бербел бас Archives - Република https://republika.mk/tema/berbel-bas/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 17:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бербел бас Archives - Република https://republika.mk/tema/berbel-bas/ 32 32 Гаши на средба со претседателката на Бундестагот https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-na-sredba-so-pretsedatelkata-na-bundestagot/ Fri, 18 Oct 2024 17:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=828580

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателката на Бундестагот на Сојузна Република Германија, Бербел Бас.

Како што соопшти собраниската прес служба, Бас на средбата ја искажа нејзината лична посветеност, но и посветеноста на пратениците во Бундестагот да се вложат за напредок на Македонијка земја на патот кон Европската Унија. Изрази почит и пофалби за досегашните успеси и преземени чекори на Македонија на овој пат.

Вашата земја е пример за успешно мултиетничко општество во целиот регион, нешто што е посебно вреднувано од Германија, потенцира Бас.

Таа истакна дека поканувањето на претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајер, на Самитот во Берлин е уште една потврда за германската визија за регионот и извесната европска перспектива на земјите учеснички во овој процес.

Гаши изрази задоволство за одржувањето на средбата и за поддршката која како држава и Собрание ја добиваме во изминатите децении од германските политичари, институции, бизнисмени и граѓани. Беше искажана благодарност за Резолуцијата на Бундестагот, особено признанието на македонската посебност, не само како признание на македонскиот идентитет, туку како гест на почитување на оваа универзална и цивилизациска придобивка. Ја пренесе одлучноста на новата Влада и Собрание по одржувањето на парламентарните избори за продолжување на процесот на евроинтеграции и спроведување на неопходните реформи во клучните области детектирани од Европската комисија. Посебен акцент стави на парламентарната соработка и динамиката на средби на сите нивоа и актуелно, експертизата на Бундестагот за независно парламентарно обезбедување.

Двајцата соговорници беа согласни дека во време на заканувачки предизвици, потребно е поголемо обединување на парламентите во нивната одбрана на демократијата, човековите права, транспаретноста, отвореноста и обезбедувањето на точни информации до граѓаните. Констатирано е дека тековната соработка треба да продолжи, но и да се прошири во нови области кои добиваат на значење, како што се обезбедувањето добри законски решенија на поле на енергетиката, користењето на алтернативни и онбовливи извори на енергија, како и заштитата на животната средина.

На средбата присуствуваа и резидентен амбасадор на РСМ Илбер Села и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, стои во соопштението од собраниската прес-служба.

The post Гаши на средба со претседателката на Бундестагот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска имаше средба со претседателката на Бундестагот на Сојузна Република Германија, Бербел Бас. Како што соопшти собраниската прес служба, Бас на средбата ја искажа нејзината лична посветеност, но и посветеноста на пратениците во Бундестагот да се вложат за напредок на Македонијка земја на патот кон Европската Унија. Изрази почит и пофалби за досегашните успеси и преземени чекори на Македонија на овој пат.
Вашата земја е пример за успешно мултиетничко општество во целиот регион, нешто што е посебно вреднувано од Германија, потенцира Бас.
Таа истакна дека поканувањето на претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајер, на Самитот во Берлин е уште една потврда за германската визија за регионот и извесната европска перспектива на земјите учеснички во овој процес. Гаши изрази задоволство за одржувањето на средбата и за поддршката која како држава и Собрание ја добиваме во изминатите децении од германските политичари, институции, бизнисмени и граѓани. Беше искажана благодарност за Резолуцијата на Бундестагот, особено признанието на македонската посебност, не само како признание на македонскиот идентитет, туку како гест на почитување на оваа универзална и цивилизациска придобивка. Ја пренесе одлучноста на новата Влада и Собрание по одржувањето на парламентарните избори за продолжување на процесот на евроинтеграции и спроведување на неопходните реформи во клучните области детектирани од Европската комисија. Посебен акцент стави на парламентарната соработка и динамиката на средби на сите нивоа и актуелно, експертизата на Бундестагот за независно парламентарно обезбедување. Двајцата соговорници беа согласни дека во време на заканувачки предизвици, потребно е поголемо обединување на парламентите во нивната одбрана на демократијата, човековите права, транспаретноста, отвореноста и обезбедувањето на точни информации до граѓаните. Констатирано е дека тековната соработка треба да продолжи, но и да се прошири во нови области кои добиваат на значење, како што се обезбедувањето добри законски решенија на поле на енергетиката, користењето на алтернативни и онбовливи извори на енергија, како и заштитата на животната средина. На средбата присуствуваа и резидентен амбасадор на РСМ Илбер Села и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, стои во соопштението од собраниската прес-служба.

The post Гаши на средба со претседателката на Бундестагот appeared first on Република.

]]>
Претседателката на германскиот Бундестаг пристигна во Киев https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-germanskiot-bundestag-pristigna-vo-kiev/ Sun, 08 May 2022 09:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=499384

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа.

Социјалдемократската политичарка е вториот највисок претставник на Германија по претседателот, а до овој момент и најважниот германски политичар што ја посетил Украина од почетокот на руската воена операција.

Бас во Киев допатува на покана на претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

Политичарката од СПД во име на германскиот Бундестаг ќе положи венци на гробот на незнајниот војник и на споменикот на убиените украински Евреи во Бабин Јар.

Бас и Стефанчук планираат заеднички да им оддадат почит на сите цивилни и воени жртви од Втората светска војна.

Предвидено е Бас да има средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

https://twitter.com/enricobrissa/status/1523181621842612225?cxt=HHwWgsCopa3ntqMqAAAA

The post Претседателката на германскиот Бундестаг пристигна во Киев appeared first on Република.

]]>

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа. Социјалдемократската политичарка е вториот највисок претставник на Германија по претседателот, а до овој момент и најважниот германски политичар што ја посетил Украина од почетокот на руската воена операција. Бас во Киев допатува на покана на претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук. Политичарката од СПД во име на германскиот Бундестаг ќе положи венци на гробот на незнајниот војник и на споменикот на убиените украински Евреи во Бабин Јар. Бас и Стефанчук планираат заеднички да им оддадат почит на сите цивилни и воени жртви од Втората светска војна. Предвидено е Бас да има средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. https://twitter.com/enricobrissa/status/1523181621842612225?cxt=HHwWgsCopa3ntqMqAAAA

The post Претседателката на германскиот Бундестаг пристигна во Киев appeared first on Република.

]]>