бектел и енка Archives - Република https://republika.mk/tema/bektel-i-enka/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 12:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бектел и енка Archives - Република https://republika.mk/tema/bektel-i-enka/ 32 32 ДУИ многу жали што Владата и укина 250 милиони евра на Бектел и Енка https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-mnogu-zhali-shto-vladata-i-ukina-250-milioni-evra-na-bektel-i-enka/ Thu, 18 Jul 2024 12:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=798084

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го изразува своето длабоко разочарување за одлуката на актуелната Влада да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчан, која е дел од Коридорот 8, преку изградбата на тунелот што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висинскиот автопат.

Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа претходната Влада предвидуваше проектирање и изградба на тунел во должина од 5 километри на автопатот Гостивар-Букојчан, кој е дел од Коридорот 8.

Ваквата одлука е донесена по завршувањето на сите геомеханички анализи и истражувања за избор на најдобрата варијанта за изградба на оваа патна оска, која е побрза и побезбедна за развој на сообраќајот, а воедно и поекономична за одржување .

Со оваа одлука се решаваат проблемите при изградбата на овој дел од автопатот бидејќи во спротивно ќе има проблеми кои би го продолжиле времето и трошоците за изградба, проблеми кои се евидентни во реализацијата на проектите започнати во изминатиот период.

Како и обично, на албанците без легитимитетот на албанскиот народ во моноетничката Влада не беа ниту слушнати и игнорирани кога се поткопува најголемиот и најважниот проект на државата.

ДУИ потенцираа дека изградбата на Коридорот 8 е од клучно значење за поврзувањето на Македонија со соседните земји и за подобрување на патната инфраструктура што позитивно ќе влијае на трговијата и слободното движење на граѓаните и стоките.

Сметаме дека оваа одлука е чекор назад во нашите напори за подобрување на инфраструктурата и зајакнување на стратешката позиција на нашата земја во регионот.

Оваа погрешна одлука треба веднаш да се преиспита заедно со стратешкиот партнер и да се преземат мерки за продолжување со реализацијата на овој важен проект.

The post ДУИ многу жали што Владата и укина 250 милиони евра на Бектел и Енка appeared first on Република.

]]>

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) го изразува своето длабоко разочарување за одлуката на актуелната Влада да ја укине претходната одлука за изградба на патната оска Гостивар-Букојчан, која е дел од Коридорот 8, преку изградбата на тунелот што го поврзува Гостивар со Кичево наместо изградба на висинскиот автопат.
Сакаме да нагласиме дека одлуката што ја изгласа претходната Влада предвидуваше проектирање и изградба на тунел во должина од 5 километри на автопатот Гостивар-Букојчан, кој е дел од Коридорот 8.
Ваквата одлука е донесена по завршувањето на сите геомеханички анализи и истражувања за избор на најдобрата варијанта за изградба на оваа патна оска, која е побрза и побезбедна за развој на сообраќајот, а воедно и поекономична за одржување . Со оваа одлука се решаваат проблемите при изградбата на овој дел од автопатот бидејќи во спротивно ќе има проблеми кои би го продолжиле времето и трошоците за изградба, проблеми кои се евидентни во реализацијата на проектите започнати во изминатиот период. Како и обично, на албанците без легитимитетот на албанскиот народ во моноетничката Влада не беа ниту слушнати и игнорирани кога се поткопува најголемиот и најважниот проект на државата. ДУИ потенцираа дека изградбата на Коридорот 8 е од клучно значење за поврзувањето на Македонија со соседните земји и за подобрување на патната инфраструктура што позитивно ќе влијае на трговијата и слободното движење на граѓаните и стоките.
Сметаме дека оваа одлука е чекор назад во нашите напори за подобрување на инфраструктурата и зајакнување на стратешката позиција на нашата земја во регионот.
Оваа погрешна одлука треба веднаш да се преиспита заедно со стратешкиот партнер и да се преземат мерки за продолжување со реализацијата на овој важен проект.

The post ДУИ многу жали што Владата и укина 250 милиони евра на Бектел и Енка appeared first on Република.

]]>
Николоски за Договорот со „Бехтел и Енка“: Наша главна цел ќе биде да добиеме што повеќе километри од тој договор https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-za-dogovorot-so-behtel-i-enka-nasha-glavna-tsel-ke-bide-da-dobieme-shto-poveke-kilometri-od-toj-dogovor/ Wed, 10 Jul 2024 11:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=795302

Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, кој е касифициран како државна тајна, за да биде објавен потребна е согласност од двете страни. Наша главна цел ќе биде  да добиеме што повеќе километри од тој договор, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.

– Во однос на овој договор јавноста треба да знае дека тој е класифициран како државна тајна што според моето скромно правничко познавање на оваа материја мислам дека не е согласно закон затоа што е многу јасно во Македонија што може да се класифицира како државна тајна. Претпоставувам дека идејата на партнерот на другата страна била да се потпише еден класичен (англиски) или договор во којшто не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но тоа е една работа, а сосем друга работа е да потпишете договор државна тајна што создаде магла околу договорот, изјави Николоски.

Посочи дека имал една средба со претставниците на овој конзорциум на која кажал дека договорот треба да се декласифицира.

- За жал, како е поставен договорот, мора двете страни да дадат согласност за оваа работа и се надевам дека ќе дадат согласност да го декласифицираме и јавноста да го види, рече Николоски.

Она што е побитно, според Николоски, е што земјата може да добие од тој договор, односно да добие повеќе километри автопат од тоа што е потпишано.

- Тоа ќе биде нашата главна битка во годините што следуваат - да добиеме повеќе километри автопат во рамки на истата финансиска сума која што е договорена, а исто така јавноста треба да знае дека претходната влада на СДСМ и ДУИ веќе има исплатено 240 милиони евра на изведувачот за буквално ништо, односно за т.н. подготвителни работи што не ги гледаме и мислам дека ќе биде недомаќински однос кон македонскиот буџет, ако сакате и душмански јас сега да го прекинам договорот, а тие средства се веќе кај изведувачот и не може да се вратат. Изведувачот може да тужи и да побара арбитража и веројатно да платиме уште толку и да отидат половина милијарда евра на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат. Тоа што мислам дека е правилен пристап е да се бориме со нив, да добиеме што повеќе километри автопат, што побрзо изградиме во Македонија, вели Николоски.

Прашан дали нашле криминал во овој проект за што ја обвинуваа тогашната влада, Николоски рече дека Државниот завод за ревизија има извештај во однос на оваа работа којшто е направен пред тој да стане министер, и оти сега Обвинителството треба да го разгледа.

Во однос на ископот во Прилепско, беше кажано дека тоа е надлежност на изведувачот. Јас слушнав за таа работа, така што тие треба да си најдат најсоодветно решение од каде ќе црпат суровини коишто се потребни за автопатот, тоа не е наша обврска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mvr-i-ojo-ke-istrazhuvaat-zoshto-mzh-i-poshta-se-prezadolzheni-plata-ke-ima/

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски прашан за реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“ изјави дека според она колку е информиран за тој проект, досега нема технички проблеми што влијаат на динамиката на реализиација.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ согласно потпишаниот договор со претходната Влада, за 57 месеци, или во 2027 година, треба да ја заврши изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д во вкупна должина од 110 километри. Договорот беше потпишан на 8 март лани, а изградбата на автопатските делници ќе чини околу 1,3 милијарди евра. Ова треба да е конечната цена, но под услов да се направат измени на неколку закони со кои треба да им се олесни работата на изведувачите. Во спротивно, автопатите ќе се градат подолго и ќе чинат поскапо, за што, според обвинувањата на тогашната опозиција, Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум

The post Николоски за Договорот со „Бехтел и Енка“: Наша главна цел ќе биде да добиеме што повеќе километри од тој договор appeared first on Република.

]]>

Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, кој е касифициран како државна тајна, за да биде објавен потребна е согласност од двете страни. Наша главна цел ќе биде  да добиеме што повеќе километри од тој договор, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.
– Во однос на овој договор јавноста треба да знае дека тој е класифициран како државна тајна што според моето скромно правничко познавање на оваа материја мислам дека не е согласно закон затоа што е многу јасно во Македонија што може да се класифицира како државна тајна. Претпоставувам дека идејата на партнерот на другата страна била да се потпише еден класичен (англиски) или договор во којшто не се изнесуваат детали на конкуренцијата, но тоа е една работа, а сосем друга работа е да потпишете договор државна тајна што создаде магла околу договорот, изјави Николоски.
Посочи дека имал една средба со претставниците на овој конзорциум на која кажал дека договорот треба да се декласифицира.
- За жал, како е поставен договорот, мора двете страни да дадат согласност за оваа работа и се надевам дека ќе дадат согласност да го декласифицираме и јавноста да го види, рече Николоски.
Она што е побитно, според Николоски, е што земјата може да добие од тој договор, односно да добие повеќе километри автопат од тоа што е потпишано.
- Тоа ќе биде нашата главна битка во годините што следуваат - да добиеме повеќе километри автопат во рамки на истата финансиска сума која што е договорена, а исто така јавноста треба да знае дека претходната влада на СДСМ и ДУИ веќе има исплатено 240 милиони евра на изведувачот за буквално ништо, односно за т.н. подготвителни работи што не ги гледаме и мислам дека ќе биде недомаќински однос кон македонскиот буџет, ако сакате и душмански јас сега да го прекинам договорот, а тие средства се веќе кај изведувачот и не може да се вратат. Изведувачот може да тужи и да побара арбитража и веројатно да платиме уште толку и да отидат половина милијарда евра на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат. Тоа што мислам дека е правилен пристап е да се бориме со нив, да добиеме што повеќе километри автопат, што побрзо изградиме во Македонија, вели Николоски.
  Прашан дали нашле криминал во овој проект за што ја обвинуваа тогашната влада, Николоски рече дека Државниот завод за ревизија има извештај во однос на оваа работа којшто е направен пред тој да стане министер, и оти сега Обвинителството треба да го разгледа. Во однос на ископот во Прилепско, беше кажано дека тоа е надлежност на изведувачот. Јас слушнав за таа работа, така што тие треба да си најдат најсоодветно решение од каде ќе црпат суровини коишто се потребни за автопатот, тоа не е наша обврска. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mvr-i-ojo-ke-istrazhuvaat-zoshto-mzh-i-poshta-se-prezadolzheni-plata-ke-ima/ Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски прашан за реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“ изјави дека според она колку е информиран за тој проект, досега нема технички проблеми што влијаат на динамиката на реализиација. Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ согласно потпишаниот договор со претходната Влада, за 57 месеци, или во 2027 година, треба да ја заврши изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д во вкупна должина од 110 километри. Договорот беше потпишан на 8 март лани, а изградбата на автопатските делници ќе чини околу 1,3 милијарди евра. Ова треба да е конечната цена, но под услов да се направат измени на неколку закони со кои треба да им се олесни работата на изведувачите. Во спротивно, автопатите ќе се градат подолго и ќе чинат поскапо, за што, според обвинувањата на тогашната опозиција, Владата се обврзала да му плаќа огромни пенали на американско-турскиот конзорциум

The post Николоски за Договорот со „Бехтел и Енка“: Наша главна цел ќе биде да добиеме што повеќе километри од тој договор appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите https://republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-bara-od-bektel-i-enka-domashni-kompanii-da-bidat-vklucheni-vo-izradba-na-koridorite/ Wed, 15 May 2024 09:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=778230

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

„Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови

The post Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д,  било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“. Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект. На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко. Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности. Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).
-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.
Договорот со  „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д. „Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови

The post Стопанската комора бара од Бектел и Енка домашни компании да бидат вклучени во израдба на коридорите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Проектот „Бектел и Енка“ ќе натфрли две милијарди евра https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-proektot-bektel-i-enka-ke-natfrli-dve-milijardi-evra/ Sun, 18 Feb 2024 14:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=745388

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на трибината во Кичево говореше за проектот „Бектел и Енка“ и колку ќе ги чини граѓаните.

Мицкоски додаде дека доколку се анализира проектот на „Бехтел и Енка“ ќе се заклучи дека тој ваков како што е има вредност од 1,3 милијарди евра, но таму може да се увиди дека најголемиот дел од вистинските ставки кои што ќе треба понатаму да бидат применети во проектот не се вклучени со цена. И кога сето тоа ќе се антиципира истите тие ќе бидат вклучени со цена, па на тоа ќе се додадат трошоците за експропријација и тогаш сигурно таа бројка од 1,3 милијарди ќе натфрли повеќе од две милијарди евра па можеби и повеќе. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за да се реши овој проблем бидејќи досега заклучно со декември месец се потрошени повеќе од 14,5 милијарди денари, а шајка не е закована.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-do-2026-ta-godina-ke-bide-zavrshen-avtopatot-kichevo-ohrid/

The post Мицкоски: Проектот „Бектел и Енка“ ќе натфрли две милијарди евра appeared first on Република.

Кај нас ова кога? Косовски министер е осдуден на затвор поради договорот со „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/balkan/kaj-nas-ova-koga-kosovski-minister-e-osduden-na-zatvor-poradi-dogovorot-so-bektel-i-enka/ Thu, 01 Feb 2024 11:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=739373

Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, објави косовскиот весник Коха.

Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци.

Бектел и Енка“ од страна на власта е избрана да работи и во Македонија и досега се дадени над 200 милиони евра е не е изграден ниту еден метар автопат.

The post Кај нас ова кога? Косовски министер е осдуден на затвор поради договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај е осуден на 3 години и осум месеци затвор за случајот со доделувањето дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, објави косовскиот весник Коха. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Лекај е осуден и на дополнителна казна со која му се забранува да врши јавни функции во јавната администрација во траење од 3 години и шест месеци. Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на министерството Небих Шатри на една година и осум месеци, директорот за набавки Бесим Тахири на една година и осум месеци затвор и советникот Есет Бериша на 3 години и три месеци. Бектел и Енка“ од страна на власта е избрана да работи и во Македонија и досега се дадени над 200 милиони евра е не е изграден ниту еден метар автопат.  

The post Кај нас ова кога? Косовски министер е осдуден на затвор поради договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Немаат изградено ниту метар автопат: „Бектел и Енка“ годинава ќе добие нови 250 милиони евра пари од граѓаните https://republika.mk/vesti/ekonomija/nemaat-izgradeno-nitu-metar-avtopat-bektel-i-enka-godinava-ke-dobie-novi-250-milioni-evra-pari-od-graganite/ Wed, 31 Jan 2024 13:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=739065

Нова транша од дури 250 милиони евра од државниот Буџет ќе добијат „Бехтел и Енка“ и во 2024 година за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10Д. Според Програмата за финасирање на патна инфраструктура за Проектот Коридор 8 и Коридор 10Д за 2024 година, а која стапи на сила на 26-ти месецов, парите ќе се трошат за „капитални индиректни трошоци, односно на трошоци кои се задолжени од странски изведувач и се во функција на поддршка на градежни активности“, пишува „Алфа.мк“.

   „Тоа вклучува асистенција од специјалисти за технички, комерцијален и управувачки капацитет за надгледување на проектот и надгледување на активностите на проектот од персонал од главната канцеларија на изведувачот; изработка на проектна документација за изградба на автопатиштата, проектирање и изведба на дислокации на подземни и надземни инсталации, подготвителни градежни активности на траса; градежни активности за изградба на траса, геомеханички истраги, геодетски работи, обезбедување на канцеларии и други потреби за надзорот и друго за патните правци: Делница 1, Тетово – Гостивар; Делница 2, Гостивар – Букојчани; Делница 3, Требениште – Струга – Ќафасан; и Делница 4, Прилеп – Битола“, се наведува во Програмата.

The post Немаат изградено ниту метар автопат: „Бектел и Енка“ годинава ќе добие нови 250 милиони евра пари од граѓаните appeared first on Република.

Кој е тој јазик? „Бектел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски“ јазик https://republika.mk/vesti/ekonomija/koj-e-toj-jazik-bektel-i-enka-bara-rabotnitsi-so-poznavane-na-severnomakedonski-jazik/ Fri, 17 Nov 2023 12:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=702526

Конзорциумот „Бектел и Енка“ во огласот за работници на коридорите што треба да ги гради бара работници со познавање на т.н „северномакедонски јазик“.

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје побарал одговор од Владата и од фирмата зошто на огласот за вработување за работното место „Водач за односи со јавноста“ се бара кандидат со „северномакедонски мајчин јазик, а не македонски јазиккако што тој официјално се нарекува согласно закон?

„Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како „мајчин јазик на Република Македонија и зошто во огласот за вработување од Бехтел и Енка, македонската верзија е последна, по англиската и албанската? Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран“ – бара здружението.

The post Кој е тој јазик? „Бектел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски“ јазик appeared first on Република.

]]>

Конзорциумот „Бектел и Енка“ во огласот за работници на коридорите што треба да ги гради бара работници со познавање на т.н „северномакедонски јазик“. Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје побарал одговор од Владата и од фирмата зошто на огласот за вработување за работното место „Водач за односи со јавноста“ се бара кандидат со „северномакедонски мајчин јазик, а не македонски јазиккако што тој официјално се нарекува согласно закон?
„Зошто во албанската верзија македонскиот јазик е наведен како „мајчин јазик на Република Македонија и зошто во огласот за вработување од Бехтел и Енка, македонската верзија е последна, по англиската и албанската? Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран“ – бара здружението.

The post Кој е тој јазик? „Бектел и Енка“ бара работници со познавање на „северномакедонски“ јазик appeared first on Република.

]]>
ЕК го критикува проектот „Бектел и Енка“: Доделен е без јавна набавка и со злоупотреба на европското знаменце https://republika.mk/vesti/ekonomija/ek-go-kritikuva-proektot-bektel-i-enka-dodelen-e-bez-javna-nabavka-i-so-zloupotreba-na-evropskoto-znamentse/ Mon, 13 Nov 2023 10:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=701001

Прескапиот проект „Бектел и Енка“ претрпе сериозни критики во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. За изградбата на двата коридори досега се дадени околу 200 милиони евра, а не е изграден ниту еден метар, ниту пак има проект за изградба.

Во извештајот Европската комисија се наведуваат неколку оценки за сомнеж за криминал и корупција. За експертите на Европската комисија, прескапиот проект вреден најмалку 1,3 милијарди евра е доделен на американско – турскиот конзорциумот без јавна набавка што е во директна спротивставеност со правила на ЕУ и пазарната економија.

За ЕУ е проблематично и тоа што при усвојување на проектот во Собранието тој е донесен со злоупотреба на ЕУ знаменце.

ЕУ нема дилема дека проектот е спротивен на меѓународни обврски и правна рамка.Во делот на финансиските последоци според ЕУ Бехтел и Енка ги зголемува ризиците од негативен развој во фискалната консолидација.

The post ЕК го критикува проектот „Бектел и Енка“: Доделен е без јавна набавка и со злоупотреба на европското знаменце appeared first on Република.

]]>

Прескапиот проект „Бектел и Енка“ претрпе сериозни критики во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. За изградбата на двата коридори досега се дадени околу 200 милиони евра, а не е изграден ниту еден метар, ниту пак има проект за изградба. Во извештајот Европската комисија се наведуваат неколку оценки за сомнеж за криминал и корупција. За експертите на Европската комисија, прескапиот проект вреден најмалку 1,3 милијарди евра е доделен на американско – турскиот конзорциумот без јавна набавка што е во директна спротивставеност со правила на ЕУ и пазарната економија. За ЕУ е проблематично и тоа што при усвојување на проектот во Собранието тој е донесен со злоупотреба на ЕУ знаменце. ЕУ нема дилема дека проектот е спротивен на меѓународни обврски и правна рамка.Во делот на финансиските последоци според ЕУ Бехтел и Енка ги зголемува ризиците од негативен развој во фискалната консолидација.

The post ЕК го критикува проектот „Бектел и Енка“: Доделен е без јавна набавка и со злоупотреба на европското знаменце appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10д Владата е фатена во сериозен криминал и сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vo-proektot-za-delnitsite-8-i-10d-vladata-e-fatena-vo-seriozen-kriminal-i-sega-se-trudi-da-go-pokrie-so-zakon-za-zashtita-na-delovni-tajni/ Tue, 31 Oct 2023 12:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=696691

Во врска со закон за деловните тајни добиваме информации преку медиуми. Мислам дека е поврзано со еден проект за кој тие велеа дека е деловна тајна, ние велевме дека не е деловна тајна. Тоа е проектот за делниците 8 и 10д, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Мицкоски укажа дека „таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат како сето тоа да го покријат“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека таков текст на закон не е доставен до партијата укажувајќи дека во брзање да го покријат криминалот ќе донесат еден ваков закон.

Но, тоа, додаде, Мицкоски, нема така да помине.

„Оваа нивна идеја нема така да помине се разбира доколку не е злоупотребено европското знаменце, ако го злоупотребат европското знаменце тогаш со промената на власта, следната влада има сериозна намера сето тоа да го коригира“, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10д Владата е фатена во сериозен криминал и сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни appeared first on Република.

]]>

Во врска со закон за деловните тајни добиваме информации преку медиуми. Мислам дека е поврзано со еден проект за кој тие велеа дека е деловна тајна, ние велевме дека не е деловна тајна. Тоа е проектот за делниците 8 и 10д, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Лозово во рамки на „Важно е! Од тебе зависат промените“. Мицкоски укажа дека „таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат како сето тоа да го покријат“. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека таков текст на закон не е доставен до партијата укажувајќи дека во брзање да го покријат криминалот ќе донесат еден ваков закон. Но, тоа, додаде, Мицкоски, нема така да помине.
„Оваа нивна идеја нема така да помине се разбира доколку не е злоупотребено европското знаменце, ако го злоупотребат европското знаменце тогаш со промената на власта, следната влада има сериозна намера сето тоа да го коригира“, кажа Мицкоски.

The post Мицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10д Владата е фатена во сериозен криминал и сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни appeared first on Република.

]]>
Сами си ги бирале подизведувачите: На „Бехтел и Енка“ досега им се дадени над 170 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/sami-si-gi-birale-podizveduvachite-na-behtel-i-enka-dosega-im-se-dadeni-nad-170-milioni-evra/ Tue, 12 Sep 2023 14:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=681337

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sega-otkako-znae-osmani-ke-go-raskine-dogovorot-so-eurovia-firma-najgolem-donator-na-dui/

Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“.

-Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица.

Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.

-Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби.

The post Сами си ги бирале подизведувачите: На „Бехтел и Енка“ досега им се дадени над 170 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска рече дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му се префрлени 176 или 179 милиони евра. Сите исплати, како што напомена Рустеми, се вршат врз основа на потпишаниот Договор и финансиската програма. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-sega-otkako-znae-osmani-ke-go-raskine-dogovorot-so-eurovia-firma-najgolem-donator-na-dui/ Рустеми потенцира и дека целосна надлежност за подизведувачите има „Бехтел и Енка“.
-Ниту Владата, ниту ЈПДП имаат каква било надлежност во изградбата и изведувањето на работите“, нагласи директорот, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи на Коридорот 8 во село Горна Бањица.
Тоа го потврди и првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д, Артан Груби.
-Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите, истакна Груби.

The post Сами си ги бирале подизведувачите: На „Бехтел и Енка“ досега им се дадени над 170 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Maневски поднесе кривична пријава за Ковачевски, Груби, Маричиќ, Бочварски и Рустеми за „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/manevski-podnese-krivichna-prijava-za-kovachevski-grubi-marichik-bochvarski-i-rustemi-za-bektel-i-enka/ Wed, 12 Jul 2023 09:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=660370

Поранешниот министерот за правда и поранешен обвинител Михајло Маневски до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за пет лица во врвот на владата за случајот „Бехтел и Енка“, објави Експрес.

Во пријавата која ја поднесол Маневски се гонат премиерот Ковачевски, вицепремиерите Груби и Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Претпријатието за јавни патишта Рустеми.

Како што пишува во поднесената кривична пријава за која ЈО мора да се произнесе наведените лица сториле кривично дело злоупотреба на службена должност по став 5 од членот 353 од Кривичниот законик.

Според овој член лицата направиле голема материјална штета на буџетот на Република Македонија за што следува казна од најмалку 5 години затвор или максимални 20.

Во досието за кривичната пријава долго 27 страници Маневски наведува многу детали за случајот кој сега првично треба да го решава шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски кој може да го спроведе, да го одбие или да го префрли на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Maневски поднесе кривична пријава за Ковачевски, Груби, Маричиќ, Бочварски и Рустеми за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министерот за правда и поранешен обвинител Михајло Маневски до Основното јавно обвинителство поднел кривична пријава за пет лица во врвот на владата за случајот „Бехтел и Енка“, објави Експрес. Во пријавата која ја поднесол Маневски се гонат премиерот Ковачевски, вицепремиерите Груби и Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Претпријатието за јавни патишта Рустеми. Како што пишува во поднесената кривична пријава за која ЈО мора да се произнесе наведените лица сториле кривично дело злоупотреба на службена должност по став 5 од членот 353 од Кривичниот законик. Според овој член лицата направиле голема материјална штета на буџетот на Република Македонија за што следува казна од најмалку 5 години затвор или максимални 20. Во досието за кривичната пријава долго 27 страници Маневски наведува многу детали за случајот кој сега првично треба да го решава шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски кој може да го спроведе, да го одбие или да го префрли на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

The post Maневски поднесе кривична пријава за Ковачевски, Груби, Маричиќ, Бочварски и Рустеми за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
„Бектел и Енка“ лапна нови 53 милиони евра без да фрли две лопати https://republika.mk/vesti/ekonomija/bektel-i-enka-lapna-novi-53-milioni-evra-bez-da-frli-dve-lopati/ Tue, 04 Jul 2023 17:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=658128

Министерството за транспорт и врски од државниот буџет му исплати на Јавното претпријатие за државни патишта уште 53,33 милиони евра, пари кои потоа ќе одат на сметката на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д, пишува Фактор.мк.

На 23 јуни на наменската сметка на ЈПДП легнале 3,28 милијарди денари. Ова е втора трансакција наменета за потребите на изведувачот, откако на 26 април беа исплатени 7.254.000.000 милијарди денари, или 117 милиони евра. Тоа значи дека на „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени повеќе од 170 милиони евра.

Интересно е тоа што според Програмата за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, втората трансакција треба да изнесува 3,1 милијарда денари, или околу 50 милиони евра, но изминатата недела Министерството за транспорт и врски исплатило околу 3 милиони евра повеќе од претходно предвиденото, покажува платформата „Отворени финансии“.

„Средствата во износ од 3.100.000.000 денари (50.000.000 евра) се наменети за авансно плаќање согласно член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства“, пишува во програмата за конкретната трансакција.

Според овој документ, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат уште две суми од 25.500.000 и 49.500.000 евра, што се заедно на куп би било околу 250 милиони евра.

Владата досега организираше три настани во врска со почетокот на изградбата на овој проект, иако засега нема интензивни и видливи теренски активности од градежниот оператор. Последниот настан беше на 1 јуни кога беа одбележани активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар.

Првиот вицепремиер Артан Груби тогаш рече дека паралелно течат и процесите на проектирање, изработка на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизација на фирми кои ќе бидат вклучени во изградбата на автопатот.

За разлика од досегашната практика во земјава, најпрво да се избира биро што ќе ја изработува во етапи целокупната проектна документација, по чија изработка се распишуваше тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради автопатот, со договорот со „Бехтел-Енка“, самиот конзорциум ќе го проектира автопатот, по што истиот и ќе го гради. И покрај критиките на опозицијата за избраниот модел на изградба, од владата посочија дека овој начин на изградба ќе овозможи многу побрза изведба на автопатските делници и ќе нема грешки во проектната документација како што беше случај со други инфраструктурни проекти во минатото.

The post „Бектел и Енка“ лапна нови 53 милиони евра без да фрли две лопати appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски од државниот буџет му исплати на Јавното претпријатие за државни патишта уште 53,33 милиони евра, пари кои потоа ќе одат на сметката на конзорциумот Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 д, пишува Фактор.мк. На 23 јуни на наменската сметка на ЈПДП легнале 3,28 милијарди денари. Ова е втора трансакција наменета за потребите на изведувачот, откако на 26 април беа исплатени 7.254.000.000 милијарди денари, или 117 милиони евра. Тоа значи дека на „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени повеќе од 170 милиони евра. Интересно е тоа што според Програмата за финансирање на патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, втората трансакција треба да изнесува 3,1 милијарда денари, или околу 50 милиони евра, но изминатата недела Министерството за транспорт и врски исплатило околу 3 милиони евра повеќе од претходно предвиденото, покажува платформата „Отворени финансии“. „Средствата во износ од 3.100.000.000 денари (50.000.000 евра) се наменети за авансно плаќање согласно член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства“, пишува во програмата за конкретната трансакција.
Според овој документ, до крајот на 2023 предвидено е на „Бехтел и Енка“ да му се исплатат уште две суми од 25.500.000 и 49.500.000 евра, што се заедно на куп би било околу 250 милиони евра. Владата досега организираше три настани во врска со почетокот на изградбата на овој проект, иако засега нема интензивни и видливи теренски активности од градежниот оператор. Последниот настан беше на 1 јуни кога беа одбележани активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар. Првиот вицепремиер Артан Груби тогаш рече дека паралелно течат и процесите на проектирање, изработка на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизација на фирми кои ќе бидат вклучени во изградбата на автопатот. За разлика од досегашната практика во земјава, најпрво да се избира биро што ќе ја изработува во етапи целокупната проектна документација, по чија изработка се распишуваше тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради автопатот, со договорот со „Бехтел-Енка“, самиот конзорциум ќе го проектира автопатот, по што истиот и ќе го гради. И покрај критиките на опозицијата за избраниот модел на изградба, од владата посочија дека овој начин на изградба ќе овозможи многу побрза изведба на автопатските делници и ќе нема грешки во проектната документација како што беше случај со други инфраструктурни проекти во минатото.

The post „Бектел и Енка“ лапна нови 53 милиони евра без да фрли две лопати appeared first on Република.

]]>
Груби до Антикорупцкиска комисија доставил цензурирана верзија од Договорот со „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-do-antikoruptskiska-komisija-dostavil-tsenzurirana-verzija-od-dogovorot-so-bektel-i-enka/ Thu, 01 Jun 2023 12:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=646858

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска изјави дека поради клаузулата за доверливост до Антикорупциската комисија не е доставен целиот договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10д.

- Согласно договорот што е потпишан, има клаузула за доверливост. За да се достави до медиумите, Собранието и до ДКСК или која било друга институција, освен Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни, односно од Владата и од конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тие ни доставија редактирана верзија којашто е доставена до ДКСК за разгледување, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на градежните активности за изградба на Коридорот 8.

Целосната верзија од договорот, како што изјави Груби, е доставена само со Јавното обвинителство.

The post Груби до Антикорупцкиска комисија доставил цензурирана верзија од Договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

Ганиу: Груби не знае 200 метри асфалт како се поставуваат, а не пак да биде координатор https://republika.mk/vesti/makedonija/ganiu-grubi-ne-znae-200-metri-asfalt-kako-se-postavuvaat-a-ne-pa-da-bide-koordinator/ Wed, 31 May 2023 14:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=646397

Висар Ганиу, дел од незаоволната група во ДУИ во интервју за „Република“ го коментира поставувањето на Артан Груби за координатор на проектот за изградба на коридорите на „Бектел и Енка“. Ганиу напоменува дека никој не е против изградба на автопати но оти начинот на кој се прави остава простор за сомнеж.

https://www.youtube.com/watch?v=IGi3QuYBSsI

Коориднатор на тој проект е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, не знае за 200 метри асфалт фазите како се поставуваат и чудно е да менаџира со целиот проект. Тој треба да решава други работи во министерството за политички систем. а не да се занимава со овој коридор. Не јасна причината зошто овој договор не е објавен јавно бидејќи во последниве години многу се инвестира во транпарентност. На Груби стилот му е да манипулира и да прави Пи-ар и да спинува-смета Ганиу.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ganiu-vo-dui-vladee-tselosna-anarhija-n-izbrishaa-duri-i-od-grupite-na-viber-i-vatsap/

The post Ганиу: Груби не знае 200 метри асфалт како се поставуваат, а не пак да биде координатор appeared first on Република.

]]>

Висар Ганиу, дел од незаоволната група во ДУИ во интервју за „Република“ го коментира поставувањето на Артан Груби за координатор на проектот за изградба на коридорите на „Бектел и Енка“. Ганиу напоменува дека никој не е против изградба на автопати но оти начинот на кој се прави остава простор за сомнеж. https://www.youtube.com/watch?v=IGi3QuYBSsI
Коориднатор на тој проект е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, не знае за 200 метри асфалт фазите како се поставуваат и чудно е да менаџира со целиот проект. Тој треба да решава други работи во министерството за политички систем. а не да се занимава со овој коридор. Не јасна причината зошто овој договор не е објавен јавно бидејќи во последниве години многу се инвестира во транпарентност. На Груби стилот му е да манипулира и да прави Пи-ар и да спинува-смета Ганиу.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/ganiu-vo-dui-vladee-tselosna-anarhija-n-izbrishaa-duri-i-od-grupite-na-viber-i-vatsap/

The post Ганиу: Груби не знае 200 метри асфалт како се поставуваат, а не пак да биде координатор appeared first on Република.

]]>
Пендаровски го демaнтираше Стево за законите за „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-go-demantirashe-stevo-za-zakonite-za-bektel-i-enka/ Tue, 30 May 2023 09:15:07 +0000 https://republika.mk/?p=646049

Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет. Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена.  И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на 5-те закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-deneska-ke-gi-usvoi-ustavnite-izmeni-pendarovski-smet-deka-initsijativata-treba-da-vleze-vo-sobranie-i-bez-obezbedeni-80-pratenitsi/

Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат. Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност.

The post Пендаровски го демaнтираше Стево за законите за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет. Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена.  И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на 5-те закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево, коментира ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-deneska-ke-gi-usvoi-ustavnite-izmeni-pendarovski-smet-deka-initsijativata-treba-da-vleze-vo-sobranie-i-bez-obezbedeni-80-pratenitsi/
Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат. Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност.

The post Пендаровски го демaнтираше Стево за законите за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Не се мислеше многу: Пендаровски како „попче“ ги потпиша законите за „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-misleshe-mnogu-pendarovski-kako-popche-gi-potpisha-zakonite-za-bektel-i-enka/ Mon, 29 May 2023 13:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=645807

Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не наведува експилицитно дека 60 часа ќе биде работната недела, а содржи и една одредба во членот 117, став 2 (што се однесува за тоа колку може да трае прекувремената работа (најмногу осум часа во една работна недела или најмногу 190 часа годишно) која вели: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“.

Вака претедателот Стево Пендаровски објасни зошто одлучил да го потпише указот за измените и дополнувањата на Законот за работни односи за чие донесување реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии.

Одговорајќи на новинарски прашања откако соопшти дека одлучил да ги потпише указите за сите пет закони за изградба на коридорите 8 и 10д, Пендаровски попладнево, на прес-конференција, уште еднаш рече дека никому не му го оспорува правото да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека не држи ова негово толкување за Законот за работни односи.

Тој изрази и лично уверување дека во однос на изградбата на коридорите во земјава, на ниво на квартал или на година нема да се пробијат законските часови.

-Сидникатот и неколку невладини организации минатата година, кога беше донесен „лек специјалис“ за истиот овој проект на „Бехтекл и Енка“ го оспорија целиот закон. Уставниоот суд рече дека целиот закон е во ред, освен членот 12 каде што пишуваше 60-часовна недела. Никому не му го оспорувам правото и сега да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека ова мое толкување не држи. Но, освен што нема експилицитно кажано дека 60-часа ќе биде работната недела по работник, има една друга одредба која можам да ја цитирам - членот 117 во став 2 зборува за тоа колку може да трае прекувремената работа, најмногу осум часа во една работна недела, најмногу 190 часа годишно и вели, тука влегуваме со тоа образложение дека ова може да не биде противуставен член или одредба: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Да преведам - зборуваме за автопатишта, знаете дека нивната градежна сеозна трае три до шест месеци максимум, во јануари и февруари никој не поставува асфалт, така што на ниво на квартал или на година мое уверување е дека нема да се пробијат законските часови, објасни Пендаровски.

За оние кои не знаат, како што укажа, Устаниот суд во својот „арсенал“ има посебни механизм и т.н. времена мерка па може да каже: „до конечна одлука стопираме се“.

- Тоа се опциите, подвлече претседателот Пендаровски. 

The post Не се мислеше многу: Пендаровски како „попче“ ги потпиша законите за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не наведува експилицитно дека 60 часа ќе биде работната недела, а содржи и една одредба во членот 117, став 2 (што се однесува за тоа колку може да трае прекувремената работа (најмногу осум часа во една работна недела или најмногу 190 часа годишно) која вели: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Вака претедателот Стево Пендаровски објасни зошто одлучил да го потпише указот за измените и дополнувањата на Законот за работни односи за чие донесување реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии. Одговорајќи на новинарски прашања откако соопшти дека одлучил да ги потпише указите за сите пет закони за изградба на коридорите 8 и 10д, Пендаровски попладнево, на прес-конференција, уште еднаш рече дека никому не му го оспорува правото да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека не држи ова негово толкување за Законот за работни односи. Тој изрази и лично уверување дека во однос на изградбата на коридорите во земјава, на ниво на квартал или на година нема да се пробијат законските часови.
-Сидникатот и неколку невладини организации минатата година, кога беше донесен „лек специјалис“ за истиот овој проект на „Бехтекл и Енка“ го оспорија целиот закон. Уставниоот суд рече дека целиот закон е во ред, освен членот 12 каде што пишуваше 60-часовна недела. Никому не му го оспорувам правото и сега да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека ова мое толкување не држи. Но, освен што нема експилицитно кажано дека 60-часа ќе биде работната недела по работник, има една друга одредба која можам да ја цитирам - членот 117 во став 2 зборува за тоа колку може да трае прекувремената работа, најмногу осум часа во една работна недела, најмногу 190 часа годишно и вели, тука влегуваме со тоа образложение дека ова може да не биде противуставен член или одредба: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Да преведам - зборуваме за автопатишта, знаете дека нивната градежна сеозна трае три до шест месеци максимум, во јануари и февруари никој не поставува асфалт, така што на ниво на квартал или на година мое уверување е дека нема да се пробијат законските часови, објасни Пендаровски.
За оние кои не знаат, како што укажа, Устаниот суд во својот „арсенал“ има посебни механизм и т.н. времена мерка па може да каже: „до конечна одлука стопираме се“.
- Тоа се опциите, подвлече претседателот Пендаровски. 

The post Не се мислеше многу: Пендаровски како „попче“ ги потпиша законите за „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
„Европските“ закони за „Бектел и Енка“ си одат како подмачкани во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/evropskite-zakoni-za-bektel-i-enka-si-odat-kako-podmachkani-vo-sobranie/ Tue, 23 May 2023 14:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=644010

 Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска дадоа поддршка за петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, по скратена постапка. По поминатиот комисиски филтер, Комисијата за европски прашања го проследува законскиот предлог на натамошна постапка во Собранието.

Во образложение на единствениот поднесен амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по овој предлог-закон, кој беше одбиен од страна на владините претставници, пратеникот Миле Лефков истакна дека со амандманот се предлага со цел Владата да го објави Договорот за изградбата на коридорите во Службен весник потпишан со стратешкиот партнер во рок од седум дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

-Со амандманот се предлага по членот 2 да се додаде нов член 2а кој гласи „Договорот за градење од членот 6 согласно Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија ќе се објави со Службен весник на Република Македонија во рок од седум дена од денот на влегување во сила на овој закон, рече Лефков.

Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во самиот вовед став 1 - оцена на состојбите во областа што треба да се уреди се дава можност за ослободување од увозни давачки на приватна компанија со специјален закон, нешто што, како што рече, во најмала рака е многу сомнително, бидејќи навлегува и во автономијата на самиот царински Закон и претставува негово заобиколување.

-Ослободувањето од увозни давачки е стриктно регулирано со членовите 193 до 198 од царинскиот Закон, а таму не се предвидени вакви одредби како што предвидува овој предлог-закон посебно затоа што овде се предвидува ослободување од увозно давачки и акциза при увоз на приватна компанија, нешто што досега не постоело во ниту еден друг закон, рече Петкоска.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на денешната расправа ја демантираше пратеничката Петкоска и истакна дека овој е пристапот што се користи за договори кога имаме надворешно финансирање со заеми, посочувајќи дека со заеми одат инфраструктурните проекти и е пристап кој се користи во сите вакви договори што ги имаме финансирано од меѓународни финансиски институции.

-Сакам да направам едно разграничување што јавноста треба да ја знае- никој не се ослободува од данок. Данок на добивка – што се заработува тука , ќе платат како и секоја фирма. Сите ќе платат данок на личен доход и придонеси. И операторите што се во овој процес и тие што ќе бидат суб-контрактори. Секој што ќе работи на овој проект ќе ги платат сите давачки како и сите останати фирми во било која економска активност во земјата. Тоа што е предмет на ослободување се т.н. индиректни давачки, тие што всушност се трошок за инвеститорот, а во конкретниот случај инвеститор е ЈП за државни патишта и се финансира преку буџетски средства, односно преку заеми. Всушност се намалува трошокот кој со други зборови ќе значи доколу во просек ако 20 проценти се давачките по основ на ДДВ, царина и други давачки што, тоа ќе значи дека целиот трошок е некаде 20 отсто плус. Овие измени ги има и во постојното решение, но се допрецизира во оваа фаза во однос на тоа да нема дилеми при имплементација за да се констатираат сите такви ситуации во пракса и за да може државата да плати пониска цена. Ова е нешто пракса што веќе е воспоставена тука кај нас и во другите земји и се искористува на начин што реализацијата да биде со пониски трошоци за буџетот, рече Бесими

The post „Европските“ закони за „Бектел и Енка“ си одат како подмачкани во Собрание appeared first on Република.

]]>

 Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска дадоа поддршка за петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, по скратена постапка. По поминатиот комисиски филтер, Комисијата за европски прашања го проследува законскиот предлог на натамошна постапка во Собранието. Во образложение на единствениот поднесен амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по овој предлог-закон, кој беше одбиен од страна на владините претставници, пратеникот Миле Лефков истакна дека со амандманот се предлага со цел Владата да го објави Договорот за изградбата на коридорите во Службен весник потпишан со стратешкиот партнер во рок од седум дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
-Со амандманот се предлага по членот 2 да се додаде нов член 2а кој гласи „Договорот за градење од членот 6 согласно Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија ќе се објави со Службен весник на Република Македонија во рок од седум дена од денот на влегување во сила на овој закон, рече Лефков.
Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека во самиот вовед став 1 - оцена на состојбите во областа што треба да се уреди се дава можност за ослободување од увозни давачки на приватна компанија со специјален закон, нешто што, како што рече, во најмала рака е многу сомнително, бидејќи навлегува и во автономијата на самиот царински Закон и претставува негово заобиколување. -Ослободувањето од увозни давачки е стриктно регулирано со членовите 193 до 198 од царинскиот Закон, а таму не се предвидени вакви одредби како што предвидува овој предлог-закон посебно затоа што овде се предвидува ослободување од увозно давачки и акциза при увоз на приватна компанија, нешто што досега не постоело во ниту еден друг закон, рече Петкоска. Министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на денешната расправа ја демантираше пратеничката Петкоска и истакна дека овој е пристапот што се користи за договори кога имаме надворешно финансирање со заеми, посочувајќи дека со заеми одат инфраструктурните проекти и е пристап кој се користи во сите вакви договори што ги имаме финансирано од меѓународни финансиски институции.
-Сакам да направам едно разграничување што јавноста треба да ја знае- никој не се ослободува од данок. Данок на добивка – што се заработува тука , ќе платат како и секоја фирма. Сите ќе платат данок на личен доход и придонеси. И операторите што се во овој процес и тие што ќе бидат суб-контрактори. Секој што ќе работи на овој проект ќе ги платат сите давачки како и сите останати фирми во било која економска активност во земјата. Тоа што е предмет на ослободување се т.н. индиректни давачки, тие што всушност се трошок за инвеститорот, а во конкретниот случај инвеститор е ЈП за државни патишта и се финансира преку буџетски средства, односно преку заеми. Всушност се намалува трошокот кој со други зборови ќе значи доколу во просек ако 20 проценти се давачките по основ на ДДВ, царина и други давачки што, тоа ќе значи дека целиот трошок е некаде 20 отсто плус. Овие измени ги има и во постојното решение, но се допрецизира во оваа фаза во однос на тоа да нема дилеми при имплементација за да се констатираат сите такви ситуации во пракса и за да може државата да плати пониска цена. Ова е нешто пракса што веќе е воспоставена тука кај нас и во другите земји и се искористува на начин што реализацијата да биде со пониски трошоци за буџетот, рече Бесими

The post „Европските“ закони за „Бектел и Енка“ си одат како подмачкани во Собрание appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска детално го чешла Договорот со „Бектел и Енка“ https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-detalno-go-cheshla-dogovorot-so-bektel-i-enka/ Mon, 22 May 2023 08:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=643496

Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.

-Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на ДКСК во основното училиште „Братство” во Скопје.

ДКСК отвори предмет за  проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.

По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвотелни активности за претстојните градежни работи на терен. За реализацијата на Договорот во собраниска процедура се измени на пет закони по скратена постапка, а нивното означување со европско знаменце е предмет на дебата и критики од опозицијата.

The post Антикорупциска детално го чешла Договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат. -Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на ДКСК во основното училиште „Братство” во Скопје. ДКСК отвори предмет за  проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство. По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвотелни активности за претстојните градежни работи на терен. За реализацијата на Договорот во собраниска процедура се измени на пет закони по скратена постапка, а нивното означување со европско знаменце е предмет на дебата и критики од опозицијата.

The post Антикорупциска детално го чешла Договорот со „Бектел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Ќе дојдат ли на дневен ред: Законите за „Бектел и Енка“ и денеска пред пратениците https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-dojdat-li-na-dneven-red-zakonite-za-bektel-i-enka-i-deneska-pred-pratenitsite/ Fri, 19 May 2023 06:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=642500

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. На пленарна седница треба да продолжи расправата за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, а во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за експропријација.

И во вчерашната дебата во Собранието доминираа критиките од опозицијата, за нетранспарентност поради необјавениот Договор со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“,  за злоупотреба на европското знаменце за постапката за носење на законите бидејќи не се дел од реформските процеси, за вредноста на проектот која тврдат дека ќе надмине две милијарди евра.

The post Ќе дојдат ли на дневен ред: Законите за „Бектел и Енка“ и денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. На пленарна седница треба да продолжи расправата за предложените измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање, а во Комисијата за европски прашања за измените на Законот за експропријација. И во вчерашната дебата во Собранието доминираа критиките од опозицијата, за нетранспарентност поради необјавениот Договор со изведувачот, американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“,  за злоупотреба на европското знаменце за постапката за носење на законите бидејќи не се дел од реформските процеси, за вредноста на проектот која тврдат дека ќе надмине две милијарди евра.

The post Ќе дојдат ли на дневен ред: Законите за „Бектел и Енка“ и денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>
Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците https://republika.mk/vesti/makedonija/ekspresno-60-chasovnata-rabotna-nedela-deneska-pred-pratenitsite/ Tue, 16 May 2023 07:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=641208

Законот за работни односи за изградба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска ќе се најде пред пратениците на седница. Пријавени се пратеници од опозицијата а расправата може да трае најмногу три дена.

Главната забелешка за овие измени е 60 часовната работна недела за работниците кои ќе работат на коридорите.

Денеска во Комисијата за Европски прашања почнува и дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.

The post Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>

Законот за работни односи за изградба на коридорите од „Бехтел и Енка“ денеска ќе се најде пред пратениците на седница. Пријавени се пратеници од опозицијата а расправата може да трае најмногу три дена. Главната забелешка за овие измени е 60 часовната работна недела за работниците кои ќе работат на коридорите. Денеска во Комисијата за Европски прашања почнува и дводневната расправа за Законот за урбанистичко планирање.

The post Експресно: 60 часовната работна недела денеска пред пратениците appeared first on Република.

]]>