беким мемети Archives - Република https://republika.mk/tema/bekim-memeti/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 10:10:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беким мемети Archives - Република https://republika.mk/tema/bekim-memeti/ 32 32 Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-komandirot-koj-pomogna-vo-filmskoto-begstvo-od-idrizovo/ Fri, 01 Sep 2023 10:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=677849

Три години затворска казна му е пресудена денеска на полицискиот командир Срѓан Димитриевски филмското бегство од затвор на осуденикот Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор. И командирот и тројцата полицајци од КПД „Идризово“ признаа вина.

Затворскиот полицаец Трајче Ацковски, исто така доби три години затвор, додека И.А., кој исто така учествувал во планот за бегство – казна затвор од 1 година и шест месеци.

За вработениот во „Идризово“, Т.П. пресудено е условна казна.

Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација

The post Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово appeared first on Република.

]]>

Три години затворска казна му е пресудена денеска на полицискиот командир Срѓан Димитриевски филмското бегство од затвор на осуденикот Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор. И командирот и тројцата полицајци од КПД „Идризово“ признаа вина. Затворскиот полицаец Трајче Ацковски, исто така доби три години затвор, додека И.А., кој исто така учествувал во планот за бегство – казна затвор од 1 година и шест месеци. За вработениот во „Идризово“, Т.П. пресудено е условна казна. Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација

The post Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово appeared first on Република.

]]>
МВР му поднесе кривична пријава на Беким Мемети, затвореникот од Идризово кој имаше филмско бегство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-mu-podnese-krivichna-prijava-na-bekim-memeti-zatvorenikot-od-idrizovo-koj-imashe-filmsko-begstvo/ Thu, 04 May 2023 15:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=636905

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“.

-На 12.01.2023 на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил.

Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал, информира МВР.

По бегството на Мемети суспендирани од работа беа четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата.

The post МВР му поднесе кривична пријава на Беким Мемети, затвореникот од Идризово кој имаше филмско бегство appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“. -На 12.01.2023 на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил. Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал, информира МВР. По бегството на Мемети суспендирани од работа беа четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата.  

The post МВР му поднесе кривична пријава на Беким Мемети, затвореникот од Идризово кој имаше филмско бегство appeared first on Република.

]]>
Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети https://republika.mk/vesti/makedonija/se-bega-samo-so-pomosh-od-vnatre-veli-stojanovik-otkrivajki-deka-ushte-trojtsa-politsajtsi-se-suspendirani-za-begstvoto-na-memeti/ Wed, 01 Feb 2023 19:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=603547

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети.

Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена.

Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ.

Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети. Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена. Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ. Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>
Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена https://republika.mk/vesti/makedonija/tupanchevski-razreshuvaneto-na-spasovski-ne-znachi-deka-rabotata-so-begstvoto-e-zavrshena/ Wed, 18 Jan 2023 19:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=598494

Министерот за правда Никола Тупанчески вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири.

На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчески.

На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчески тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата.

Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции.

Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој.

Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.

Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда.

Трета работа или сегмент, додава Тупанчески, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан.

Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчески.

The post Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Никола Тупанчески вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Тв Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири.
На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски, нагласи Тупанчески.
На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчески тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата. Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, вели дека тоа не е исклучено бидејќи се разгледуваат сите опции.
Досега е оваа фаза, треба да видиме навистина веројатно ретки се случаите кога имаме ваква реакција зборувам општествена кога станува збор за вакви настани. Колкава е одговорноста, дали некој направил ненамерно, намерно, со умисла, од небрежност, тоа треба да го покаже истрагата. Се разбира во вакви ситуации понекогаш и ненамерните пропусти имаат сериозен импакт, вели тој.
Според него, нема сомнеж дека бегството на Мемети било добро организирана акција, која побарува исто толку добро организирана реакција од страна на државните органи.
Станува збор за промптно реагирање од страна на Управата за извршување санкции, со спроведувањето на вонредниот стручен надзор. Тоа значеше суспендирање на сите, првично што изгледа дека се вклучени во однос на овој немил настан. Втора рабора која исто така треба да се подвлече е дека, во меѓувреме, за истите тие лица веќе е одредена мерка притвор и тие се суспендирани од своите работни места, вели министерот за правда.
Трета работа или сегмент, додава Тупанчески, што е комплементарен на претходните е дека е распишана меѓународна потерница од страна на МВР за лицето кое е во бегство. И четврта работа, треба да се посочи дека и органите на прогонот, вклучително и ОЈО за организиран криминал, учествуваат во откривањето на сите докази што се поврзани за овој настан.
Така што ако ги земете овие неколку сегменти, реакцијата е иницијална, меѓутоа тоа не значи дека тука ќе застане, во однос на оваа општетсвена реакција, затоа што очекувањата се дека овој кривично-правен настан има и одредени работи што допрва треба да се истражуваат, подвлече министерот Тупанчески.

The post Тупанчевски: Разрешувањето на Спасовски не значи дека работата со бегството е завршена appeared first on Република.

]]>
Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-eden-tuku-poveke-chekori-bile-prekrsheni-pri-prenosot-na-bekim-vo-bolnitsa-pokazha-vonredniot-nadzor-vo-idrizovo/ Mon, 16 Jan 2023 13:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=597557

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.

Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.

Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.

Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана.

Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.
Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.
Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.
Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана. Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.
Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bekim-memeti-so-vrzani-ratse-ne-ednash-tuku-dva-pati-pukal-vo-kombeto-zatvorskite-chuvari-negiraat-deka-mu-pomognale-da-izbega/ Sun, 15 Jan 2023 14:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=597145

Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак, објави телевизијата „Телма“.

Според сознанијата на „Телма“ што навистина се случило во комбето кое со четворица затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата.

Во првичните изјави, петмината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале.

Целиот текст тука

The post Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега appeared first on Република.

]]>

Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак, објави телевизијата „Телма“. Според сознанијата на „Телма“ што навистина се случило во комбето кое со четворица затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата. Во првичните изјави, петмината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале. Целиот текст тука

The post Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега appeared first on Република.

]]>
Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДСM намерно го пушти да избега? https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osuden-ubiets-izbega-i-rani-politsajtsi-a-spasovski-i-kovachevski-so-denovi-ne-mozhat-da-go-najdat-dali-sdsm-namerno-go-pushti-da-izbega/ Sun, 15 Jan 2023 08:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=597008

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа.

Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС.

Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово.

Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство, се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат дека одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата.

Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДСM намерно го пушти да избега? appeared first on Република.

]]>

Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДС намерно го пушти да избега?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осудениот убиец кој избега, и притоа рани полицајци очигледно добил помош за тоа од власта. Командирот кој бил на смена е човек на СДС, тој на неговиот фејсбук профил не ја крие поддршката за оваа партија. Според информациите кои произлегоа од медиумите и обвинителството станува јасно дека сега избеганиот добил поддршка од чуварите за тоа.   Симптоматично е што првиот одговорен, командирот на смена, е човек кој е поврзан со СДС.   Истиот тој командир, како полициски службеник на дело е фатен како прима поткуп, за потоа да наместо никогаш да не биде вработен во служба каде се применува правото, тој е поставен за командир на смена во Идризово.   Истиот можел, но не побарал асистенција од полицијата, иако се транспортирал осуденик за убиство, се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат дека одговорноста не смее да запре со постапка против командирот и полициските службеници, мора да има одговорност и за надредените во службата.
Дали осудениот убиец намерно е пуштен да избега, и со каква цел. Спасовски е неспособен да го пронајде сега побегнатиот осуденик за убиство. Оставка од Спасовски и избори час поскоро. Со СДС државата само тоне, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Осуден убиец избега и рани полицајци, а Спасовски и Ковачевски со денови не можат да го најдат, дали СДСM намерно го пушти да избега? appeared first on Република.

]]>
Притвор за командирот на Идризово и двајцата полицајци, кои го придружувале избеганиот Мемети https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-komandirot-na-idrizovo-i-dvajtsata-politsajtsi-koi-go-pridruzhuvale-izbeganiot-memeti/ Sat, 14 Jan 2023 11:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=596773

Притвор им е одреден и на двајцата полицајци , кои го превезувале Беким Мемети од затворот Идризово кон Клиничкиот центар во Скопје. Третиот полицаец е на Карил и се опоравува од прострелната рана, откако бил погоден од затвореникот при бегството од службеното комбе. За четвртиот засега нема информации. Утринава двајцата полицајци се спроведени во затворот во Шутка. По распитот во Кривичниот суд било утврдено дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, бидејќи биле направени голем број пропусти во процедурата при спроведувањето на затвореникот.

Во меѓувреме, полицијата распиша меѓународна потерница за затвореникот Беким Мемети, 36-годишник од Тетово, а трага и по засега непознатите кои биле во сивото Ауди со кое прво му го попречило патот на затворското комбе а потоа и го евакуирале бегалецот..

Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога. Во септември 2016-та година во вооружена пресметка во Мала Речица убил едно лице, но веднаш избегал во Германија. Првично Мемети бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година отаккао бил уапсен во Берлин и екстрадиран во земјава, му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на 19 години затвор.

The post Притвор за командирот на Идризово и двајцата полицајци, кои го придружувале избеганиот Мемети appeared first on Република.

]]>

Притвор им е одреден и на двајцата полицајци , кои го превезувале Беким Мемети од затворот Идризово кон Клиничкиот центар во Скопје. Третиот полицаец е на Карил и се опоравува од прострелната рана, откако бил погоден од затвореникот при бегството од службеното комбе. За четвртиот засега нема информации. Утринава двајцата полицајци се спроведени во затворот во Шутка. По распитот во Кривичниот суд било утврдено дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале на затвореникот Беким Мемети да избега, бидејќи биле направени голем број пропусти во процедурата при спроведувањето на затвореникот. Во меѓувреме, полицијата распиша меѓународна потерница за затвореникот Беким Мемети, 36-годишник од Тетово, а трага и по засега непознатите кои биле во сивото Ауди со кое прво му го попречило патот на затворското комбе а потоа и го евакуирале бегалецот.. Мемети требало до 2040 година да биде во затвор за убиство и поседување дрога. Во септември 2016-та година во вооружена пресметка во Мала Речица убил едно лице, но веднаш избегал во Германија. Првично Мемети бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година отаккао бил уапсен во Берлин и екстрадиран во земјава, му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на 19 години затвор.  

The post Притвор за командирот на Идризово и двајцата полицајци, кои го придружувале избеганиот Мемети appeared first on Република.

]]>
Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети https://republika.mk/vesti/crna-hronika/suspendirani-komandirot-i-chetvoritsata-politsajtsi-koi-go-sproveduvale-bekim-memeti/ Fri, 13 Jan 2023 20:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=596656

Четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата, се суспендирани од работа, потврдуваат за МИА од Министерство за правда.

Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izbeganiot-zatvorenik-bekim-memeti-osuden-za-ubistvo-vo-mala-rechitsa-bil-ekstradiran-od-germanija-pred-2-i-pol-godini/

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.

Мемети Беким род. 30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.

Беким бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а му истекува на 17.04.2040 година.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-sprovodot-na-izbeganiot-zatvorenik-ne-bila-pobarana-politsiska-asistentsija-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ke-ispituva-propusti-vo-sluchajot/

Управата за извршување на санкции, информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од Управата за извршување на санкции.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

The post Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети appeared first on Република.

]]>

Четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата, се суспендирани од работа, потврдуваат за МИА од Министерство за правда. Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izbeganiot-zatvorenik-bekim-memeti-osuden-za-ubistvo-vo-mala-rechitsa-bil-ekstradiran-od-germanija-pred-2-i-pol-godini/ Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.
Мемети Беким род. 30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.
Беким бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а му истекува на 17.04.2040 година. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-sprovodot-na-izbeganiot-zatvorenik-ne-bila-pobarana-politsiska-asistentsija-upravata-za-izvrshuvane-sanktsii-ke-ispituva-propusti-vo-sluchajot/ Управата за извршување на санкции, информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.
Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од Управата за извршување на санкции.
Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

The post Суспендирани командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети appeared first on Република.

]]>
Објавена меѓународна потерница по Беким Мемети, кој избега од КПУ Идризово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/objavena-megunarodna-poternitsa-po-bekim-memeti-koj-izbega-od-kpu-idrizovo/ Fri, 13 Jan 2023 15:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=596528

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.

Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година

Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од УИС.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

The post Објавена меѓународна потерница по Беким Мемети, кој избега од КПУ Идризово appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.
Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ, стои во објавата на МВР.
Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година Управата за извршување на санкции, денеска информираше дека синоќа околу 23:20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.