бигорски манастир Archives - Република https://republika.mk/tema/bigorski-manastir/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 19:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бигорски манастир Archives - Република https://republika.mk/tema/bigorski-manastir/ 32 32 Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир https://republika.mk/zivot/restavrirani-dve-remek-dela-od-riznitsata-na-bigorskiot-manastir/ Tue, 24 Sep 2024 19:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=819379

Претставници на Националниот конзерваторски центар – Скопје, денеска на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ му ги предадоа двата литиски крстови од драгоцената манастирска збирка старини, кои беа реставрирани од стручен тим на Националната установа. Уникатните реликвии, создадени од легендарните бигорски зографи Михаил и неговиот син Даниил јеромонах, му беа предадени на игуменот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј.

– Посебно значајно за нас е тоа што меѓу нив беа и конзерваторите советници Јехона Спахиу Јанчевска и Невенка Величковска, кои вложија огромни напори и извонредно стручна посветеност во нивната конзервација и реставрација и лично ги донесоа крстовите. Тие беа топло пречекани од страна на нашиот Старец и игумен епископ Антаниски г. Партениј, кој им изрази голема благодарност за нивната стручна и макотрпна работа, љубов и посветеност кон зачувувањето на ова свето наследство. Тој исто така го изрази своето задоволство поради мошне стручниот и научен пристап кон целиот процес, вели отец Кирил.

Во изјава за МИА, отец Кирил појасни дека станува збор за Процесиски крст – Распетие/Богојавление2 и Процесиски крст – Распетие/Преображение.

– Двата процесиски крста се датирани во четириесеттите години на XIX век. Иконописот е на зографите Михаил и Даниил од Самарина, додека резбата се смета дека ја изработиле мијачките резбари. Конзерваторско-реставраторските зафати, се однесуваа на носачот, резбата, подлогата, боениот слој, позлатата, заштитниот слој и металните држачи. Скршените делови од резбата се вратија на своите места, а за враќање на одреден откршен дел од изрезбан ружин цвет се преземаа минимални реставраторски интервенции, нагласи отец Кирил.

Според него, двата процесиски крстови имаат стилска и хронолошка блискост и со други дела, особено со други два процесиски крста, исто така од Бигорскиот манастир, коишто се дело на зографите Михаил и Даниил од Самарина и на мијачките резбари.

-Двата литиски крста ќе бидат составен дел од богатата манастирска ризница со милениумска историја. Интересно е да се напомене дека крстовите, по Божја промисла, му се враќаат на Бигорскиот манастир во пресрет на празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден, посочува отец Кирил.

The post Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир appeared first on Република.

]]>

Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани https://republika.mk/vesti/makedonija/golema-bogoroditsa-odbelezhana-vo-bigorski-manastir-tsrkvata-zashtitnichka-na-debar-i-vo-selata-gari-i-dolno-melnichani/ Wed, 28 Aug 2024 13:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=810918

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар достојно беше одбележан празникот Голема Богородица.

Во Бигорски манастир се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, а во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, беа испеани Богородичните статии.

Бдението заврши со божествена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше игуменот на Обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

-Пресвета Богородица да нè чува и благослови сите и да нè удостои на оваа боженствена литургија неосудено да се причестиме со светите, животворни дарови на нејзиниот син и Бог наш Исус Христос, кому му прилега секоја слава, чест и поклонение, заедно со беспочетниот Отец и пресветиот и животорен Дух. Амин, порача меѓу другото владиката Партениј.

Како и за сите други празници масовно прсуствуваа врници од сите делови на нашата земја.

Православните дебрани, иако малку по број, традиционално го одбележаа патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот.

Намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски, одржа света Златоустова литургија, и посака Мајката божја да не чува сите од секакво зло.

- Ги сочувала девството и чистотата заради Бога и од него добила неизмерна сила, па станала и била наречена мајка на целото човештво. Мајката божја да не чува сите од секакво зло, порача меѓу другото Ангеловски.

Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава.

Големиот празник, со масовно присуство и дебарските зурли и тапани, во пресрет на празникот и денеска беше одбележан и во селата Гари и Долно Мелничани, кога каде и да живеат Гарчани и Мелничанци, по потекло, се тука.

The post Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани appeared first on Република.

]]>

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар достојно беше одбележан празникот Голема Богородица. Во Бигорски манастир се отслужи сеноќно бдение, со света архијерејска литургија, а во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, беа испеани Богородичните статии. Бдението заврши со божествена архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше игуменот на Обителта, неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
-Пресвета Богородица да нè чува и благослови сите и да нè удостои на оваа боженствена литургија неосудено да се причестиме со светите, животворни дарови на нејзиниот син и Бог наш Исус Христос, кому му прилега секоја слава, чест и поклонение, заедно со беспочетниот Отец и пресветиот и животорен Дух. Амин, порача меѓу другото владиката Партениј.
Како и за сите други празници масовно прсуствуваа врници од сите делови на нашата земја. Православните дебрани, иако малку по број, традиционално го одбележаа патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот. Намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски, одржа света Златоустова литургија, и посака Мајката божја да не чува сите од секакво зло.
- Ги сочувала девството и чистотата заради Бога и од него добила неизмерна сила, па станала и била наречена мајка на целото човештво. Мајката божја да не чува сите од секакво зло, порача меѓу другото Ангеловски.
Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава. Големиот празник, со масовно присуство и дебарските зурли и тапани, во пресрет на празникот и денеска беше одбележан и во селата Гари и Долно Мелничани, кога каде и да живеат Гарчани и Мелничанци, по потекло, се тука.

The post Голема Богородица одбележана во Бигорски манастир, црквата заштитничка на Дебар и во селата Гари и Долно Мелничани appeared first on Република.

]]>
Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/doksologija-molitva-za-tatkovinata-vo-bigorski-i-bozhestvena-evharistija-vo-lazaropole/ Sat, 03 Aug 2024 07:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=802965

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија - молитва за татковината а во мијачкото село Лазарополе,  беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и татковината, особено во Илинденското востание.

Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија со која чиноначалствуваше владиката Партениј, каде беше пречекан со особена љубов и гостопримство.  Црквата посветена на Свети Георгиј Победоносец беше претесна да ги прими стотиците верници, некогашни жители и нивни потомци, но и оние од соседните села, како и од Дебар.

Во беседата владиката Партениј рече дека „Светата Црква денес, преку примерот на Светиот Пророк Илија, нè повикува на едно подлабоко размислување за нашата вера, за патот што ни е даден преку милоста Божја“.

-Како наследници на богооткриената вистина, ние сме повикани со истата одговорност како и стариот Израил, кој бил повикан да живее во вистината и да ја чува светлината на спасителното откровение. Верата наша православна ни е основа од која извираат правомислието и просветлението, коишто потем ги обликуваат нашите обичаи и целокупниот живот. Од лажната, пак, вера произлегуваат морални падови, заблуда, декаденција. Не е тешко да се заклучи дека нашето време, за жал, е слично со времето на Светиот Пророк Илија, кој живеел среде народ што се оддалечил од Бога, наведе владиката во беседата.

Додаде дека и денес во христијанскиот свет, кој треба да биде светилник на моралот и на вистината и да влече напред, кон возвишеното, се случува едно големо морално пропаѓање, со стравотни последици. Доволно е, нагласи, да погледнеме наоколу, за веднаш да воочиме како духовниот распад се претставува како нова норма. Нихилизмот, релативизмот, исмевањето на сè што е свето станале верувањата и идеологиите на нашето време.

-Отворањето на Олимписките игри во Париз, на пример, беше соодветен сценски приказ на таа отворена декаденција, одраз на патот по кој новото време стрмоглаво нè води. И што е тоа што го гледаме како нова религија? Тоа е, всушност, религијата на старите лажни богови, или поскоро – идолите на материјалното и на личните страсти. Парите, самољубието, личните задоволства се старо-новите божества. Душата на современиот човек е оддалечена од живиот Бог. Последиците се очигледни: изопачени навики, морална ерозија, заборав на нашето Свето Предание. Заборавивме како се живееше во светоста, како нашите предци го почитуваа Бога и како животот во Христа им беше дел од секојдневието. Нашите родители нè учеа на љубов, на благочестие и на почит кон сè што е добро и богоугодно. Нашето минато беше исполнето со светлина и со доброта, и затоа и ние сме повикани да го зачуваме тоа наследство и да го пренесеме на идните поколенија, посака владиката Партениј.

Во Лазарополе беа и познатите Мајовци, кои секогаш се тука за Илинден зашто и нивните потомци потекнуваат од ова село, од каде се преселиле во Дебар.

The post Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија - молитва за татковината а во мијачкото село Лазарополе,  беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и татковината, особено во Илинденското востание. Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија со која чиноначалствуваше владиката Партениј, каде беше пречекан со особена љубов и гостопримство.  Црквата посветена на Свети Георгиј Победоносец беше претесна да ги прими стотиците верници, некогашни жители и нивни потомци, но и оние од соседните села, како и од Дебар. Во беседата владиката Партениј рече дека „Светата Црква денес, преку примерот на Светиот Пророк Илија, нè повикува на едно подлабоко размислување за нашата вера, за патот што ни е даден преку милоста Божја“. -Како наследници на богооткриената вистина, ние сме повикани со истата одговорност како и стариот Израил, кој бил повикан да живее во вистината и да ја чува светлината на спасителното откровение. Верата наша православна ни е основа од која извираат правомислието и просветлението, коишто потем ги обликуваат нашите обичаи и целокупниот живот. Од лажната, пак, вера произлегуваат морални падови, заблуда, декаденција. Не е тешко да се заклучи дека нашето време, за жал, е слично со времето на Светиот Пророк Илија, кој живеел среде народ што се оддалечил од Бога, наведе владиката во беседата. Додаде дека и денес во христијанскиот свет, кој треба да биде светилник на моралот и на вистината и да влече напред, кон возвишеното, се случува едно големо морално пропаѓање, со стравотни последици. Доволно е, нагласи, да погледнеме наоколу, за веднаш да воочиме како духовниот распад се претставува како нова норма. Нихилизмот, релативизмот, исмевањето на сè што е свето станале верувањата и идеологиите на нашето време. -Отворањето на Олимписките игри во Париз, на пример, беше соодветен сценски приказ на таа отворена декаденција, одраз на патот по кој новото време стрмоглаво нè води. И што е тоа што го гледаме како нова религија? Тоа е, всушност, религијата на старите лажни богови, или поскоро – идолите на материјалното и на личните страсти. Парите, самољубието, личните задоволства се старо-новите божества. Душата на современиот човек е оддалечена од живиот Бог. Последиците се очигледни: изопачени навики, морална ерозија, заборав на нашето Свето Предание. Заборавивме како се живееше во светоста, како нашите предци го почитуваа Бога и како животот во Христа им беше дел од секојдневието. Нашите родители нè учеа на љубов, на благочестие и на почит кон сè што е добро и богоугодно. Нашето минато беше исполнето со светлина и со доброта, и затоа и ние сме повикани да го зачуваме тоа наследство и да го пренесеме на идните поколенија, посака владиката Партениј. Во Лазарополе беа и познатите Мајовци, кои секогаш се тука за Илинден зашто и нивните потомци потекнуваат од ова село, од каде се преселиле во Дебар.

The post Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе appeared first on Република.

]]>
Скитот „Свети Кирил и Методиј“ летна оаза за едукативни авантури и духовно богатење https://republika.mk/vesti/makedonija/skitot-sveti-kiril-i-metodij-letna-oaza-za-edukativni-avanturi-i-duhovno-bogatene/ Fri, 02 Aug 2024 09:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=802587

Скитот „Свети Кирил и Методиј“, кој е сместен во прекрасниот предел и подножје на планината Дешат, над долнореканското село Битуше, деновиве повторно беше место каде што се собраа поголем број деца од целата наша држава.

Тие беа дел од детскиот летен камп по веронаука организиран по иницијатива на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

Деновите поминаа во атмосфера на непосредна радост и дружба, овој пат со најмладите, кои низ едукативни работилници и спортски игри, потоа рекреација што во изобилие ја нуди овој живописен планински предел, како и неизоставните часови по Вероучение, научија значајни нешта за возвишениот христијански морал, информирааt од Бигорскиот манастир.

Од манастирот додаваат дека особено важни за нив биле и поуките дадени во поглед на живата социјална интеракција и другарувањето, кои во современ контекст недостасуваат меѓу децата.

Од манастирот искажуваат благодарност за донаторите Лакталис, Жито Лукс, Жито Полог, Кристал 1923, Драни Премуим, Витаминка, Куќа на Мијаците, Просветно дело, издавачка куќа „Ѓурѓа“ и многуте добронамерни граѓани кои дале свој придонес во реализацијата на овие школи.

The post Скитот „Свети Кирил и Методиј“ летна оаза за едукативни авантури и духовно богатење appeared first on Република.

]]>

Скитот „Свети Кирил и Методиј“, кој е сместен во прекрасниот предел и подножје на планината Дешат, над долнореканското село Битуше, деновиве повторно беше место каде што се собраа поголем број деца од целата наша држава. Тие беа дел од детскиот летен камп по веронаука организиран по иницијатива на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
Деновите поминаа во атмосфера на непосредна радост и дружба, овој пат со најмладите, кои низ едукативни работилници и спортски игри, потоа рекреација што во изобилие ја нуди овој живописен планински предел, како и неизоставните часови по Вероучение, научија значајни нешта за возвишениот христијански морал, информирааt од Бигорскиот манастир.
Од манастирот додаваат дека особено важни за нив биле и поуките дадени во поглед на живата социјална интеракција и другарувањето, кои во современ контекст недостасуваат меѓу децата. Од манастирот искажуваат благодарност за донаторите Лакталис, Жито Лукс, Жито Полог, Кристал 1923, Драни Премуим, Витаминка, Куќа на Мијаците, Просветно дело, издавачка куќа „Ѓурѓа“ и многуте добронамерни граѓани кои дале свој придонес во реализацијата на овие школи.

The post Скитот „Свети Кирил и Методиј“ летна оаза за едукативни авантури и духовно богатење appeared first on Република.

]]>
Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија https://republika.mk/scena/film/dokumentarniot-film-za-bigorski-1000-godini-svedok-na-svetlinata-dobi-prestizhna-nagrada-na-megunaroden-festival-vo-avstrija/ Tue, 16 Jul 2024 13:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=797431

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија, информираа од Бигорскиот манастир.

-Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција, рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн.

Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одржал во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три
локации низ замокот се проектирале филмови, селектирани според соодветната историска епоха.

-Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на
Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание, додаваат од манастирот.

Пред проекцијата на филмот, како претставник од бигорската монашка заедница, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од манастирот во
Рајчица.

-Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена. Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите, рече сестра Ефимија.

Би сакала да кажам, додала, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот.

-Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства, посочила сестрата.

Во објава за проекцијата Каров пишува дека ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет.

-Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно, напиша Каров во објавата.

За „1000 години-Сведок на Светлината“ говорел и директорот на фестивалот, Роман Шет. Во својата изјава тој потенцирал дека „ филмот има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на
авторот да го портретира животот на илјадагодишниот манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате
филмот“.

Посебен осврт за филмот имал и членот на жири комисијата на филмскиот фестивал, Ерик Кохлбауер, оценувајќи дека „е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да
гледаме на нашиот фестивал“.

-Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток. Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во
прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и
духовната порака полесно, оценил Кохлбауер.

Монашкото братство, предводено од епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот Илија Ико Каров, на композиторот Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител.

The post Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија appeared first on Република.

]]>

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години – Сведок на Светлината“, во режија Илија Ико Каров, освои награда за најдобра музика на интернационалниот филмски фестивал „History“, кој оваа година се одржа во градот Аспарн, Австрија, информираа од Бигорскиот манастир. -Најголемата заслуга за ова признание е кон македонскиот композитор Горан Трајковски, кого го препознаваме под уметничкото име Готра. Овој плодороден композитор се има потпишано на особено префинета филмска и театарска музика во светот, промовирајќи ја на тој начин македонската продукција, рече Каров во своето обраќање откако ја прими наградата во Асперн. Интернационалниот филмски фестивал „History“ се одржал во замокот Шлус Аспарн – Заја, во една топла, спонтана и креативна атмосфера. Поради обемноста на фестивалот, истовремено на три локации низ замокот се проектирале филмови, селектирани според соодветната историска епоха. -Документарниот филм „1000 години – Сведок на Светлината“ беше емитуван во една соодветна, автентична атмосфера – поконкретно, во објект кој ја сочинува постојаната поставка во дворот на Замокот. Навистина уникатно чувство, кое беше збогатено и со присуството на членови од „средновековната група Скомраси“. Всушност, станува збор за ансамбл, кој преку разни настани и интеракциски пристапи ја негува средновековната средноевропска култура во нејзиното најавтентично издание, додаваат од манастирот. Пред проекцијата на филмот, како претставник од бигорската монашка заедница, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, пред присутните се обрати сестра Ефимија од манастирот во Рајчица. -Монашката заедница од којашто доаѓам е раководена од убавината, рефлектирана од еден голем и прекрасен човек во чиешто време се прослави илјадалетието на нашиот манастир. Тој човек е нашиот Старец, игуменот на Бигорскиот манастир, епископот Антаниски, г. Партениј. Тој пишува една прогресивна историја, која рефлектира една синхронизирана врска со човештвото, каква што досега не е видена. Во филмот сите ние зборуваме за една личност која е неверојатна инспирација. Тоа е личноста која пред 30 години реши да остави сѐ зад себе, да се одрече од себеси и сѐ материјално што поседуваше, за да биде смирен слуга на сите, рече сестра Ефимија. Би сакала да кажам, додала, заедно со сведоштвата на илјадници луѓе до ден денес, дека владиката Партениј револуционерно воспостави хармонија со човекот. -Една деликатна и прекрасна атмосфера на коегзистирање која го промени животот на многумина. Тоа е длабока изјава која звучи неверојатно, но сепак е реалистична кога се работи за човек кој е епитом на љубовта и на меѓучовечката хармонија. Тој е препознаен како човек со сострадално татковско срце, кој храбро патува низ темните лавиринти на човечката душа за низ траорните нејзини ходници да го пронајде патот преку кој ги изведува сите, но особено оние што очајнички тонат фрлени на дното – небаре непотребни – оние отсечените не само од општеството, туку и од своите семејства, посочила сестрата. Во објава за проекцијата Каров пишува дека ова е првиот македонски филм, кој не извезува очај и беда од југот на Европа; напротив, 1000 години Сведок на Светлината, го отсликува македонскиот феникс синдром во милениумски континуитет. -Голема чест е да се биде современик на реткиот цвет што процутува на секои илјада години во Бигорската градина на светиот Јован. Да се биде еден, макар толку минорен дел од неговата хуманитарна и интеркултурна мисија, навистина причинува големо задоволство. Затоа, гледајте го филмот и ќе ви стане јасно, напиша Каров во објавата. За „1000 години-Сведок на Светлината“ говорел и директорот на фестивалот, Роман Шет. Во својата изјава тој потенцирал дека „ филмот има прекрасна атмосфера. Јасно се насетува желбата на авторот да го портретира животот на илјадагодишниот манастир и природата што го опкружува во најавтентичен контекст. Музиката е фантастична и го засилува доживувањето додека го гледате филмот“. Посебен осврт за филмот имал и членот на жири комисијата на филмскиот фестивал, Ерик Кохлбауер, оценувајќи дека „е токму она синеастично документарно искуство какво што очекуваме да гледаме на нашиот фестивал“. -Дозволувајќи ни да нурнеме во времето на основањето на Mанастирот и неговиот културно различен македонски регион, преку разиграни сцени, интервјуа од различна гледна точка, уникатна музика и кадри од природата, ние бевме вовлечени во филмот уште на самиот почеток. Единствената критика ми е што филмот е визуелно толку силен, што јас бев спречен да го гледам непрекинато, па на неколку пати морав да го стопирам и да го враќам назад, за да го препрочитам преводот, зашто се губев во прекрасното осветлување и фотографија, воопшто. Гласовно дублирана верзија на англиски јазик би ја превенирала оваа појава и би ни дозволила полесно да ги восприемаме густите информации и духовната порака полесно, оценил Кохлбауер. Монашкото братство, предводено од епископ г. Партениј, срдечно им честита и им благодари на режисерот Илија Ико Каров, на композиторот Горан Трајковски и на сите учесници во продукцијата на филмот кои трудољубиво и пожртвувано работеа неколку години за негово остварување, со што направија една беспрекорна филмска документација на нашата милениумска Света Обител.

The post Документарниот филм за Бигорски „1000 години – Сведок на Светлината“ доби престижна награда на меѓународен фестивал во Австрија appeared first on Република.

]]>
Бигорскиот манастир го одбележува празникот посветен на светите Петар и Павле https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bigorskiot-manastir-go-odbelezhuva-praznikot-posveten-na-svetite-petar-i-pavle/ Sat, 13 Jul 2024 14:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=796430

Во Бигорскиот манастир со празничко богослужение се одбележува празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле.

Преку празнично богослужение, крунисано со Божествена Евхаристија, со претстојателство на епископ г. Партениј, игумен на манастирот, со љубов го изврши празничниот спомен на врвот на Апостолите, Божествените благовесници, велат од манастирот.

Оттаму додаваат дека на овој ден е хиротонисан епископот Партениј.

[caption id="attachment_796432" align="alignnone" width="1440"] фото: Бигорски манастир[/caption]

На овој празник си спомнуваме и за хиротонијата во епископски чин на нашиот сакан Старец, и по тој повод, од името на нашето братство и сестринствата, нашиот собрат архимандритот г. Доситеј му подари архиерејска митра, која е белег на владичкото достоинство, а го означува трновиот венец на Господа Исуса Христа. Од сѐ срце на нашиот сакан Старец му ја честитаме годишнината и му посакуваме долгоденствие, сила и поткрепа одозгора, за да истрае во тешкиот подвиг, духовниот товар и големата одговорност пред Бога и народот, велат од манастирот.

На 12 јули 2020 година, Партениј беше хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.

The post Бигорскиот манастир го одбележува празникот посветен на светите Петар и Павле appeared first on Република.

]]>

Во Бигорскиот манастир со празничко богослужение се одбележува празникот посветен на светите апостоли Петар и Павле. Преку празнично богослужение, крунисано со Божествена Евхаристија, со претстојателство на епископ г. Партениј, игумен на манастирот, со љубов го изврши празничниот спомен на врвот на Апостолите, Божествените благовесници, велат од манастирот. Оттаму додаваат дека на овој ден е хиротонисан епископот Партениј. [caption id="attachment_796432" align="alignnone" width="1440"] фото: Бигорски манастир[/caption]
На овој празник си спомнуваме и за хиротонијата во епископски чин на нашиот сакан Старец, и по тој повод, од името на нашето братство и сестринствата, нашиот собрат архимандритот г. Доситеј му подари архиерејска митра, која е белег на владичкото достоинство, а го означува трновиот венец на Господа Исуса Христа. Од сѐ срце на нашиот сакан Старец му ја честитаме годишнината и му посакуваме долгоденствие, сила и поткрепа одозгора, за да истрае во тешкиот подвиг, духовниот товар и големата одговорност пред Бога и народот, велат од манастирот.
На 12 јули 2020 година, Партениј беше хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.  

The post Бигорскиот манастир го одбележува празникот посветен на светите Петар и Павле appeared first on Република.

]]>
Бигорски ги кани верниците на манастирската слава за Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-manastirskata-slava-za-rozhdestvoto-na-sveti-jovan-pretecha-ivanden/ Fri, 05 Jul 2024 09:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=793713

Бигорскиот манастир, традиционално, ќе ја одбележи втората манастирска слава, Рождеството на Свети Јован Претеча - Иванден и по тој повод свештената бигорска обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава.

Во сабота, на 6 јули, во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во недела наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе започне архиерејската Божествена Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот Епископ г. Партениј, информираат од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот.

Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.

Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен, нагласуваат од манастирот.

Посочуваат дека и кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш „колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат“.

Молитвите на свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Бигорскиот манастир.

Традиционално за празникот се очекува големо присуство на верници и гости од сите делови на државава.

The post Бигорски ги кани верниците на манастирската слава за Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден appeared first on Република.

Додаваат дека славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.

Бигорски манастир: Две години литургиско и канонско единство https://republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-manastir-dve-godini-liturgisko-i-kanonsko-edinstvo/ Thu, 09 May 2024 15:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=776439

Денеска се навршуваат две години од одлуката на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија кога нашата  Црква беше примена во литургиско и канонско единство на Православието, потсетуваат од Бигорскиот манастир во посебна објава.

- Денеска, 9 мај 2024 лето Спасителово, навршуваат точно две години од историската одлука на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, според која нашата најсвета Црква беше примена во литургиско и канонско единство со полнотата на Православието. Таа беше прифатена под нејзиното древно еклисиолошко име Охридска Архиепископија, со што фактички беше признат илјадагодишен континуитет на помесно организиран црковен живот на овие простори од времето на основањето на Архиепископијата, стои во објавата.

Ваквата одлука, се додава, што одекна како празничен ѕвон што носи благовестие, беше резултат на „молитвите, солзите и копнежот на поколенија и поколенија свештенослужители, монаси и верници, на мудрото дејствување на нашите архиереи".

- Тие уште во 2018 година побараа молба за еклитон (апелациско прибегнување) од првопрестолната Црква во Православието, на македонските државници кои ја поздравија и ѝ се приклучија на оваа молба и на, се разбира, просветлението, широчината и татковската грижа на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, кој заедно со своите архиереи од Вселенската Патријаршија го уважија еклитонот на нашата Црква и држава, посочуваат од Бигорски.

Оценуваат дека плодовите од оваа одлука започнаа да се покажуваат веднаш потоа, со тоа што „наши свештенослужители започнаа без проблем да сослужуваат со свештенослужители од други помесни Цркви и на тој начин да ја вкусуваат убавината од единството".

-Најнапред следеше братското помирување и сослужување со православната Црква на Србија, којашто ја препозна автокефалноста на нашата Црква. Со текот на времето, во литургиско општење со нас влегуваа и останатите помесни православни Цркви. Врачувањето, пак, на Патријаршискиот и Синодален Акт за востановување на црковното општење се случи во древниот и свет Патријаршиски, Ставропигијален Манастир на Пресвета Богородица, посветен на нејзиниот Живоносен Источник „Балаклија“, по Вечерната богослужба по повод споменот на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава и празникот на иконата на Мајката Божја „Достојно ест“, на 9 јуни 2022 лето Господово, се нагласува понатаму во објавата.

Се потсетува на беседата на Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј.

- Денес помеѓу нас стојат овде, во сечесниот и севидлив Католикон на нашиот свет, патријаршиски и ставропигијален манастир на Живоносниот Источник, Балаклија, Најсвештениот во Христа брат, Архиепископот Охридски г. Стефан и неговата чесна придружба, за да го примат од нашите раце Патријаршискиот и Синодален Акт за востановување на црковното општење на нивната Мајка, Великата Христова Црква со нив, а од неа и преку неа со останатите помесни, свети Божји Цркви, преку врската на љубовта, единството и евхаристиското зближување преку взаемна почит, рекол меѓу другото г.г. Вартоломеј.

Архиепископот г. г. Стефан, заблагодарувајќи ѝ се на Мајката Црква во Константинопол и на г. г. Вартоломеј, меѓу другото рекол дека деветти мај " за нас ќе остане ден на духовна и народна памет, ден на благодејание, ден на чест и спомен – духовен и народен празник".

The post Бигорски манастир: Две години литургиско и канонско единство appeared first on Република.

Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал https://republika.mk/vesti/makedonija/od-bigorskiot-manastir-reagiraat-za-prikazhanata-maska-so-isus-na-vevchanskiot-karneval/ Sun, 14 Jan 2024 12:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=732882

Бигорскиот манастир бара јавно извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал од, според нив, непристојноста и богохулното исмевање на Господ, Бог и Спасителот наш Исус Христос и на сечесниот крст, како и превенирање на слични случувања во иднина.

Реакцијата доаѓа по прикажаната маска на традиционалниот Вевчански карневал вчера кога продефилираа маски со ликот на Исус Христос, распнат на светиот крст, кој беше направен од гајби од пиво.

Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани, стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација, според Бигорското братство, е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.

По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар, посочуваат од Бигорскиот манастир.

The post Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>

Бигорскиот манастир бара јавно извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал од, според нив, непристојноста и богохулното исмевање на Господ, Бог и Спасителот наш Исус Христос и на сечесниот крст, како и превенирање на слични случувања во иднина. Реакцијата доаѓа по прикажаната маска на традиционалниот Вевчански карневал вчера кога продефилираа маски со ликот на Исус Христос, распнат на светиот крст, кој беше направен од гајби од пиво.
Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани, стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација, според Бигорското братство, е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.
По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар, посочуваат од Бигорскиот манастир.

The post Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>
Реставриран и позлатен стариот архиерејски трон во манастирот Пречиста Кичевска https://republika.mk/vesti/makedonija/restavriran-i-pozlaten-stariot-arhierejski-tron-vo-manastirot-prechista-kichevska/ Sun, 07 Jan 2024 11:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=730662

Во пресрет на празникот на светлото Рождество Христово, во манасатирот „Света Богородица –Пречиста“ кај Кичево, повторно е поставен древниот архиерејски трон, сега комплетно реставриран и позлатен, совршено вклопувајќи се во величествениот и молитвен амбиент на Пречистанскиот соборен храм.

-Во рамки на својата грижа за благолепието на домот Божји, сестринството на Пречистанскиот манастир, предводено од старешинката монахиња Харитина, со благослов на нашиот надлежен владика, Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј и по иницијатива и заложба на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, се погрижи стариот владички престол од дрворез да биде целосно возобновен и истовремено позлатен, со цел достоинствено да ја одразува царската слава на Царот Христос, информираа од Бигорски манастир.

За таа цел, сестрите ја ангажирале реномираната фирма за копаничарство, реставрација и позлатување „Артис“ од Солун, позната по својата дејност низ целиот православен свет. Умешните работници успешно ги санирале оштетените делови, ги инјектирале бројните шуплини од црвоточината, го заштитиле дрвото од понатамошно расипување и целосно го позлатиле.

[caption id="attachment_730663" align="alignnone" width="427"] Фото: Бигорски манастир[/caption]

-Заедно со престолот во дрворез, беше реставрирана и престолната икона на Господ Исус Христос Великиот Архиереј, духовно и уметничко ремек-дело на нашиот најпознат иконописец од 19. век, Дичо Зограф од с. Тресонче. Иконата, подарена на манастирот на 23 мај 1865 година од познатиот протопсалт, автор и собирач на византиска псалтикијна литература, Јоан Хармосин Охридски, беше мошне умешно очистена и поправена и заштитена од мајсторите и уметниците на истата фирма, посочуваат од Бигорскиот манастир.

Трошоците потребни за поправката и украсувањето на архиерејскиот трон дарежливо ги покри благочестивиот Горан Трипуноски од Кичево со своето благочестиво семејство, за што им сме премногу благодарни! Нека си спомне Бог за доброто дело, посакуваат од манастирот.

Манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“, кој е женски манастир, е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Изграден е во период од 1316 до 1320 година.

Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година. Патрон на манастирот е  празникот Рождество на мајката божја или кај народот попозната како Мала Богородица.

The post Реставриран и позлатен стариот архиерејски трон во манастирот Пречиста Кичевска appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на празникот на светлото Рождество Христово, во манасатирот „Света Богородица –Пречиста“ кај Кичево, повторно е поставен древниот архиерејски трон, сега комплетно реставриран и позлатен, совршено вклопувајќи се во величествениот и молитвен амбиент на Пречистанскиот соборен храм. -Во рамки на својата грижа за благолепието на домот Божји, сестринството на Пречистанскиот манастир, предводено од старешинката монахиња Харитина, со благослов на нашиот надлежен владика, Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј и по иницијатива и заложба на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, се погрижи стариот владички престол од дрворез да биде целосно возобновен и истовремено позлатен, со цел достоинствено да ја одразува царската слава на Царот Христос, информираа од Бигорски манастир. За таа цел, сестрите ја ангажирале реномираната фирма за копаничарство, реставрација и позлатување „Артис“ од Солун, позната по својата дејност низ целиот православен свет. Умешните работници успешно ги санирале оштетените делови, ги инјектирале бројните шуплини од црвоточината, го заштитиле дрвото од понатамошно расипување и целосно го позлатиле. [caption id="attachment_730663" align="alignnone" width="427"] Фото: Бигорски манастир[/caption] -Заедно со престолот во дрворез, беше реставрирана и престолната икона на Господ Исус Христос Великиот Архиереј, духовно и уметничко ремек-дело на нашиот најпознат иконописец од 19. век, Дичо Зограф од с. Тресонче. Иконата, подарена на манастирот на 23 мај 1865 година од познатиот протопсалт, автор и собирач на византиска псалтикијна литература, Јоан Хармосин Охридски, беше мошне умешно очистена и поправена и заштитена од мајсторите и уметниците на истата фирма, посочуваат од Бигорскиот манастир. Трошоците потребни за поправката и украсувањето на архиерејскиот трон дарежливо ги покри благочестивиот Горан Трипуноски од Кичево со своето благочестиво семејство, за што им сме премногу благодарни! Нека си спомне Бог за доброто дело, посакуваат од манастирот. Манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“, кој е женски манастир, е познат и како Крнински манастир кој името го добил според селото Крнино, кое денес не постои. Изграден е во период од 1316 до 1320 година. Низ историјата манастирот бил опожаруван трипати и повторно обновен. Денешниот велелепен храм изграден од камен, во прекрасната живописна природа, датира од 1848 година, а за неговото возобновување најголем придонес дале Мијаците од долнореканските села. Монашкиот живот се возобновен во 2016 година. Патрон на манастирот е  празникот Рождество на мајката божја или кај народот попозната како Мала Богородица.  

The post Реставриран и позлатен стариот архиерејски трон во манастирот Пречиста Кичевска appeared first on Република.

]]>
Бигорски манастир: Само петмина ли се виновни? https://republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-manastir-samo-petmina-li-se-vinovni/ Wed, 06 Dec 2023 08:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=720216

Во деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак, велат од Братството на Свештената Бигорска Обител, додавајќи дека сите ние разбравме за свирепото убиство на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишно немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?!, прашуваат тие. Едноставно, додаваат, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно такво ѕвероподобно злосторство. И се разбира, бара одговорност. Бара победа на правдата. Природно му е на човековиот дух да се стреми кон справедливост. Не кон омраза, не кон одмазда, но кон правда. Оти едно од својствата на нашиот Творец е справедливоста. „Справедливоста и правдосудието се основа на престолот Негов“, вели Светото Писмо.

„Целивот на Јуда“ од Џузепе Диоти, 1840 г.
„Целивот на Јуда“ од Џузепе Диоти, 1840 г.

Па така, имајќи го како природно чувството на справедливост, на човека само му се наметнува прашањето: како и зошто се дозволи вакво ужасно нешто? Не само која е причината (ако воопшто може да се најде причина и логика за вакво безумно недело), туку која е и каква е генезата што доведе до тоа? Органите за безбедност и правен прогон на државата потврдија дека главниот сторител на ѕверското злосторство е еден познат и докажан социопат со криминогена патологија, за кого некои медиуми се изразија дека бил некојси „политичар“, „новинар“, „претприемач“, „патриот“ и сл. И токму тука се наметнува најболното прашање, тука пече жегата на сетилото за справедливост. Зошто сме се навикнале на такви злотвори да им допуштаме јавен простор во нашето општество? Зошто толку долго толерираме такви штетници да шират секаков вид омраза, да блујат разни навреди и клевети, да се расфрлаат отворено со разни закани, меѓу кои и со убиства?! Зошто такви декадентни луѓе стануваат обрасци за следба, примери кои ни стануваат идоли? Зошто мораше да се чека да дојде до едно вакво страшно злодело, та да се отрезниме и да почнеме да бараме мерки? И сега, каде да ја бараме одговорноста, зашто токму од таа наметната магла на премолчување и прикривање во целото наше општество што се провлекува со децении, не можеме да ги видиме зраците на справедливоста? Ниту претходните зошто, ниту прашањето за одговорност не треба да ги насочуваме со прст кон никого посебно, туку одговорноста паѓа, повеќе или помалку, врз сите нас. Сите сме одговорни за ерозијата на општеството. Затоа, најдобро е сите да почнеме од поправањето на самите себе. Воедно, отворено ги охрабруваме и институциите и поединците да не се откажуваат од борбата за подобро, побезбедно и поправедно утре, туку да пристапат со вера, дека доколку сме упорни во доброто, тоа неминовно ќе надвладее. Секој може да придонесе, во рамките на своите можности и овластувања, и се разбира, преку правниот, моралниот и етичкиот систем.

Меѓу другото, една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму и нашиот Старец и духовен татко, Владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница, како и некои луѓе, наши пријатели, браќа и сестри. Какви ли само, навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни, да живееме во неизвесност, во агонија. И говоревме, пишувавме, апелиравме да се преземат мерки, за да не дојде до нешто пострашно, но, за жал, нашите повици не беа услишани од нашето општество. Бездруго, ние Христијаните живееме крстоподобно и во смирение. Но има граници, коишто тангирани од законите на општественото уредување, не смеат да бидат надминати. Нам навистина ни паѓа тешко што и сега, при анализите на злоделата на првоосомничениот монструм, не се посочува и страдањето на коешто беа подложени и лица од Црквата, нешто што се спроведувше преку крајно негативната и невистинита кампања, што, меѓу другото, беше поддржана и од странски фактор, добро познат по своите деструктивни иницијативи и потези кои го уриваат напредокот на нашата држава кон подобри услови за живеење. И не е страшното тоа што ние бевме постојана мета на напади. Страшното е што се допушти да настрада една невина девојка во цутот на својата младост. Но тука има и уште едно етичко прашање. Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив, или едноставно ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист, а не и тие што нарачуваа напади, што ја потпалуваа атмосферата, што во лукава притаеност мотивираа? Зашто, кога употребната вредност на главниот негативец ќе заврши, тие, нарачателите, подеднакво, ако не и повеќе, искусни во омразата и клеветништвото, ќе се пуштат во својот предаторски лов и ќе се здружат со нов сојузник  во злото.  Ете, не толку одамна, имавме пример со јавното разобличување на клеветничката и изнудувачка дејност на еден портал, чиј сопственик ги надмина сите граници на пристојност и етика, кога со лаги и инсинуации ги уриваше и сегашноста, иднината и дигнитетот на многу поединци, само за да прибави материјална корист. Државните институции, како што и доликува, постапија и ја исчистија раната, но за жал, инфекцијата остана да тлее, зашто нарачателите на вербалните злосторства до ден денес остануваат несоочени со правдата.

Државата, институциите, интелектуалната маса, разните организации и заедници, впрочем сите ние, треба да изградиме систем кој веднаш ќе ги санкционира и ќе ги отфрла политикантите, шарлатаните, лажните патриоти, клеветниците и сеачите на омраза. Меѓу тие, ќе повториме, има и такви од црковните кругови, коишто, исто така, општеството, државата, народот, а најпрво и самата Црква, треба да ги повикаат на одговорност. Да потсетиме, неколкумина од црковниот клир, како и некои „верници“, активно учествуваа во ширењето на лажен патриотизам и во заканувачките конструкции, полни со лаги и измислици, што се ширеа преку јавните настапи на првоосомничениот во монструозното убиство. Па дури и му помагаа да отвори свои ограноци во некои градови, за преку кампањата за „спасување“ на Црквата да стекне поголема гледаност и повисок политички рејтинг.

Впрочем, крајно време е најпрво секој да тргне од себе – секој од нас да ги затвори портите на своето срце за секаква злоба, злорадост, завист и омраза, оти, додека се наситуваме со клеветите и злоречието против кого-годе, ние стануваме соучесници во убиство на нечија невина душа. Пред сѐ, на чистите детски души.

На нашето општество одамна му треба реформа на вредностите, поточно враќање кон вредностите. Да почнеме отсега, зашто вредни ни се животите на нашите деца и на секој поединец, велат од Братството на Свештената Бигорска Обител.

The post Бигорски манастир: Само петмина ли се виновни? appeared first on Република.

]]>

Во деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак, велат од Братството на Свештената Бигорска Обител, додавајќи дека сите ние разбравме за свирепото убиство на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишно немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?!, прашуваат тие. Едноставно, додаваат, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно такво ѕвероподобно злосторство. И се разбира, бара одговорност. Бара победа на правдата. Природно му е на човековиот дух да се стреми кон справедливост. Не кон омраза, не кон одмазда, но кон правда. Оти едно од својствата на нашиот Творец е справедливоста. „Справедливоста и правдосудието се основа на престолот Негов“, вели Светото Писмо.

„Целивот на Јуда“ од Џузепе Диоти, 1840 г.
„Целивот на Јуда“ од Џузепе Диоти, 1840 г.
Па така, имајќи го како природно чувството на справедливост, на човека само му се наметнува прашањето: како и зошто се дозволи вакво ужасно нешто? Не само која е причината (ако воопшто може да се најде причина и логика за вакво безумно недело), туку која е и каква е генезата што доведе до тоа? Органите за безбедност и правен прогон на државата потврдија дека главниот сторител на ѕверското злосторство е еден познат и докажан социопат со криминогена патологија, за кого некои медиуми се изразија дека бил некојси „политичар“, „новинар“, „претприемач“, „патриот“ и сл. И токму тука се наметнува најболното прашање, тука пече жегата на сетилото за справедливост. Зошто сме се навикнале на такви злотвори да им допуштаме јавен простор во нашето општество? Зошто толку долго толерираме такви штетници да шират секаков вид омраза, да блујат разни навреди и клевети, да се расфрлаат отворено со разни закани, меѓу кои и со убиства?! Зошто такви декадентни луѓе стануваат обрасци за следба, примери кои ни стануваат идоли? Зошто мораше да се чека да дојде до едно вакво страшно злодело, та да се отрезниме и да почнеме да бараме мерки? И сега, каде да ја бараме одговорноста, зашто токму од таа наметната магла на премолчување и прикривање во целото наше општество што се провлекува со децении, не можеме да ги видиме зраците на справедливоста? Ниту претходните зошто, ниту прашањето за одговорност не треба да ги насочуваме со прст кон никого посебно, туку одговорноста паѓа, повеќе или помалку, врз сите нас. Сите сме одговорни за ерозијата на општеството. Затоа, најдобро е сите да почнеме од поправањето на самите себе. Воедно, отворено ги охрабруваме и институциите и поединците да не се откажуваат од борбата за подобро, побезбедно и поправедно утре, туку да пристапат со вера, дека доколку сме упорни во доброто, тоа неминовно ќе надвладее. Секој може да придонесе, во рамките на своите можности и овластувања, и се разбира, преку правниот, моралниот и етичкиот систем. Меѓу другото, една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму и нашиот Старец и духовен татко, Владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница, како и некои луѓе, наши пријатели, браќа и сестри. Какви ли само, навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни, да живееме во неизвесност, во агонија. И говоревме, пишувавме, апелиравме да се преземат мерки, за да не дојде до нешто пострашно, но, за жал, нашите повици не беа услишани од нашето општество. Бездруго, ние Христијаните живееме крстоподобно и во смирение. Но има граници, коишто тангирани од законите на општественото уредување, не смеат да бидат надминати. Нам навистина ни паѓа тешко што и сега, при анализите на злоделата на првоосомничениот монструм, не се посочува и страдањето на коешто беа подложени и лица од Црквата, нешто што се спроведувше преку крајно негативната и невистинита кампања, што, меѓу другото, беше поддржана и од странски фактор, добро познат по своите деструктивни иницијативи и потези кои го уриваат напредокот на нашата држава кон подобри услови за живеење. И не е страшното тоа што ние бевме постојана мета на напади. Страшното е што се допушти да настрада една невина девојка во цутот на својата младост. Но тука има и уште едно етичко прашање. Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив, или едноставно ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист, а не и тие што нарачуваа напади, што ја потпалуваа атмосферата, што во лукава притаеност мотивираа? Зашто, кога употребната вредност на главниот негативец ќе заврши, тие, нарачателите, подеднакво, ако не и повеќе, искусни во омразата и клеветништвото, ќе се пуштат во својот предаторски лов и ќе се здружат со нов сојузник  во злото.  Ете, не толку одамна, имавме пример со јавното разобличување на клеветничката и изнудувачка дејност на еден портал, чиј сопственик ги надмина сите граници на пристојност и етика, кога со лаги и инсинуации ги уриваше и сегашноста, иднината и дигнитетот на многу поединци, само за да прибави материјална корист. Државните институции, како што и доликува, постапија и ја исчистија раната, но за жал, инфекцијата остана да тлее, зашто нарачателите на вербалните злосторства до ден денес остануваат несоочени со правдата. Државата, институциите, интелектуалната маса, разните организации и заедници, впрочем сите ние, треба да изградиме систем кој веднаш ќе ги санкционира и ќе ги отфрла политикантите, шарлатаните, лажните патриоти, клеветниците и сеачите на омраза. Меѓу тие, ќе повториме, има и такви од црковните кругови, коишто, исто така, општеството, државата, народот, а најпрво и самата Црква, треба да ги повикаат на одговорност. Да потсетиме, неколкумина од црковниот клир, како и некои „верници“, активно учествуваа во ширењето на лажен патриотизам и во заканувачките конструкции, полни со лаги и измислици, што се ширеа преку јавните настапи на првоосомничениот во монструозното убиство. Па дури и му помагаа да отвори свои ограноци во некои градови, за преку кампањата за „спасување“ на Црквата да стекне поголема гледаност и повисок политички рејтинг. Впрочем, крајно време е најпрво секој да тргне од себе – секој од нас да ги затвори портите на своето срце за секаква злоба, злорадост, завист и омраза, оти, додека се наситуваме со клеветите и злоречието против кого-годе, ние стануваме соучесници во убиство на нечија невина душа. Пред сѐ, на чистите детски души. На нашето општество одамна му треба реформа на вредностите, поточно враќање кон вредностите. Да почнеме отсега, зашто вредни ни се животите на нашите деца и на секој поединец, велат од Братството на Свештената Бигорска Обител.

The post Бигорски манастир: Само петмина ли се виновни? appeared first on Република.

]]>
Бигорски: Овој грозоморен акт ги извади на површина последиците на сета таа злоба на којашто во нашето општество преќутно ѝ се дозволени присуство и простор https://republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-ovoj-grozomoren-akt-gi-izvadi-na-povrshina-posleditsite-na-seta-taa-zloba-na-kojashto-vo-nasheto-opshtestvo-prekutno-se-dozvoleni-prisustvo-i-prostor/ Tue, 05 Dec 2023 17:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=720009

Свештената Бигорска Обител, со својот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, го изразува своето најдлабоко сочувство до блиските на убиените Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, утешувајќи ги дека во овие трагични и тешки моменти молитвите и срцата на монашкото братство се со нив, велат од Бигорски манастир, додавајќи дека усрдно се молат за покој на душите на настраданите, стоејќи со цврста вера дека милостивиот Христос Бог ќе ги прими во Своите рајски обители, крај тивките води на вечниот покој.

Исто така, со нескриена горчина и изразена трогнатост изјавуваме дека длабоко сме потресени од подлиот и грозоморен акт на ова двојно убиство. Разочарани сме што и покрај нашите постојани укажувања дека во јавниот дискурс не смее да им се дава простор на разни социопати, докажани и непоправливи криминалци, манипулатори, политиканти, луѓе со болен ум и речник, коишто шират само омраза, клевети, исмевања, навреди, закани, за жал, сè уште остануваме општество кое не ги санкционира и отфрла таквите личности. Последното случување е резултат токму на оваа општествена несовесност. Овој настан ги извади на површина последиците на сета таа злоба на којашто во нашето општество преќутно ѝ се дозволени присуство и простор, најмногу во средствата за јавно информирање и на социјалните мрежи, но и воопшто во системот. А да не говориме за невидливата штета, што не е можно да се измери. Апелираме дека е неопходна повисока општествена свест, за да не дозволуваме во иднина во нашиот јавен простор да преовладуваат личности што знаат да сеат само омраза, агресија, морбидни пораки, неморал и страв. Оти, кога човек постојано ќе го консумира лошото и самиот станува лош. Да Го молиме Бога, за доброто и мирот да преовладаат најпрво во нашите срца, лично кај секого, па оттаму да се излеат и во околината што нè опкружува. Зашто не е можно да дадеме придонес за Доброто во светот, ако најнапред не го вселиме Доброто во сопственото срце. Мили во Христа, Вања и Панче, царство ви небесно и добар ви рај!, велат од Бигорски манастир.

The post Бигорски: Овој грозоморен акт ги извади на површина последиците на сета таа злоба на којашто во нашето општество преќутно ѝ се дозволени присуство и простор appeared first on Република.

Утре е тежок празник https://republika.mk/zivot/servisi/utre-e-tezhok-praznik/ Sun, 10 Sep 2023 14:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=680634

Едно од нашите најпознати светилишта „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува својот патрон, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Одбележувањето почнува вечерва, во предвечерието на празникот, од 18 часот кога ќе биде отслужена празнична  Вечерна богослужба, на која ќе претстои неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј.

Утре, на денот на патронот, во 7:30 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј а во 9 часот почнува Светата архиерејска Златоустова литургија.

Свештената бигорска Обител, деновиве упати покана до сите верници за достоинствено и со почит одбележување на патронот.

– Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви православни христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, стои меѓу другото во поканата.

Традиционлано, по повод патронот,  во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.

-Често доаѓам во ова наше Господово гнездо. Тука сум од вчера и ќе останам до вторник. Душата ми е секогаш исполнета со радост, а со првиот чекор во манастирот се исполнува и со мир и спокој. Кој само не дошол тука не го почувствувал тоа, вели Севда Тасевска од Битола.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три години  го одблежа големиот јубилеј 1000 години  од основањето

The post Утре е тежок празник appeared first on Република.

]]>

Едно од нашите најпознати светилишта „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува својот патрон, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован. Одбележувањето почнува вечерва, во предвечерието на празникот, од 18 часот кога ќе биде отслужена празнична  Вечерна богослужба, на која ќе претстои неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј. Утре, на денот на патронот, во 7:30 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј а во 9 часот почнува Светата архиерејска Златоустова литургија. Свештената бигорска Обител, деновиве упати покана до сите верници за достоинствено и со почит одбележување на патронот.
– Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот. Затоа да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот претеча. Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви православни христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, стои меѓу другото во поканата.
Традиционлано, по повод патронот,  во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре. -Често доаѓам во ова наше Господово гнездо. Тука сум од вчера и ќе останам до вторник. Душата ми е секогаш исполнета со радост, а со првиот чекор во манастирот се исполнува и со мир и спокој. Кој само не дошол тука не го почувствувал тоа, вели Севда Тасевска од Битола. Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три години  го одблежа големиот јубилеј 1000 години  од основањето

The post Утре е тежок празник appeared first on Република.

]]>
Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава https://republika.mk/zivot/servisi/bigorski-gi-kani-vernitsite-na-traditsionalno-odbelezhuvane-na-glavnata-manastirska-slava/ Thu, 07 Sep 2023 17:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=679777

Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод свештената бигорска обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава.

Одбележувањето започнува на 10 септември (недела) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои игуменот на бигорската обител, неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј.

Во понеделник, 11 септември, денот на патронот, во 7:30 часот ќе почне утрената богослужба, 8:45 часот ќе биде дочекан надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј а во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова литургија.

– Славното бигорско светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча, стои во објавата.

Ја имаме големата чест и радост, се додава, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество.

-Тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Свештената бигорска обител.

Ова македонско древно светилиште е основано во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три годиниго одблежа големиот јубилеј 1000 години од основањето.

По традиција се очекува масовно присуство на верници од многу градови во земјава.

The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>

Бигорскиот манастир традиционално ќе го одбележи патрониот празник, „Отсекување на главата на Свети Јован Крстител“ и по тој повод свештената бигорска обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава на главната манастирска слава. Одбележувањето започнува на 10 септември (недела) во 18 часот со празнична Вечерна богослужба, на која ќе претстои игуменот на бигорската обител, неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во понеделник, 11 септември, денот на патронот, во 7:30 часот ќе почне утрената богослужба, 8:45 часот ќе биде дочекан надлежниот митрополит Дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство г. Тимотеј а во 9 часот почнува света архиерејска Златоустова литургија.
– Славното бигорско светилиште, кое низ вековите било и останало гордост и пофалба на нашите предци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата на народот. Затоа, да ја покажеме и ние должната почит кон Светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно Светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на Светиот Претеча, стои во објавата.
Ја имаме големата чест и радост, се додава, во името на Христовиот Пророк и Крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани и почитувачи на свештеното дело на Свети Јован, да се присоединат кон неговото големо торжество.
-Тој, во денот на својот најголем празник – Усекновение на неговата чесна глава, е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и преку неговите свети мошти што се чуваат во нашиот Манастир, ги слуша и исполнува молитвите на оние што со љубов и вера го повикуваат; тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите што ревносно го чествуваат неговиот спомен. Молитвите на Свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Свештената бигорска обител.
Ова македонско древно светилиште е основано во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и пред три годиниго одблежа големиот јубилеј 1000 години од основањето. По традиција се очекува масовно присуство на верници од многу градови во земјава.

The post Бигорски ги кани верниците на традиционално одбележување на главната манастирска слава appeared first on Република.

]]>
Голема Богородица ќе се одбележи во Бигорски и црквата заштитничка на Дебар https://republika.mk/zivot/golema-bogoroditsa-ke-se-odbelezhi-vo-bigorski-i-tsrkvata-zashtitnichka-na-debar/ Sun, 27 Aug 2023 13:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=676318

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде одбележан празникот Голема Богородица.

-На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со Света архијерејска Литургија, што ќе започне денеска, на 27 август, во 21 часот. Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии, информираа од Бигорската Обител.

Додаваат дека Бдението ќе заврши со Божествена Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.

Дебрани, ќе го одбележат патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот.

Како што информираше намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски, во чест на овој голем празник на Мајка Богородица, утре, со почеток во 7:20 часот ќе се одржи света Златоустова литургија, на која се очекува присуство и на поранешни жители на градот и нивни потомци.

Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изграден е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава. Според формата таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од 19 век.

Порано била главен соборен храм на Дебарското архијерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија.

The post Голема Богородица ќе се одбележи во Бигорски и црквата заштитничка на Дебар appeared first on Република.

]]>

Во познатото македонско древно светилиште, Бигорски манастир и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде одбележан празникот Голема Богородица. -На денот кога го славиме сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, во свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, со Света архијерејска Литургија, што ќе започне денеска, на 27 август, во 21 часот. Во текот на богослужението, пред Богородичната плаштаница во цветниот епитаф, ќе се испеат Богородичните статии, информираа од Бигорската Обител. Додаваат дека Бдението ќе заврши со Божествена Архиерејска Литургија, со која ќе чиноначалствува игуменот на Обителта, Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Дебрани, ќе го одбележат патронот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар, која се смета за заштитничка на градот. Како што информираше намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски, во чест на овој голем празник на Мајка Богородица, утре, со почеток во 7:20 часот ќе се одржи света Златоустова литургија, на која се очекува присуство и на поранешни жители на градот и нивни потомци. Овој божји храм се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот, изграден е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во нашата држава. Според формата таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од 19 век. Порано била главен соборен храм на Дебарското архијерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија.

The post Голема Богородица ќе се одбележи во Бигорски и црквата заштитничка на Дебар appeared first on Република.

]]>
Бигорски манастир се подготвува за манастирската слава Иванден – рождеството на Свети Јован Претеча https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bigorski-manastir-se-podgotvuva-za-manastirskata-slava-ivanden-rozhdestvoto-na-sveti-jovan-pretecha/ Mon, 03 Jul 2023 15:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=657805

Познатото македонско древно светилиште, Бигорскиот манастир, се подготвува за одбележувањето на втората манастирска слава, 7 јули, Денот кога се слави сечесниот празник на рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован.

Традиционално за празникот Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден се очекува големо присуство на верници и гости од сите делови на државава.

Во четврток, на 6 јули, во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во петок наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе биде пречекан нашиот почитуван надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. Почеток на Светата архиерејска Литургија е во 9 часот, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот.

Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.

Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен, нагласуваат од манастирот.

Посочуваат дека и кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш „колку ли, пак, повеќе светиите божји ги милуваат оние кои ги чествуваат“.

Молитвите на свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Бигорскиот манастир.

Првата слава на манастирот отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован е на 11 септември.Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и минатата година го одблежа големот јубилеј 1000 години од основањето.

The post Бигорски манастир се подготвува за манастирската слава Иванден – рождеството на Свети Јован Претеча appeared first on Република.

]]>

Познатото македонско древно светилиште, Бигорскиот манастир, се подготвува за одбележувањето на втората манастирска слава, 7 јули, Денот кога се слави сечесниот празник на рождеството на патронот и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован. Традиционално за празникот Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден се очекува големо присуство на верници и гости од сите делови на државава.
Во четврток, на 6 јули, во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј. Во петок наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе биде пречекан нашиот почитуван надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. Почеток на Светата архиерејска Литургија е во 9 часот, информираа од Бигорскиот манастир.
Додаваат дека славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нивната православна вера и култура, особено за жителите на овие краишта и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската вистина и да ги јакне верата и здравите вредности меѓу народот. Затоа, порачуваат, да ја покажеме и ние должната почит кон светиот Јован Крстител и нашата пожртвувана љубов кон неговото вековно светилиште, стекнувајќи го на тој начин благословот на светиот Претеча.
Ја имаме големата чест и радост, во името на Христовиот пророк и крстител, да ги поканиме сите благочестиви Христијани да се присоединат кон неговото големо торжество, бидејќи тој, во денот на своето Рождество е особено благодатно присутен и преку својата славна и чудотворна Бигорска икона и чесните мошти што се пазат во неговиот храм ги слуша и исполнува молитвите на оние коишто со љубов и вера го повикуваат, тоа е денот кога „најголемиот меѓу родените од жена“ ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите коишто ревносно го чествуваат неговиот спомен, нагласуваат од манастирот.
Посочуваат дека и кога секој човек неизмерно се радува кога ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својата свеченост, тогаш „колку ли, пак, повеќе светиите божји ги милуваат оние кои ги чествуваат“.
Молитвите на свети Јован Пророк, Претеча и Крстител, да бидат со сите нас, посакуваат од Бигорскиот манастир.
Првата слава на манастирот отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован е на 11 септември.Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и минатата година го одблежа големот јубилеј 1000 години од основањето.

The post Бигорски манастир се подготвува за манастирската слава Иванден – рождеството на Свети Јован Претеча appeared first on Република.

]]>
Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство https://republika.mk/vesti/makedonija/tsrkvata-ramnopravno-go-prenesuva-svojot-stav-koj-treba-da-se-pochituva-bidejki-e-stav-i-na-ogromnoto-tivko-moralno-mnozinstvo/ Mon, 27 Mar 2023 14:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=624314

Човековите права отсекогаш се сметаат за фундаментално важни аспекти кои треба да ги почитува, промовира, заштитува и унапредува секоја одговорна државна власт, но и секој човек. Ваквата колосалност на темата, пак, честопати е испреплетена со најразлични политички идеологии, како и со најразлични лични поимања, што некогаш доведува до недоразбирања и конфликти.

Овој текст се однесува на предизвиците пред кои е исправена Македонија во врска со Законот за родова еднаквост поднесен до Собранието од страна на Владата. Предизвиците, пак, се резултат на сомнежите на огромното тивко морално мнозинство наши сограѓани, кои сметаат дека овој акт е во спротивност со националниот морал, како и со традициите на граѓаните независно од нивната етничка или религиска припадност. Имајќи го предвид споменатото, нашата цел е сосема благородна и таа се отелотворува во нашето настојување да влијаеме и низ конструктивен дијалог, што е одлика на достоинството, но и законски загарантирано право, да се овозможи да продолжат да опстануваат во ист обем и капацитет традиционалните форми на најважните општествени прашања, како што се образованието, бракот сфатен исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена, како и целосната рамноправност на двата пола, односно на мажите и на жените.

Реагираме поради стравовите дека и во нашата земја, а по примерот на некои други држави, со примената на иста и слична методологија ќе им се обезбеди правен легитимитет, односно нахално ќе се воведе сексуалното на сметка на верското образование, што според нашите убедувања и начинот на живот, ќе донесе сигурни и сериозни импликации врз човековиот и општествениот бит, веќе докажано досега преку најразлични примери. Воедно, ние не мислиме да наметнуваме, да говориме за правилно и неправилно, за вистина и грешно, бидејќи за нас вистината е Христос и ние низ призмата на Христос ги набљудуваме човекот и светот, Него им Го сведочиме на светот преку личниот опит. Истовремено, стравуваме дека во духот на најцрните денови на комунистичкиот тоталитаризам, ќе се влијае во дестимулирање на религиозноста, а ќе се промовира т.н. идеја за „родовата флуидност“ која има намера да се скрие под различни зборовни конструкции, а сè повлијателниот агресивен феминизам упорно ќе продолжи да ја понижува клучната општествена улога на жената.
Она што со право длабоко нé загрижува е и нахалноста во пристапот кон овие теми на приврзаниците, како и недоволното вклучување на опонентите, кое требало да го запазува својот континуитет, за да се земе предвид уверувањето и на тие што поинаку размислуваат. Водењето на коректен и конструктивен дијалог е слика на секое зрело демократско општество. Во оваа смисла, оваа реалност дополнително ескалира кога се оди чекор понатаму преку свесно провоцирање и омаловажување на големото морално мнозинство кое трпеливо работи, се грижи за своето семејство, си ја почитува верата и кое си ја сака Татковината. Секоја неумерена реакција предизвикува агресија, а таа бо никој случај не му користи на овој општествен простор кој сите заедно го делиме.

Се поставува прашањето, како да се постапи на овој облик на загрозување на туѓата слобода? Да се премолчи како многу пати во минатото, или да се одговори достоинствено и разумно со надеж дека сепак, можеби како исклучок нема да се произведе поголем конфликт, туку, како за промена – дебата во која треба да се разбере и другата страна.

Нема полошо општествено уредување од она кое под маската на демократијата го крие вистинското лице на тоталитаризмот, односно анархизмот и нихилизмот. Современите концепции и стандарди за образование и родовата флуидност, но и традиционалните форми на претходнонаведените концепции од друга страна, пак, не само кај нас, туку насекаде во светот на еден највидлив начин ја претставуваат оваа сурова реалност.
Меѓутоа, каде нé води сето тоа?

Основата на човековите права се одразува во почитувањето на правото и слободата на другиот, односно во фактот дека слободите и правата на една група на граѓани (треба да) се ограничени со слободите и правата на друга група на граѓани (едно право не смее да го суспендира правото на другиот). Со актуелниот предлог закон, како и со неколку други закони во минатото, овој принцип не беше почитуван, односно не се почитуваа уверувањата и стремежите на граѓаните со изразена религиска свест и со конзервативен, односно традиционален општествен светоглед. Имајќи го во предвид споменатото, апелираме да се прекине оваа пракса на кршење на човековите права и слободи, односно да се применат методи на почитување на општествениот, политичкиот, економскиот и културниот развој на нашето општество.

Црквата не пишува државни закони, туку воспитува добри и лојални граѓани кои ги почитуваат добрите закони. Сите знаеме дека кој било Закон не се носи за да влијае од аспект на сила, за да присилува, туку тој е насочен кон подобрување на животот и на меѓусебните односи. Тоа значи дека правата на тие граѓани-верници ги вклучуваат и одговорностите кои произлегуваат од превземените дејствија. Секој од нас, без оглед на тоа дали е атеист или теист, дали е припадник на оваа или онаа верска заедница, дали е член на една или друга политичка партија, дали е функционер или не, има должност да се однесува како зрел граѓанин чијшто став, претходно добро преиспитан и очистен од страсти, е вреден да се чуе и земе предвид. Црквата не е институција – таа е народот собран околу својот Христос, што е всушност и етимолошкото значење на зборот εκκλησία – собрание на верни. Во тој контекст, членовите на Црквата, во секуларно организираната држава, рамноправно со сите нејзини жители го пренесуваат својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство! Црквата никој не може да ја спречи да говори со љубов, да биде смирено гласна во едно општество, сепак таа е повикана да се грижи за спасението на секој човек. Навистина, таа некогаш си дозволува да „го подели имотот и да го отпушти чедото во туѓата земја“, но и да го пречека со прегратка во неговото враќање оттаму.

На самиот крај, во духот на љубовта, би сакале да повикаме не само кон земање предвид на мислењето на огромното мнозинство во смисла на измените во Законот, туку и кон перманентен личен развој, кон самокритичност, кон градење на подобро општество за сите преку конструктивен и засилен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Црквата пребродила и излегла како победник и од пострашни зла и знаеме дека ќе го надмине, заедно со народот и овој предизвик. Тоа е така, бидејќи нејзината проповед не е против човекот кој од различни причини и под различни околности се довел во ситуација да греши, туку против злото и гревот. Таа не ги осудува различностите, туку прегрнува и љуби.

Бигорски манастир Св. Јован Крстител

The post Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство appeared first on Република.

]]>

Човековите права отсекогаш се сметаат за фундаментално важни аспекти кои треба да ги почитува, промовира, заштитува и унапредува секоја одговорна државна власт, но и секој човек. Ваквата колосалност на темата, пак, честопати е испреплетена со најразлични политички идеологии, како и со најразлични лични поимања, што некогаш доведува до недоразбирања и конфликти. Овој текст се однесува на предизвиците пред кои е исправена Македонија во врска со Законот за родова еднаквост поднесен до Собранието од страна на Владата. Предизвиците, пак, се резултат на сомнежите на огромното тивко морално мнозинство наши сограѓани, кои сметаат дека овој акт е во спротивност со националниот морал, како и со традициите на граѓаните независно од нивната етничка или религиска припадност. Имајќи го предвид споменатото, нашата цел е сосема благородна и таа се отелотворува во нашето настојување да влијаеме и низ конструктивен дијалог, што е одлика на достоинството, но и законски загарантирано право, да се овозможи да продолжат да опстануваат во ист обем и капацитет традиционалните форми на најважните општествени прашања, како што се образованието, бракот сфатен исклучиво како заедница помеѓу еден маж и една жена, како и целосната рамноправност на двата пола, односно на мажите и на жените. Реагираме поради стравовите дека и во нашата земја, а по примерот на некои други држави, со примената на иста и слична методологија ќе им се обезбеди правен легитимитет, односно нахално ќе се воведе сексуалното на сметка на верското образование, што според нашите убедувања и начинот на живот, ќе донесе сигурни и сериозни импликации врз човековиот и општествениот бит, веќе докажано досега преку најразлични примери. Воедно, ние не мислиме да наметнуваме, да говориме за правилно и неправилно, за вистина и грешно, бидејќи за нас вистината е Христос и ние низ призмата на Христос ги набљудуваме човекот и светот, Него им Го сведочиме на светот преку личниот опит. Истовремено, стравуваме дека во духот на најцрните денови на комунистичкиот тоталитаризам, ќе се влијае во дестимулирање на религиозноста, а ќе се промовира т.н. идеја за „родовата флуидност“ која има намера да се скрие под различни зборовни конструкции, а сè повлијателниот агресивен феминизам упорно ќе продолжи да ја понижува клучната општествена улога на жената. Она што со право длабоко нé загрижува е и нахалноста во пристапот кон овие теми на приврзаниците, како и недоволното вклучување на опонентите, кое требало да го запазува својот континуитет, за да се земе предвид уверувањето и на тие што поинаку размислуваат. Водењето на коректен и конструктивен дијалог е слика на секое зрело демократско општество. Во оваа смисла, оваа реалност дополнително ескалира кога се оди чекор понатаму преку свесно провоцирање и омаловажување на големото морално мнозинство кое трпеливо работи, се грижи за своето семејство, си ја почитува верата и кое си ја сака Татковината. Секоја неумерена реакција предизвикува агресија, а таа бо никој случај не му користи на овој општествен простор кој сите заедно го делиме. Се поставува прашањето, како да се постапи на овој облик на загрозување на туѓата слобода? Да се премолчи како многу пати во минатото, или да се одговори достоинствено и разумно со надеж дека сепак, можеби како исклучок нема да се произведе поголем конфликт, туку, како за промена – дебата во која треба да се разбере и другата страна. Нема полошо општествено уредување од она кое под маската на демократијата го крие вистинското лице на тоталитаризмот, односно анархизмот и нихилизмот. Современите концепции и стандарди за образование и родовата флуидност, но и традиционалните форми на претходнонаведените концепции од друга страна, пак, не само кај нас, туку насекаде во светот на еден највидлив начин ја претставуваат оваа сурова реалност. Меѓутоа, каде нé води сето тоа? Основата на човековите права се одразува во почитувањето на правото и слободата на другиот, односно во фактот дека слободите и правата на една група на граѓани (треба да) се ограничени со слободите и правата на друга група на граѓани (едно право не смее да го суспендира правото на другиот). Со актуелниот предлог закон, како и со неколку други закони во минатото, овој принцип не беше почитуван, односно не се почитуваа уверувањата и стремежите на граѓаните со изразена религиска свест и со конзервативен, односно традиционален општествен светоглед. Имајќи го во предвид споменатото, апелираме да се прекине оваа пракса на кршење на човековите права и слободи, односно да се применат методи на почитување на општествениот, политичкиот, економскиот и културниот развој на нашето општество. Црквата не пишува државни закони, туку воспитува добри и лојални граѓани кои ги почитуваат добрите закони. Сите знаеме дека кој било Закон не се носи за да влијае од аспект на сила, за да присилува, туку тој е насочен кон подобрување на животот и на меѓусебните односи. Тоа значи дека правата на тие граѓани-верници ги вклучуваат и одговорностите кои произлегуваат од превземените дејствија. Секој од нас, без оглед на тоа дали е атеист или теист, дали е припадник на оваа или онаа верска заедница, дали е член на една или друга политичка партија, дали е функционер или не, има должност да се однесува како зрел граѓанин чијшто став, претходно добро преиспитан и очистен од страсти, е вреден да се чуе и земе предвид. Црквата не е институција – таа е народот собран околу својот Христос, што е всушност и етимолошкото значење на зборот εκκλησία – собрание на верни. Во тој контекст, членовите на Црквата, во секуларно организираната држава, рамноправно со сите нејзини жители го пренесуваат својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство! Црквата никој не може да ја спречи да говори со љубов, да биде смирено гласна во едно општество, сепак таа е повикана да се грижи за спасението на секој човек. Навистина, таа некогаш си дозволува да „го подели имотот и да го отпушти чедото во туѓата земја“, но и да го пречека со прегратка во неговото враќање оттаму. На самиот крај, во духот на љубовта, би сакале да повикаме не само кон земање предвид на мислењето на огромното мнозинство во смисла на измените во Законот, туку и кон перманентен личен развој, кон самокритичност, кон градење на подобро општество за сите преку конструктивен и засилен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Црквата пребродила и излегла како победник и од пострашни зла и знаеме дека ќе го надмине, заедно со народот и овој предизвик. Тоа е така, бидејќи нејзината проповед не е против човекот кој од различни причини и под различни околности се довел во ситуација да греши, туку против злото и гревот. Таа не ги осудува различностите, туку прегрнува и љуби. Бигорски манастир Св. Јован Крстител

The post Црквата рамноправно го пренесува својот став кој треба да се почитува, бидејќи е став и на огромното тивко морално мнозинство appeared first on Република.

]]>
Во Рим проекција на филмот „1000 години – сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир https://republika.mk/vesti/kultura/vo-rim-proektsija-na-filmot-1000-godini-svedok-na-svetlinata-posveten-na-iljadagodishninata-na-bigorskiot-manastir/ Wed, 15 Feb 2023 14:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=609388

Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, вчеравечер се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години - сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров.

На иницијатива на амбасадорката на Македонија во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и други дипломати од повеќе држави, акредитирани во Светата Столица. Целта на оваа проекција беше запознавање на дипломатскиот кор од повеќе држави во Ватикан со македонското културно и духовно богатство.

На почетокот на настанот, свои пригодни обраќања имаа амбасадорката Ефремова, ректорот на Понтификалниот ориентален институт отец Давид Назар, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Сотировски, јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир и режисерот на филмот Илија Ико Каров.

- Денес имаме ретка прилика, поради која сме радосни, но и возбудени пред сите Вас да го презентираме еден од нашите најзначајни дијаманти, македонскиот православен манастир Св. Јован Крстител - Бигорски, кој е наше вредно културно и духовно наследство, но и современа реалност која плени по својот дух, дух кој илјада години го чува силен огнот на преданието на Црквата. Колку ли работи се променија во последниве 1000 години? Колку ли работи можеа да значат крај за ова наше светилиште? Колку среќна е денешната генерација која и покрај сé, е современик на илјадагодишен манастир кој е пожив од било кога?, истакна во својот говор директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски.

Јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир истакна дека му е чест и привилегија да се обрати на свечениот настан.

- Честа и срдечниот трепет во мене се дотолку поголеми, што ова наше достоинствено собрание се одвива овде, во Вечниот Град, in Urbe Aeterna, кој е сведок на безброј епохални настани, татковина на недобројни славни историски личности, град-музеј на еден цивилизациски континуум што трае ab Urbe condita, од 753 година пред Христа, па сè до денес. Сето ова, на вечерашниов наш настан му дава несомнено еден силен тон на мистично великолепие, рече  јеромонахот Кирил.

Во средето на оваа цивилизациска лулка, додаде тој, ќе биде емитуван документарниот филм за еден, исто така, исклучително долг, милениумски духовен и културен континуитет. 1000 години – Сведок на Светлината, со што, посочи, се чини дека самиот наслов е доволно моќен, за да ја пренесе сериозноста и свештеноста на, со десет века напластуваната содржина на духовност, убавина, просветление, возвишеност, светост.

- Сонцето секое утро се буди и изгрева на Истокот, потоа сонливо, растејќи се издигнува на највисоката точка на небото; во својот зенит од каде што грее најсилно за сите. Потоа спокојно и полека го продолжува својот пат, упатувајќи се кон прегратките на Западот, каде што мирно ќе заспие и ќе зајде; ќе отпочине до утре. Бог така совршено ја усторил Светлината, што таа не може да биде целосна ниту без Истокот, ниту без Западот..., подвлече во својот говор, авторот и режисер на филмот, Илија Ико Каров, правејќи, меѓу другото, алузија и со животот на Свети Константин – Кирил Философ и на тој начин потенцирајќи ја врската на македонската земја со Вечниот Град.

Присутните гости со громогласен аплауз му оддадоа искрено признание на режисерот Илија Ико Каров, на првиот асистент на режија и монтажер Бранко Блажевски, кој беше меѓу присутните, како и на целата екипа којашто цели пет години заедно со него работеше на овој проект. 

https://republika.mk/vesti/kultura/se-potprev-na-srceto-i-pochnav-da-gi-voochuvam-onie-raboti-koi-ne-se-gledaat-so-ochite/

The post Во Рим проекција на филмот „1000 години – сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир appeared first on Република.

]]>

Во свечениот амбиент на „Понтификалниот институт за ориентални студии“ во Рим, вчеравечер се одржа проекцијата на документарниот филмот „1000 години - сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир, во авторство и режија на Илија Ико Каров. На иницијатива на амбасадорката на Македонија во Ватикан, Марија Ефремова, а под покровителство на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, документарецот за Бигорскиот манастир беше проектиран пред голем број амбасадори и други дипломати од повеќе држави, акредитирани во Светата Столица. Целта на оваа проекција беше запознавање на дипломатскиот кор од повеќе држави во Ватикан со македонското културно и духовно богатство. На почетокот на настанот, свои пригодни обраќања имаа амбасадорката Ефремова, ректорот на Понтификалниот ориентален институт отец Давид Назар, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Сотировски, јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир и режисерот на филмот Илија Ико Каров. - Денес имаме ретка прилика, поради која сме радосни, но и возбудени пред сите Вас да го презентираме еден од нашите најзначајни дијаманти, македонскиот православен манастир Св. Јован Крстител - Бигорски, кој е наше вредно културно и духовно наследство, но и современа реалност која плени по својот дух, дух кој илјада години го чува силен огнот на преданието на Црквата. Колку ли работи се променија во последниве 1000 години? Колку ли работи можеа да значат крај за ова наше светилиште? Колку среќна е денешната генерација која и покрај сé, е современик на илјадагодишен манастир кој е пожив од било кога?, истакна во својот говор директорот на КОВЗРГ Даријан Сотировски. Јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир истакна дека му е чест и привилегија да се обрати на свечениот настан. - Честа и срдечниот трепет во мене се дотолку поголеми, што ова наше достоинствено собрание се одвива овде, во Вечниот Град, in Urbe Aeterna, кој е сведок на безброј епохални настани, татковина на недобројни славни историски личности, град-музеј на еден цивилизациски континуум што трае ab Urbe condita, од 753 година пред Христа, па сè до денес. Сето ова, на вечерашниов наш настан му дава несомнено еден силен тон на мистично великолепие, рече  јеромонахот Кирил. Во средето на оваа цивилизациска лулка, додаде тој, ќе биде емитуван документарниот филм за еден, исто така, исклучително долг, милениумски духовен и културен континуитет. 1000 години – Сведок на Светлината, со што, посочи, се чини дека самиот наслов е доволно моќен, за да ја пренесе сериозноста и свештеноста на, со десет века напластуваната содржина на духовност, убавина, просветление, возвишеност, светост. - Сонцето секое утро се буди и изгрева на Истокот, потоа сонливо, растејќи се издигнува на највисоката точка на небото; во својот зенит од каде што грее најсилно за сите. Потоа спокојно и полека го продолжува својот пат, упатувајќи се кон прегратките на Западот, каде што мирно ќе заспие и ќе зајде; ќе отпочине до утре. Бог така совршено ја усторил Светлината, што таа не може да биде целосна ниту без Истокот, ниту без Западот..., подвлече во својот говор, авторот и режисер на филмот, Илија Ико Каров, правејќи, меѓу другото, алузија и со животот на Свети Константин – Кирил Философ и на тој начин потенцирајќи ја врската на македонската земја со Вечниот Град. Присутните гости со громогласен аплауз му оддадоа искрено признание на режисерот Илија Ико Каров, на првиот асистент на режија и монтажер Бранко Блажевски, кој беше меѓу присутните, како и на целата екипа којашто цели пет години заедно со него работеше на овој проект.  https://republika.mk/vesti/kultura/se-potprev-na-srceto-i-pochnav-da-gi-voochuvam-onie-raboti-koi-ne-se-gledaat-so-ochite/

The post Во Рим проекција на филмот „1000 години – сведок на светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир appeared first on Република.

]]>
Бигорски манастир: Што празнуваме и кога е црковната Нова година? https://republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-manastir-shto-praznuvame-i-koga-e-tsrkovnata-nova-godina/ Sat, 31 Dec 2022 08:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=592184

Нова година! Што, всушност, празнуваме на 31 декември/1 јануари? И што значи тоа граѓанска, односно секуларна Нова година?

Тоа е моментот кога сите ние, сиот свет влегува во следното новолетие, т. е. започнува Новата година. Зборуваме за граѓанско празнување, не за црковно. Па и таканаречената Василица, 1 јануари, Нова година по јулијанскиот календар, чиешто предание е поврзано со Св. Василиј Велики (бидејќи на истиот ден се празнува овој светец), заедно со Обрезанието Господово, меѓу народот е позната и како Стара Нова година, но во самата богослужба на празникот нема никакви сведоштва и молитви во однос на Новата година. Тоа, пак, ни докажува дека кај православните народи Новата година не се празнувала на 1 јануари.

Но доколку Црквата го одбележува и одобрува граѓанското новолетие, тоа го прави поради фактот што таа постои во општеството и секое општествено прославување ги опфаќа нејзините верни членови.

За оние кои не знаат, а веројатно поголемиот дел од нашиот народ воопшто не знае, и Црквата си има свое празнување на Новата година, но тоа се случува во сосема поинаква атмосфера и на сосема друг датум. А тој датум е 1/14 септември.

Уште во древноста, мeсeцoт сeптeмври кај Eврeитe бил пoчeтoк на нoвата граѓанска гoдина (II Мoј. 23, 16). Тоа бил мeсeц на собирањe плoдoви и принeсувањe жртви на благoдарнoст кон Бoга. За врeмe на oва празнувањe Гoспoд Исус влeгoл вo синагoгата вo Назарeт, ја oтвoрил книгата на прoрoкoт Исаија и ги прoчитал збoрoвитe: „Духoт на Гoспoда Бoга e врз Мeнe заштo Гoспoд Мe пoмаза за да им благoвeстувам на бeднитe, Мe испрати да лeкувам сoкрушeни пo срцe, да им прoпoвeдам на зарoбeнитe и на затвoрeницитe – oтвoрањe на тeмницата, да ја прoпoвeдам благoпријатната Гoспoдoва гoдина и дeнoт за oдмазда на нашиoт Бoг; да ги утeшам ситe oниe штo тагуваат” (Иса. 61, 1-2).

Подоцна, пак, за време на царот Диоклецијан, за секоја нова година се користел зборот индикт. Овој збор – индикт (или indiction = објава), првично значел годишен данок во производи, којшто бил воведен токму од страна на овој цар. Големината на данокот се определувала врз основа на пописот на населението којшто се спроведувал секои 15 години. Индикт се нарекувал како самиот 15 годишен временски интервал, така и секоја година во неговите рамки. Почетокот на годината се паѓал на 1 септември, кога се собирал родот и се плаќал данокот.

Подоцна, Првиот всeлeнски сoбoр oпрeдeлил и цркoвната гoдина да пoчнува на 1 сeптeмври. Важно е да се одбележи и дека IV век бил златен период на Црквата. Тогаш престанале мачеништвата, христијаните можеле слободно да ги практикуваат своите богослуженија, но Црквата не можела да ги заборави храбрите подвизи на мачениците за верата. Верниот народ чувствувал огромна потреба да ги сочува овие спомени, заради што во овој период започнал да се составува црковниот календар. Во спомен на мачениците претходната историска епоха била наречена „Ера на Диоклецијан” или „Ера на мачениците”.

Дoлгo врeмe вo христијанскиoт свeт и граѓанската, и цркoвната гoдина биле одбележувани на 1 септември. Подоцна граѓанската Нова година била пренесена на 1 јануари, и тоа најпрвин на Запад, во Европа. Историските факти зборуваат за можни причини поради кои Западниот свет ја преместил традицијата на празнување на Нова година од 1 септември на 1 јануари. Оваа традиција била поврзана со римскиот пагански свет. Имено, според јулијанскиот календар за почеток на Новата година бил сметан 1 ден од месец јануари. Во време на римското паганско општество, Римјаните го славеле богот Јанус (според кој е добиено и името на месецот јануари) и главниот ден Saturnalia, а исто така од времето на царевите и почетокот на Новата година. Овој ден паганите го поминувале со особена свеченост и веселие. Пријателите едни на други си испраќале подароци, кои ги нарекувале Strenae, а во чест на богот Strena или Strenie, приредувале гозби, ноќите ги поминувале во песни, игри и театарски претстави. Ваквите забави траеле повеќе денови. Со ослободувањето на христијанството и воспоставувањето на неговите традиции, биле забранети сите учества на овие пагански собири. Во VII век, со доаѓањето на паганите од Фландрија и Холандија, повторно се направиле обиди да се воспостави традицијата на ваков начин да се прославува Новата година на 1 јануари. Но повторно за кратко време била потисната, за во 1582 година, кога бил воведен григоријанскиот календар, Западот конечно да донесе одлука почетокот на Новата година да го одбележува на 1 јануари.

На Истокот, пак, ситуацијата била поинаква. Во Русија, сѐ до времето на владеење на царот Петар Велики, и црковниот и граѓанскиот календар започнувале на 1 септември. Поведен од својот интерес за западниот начин на живот, Петар тргнал на пат за Европа со намера што подобро да се запознае со обичаите на западните земји, а со цел да ги примени во својата, според него, „заостаната” земја. Така, Петар прифатил Новата година да се слави на 1 јануари. Нова година бил световен празник и на славење се пристапувало после Рождеството Христово, кое до револуцијата од 1917 година се паѓало на 25 декември. Со револуцијата била спроведена уште една календарска реформа: наместо јулијанскиот бил прифатен григоријанскиот календар (нов стил), така што празнувањето на Новата година почнало да се паѓа непосредно пред Божик, кој со оваа реформа започнал да се слави на 7 јануари. Затоа кај луѓето коишто ја пазеле духовната традиција се појавила недоумица: Како да се празнува Новата година и дали воопшто да се празнува? Одговорот на ова прашање е веќе друга тема.

Кога сме кај календарите, добро е да појасниме дека денес постојат два: еден древен, таканаречениот јулијански календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена.

Подоцнежниот календар е григоријанскиот, изработен по указ на папата Григориј кон крајот на XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. Во врска со ова комисијата предложила и конкретни мерки за реформа на календарот. Тие биле прифатени од страна на папата на 24 февруари 1582 година со издавање посебна папска була со споменатите мерки. Тогаш, меѓу другото, било утврдено секоја година пролетната рамнодневница да биде фиксирана на 21 март. Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната разлика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5 октомври да се смета како 15 октомври.

Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво.

За жал, од иста причина, сите празници веќе одамна се преведени на григоријанскиот календар. Малкумина од новите генерации знаат дека 14 јануари, познат по така нареченото празнување на Стара Нова година, е всушност 1 јануари (овој датум може да се воочи и во самата богослужба), токму поради тие 13 вишок денови кои григоријанскиот календар ги избришал од годината. Многу често во православниот свет се прави една грешка поради неупатеност и незнаење. Имено, Обрезанието Господово кое се празнува на 14 јануари заедно со оддавањето почит на Св. Василиј Велики, се смета за почеток на новата црковна година (Василица). Кога би се вратиле назад 13 дена, односно оние денови кои реформите на календарот ги избришал, тогаш овој празник би се паднал на 1 јануари и би се поклопил со датумот на граѓанската Нова година, со која Црквата и нема баш некоја врска. Но бидејќи Црквата постои и опстојува во општеството, а не надвор од него, таа ја почитува важноста на граѓанската Нова година, за која повторно ќе нагласиме дека е е, и не може да биде црковен или христијански празник.

Црквата ја празнува својата Нова година, но на друг датум и во сосема поинаква атмосфера. Радосна атмосфера, ама духовна и торжествена радост. За христијанинот Новата година е празник кој според црковниот термин се одбележува на 1/14 септември. И тогаш не се практикуваат забави. Секоја Нова година започнува со возгласот: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин”. Тој празник постои во нашиот месецослов и се нарекува Почеток на Новото лето.

The post Бигорски манастир: Што празнуваме и кога е црковната Нова година? appeared first on Република.

]]>

Нова година! Што, всушност, празнуваме на 31 декември/1 јануари? И што значи тоа граѓанска, односно секуларна Нова година? Тоа е моментот кога сите ние, сиот свет влегува во следното новолетие, т. е. започнува Новата година. Зборуваме за граѓанско празнување, не за црковно. Па и таканаречената Василица, 1 јануари, Нова година по јулијанскиот календар, чиешто предание е поврзано со Св. Василиј Велики (бидејќи на истиот ден се празнува овој светец), заедно со Обрезанието Господово, меѓу народот е позната и како Стара Нова година, но во самата богослужба на празникот нема никакви сведоштва и молитви во однос на Новата година. Тоа, пак, ни докажува дека кај православните народи Новата година не се празнувала на 1 јануари. Но доколку Црквата го одбележува и одобрува граѓанското новолетие, тоа го прави поради фактот што таа постои во општеството и секое општествено прославување ги опфаќа нејзините верни членови. За оние кои не знаат, а веројатно поголемиот дел од нашиот народ воопшто не знае, и Црквата си има свое празнување на Новата година, но тоа се случува во сосема поинаква атмосфера и на сосема друг датум. А тој датум е 1/14 септември. Уште во древноста, мeсeцoт сeптeмври кај Eврeитe бил пoчeтoк на нoвата граѓанска гoдина (II Мoј. 23, 16). Тоа бил мeсeц на собирањe плoдoви и принeсувањe жртви на благoдарнoст кон Бoга. За врeмe на oва празнувањe Гoспoд Исус влeгoл вo синагoгата вo Назарeт, ја oтвoрил книгата на прoрoкoт Исаија и ги прoчитал збoрoвитe: „Духoт на Гoспoда Бoга e врз Мeнe заштo Гoспoд Мe пoмаза за да им благoвeстувам на бeднитe, Мe испрати да лeкувам сoкрушeни пo срцe, да им прoпoвeдам на зарoбeнитe и на затвoрeницитe – oтвoрањe на тeмницата, да ја прoпoвeдам благoпријатната Гoспoдoва гoдина и дeнoт за oдмазда на нашиoт Бoг; да ги утeшам ситe oниe штo тагуваат” (Иса. 61, 1-2). Подоцна, пак, за време на царот Диоклецијан, за секоја нова година се користел зборот индикт. Овој збор – индикт (или indiction = објава), првично значел годишен данок во производи, којшто бил воведен токму од страна на овој цар. Големината на данокот се определувала врз основа на пописот на населението којшто се спроведувал секои 15 години. Индикт се нарекувал како самиот 15 годишен временски интервал, така и секоја година во неговите рамки. Почетокот на годината се паѓал на 1 септември, кога се собирал родот и се плаќал данокот. Подоцна, Првиот всeлeнски сoбoр oпрeдeлил и цркoвната гoдина да пoчнува на 1 сeптeмври. Важно е да се одбележи и дека IV век бил златен период на Црквата. Тогаш престанале мачеништвата, христијаните можеле слободно да ги практикуваат своите богослуженија, но Црквата не можела да ги заборави храбрите подвизи на мачениците за верата. Верниот народ чувствувал огромна потреба да ги сочува овие спомени, заради што во овој период започнал да се составува црковниот календар. Во спомен на мачениците претходната историска епоха била наречена „Ера на Диоклецијан” или „Ера на мачениците”. Дoлгo врeмe вo христијанскиoт свeт и граѓанската, и цркoвната гoдина биле одбележувани на 1 септември. Подоцна граѓанската Нова година била пренесена на 1 јануари, и тоа најпрвин на Запад, во Европа. Историските факти зборуваат за можни причини поради кои Западниот свет ја преместил традицијата на празнување на Нова година од 1 септември на 1 јануари. Оваа традиција била поврзана со римскиот пагански свет. Имено, според јулијанскиот календар за почеток на Новата година бил сметан 1 ден од месец јануари. Во време на римското паганско општество, Римјаните го славеле богот Јанус (според кој е добиено и името на месецот јануари) и главниот ден Saturnalia, а исто така од времето на царевите и почетокот на Новата година. Овој ден паганите го поминувале со особена свеченост и веселие. Пријателите едни на други си испраќале подароци, кои ги нарекувале Strenae, а во чест на богот Strena или Strenie, приредувале гозби, ноќите ги поминувале во песни, игри и театарски претстави. Ваквите забави траеле повеќе денови. Со ослободувањето на христијанството и воспоставувањето на неговите традиции, биле забранети сите учества на овие пагански собири. Во VII век, со доаѓањето на паганите од Фландрија и Холандија, повторно се направиле обиди да се воспостави традицијата на ваков начин да се прославува Новата година на 1 јануари. Но повторно за кратко време била потисната, за во 1582 година, кога бил воведен григоријанскиот календар, Западот конечно да донесе одлука почетокот на Новата година да го одбележува на 1 јануари. На Истокот, пак, ситуацијата била поинаква. Во Русија, сѐ до времето на владеење на царот Петар Велики, и црковниот и граѓанскиот календар започнувале на 1 септември. Поведен од својот интерес за западниот начин на живот, Петар тргнал на пат за Европа со намера што подобро да се запознае со обичаите на западните земји, а со цел да ги примени во својата, според него, „заостаната” земја. Така, Петар прифатил Новата година да се слави на 1 јануари. Нова година бил световен празник и на славење се пристапувало после Рождеството Христово, кое до револуцијата од 1917 година се паѓало на 25 декември. Со револуцијата била спроведена уште една календарска реформа: наместо јулијанскиот бил прифатен григоријанскиот календар (нов стил), така што празнувањето на Новата година почнало да се паѓа непосредно пред Божик, кој со оваа реформа започнал да се слави на 7 јануари. Затоа кај луѓето коишто ја пазеле духовната традиција се појавила недоумица: Како да се празнува Новата година и дали воопшто да се празнува? Одговорот на ова прашање е веќе друга тема. Кога сме кај календарите, добро е да појасниме дека денес постојат два: еден древен, таканаречениот јулијански календар, кој бил изработен во 46 г. пред Христа од страна на александрискиот астроном Созиген, а на иницијатива на римскиот владетел Гај Јулиј Цезар, според кого и го добил името. Овој календар бил прифатен од страна на Црквата во IV век со извесни измени. Но, јулијанскиот календар не е сосема точен: тој се разликува за 11 минути и 14 секунди од вистинската сончева (тропска) година. Оваа разлика за 400 години се искачила на 3 дена, 2 часа, 53 минути и 20 секунди, а пак, во 1700 година изнесувала цели 10 дена. Денес таа изнесува 13 дена. Подоцнежниот календар е григоријанскиот, изработен по указ на папата Григориј кон крајот на XVI век. Имено, веќе во средниот век, тогашните научници ја воочиле неправилноста на јулијанскиот календар. Па така, на иницијатива на споменатиот папа, во 1576 година била формирана посебна комисија од астрономи и математичари која имала за цел да спроведе реформа на јулијанскиот календар. Во врска со ова комисијата предложила и конкретни мерки за реформа на календарот. Тие биле прифатени од страна на папата на 24 февруари 1582 година со издавање посебна папска була со споменатите мерки. Тогаш, меѓу другото, било утврдено секоја година пролетната рамнодневница да биде фиксирана на 21 март. Понатаму, со цел да се изедначи дотогашната разлика меѓу јулијанската и реалната (тропска) година, која во 1582 година изнесувала 10 дена, со папската була било решено, во таа година 5 октомври да се смета како 15 октомври. Овој календар стана примарен во католичка Европа. Потоа, од практични причини постепено почнаа да го примаат и другите народи, и денес се користи на глобално ниво. За жал, од иста причина, сите празници веќе одамна се преведени на григоријанскиот календар. Малкумина од новите генерации знаат дека 14 јануари, познат по така нареченото празнување на Стара Нова година, е всушност 1 јануари (овој датум може да се воочи и во самата богослужба), токму поради тие 13 вишок денови кои григоријанскиот календар ги избришал од годината. Многу често во православниот свет се прави една грешка поради неупатеност и незнаење. Имено, Обрезанието Господово кое се празнува на 14 јануари заедно со оддавањето почит на Св. Василиј Велики, се смета за почеток на новата црковна година (Василица). Кога би се вратиле назад 13 дена, односно оние денови кои реформите на календарот ги избришал, тогаш овој празник би се паднал на 1 јануари и би се поклопил со датумот на граѓанската Нова година, со која Црквата и нема баш некоја врска. Но бидејќи Црквата постои и опстојува во општеството, а не надвор од него, таа ја почитува важноста на граѓанската Нова година, за која повторно ќе нагласиме дека е е, и не може да биде црковен или христијански празник. Црквата ја празнува својата Нова година, но на друг датум и во сосема поинаква атмосфера. Радосна атмосфера, ама духовна и торжествена радост. За христијанинот Новата година е празник кој според црковниот термин се одбележува на 1/14 септември. И тогаш не се практикуваат забави. Секоја Нова година започнува со возгласот: „Благословено е Царството на Отецот, и Синот, и Светиот дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин”. Тој празник постои во нашиот месецослов и се нарекува Почеток на Новото лето.  

The post Бигорски манастир: Што празнуваме и кога е црковната Нова година? appeared first on Република.

]]>
Бигорски манастир: Православната црква на Полска го потврди молитвеното општење со нашата црква https://republika.mk/vesti/makedonija/bigorski-manastir-pravoslavnata-crkva-na-polska-go-potvrdi-molitvenoto-opshtenje-so-nashata-crkva/ Fri, 28 Oct 2022 08:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=566711

Православната црква на Полска го потврдила молитвеното општење со нашата ценета црква, на одржаното редовно есенско заседание  на Архијерејскиот собор, објави Бигорски манастир.

Во објавата се пренесува извадок од официјалното соопштение од канцеларијата на Светиот архијерејски синод, кој се однесува на нашето црковно прашање.

На 25 октомври 2022 година, под претседателство на Неговата еминенција, Високопреосветениот г. Сава, православeн митрополит Варшавски и на цела Полска, се одржа есенското заседание на Светиот собор на епископите на Полската автокефална православна Црква. Присутни беа сите архиепископи и епископи. Седниците се однесуваа на надворешни и внатрешни работи, стои во соопштението.

Се додава дека во однос на надворешни работи прифатени се информациите од Константинополскиот патријарх во врска со новите светители и со одземањето на некои свештенички чинови од страна на Патријаршијата.

Прочитана е информацијата од Српскиот патријарх за осамостојувањето на Православната црква во Македонија. Светиот собор на епископите со радост ја прими на знаење оваа информација и го потврди молитвеното општење со горенаведената Црква, се наведува во официјалното соопштение од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Православната црква на Полска.

Како што претходно објави Бигорски манастир, „древната Антиохиска патријаршија, на заседанието на својот Свет и Свештен синод го потврди прифаќањето на Охридската архиепископија во канонско и литургиско општење со целата православна полнота”.

The post Бигорски манастир: Православната црква на Полска го потврди молитвеното општење со нашата црква appeared first on Република.