битка Archives - Република https://republika.mk/tema/bitka/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 21:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png битка Archives - Република https://republika.mk/tema/bitka/ 32 32 Царината и БЈБ ќе ја засилат соработката во борба со организираниот криминал https://republika.mk/vesti/makedonija/tsarinata-i-bjb-ke-ja-zasilat-sorabotkata-vo-borba-so-organiziraniot-kriminal/ Mon, 22 Jul 2024 21:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=799347

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски остварил работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, на која ја потенцирале својата посветеност во заедничка борба со организираниот криминал и корупцијата, како и за безбедност на граничните премини.

Како што соопшти Царинската управа, тоа ќе бидат главните постулати на соработката помеѓу Царинската управа и македонската полиција.

На средбата беше договорено во периодот кој следува да се интензивира соработката на оперативно ниво со дефинирање контакт точки помеѓу двете служби со цел спроведување успешни заеднички акции. Истакната беше потребата од заеднички пристап во надградбата на електронските системи и размената на податоци помеѓу двете институции, како и можностите за системско поврзување на системот за видеонадзор и препознавање регистарски таблички на граничните премини, што за цел ќе овозможи побрз проток на патници и стоки на границите, а воедно ќе овозможи поефикасни контроли и секако подобри резултати во откривачките функции на институциите, наведува Царинската управа.

Директорот на БЈБ, Јанев, изразил подготвеност за размена на искуства, знаење и најдобри практики за успешно функционирање на неодамна формираниот сектор во Царинската управа за посебни истражни мерки.

Двете служби ќе соработуваат за воспоставување системско решение за континуирано идентификување и спроведување заеднички обуки, кои ќе вклучат развој на превентивни мерки за намалување на криминалот, криумчарење и нелегална трговија, потенцирал Јанев.

Николовски истакнал дека ќе работат заедно на дефинирање на точките на заедничко делување, но и разграничување на надлежностите на двете служби.

При што ќе се овозможи хомогено дејствување и подобри заеднички резултати во интерес на безбедноста на граѓаните и поддршка на легалната трговија, истакна директоротна Царинската управа.

The post Царината и БЈБ ќе ја засилат соработката во борба со организираниот криминал appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски остварил работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, на која ја потенцирале својата посветеност во заедничка борба со организираниот криминал и корупцијата, како и за безбедност на граничните премини. Како што соопшти Царинската управа, тоа ќе бидат главните постулати на соработката помеѓу Царинската управа и македонската полиција.
На средбата беше договорено во периодот кој следува да се интензивира соработката на оперативно ниво со дефинирање контакт точки помеѓу двете служби со цел спроведување успешни заеднички акции. Истакната беше потребата од заеднички пристап во надградбата на електронските системи и размената на податоци помеѓу двете институции, како и можностите за системско поврзување на системот за видеонадзор и препознавање регистарски таблички на граничните премини, што за цел ќе овозможи побрз проток на патници и стоки на границите, а воедно ќе овозможи поефикасни контроли и секако подобри резултати во откривачките функции на институциите, наведува Царинската управа.
Директорот на БЈБ, Јанев, изразил подготвеност за размена на искуства, знаење и најдобри практики за успешно функционирање на неодамна формираниот сектор во Царинската управа за посебни истражни мерки.
Двете служби ќе соработуваат за воспоставување системско решение за континуирано идентификување и спроведување заеднички обуки, кои ќе вклучат развој на превентивни мерки за намалување на криминалот, криумчарење и нелегална трговија, потенцирал Јанев.
Николовски истакнал дека ќе работат заедно на дефинирање на точките на заедничко делување, но и разграничување на надлежностите на двете служби.
При што ќе се овозможи хомогено дејствување и подобри заеднички резултати во интерес на безбедноста на граѓаните и поддршка на легалната трговија, истакна директоротна Царинската управа.
 
The post Царината и БЈБ ќе ја засилат соработката во борба со организираниот криминал appeared first on Република.

]]>
Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-ke-ima-bel-i-polubel-leb-od-33-denari-odlukite-na-vladata-mesechno-ni-pravat-shteta-preku-1-5-milioni-evra-ke-se-zhalime-velat-pekarite/ Fri, 03 Mar 2023 12:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=615571

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра.

Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, потенцира Малишиќ.

Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

The post Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите appeared first on Република.

]]>

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот. Како што изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко пекарската индустрија Горан Малишиќ, компаниите максимално ги почитувале мерките за поддршка, а Владата донела неуставна и незаконска одлука со која до 31 мај ќе им нанесе штета од над 4,5 милиони евра.
Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните, потенцира Малишиќ.
Тој оцени дека Владата воопшто нема чувство за новонастанатата ситуација, и како што рече, уништува една од основните индустрии во земјата.

The post Од утре ќе има бел и полубел леб од 33 денари, одлуките на Владата месечно ни прават штета преку 1,5 милиони евра, ќе се жалиме, велат пекарите appeared first on Република.

]]>
Снимена пресметка на првата линија на фронтот: Руските сили го запреле украинскиот пробив, најмалку 20 загинати Украинци https://republika.mk/vesti/svet/snimena-presmetka-na-prvata-linija-na-frontot-ruskite-sili-go-zaprele-ukrainskiot-probiv-najmalku-20-zaginati-ukrainci/ Sun, 28 Aug 2022 19:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=545042

Руското министерство за одбрана објави видео на кое се гледаат единици на руски падобранци кои спречиле обид на украинската армија да се пробие фронтот на потегот Миколаев-Кривој Рог.

Украинските националистички единици се обидоа да се пробијат на рутата Миколаев-Кривој Рог со помош на моторизирани пешадиски единици поддржани од борбени возила на пешадијата, но беа спречени од руски падобранци.

Во битката беа употребени тешки митралези, противтенковски ракетни системи, фрлачи на гранати, артилерија, стандардно вооружување на воздушни борбени возила и мало вооружување - се вели во соопштението на руското министерство.

Според руски извори, во борбата загинале повеќе од 20 припадници на вооружените сили на Украина, а уништени биле најмалку пет парчиња воена опрема.

The post Снимена пресметка на првата линија на фронтот: Руските сили го запреле украинскиот пробив, најмалку 20 загинати Украинци appeared first on Република.

]]>

Руското министерство за одбрана објави видео на кое се гледаат единици на руски падобранци кои спречиле обид на украинската армија да се пробие фронтот на потегот Миколаев-Кривој Рог.
Украинските националистички единици се обидоа да се пробијат на рутата Миколаев-Кривој Рог со помош на моторизирани пешадиски единици поддржани од борбени возила на пешадијата, но беа спречени од руски падобранци.   Во битката беа употребени тешки митралези, противтенковски ракетни системи, фрлачи на гранати, артилерија, стандардно вооружување на воздушни борбени возила и мало вооружување - се вели во соопштението на руското министерство.
Според руски извори, во борбата загинале повеќе од 20 припадници на вооружените сили на Украина, а уништени биле најмалку пет парчиња воена опрема.
 
The post Снимена пресметка на првата линија на фронтот: Руските сили го запреле украинскиот пробив, најмалку 20 загинати Украинци appeared first on Република.

]]>
Зеленски објави дека почна битката за Донбас https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-objavi-deka-pochna-bitkata-za-donbas/ Mon, 18 Apr 2022 21:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=490261

Русија ја започна својата долго најавувана, целосна офанзива за да ја преземе контролата врз источниот дел на Украина, објави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сега веќе можеме да констатираме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време, рече тој во видео обраќањето.

Зеленски рече дека „значаен дел од целата руска армија сега е концентриран на оваа офанзива“.

Неговите коментари следат по предупредувањата од други високи функционери дека Русија во понеделникот го започна својот долгоочекуван напад врз источниот регион.

Почна втората фаза од војната, рече шефот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски.

Забелешките на Андриј Јермак го повторија предупредувањето дадено од највисокиот безбедносен функционер на Украина дека Русија ја започна својата нова офанзива на исток во понеделникот наутро.

Обраќајќи им се на Украинците, Јермак напиша на апликацијата за пораки Телеграм.

Верувајте во нашата армија, таа е многу силна.

Донбас е претежно рускојазичното индустриско срце на Украина на исток, каде што сепаратистите поддржани од Москва се борат против украинските сили во последните осум години и прогласија две независни републики кои беа признати од Русија.

The post Зеленски објави дека почна битката за Донбас appeared first on Република.

]]>

Русија ја започна својата долго најавувана, целосна офанзива за да ја преземе контролата врз источниот дел на Украина, објави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сега веќе можеме да констатираме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време, рече тој во видео обраќањето.
Зеленски рече дека „значаен дел од целата руска армија сега е концентриран на оваа офанзива“. Неговите коментари следат по предупредувањата од други високи функционери дека Русија во понеделникот го започна својот долгоочекуван напад врз источниот регион.
Почна втората фаза од војната, рече шефот на кабинетот на украинскиот претседател Зеленски.
Забелешките на Андриј Јермак го повторија предупредувањето дадено од највисокиот безбедносен функционер на Украина дека Русија ја започна својата нова офанзива на исток во понеделникот наутро. Обраќајќи им се на Украинците, Јермак напиша на апликацијата за пораки Телеграм.
Верувајте во нашата армија, таа е многу силна.
Донбас е претежно рускојазичното индустриско срце на Украина на исток, каде што сепаратистите поддржани од Москва се борат против украинските сили во последните осум години и прогласија две независни републики кои беа признати од Русија.  

The post Зеленски објави дека почна битката за Донбас appeared first on Република.

]]>
Почнува „Битката на сите битки“: Британската тајна служба ги информирала Украинците кога руската војска тргнува во напад https://republika.mk/vesti/svet/pochnuva-bitkata-na-site-bitki-britanskata-tajna-sluzba-gi-informirala-ukraincite-koga-ruskata-vojska-trgnuva-vo-napad/ Mon, 11 Apr 2022 13:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=486835

Британската тајна служба МИ6 го известила воениот и државниот врв на Украина дека Русите ќе ја почнат „битката за Донбас“ меѓу 12 и 19 април. Според разузнавачкиот извештај, тоа ќе се случи веднаш штом Русите ќе концентрираат 90.000 војници западно од украинскиот „фронт на Донбас“.

Предупредувањето го пренел британскиот премиер Борис Џонсон, кој при кратката посета на Киев на Украинците им вети 120 тенкови и други оклопни возила.

Украинскиот Генералштаб објави дека Русија ги концентрира своите сили околу Харков и дека нападот на тој голем град може да почне истовремено со „битката на сите битки“ во Донбас.

https://republika.mk/vesti/svet/germanskata-armija-se-podgotvuva-za-evakuacija-na-povredeni-ukrainci/

Киевската пропаганда тврди дека украинската армија ќе влезе во битката со 90.000-100.000 војници и 10.000 единици тешко вооружување. Односно, со: 320 тенкови, 642 топови и хаубици, 640 повеќецевни ракетни фрлачи, 42 ловци, 45 напаѓачки авиони... Сепак, според независни проценки, Украинците имаат само четвртина од наведените борбени средства.

Како што сега стојат работите, до големата битка Мариупол, ќе биде целосно исчистен од остатоците на украинската војска и припадниците на полкот „Азов“. Тие се веќе потиснати од пристаништето во градот и се концентрирани на територијата на металуршкиот комбинат „Азовстал“. Меѓутоа, таму нема цивили, па руската армија може да користи најголеми калибри и пламенофрлачи.

https://republika.mk/vesti/svet/azov-ostaven-na-cedilo-zamenik-komandantot-gi-prozva-politicharite-koi-gi-podrzuvaa-a-sega-ne-krevaat-telefon/

Во меѓувреме, сè уште постои голема интрига: колку точно западни офицери и разузнавачи има меѓу опколените?

Постојат претпоставки дека ги има најмалку десетина и дека меѓу нив има и „високи чинови“.

https://republika.mk/vesti/svet/ruska-poraka-do-sad-vo-sirija-sokrivme-kogo-zarobivme-megju-teroristite-no-ovde-vo-mariupol-nema-da-molchime/

Индиректно, неколкуте неуспешни обиди на украинските сили за хеликоптерски десант за спасување, и обидот да го испратат украинскиот товарен брод „Апачи“ до опколените во Мариупол упатува на веројатност дека таквите информации се точни.

Капетанот на бродот се обидел да се пробие до Масриупол, но откако Русите со митралези пукале кон бродот тој застанал и руската војска го зазела.

https://republika.mk/vesti/svet/sprechen-obid-za-spasuvanje-na-vodachite-na-azov-od-more-zaplenet-brod-shto-se-sakal-da-ja-probie-blokadata/

The post Почнува „Битката на сите битки“: Британската тајна служба ги информирала Украинците кога руската војска тргнува во напад appeared first on Република.

]]>

Британската тајна служба МИ6 го известила воениот и државниот врв на Украина дека Русите ќе ја почнат „битката за Донбас“ меѓу 12 и 19 април. Според разузнавачкиот извештај, тоа ќе се случи веднаш штом Русите ќе концентрираат 90.000 војници западно од украинскиот „фронт на Донбас“. Предупредувањето го пренел британскиот премиер Борис Џонсон, кој при кратката посета на Киев на Украинците им вети 120 тенкови и други оклопни возила. Украинскиот Генералштаб објави дека Русија ги концентрира своите сили околу Харков и дека нападот на тој голем град може да почне истовремено со „битката на сите битки“ во Донбас. https://republika.mk/vesti/svet/germanskata-armija-se-podgotvuva-za-evakuacija-na-povredeni-ukrainci/ Киевската пропаганда тврди дека украинската армија ќе влезе во битката со 90.000-100.000 војници и 10.000 единици тешко вооружување. Односно, со: 320 тенкови, 642 топови и хаубици, 640 повеќецевни ракетни фрлачи, 42 ловци, 45 напаѓачки авиони... Сепак, според независни проценки, Украинците имаат само четвртина од наведените борбени средства. Како што сега стојат работите, до големата битка Мариупол, ќе биде целосно исчистен од остатоците на украинската војска и припадниците на полкот „Азов“. Тие се веќе потиснати од пристаништето во градот и се концентрирани на територијата на металуршкиот комбинат „Азовстал“. Меѓутоа, таму нема цивили, па руската армија може да користи најголеми калибри и пламенофрлачи. https://republika.mk/vesti/svet/azov-ostaven-na-cedilo-zamenik-komandantot-gi-prozva-politicharite-koi-gi-podrzuvaa-a-sega-ne-krevaat-telefon/ Во меѓувреме, сè уште постои голема интрига: колку точно западни офицери и разузнавачи има меѓу опколените? Постојат претпоставки дека ги има најмалку десетина и дека меѓу нив има и „високи чинови“. https://republika.mk/vesti/svet/ruska-poraka-do-sad-vo-sirija-sokrivme-kogo-zarobivme-megju-teroristite-no-ovde-vo-mariupol-nema-da-molchime/ Индиректно, неколкуте неуспешни обиди на украинските сили за хеликоптерски десант за спасување, и обидот да го испратат украинскиот товарен брод „Апачи“ до опколените во Мариупол упатува на веројатност дека таквите информации се точни. Капетанот на бродот се обидел да се пробие до Масриупол, но откако Русите со митралези пукале кон бродот тој застанал и руската војска го зазела. https://republika.mk/vesti/svet/sprechen-obid-za-spasuvanje-na-vodachite-na-azov-od-more-zaplenet-brod-shto-se-sakal-da-ja-probie-blokadata/

The post Почнува „Битката на сите битки“: Британската тајна служба ги информирала Украинците кога руската војска тргнува во напад appeared first on Република.

]]>
Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата, битката ја водев внатре https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-voopshto-ne-molchev-dodeka-bev-vo-vladata-bitkata-ja-vodev-vnatre/ Fri, 14 Jan 2022 19:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=444732

Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата.

Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, вели Димитров во вечерашното интервју за „360“ степени.

Во однос на изјавата дека нема доверба во шефот на дипломатијата Бујар Османи околу решавањето на спорот со Бугарија, Димитров рече дека неговата проценка се темели на лично сведоштво на искажани ставови во рамките и на внатрешната координација, но и преку информации што ги добивал од министри и амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

Од таму ми се елементите и оценката. Настапите во јавноста се една работа, тоа што се случува зад сцената е друга работа, посочува Димитров.

На прес-конференцијата пред два дена Димитров рече дека неговите ставови во преговорите со Бугарија во многу наврати биле спротивни од неговите колеги во Владата.

The post Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата, битката ја водев внатре appeared first on Република.