Бесник Тахири Archives - Република https://republika.mk/tema/besnik-tahiri/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 17:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесник Тахири Archives - Република https://republika.mk/tema/besnik-tahiri/ 32 32 Тахири: Курти со барањата до ЕУ во врска со ЗСО потврдува дека е аматер и класичен измамник https://republika.mk/vesti/balkan/tahiri-kurti-so-baranata-do-eu-vo-vrska-so-zso-potvrduva-deka-e-amater-i-klasichen-izmamnik/ Thu, 06 Jun 2024 17:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=785333

Шефот на пратеничката група на опозициската Алијанса за иднината на Косово (AAK), Бесник Тахири вели дека премиерот Албин Курти, со неговото барање Брисел да го испрати на Венециската комисија нацртот на Европската унија за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово (ЗСО), покажа дека е аматер и класичен измамник, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментирајќи го барањето на Курти до посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак да го испрати нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Венецијанската комисија, Тахири изјави дека премиерот бара „ЕУ и Лајчак да служат како портпароли на неговата Влада“.

„Премиерот Курти, во потрага по излез од ќорсокакот во кој самиот влезе и во кој го внесе Косово со нацртот за Заедницата, што резултира со оставањето на земјата во чекалната за членство во Советот на Европа, бара ЕУ и Лајчак да служат како портпароли на неговата Влада, сугерирајќи дека тие може да го однесат нацртот до Венецијанската комисија. Ова е аматеризам и класична измама“, напиша Тахири на Фејсбук.

Според шефот на пратениците на партијата на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Курти претставува „голема нула во лидерството“ на државата.

„Курти треба да знае дека во име на Република Косово ниту една трета страна не може и нема мандат да испраќа документи на разгледување. Но, она што се крие меѓу редови е дека Курти, преку употребата на името на ЕУ во однос на Венеција, најавува дека ќе има нацрт кој може да заврши во таа Комисија. Зошто овој човек не се запраша себеси, до кога и до каде ќе продолжи да владее без никаква храброст што ја бара функцијата на која седи. Едноставно, овој човек претставува една голема нула во лидерството“, заклучи Тахири.

The post Тахири: Курти со барањата до ЕУ во врска со ЗСО потврдува дека е аматер и класичен измамник appeared first on Република.

]]>

Шефот на пратеничката група на опозициската Алијанса за иднината на Косово (AAK), Бесник Тахири вели дека премиерот Албин Курти, со неговото барање Брисел да го испрати на Венециската комисија нацртот на Европската унија за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово (ЗСО), покажа дека е аматер и класичен измамник, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментирајќи го барањето на Курти до посредникот на ЕУ во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак да го испрати нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Венецијанската комисија, Тахири изјави дека премиерот бара „ЕУ и Лајчак да служат како портпароли на неговата Влада“. „Премиерот Курти, во потрага по излез од ќорсокакот во кој самиот влезе и во кој го внесе Косово со нацртот за Заедницата, што резултира со оставањето на земјата во чекалната за членство во Советот на Европа, бара ЕУ и Лајчак да служат како портпароли на неговата Влада, сугерирајќи дека тие може да го однесат нацртот до Венецијанската комисија. Ова е аматеризам и класична измама“, напиша Тахири на Фејсбук. Според шефот на пратениците на партијата на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Курти претставува „голема нула во лидерството“ на државата. „Курти треба да знае дека во име на Република Косово ниту една трета страна не може и нема мандат да испраќа документи на разгледување. Но, она што се крие меѓу редови е дека Курти, преку употребата на името на ЕУ во однос на Венеција, најавува дека ќе има нацрт кој може да заврши во таа Комисија. Зошто овој човек не се запраша себеси, до кога и до каде ќе продолжи да владее без никаква храброст што ја бара функцијата на која седи. Едноставно, овој човек претставува една голема нула во лидерството“, заклучи Тахири.

The post Тахири: Курти со барањата до ЕУ во врска со ЗСО потврдува дека е аматер и класичен измамник appeared first on Република.

]]>
Косовската опозиција го обвини Курти дека го загрозува партнерството со САД, не очекува прогрес во дијалогот со Србија https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-opozitsija-go-obvini-kurti-deka-go-zagrozuva-partnerstvoto-so-sad-ne-ochekuva-progres-vo-dijalogot-so-srbija/ Sun, 17 Mar 2024 18:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=755667

Шефот на пратеничката група на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Бесник Тахири го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го загрозува партнерството со Соединетите Американски Држави и нагласи дека не верува оти годинава ќе има напредок во дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Неколку дена по посетата на американскиот емисар Габриел Ескобар на Косово, првиот човек на пратениците на ААК изрази скептицизам за напредокот во преговорите со Белград, оценувајќи дека Курти згрешил што не предложил нацрт-статут на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Тахири изјави дека Курти поради неговите „експерименти“ ги нарушува односите со сојузниците, особено со САД.

- Мора да бидеме реални во политиката. Европската унија имаше целосна поддршка од Стејт департментот во агендата за дијалогот предводена од (специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот, Мирослав) Лајчак. Оваа Влада го загрози партнерството со САД, поради експериментирањата, од кои потоа се повлекуваше. Дали се повлече од регистерските таблички, од реципроцитетот? Дали се повлече од локалните избори на север, каде што почна петицијата за разрешување на градоначалниците кои освоија по 100 гласа. Зошто го направи ова? Тоа е експеримент што не се смееме да го правиме, рече Тахири.

Според него, меѓународниот фактор сфатил дека Курти е несериозен по однос на темата на дијалогот.

- Оваа Влада и овој премиер го прифатија Бриселскиот договор и кажаа „да“ на Охридскиот акциски план, а исто така во Братислава се договорија за повеќе теми. Овој премиер отиде малку подалеку и рече дека е подготвен утре да ги потпише Заедницата и сето друго. Меѓународниот фактор кога имаш таков пристап сака да те гледа како сериозен, а овој (Курти) е несериозен, изјави Тахири.

Запрашан за извештајот на американските разузнавачки служби во кој се споменува можноста за меѓуетнички конфликти во регионот, Тахири рече дека Косово не е загрозено од српските граѓани во земјата, туку од воинствените амбиции на Србија.

- Воинствената реторика потекнува од Србија, односно и од (претседателот на Република Српска, Милорад) Додик во Босна... Во Србија никогаш не згаснале барањата, соништата и политичките цели за „српскиот свет“. САД, но и ЕУ, мора да бидат многу внимателни, бидејќи таа реторика има извори, корени. И тоа токму во екстремниот национализам што предизвика војни и милиони луѓе што ги напуштија своите домови, а стотици илјади загинаа од оваа воена реторика на Србија. Косово не е загрозено од српските државјани кои живеат на Косово. Косово е загрозено од воинствените амбиции на српскиот свет и на голема Србија кои се генерираат во Белград, рече Тахири во интервјуто за КосоваПрес.

The post Косовската опозиција го обвини Курти дека го загрозува партнерството со САД, не очекува прогрес во дијалогот со Србија appeared first on Република.

]]>

Шефот на пратеничката група на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Бесник Тахири го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го загрозува партнерството со Соединетите Американски Држави и нагласи дека не верува оти годинава ќе има напредок во дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Неколку дена по посетата на американскиот емисар Габриел Ескобар на Косово, првиот човек на пратениците на ААК изрази скептицизам за напредокот во преговорите со Белград, оценувајќи дека Курти згрешил што не предложил нацрт-статут на Заедницата на општините со српско мнозинство. Во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес, Тахири изјави дека Курти поради неговите „експерименти“ ги нарушува односите со сојузниците, особено со САД.