Берово Archives - Република https://republika.mk/tema/berovo/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 06:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Берово Archives - Република https://republika.mk/tema/berovo/ 32 32 Беровчани се смрзнуваат на минус пет https://republika.mk/zivot/servisi/berovchani-se-smrznuvaat-na-minus-pet/ Thu, 07 Nov 2024 06:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=834956

Берово утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Охрид, Виница и Гевгелија 4 степени.

 

Во Скопје – Петровец, Тетово и Битола  се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 Куманово, Крива Паланка, Прилеп и Струмица, 1 степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Крушево и Попова Шапка, 3 степени Целзиусови во Претор, 4 Охрид и Виница

The post Беровчани се смрзнуваат на минус пет appeared first on Република.

]]>

Берово утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Охрид, Виница и Гевгелија 4 степени.
  Во Скопје – Петровец, Тетово и Битола  се измерени -2 степени, -1 во Демир Капија, Велес, Маврови Анови и Лазарополе, 0 Куманово, Крива Паланка, Прилеп и Струмица, 1 степен е измерен во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Крушево и Попова Шапка, 3 степени Целзиусови во Претор, 4 Охрид и Виница

The post Беровчани се смрзнуваат на минус пет appeared first on Република.

]]>
Утрово најстудено во Берово, минус три https://republika.mk/vesti/utrovo-najstudeno-vo-berovo-minus-tri/ Sat, 02 Nov 2024 07:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=833366

Во Берово утрово е најстудено со измерени - 3 степени, најтопло е во Крушево, Виница и Гевгелија со измерени шест степени Целзиусови.

Во Битола и Лазарополе се измерени 0 степени, 1 во Струмица и Тетово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, Скопје-Петровец и Демир Капија, 3 степени Целзиусови во Прилеп, Штип, 4 во Претор, Попова Шапка, Велес, Кавадарци и 5 степени во Охрид, Скопје-Зајчев Рид.

Утринава по котлините понекаде има слаба магла или ниска облачност особено во Полошко, Скопје, Куманово и на југозападот.

Времето денеска - наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. 

 

The post Утрово најстудено во Берово, минус три appeared first on Република.

]]>

Во Берово утрово е најстудено со измерени - 3 степени, најтопло е во Крушево, Виница и Гевгелија со измерени шест степени Целзиусови.

Во Битола и Лазарополе се измерени 0 степени, 1 во Струмица и Тетово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, Скопје-Петровец и Демир Капија, 3 степени Целзиусови во Прилеп, Штип, 4 во Претор, Попова Шапка, Велес, Кавадарци и 5 степени во Охрид, Скопје-Зајчев Рид.

Утринава по котлините понекаде има слаба магла или ниска облачност особено во Полошко, Скопје, Куманово и на југозападот.

Времето денеска - наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела. Максималната температура ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 24 степени. 

 

The post Утрово најстудено во Берово, минус три appeared first on Република.

]]>
Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-pochnal-v-kujna-napravena-e-golema-materijalna-shteta-vo-hotelskiot-kompleks-vo-berovo/ Mon, 28 Oct 2024 06:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=831516

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/

Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.

Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/
Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот. Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта. Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>
Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/ Sun, 27 Oct 2024 20:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=831482

Струмичките пожарникари споделија видео од она што остана после пожарот кој избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.

Причинета е голема материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани.
ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожарот, испрати 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители, информираат тие.

The post Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот appeared first on Република.

]]>

Струмичките пожарникари споделија видео од она што остана после пожарот кој избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.
Причинета е голема материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани. ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожарот, испрати 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители, информираат тие.

The post Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот appeared first on Република.

]]>
Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-del-od-turistichkiot-kompleks-manastir-vo-berovo-se-evakuiraat-gosti/ Sun, 27 Oct 2024 19:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=831470

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.

Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад. Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта. Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>
Во Берово смрзнувачка – минус три https://republika.mk/zivot/servisi/vo-berovo-smrznuvachka-minus-tri/ Tue, 22 Oct 2024 07:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=829611

Три степени под нулата се измерени утрово во Берово, 0 во Битола, 1 во Лазарополе, 2 во Скопје - Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 во Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, а 6 на Попова Шапка, во Крушево, Виница и во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла, преку денот се очекува времето да биде сончево и претежно тивко. Максималната температура најавено е да достигне до 21 степен.

The post Во Берово смрзнувачка – минус три appeared first on Република.

]]>

Три степени под нулата се измерени утрово во Берово, 0 во Битола, 1 во Лазарополе, 2 во Скопје - Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 во Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, а 6 на Попова Шапка, во Крушево, Виница и во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје претпладне со слаба магла, преку денот се очекува времето да биде сончево и претежно тивко. Максималната температура најавено е да достигне до 21 степен.

The post Во Берово смрзнувачка – минус три appeared first on Република.

]]>
Во Берово измерени најниски нула степени, дневните температури ќе достигнат и до 20 степени Целзиусови https://republika.mk/zivot/servisi/vo-berovo-izmereni-najniski-nula-stepeni-dnevnite-temperaturi-ke-dostignat-i-do-20-stepeni-tselziusovi/ Sat, 19 Oct 2024 07:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=828697

Најниска температура во земјава утринава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

The post Во Берово измерени најниски нула степени, дневните температури ќе достигнат и до 20 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>

Најниска температура во земјава утринава е измерена во Берово 0 степени, на Попова Шапка и Крива Паланка 5, Струмица и Крушево 6, Виница и Лазарополе 7, во Штип и Маврови Анови 8, Прилеп, Скопје-Петровец, Претор, Куманово и Кавадарци 9, Охрид, Битола и Велес 10, Тетово, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија 11 и Демир Капија 13 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претежно во јужниот дел од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

The post Во Берово измерени најниски нула степени, дневните температури ќе достигнат и до 20 степени Целзиусови appeared first on Република.

]]>
Eсента наближува: Во Берово и Лазарополе девет степени https://republika.mk/zivot/servisi/esenta-nablizhuva-vo-berovo-i-lazaropole-devet-stepeni/ Mon, 02 Sep 2024 07:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=812143

Во Лазарополе и Берово утово е измерена темепратура од 9 степени Целизусови. Следат Маврови Анови со 11, 12 Попова Шапка, 13 Крива Паланка, Битола, Претор, Тетово, 14 Прилеп, Скопје-Петровец, Охрид, 15 Крушево, Струмица, 16 Куманово, Кавадарци, Демир Капија, 17 Скопје-Зајчев Рид, 18 Штип, Велес и 19 Виница во Гевгелија, соопшти УХМР.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени

The post Eсента наближува: Во Берово и Лазарополе девет степени appeared first on Република.

]]>

Во Лазарополе и Берово утово е измерена темепратура од 9 степени Целизусови. Следат Маврови Анови со 11, 12 Попова Шапка, 13 Крива Паланка, Битола, Претор, Тетово, 14 Прилеп, Скопје-Петровец, Охрид, 15 Крушево, Струмица, 16 Куманово, Кавадарци, Демир Капија, 17 Скопје-Зајчев Рид, 18 Штип, Велес и 19 Виница во Гевгелија, соопшти УХМР. Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 35 степени

The post Eсента наближува: Во Берово и Лазарополе девет степени appeared first on Република.

]]>
Овозможен престој по сите стандарди на 28 нови корисници во Домот за стари лица во Берово https://republika.mk/vesti/makedonija/ovozmozhen-prestoj-po-site-standardi-na-28-novi-korisnitsi-vo-domot-za-stari-litsa-vo-berovo/ Fri, 23 Aug 2024 16:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=809556

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во Општина Берово го посети Домот за стари лица во кој во завршна фаза е адаптација на дел од објектот и подобрувањето на условите за престој во него.

Активностите се во рамки на  проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема“. Втората фаза од проектот предвидува  внатрешно уредување на Домот, опремување со мебел и друга потребна опрема, како и хортикултурно разубавување на надворешниот дел.

Задоволен сум што со завршување на оваа фаза од проектот, успешно ќе се адаптира четвртата ламела, по која ќе се овозможи сместување на нови 28 корисници, а Домот за стари лица ќе добие капацитет за вкупно 67 корисници. Со новата опрема, сите лица ќе добијат соодветни и подобри услови за престој, со пропишани стандарди за згрижување и третман. Со инвестирањето во вакви проекти, инвестираме во подобрувањето на квалитетот на животот и психофизичката состојба на генерациите кои инвестирале во нас и на кои сме им должници, истакна министерот Перински..

Во посета на Домот беа и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, директорката на Домот „Д-р Иван Влашки“ во Берово, Живка Бојчовска Каламадевска и директорот на Центар за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова.

Директорката  Бојчовска Каламадевска го информираше министерот дека по завршувањето на градежните работи, останува да се набават и 14 таблети, кујнски апарати и перална, наменети за старите лица во домот и со тоа ќе се комплетира оваа фаза од проектот.

Со комплетирањето на оваа фаза од проектот, дефинитивно се придонесува кон зголемување на капацитетите за престој, а со истото секако се намалува долгата листа на пријавени корисници, истакна Бојковска Каламдевска.

Вредноста на целиот проект изнесува 22.8 милиони денари, од кои Министерството партиципира со 11 милиони денари, 8,94 милиони денари се финансиска поддршка од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а преостанатите 2,92 милиони денари ги обезбеди Општина Берово од сопствениот буџет.

The post Овозможен престој по сите стандарди на 28 нови корисници во Домот за стари лица во Берово appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во Општина Берово го посети Домот за стари лица во кој во завршна фаза е адаптација на дел од објектот и подобрувањето на условите за престој во него. Активностите се во рамки на  проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој фаза 2“, преку Програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од Грантовата Шема“. Втората фаза од проектот предвидува  внатрешно уредување на Домот, опремување со мебел и друга потребна опрема, како и хортикултурно разубавување на надворешниот дел.
Задоволен сум што со завршување на оваа фаза од проектот, успешно ќе се адаптира четвртата ламела, по која ќе се овозможи сместување на нови 28 корисници, а Домот за стари лица ќе добие капацитет за вкупно 67 корисници. Со новата опрема, сите лица ќе добијат соодветни и подобри услови за престој, со пропишани стандарди за згрижување и третман. Со инвестирањето во вакви проекти, инвестираме во подобрувањето на квалитетот на животот и психофизичката состојба на генерациите кои инвестирале во нас и на кои сме им должници, истакна министерот Перински..
Во посета на Домот беа и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, директорката на Домот „Д-р Иван Влашки“ во Берово, Живка Бојчовска Каламадевска и директорот на Центар за развој на Источен плански регион, Зујица Ангелова. Директорката  Бојчовска Каламадевска го информираше министерот дека по завршувањето на градежните работи, останува да се набават и 14 таблети, кујнски апарати и перална, наменети за старите лица во домот и со тоа ќе се комплетира оваа фаза од проектот.
Со комплетирањето на оваа фаза од проектот, дефинитивно се придонесува кон зголемување на капацитетите за престој, а со истото секако се намалува долгата листа на пријавени корисници, истакна Бојковска Каламдевска.
Вредноста на целиот проект изнесува 22.8 милиони денари, од кои Министерството партиципира со 11 милиони денари, 8,94 милиони денари се финансиска поддршка од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а преостанатите 2,92 милиони денари ги обезбеди Општина Берово од сопствениот буџет.

The post Овозможен престој по сите стандарди на 28 нови корисници во Домот за стари лица во Берово appeared first on Република.

]]>
Ќе се гради локалниот пат Берово – Црвен Брег – Абланица https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-gradi-lokalniot-pat-berovo-tsrven-breg-ablanitsa/ Fri, 09 Aug 2024 17:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=805047

Избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат Берово - Црвен Брег - Абланица. Според договорот граѓаните на Берово за три месеци ќе ја добијат оваа долгоочекувана сообраќајна артерија, која од Општината очекуваат да донесе унапредување од повеќе аспекти.

-Оваа недела во законска постапка е избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат „Берово - Црвен Брег - Абланица“. Тоа е компанијата „СД Транс“. Според договорот работните активности треба да почнат за 15 дена и рокот на изведба е три месеци, информираа од Општината.

Беровци, туристите, корисниците на тој дел, како што додадоа, ќе добијат нов пат за завршување на своите обврски.

-Исто така туристите ќе добијат нова патека за шетање и нова побрза дестинација до популарната „Абланица“, додадоа од Општината.

Сумата за патот од 15,4 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада од 14.12.2023 год. 

The post Ќе се гради локалниот пат Берово – Црвен Брег – Абланица appeared first on Република.

]]>

Избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат Берово - Црвен Брег - Абланица. Според договорот граѓаните на Берово за три месеци ќе ја добијат оваа долгоочекувана сообраќајна артерија, која од Општината очекуваат да донесе унапредување од повеќе аспекти.
-Оваа недела во законска постапка е избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат „Берово - Црвен Брег - Абланица“. Тоа е компанијата „СД Транс“. Според договорот работните активности треба да почнат за 15 дена и рокот на изведба е три месеци, информираа од Општината.
Беровци, туристите, корисниците на тој дел, како што додадоа, ќе добијат нов пат за завршување на своите обврски.
-Исто така туристите ќе добијат нова патека за шетање и нова побрза дестинација до популарната „Абланица“, додадоа од Општината.
Сумата за патот од 15,4 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада од 14.12.2023 год. 

The post Ќе се гради локалниот пат Берово – Црвен Брег – Абланица appeared first on Република.

]]>
И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово https://republika.mk/zivot/servisi/i-utrovo-treseshe-vo-podrachjeto-delchevo-berovo/ Fri, 26 Jul 2024 07:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=800372

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.

На истото подрачје тресеше и синоќа:

https://republika.mk/zivot/servisi/dva-zemjotresi-vo-makedonija-pochuvstvuvani-vo-berovo-delchevo-i-okolinata/

The post И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината. На истото подрачје тресеше и синоќа: https://republika.mk/zivot/servisi/dva-zemjotresi-vo-makedonija-pochuvstvuvani-vo-berovo-delchevo-i-okolinata/

The post И утрово тресеше во подрачјето Делчево – Берово appeared first on Република.

]]>
Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година https://republika.mk/vesti/makedonija/berovo-im-oddava-pochit-na-zaginatite-braniteli-od-voeniot-konflikt-vo-2001-godina/ Sun, 23 Jun 2024 12:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=789948

Во Берово денеска се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен- обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово.

Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, од семејствата на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово - Пехчево  и политичките партии,  положија цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители.

Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење беше оддадена почит.

-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово се преименувани имињата на четири улици, со што  уште еднаш,  им се поклонуваме и  го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Нивното спомен-обележје засекогаш ќе ги избрише од заборав нивните ликови, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Во рамки на пригодниот реферат беше потенцирана пораката дека не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

The post Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година appeared first on Република.

]]>

Во Берово денеска се одбележуваат 23 години од смртта на загинатите бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, кои загинаа во воениот конфликт 2001 година и три години од подигање на спомен- обележјето, кое во нивна чест го подигна Општина Берово. Делегации од Единиците на загинатите бранители, од Општина Берово, од семејствата на загинатите бранители, ОВР Берово, Организација  на резервни офицери Берово - Пехчево  и политичките партии,  положија цвеќе на спомен-обележјето на загинатите бранители. Пред присутните беше прочитан краток реферат за делото на загинатите бранители и со едноминутно молчење беше оддадена почит.
-Во знак на голема почит кон загинатите бранители, во Берово се преименувани имињата на четири улици, со што  уште еднаш,  им се поклонуваме и  го овековечиме споменот на нашите херои, чии животи се вградени во темелите на нашата земја. Вечна им слава на загинатите бранители и вечен спомен на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски. Нивното спомен-обележје засекогаш ќе ги избрише од заборав нивните ликови, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Во рамки на пригодниот реферат беше потенцирана пораката дека не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината, акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.

The post Берово им оддава почит на загинатите бранители од воениот конфликт во 2001 година appeared first on Република.

]]>
Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-berovo-do-9-chasot-glasale-895-glasachi-od-vkupno-10-421-litse/ Wed, 08 May 2024 08:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=775312

Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи.

Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.

Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.

Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми.

The post Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице appeared first on Република.

]]>

Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи. Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.
Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.
Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми.

The post Во Берово до 9 часот гласале 895 гласачи од вкупно 10.421 лице appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-odnesuvaneto-na-dui-e-vrv-na-sultanatot-vo-makedonija/ Sat, 20 Apr 2024 18:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=768602

Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденден семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули. Од другата страна на Вардар еден друг конзул, еден друг везир, исто така си славеше во она министерство во кое што само 3% има други. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава? Тоа не е држава, тоа е држава во пропаѓање, а не само слаба држава и затоа да не дозволиме да пропадне, порача вечерва кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

-Сè додека има горди Македонци, сè додека горди Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, а тие се овде, во коалицијата, сè додека горди граѓани, мислам дека ние и Беровски и Русински ќе си ги имаме во умот и ќе зачекориме напред, во една нова ера. Инаку, тешко ни се пишува. А, кога мојот противкандидат зборува дека сторил сè што можел, не можам, а да не кажам дека ништо не сторил во овие пет години. Дури ни оние скромни уставни надлежности не ги искористил. Не дека не можел да прочита во Уставот што треба да прави туку оние кои се над него, оние кои ги слуша, му велеле дека не треба сам да одлучува. ,Ти следи не нас, ние ќе си работиме по старо и така ќе си владееме со Македонија како да е пашалак’. Мора да си заминат заради ова! Каде беше господинот Пендаровски? Каде беше да стави не знам колку вета на катастрофално лошите закони? Згора, замислете, носите закони во интерес на поединци, во интерес на групи, а се повикувате на европско право? И уште се именувате како Европјани. Ма, какви Европјани се тие?!? Тие не се ни западнобалканци. Тие не се политичари! Тие се погрешни луѓе на погрешни места, погрешни луѓе на Вашите места. Луѓе кои не се избрани за таму, луѓе кои станале министри и пратеници, но не на правен начин туку со политички пазари. Затоа нема невин меѓу нив, поеднакво се одговорни и сите треба да си заминат затоа што наместо за доброто на граѓаните на Македонија, тие си градеа кули, но тоа се кули од пепел, вавилонски кули. Тоа ќе се види на 24 април кога ќе им се урне првата кула, а потоа на 8 мај и втората и кога ќе мора да си заминат, рече таа.

Силјановска Давкова одговори што е најважниот предизвик за сите нас.

-Беспоштедната битка со корупцијата и криминалот! Тие се најкорумпираните и криминализираните. Тие се татковците и мајките на корупцијата и криминалот. А, со корупција и криминал не се оди никаде, ни во место не се стои, се пропаѓа, а не ќе оделе тие кон Европската Унија. Запомнете – најстрашна власт е власт во заминување. Затоа прават симулации на некоја парадржава, квазидржава, институции што се нивни. Претпоставувам дека сакаат да предизвикаат национализам, а можеби и се закануваат по безбедноста. Но, мислам дека е крај за тоа. Мислам дека тоа нема да го одобри ниту еден граѓанин на Македонија без оглед на било каква припадност. Луѓето сфатија дека ова се импотентни политичари, дека ова се политичари кои не водат политики, дека ова се политичари кои не се сакаат себеси, се плашат не само од Вас, се плашат од себе, од своите сенки. Затоа сега трчаат по Македонија, во битка по имунитет, мислејќи дека ќе се скријат во парламентот и така ќе бидат заштитени. Не, ништо нема да ги заштити! Ништо нема да ги заштити. Јас сум убедена дека хармонијата, синергијата, на двете глави на извршната власт, претседателската и онаа на владата, заедно со цврстото мнозинство во парламентот, што нема да значи триумфално управување, туку гаранција за спроведување на програмата, е правиот пат за Македонија како горда држава и како твоја држава. Одлуката е во Вашите раце и свесни сте за моментот кој што не смееме да го пропуштиме ако сакаме да живееме во пристојно место, каква што е Македонија, истакна таа.

The post Силјановска Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија appeared first on Република.

]]>

Врв на султанатот Македонија е она што се случи во Владата? Сте чуле ли некој премиер, па и некој технички премиер да си го слави роденден семејството во Владата. Луѓе, не само што ја приватизираа државата, туку и дворци си направија од државните институции, со сè внуци, со сè фамилија. Затоа јас велам дека се однесуваат како римски конзули. Од другата страна на Вардар еден друг конзул, еден друг везир, исто така си славеше во она министерство во кое што само 3% има други. Можете да замислите што прави господинот Артан Груби? Му го дава министерството, зградата, на султанот Али Ахмети за тој таму да се среќава со дипломати, па да слави родендени, па дури и да си пее. Тоа ли е држава? Тоа не е држава, тоа е држава во пропаѓање, а не само слаба држава и затоа да не дозволиме да пропадне, порача вечерва кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова. -Сè додека има горди Македонци, сè додека горди Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, а тие се овде, во коалицијата, сè додека горди граѓани, мислам дека ние и Беровски и Русински ќе си ги имаме во умот и ќе зачекориме напред, во една нова ера. Инаку, тешко ни се пишува. А, кога мојот противкандидат зборува дека сторил сè што можел, не можам, а да не кажам дека ништо не сторил во овие пет години. Дури ни оние скромни уставни надлежности не ги искористил. Не дека не можел да прочита во Уставот што треба да прави туку оние кои се над него, оние кои ги слуша, му велеле дека не треба сам да одлучува. ,Ти следи не нас, ние ќе си работиме по старо и така ќе си владееме со Македонија како да е пашалак’. Мора да си заминат заради ова! Каде беше господинот Пендаровски? Каде беше да стави не знам колку вета на катастрофално лошите закони? Згора, замислете, носите закони во интерес на поединци, во интерес на групи, а се повикувате на европско право? И уште се именувате како Европјани. Ма, какви Европјани се тие?!? Тие не се ни западнобалканци. Тие не се политичари! Тие се погрешни луѓе на погрешни места, погрешни луѓе на Вашите места. Луѓе кои не се избрани за таму, луѓе кои станале министри и пратеници, но не на правен начин туку со политички пазари. Затоа нема невин меѓу нив, поеднакво се одговорни и сите треба да си заминат затоа што наместо за доброто на граѓаните на Македонија, тие си градеа кули, но тоа се кули од пепел, вавилонски кули. Тоа ќе се види на 24 април кога ќе им се урне првата кула, а потоа на 8 мај и втората и кога ќе мора да си заминат, рече таа. Силјановска Давкова одговори што е најважниот предизвик за сите нас. -Беспоштедната битка со корупцијата и криминалот! Тие се најкорумпираните и криминализираните. Тие се татковците и мајките на корупцијата и криминалот. А, со корупција и криминал не се оди никаде, ни во место не се стои, се пропаѓа, а не ќе оделе тие кон Европската Унија. Запомнете – најстрашна власт е власт во заминување. Затоа прават симулации на некоја парадржава, квазидржава, институции што се нивни. Претпоставувам дека сакаат да предизвикаат национализам, а можеби и се закануваат по безбедноста. Но, мислам дека е крај за тоа. Мислам дека тоа нема да го одобри ниту еден граѓанин на Македонија без оглед на било каква припадност. Луѓето сфатија дека ова се импотентни политичари, дека ова се политичари кои не водат политики, дека ова се политичари кои не се сакаат себеси, се плашат не само од Вас, се плашат од себе, од своите сенки. Затоа сега трчаат по Македонија, во битка по имунитет, мислејќи дека ќе се скријат во парламентот и така ќе бидат заштитени. Не, ништо нема да ги заштити! Ништо нема да ги заштити. Јас сум убедена дека хармонијата, синергијата, на двете глави на извршната власт, претседателската и онаа на владата, заедно со цврстото мнозинство во парламентот, што нема да значи триумфално управување, туку гаранција за спроведување на програмата, е правиот пат за Македонија како горда држава и како твоја држава. Одлуката е во Вашите раце и свесни сте за моментот кој што не смееме да го пропуштиме ако сакаме да живееме во пристојно место, каква што е Македонија, истакна таа.

The post Силјановска Давкова: Однесувањето на ДУИ е врв на султанатот во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-kovachevski-so-vas-makedonija-nema-evropska-idnina-so-artan-i-ali-zaglavivte-vo-kalta-na-vashite-sitni-interesi-i-srebrolubie/ Sat, 20 Apr 2024 18:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=768599

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг и во Берово, каде пред присутните се обрати и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој му одговори на Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија.

Мицкоски јавно го праша Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата.

„Кое ЕУ господине Ковачевски? Вие ли сте ЕУ кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа државава и со највисока инфлација. Албанија спрема вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие… каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете“, рече Мицкоски.

Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, и дека такви само во затвор може да примат.

„Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од се прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред се. ЕУ е систем на правда и напредок“, истакна Мицкоски.

Вие, додаде Мицкоски, сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните.

„Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборите. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас ЕУ нема. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. Еу има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски.

Рече дека нивното време е одброено, дека поразот ќе им биде голем и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ, затоа се важни граѓаните и народот на Македонија и затоа многу е важно да има голема излезеност.

The post Мицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа митинг и во Берово, каде пред присутните се обрати и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој му одговори на Димитар Ковачевски кој во јавните настапи вели дека нема откажување од иднината и од патот кон Европската Унија. Мицкоски јавно го праша Ковачевски за која Европска Унија зборува, дали тие се за ЕУ со тоа што Македонија ја направија најсиромашна држава во Европа и земја со највисока инфлација, посочувајќи му дека ниеден македонски граѓанин не им верува дека можат државата да ја внесат во унијата. „Кое ЕУ господине Ковачевски? Вие ли сте ЕУ кои ја направивте Македонија најсиромашна во Европа државава и со највисока инфлација. Албанија спрема вселенска програма, вие со Али и Артан не заглавивте во калта составена од вашите ситни интереси и сребролјубие… каква Европска Унија? Па никој жив не верува дека вие може во ЕУ да не внесете“, рече Мицкоски. Му порача дека во ЕУ не примаат криминалци како нивните сијамски близнаци од ДУИ, и дека такви само во затвор може да примат. „Во ЕУ не примаат луѓе кои земаат провизии од 50 милиони евра на тендери, кои со црните пари купуваат цели трговски центри, кои делат шамари на синдикалци во контрола на летање, кои од се прават бизнис за личен ќар. Вие не сте ЕУ. ЕУ се вредности пред се. ЕУ е систем на правда и напредок“, истакна Мицкоски. Вие, додаде Мицкоски, сте пудлици во скутот на ДУИ кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и ќе одговарате за тоа, затоа што ја продадовте државата, а продавате нешто што не е ваше, што сте го наследиле од минатите генерации и сте го позајмиле од идните. „Вие го раскрчмувате како да е ваша лична сопственост. Се однесувате со државата како со душман. Проценти од тендери делите како смоки на детски роденден. И вие за ЕУ ќе зборите. Одете скријте се некаде. Прочитани сте. Со вас ЕУ нема. ЕУ има со луѓе кои ке работат чесно и одговорно и ќе се залагаат за реформи и европско вредности. Еу има со нас и со идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. Со луѓе кои ќе ги штитат националните интереси и нема да дозволат Македонија да зависи од артановци, туку ќе се борат за правда, за ред, за систем и за подобар живот за сите граѓани“, порача Мицкоски. Рече дека нивното време е одброено, дека поразот ќе им биде голем и дека со овие избори Македонија мора да се ослободи од ова СДСМ и од ДУИ, затоа се важни граѓаните и народот на Македонија и затоа многу е важно да има голема излезеност.

The post Мицкоски до Ковачевски: Со вас Македонија нема европска иднина, со Артан и Али заглавивте во калта на вашите ситни интереси и среброљубие appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vo-platforma-1198-e-predvideno-rekonstruktsija-na-patniot-pravets-berovo-strumitsa-ureduvane-na-prostorot-kaj-berovskoto-ezero-i-niza-drugi-proekti-koi-ke-go-podobrat-zhivotot-na-berovchani/ Sat, 20 Apr 2024 18:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=768589

„Во изминативе неколку години во Македонија владее една структура која што е антимакедонска структура, која што воопшто не и мисли добро на Македонија и буквално работи на растурање на институциите, на газење на системот, на растурање на системот“, истакна Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на митингот во Берово.

„И затоа се создава недоверба кај сите вас граѓани, и затоа се случуваат иселувања од овој крај. Овој крај е еден од најпогодените со масовните иселувања. Скоро да нема дом кој што нема некое чедо надвор испратено во туѓина. И тоа мора да се промени. Тоа мора да го промениме на 24-ти април и на осми мај“, заклучи тој.

Ковачки рече дека додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, додека од власта го окрупнуваа богатството.

„Иселувањето во Република Македонија зема толкав замав, што може да ни се случи Македонија да остане без работници, да ни се случи да мора да увезуваме работници. Од тие причини мора да ги градиме младите да се развиваат дома. Мора да внимаваме на сите структури, мора да внимаваме образованието да ни се развива по европски терк, мора учениците да добијат книги навреме. А, не да ни остануваат три години без книги“, укажа Ковачки.

Тој посочи дека Македонија е прва на листата по корупција во Европа. Значи најкорумпирана држава во Европа е Македонија. Најмизерна држава во Европа Македонија е. И сето тоа е поради неспособната актуелна власт.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме правда во Македонија, тоа што го ветуваа претходниците но не успееја да го донесат. Тие само донесоа амнестија на криминалот, а оној залутаниот во Вилата на Водно тоа го потпиша“, рече тој.

Тој додаде дека за да се воспостави ред во државата, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е вметнато дека ќе има целокупна ревизија на имотот на судиите и на обвинителите. Додека во делот на земјоделието во „Платформа 1198“ е предвидено 800 милиони евра за земјоделците, да има навреме и зголемени субвенции. Инфраструктурата во Македонија со програмата ќе се обнови бидејќи инфраструктурата е значајна за развојот на државата.

Ковачки порача дека за Берово ветува реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, реконструкција и проширување со трета лента на патниот правец Берово – Виница, како и реконструкција на патниот правец Берово – Пехчево – Делчево – Македонска Каменица.

„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на изградба на пристапниот пат до селските гробишта во село Русиново, изградба на локален пат до црквата Св. Марко во село Русиново, асфалтирање на локален пат Берово – Владимирово, како и средување на просторот околу Беровско езеро за развој на туризмот. И многу други проекти кои ќе значат подобар живот за сите Беровчани“, рече Ковачки.

Од митингот во Берово, Ковачки порача дека гласот на граѓаните е силата која ќе донесе промени. Доаѓаат нови подобри времиња.

The post Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани appeared first on Република.

]]>

„Во изминативе неколку години во Македонија владее една структура која што е антимакедонска структура, која што воопшто не и мисли добро на Македонија и буквално работи на растурање на институциите, на газење на системот, на растурање на системот“, истакна Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на митингот во Берово. „И затоа се создава недоверба кај сите вас граѓани, и затоа се случуваат иселувања од овој крај. Овој крај е еден од најпогодените со масовните иселувања. Скоро да нема дом кој што нема некое чедо надвор испратено во туѓина. И тоа мора да се промени. Тоа мора да го промениме на 24-ти април и на осми мај“, заклучи тој. Ковачки рече дека додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, додека од власта го окрупнуваа богатството. „Иселувањето во Република Македонија зема толкав замав, што може да ни се случи Македонија да остане без работници, да ни се случи да мора да увезуваме работници. Од тие причини мора да ги градиме младите да се развиваат дома. Мора да внимаваме на сите структури, мора да внимаваме образованието да ни се развива по европски терк, мора учениците да добијат книги навреме. А, не да ни остануваат три години без книги“, укажа Ковачки. Тој посочи дека Македонија е прва на листата по корупција во Европа. Значи најкорумпирана држава во Европа е Македонија. Најмизерна држава во Европа Македонија е. И сето тоа е поради неспособната актуелна власт. „Ние како ВМРО-ДПМНЕ ветуваме правда во Македонија, тоа што го ветуваа претходниците но не успееја да го донесат. Тие само донесоа амнестија на криминалот, а оној залутаниот во Вилата на Водно тоа го потпиша“, рече тој. Тој додаде дека за да се воспостави ред во државата, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е вметнато дека ќе има целокупна ревизија на имотот на судиите и на обвинителите. Додека во делот на земјоделието во „Платформа 1198“ е предвидено 800 милиони евра за земјоделците, да има навреме и зголемени субвенции. Инфраструктурата во Македонија со програмата ќе се обнови бидејќи инфраструктурата е значајна за развојот на државата. Ковачки порача дека за Берово ветува реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, реконструкција и проширување со трета лента на патниот правец Берово – Виница, како и реконструкција на патниот правец Берово – Пехчево – Делчево – Македонска Каменица. „Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на изградба на пристапниот пат до селските гробишта во село Русиново, изградба на локален пат до црквата Св. Марко во село Русиново, асфалтирање на локален пат Берово – Владимирово, како и средување на просторот околу Беровско езеро за развој на туризмот. И многу други проекти кои ќе значат подобар живот за сите Беровчани“, рече Ковачки. Од митингот во Берово, Ковачки порача дека гласот на граѓаните е силата која ќе донесе промени. Доаѓаат нови подобри времиња.

The post Ковачки: Во „Платформа 1198“ е предвидено реконструкција на патниот правец Берово – Струмица, уредување на просторот кај Беровското езеро и низа други проекти кои ќе го подобрат животот на беровчани appeared first on Република.

]]>
Пендаровски се фати на оро во Берово https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-fati-na-oro-vo-berovo/ Tue, 09 Apr 2024 18:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=764395

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска, изборниот караван го започна со средба со граѓаните на Македонска Каменица, а се сретна и поразговара и со жителите на Пехчево и на Берово.

Посочувајќи дека често доаѓа во овие градови и запознаен е со проблемите на локалното население, Пендаровски истакна дека знае дека многумина од нив поминале низ голготата на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ. Во контекст на актуелните случувања со блокадата на Бугарија, Пендаровски посочи на ставот на опозицијата дека ќе го поништи Договорот од Преспа и „магично“ ќе го реши проблемот со Бугарија.

Сакаат да ги поништат сите договори и да почнат сè од почеток. Да не ве лажат, тие имаат само план за власт. Тие велат Рамковниот договор не им се бендисува, ама само што ќе дојдат на власт веднаш прават коалиција со албанска партија. Ако се на власт ќе владеат исто, затоа што станува збор за истите луѓе. Генералниот секретар на Груевски е денешен претседател на ДПМНЕ. ВМРО треба да каже кои јаки меѓународни пријатели ги имаат за да сменат нешто со Бугарија. А ние знаеме кои се нивни пријатели, подвлече Пендаровски.

Во оваа насока кандидатот за претседател Пендаровски истакна дека ниту една политичка гарнитура не можеше да ја интегрира Македонија во НАТО и додаде дека благодарение на пријателите на оваа земја го постигнавме максимумот и склучивме добри договори. „За преговарачката земја сите ЕУ земји рекоа „Да“ и тоа е исклучително тешко да го постигнете“, рече тој.

Нема стратешка одлука без ветер во грб од граѓаните. Ви благодарам што нè поддржавте во сите тешки одлуки за државата, додаде Пендаровски.

Барајќи ја поддршката од граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево и на Делчево претседателскиот кандидат Пендаровски рече дека на 24 април ќе покажеме дека ја одбираме опцијата 1, која за разлика од опозицијата, не го дели народот и ја води државата напред.

The post Пендаровски се фати на оро во Берово appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска, изборниот караван го започна со средба со граѓаните на Македонска Каменица, а се сретна и поразговара и со жителите на Пехчево и на Берово. Посочувајќи дека често доаѓа во овие градови и запознаен е со проблемите на локалното население, Пендаровски истакна дека знае дека многумина од нив поминале низ голготата на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ. Во контекст на актуелните случувања со блокадата на Бугарија, Пендаровски посочи на ставот на опозицијата дека ќе го поништи Договорот од Преспа и „магично“ ќе го реши проблемот со Бугарија.
Сакаат да ги поништат сите договори и да почнат сè од почеток. Да не ве лажат, тие имаат само план за власт. Тие велат Рамковниот договор не им се бендисува, ама само што ќе дојдат на власт веднаш прават коалиција со албанска партија. Ако се на власт ќе владеат исто, затоа што станува збор за истите луѓе. Генералниот секретар на Груевски е денешен претседател на ДПМНЕ. ВМРО треба да каже кои јаки меѓународни пријатели ги имаат за да сменат нешто со Бугарија. А ние знаеме кои се нивни пријатели, подвлече Пендаровски.
Во оваа насока кандидатот за претседател Пендаровски истакна дека ниту една политичка гарнитура не можеше да ја интегрира Македонија во НАТО и додаде дека благодарение на пријателите на оваа земја го постигнавме максимумот и склучивме добри договори. „За преговарачката земја сите ЕУ земји рекоа „Да“ и тоа е исклучително тешко да го постигнете“, рече тој.
Нема стратешка одлука без ветер во грб од граѓаните. Ви благодарам што нè поддржавте во сите тешки одлуки за државата, додаде Пендаровски.
Барајќи ја поддршката од граѓаните на Македонска Каменица, Пехчево и на Делчево претседателскиот кандидат Пендаровски рече дека на 24 април ќе покажеме дека ја одбираме опцијата 1, која за разлика од опозицијата, не го дели народот и ја води државата напред.

The post Пендаровски се фати на оро во Берово appeared first on Република.

]]>
Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetnik-na-sdsm-sopstvenik-na-noken-klub-e-uapsen-za-proizvodstvo-i-truene-na-nashite-detsa-so-droga/ Tue, 09 Apr 2024 17:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=764356

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.

Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потпретседатели на партијата.

Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.

Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, порача тој.

The post Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога. Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потпретседатели на партијата. Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.
Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, порача тој.

The post Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога appeared first on Република.

]]>
Пожар кај туристичката населба „Абланица“ близу Беровско Езеро https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-kaj-turistichkata-naselba-ablanitsa-blizu-berovsko-ezero/ Fri, 29 Mar 2024 08:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=759993

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 047 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,29%, а 50,71% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,03%, кон Итната медицинска помош 25,86%, а кон пожарникарите 2,42% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 040 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,69% и на 50,71% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.

Последното деноноќие имало четири пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје имала една помала интервенција. РЦУК Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Ресен од 14.00 до 14.40 часот, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари кај с.Грнчари и дека ТППЕ Прилеп, од 20.20 до 22.23 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с.Стровија.

РЦУК Штип известува дека вчера во 14.43 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар кај туристичката населба „Абланица“ во близина на Беровско Езеро. Опожарени се нискостеблести растенија и ниска вегетација.

https://youtu.be/Hkjcp0i70rY?si=cW2BmhtYlN39aFK7

Пожарот е изгаснат во 17.25 часот, а за сериозноста и потенцијалната опасност на пожарот кажува фактот дека од ТППЕ Берово интервенирале со седум пожарникари и три ПП возила, а биле вклучени и вработени од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ од Берово, коишто на терен останале и после гаснењето на пожарот, заради контрола на опожарената површина, за случајно да не се разгори повторно и да не се прошири во квалитетна шума.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Пожар кај туристичката населба „Абланица“ близу Беровско Езеро appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 047 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,29%, а 50,71% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,03%, кон Итната медицинска помош 25,86%, а кон пожарникарите 2,42% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 040 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,69% и на 50,71% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи. Последното деноноќие имало четири пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје имала една помала интервенција. РЦУК Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Ресен од 14.00 до 14.40 часот, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари кај с.Грнчари и дека ТППЕ Прилеп, од 20.20 до 22.23 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с.Стровија. РЦУК Штип известува дека вчера во 14.43 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар кај туристичката населба „Абланица“ во близина на Беровско Езеро. Опожарени се нискостеблести растенија и ниска вегетација. https://youtu.be/Hkjcp0i70rY?si=cW2BmhtYlN39aFK7 Пожарот е изгаснат во 17.25 часот, а за сериозноста и потенцијалната опасност на пожарот кажува фактот дека од ТППЕ Берово интервенирале со седум пожарникари и три ПП возила, а биле вклучени и вработени од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ од Берово, коишто на терен останале и после гаснењето на пожарот, заради контрола на опожарената површина, за случајно да не се разгори повторно и да не се прошири во квалитетна шума. ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Пожар кај туристичката населба „Абланица“ близу Беровско Езеро appeared first on Република.

]]>
Што ако дојде пролет: Во Берово ноќва беше под нула https://republika.mk/zivot/servisi/shto-ako-dojde-prolet-vo-berovo-nokva-beshe-pod-nula/ Sun, 24 Mar 2024 09:23:01 +0000 https://republika.mk/?p=758018

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -1 степени Целзиусови. Следат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 во Охрид, Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 во Виница, Гевгелија и 6 степени Целзиусови во Демир Капија.

Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 км/ч). Максималната температура ќе достигне 21 степен Целзиусов.

The post Што ако дојде пролет: Во Берово ноќва беше под нула appeared first on Република.

]]>

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -1 степени Целзиусови. Следат Попова Шапка со 0 степени, 2 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 во Охрид, Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 во Виница, Гевгелија и 6 степени Целзиусови во Демир Капија. Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен Целзиусов. Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 км/ч). Максималната температура ќе достигне 21 степен Целзиусов.

The post Што ако дојде пролет: Во Берово ноќва беше под нула appeared first on Република.

]]>