СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „бегство на лице лишено од слобода“.

-На 12.01.2023 на автопатот „Пријателство“, додека бил вршен спровод на пријавениот, осудено лице, од Казнено-поправната установа Идризово до Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, тој одзел службен пиштол од вработен во затворската полиција и испукал еден проектил, со кој го ранил.

Притоа, службеното возило застанало, а пријавениот излегол од возилото и влегол во патничко возило „ауди“ без регистарски ознаки и заминал, информира МВР.

По бегството на Мемети суспендирани од работа беа четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ и командирот кој ја издал наредбата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.