Белградско драмско позориште Archives - Република https://republika.mk/tema/belgradsko-dramsko-pozorishte/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 23:21:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Белградско драмско позориште Archives - Република https://republika.mk/tema/belgradsko-dramsko-pozorishte/ 32 32 Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ https://republika.mk/vesti/kultura/stoechki-ovatsii-za-kultnata-pretstava-let-nad-kukavichkoto-gnezdo-na-belgradsko-dramsko-pozorishte-na-ohridsko-leto/ Sat, 17 Aug 2024 23:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=807579

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ.

Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици.

Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации.

Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ.

Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда.

Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад.

Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава.

[caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]

Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.

„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Белградско драмско позориште гостуваше на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ на годинешното „Охридско лето“ со својата култна претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ во режија на Жанко Томиќ. Овој текст на Кен Кизи и Дејл Васерман, кој пред полни 18 години го режираше Жанко Томиќ го означи големиот камбек на Драган Бјелогрлиќ на театарските штици. Претставата која од својата праизведна на Бродвеј во 1963 година, а особено од појавата на филмот на Милош Форман со Џек Николсон во незаборавната улога, во светот претставува синоним за борба на поединецот за слобода во репресивниот систем, ја воодушеви публиката во Центарот за култура во Охрид. Целиот ансамбл, особено Бјелогрлиќ беа наградени со долг аплауз и стоечки овации. Улогите ги играат Драган Бјелогрлиќ, Предраг Бјелац, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Јово Максиќ, Саво Радовиќ, Душан Ковачевиќ, Владан Милиќ, Милица Зариќ, Андреа Џина, Урош Јанковиќ, Милош Лазаров, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша, Александра Ања Алач, Нада Мацанковиќ и Маја Ранџиќ. Иако „Лет над кукавичкото гнездо“ веќе 18 години е на репертоарот на Белградско драмско позориште и е изведене преку 250 пати, претставата секогаш се игра пред полна сала, а од актерите од првата постава се останати само Бјелогрлиќ и Даниел Сич. Наместо Марко Живиќ улогата на Мартини ја презеде Младен Совиљ, улогата на Чезвик ја игра познатиот актер Мима Караџиќ, кој во екипата е последниве две години, додека Слободан Бода Нинковиќ го игра поглавицата Бродмен, наместо починатиот Милорад Мандиќ-Манда. Претставата беше обновена во 2022 година и има своја магија, има некоја своја тајна и фантастична приказна, а пред се го има Драган Бјелогрлиќ кој со својот тален и силата на неговото уметничко битие ја води претставата долги години наназад. Прашањето за слободата е темелно за оваа претстава. [caption id="attachment_807589" align="alignnone" width="2268"] фото: Охридско лето[/caption]
Преставата е ода на слободата и со секое кратење на слободата во некој јавен простор во животот, претставата станува сѐ поактуелна, рече Бјелогрлиќ пред вечерашниот настап на „Охридско лето“.
„Лет над кукавичкото гнездо“ беше изведена и во Скопје во рамките на турнејата на Белградско народно позориште и тогаш претставата можеше да ја види и публиката во Подгорица, Загреб и Љубљана.

The post Стоечки овации за култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Десетминутен аплауз и три биса за „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште во МНТ https://republika.mk/vesti/kultura/desetminuten-aplauz-i-tri-bisa-za-let-nad-kukavichkoto-gnezdo-na-belgradsko-dramsko-pozorishte-vo-mnt/ Wed, 05 Oct 2022 07:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=557465

Долг, десетминутен аплауз, „браво“ од гледалиштето и три биса добија синоќа актерите на Белградско драмско позориште (БДП) кои гостуваа во Македонскиот народен театар (МНТ) со култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“.

БДП со „Лет над кукавичкото гнездо“ ја почна турнејата низ поранешна СФРЈ со Скопје, каде што вечерва во МНТ (20 часот) ќе се одигра уште една претстава, а до 7 декември следуваат гостувања во Љубљана (24 октомври), Загреб (25 октомври), Подгорица (19 и 20 ноември), Бања Лука (29 и 30 ноември) и Сараево (6 и 7 декември).

Претставата успешно се прикажува веќе 17 години на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во БДП и има повеќе од 210 изведби.

Токму врвната актерката игра е она што ја прави врвна претставата и ја одржува толку години на репертоарот.

Драган Бјелогрлиќ го толкува главниот лик, Редни П. Мекмарфи, а останатите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога. Филмот на чешкиот и американски режисер Милош Форман „Лет над куквичкото гнездо“ од 1975 година освои Оскар за најдобра режија и најдобар филм, потоа за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.

Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.

The post Десетминутен аплауз и три биса за „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште во МНТ appeared first on Република.

]]>

Долг, десетминутен аплауз, „браво“ од гледалиштето и три биса добија синоќа актерите на Белградско драмско позориште (БДП) кои гостуваа во Македонскиот народен театар (МНТ) со култната претстава „Лет над кукавичкото гнездо“. БДП со „Лет над кукавичкото гнездо“ ја почна турнејата низ поранешна СФРЈ со Скопје, каде што вечерва во МНТ (20 часот) ќе се одигра уште една претстава, а до 7 декември следуваат гостувања во Љубљана (24 октомври), Загреб (25 октомври), Подгорица (19 и 20 ноември), Бања Лука (29 и 30 ноември) и Сараево (6 и 7 декември). Претставата успешно се прикажува веќе 17 години на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во БДП и има повеќе од 210 изведби. Токму врвната актерката игра е она што ја прави врвна претставата и ја одржува толку години на репертоарот. Драган Бјелогрлиќ го толкува главниот лик, Редни П. Мекмарфи, а останатите актери се: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ. Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога. Филмот на чешкиот и американски режисер Милош Форман „Лет над куквичкото гнездо“ од 1975 година освои Оскар за најдобра режија и најдобар филм, потоа за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи. Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.

The post Десетминутен аплауз и три биса за „Лет над кукавичкото гнездо“ на Белградско драмско позориште во МНТ appeared first on Република.

]]>