Белата куќа Archives - Република https://republika.mk/tema/belata-kukja/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 19:43:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Белата куќа Archives - Република https://republika.mk/tema/belata-kukja/ 32 32 САД сериозно загрижени по наводите дека постои руско-кинеска тајна програма за производство на воени дронови https://republika.mk/vesti/svet/sad-seriozno-zagrizheni-po-navodite-deka-postoi-rusko-kineska-tajna-programa-za-proizvodstvo-na-voeni-dronovi/ Wed, 25 Sep 2024 20:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=819648

Од Белата куќа изразија сериозна загриженост по наводите во некои медиуми дека Русија работи на таен проект за производство на ударни беспилотни летала во Кина. Се дознава дека станува збор за пример каде една кинеска компанија помага на руска компанија која е под американски санкции.

Според извори во Белата куќа, САД засега немаат докази дека кинеската влада знае за оваа зделка или дека учествува во пружање помош на Москва за вакви деструктивни оружја, прецизира претставникот на Советот за национална безбедност.

-Сепак, владата на НР Кина… е одговорна да осигури дека нејзините компании не обезбедуваат ваква смртоносна помош, додаде тој.

Според два извора од европските разузнавачки служби од документи споделени во некои американски медиуми, Русија создала програма во Кина за развој и производство на ударни беспилотни летала со долг дострел на дејство, за да ги користи во војната против Украина.

-САД се подготвени веднаш да преземат мерки против наведените кинески компании, како и да утврдат кои банки помогнале во спроведувањето на трансакциите со руската организација која е под санкции, изјави претставникот.

Станува збори за модернизирани верзии на беспилотникот „Харпија А1“ што се прави во Ижевски електромеханички завод „Купола“. При тоа, како што се дознава од извештаите, се употребуваат кинески мотори и делови.

The post САД сериозно загрижени по наводите дека постои руско-кинеска тајна програма за производство на воени дронови appeared first on Република.

]]>

Од Белата куќа изразија сериозна загриженост по наводите во некои медиуми дека Русија работи на таен проект за производство на ударни беспилотни летала во Кина. Се дознава дека станува збор за пример каде една кинеска компанија помага на руска компанија која е под американски санкции. Според извори во Белата куќа, САД засега немаат докази дека кинеската влада знае за оваа зделка или дека учествува во пружање помош на Москва за вакви деструктивни оружја, прецизира претставникот на Советот за национална безбедност. -Сепак, владата на НР Кина… е одговорна да осигури дека нејзините компании не обезбедуваат ваква смртоносна помош, додаде тој. Според два извора од европските разузнавачки служби од документи споделени во некои американски медиуми, Русија создала програма во Кина за развој и производство на ударни беспилотни летала со долг дострел на дејство, за да ги користи во војната против Украина. -САД се подготвени веднаш да преземат мерки против наведените кинески компании, како и да утврдат кои банки помогнале во спроведувањето на трансакциите со руската организација која е под санкции, изјави претставникот. Станува збори за модернизирани верзии на беспилотникот „Харпија А1“ што се прави во Ижевски електромеханички завод „Купола“. При тоа, како што се дознава од извештаите, се употребуваат кинески мотори и делови.

The post САД сериозно загрижени по наводите дека постои руско-кинеска тајна програма за производство на воени дронови appeared first on Република.

]]>
Бела куќа: Бајден внимателно ги следи случувањата во Израел и Либан https://republika.mk/vesti/svet/bela-kuka-bajden-vnimatelno-gi-sledi-sluchuvanata-vo-izrael-i-liban/ Sun, 25 Aug 2024 08:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=809894

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савит денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „внимателно ги следи случувањата во Израел и Либан“.

„Тој беше ангажиран во текот на целата вечер со неговиот тим за национална безбедност“, рече Савит, а пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој изјави дека по наредба на Бајден, американски официјални претставници се во континуирана комуникација со израелските партнери.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме правото на Израел на самоодбрана и ќе продолжиме да работиме за регионална стабилност“, посочи Савит.

Либанската група Хезболах утринава соопшти дека извршила напад врз Израел како одговор на убиството на високиот командант на групата, Фуад Шукра минатиот месец и погодила 11 израелски воени локации.

Хезболах подоцна објави дека „првата фаза“ од нападот врз Израел е завршена и дека повеќе од 320 ракети и голем број беспилотни летала биле истрелани врз цели во северен Израел.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека прогласил вонредна состојба, а претставникот на израелските одбранбени сили контраадмирал Даниел Хагари изјави дека десетици израелски воени авиони нападнале цели во различни области на јужен Либан.

The post Бела куќа: Бајден внимателно ги следи случувањата во Израел и Либан appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Шон Савит денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „внимателно ги следи случувањата во Израел и Либан“.
„Тој беше ангажиран во текот на целата вечер со неговиот тим за национална безбедност“, рече Савит, а пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој изјави дека по наредба на Бајден, американски официјални претставници се во континуирана комуникација со израелските партнери.
„Ќе продолжиме да го поддржуваме правото на Израел на самоодбрана и ќе продолжиме да работиме за регионална стабилност“, посочи Савит.
Либанската група Хезболах утринава соопшти дека извршила напад врз Израел како одговор на убиството на високиот командант на групата, Фуад Шукра минатиот месец и погодила 11 израелски воени локации. Хезболах подоцна објави дека „првата фаза“ од нападот врз Израел е завршена и дека повеќе од 320 ракети и голем број беспилотни летала биле истрелани врз цели во северен Израел. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант објави дека прогласил вонредна состојба, а претставникот на израелските одбранбени сили контраадмирал Даниел Хагари изјави дека десетици израелски воени авиони нападнале цели во различни области на јужен Либан.

The post Бела куќа: Бајден внимателно ги следи случувањата во Израел и Либан appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот напад врз училиште во Газа https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-dlaboko-sme-zagrizheni-poradi-izraelskiot-napad-vrz-uchilishte-vo-gaza/ Sat, 10 Aug 2024 19:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=805309

Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради израелскиот воздушен напад врз училиште во градот Газа во кој загинаа околу 100 луѓе.

Во соопштението, Белата куќа изразува загриженост поради бројот на палестински цивили кои умираат во Појасот Газа и додаде дека американските власти се во контакт со нивните израелски колеги.

Израелските власти соопштија дека цел на нападот биле борците на Хамас, а Белата куќа побарала повеќе детали од Тел Авив за нападот.

The post Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>

Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко загрижена“ поради израелскиот воздушен напад врз училиште во градот Газа во кој загинаа околу 100 луѓе. Во соопштението, Белата куќа изразува загриженост поради бројот на палестински цивили кои умираат во Појасот Газа и додаде дека американските власти се во контакт со нивните израелски колеги. Израелските власти соопштија дека цел на нападот биле борците на Хамас, а Белата куќа побарала повеќе детали од Тел Авив за нападот.

The post Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот напад врз училиште во Газа appeared first on Република.

]]>
Извор од Белата куќа: Бајден синоќа планираше да остане во трката за претседател https://republika.mk/vesti/svet/izvor-od-belata-kuka-bajden-sinoka-planirashe-da-ostane-vo-trkata-za-pretsedatel/ Sun, 21 Jul 2024 20:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=799012

Американскиот претседател Џозеф Бајден планирал да остане во претседателската трка до синоќа, но попладнево одеднаш се предомислил, изјави неименуван извор од Белата куќа.

-Пораката синоќа беше дека одиме со полна брзина напред. Околу 13 часот и 45 минути, претседателот му кажа на својот тим дека се предомислил, изјавил изворот за британските медиуми.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори во ноември.

Тој во писмото објавено на социјалната мрежа „Х“ вели дека смета дека е во најдобар интерес на неговата партија и на државата да се повлече и да се фокусира само на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат. Со повлекувањето од кандидатурата, Бајден и го расчисти патот на потпретседателката на САД Камала Харис да се кандидира.

The post Извор од Белата куќа: Бајден синоќа планираше да остане во трката за претседател appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џозеф Бајден планирал да остане во претседателската трка до синоќа, но попладнево одеднаш се предомислил, изјави неименуван извор од Белата куќа.
-Пораката синоќа беше дека одиме со полна брзина напред. Околу 13 часот и 45 минути, претседателот му кажа на својот тим дека се предомислил, изјавил изворот за британските медиуми.
Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори во ноември. Тој во писмото објавено на социјалната мрежа „Х“ вели дека смета дека е во најдобар интерес на неговата партија и на државата да се повлече и да се фокусира само на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат. Со повлекувањето од кандидатурата, Бајден и го расчисти патот на потпретседателката на САД Камала Харис да се кандидира.

The post Извор од Белата куќа: Бајден синоќа планираше да остане во трката за претседател appeared first on Република.

]]>
Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа https://republika.mk/vesti/svet/pukaneto-vrz-tramp-mu-gi-zgolemuva-shansite-da-se-vrati-vo-belata-kuka/ Sun, 14 Jul 2024 16:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=796746

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенисланија ги зголемува неговите шанси повторно да влезе во Белата куќа, сметаат инвеститори и финансиски експерти.

Трамп беше застрелан во уво на собир во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за атентат.

Пред пукањето, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, рече Ронг Рен Гох од Eastspring Investments во Сингапур.

Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и актуелниот демократ Џо Бајден.

Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен инвестициски директор во Vantage Point Asset.

Бајден се соочува со зголемени сомнежи од донаторите, поддржувачите и колегите демократи за неговата способност да го победи Трамп и да остане во чекор со барањата на работните обврски како шеф на државата.

Веднаш реагираа и букмејкерите. До петокот шансите на Трамп за победа на претседателските избори беа 61%, од денеска тие се - 69,44%.

The post Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Пенисланија ги зголемува неговите шанси повторно да влезе во Белата куќа, сметаат инвеститори и финансиски експерти. Трамп беше застрелан во уво на собир во Пенсилванија во саботата, што властите го третираат како обид за атентат.
Пред пукањето, пазарите реагираа на изгледите за реизбор на Трамп со зајакнување на доларот, а тој тренд би можел да продолжи и во наредната недела, рече Ронг Рен Гох од Eastspring Investments во Сингапур.
Првото пукање во американски претседател или кандидат на партија по обидот за атентат врз републиканскиот претседател Роналд Реган во 1981 година може да влијае на изборниот натпревар на 5 ноември меѓу републиканецот Трамп и актуелниот демократ Џо Бајден.
Како што се сеќаваме, популарноста на Реган порасна за 22 процентни поени во анкетите по обидот за атентат. Изборите веројатно ќе бидат убедлива победа (за Трамп). Тоа потенцијално ја намалува неизвесноста“, рече Ник Ферес, главен инвестициски директор во Vantage Point Asset.
Бајден се соочува со зголемени сомнежи од донаторите, поддржувачите и колегите демократи за неговата способност да го победи Трамп и да остане во чекор со барањата на работните обврски како шеф на државата. Веднаш реагираа и букмејкерите. До петокот шансите на Трамп за победа на претседателските избори беа 61%, од денеска тие се - 69,44%.

The post Пукањето врз Трамп му ги зголемува шансите да се врати во Белата куќа appeared first on Република.

]]>
Нема индикации дека ова има некаква врска со Украина, велат од Белата куќа за нападот во Москва https://republika.mk/vesti/svet/nema-indikatsii-deka-ova-ima-nekakva-vrska-so-ukraina-velat-od-belata-kuka-za-napadot-vo-moskva/ Fri, 22 Mar 2024 19:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=757561

Ситуацијата во Москва ја коментираше и Џон Кирби, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.

Засега нема индикации дека Украина или Украинци се вмешани во нападот. Ние внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа рана фаза сакам да ве уверам дека тоа на никаков начин не е поврзано со Украина“, рече Кирби.

На прашањето дали ова е знак дека се појавуваат пукнатини во режимот на Владимир Путин, Кирби рече:

Има луѓе во Москва и во Русија на кои им пречи начинот на кој Путин ја води земјата, но во овој момент не можеме да го поврземе тоа што се случува со било каква политичка мотивација. Ни треба повеќе време, треба да собереме повеќе информации.

 

The post Нема индикации дека ова има некаква врска со Украина, велат од Белата куќа за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во Москва ја коментираше и Џон Кирби, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден.
Засега нема индикации дека Украина или Украинци се вмешани во нападот. Ние внимателно ја следиме ситуацијата, но во оваа рана фаза сакам да ве уверам дека тоа на никаков начин не е поврзано со Украина“, рече Кирби.
На прашањето дали ова е знак дека се појавуваат пукнатини во режимот на Владимир Путин, Кирби рече:
Има луѓе во Москва и во Русија на кои им пречи начинот на кој Путин ја води земјата, но во овој момент не можеме да го поврземе тоа што се случува со било каква политичка мотивација. Ни треба повеќе време, треба да собереме повеќе информации.
 

The post Нема индикации дека ова има некаква врска со Украина, велат од Белата куќа за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>
Белата куќа го повика Израел да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-go-povika-izrael-da-im-obezbedi-na-muslimanite-pristap-do-zidot-na-plachot-vo-tekot-na-ramazan/ Thu, 29 Feb 2024 09:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=749508

Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан.

-Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е и прашање што е директно важно за безбедноста на Израел, рече Милер.

Тој нагласи дека не е во безбедносен интерес на Израел да ги подгрева тензиите на Западниот Брег или во поширокиот регион, пишува „Тајмс оф Израел“.

Милер ваквите забелешки ги даде откако се појавија извештаи дека Израел размислува да воведе сериозни ограничувања за пристап до Ѕидот на плачот за израелските Арапи и Палестинците од Западниот брег за време на Рамазан, светиот месец на постот кај муслиманите што почнува на 10 март.

The post Белата куќа го повика Израел да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан.
-Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е и прашање што е директно важно за безбедноста на Израел, рече Милер.
Тој нагласи дека не е во безбедносен интерес на Израел да ги подгрева тензиите на Западниот Брег или во поширокиот регион, пишува „Тајмс оф Израел“. Милер ваквите забелешки ги даде откако се појавија извештаи дека Израел размислува да воведе сериозни ограничувања за пристап до Ѕидот на плачот за израелските Арапи и Палестинците од Западниот брег за време на Рамазан, светиот месец на постот кај муслиманите што почнува на 10 март.

The post Белата куќа го повика Израел да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: САД нема да испратат војници да се борат во Украина https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-sad-nema-da-ispratat-vojnitsi-da-se-borat-vo-ukraina/ Tue, 27 Feb 2024 20:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=749063

Американскиот претседател Џо Бајден беше јасен дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

Таа додаде дека Бајден верува дека „патот до победата“ е преку испраќање воена помош од САД за Украина, која во моментов е блокирана од Конгресот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека распоредувањето на западните трупи во земјата нападната од соседна Русија „не треба да се исклучи“ во иднина.

Изјавата на Макрон денеска предизвика низа коментари, при што голем број западни земји практично ја отфрлија неговата идеја.

„Во ЕУ нема одлука за испраќање војници во Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата нема планови да распореди војници во поранешната советска република.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа ја даде својата изјава на маргините на средбата меѓу американскиот претседател и лидерите на Конгресот на која се разговараше за финансиски прашања, вклучително и помошта за Украина.

Учесниците ги оценија преговорите како интензивни. Според лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Меконел, сите се обединети во ставот дека е неопходно да се избегне затворање на федералната влада со тоа што ќе продолжи нејзиното финансирање.

Претседателот Бајден им порача на конгресните лидери дека мора да преземат „брза акција“ за да продолжат да ја финансираат владата и да избегнат нејзино затворање. Тој, исто така, ја истакна итната потреба да се обезбеди дополнителна помош за Украина, соопшти Белата куќа.

Во моментов во американскиот Конгрес е блокирана воената помош вредна околу 60 милијарди долари за Украина.

The post Белата куќа: САД нема да испратат војници да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден беше јасен дека САД нема да испратат војници да се борат во Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон. Таа додаде дека Бајден верува дека „патот до победата“ е преку испраќање воена помош од САД за Украина, која во моментов е блокирана од Конгресот. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека распоредувањето на западните трупи во земјата нападната од соседна Русија „не треба да се исклучи“ во иднина. Изјавата на Макрон денеска предизвика низа коментари, при што голем број западни земји практично ја отфрлија неговата идеја. „Во ЕУ нема одлука за испраќање војници во Украина“, изјави портпаролот на Европската комисија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата нема планови да распореди војници во поранешната советска република. Портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа ја даде својата изјава на маргините на средбата меѓу американскиот претседател и лидерите на Конгресот на која се разговараше за финансиски прашања, вклучително и помошта за Украина. Учесниците ги оценија преговорите како интензивни. Според лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Меконел, сите се обединети во ставот дека е неопходно да се избегне затворање на федералната влада со тоа што ќе продолжи нејзиното финансирање. Претседателот Бајден им порача на конгресните лидери дека мора да преземат „брза акција“ за да продолжат да ја финансираат владата и да избегнат нејзино затворање. Тој, исто така, ја истакна итната потреба да се обезбеди дополнителна помош за Украина, соопшти Белата куќа. Во моментов во американскиот Конгрес е блокирана воената помош вредна околу 60 милијарди долари за Украина.

The post Белата куќа: САД нема да испратат војници да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Убиен маж во близина на Белата куќа, полицијата трага по напаѓачот https://republika.mk/vesti/svet/ubien-mazh-vo-blizina-na-belata-kuka-politsijata-traga-po-napagachot/ Tue, 09 Jan 2024 18:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=731277

Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случи рано утринава на само неколку блока од Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесува американскиот ТВ канал Фокс 5.

Инцидентот се случи утрото, на неколку блокови од Белата куќа на улицата К. Полицијата пристигна на местото на инцидентот околу 5 часот по локално време. Имаше возрасен во несвест, не дишеше, се работи за убиство“, се додава во соопштението.

Полицијата трага по осомничениот напаѓач, висок околу 1,9 метри, кој носел црн капут и сиви панталони, како и бел автомобил BMW М535И со регистарска табличка DC DLR05020 и скршен десен ретровизор.

 

The post Убиен маж во близина на Белата куќа, полицијата трага по напаѓачот appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Вашингтон соопшти дека еден маж е убиен во пукање што се случи рано утринава на само неколку блока од Белата куќа. Во соопштението се наведува дека набргу по пријавувањето на пукањето, мажот бил пренесен во блиската болница, каде што била констатирана смрт, пренесува американскиот ТВ канал Фокс 5.
Инцидентот се случи утрото, на неколку блокови од Белата куќа на улицата К. Полицијата пристигна на местото на инцидентот околу 5 часот по локално време. Имаше возрасен во несвест, не дишеше, се работи за убиство“, се додава во соопштението.
Полицијата трага по осомничениот напаѓач, висок околу 1,9 метри, кој носел црн капут и сиви панталони, како и бел автомобил BMW М535И со регистарска табличка DC DLR05020 и скршен десен ретровизор.  

The post Убиен маж во близина на Белата куќа, полицијата трага по напаѓачот appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: Се уште нема договор меѓу Израел и Хамас https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-se-ushte-nema-dogovor-megu-izrael-i-hamas/ Sun, 19 Nov 2023 10:47:34 +0000 https://republika.mk/?p=703120

Израел и Хамас се уште не постигнале договор за привремен прекин на огнот, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, одговарајќи на извештајот на „Вашингтон пост“ дека е постигнат договор.

САД продолжуваат да работат на постигнување договор меѓу двете страни, рече портпаролот. Друг американски функционер потврди дека не е постигнат договор.

„Вашингтон пост“ вчера објави дека меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар е постигнат договор за петдневен прекин на огнот во замена за ослободување на 50 или повеќе заложници. „Сè уште нема договор, но продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме таков“, рече во соопштението Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Израел вети дека ќе го уништи Хамас по дивеењето на милитантната група во Израел на 7 октомври, во кое нејзините борци убија 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници, според израелските податоци. Како што конфликтот влезе во седмата недела, властите во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека бројот на загинати се искачи на 12.300, вклучувајќи 5.000 деца.

Израел соопшти дека се подготвува да ја прошири својата офанзива против милитантите на Хамас во јужниот дел на Газа, откако во воздушните напади загинаа десетици Палестинци, вклучително и цивили кои наводно се засолниле во две училишта.

„Вашингтон пост“ објави дека Израел, САД и Хамас постигнале пробен договор за ослободување на десетици жени и деца држени како заложници во Газа во замена за петдневен прекин на огнот. Како дел од деталниот договор на шест страници, сите страни ќе ги замрзнат борбените операции најмалку пет дена, додека „почетните 50 или повеќе заложници се ослободуваат во помали групи на секои 24 часа“, објави Пост.

Весникот наведува дека копнениот систем за надзор ќе ги следи движењата на теренот за да помогне во одржувањето на прекинот на огнот, кој исто така има за цел да дозволи значителна количина хуманитарна помош.

The post Белата куќа: Се уште нема договор меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>

Израел и Хамас се уште не постигнале договор за привремен прекин на огнот, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа, одговарајќи на извештајот на „Вашингтон пост“ дека е постигнат договор. САД продолжуваат да работат на постигнување договор меѓу двете страни, рече портпаролот. Друг американски функционер потврди дека не е постигнат договор.
„Вашингтон пост“ вчера објави дека меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар е постигнат договор за петдневен прекин на огнот во замена за ослободување на 50 или повеќе заложници. „Сè уште нема договор, но продолжуваме да работиме напорно за да постигнеме таков“, рече во соопштението Адриен Вотсон, портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Израел вети дека ќе го уништи Хамас по дивеењето на милитантната група во Израел на 7 октомври, во кое нејзините борци убија 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници, според израелските податоци. Како што конфликтот влезе во седмата недела, властите во Појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека бројот на загинати се искачи на 12.300, вклучувајќи 5.000 деца. Израел соопшти дека се подготвува да ја прошири својата офанзива против милитантите на Хамас во јужниот дел на Газа, откако во воздушните напади загинаа десетици Палестинци, вклучително и цивили кои наводно се засолниле во две училишта.
„Вашингтон пост“ објави дека Израел, САД и Хамас постигнале пробен договор за ослободување на десетици жени и деца држени како заложници во Газа во замена за петдневен прекин на огнот. Како дел од деталниот договор на шест страници, сите страни ќе ги замрзнат борбените операции најмалку пет дена, додека „почетните 50 или повеќе заложници се ослободуваат во помали групи на секои 24 часа“, објави Пост.
Весникот наведува дека копнениот систем за надзор ќе ги следи движењата на теренот за да помогне во одржувањето на прекинот на огнот, кој исто така има за цел да дозволи значителна количина хуманитарна помош.

The post Белата куќа: Се уште нема договор меѓу Израел и Хамас appeared first on Република.

]]>
Израел не е одговорен за нападот на болницата, велат од Белата куќа https://republika.mk/vesti/izrael-ne-e-odgovoren-za-napadot-na-bolnitsata-velat-od-belata-kuka/ Wed, 18 Oct 2023 16:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=692587

Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа.

Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.

Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа, рече таа.

 

The post Израел не е одговорен за нападот на болницата, велат од Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа. Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.
Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа, рече таа.
 

The post Израел не е одговорен за нападот на болницата, велат од Белата куќа appeared first on Република.

]]>
Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-mu-poracha-na-kiev-se-shto-pobaravte-dobivte/ Thu, 21 Sep 2023 09:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=683724

САД им дадоа на Украинците се што побараа за да извршат контраофанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесува ТАСС.

Сè што побара украинската армија за контраофанзива, го доби од САД, од нашите сојузници и партнери, рече Кирби на брифингот, нагласувајќи дека американската поддршка „е без преседан, историска и во голема мера обезбедува напредок на операција“.

Белата куќа денеска ќе го објави составот на новиот пакет оружје и муниција подготвен за испорака во Киев.

Медиумите претходно објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во моментов не планира да ја објави својата одлука дали ќе испорача ракети со долг дострел на Киев за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, која е закажана за денеска.

Како што беше наведено, Киев долго време бараше ваков тип на оружје, а украинските власти се надеваа дека претседателот Бајден следната недела ќе ја одобри испораката на воено-тактичкиот ракетен систем ATACMS, систем за наведување ракетен систем земја-земја со дострел од над 400 километри.

Кремљ предупреди дека снабдувањето со ракети со долг дострел ќе биде црвена линија, а слични предупредувања стигнаа и од Москва во однос на другите видови оружје.

Велика Британија и Франција веќе обезбедија ракети со долг дострел „Storm Shadow“, кои летаат до 240 километри.

The post Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте appeared first on Република.

]]>

САД им дадоа на Украинците се што побараа за да извршат контраофанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесува ТАСС. Сè што побара украинската армија за контраофанзива, го доби од САД, од нашите сојузници и партнери, рече Кирби на брифингот, нагласувајќи дека американската поддршка „е без преседан, историска и во голема мера обезбедува напредок на операција“. Белата куќа денеска ќе го објави составот на новиот пакет оружје и муниција подготвен за испорака во Киев. Медиумите претходно објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во моментов не планира да ја објави својата одлука дали ќе испорача ракети со долг дострел на Киев за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, која е закажана за денеска. Како што беше наведено, Киев долго време бараше ваков тип на оружје, а украинските власти се надеваа дека претседателот Бајден следната недела ќе ја одобри испораката на воено-тактичкиот ракетен систем ATACMS, систем за наведување ракетен систем земја-земја со дострел од над 400 километри. Кремљ предупреди дека снабдувањето со ракети со долг дострел ќе биде црвена линија, а слични предупредувања стигнаа и од Москва во однос на другите видови оружје. Велика Британија и Франција веќе обезбедија ракети со долг дострел „Storm Shadow“, кои летаат до 240 километри.

The post Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте appeared first on Република.

]]>
Тестот потврди, белата супстанца најдена во Белата куќа е кокаин https://republika.mk/vesti/svet/testot-potvrdi-belata-supstantsa-najdena-vo-belata-kuka-e-kokain/ Wed, 05 Jul 2023 16:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=658459

Супстанцата која беше пронајдена во Белата куќа во неделата вечерта е кокаин, потврдија лабораториските наоди, пренесува „NBC news“.

Супстанцата била пронајдена во неделата вечерта во мала торбичка со патент, во многу прометен дел на западното крило на Белата куќа и предизвикала кратка евакуација, изјави претставник на американската тајна служба.

Не е јасно колку долго чантата била во Белата куќа. Бројот на луѓе кои минуваат низ областа на Белата куќа каде што е пронајден кокаинот може да отежне да се утврди кој е одговорен за супстанцата, изјави за NBC News извор запознаен со истрагата.

Тајната служба ја води истрагата, која ќе вклучува преглед на камери и дневници за пристап, изјави извор запознаен со истрагата.

Кокаинот го пронашле официјални лица при „рутински проверки“ во Белата куќа, изјави претставник на Тајната служба.

Супстанцата претходно била позитивна на кокаин во прелиминарниот теренски тест, а формалниот лабораториски тест го потврдил тој резултат.

Претседателот Џо Бајден не беше во Белата куќа, кога беше откриен кокаинот.

The post Тестот потврди, белата супстанца најдена во Белата куќа е кокаин appeared first on Република.

]]>

Супстанцата која беше пронајдена во Белата куќа во неделата вечерта е кокаин, потврдија лабораториските наоди, пренесува „NBC news“. Супстанцата била пронајдена во неделата вечерта во мала торбичка со патент, во многу прометен дел на западното крило на Белата куќа и предизвикала кратка евакуација, изјави претставник на американската тајна служба. Не е јасно колку долго чантата била во Белата куќа. Бројот на луѓе кои минуваат низ областа на Белата куќа каде што е пронајден кокаинот може да отежне да се утврди кој е одговорен за супстанцата, изјави за NBC News извор запознаен со истрагата. Тајната служба ја води истрагата, која ќе вклучува преглед на камери и дневници за пристап, изјави извор запознаен со истрагата. Кокаинот го пронашле официјални лица при „рутински проверки“ во Белата куќа, изјави претставник на Тајната служба. Супстанцата претходно била позитивна на кокаин во прелиминарниот теренски тест, а формалниот лабораториски тест го потврдил тој резултат. Претседателот Џо Бајден не беше во Белата куќа, кога беше откриен кокаинот.

The post Тестот потврди, белата супстанца најдена во Белата куќа е кокаин appeared first on Република.

]]>
Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година https://republika.mk/vesti/svet/bela-kuka-kina-poseduva-shpionska-baza-na-kuba-najmalku-od-2019-godina/ Sun, 11 Jun 2023 08:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=650063

Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен.

Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи базата за следење американска електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, но и за регистрација на пловидбата на бродовите од американска страна.

Од Белата куќа додаваат дека администрацијата на Бајден презела мерки да се спротивстави на експанзијата на безбедносното влијание на Кина на глобално ниво.

Соопштението, за кое Белата куќа наведува дека е засновано на неодамна декласифицирано разузнавање, следи по извештај на Волстрит журнал објавен во четвртокот во кој се вели дека Кина склучила договор со Куба на островот да гради станица за електронско прислушување. Официјални лица изјавија за весникот дека Кина, како дел од преговорите за ова, планирала да плати на Куба, која се наоѓа во тешка економска положба, милијарди долари.

По објавата, Белата куќа соопшти дека статијата на весникот е неточна, но не даде дополнително објаснување. Денеска, пак, оттаму кажаа: „Ова е тековно прашање и не е нешто ново, а аранжманите окарактеризирани во известувањето не се согласни со нашето разбирање“.

Како што е посочено, откако дошла на власт во јануари 2021 година, администрацијата на Бајден била брифирана за кинеските напори за воено и разузнавачко ширење на глобално ниво, вкучувајќи проекти во Атлантскиот Океан, Јужна Америка, Блискиот Исток, Централна Азија и тихоокеанско-пацифички регион.

Ова вклучува и планови за „објекти за собирање разузнавачки информации“ во Куба, што според соопштението, биле надградени во 2019 година.

- Ова е добро познато во разузнавачката заедница. Таа (Кина) ќе се обидува да го засилува своето присуство во Куба, а ние ќе работиме тоа да го осуетиме. Мислиме дека НРК не е таму каде тие се надеваа да бидат“, се наведува во соопштението.

Разузнавачките податоци за плановите на Кина во Куба се појавија во изминатите недели и биле исто така споделени и со членови на комитетите за разузнавање во Конгресот.

Републиканскиот конгресмен од Охајо, Мајк Тарнер изјави дека со ова соопштение Белата куќа си противречи самата на себе.

The post Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година appeared first on Република.

]]>

Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година во глобалните напори на Пекинг да ги зајакне своите способности за собирање разузнавачки информации, изјавија денеска од Белата куќа откако Пентагон извештајот на Волстрит журнал за изградба на таква база го отфрли како неточен. Во извештајот од четвртокот се вели дека Кина ќе ја користи базата за следење американска електронска комуникација како имејл, телефонски повици и сателитска трансмисија, но и за регистрација на пловидбата на бродовите од американска страна. Од Белата куќа додаваат дека администрацијата на Бајден презела мерки да се спротивстави на експанзијата на безбедносното влијание на Кина на глобално ниво. Соопштението, за кое Белата куќа наведува дека е засновано на неодамна декласифицирано разузнавање, следи по извештај на Волстрит журнал објавен во четвртокот во кој се вели дека Кина склучила договор со Куба на островот да гради станица за електронско прислушување. Официјални лица изјавија за весникот дека Кина, како дел од преговорите за ова, планирала да плати на Куба, која се наоѓа во тешка економска положба, милијарди долари. По објавата, Белата куќа соопшти дека статијата на весникот е неточна, но не даде дополнително објаснување. Денеска, пак, оттаму кажаа: „Ова е тековно прашање и не е нешто ново, а аранжманите окарактеризирани во известувањето не се согласни со нашето разбирање“. Како што е посочено, откако дошла на власт во јануари 2021 година, администрацијата на Бајден била брифирана за кинеските напори за воено и разузнавачко ширење на глобално ниво, вкучувајќи проекти во Атлантскиот Океан, Јужна Америка, Блискиот Исток, Централна Азија и тихоокеанско-пацифички регион. Ова вклучува и планови за „објекти за собирање разузнавачки информации“ во Куба, што според соопштението, биле надградени во 2019 година. - Ова е добро познато во разузнавачката заедница. Таа (Кина) ќе се обидува да го засилува своето присуство во Куба, а ние ќе работиме тоа да го осуетиме. Мислиме дека НРК не е таму каде тие се надеваа да бидат“, се наведува во соопштението. Разузнавачките податоци за плановите на Кина во Куба се појавија во изминатите недели и биле исто така споделени и со членови на комитетите за разузнавање во Конгресот. Републиканскиот конгресмен од Охајо, Мајк Тарнер изјави дека со ова соопштение Белата куќа си противречи самата на себе.

The post Бела куќа: Кина поседува шпионска база на Куба најмалку од 2019 година appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-si-i-putin-se-vo-brak-od-interes-a-ne-od-lubov/ Mon, 20 Mar 2023 20:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=621791

Белата куќа денеска го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја искористи посетата на Москва за да му каже на рускиот претседател Владимир Путин да го почитува суверенитетот на Украина и да стави крај на војната.
Џон Кирби, портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, им рече на новинарите дека САД се загрижени дека Си, кој моментално е на патување во Москва, ќе ги повтори повиците за примирје.

Кирби рече дека Си треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за влијанието на војната врз Украина.

„Го охрабруваме претседателот Си директно да го притисне претседателот Путин за потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Светот и соседите на Кина сигурно внимателно ќе го следат.“

„Си и Путин се чини дека се во „брак“ од интерес, а не од љубов. Тоа се две земји кои долго време негодуваат на американското лидерство во светот“, рече Кирби.

The post Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов appeared first on Република.

]]>

Белата куќа денеска го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја искористи посетата на Москва за да му каже на рускиот претседател Владимир Путин да го почитува суверенитетот на Украина и да стави крај на војната. Џон Кирби, портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, им рече на новинарите дека САД се загрижени дека Си, кој моментално е на патување во Москва, ќе ги повтори повиците за примирје. Кирби рече дека Си треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за влијанието на војната врз Украина. „Го охрабруваме претседателот Си директно да го притисне претседателот Путин за потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Светот и соседите на Кина сигурно внимателно ќе го следат.“ „Си и Путин се чини дека се во „брак“ од интерес, а не од љубов. Тоа се две земји кои долго време негодуваат на американското лидерство во светот“, рече Кирби.

The post Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов appeared first on Република.

]]>
Белата куќа ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагата за доверливите документи на Бајден https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-ke-dejstvuva-so-dobra-volja-vo-vrska-so-istragata-za-doverlivite-dokumenti-na-bajden/ Wed, 18 Jan 2023 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=598095

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот Џо Бајден.

Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градпт Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда.

Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален истражител за случајот.

Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување на детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик информациите, кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни.

Разбираме дека постои тензија помеѓу потребата за соработка во тековната истрага на Министерството за правда и легитимните барања за дополнителни информации од јавен карактер, така што се обидуваме да го најдеме балансот, рече Самс.

Портпаролот откри дека Белата куќа примила „неколку писма“ од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за овој случај, ги разгледува и ќе одлучи за нејзиниот одговор во наредниот период.

Министерството за правда одделно го истражува откривањето на високо чувствителни доверливи документи кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во неговото одморалиште на Флорида откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година.

Самс ги критикуваше републиканците за различните реакции на најавите за Трамп и Бајден.

Тоа се истите републиканци кои не се огласија за начинот на кој Трамп ракувал со доверливите материјали, рече Семс. „А, ако навистина и се јавија, тогаш тие често го бранеа тоа“, додаде тој.

The post Белата куќа ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагата за доверливите документи на Бајден appeared first on Република.

]]>

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот Џо Бајден. Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градпт Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш биле предадени на Министерството за правда. Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама. Јавниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален истражител за случајот. Портпаролот на Белата куќа, Иан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување на детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик информациите, кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни. Разбираме дека постои тензија помеѓу потребата за соработка во тековната истрага на Министерството за правда и легитимните барања за дополнителни информации од јавен карактер, така што се обидуваме да го најдеме балансот, рече Самс. Портпаролот откри дека Белата куќа примила „неколку писма“ од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за овој случај, ги разгледува и ќе одлучи за нејзиниот одговор во наредниот период. Министерството за правда одделно го истражува откривањето на високо чувствителни доверливи документи кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во неговото одморалиште на Флорида откако ја напушти Белата куќа во јануари 2021 година. Самс ги критикуваше републиканците за различните реакции на најавите за Трамп и Бајден. Тоа се истите републиканци кои не се огласија за начинот на кој Трамп ракувал со доверливите материјали, рече Семс. „А, ако навистина и се јавија, тогаш тие често го бранеа тоа“, додаде тој.

The post Белата куќа ќе дејствува со „добра волја“ во врска со истрагата за доверливите документи на Бајден appeared first on Република.

]]>