваа иницијатива која е во корист на секој потрошувач поврзан со оваа категорија на потрошувачи. Во однос на категоријата на потрошувачи „јавно осветлување" и за оваа категорија од страна на РКЕ се гледа како можност за примена на ниска тарифа за наплата, покрај онаа за висока тарифа. Но, зошто овие предлози на РКЕ се толку цинични и арогантни, а понекогаш дури и одвратни? Сега веќе е познато дека врз основа на критериумите поставени од Владата на РСМ, речиси над 95% од единиците на локалната самоуправа (општините) ги исполниле условите да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот, а не на универзалниот, и се поставува прашањето- кому ќе му служи и каков ефект има овој предлог на РКЕ врз општините? Нулта ефект! Ова е крајно потсмев и презир на РКЕ кон локалната власт. Ако оваа Влада и оваа РКЕ навистина сакаат да помогнат и да им излезат на пресрет на единиците на локалната самоуправа, тогаш нека го разгледаат предлогот на АА и да го тргнеме од употреба тој фамозен критериум (50 вработени и 2 милиони евра обрт) и да им се овозможи на општините да се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач, барем за делот на јавното осветлување, а не за административните згради. Од информациите со кои располагаме, над 95% од единиците на локалната самоуправа се снабдуваат со електрична енергија од снабдувачот на либералниот пазар кадешто моменталната цена е над 100% до 150% повисока од онаа што ја нуди универзалниот снабдувач, додека има и општини кои се снабдуваат од добавувачот во краен случај каде што цената е речиси 200% повисока од онаа што ја нуди универзалниот добавувач. Затоа, за оваа точка ги покануваме единиците на локалната самоуправа (општините) да го поддржат овој предлог на АА. Додека пак, за делот на потрошувачите со мерење во среден напон, во некои случаи и изјави АА предложи сите потрошувачи приклучени во категориите на овој напон да се снабдуваат со електрична енергија само на либералниот пазар и на никаков начин да не им се дозволи да бидат снабдени со електрична енергија од универзалниот снабдувач. Од една страна со презентираните предлози РКЕ вели дека истите се за целосна либерализација на пазарот за снабдување со електрична енергија за сите категории потрошувачи, но од друга страна и по 8 години од отворањето на оваа можност во РСМ се уште има места на корисници каде што мерните места за потрошувачка на електрична енергија се приклучени на среден напон и се снабдуваат со електрична енергија од универзалниот снабдувач. Во наредните денови ќе имаме и други обраќања поврзани со електричната енергија. Ги уверуваме потрошувачите дека групата експерти на АА со посебно внимание ги следи овие случувања и дека во догледно време ќе излезе со конкретни предлози. Алијанса за Албанците (АА), прес-конференција на Елми Азири

The post АА со свој предлог за тарифирање на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/izmenite-na-tarifniot-sistem-od-slednata-nedela-vo-megjuvreme-presmetuvajte-kolku-kje-plakjate-za-struja/ Mon, 13 Jun 2022 12:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=514567

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.

Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.

-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/

Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно.

Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.

-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на наредната недела ќе одржи уште една јавна дебата за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач по што ќе ги дефинира рамките на опсегот на четирите блок тарифи за високата дневна тарифа на електричната енергија и ќе се донесат измените на тарифниот систем, најави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
-Остануваме отворени за сите забелешки и сугестии кои може единствено да одат само во насока на зголемување на опсегот на блоковите, а не на намалување. Во текот на наредната недела ќе се одржи уште една јавна дебата по што ќе се донесе одлуката за промена на тарифниот систем, а потоа и одлуката за новата цена на електричната енергија што ќе важи од 1 јули,  рече Бислимоски на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.
Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.
-Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува кава е разликата, истакна Бислимоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-kalkularot-za-struja-presmetajte-kolku-kje-plakjate-so-novite-tarifi/ Професорот Талески посочи дека во забелешките се бара значително промена на границите на блоковите и додаде дека со постојниот модел со четири блока нема да се зголемат сметките за потрошувачите што трошат до 850 киловат часови струја месечно. Како што истакна согласно пресметките на Машински факултет за загревање на просечен стан од 60 квадратни метри по сезона просечно се потребни 6.500 киловат часови електрична енергија доколку се грее со термо печка или греалки, ако е на колективна топлинска пумпа околу 2.150 киловат часови, а со инвертер клима околу 2.400 киловат часови.
-При тоа потрошувачката не е исто распоредена во сите месеци, туку е најголема во декември, јануари и февруари кога потрошувачите согласно сегашниот модел би биле во втората и делумно би влегле во третата блок тарифа. Доколку се во првата блок тарифа би плаќале пониски сметки отколку по постојниот тарифен систем, ако се во втората речиси исти, а во третата и четвртата повисоки, посочи Талески.

The post Измените на тарифниот систем од следната недела, во меѓувреме пресметувајте колку ќе плаќате за струја appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-celosno-ja-podrzuvam-odlukata-na-rke-da-odi-so-nov-model-za-utvrduvanje-na-cenata-na-strujata/ Thu, 09 Jun 2022 20:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=513365

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата.

Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била околу 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно со Законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна во 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но, со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме ЕСМ да преземе обврска целосните потреби на домаќинствата да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 осто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро, а останатите ќе беа по пазарни цени, а тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече бектеши.

The post Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши е убеден дека РКЕ ќе се одлучи за најдобриот модел за утврдување на цената на електричната енергија. Вели дека сегашниот модел е неодржлив затоа што дури 80 проценти од потрошувачката на електрична енергија се субвенционира од страна на државата. Два пати годишно, согласно постоечката методологија, владата носи одлука за цената на ЕСМ која ќе биде понудена на универзалниот снабдувач, во нашиот случај ЕВН. Ако просечната цена во првите 6 месеци била околу 200 евра, нашата претходната одлука за првите 6 месеци од 2021 година беше 41 евро, што е само 20 посто од вкупната цена која е на пазарот. Согласно со Законот за енергетика ние сме одлучиле постепено да одиме кон либерализација на пазарот за електрична енергија во утврдување на цените, и тоа почна во 2019 година. Оваа година обврска на ЕСМ не беше 100 проценти да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач, беше 65 посто. Но, со одлука на владата за да нема зоглемување на цената ние одлучивме ЕСМ да преземе обврска целосните потреби на домаќинствата да ги покрива со цена која е 41 евро. Ако не беше таа одлука што ќе се случеше? 60 осто од целосната потрошувачка во државата ќе беше по 41 евро, а останатите ќе беа по пазарни цени, а тие 40 посто ќе имаа големо влијание врз утврдувањето на цената од страна на РКЕ, рече бектеши.
 
The post Бектеши: Целосно ја подржувам одлуката на РКЕ да оди со нов модел за утврдување на цената на струјата appeared first on Република.

]]>
РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-kje-gi-razgelda-site-predlozi-za-noviot-tarifen-sistem-za-univerzalniot-snabduvach/ Thu, 09 Jun 2022 18:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=513283

Се уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите.

Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.

Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.

Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.

Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.

Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89, прецизира Талевски.

Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно.

Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа, односно скапа и евтина струја.

Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата.

Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

The post РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>

Се уште не е дефиниран бројот на блок тарифите и прагот за потрошувачка на секоја од блок тарифите во високата потрошувачка на електрична енергија, а Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е отворена за сите забелешки што ќе стигнат за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач. Сите дилеми во однос на скалестото тарифирање ќе се земат предвид во анализите. Ова беше порачано на втората јавна трибина за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач што денеска се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во организација на Асоцијацијата на инженери и техничари МАКО СИГРЕ, здружение кое повеќе од 20 години делува на полето на електроенергетиката.
Моделот со четири блок тарифи дава математички најдобри резултати, односно колку е можно повеќе домаќинства да имаат намалени трошоци за електрична енергија споредено со оваа одлука и покажува дека 87 проценти во зима и 92 проценти во лето би имале помали сметки. Концептот со четири блока е избран дека сега за сега дава најдобри резултати, но доколку се покаже или докаже дека подобри резултати ќе има со погоре или подолу еден блок не е спорно и од аспект на имплементација нема да има никаков проблем, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Најави дека ќе продолжат јавните дебати, доколку е потребно, за секој да го каже своето мислење.
Секоја забелешка и од граѓани и од стручни лица ќе биде разгледана. Сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање ќе се земат во предвид во анализите, нагласи Бислимоски.
Професорот Рубин Талевски од ФЕИТ повтори дека најголем дел од домаќинствата месечно трошат од 300 до 700 киловат часови електрична енергија во зимскиот период, а нешто помалку во летниот период, а само еден процент трошат повеќе од 3.000 киловат часови. Притоа со новиот вид на тарифирање, како што додаде, 93 отсто од потрошувачите ќе бидат во првата и втората блок тарифа, односно трошат до 210 или од 211 до 420 киловат часови електрична енергија и за нив струјата ќе биде поевтина или во рамки на сегашната цена. Во третиот блок со потрошувачка од 521 до 630 киловат часови се 4 отсто од домаќинствата, а во четвртиот со потрошувачка од над 630 киловат часови електрична енергија се 3 отсто од потрошувачите. За нив цената ќе биде повисока.
Доколку се земе цената на електричната енергија во ниска тарифа да е еден во првиот блок во висока тарифа би била 1,11, во вториот блок во висока тарифа би изнесувала 1,7, во третиот блок 2,3, а во четвртиот блок цената во висока тарифа би била 2,89, прецизира Талевски.
Пресметковниот период би бил 30 дена што, како што рече, покажува дека во првиот блок просечната дневна потрошувачка во висока тарифа – скапа струја, би била 7 киловат часови, во вториот блок 14, во третиот 21 и во четвртиот над 21 киловат час дневно. Како што истакна Талевски, од понеделник на веб страницата на РКЕ ќе биде достапен веб калкулатор на кој граѓаните ќе можат да пресметаат колку ќе им биде сметката доколку внесат колку киловати електрична енергија потрошиле во ниската и високата тарифа, односно скапа и евтина струја. Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање, како што велат од РКЕ, ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена. Блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена.

The post РКЕ ќе ги разгледа сите предлози за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-dali-so-blok-tarifite-na-regulatorot-sledi-energetsko-cunami-za-makedonskiot-narod/ Tue, 07 Jun 2022 11:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=512183

Математиката е егзактна наука. Еден плус еден се два, два и два се четири и тоа важи во целиот свет, но не за Бислимоски. И не секогаш во Македонија, особено кога со математика и бројки се занимава картелот од Муртино во спрега со тандемот Ковачевски неговите министри и сопартиjци. Како поинаку да се толкува веселава математика и циркузијада која ја припреми вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?! Велат во Фејсбук статус од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако се направи мала анализа на таа нивна ‘ШАМПИОНСКА’ математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Па така ако почнеме од временскиот период на читање на броилата 35 дена, Бислимоски со тајфата во улога на „перачи на мозоци“ велат дека годишно ќе добивате помалку од 10,5 сметки односно ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Со калкулатор, хартија и молив, ќе пресметате колку сметки би добиле годишно. Веселата математика околу поскапувањето на електричната енергија и нивните прогнози вели дека струјата ќе била иста или за некои домаќинства и поевтина, но праксата покажува дека тие секогаш се што прогнозирале – промашиле. Па уште и фалбите дека со раздвојување на сметките за дистрибуција и снабдување ќе сме почнеле целосно да го либерализираме пазарот на електрична енергија. Всушност и блок тарифите и раздвојувањето на сметките е трик на Бислимоски, за да не може прецизно да се дефинира процентот на зголемување на електричната енергија од јули 2022 година. А, сигурно ќе биде не помалку од 30 %! „Шампионите“ во енергетиката само пред три години проектираа дека електричната енергија не би надминала 60 еур/MWh до 2040 година, наспроти предвидувањата на цела Енергетска заедница за енормен раст и недостаток на ресурси, за денес да имаме цени од 300 еур/MWh. Можеме да сфатиме кога толкава грешка направиле самонаречените стручњаци на СДС во документот кој го нарекуваа Енергетска Стратегија. Какво цунами ќе предизвика ова поскапување со разорено и уништено домашно производство, со поплавени рудници, со уништени багери и со неодржувани термоелектрани во РЕК Битола. Додека сите енергетски компании во светот бројат милионски профити, неспособноста на СДС и шампионскиот тим од енергетиката ги доведоа сите домашни енергетски компании на раб на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот за само неколку месеци од оваа година, живееме на кредити. Последниот удар на граѓаните на Македонија ќе им го зададе „цунамито“ наречено РКЕ и Бислимоски, во спрега со Владата преку т.н. блок тарифи за електрична енергија, истакнуваат од таму.

Посебно ќе биде тешко за оние домаќинства кои се греат на струја, а тоа мора да го прават на струја бидејќи во најголем дел од Македонија нема друг начин за греење. Е, тогаш најдобро ќе се почувствува цунамито на Бислимоски, додаваат од таму.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! appeared first on Република.

]]>

Математиката е егзактна наука. Еден плус еден се два, два и два се четири и тоа важи во целиот свет, но не за Бислимоски. И не секогаш во Македонија, особено кога со математика и бројки се занимава картелот од Муртино во спрега со тандемот Ковачевски неговите министри и сопартиjци. Како поинаку да се толкува веселава математика и циркузијада која ја припреми вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?! Велат во Фејсбук статус од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ. -Ако се направи мала анализа на таа нивна ‘ШАМПИОНСКА’ математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Па така ако почнеме од временскиот период на читање на броилата 35 дена, Бислимоски со тајфата во улога на „перачи на мозоци“ велат дека годишно ќе добивате помалку од 10,5 сметки односно ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Со калкулатор, хартија и молив, ќе пресметате колку сметки би добиле годишно. Веселата математика околу поскапувањето на електричната енергија и нивните прогнози вели дека струјата ќе била иста или за некои домаќинства и поевтина, но праксата покажува дека тие секогаш се што прогнозирале – промашиле. Па уште и фалбите дека со раздвојување на сметките за дистрибуција и снабдување ќе сме почнеле целосно да го либерализираме пазарот на електрична енергија. Всушност и блок тарифите и раздвојувањето на сметките е трик на Бислимоски, за да не може прецизно да се дефинира процентот на зголемување на електричната енергија од јули 2022 година. А, сигурно ќе биде не помалку од 30 %! „Шампионите“ во енергетиката само пред три години проектираа дека електричната енергија не би надминала 60 еур/MWh до 2040 година, наспроти предвидувањата на цела Енергетска заедница за енормен раст и недостаток на ресурси, за денес да имаме цени од 300 еур/MWh. Можеме да сфатиме кога толкава грешка направиле самонаречените стручњаци на СДС во документот кој го нарекуваа Енергетска Стратегија. Какво цунами ќе предизвика ова поскапување со разорено и уништено домашно производство, со поплавени рудници, со уништени багери и со неодржувани термоелектрани во РЕК Битола. Додека сите енергетски компании во светот бројат милионски профити, неспособноста на СДС и шампионскиот тим од енергетиката ги доведоа сите домашни енергетски компании на раб на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот за само неколку месеци од оваа година, живееме на кредити. Последниот удар на граѓаните на Македонија ќе им го зададе „цунамито“ наречено РКЕ и Бислимоски, во спрега со Владата преку т.н. блок тарифи за електрична енергија, истакнуваат од таму. Посебно ќе биде тешко за оние домаќинства кои се греат на струја, а тоа мора да го прават на струја бидејќи во најголем дел од Македонија нема друг начин за греење. Е, тогаш најдобро ќе се почувствува цунамито на Бислимоски, додаваат од таму.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! appeared first on Република.

]]>
Бислимовски најави реформа на плаќањето за струја: Ќе има рзлични тарифи за просечните и големите потрошувачи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-najavi-reforma-na-plakjanjeto-za-struja-kje-ima-rzlichni-tarifi-za-prosechnite-i-golemite-potroshuvachi/ Fri, 29 Apr 2022 06:49:11 +0000 https://republika.mk/?p=495035

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи.

Како што информираат од РКЕ, професорите ќе учествуваат и во анализата потребна за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во поедини блок тарифи. Целта на реформата на тарифниот систем за електрична енергија е да овозможи фер цена за сите потрошувачи, и во исто време да поттикне рационално користење на електричната енергија.

Како што најавивме, ќе ги вклучиме сите релевантни чинители во реформата на тарифниот систем за електрична енергија. Анализите и податоците кои ќе ги добиеме ќе бидат основа за реформата да биде правична и ќе гарантира заштита на потрошувачите кои рационално користат електрична енергија - изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Тој додаде дека веќе споделиле оти првичните податоци од анализите кои ги имаат укажуваат на тоа дека има неекономично трошење на електрична енергија во време на енергетска криза од мал број на потрошувачи. Како што посочи Бислимовски, освен што има греење на надворешни и внатрешни базени, податоците покажуваат дека 17 домаќинства на годишно ниво трошат 10 отсто од годишната потрошувачка на електричната енергија на домаќинствата.

Во оваа реформа посебен акцент ќе се стави на редовното читање на броилата на потрошувачите со цел потрошувачите да бидат соодветно распределени во блок тарифите. Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од останатите земји каде се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи. Потрошувачите кои користат енормно поголеми количини на електрична енергија ќе плаќаат реална цена - посочи Бислимоски.

The post Бислимовски најави реформа на плаќањето за струја: Ќе има рзлични тарифи за просечните и големите потрошувачи appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет од Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Како што информираат од РКЕ, професорите ќе учествуваат и во анализата потребна за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во поедини блок тарифи. Целта на реформата на тарифниот систем за електрична енергија е да овозможи фер цена за сите потрошувачи, и во исто време да поттикне рационално користење на електричната енергија.