берлински процес Archives - Република https://republika.mk/tema/berlinski-proces/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 15:03:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png берлински процес Archives - Република https://republika.mk/tema/berlinski-proces/ 32 32 Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-patuva-za-berlin-na-sostanok-na-berlinskiot-protses/ Sun, 13 Oct 2024 15:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=826173

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. Писмото кое ќе биде испратено со сите инволвирани а ќе ги потврди недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение – дефинитивно ќе биде завршено откако македонската делегација ќе се врати од Берлин.

Писмото е во подготовка. Патувам утре во Берлин, има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари и сакам пред да го испратам писмото и содржината, да имам уште малку повеќе јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме, рече Мицкоски на вчерашната прес-конференција.

Додека владата е на ставот дека има простор за подобрување на македонските позиции во евроинтеграциите и за тоа бараат конструктивност, за опозицискиот лидер Венко Филипче тоа се манипулации за да ја закочат иднината на земјата.

Ако очекуваат дека СДСМ наивно ќе даде поддршка на идеи кои значат понатамошни блокади, решенија во кои никој не верува освен тие самите во Белата палата, тогаш се излажале. Ние нема да бидеме параван за нивните пропаднати политики. Нека покажат лидерство, нека покажат храброст и најважно од се, нека покажат искреност, рече Филипче.

Премиерот не се согласува со тоа дека нема реална можност Македонија да дојде до поддршка од Брисел за интеграциите без диктати.

Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции. Ако не се смени преговарачката рамка тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни? Така јас не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред 4 месеци, рече Мицкоски вчера на прес конференција во Владата.

Мицкоски порача дека е подготвен во кое било време да ги продолжи разговорите со Бугарија за надминување на блокадите. Сепак тој нагласи дека во никој случај нема да прифати преговори преку диктат и условувања, туку процес кој ќе биде базиран исклучиво на аргуументи и почитување на Копенхашките критеиуми.

The post Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Брнабиќ одби да се фотографира со учесниците на Берлискиот процес поради истакнатото знаме на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/brnabik-odbi-da-se-fotografira-so-uchesnitsite-na-berliskiot-protses-poradi-istaknatoto-zname-na-kosovo/ Mon, 16 Oct 2023 16:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=691780

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одби да биде дел од официјалната фотографија на учесниците на самитот на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана.

Таа им се придружи на учесниците дури откако на плоштадот пред „Пирамидата“ почна настапот на фолклорните групи на малцинските заедници во Албанија. На овој начин таа ја следеше истата постапка на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кога тој одби да се фотографира на форумот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес, наведуваат медиумите.

Тие додаваат дека „причина за нефотографирањето на Дачиќ било истакнувањето на знамето на Косово“.

The post Брнабиќ одби да се фотографира со учесниците на Берлискиот процес поради истакнатото знаме на Косово appeared first on Република.

Ковачевски: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за европеизација на регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sorabotkata-na-zemjite-od-zapaden-balkan-e-kluchna-za-evropeizatsija-na-regionot/ Mon, 16 Oct 2023 16:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=691787

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес, учествуваше на првата работна сесија, посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ. На првата пленарна сесија од Берлинскиот процес, земјите членки на ЕУ ставија акцент и на важноста на проширувањето на Унијата.

Учесниците на сесијата дискутираа за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ.

Беше посочен неговиот важен инклузивен формат кој служи како катализатор за економска интеграција, инвестиции и проекти за поврзување кои се насочени кон помирување, безбедност, раст, вработување и просперитет. Лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на заедничкиот регионален пазар со што се овозможува подлабока трансформација на регионалната економска интеграција. Се разменија мислења околу заедничкото работење за исполнување на взаемната амбиција на земјите од Западен Балкан имајќи го предвид фактот дека со ваквите регионални достигнувања и со идните, регионот има силен стимул да продолжи по оваа траекторија на регионална соработка, информираат од Владата за содржината на првата работна сесија.

На првата работна сесија, Ковачевски ја потенцираше важноста на реформскиот процес на земјите од Западен Балкан, со што ќе се забрза економскиот раст, ќе биде поддршка за конкурентноста, а тоа ќе значи можност за отворање на нови компании и нови работни места. На состанокот беше истакнато дека клучно за напредок на регионот е и владеењето на правото, спречувањето на корупцијата и доброто владеење, со кои структурни реформи ќе се забрза и приближувањето на регионот кон Европската Унија.

На сесијата беа изнесени ставови и за важноста на Договорите кои земјите од регионот ги потпишуваат во рамки на Берлинскиот процес, со што се овозможува поголема професионална мобилност, повисокото ниво на соработка и поврзаност што всушност е суштината на ЕУ. Премиерот Ковачевски ја истакна важноста од блиската соработка на земјите од Западен Балкан, која создава можност ЕУ да го прошири своето влијание во регионот, да ја зајакне стабилноста и да се спротивстави на потенцијалните надворешни влијанија, информираа од Владата.

Покрај премиерот Ковачевски, на панелот посветен на интегрирање на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, учествуваа и канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број премиери и високи претставници на земјите членки на Европската Унија, како и меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот–Германија, Франција, Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Обединетото Кралство, заедно со земји од Западен Балкан.

На оваа сесија учествува и дадоа поддршка и премиерите на Шпанија и на Холандија, Педро Санчез и Марк Руте, кои не се земји учеснички на Берлинскиот процес, но кои пред присутните лидери од Западниот Балкан ја изнесоа поддршката на Шпанија и Холандија за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.

The post Ковачевски: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за европеизација на регионот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес, учествуваше на првата работна сесија, посветена на интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ. На првата пленарна сесија од Берлинскиот процес, земјите членки на ЕУ ставија акцент и на важноста на проширувањето на Унијата. Учесниците на сесијата дискутираа за Берлинскиот процес кој има клучна улога како двигател на регионалната соработка и забрзувач на интегративниот процес за ЕУ.
Беше посочен неговиот важен инклузивен формат кој служи како катализатор за економска интеграција, инвестиции и проекти за поврзување кои се насочени кон помирување, безбедност, раст, вработување и просперитет. Лидерите на сесијата ги изнесоа своите ставови околу улогата на заедничкиот регионален пазар со што се овозможува подлабока трансформација на регионалната економска интеграција. Се разменија мислења околу заедничкото работење за исполнување на взаемната амбиција на земјите од Западен Балкан имајќи го предвид фактот дека со ваквите регионални достигнувања и со идните, регионот има силен стимул да продолжи по оваа траекторија на регионална соработка, информираат од Владата за содржината на првата работна сесија.
На првата работна сесија, Ковачевски ја потенцираше важноста на реформскиот процес на земјите од Западен Балкан, со што ќе се забрза економскиот раст, ќе биде поддршка за конкурентноста, а тоа ќе значи можност за отворање на нови компании и нови работни места. На состанокот беше истакнато дека клучно за напредок на регионот е и владеењето на правото, спречувањето на корупцијата и доброто владеење, со кои структурни реформи ќе се забрза и приближувањето на регионот кон Европската Унија.
На сесијата беа изнесени ставови и за важноста на Договорите кои земјите од регионот ги потпишуваат во рамки на Берлинскиот процес, со што се овозможува поголема професионална мобилност, повисокото ниво на соработка и поврзаност што всушност е суштината на ЕУ. Премиерот Ковачевски ја истакна важноста од блиската соработка на земјите од Западен Балкан, која создава можност ЕУ да го прошири своето влијание во регионот, да ја зајакне стабилноста и да се спротивстави на потенцијалните надворешни влијанија, информираа од Владата.
Покрај премиерот Ковачевски, на панелот посветен на интегрирање на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, учествуваа и канцеларот на Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел како и голем број премиери и високи претставници на земјите членки на Европската Унија, како и меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот–Германија, Франција, Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Обединетото Кралство, заедно со земји од Западен Балкан. На оваа сесија учествува и дадоа поддршка и премиерите на Шпанија и на Холандија, Педро Санчез и Марк Руте, кои не се земји учеснички на Берлинскиот процес, но кои пред присутните лидери од Западниот Балкан ја изнесоа поддршката на Шпанија и Холандија за интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ.

The post Ковачевски: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за европеизација на регионот appeared first on Република.

]]>
Шолц ги собира балканските лидери во Берлин https://republika.mk/vesti/balkan/sholc-gi-sobira-balkanskite-lideri-vo-berlin/ Thu, 03 Nov 2022 07:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=568998

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин.

Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопшти Кабинетот на Шолц, на Самитот во Берлин најавено е учество на шефовите на владите на шесте земји од регионот на Западниот Балкан, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, поранешните домаќини на самитите на Балканскиот процес, како и на претставници на членки на ЕУ од регионот и на регионални и меѓународни организации.

Предвидено е на самитот да се одржат неколку сесии на кои премиерот Ковачевски заедно со лидерите од Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора, ќе дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

За време на Самитот ќе бидат потпишани и три регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите по медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти меѓу земјите во регионот.

Берлинскиот процес е формат на годишни состаноци што ги иницираше германската Влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел во 2014 година, кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. По тој самит во Берлин, домаќини беа Виена во 2015 година, Париз во 2016 година, Трст во 2017 година, Лондон во 2018 година, Познањ во 2019 година и Софија во 2020 година.

Целта на Берлинскиот процес е зајакнување и унапредување на соработка помеѓу шесте земји од Западниот Балкан со поддршка на Европската Комисија, во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и слободно движење на луѓе и стоки, со цел да се придонесе за забрзан регионален економски раст и развој на регионот и негова интеграција во ЕУ. Иницијативата главно се фокусира на решавање на билатералните и внатрешните проблеми во регионот и подобрување на економската соработка, како основа на одржливиот развој на регионот.

Како дел од Берлинскиот процес, секоја година се организираат серија состаноци на претставници на политиката, бизнисот и граѓанското општество.

The post Шолц ги собира балканските лидери во Берлин appeared first on Република.

]]>

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин. Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти Кабинетот на Шолц, на Самитот во Берлин најавено е учество на шефовите на владите на шесте земји од регионот на Западниот Балкан, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, поранешните домаќини на самитите на Балканскиот процес, како и на претставници на членки на ЕУ од регионот и на регионални и меѓународни организации. Предвидено е на самитот да се одржат неколку сесии на кои премиерот Ковачевски заедно со лидерите од Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора, ќе дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања. За време на Самитот ќе бидат потпишани и три регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите по медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти меѓу земјите во регионот. Берлинскиот процес е формат на годишни состаноци што ги иницираше германската Влада, во времето на канцеларката Ангела Меркел во 2014 година, кога во Берлин се одржа Конференцијата за Западен Балкан. По тој самит во Берлин, домаќини беа Виена во 2015 година, Париз во 2016 година, Трст во 2017 година, Лондон во 2018 година, Познањ во 2019 година и Софија во 2020 година. Целта на Берлинскиот процес е зајакнување и унапредување на соработка помеѓу шесте земји од Западниот Балкан со поддршка на Европската Комисија, во делот на реформските процеси, заедничките пазари, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и слободно движење на луѓе и стоки, со цел да се придонесе за забрзан регионален економски раст и развој на регионот и негова интеграција во ЕУ. Иницијативата главно се фокусира на решавање на билатералните и внатрешните проблеми во регионот и подобрување на економската соработка, како основа на одржливиот развој на регионот. Како дел од Берлинскиот процес, секоја година се организираат серија состаноци на претставници на политиката, бизнисот и граѓанското општество.

The post Шолц ги собира балканските лидери во Берлин appeared first on Република.

]]>
Бербок ги пофали балканските лидери: Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти https://republika.mk/vesti/balkan/berbok-gi-pofali-balkanskite-lideri-niz-zapadniot-balkan-kje-se-patuva-so-lichni-karti/ Fri, 21 Oct 2022 15:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=564116

Земјите од Западниот Балкан сакаат да формираат заеднички регионален пазар и со тоа да направат важен исчекор кон членство во ЕУ, порача шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по состанокот со министрите за надворешни работи од земјите во регионот во Берлин, кој се одржа во рамките на ткн. Берлински процес.

Според договорот, граѓаните во регионот ќе можат да ги минуваат границите со лични карти наместо со пасоши, а договорено е и взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации.

Го правите животот полесен за вашите граѓани и му помагате на стопанството да се засилат трговијата и економскиот раст во регионот. Ви честитам на овој напредок - порача Бербок.

Брза имплементација

Договорот треба да биде потпишан на самитот на лидерите на земјите од Западниот Балкан и германската влада на 3 ноември.

Бербок ги повика владите на земјите од регионот „брзо да ги имплементираат сите неопходни чекори за да се обезбеди потпишување на сите договори согласно планот“.

Состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на ткн. Берлински процес опфати и разговори за енергетската сигурност, војната во Украина, сајбер-безбедноста и зелената агенда.

Берлинскиот процес го почна поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година. Форматот беше замислен како чекор кон приближување на шесте земји од регионот кон ЕУ.

Голем дел од договореното на состанокот во Берлин се заговара уште од почетоците на процесот, но недоразбирањата меѓу земјите во регионот, пред сѐ меѓу Србија и Косово, ја блокираа подлабоката соработка. Три земји од регионот, Македонија, Србија и Албанија во меѓувреме почнаа паралелна иницијатива за регионална поврзување наречена Отворен Балкан.

The post Бербок ги пофали балканските лидери: Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти appeared first on Република.

]]>

Земјите од Западниот Балкан сакаат да формираат заеднички регионален пазар и со тоа да направат важен исчекор кон членство во ЕУ, порача шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок по состанокот со министрите за надворешни работи од земјите во регионот во Берлин, кој се одржа во рамките на ткн. Берлински процес. Според договорот, граѓаните во регионот ќе можат да ги минуваат границите со лични карти наместо со пасоши, а договорено е и взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации.
Го правите животот полесен за вашите граѓани и му помагате на стопанството да се засилат трговијата и економскиот раст во регионот. Ви честитам на овој напредок - порача Бербок.

Брза имплементација

Договорот треба да биде потпишан на самитот на лидерите на земјите од Западниот Балкан и германската влада на 3 ноември. Бербок ги повика владите на земјите од регионот „брзо да ги имплементираат сите неопходни чекори за да се обезбеди потпишување на сите договори согласно планот“. Состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на ткн. Берлински процес опфати и разговори за енергетската сигурност, војната во Украина, сајбер-безбедноста и зелената агенда. Берлинскиот процес го почна поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во 2014 година. Форматот беше замислен како чекор кон приближување на шесте земји од регионот кон ЕУ. Голем дел од договореното на состанокот во Берлин се заговара уште од почетоците на процесот, но недоразбирањата меѓу земјите во регионот, пред сѐ меѓу Србија и Косово, ја блокираа подлабоката соработка. Три земји од регионот, Македонија, Србија и Албанија во меѓувреме почнаа паралелна иницијатива за регионална поврзување наречена Отворен Балкан.

The post Бербок ги пофали балканските лидери: Низ Западниот Балкан ќе се патува со лични карти appeared first on Република.

]]>
Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес https://republika.mk/vesti/balkan/ministrite-za-vnatreshni-raboti-na-zapaden-balkan-na-sostanok-na-berlinskiot-proces/ Thu, 20 Oct 2022 06:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=563344

Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до ЕУ.

Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки на ЕУ, актуелниот претседател на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и државите од Западен Балкан.

Главни теми на состанокот на министрите ќе бидат илегалната миграција, борбата против корупцијата и организираниот криминал и третманот на повратниците од областите под контрола на џихадистите, соопшти германското МВР.

Поканети се министрите на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

На состанокот во Берлин ќе присуствуваат претставници на Европската унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации.

Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел како продолжение на претходните Конференции за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија.

The post Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Со состанок на министрите за внатрешни работи, како што најави германскиот канцелар Олаф Шолц, продолжува берлинскиот процес што во 2014 година го иницираше тогашната канцеларка Ангела Меркел со цел за приближување на Западен Балкан до ЕУ. Во Берлин денеска ќе се соберат министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес – осум членки на ЕУ, актуелниот претседател на ЕУ, како и претставници на Европската комисија и државите од Западен Балкан. Главни теми на состанокот на министрите ќе бидат илегалната миграција, борбата против корупцијата и организираниот криминал и третманот на повратниците од областите под контрола на џихадистите, соопшти германското МВР. Поканети се министрите на Австрија, Бугарија, Франција, Грција, Хрватска, Италија, Полска, Словенија, Чешка и Велика Британија, како и претставници од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. На состанокот во Берлин ќе присуствуваат претставници на Европската унија, меѓу кои и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и претставници на меѓународни организации. Берлинскиот процес беше инициран во 2014 година од страна на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел како продолжение на претходните Конференции за Западен Балкан. Целта на процесот е да се забрза соработката со шесте земји од Западен Балкан и интеграцијата на тој регион во Европската Унија.

The post Министрите за внатрешни работи на Западен Балкан на состанок на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>