Добрица и Александар ја пронајдоа биолошката мајка на момчето. Набрзо откако прочитале на порталите, блиски луѓе на мајката стапиле во контакт со посвоителката Добрица, која со години живее во Германија и според објавените податоци дошле до заклучок дека се работи за истото дете кое пред 32 години било оставено во дом.

Ми се јавија блиски луѓе на биолошката мајка, кои веднаш според објавените податоци, односно според дата и место на раѓање, како и името Роберт кое на син ми му било дадено раѓање, знаеја за кого станува збор. Сите детали се совпаднаа, а она кое најмногу го израдува Александар е што дозна дека има полубрат, вели Добриза за Фокус, кој ја објави приказната.

Таа појаснува дека мајката на Александар по потекло е од Скопје. Била преселена во друг дел на градот сега, имала сопруг и син, но тие не знаеле дека таа родила машко бебе пред 32 години. Ги дознале и деталите за таткото, како и за многу други работи кои се случиле во минатото.

Преку нејзини блиски луѓе добивме контакт од неа и веќе ја контактиравме. Знам дека ова е комплицирана ситуација, не сакаме да и направиме проблеми со сопругот и чекаме одговор дали таа ќе се согласи на средба. Јас сум во Скопје моментално, Александар е во Берлин, тој е подготвен веднаш со првиот авион да дојде и да ја запознае.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.