бијонсе Archives - Република https://republika.mk/tema/bijonse/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 21:50:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бијонсе Archives - Република https://republika.mk/tema/bijonse/ 32 32 Универзитетот Јеил воведува курс за делото на поп-ѕвездата Бијонсе https://republika.mk/scena/muzika/univerzitetot-jeil-voveduva-kurs-za-deloto-na-pop-zvezdata-bijonse/ Tue, 12 Nov 2024 21:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=836979

Следната година Универзитетот Јеил ќе воведе нов курс во кој студентите ќе ги проучуваат активностите и делото на поп-ѕвездата Бијонсе, пејачка со рекордни 99 номинации за наградата Греми.

Курсот ќе им овозможи на студентите да навлезат подлабоко во „уметничкиот гениј на глобалната суперѕвезда“, се вели во соопштението на универзитетот и ќе биде насловен „Бијонсе создава историја: Радикалната афроамериканска историја, култура, теорија и традиција преку музика“ и ќе започне следната пролет.

Курсот ќе се одржи на Катедрата за хуманитарни науки и уметности, а неговата содржина ќе се фокусира на периодот од нејзиниот албум на Бијонсе од 2013 година до овогодинешниот „Cowboy Carter” и на тоа како светски познатата пејачка и текстописец создаде свест и ангажман во социјалните и политичките идеологии.

Професорката по афроамерикански студии на Универзитетот Јеил, Дафне Брукс, планира да го искористи обемниот репертоар на пејачката, вклучувајќи снимки од нејзините настапи во живо, како платформа којашто на студентите ќе им овозможат сознанија за афроамериканските интелектуалци како Фредерик Даглас и Тони Морисон.

„Ќе ги сфатиме сериозно начините на кои критичката работа, интелектуалната работа на некои од најголемите мислители во американската култура се поврзуваат со музиката на Бијонсе и ќе размислуваме за начините кои ни овозможат да ги примениме нивните филозофии на нејзината работа“, рече Брукс.

Брукс изјави за NBC News дека со години работела на дизајнирање на курсот, откако претходно предавала на Универзитетот Принстон на тема „Црните жени и популарната музичка култура“.

И Универзитетот Корнел понуди своја верзија на курсот наречен „Beyonce Nation“, во чиишто рамки се проучува траекторијата на нејзината кариера, како и влијанието врз политичкиот активизам и феминизмот.

И некои други американски универзитети имаат слични курсеви на тема Бијонсе. Меѓу нив се Универзитетот Тексас во Сан Антонио, Политехничкиот државен универзитет во Калифорнија и Државниот универзитет во Аризона.

Бијонсе, чие полно име е Бијонсе Жизел Ноулс-Картер, не е првиот уметник чии дела и активности се изучуваат на престижни универзитети.

Културното влијание и наследството во поп-културата на други познати музичари, вклучувајќи ги Боб Дилан, Тејлор Свифт и Лејди Гага, исто така се проучуваат на неколку американски универзитети.

The post Универзитетот Јеил воведува курс за делото на поп-ѕвездата Бијонсе appeared first on Република.

]]>

Домот од детството на Бијонсе уништен во пожар на Божиќ https://republika.mk/scena/muzika/domot-od-detstvoto-na-bijonse-unishten-vo-pozhar-na-bozhik/ Tue, 26 Dec 2023 10:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=726754

Домот од детството на пејачката Бијонсе Ноулс беше уништен во пожар на Божиќ. На пожарникарите во Хјустон, Тексас, САД, во раните утрински часови на Божиќ, им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пламените јазици, иако за само три минути пристигнале на местото на несаканиот настан.

Бијонсе, нејзиниот сопруг, раперот Џеј-Зи и нивните две деца кои живеат во куќата, во тој миг биле дома, но не се повредени.

Не е јасно што го предизвикало пожарот во двокатната куќа.

Семејството Ноулс го има домот во Хјустон од 1981 година, пишува „ТМЗ“. Поради сезоната на празници, декември е месецот со вообичаено најмногу пожари во домовите ширум САД, потврди Националното здружение за заштита од пожари.

The post Домот од детството на Бијонсе уништен во пожар на Божиќ appeared first on Република.

]]>

Домот од детството на пејачката Бијонсе Ноулс беше уништен во пожар на Божиќ. На пожарникарите во Хјустон, Тексас, САД, во раните утрински часови на Божиќ, им биле потребни 10 минути за да го изгаснат пламените јазици, иако за само три минути пристигнале на местото на несаканиот настан. Бијонсе, нејзиниот сопруг, раперот Џеј-Зи и нивните две деца кои живеат во куќата, во тој миг биле дома, но не се повредени. Не е јасно што го предизвикало пожарот во двокатната куќа. Семејството Ноулс го има домот во Хјустон од 1981 година, пишува „ТМЗ“. Поради сезоната на празници, декември е месецот со вообичаено најмногу пожари во домовите ширум САД, потврди Националното здружение за заштита од пожари.

The post Домот од детството на Бијонсе уништен во пожар на Божиќ appeared first on Република.

]]>
Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија https://republika.mk/zivot/semejstvo/bijonse-i-dhej-zi-ja-kupija-najskapata-kuka-vo-kalifornija/ Mon, 22 May 2023 11:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=643572

Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија.

Како што објавуваат медиумите, палатата во Малибу, САД, вреди 200 милиони долари - најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија.

Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк - 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка.

Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер - имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.

The post Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и раперот Џеј Зи си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија. Како што објавуваат медиумите, палатата во Малибу, САД, вреди 200 милиони долари - најскапиот имот некогаш продаден во Калифорнија. Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк - 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка. Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер - имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.

The post Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата куќа во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите https://republika.mk/scena/muzika/bijonse-se-zapisha-vo-istorijata-na-gremi-nagradite/ Mon, 06 Feb 2023 09:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=605306

Пејачката Бијонсе (41) синоќа го собори рекордот за најмногу Греми награди во историјата.

Во текот на доделувањето на престижните музички награди, Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми.

Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.

Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впивам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.

Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но таа не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќајот. Наместо неа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува.

Потоа водителот ѝ ја донесе наградата на масата каде што се седеше музичката дива.

The post Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите appeared first on Република.

]]>

Пејачката Бијонсе (41) синоќа го собори рекордот за најмногу Греми награди во историјата. Во текот на доделувањето на престижните музички награди, Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32. Греми. Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.
Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впивам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.
Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но таа не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќајот. Наместо неа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува. Потоа водителот ѝ ја донесе наградата на масата каде што се седеше музичката дива.

The post Бијонсе се запиша во историјата на Греми наградите appeared first on Република.

]]>
Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска https://republika.mk/scena/estrada/bijonse-i-dzej-zi-iznajmija-jahta-vredna-20-milioni-dolari-i-dojdoa-vo-hrvatska/ Tue, 23 Aug 2022 14:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=543329

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија кај Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула.

Бродот е меѓу 60-те најголеми јахти во светот. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл, сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1.

Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби – идеални за пловење, одмор и забава.

На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница.

Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.

The post Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Бијонсе и Џеј Зи се закотвија кај Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула. Бродот е меѓу 60-те најголеми јахти во светот. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл, сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1. Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби – идеални за пловење, одмор и забава. На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница. Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.

The post Бијонсе и Џеј Зи изнајмија јахта вредна 20 милиони долари и дојдоа во Хрватска appeared first on Република.

]]>