биолошки родители Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshki-roditeli/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 07:43:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биолошки родители Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshki-roditeli/ 32 32 Татко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп – Ана од Рума ги бара своите вистински родители и семејство https://republika.mk/zivot/semejstvo/tatko-studiral-vo-skopje-a-nea-ja-posvoile-vo-prilep-ana-od-ruma-gi-bara-svoite-vistinski-roditeli-i-semejstvo/ Wed, 13 Dec 2023 08:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=722416

Педесетгодишната Ана Пејиќ од Рума, Војводина преку социјалните мрежи бара било каква информација за нејзините биолошки родители, кои се труди да ги најде веќе 25 години.

Сакам да знам која сум и чија, дали сум оставена или украдена, вели таа, додавајќи дека никој во семејството не сака да ѝ каже.

Таа била посвоена во Прилеп, и тоа е сè што дознала од документите за посвојување, но кога направила ДНК анализа преку MyHeritage, од каде ја поврзале со прва братучетка од татковата страна. Таа му открила дека таткото на Ана во 70тите години студирал во Скопје. Се вика Суад Мохамед Манаа и живее во Дубаи, но не сакала да ја открива и неговата адреса.

Ве молам погледнете го овој човек, можеби некој ќе го препознае од факултет. Посебно луѓето кои живеат во Дубаи и оние кои студирале во Скопје. Ако во Македонија бил студент во 73-та, значи е роден околу 1950 година, вели Ана.

Таа апелира да се сподели овој нејзин пост, бидејќи интернетот е чудо и можеби некој ќе го препознае нејзиниот татко и би ја знаел девојката со која тој се забавувал во тоа време.

Мислам дека тие не знаат дека постојам. Татко ми нема виткана коса, па мојата веројатно е наследена од мајка ми. Ви благодарам добри луѓе на помошта, пишува таа.

The post Татко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп – Ана од Рума ги бара своите вистински родители и семејство appeared first on Република.

]]>

Потрага со среќен крај: Александар ја пронајде биолошката мајка https://republika.mk/zivot/semejstvo/potraga-so-srekjen-kraj-aleksandar-ja-pronajde-bioloshkata-majka/ Mon, 15 Aug 2022 07:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=540406

Добрица и Александар ја пронајдоа биолошката мајка на момчето. Набрзо откако прочитале на порталите, блиски луѓе на мајката стапиле во контакт со посвоителката Добрица, која со години живее во Германија и според објавените податоци дошле до заклучок дека се работи за истото дете кое пред 32 години било оставено во дом.

Ми се јавија блиски луѓе на биолошката мајка, кои веднаш според објавените податоци, односно според дата и место на раѓање, како и името Роберт кое на син ми му било дадено раѓање, знаеја за кого станува збор. Сите детали се совпаднаа, а она кое најмногу го израдува Александар е што дозна дека има полубрат, вели Добриза за Фокус, кој ја објави приказната.

https://republika.mk/zivot/semejstvo/dobrica-ja-bara-bioloshkata-majka-na-nejziniot-posvoen-sin-aleksandar-ima-pravo-da-gi-znae-barem-semejnite-bolesti/

Таа појаснува дека мајката на Александар по потекло е од Скопје. Била преселена во друг дел на градот сега, имала сопруг и син, но тие не знаеле дека таа родила машко бебе пред 32 години. Ги дознале и деталите за таткото, како и за многу други работи кои се случиле во минатото.

Преку нејзини блиски луѓе добивме контакт од неа и веќе ја контактиравме. Знам дека ова е комплицирана ситуација, не сакаме да и направиме проблеми со сопругот и чекаме одговор дали таа ќе се согласи на средба. Јас сум во Скопје моментално, Александар е во Берлин, тој е подготвен веднаш со првиот авион да дојде и да ја запознае.

Повеќе ТУКА

The post Потрага со среќен крај: Александар ја пронајде биолошката мајка appeared first on Република.

]]>

Добрица и Александар ја пронајдоа биолошката мајка на момчето. Набрзо откако прочитале на порталите, блиски луѓе на мајката стапиле во контакт со посвоителката Добрица, која со години живее во Германија и според објавените податоци дошле до заклучок дека се работи за истото дете кое пред 32 години било оставено во дом.
Ми се јавија блиски луѓе на биолошката мајка, кои веднаш според објавените податоци, односно според дата и место на раѓање, како и името Роберт кое на син ми му било дадено раѓање, знаеја за кого станува збор. Сите детали се совпаднаа, а она кое најмногу го израдува Александар е што дозна дека има полубрат, вели Добриза за Фокус, кој ја објави приказната.
https://republika.mk/zivot/semejstvo/dobrica-ja-bara-bioloshkata-majka-na-nejziniot-posvoen-sin-aleksandar-ima-pravo-da-gi-znae-barem-semejnite-bolesti/ Таа појаснува дека мајката на Александар по потекло е од Скопје. Била преселена во друг дел на градот сега, имала сопруг и син, но тие не знаеле дека таа родила машко бебе пред 32 години. Ги дознале и деталите за таткото, како и за многу други работи кои се случиле во минатото.
Преку нејзини блиски луѓе добивме контакт од неа и веќе ја контактиравме. Знам дека ова е комплицирана ситуација, не сакаме да и направиме проблеми со сопругот и чекаме одговор дали таа ќе се согласи на средба. Јас сум во Скопје моментално, Александар е во Берлин, тој е подготвен веднаш со првиот авион да дојде и да ја запознае.

Повеќе ТУКА

The post Потрага со среќен крај: Александар ја пронајде биолошката мајка appeared first on Република.

]]>
Добрица ја бара биолошката мајка на нејзиниот посвоен син: Александар има право да ги знае барем семејните болести https://republika.mk/zivot/semejstvo/dobrica-ja-bara-bioloshkata-majka-na-nejziniot-posvoen-sin-aleksandar-ima-pravo-da-gi-znae-barem-semejnite-bolesti/ Sat, 13 Aug 2022 15:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=539924

Седумдесетгодишната Добрица Силјановска, Македонка која живее во Германија, со години трага по биолошката мајка на нејзиниот посвоен син Александар. Нејзина желба е оваа приказна да заврши со среќен крај, да му се исполни желбата на син ѝ да си го дознае потеклото.

Добрица и Александар немаат намера да ѝ го уништат животот на жената која го родила пред 32 години и подготвени се нивната средба да ја држат во тајност, но сметаат дека човечки е Александар да дознае за своето потекло, кои семејни болести ги наследил и утре ќе им ги пренесе на своите деца, дали има браќа и сестри...

Според приказната што ја раскажува за Фокус, таа се преселила во Германија пред 50 години. Бидејќи не можела да се оствари како мајка, поднела документи во Тетово, но по подолго време ѝ се јавиле од Скопје.

Ми се јавија од Мајчин дом во Аеродром, Скопје, дека има момче на возраст од 11 месеци, кое можам да го посвојам. Александар е роден на 26 февруари 1989 година во Скопје, а ние го зедовме од Мајчин дом на 9 јануари 1990 година. Името кое таму му беше дадено беше Роберт. Немаше никакви лични предмети оставено со него, облека или пак некаква играчка, било што за спомен од мајката. Си однесовме наша облека, го облекоа и ни го дадоа, појаснува Добрица.

Вели дека од информациите со кои располага, единствено што знае е дека биолошката мајка на Александар била студентка, а татко му бил оженет човек. Не знае дали мајката е од Скопје или пак од внатрешноста на земјата, но она што од срце го посакува е да ја дознае вистината за корените на Александар.

Кога како дете го носев во болница во Берлин, поради разни детски болести, се случуваше да не можам да одговорам на лекарските прашања поврзани со наследни, односно генетски болести. Им појаснував на лекарите дека е посвоен и дека ништо не знам во врска со неговата генетика, бидејќи законите во Македонија се такви. Сега, кога Александар е веќе зрела личност и планира да оформи свое семејство, тој има право да ги знае тие податоци, кои секако ќе бидат важни и за неговите деца. Токму тоа е најголем проблем кога се посвојувањата во прашање, што се нема пристап барем до тие податоци. Друга приказна е и правото да се знае дали има сестри и браќа, еден ден овие деца можат да стапат во контакт, без да ја знаат вистината, без да знаат во каква крвна релација се. Затоа, мора да се направат промени на овие застарени правила во Македонија, секој има право да ја знае вистината за себе, вели Добрица.

Сите кои имаат податоци што би ѝ помогнале на оваа голема и храбра мајка, Добрица ги замолува да ѝ се јават на мобилниот број 076 825 808.

The post Добрица ја бара биолошката мајка на нејзиниот посвоен син: Александар има право да ги знае барем семејните болести appeared first on Република.

]]>

Седумдесетгодишната Добрица Силјановска, Македонка која живее во Германија, со години трага по биолошката мајка на нејзиниот посвоен син Александар. Нејзина желба е оваа приказна да заврши со среќен крај, да му се исполни желбата на син ѝ да си го дознае потеклото. Добрица и Александар немаат намера да ѝ го уништат животот на жената која го родила пред 32 години и подготвени се нивната средба да ја држат во тајност, но сметаат дека човечки е Александар да дознае за своето потекло, кои семејни болести ги наследил и утре ќе им ги пренесе на своите деца, дали има браќа и сестри... Според приказната што ја раскажува за Фокус, таа се преселила во Германија пред 50 години. Бидејќи не можела да се оствари како мајка, поднела документи во Тетово, но по подолго време ѝ се јавиле од Скопје.