Бата прес Archives - Република https://republika.mk/tema/bata-pres/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jul 2024 09:01:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бата прес Archives - Република https://republika.mk/tema/bata-pres/ 32 32 „Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-go-objavi-romanot-striptiz-na-dushata-od-filip-georgievski/ Mon, 15 Jul 2024 09:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=796916

Во издание на „Бата прес“ се објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски. Познатиот писател, професор и книжевен критичар Александар Прокопиев, во рецензијата за делото бележи: „По неколкуте извонредни поетски збирки, поетот Филип Георгиевски сега се пројавува како автор на роман. Уште на самиот почеток на делото, во прологот се навестува дека романот ќе има длабоко рефлексивен, психолошки и филозофски пристап.“
Станува збор за дело во кое на простор од нешто повеќе од сто страници, низ главните ликови, авторот создава Фројдовски слики за борбата на доброто и злото, за верата и неверата. Георгиевски уште во прологот на романот го нагласува овој пристап: „Спротивноста го раздвижува постоењето. Ако не постои спротивност, ништо, ама баш ништо нема да се случува. Нема да постои искра за огнот, пламен за огништето и запалка за хартијата. Нема да опстои ни идејата за спротивставување, зашто таа произлегува од стравот да му опонираш на тоа што не ти се допаѓа и не се вклопува во твојата идеологија врежана во кодот на опстојување и дејствување. Тоа значи да се одбере меѓу она што се нарекува распнат за доброто и погубен во името на злото што постојано се повторува без оглед на идентитетите што ги нарекуваме луѓе. Идентитетот е лозинката за влез…“ Романот ќе биде промовиран на саемските манифестации во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово.
Филип Георгиевски е роден 1975 година во Скопје. Досега ги објавил стихозбирките: „Ново Видение“ (2010), „Чудодејствија“ (2011), „Под стреите на темнината“ (2011), „Соголување“ (2012), „Оросница“ (2015), „Песни за љубовта и смртта“ (2016).
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 година.

The post „Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ се објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски. Познатиот писател, професор и книжевен критичар Александар Прокопиев, во рецензијата за делото бележи: „По неколкуте извонредни поетски збирки, поетот Филип Георгиевски сега се пројавува како автор на роман. Уште на самиот почеток на делото, во прологот се навестува дека романот ќе има длабоко рефлексивен, психолошки и филозофски пристап.“ Станува збор за дело во кое на простор од нешто повеќе од сто страници, низ главните ликови, авторот создава Фројдовски слики за борбата на доброто и злото, за верата и неверата. Георгиевски уште во прологот на романот го нагласува овој пристап: „Спротивноста го раздвижува постоењето. Ако не постои спротивност, ништо, ама баш ништо нема да се случува. Нема да постои искра за огнот, пламен за огништето и запалка за хартијата. Нема да опстои ни идејата за спротивставување, зашто таа произлегува од стравот да му опонираш на тоа што не ти се допаѓа и не се вклопува во твојата идеологија врежана во кодот на опстојување и дејствување. Тоа значи да се одбере меѓу она што се нарекува распнат за доброто и погубен во името на злото што постојано се повторува без оглед на идентитетите што ги нарекуваме луѓе. Идентитетот е лозинката за влез…“ Романот ќе биде промовиран на саемските манифестации во Скопје, Битола, Штип, Охрид и Тетово. Филип Георгиевски е роден 1975 година во Скопје. Досега ги објавил стихозбирките: „Ново Видение“ (2010), „Чудодејствија“ (2011), „Под стреите на темнината“ (2011), „Соголување“ (2012), „Оросница“ (2015), „Песни за љубовта и смртта“ (2016). Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 година.

The post „Бата прес“ го објави романот „Стриптиз на душата“ од Филип Георгиевски appeared first on Република.

]]>
Објавени психолошките романи „Девојката од прозорецот“ и „Врати се кон животот“ од Ѓулсерен Будајџоглу https://republika.mk/vesti/kultura/objaveni-psiholoshkite-romani-devojkata-od-prozoretsot-i-vrati-se-kon-zhivotot-od-gulseren-budajdhoglu/ Wed, 08 May 2024 15:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=775614

Во едицијата „Филмувани романи“, издавачката куќа „Бата прес“ ги објави популарните психолошки романи „Девојката од прозорецот“ и „Врати се кон животот“ од турската авторка Ѓулсерен Будајџоглу. Станува збор за дела што настанале според вистинити настани, односно поттикнати од искажувањата на пациентите во психијатриски ординации на авторката во Истанбул и Анкара, а според кои се снимени и популарните телевизиски сериии што се прикажуваат и кај нас.

Во романот „Девојката од прозорецот“, во центарот е искрената љубов меѓу главната хероина Налан, која секогаш живеела во луксуз, ама судбината ѝ предизвикала големи страдања, и Хајри, кој израснал во беда… Љубов, која ги сврзала тие две души, кои живееле два различни животи, ама е страсна, но болна… Судбината ранува, а љубовта спасува. Читателот кој ја следи телевизиската серија што од неодамна се емитува на ТВ Сител, веднаш ќе забележи огромни разлики меѓу романот и филмската сторија, но и телевизиската серија е снимана и надградувана во согласност со авторката на делото.

Објавувањето на романот „Врати се кон животот“ е помогнато од македонското Министерство за култура. Според ова дело е снимена и телевизиската серија што под наслов „Истанбулската невеста“, неодамна се прикажуваше и кај нас.

Главниот лик е Ала, девојка израсната без љубов во домот на деспотската баба Есма-султан и грубото однесување на мајката Суреја. Нејзиниот татко е во затвор. За да ги надмине болката и очајот, Ала тргнува на психотерапија, ама во почетокот се спротивставува и прави сѐ што е можно за да ги разурне границите на трпението на својот терапевт.

За да ја прекине тишината и нејзиното молчење и да стигне до неа, психотерапевтката од сенките на минатото раскажува најразлични приказни: за мистериозните тајни на младиот фараон Тутанкамон, интересните моменти од животот на Хитлер и Фројд… Необичната судбина на царицата Катерина, која во своето детство била перачка и проститутка. Животот на Ева Перон и принцезата Сораја исполнет со тага.

Макар и во продолженија, противењето на Ала почнува да се надминува. И тогаш молчењето престанува. Настаните, кои ѝ го кршеле срцето во минатото, бавно излегуваат на виделина. Приказна што засенува сѐ со болка, ужас и тага… Но, и приказна за успехот што следува по допирот на волшебното стапче на психоанализата…

Двата романи беа успешно промовирани на неодамнешниот саем на книгата во Скопје.

Авторката Ѓулсерен Будајџоглу е родена во Анкара, каде што завршила Медицински факултет и специјализирала психијатрија на Универзитетот „Хаџитепе“, каде што подоцна работела и како професор. Во 2005 година отворила приватен психијатриски центар „Медалјон“, каде што е претседател на бордот на директори. Објавила четири психолошки романи инспирирани од вистинити настани и ликови, што се меѓу најпродаваните и најпопуларните во Турција и според кои се снимени и телевизиски серии.

The post Објавени психолошките романи „Девојката од прозорецот“ и „Врати се кон животот“ од Ѓулсерен Будајџоглу appeared first on Република.

]]>

Во едицијата „Филмувани романи“, издавачката куќа „Бата прес“ ги објави популарните психолошки романи „Девојката од прозорецот“ и „Врати се кон животот“ од турската авторка Ѓулсерен Будајџоглу. Станува збор за дела што настанале според вистинити настани, односно поттикнати од искажувањата на пациентите во психијатриски ординации на авторката во Истанбул и Анкара, а според кои се снимени и популарните телевизиски сериии што се прикажуваат и кај нас.
Во романот „Девојката од прозорецот“, во центарот е искрената љубов меѓу главната хероина Налан, која секогаш живеела во луксуз, ама судбината ѝ предизвикала големи страдања, и Хајри, кој израснал во беда… Љубов, која ги сврзала тие две души, кои живееле два различни животи, ама е страсна, но болна… Судбината ранува, а љубовта спасува. Читателот кој ја следи телевизиската серија што од неодамна се емитува на ТВ Сител, веднаш ќе забележи огромни разлики меѓу романот и филмската сторија, но и телевизиската серија е снимана и надградувана во согласност со авторката на делото.
Објавувањето на романот „Врати се кон животот“ е помогнато од македонското Министерство за култура. Според ова дело е снимена и телевизиската серија што под наслов „Истанбулската невеста“, неодамна се прикажуваше и кај нас. Главниот лик е Ала, девојка израсната без љубов во домот на деспотската баба Есма-султан и грубото однесување на мајката Суреја. Нејзиниот татко е во затвор. За да ги надмине болката и очајот, Ала тргнува на психотерапија, ама во почетокот се спротивставува и прави сѐ што е можно за да ги разурне границите на трпението на својот терапевт. За да ја прекине тишината и нејзиното молчење и да стигне до неа, психотерапевтката од сенките на минатото раскажува најразлични приказни: за мистериозните тајни на младиот фараон Тутанкамон, интересните моменти од животот на Хитлер и Фројд… Необичната судбина на царицата Катерина, која во своето детство била перачка и проститутка. Животот на Ева Перон и принцезата Сораја исполнет со тага. Макар и во продолженија, противењето на Ала почнува да се надминува. И тогаш молчењето престанува. Настаните, кои ѝ го кршеле срцето во минатото, бавно излегуваат на виделина. Приказна што засенува сѐ со болка, ужас и тага… Но, и приказна за успехот што следува по допирот на волшебното стапче на психоанализата… Двата романи беа успешно промовирани на неодамнешниот саем на книгата во Скопје. Авторката Ѓулсерен Будајџоглу е родена во Анкара, каде што завршила Медицински факултет и специјализирала психијатрија на Универзитетот „Хаџитепе“, каде што подоцна работела и како професор. Во 2005 година отворила приватен психијатриски центар „Медалјон“, каде што е претседател на бордот на директори. Објавила четири психолошки романи инспирирани од вистинити настани и ликови, што се меѓу најпродаваните и најпопуларните во Турција и според кои се снимени и телевизиски серии.

The post Објавени психолошките романи „Девојката од прозорецот“ и „Врати се кон животот“ од Ѓулсерен Будајџоглу appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-ja-objavi-knigata-za-detsa-i-mladi-koj-e-denes-glaven-od-slovenechkata-pisatelka-natasha-konts-lorentsuti/ Wed, 20 Mar 2024 09:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=756629

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути. Книгата на македонски ја преведе универзитетската професорка Лидија Аризанковска, а илустрациите се на познатата словенечка илустраторка Тања Комадина. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија  и Министерството за култура,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Книгата за деца и млади „Кој денес главен“ е духовита и интересна приказна со преубави илустрации. Приказната ја следи Ника. Таа е најмалото девојче во семејството и едвај чека да биде главна. И тоа ќе се случи, се разбира. Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне…

Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенечки театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенечка сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а два пати ја освоила наградата „Младика“ во Трст. Покрај нејзината работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нова Горица“, каде што учениците ги играат нејзините драми.

The post „Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути. Книгата на македонски ја преведе универзитетската професорка Лидија Аризанковска, а илустрациите се на познатата словенечка илустраторка Тања Комадина. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија  и Министерството за култура,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори. Книгата за деца и млади „Кој денес главен“ е духовита и интересна приказна со преубави илустрации. Приказната ја следи Ника. Таа е најмалото девојче во семејството и едвај чека да биде главна. И тоа ќе се случи, се разбира. Но, пред да биде главна треба да поминат неколку годишни времиња и треба да направи неколку урнебесни работи, да патува, да си игра, да научи нешто ново и малку да порасне… Наташа Конц Лоренцути (1970) дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана, каде што и магистрирала во 2010 година. Во периодот од 1994 година до 1999 година била ангажирана како актерка во два професионални словенечки театри, а од 1999 година се посветила на литературата. Досега има објавено тринаесет книги за деца и млади и три книги за возрасни. Нејзините книги биле номинирани за наградата „Оригинална словенечка сликовница“ и наградата „Модра птица“, а исто така по двапати за наградите „Десетница“ и „Вечерница“. Нејзината проза за возрасни трипати ја освоила наградата „Женски глас“, а два пати ја освоила наградата „Младика“ во Трст. Покрај нејзината работа како писателка, десет години предавала драма во средното училиште „Нова Горица“, каде што учениците ги играат нејзините драми.

The post „Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Кој e денес главен“ од словенечката писателка Наташа Конц Лоренцути appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-ja-objavi-knigata-za-detsa-i-mladi-dinosaurus-od-poznatiot-islandski-pisatel-aevar-tor-benediktson/ Mon, 31 Jul 2023 10:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=667211

Во издание на „Бата прес“ се објави книгата за деца и млади „Диносаурус“ која е дел од серијалот „Твојата сопствена приказна“. Автор на книгата е познатиот исландски писател за деца и млади Аевар Тор Бенедиктсон (Ævar Þór Benediktsson). Илустрациите се дело на познатата илустраторка Евана Киса. Романот од исландски на македонски јазик го преведе Мери Кицовска. Објавувањето на ова дело е подржано и од „Исландскиот центар за литература“ и е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во текот на оваа и во наредната година со поддршка од Европската унија, во програмата „Креативна Европа“ ќе објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.

Во оваа приказна главни се диносаурусите. Децата ќе сретнат различни видови на диносауруси и ќе имаат авантура со птеросауруси, велоцираптори и бебиња диносауруси. Но, иновативно и интересно е што самиот читател е вклучен во приказната. Децата сами може да одлучат што ќе се случи. Секогаш кога приказната ќе заврши лошо, тие можат одново да ја читаат. Има многу различни краеви.

Книгите на Аевар Тор Бенедиктсон каде што читателот е самиот одговорен за приказната, се многу популарни и наградувани во Исланд. Овој серијал е препознатлив по кусите поглавја, патувањето низ времето и едноставниот текст препорачлив за почетници во читањето.

Книгата е отпечатена со фонт што им го олеснува читањето на дислексичарите.

Аевар Тор Бенедиктсон е роден 1984 година во Исланд. Тој е еден од најпознатите исландски писатели и има објавено 30 книги. Покрај литературните награди, има освоено и награди за филмски и драмски сценарија, а има и значаен придонес во науката и образован

The post „Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ се објави книгата за деца и млади „Диносаурус“ која е дел од серијалот „Твојата сопствена приказна“. Автор на книгата е познатиот исландски писател за деца и млади Аевар Тор Бенедиктсон (Ævar Þór Benediktsson). Илустрациите се дело на познатата илустраторка Евана Киса. Романот од исландски на македонски јазик го преведе Мери Кицовска. Објавувањето на ова дело е подржано и од „Исландскиот центар за литература“ и е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во текот на оваа и во наредната година со поддршка од Европската унија, во програмата „Креативна Европа“ ќе објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори. Во оваа приказна главни се диносаурусите. Децата ќе сретнат различни видови на диносауруси и ќе имаат авантура со птеросауруси, велоцираптори и бебиња диносауруси. Но, иновативно и интересно е што самиот читател е вклучен во приказната. Децата сами може да одлучат што ќе се случи. Секогаш кога приказната ќе заврши лошо, тие можат одново да ја читаат. Има многу различни краеви. Книгите на Аевар Тор Бенедиктсон каде што читателот е самиот одговорен за приказната, се многу популарни и наградувани во Исланд. Овој серијал е препознатлив по кусите поглавја, патувањето низ времето и едноставниот текст препорачлив за почетници во читањето. Книгата е отпечатена со фонт што им го олеснува читањето на дислексичарите. Аевар Тор Бенедиктсон е роден 1984 година во Исланд. Тој е еден од најпознатите исландски писатели и има објавено 30 книги. Покрај литературните награди, има освоено и награди за филмски и драмски сценарија, а има и значаен придонес во науката и образован

The post „Бата прес“ ја објави книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-go-objavi-trilerot-sveti-eresi-avtorkata-liza-makinerni-doagja-na-saemot-na-kniga-vo-skopje/ Mon, 18 Apr 2022 07:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=489761

Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Романот првпат ќе се промовира на годинешниов саем на книгата, во почетокот на мај годинава и по тој повод најавено е доаѓањето на авторката и средби со љубителите на книгата.

По четириесет години во егзил, Морин се враќа во Корк за повторно да се соедини со нејзиниот син Џими, кого била принудена да го напушти, откако една ноќ, убила непознат натрапник во нејзиниот дом и со тоа предизвикува серија настани што ќе го потресат целиот град и ќе откријат различни ликови и случувања на маргините на ирското општество.

Петнаесетгодишниот Рајан би направил сѐ за да не личи на својот татко, алкохоличарот Џими.

Во дејствието што се одвива во Ирска и Лондон присутен е голем број млади ликови од распаднати семејства, сторијата е преполна со убиства, банди, секс, дрога, алкохол…

Лиза Макинерни (Lisa McInerney) е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска.

Ги објавила романите: „Свети ереси“ во 2015, „Чуда од крв“ во 2017 и „Правилата на Откровението“ во 2021 година.

Романот „Свети ереси“ ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година, а истата година е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.

The post „Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“. Романот првпат ќе се промовира на годинешниов саем на книгата, во почетокот на мај годинава и по тој повод најавено е доаѓањето на авторката и средби со љубителите на книгата. По четириесет години во егзил, Морин се враќа во Корк за повторно да се соедини со нејзиниот син Џими, кого била принудена да го напушти, откако една ноќ, убила непознат натрапник во нејзиниот дом и со тоа предизвикува серија настани што ќе го потресат целиот град и ќе откријат различни ликови и случувања на маргините на ирското општество. Петнаесетгодишниот Рајан би направил сѐ за да не личи на својот татко, алкохоличарот Џими. Во дејствието што се одвива во Ирска и Лондон присутен е голем број млади ликови од распаднати семејства, сторијата е преполна со убиства, банди, секс, дрога, алкохол… Лиза Макинерни (Lisa McInerney) е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. Ги објавила романите: „Свети ереси“ во 2015, „Чуда од крв“ во 2017 и „Правилата на Откровението“ во 2021 година. Романот „Свети ереси“ ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година, а истата година е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.

The post „Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ ја објави книгата „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-ja-objavi-knigata-tri-sluchai-za-detektivot-vikson-chudinski-od-poznatiot-italijanski-avtor-luka-donieli/ Thu, 03 Feb 2022 08:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=453333

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели. Илустрациите се на Никол Доналдсон, а делото од италијански на македонски го преведе Живко Гроздановски. Делото е објавено со поддршка на Секторот за евриоинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Со извесна доза на хумор, што наликува на британскиот, авторот случувањата ги сместува во Лондон, кој во книжевноста и во филмовите е познат по акциите на детективите. „Истрагите на детективите се толку банални, како да се невидливи. Но... Виксон Чудински е секојдневен детектив, толку секојдневен што никој не го гледа. Ова можеби изгледа како мана, но тоа е неговата најсилна страна: без да го видат, тој може да реши многу случаи, особено оние каде што е инволвиран злобниот Милтон Бобит, човекот со глава во форма на круша...“

Ова е само еден цитат од најавата за содржината на книгата.

Писателот Лука Дониели е роден во 1956 година. Сега живее и работи во Милано. Добитник е на повеќе врвни книжевни награди во Италија, а за „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ ја добил наградата „Стрега“ во 2019 година.

The post „Бата прес“ ја објави книгата „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели. Илустрациите се на Никол Доналдсон, а делото од италијански на македонски го преведе Живко Гроздановски. Делото е објавено со поддршка на Секторот за евриоинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“. Со извесна доза на хумор, што наликува на британскиот, авторот случувањата ги сместува во Лондон, кој во книжевноста и во филмовите е познат по акциите на детективите. „Истрагите на детективите се толку банални, како да се невидливи. Но... Виксон Чудински е секојдневен детектив, толку секојдневен што никој не го гледа. Ова можеби изгледа како мана, но тоа е неговата најсилна страна: без да го видат, тој може да реши многу случаи, особено оние каде што е инволвиран злобниот Милтон Бобит, човекот со глава во форма на круша...“ Ова е само еден цитат од најавата за содржината на книгата. Писателот Лука Дониели е роден во 1956 година. Сега живее и работи во Милано. Добитник е на повеќе врвни книжевни награди во Италија, а за „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ ја добил наградата „Стрега“ во 2019 година.

The post „Бата прес“ ја објави книгата „Три случаи за детективот Виксон Чудински“ од познатиот италијански автор Лука Дониели appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ го објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-go-objavi-deloto-makedonistichki-sociolingvistichki-i-kulturoloshki-prouchuvanja-od-d-r-elena-jovanova-grujovska/ Wed, 26 Jan 2022 08:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=449507

Во издание на „Бата прес“ се објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска. Објавувањето на истражувањата е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.

Главна преокупација во научноистражувачката работа на д-р Елена Јованова-Грујовска се лексичко-семантичките, зборообразувачките и социолингвистичките аспекти на современиот македонски јазик. Со објавувањето на делото, добиваме експертска, лингвистичка анализа на македонската лексика во повеќе жанрови: поезија, проза, драми, детско творештво“, нагласува проф. д-р Весна Костовска, во рецензијата за делото.

Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска е родена 1966 година. Нејзиниот научноистражувачкиот опус е изразен во поголем број библиографски позиции. Автор е на делата: „Валоризација на колоквијализмите во македонската јазична средина“, „Лексичко-семантичка анализа на именките со субјективна оценка во македонскиот јазик“ и „Капка по капка - вирче (македонско-албански пословични паралели)“. Коавтор е на дел во првиот, вториот и четвртиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, коавтор е на делото „Мал речник на туѓи зборови во македонскиот јазик“, како и на делото „Македонско-украински пословици и поговорки“.

Елена Јованова-Грујовска е универзитетски професор и директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

The post „Бата прес“ го објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“ се објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска. Објавувањето на истражувањата е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Главна преокупација во научноистражувачката работа на д-р Елена Јованова-Грујовска се лексичко-семантичките, зборообразувачките и социолингвистичките аспекти на современиот македонски јазик. Со објавувањето на делото, добиваме експертска, лингвистичка анализа на македонската лексика во повеќе жанрови: поезија, проза, драми, детско творештво“, нагласува проф. д-р Весна Костовска, во рецензијата за делото.
Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска е родена 1966 година. Нејзиниот научноистражувачкиот опус е изразен во поголем број библиографски позиции. Автор е на делата: „Валоризација на колоквијализмите во македонската јазична средина“, „Лексичко-семантичка анализа на именките со субјективна оценка во македонскиот јазик“ и „Капка по капка - вирче (македонско-албански пословични паралели)“. Коавтор е на дел во првиот, вториот и четвртиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, коавтор е на делото „Мал речник на туѓи зборови во македонскиот јазик“, како и на делото „Македонско-украински пословици и поговорки“. Елена Јованова-Грујовска е универзитетски професор и директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

The post „Бата прес“ го објави делото „Македонистички, социолингвистички и културолошки проучувања“ од д-р Елена Јованова-Грујовска appeared first on Република.

]]>