Библиотека Григор Прличев Охрид Archives - Република https://republika.mk/tema/biblioteka-grigor-prlichev-ohrid/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 09:00:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Библиотека Григор Прличев Охрид Archives - Република https://republika.mk/tema/biblioteka-grigor-prlichev-ohrid/ 32 32 Во чест на 8 Март промоција на книга од Зора Златева во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/vo-chest-na-8-mart-promotsija-na-kniga-od-zora-zlateva-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-ohrid/ Fri, 08 Mar 2024 09:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=752525

Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид.

Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и замислени доживувања најсуптилно ги реди во стихови од кои напати извира немоќ, напати сила невидена и на почеток и крај гордост што е една, единствена и посебна, вели во рецензијата на книгата м-р Милчо Јованоски, кој утре ќе биде и во улога на нејзин промотор.

Стихови од збирката ќе читаат ученици од библиотекарско – рецитаторската секција од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ од Охрид

Настанот ќе го збогатат младите надежни музичари ООМУ „Методи Патче“ а специјална осмомартовска видео порака со грст стихови и песна до присутните ќе испратат учениците од трето одделение од ООУ „Братство – Единство“ Лескајца заедно со нивните наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.

The post Во чест на 8 Март промоција на книга од Зора Златева во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>

Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид. Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и замислени доживувања најсуптилно ги реди во стихови од кои напати извира немоќ, напати сила невидена и на почеток и крај гордост што е една, единствена и посебна, вели во рецензијата на книгата м-р Милчо Јованоски, кој утре ќе биде и во улога на нејзин промотор. Стихови од збирката ќе читаат ученици од библиотекарско – рецитаторската секција од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ од Охрид Настанот ќе го збогатат младите надежни музичари ООМУ „Методи Патче“ а специјална осмомартовска видео порака со грст стихови и песна до присутните ќе испратат учениците од трето одделение од ООУ „Братство – Единство“ Лескајца заедно со нивните наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.

The post Во чест на 8 Март промоција на книга од Зора Златева во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>
Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место https://republika.mk/vesti/kultura/vo-ohrid-se-odrza-republichkiot-natprevar-mladi-bibliotekari-prilepchankata-isidora-nikoloska-go-osvoi-prvoto-mesto/ Sat, 21 May 2022 18:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=505303

Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што вчера се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија  а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид .

Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода,победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со освоени 83 бода.

Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солидно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав: Андријана  Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Мустафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска. Натпреварот се одвиваше  беспрекорно и во најдобар ред, а Библиотеката во Охрид се покажа како одличен домаќин  рече д-р Јана Михајловска , претседател на Библиотекарскто здружение на Македонија (БЗМ).

Во Охрид покрај натпреварувачите беа и нивните ментори како и поголем дел од  директорите на Националните и Локалните библиотеки меѓу кои и Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ посебно им благодари за помошта на вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и Пинокио.

The post Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место appeared first on Република.

]]>

Прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место на 21. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што вчера се одржа во организација на Библиотекарското здружение на Македонија  а домаќин беше НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид . Николоска со освоени 91 од вкупно 120 бода,победи во конкуренција од 20 учесници од цела држава, кои претходно победиле на општинските натпревари и се здобиле со правото да учествуваат на Републичкиот натпревар. Втора беше Ива Додевска од Куманово со освоени 84 бода, а третото место ѝ припадна на Тијана Стојменова од Струмица со освоени 83 бода.
Прашалникот се состоеше од 29 прашања, на кои натпреварувачите одговараа писмено, во време од 60 минути. Сите учесници покажаа солидни познавања од областа на библиотекарството и солидно ги одговорија прашањата, заклучија членовите на комисијата во состав: Андријана  Апостоловска, Лили Бошевска, Сабија Мустафа, Христина Трпеска и Снежана Стојаноска. Натпреварот се одвиваше  беспрекорно и во најдобар ред, а Библиотеката во Охрид се покажа како одличен домаќин  рече д-р Јана Михајловска , претседател на Библиотекарскто здружение на Македонија (БЗМ).
Во Охрид покрај натпреварувачите беа и нивните ментори како и поголем дел од  директорите на Националните и Локалните библиотеки меѓу кои и Јелисавета Костадинова, директорката на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. НУ Библиотека „Григор Прличев“ посебно им благодари за помошта на вљубеникот во книгите Илија Илоски, Жито леб, Општина Охрид и Пинокио.    

The post Во Охрид се одржа Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, прилепчанката Исидора Николоска го освои првото место appeared first on Република.

]]>
Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/ljubomir-grupchev-od-vozrasnite-i-stefan-trajchevski-od-decata-se-proglaseni-za-chitateli-na-godinata-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-ohrid/ Tue, 26 Apr 2022 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=493840

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:

1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)

  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)

Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:

  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева

Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:

  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер

Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение:

1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова

2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски

3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески

4.”Збунети години” – Велко Неделковски

5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски

Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:

  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.

Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.
  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:
1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)
  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)
Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:
  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева
Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:
  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер
Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение: 1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова 2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски 3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески 4.”Збунети години” – Велко Неделковски 5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:
  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен
На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.
Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>
Најмногу пари од годишната програма во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одлеат во збогатувањето на книжниот фонд https://republika.mk/vesti/kultura/najmnogu-pari-od-godishnata-programa-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-vo-ohrid-kje-se-odleat-vo-zbogatuvanjeto-na-knizniot-fond/ Tue, 22 Feb 2022 15:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=462029

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид се задоволни со доделените средства во висина од над еден милион и четиристотини илјади денари со кои Министерството за култура на Република Македонија ќе учествува во финансирањето на Годишната програма за работа во оваа 2022 година од областа на библиотечната и издавачката дејност.

Според зборовите  на директорот на библиотеката м-р Милчо Јованоски со средства од Буџетот на државата покрај манифестацијата „Прличеви беседи“ која веќе се одржа ќе се финансираат уште осум програмски активности.

Најмногу пари ќе се одлеат во основната дејност на библиотеката во збогатувањето на книжниот фонд. Стручната комисија на установата за набавка на нови книги во одделението за возрасни ќе има буџет од 300 000 а за одделението за деца 150 000 денари. Книгите ќе се набавуваат по пат на јавна набавка и во неколку наврати со цел да се следи актуелната издавачка продукција. Годинава повеќе средства од лани Библиотеката доби за обуки на вработените како и за набавка на два компјутери, зебра печатач и за заштита на оштетени стари раритетни книги по пат на конзервација и реставрација. Во областа на издавачката дејност и литературата ресорното министерство одобри два проекти кои ќе ги работат тимови од вработени во установата: Збирка на Прличевите слова во ракопис и монографијата  70 години НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Останатите средства ќе бидат наменети за покривање на материјалните трошоци на библиотеката и за електрична енергија и други комунални трошоци, вели Јованоски.

Од осми декември, минатата година библиотеката во функција го стави идентичниот простор на оној во кој дотогаш работеше и наскоро, најверојатно во март со намалувањето на Ковид -19 се очекува конечно библиотеката од шалтерски да премине во отворен тип на установа. Приоритет е зголемување на бројот на читатели без разлика на возраста и конечно создавање еднакви можности за сите со поставување на пристапна рампа за лицата со посебни потреби. .

Доколку епидемиолошката состојба покаже  намалување на короната, вели директорот Јованоски не очекува првиот еднодневен саем на книгата  во просториите на библиотеката а во соработка со издавачот „Сакам книги“. До крајот на годината ќе следат уште неколку саеми од разни издавачи. Планирани се и неколку средби и промоции на нивни книги со роднокрајни автори и други македонски писатели.

Наскоро во библиотеката ќе биде отворено Италијанското катче во чие опремување се очекува помош и од Италијанската амбасада во Скопје а замисла е летово Библиотеката во соработката со Фестивалот „Охридско лето“ да  промовираат роман од италијански автор со македонски корени кој ќе биде преведен на македонски јазик.

The post Најмногу пари од годишната програма во Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одлеат во збогатувањето на книжниот фонд appeared first on Република.

]]>

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид се задоволни со доделените средства во висина од над еден милион и четиристотини илјади денари со кои Министерството за култура на Република Македонија ќе учествува во финансирањето на Годишната програма за работа во оваа 2022 година од областа на библиотечната и издавачката дејност. Според зборовите  на директорот на библиотеката м-р Милчо Јованоски со средства од Буџетот на државата покрај манифестацијата „Прличеви беседи“ која веќе се одржа ќе се финансираат уште осум програмски активности.