барлет џафери Archives - Република https://republika.mk/tema/barlet-dzaferi/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Mar 2023 18:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png барлет џафери Archives - Република https://republika.mk/tema/barlet-dzaferi/ 32 32 Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери https://republika.mk/vesti/makedonija/zamenik-ministerkata-za-pravda-se-ushte-ne-se-zainteresirala-za-dokumentite-na-barlet-dhaferi/ Wed, 29 Mar 2023 18:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=625233

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ не знае зошто на синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, му било дозволено да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, иако немал диплома. Во гостувањето во Топ тема на Телма таа рече дека не ги погледнала документите и одби да коментира, но потсети дека Уставот на РМ на секој граѓанин му дава подеднакво право на образование и работа.

Аврамовска - Мадиќ ја доведе во прашање и точноста на состојбата што ја утврди Антикорупциската комисија, дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.

Јас не можам да дискутирам за документи кои не сум ги погледнала, прашањето ќе го адресирате до министерот кој потпишал да полага предвреме правосуден, доколку полагал предвреме правосуден испит, нагласи таа.

Академијата за судии и јавни обвинители денеска во Врховниот суд свечено им ги додели дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит.

Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка.

Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

The post Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска - Мадиќ не знае зошто на синот на Талат Џафери, Барлет Џафери, му било дозволено да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители, иако немал диплома. Во гостувањето во Топ тема на Телма таа рече дека не ги погледнала документите и одби да коментира, но потсети дека Уставот на РМ на секој граѓанин му дава подеднакво право на образование и работа. Аврамовска - Мадиќ ја доведе во прашање и точноста на состојбата што ја утврди Антикорупциската комисија, дека младиот Џафери положил правосуден испит пред да се стекне со диплома со соодветен степен на образование.
Јас не можам да дискутирам за документи кои не сум ги погледнала, прашањето ќе го адресирате до министерот кој потпишал да полага предвреме правосуден, доколку полагал предвреме правосуден испит, нагласи таа.
Академијата за судии и јавни обвинители денеска во Врховниот суд свечено им ги додели дипломите на синовите, ќерките, сопругите на поранешни и сегашни политичари, обвинители и судии кои го положија завршниот испит. Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка. Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

The post Заменик-министерката за правда сè уште не се заинтересирала за документите на Барлет Џафери appeared first on Република.

]]>
Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-dhaferi-i-soprugata-na-abazi-se-prijavija-na-oglasot-za-obviniteli/ Mon, 27 Mar 2023 17:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=624350

Новата генерација јавни обвинители сакаат да работат во местото на живеење. Според списоците објавени од Советот на јавни обвинители, речиси сите побарале својата кариера да ја градат во родното место. За антикорупциската комисија тоа не е спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители. За нив важно било новите обвинителите да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави Сител.

Сепак, според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет.
Според списоците на Советот на Јавни обвинители, синот на собранискиот претседател Џафери место бара во гостиварското обвинителство каде за три испразнети места има шестмина кандидати.. Сопругата на Абази пак обвинителската служба сака да ја извршува во Кичево.

И останатите нивни колеги побареле место во обвинителствата според местото на живеење. Антикорупциска пак смета дека е потребна анализа дали е потребно во секоја општина да има Јавно обвинителството.

Дали новите обвинители ќе добијат местото кое го посакуваат зависи од Советот на јавни обвинители. Од таму за Сител велат дека во тек се интервјуата со кандидатите, а изборот ќе случи најверојатно идниот месец. Последната генерација брои 28мина обвинители, а според испразнетите места, имаа можност да одберат место во 17 обвинителствата – сите во внатрешноста на државата.

The post Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители appeared first on Република.

]]>

Новата генерација јавни обвинители сакаат да работат во местото на живеење. Според списоците објавени од Советот на јавни обвинители, речиси сите побарале својата кариера да ја градат во родното место. За антикорупциската комисија тоа не е спорно иако меѓу кандидатите се деца или брачни другари на политичари и актуелни обвинители. За нив важно било новите обвинителите да не се во обвинителствата каде работат нивни блиски роднини, објави Сител. Сепак, според антикорупционерите, притисоците и влијанијата се редовна појава, па дали новите обинители ќе останат имуни, зависи само од нивниот интегритет. Според списоците на Советот на Јавни обвинители, синот на собранискиот претседател Џафери место бара во гостиварското обвинителство каде за три испразнети места има шестмина кандидати.. Сопругата на Абази пак обвинителската служба сака да ја извршува во Кичево. И останатите нивни колеги побареле место во обвинителствата според местото на живеење. Антикорупциска пак смета дека е потребна анализа дали е потребно во секоја општина да има Јавно обвинителството. Дали новите обвинители ќе добијат местото кое го посакуваат зависи од Советот на јавни обвинители. Од таму за Сител велат дека во тек се интервјуата со кандидатите, а изборот ќе случи најверојатно идниот месец. Последната генерација брои 28мина обвинители, а според испразнетите места, имаа можност да одберат место во 17 обвинителствата – сите во внатрешноста на државата.

The post Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители appeared first on Република.

]]>
Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам https://republika.mk/vesti/makedonija/veli-i-jas-sum-dete-na-sudija-sekade-e-ubava-traditsija-a-kaj-nas-e-nepotizam/ Sun, 05 Mar 2023 16:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=616129

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители.

Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.

Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>

Кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција а кај нас е непотизам, вели за „Детектор“, Елвин Вели, Претседател на Здружението на обвинители. Според него, кој и самиот е дете на судија, децата на правосудниот кадар не треба да бидат дискриминирани и треба да им се овозможи доколку сакаат и можат да станат дел од правосудниот систем, но како што вели, критериумите и правилата мора да бидат исти за сите.
Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем. Видете, нормално е следејќи го мојот родител како судија цел живот да ме привлекува правото. Тој првично беше против да бидам правник, но ме остави. И сметам дека сите треба да имаме еднакви можности до делот на аплицирање и во дел на запишување и завршување конкретно сега во Академијата како единствен начин за влегување во правосудството, рече Вели за Детектор.

The post Вели: И јас сум дете на судија, секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам appeared first on Република.

]]>
Џафери: И моето дете има право да работи https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-i-moeto-dete-ima-pravo-da-raboti/ Wed, 22 Feb 2023 13:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=611942

Моите деца, како и сите граѓани на оваа држава, ги уживаат истите права и можности во оваа општество, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако името на неговиот син Барлет Џафери се најде на листата на оние кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители.

Спикерот Џафери на денешниот брифинг со новинарите додаде дека иако Државната комисија за спречување на корупцијата покрена постапка против неговиот син, таа била запрена, бидејќи, како што рече, Антикорупциска не можела да утврди злоупотреба.

 И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа. Во секој случај, јас сум свесен како претседател на Собранието, како носител на јавна функција, дека сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на висока функција. Антикорупциска имала постапка и таа постапка е запрена, бидејќи не можело да се утврди злоупотреба од страна на мојот син. Работа на институциите е друга работа и тоа не не засега ниту мојот син, ниту мене, рече Џафери.

The post Џафери: И моето дете има право да работи appeared first on Република.

]]>

Моите деца, како и сите граѓани на оваа држава, ги уживаат истите права и можности во оваа општество, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, откако името на неговиот син Барлет Џафери се најде на листата на оние кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители. Спикерот Џафери на денешниот брифинг со новинарите додаде дека иако Државната комисија за спречување на корупцијата покрена постапка против неговиот син, таа била запрена, бидејќи, како што рече, Антикорупциска не можела да утврди злоупотреба.
 И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа. Во секој случај, јас сум свесен како претседател на Собранието, како носител на јавна функција, дека сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на висока функција. Антикорупциска имала постапка и таа постапка е запрена, бидејќи не можело да се утврди злоупотреба од страна на мојот син. Работа на институциите е друга работа и тоа не не засега ниту мојот син, ниту мене, рече Џафери.

The post Џафери: И моето дете има право да работи appeared first on Република.

]]>
Што ти значи татко функционер- синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-ti-znachi-tatko-funktsioner-sinot-na-talat-dhaferi-preku-red-bez-zavrshen-fakultet-polozhil-pravosuden-i-ekspresno-stanuva-obvinitel/ Wed, 22 Feb 2023 07:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=611730

И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител.
Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот.,велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови.

Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит.
Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител.

Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието.
Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи.
Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси.

The post Што ти значи татко функционер- синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител. Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот.,велат во ВМРО-ДПМНЕ. Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови. Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит. Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител.
Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието. Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи. Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси.

The post Што ти значи татко функционер- синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител appeared first on Република.

]]>
Тортевски: Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение https://republika.mk/vesti/makedonija/tortevski-dechki-ne-uchete-i-ne-polagajte-pravosuden-ispit-otpechatete-si-sami-uverenie/ Sun, 27 Nov 2022 21:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=578864

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит - ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година - ги совтува Тортевски своите помлади колеги

Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

The post Тортевски: Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение appeared first on Република.

]]>

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит - ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.
Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година. ДЕЧКИ!!!! НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ. Само водете сметка да ставите датум постар од една година - ги совтува Тортевски своите помлади колеги
Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

The post Тортевски: Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение appeared first on Република.

]]>
Џукановиќи, Вучичи и Рами гомна да јадат, никој нема ваква моќ и доминација над 2 милиони народ и цела држава https://republika.mk/vesti/makedonija/dzukanovikji-vuchichi-i-rami-gomna-da-jadat-nikoj-nema-vakva-mokj-i-dominacija-nad-2-milioni-narod-i-cela-drzava/ Fri, 25 Nov 2022 12:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=578220

Синот на Талат Џафери положил правосуден пред да дипломира, но Правда не ја чува документацијата. Што се зае*авал воопшто да дипломира, Мерко сите ги направи доктори на науки, коментира Ивор Мицковски, по соопштението на Антикорупциска дека не може да отвори предмет за синот на Џафери, оти Министерството за правда не ја зачувало документацијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ne-moze-da-otvori-predmet-za-sinot-na-dzaferi-oti-ministerstvoto-za-pravda-ne-ja-zachuvalo-dokumentacijata/

Ако дечки, си направивте мафијашка држава по ваша мерка, Џукановиќи, Вучичи и Рами гомна да јадат, никој нема ваква моќ и доминација над 2 милиони народ и цела држава, вели Мицковски.

The post Џукановиќи, Вучичи и Рами гомна да јадат, никој нема ваква моќ и доминација над 2 милиони народ и цела држава appeared first on Република.

]]>

Синот на Талат Џафери положил правосуден пред да дипломира, но Правда не ја чува документацијата. Што се зае*авал воопшто да дипломира, Мерко сите ги направи доктори на науки, коментира Ивор Мицковски, по соопштението на Антикорупциска дека не може да отвори предмет за синот на Џафери, оти Министерството за правда не ја зачувало документацијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ne-moze-da-otvori-predmet-za-sinot-na-dzaferi-oti-ministerstvoto-za-pravda-ne-ja-zachuvalo-dokumentacijata/
Ако дечки, си направивте мафијашка држава по ваша мерка, Џукановиќи, Вучичи и Рами гомна да јадат, никој нема ваква моќ и доминација над 2 милиони народ и цела држава, вели Мицковски.

The post Џукановиќи, Вучичи и Рами гомна да јадат, никој нема ваква моќ и доминација над 2 милиони народ и цела држава appeared first on Република.

]]>
ДКСК не може да отвори предмет за синот на Џафери, оти Министерството за правда не ја зачувало документацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ne-moze-da-otvori-predmet-za-sinot-na-dzaferi-oti-ministerstvoto-za-pravda-ne-ja-zachuvalo-dokumentacijata/ Thu, 24 Nov 2022 14:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=577885

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.

ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.

Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.

Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас.

Членовите беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат елктронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби се уште постојат.

Министерот зошто ги става токму овие документи за една година да се поништат, немаме од кого да земеме одговороност, одговорност од лица кои веќе не се одговорни не можеме да бараме, но факт е дека нас не интерсаира сегашната состојба бидејќи сега имаме закон за рамката тогаш немало, појасни Ивановска.

Оцени дека најдобра опција е да се предложи електронско досие.

-Дали да предложиме да ги објавуваат да ги чуваат електронски во оваа ера на дигиталзиација да се стават на едно електронско досие на Министерството и така е најдобро и ќе го предложиме, рече Ивановска. Бидејќи веќеќе имаме дефинитрано точно колку поени дефинираат каков степен, меѓутоа остана предлог да видиме дали се почитува да побараме до МОН, односно до државниот просветен инспекторат да провери дали оваа состојба е надмината или не, бидејќи следниот предмет што ќе го имам повторно го допира прашањето на давањето можност предвреме да се полага правосудниот испит, појасни Ивановска.

На седницата беа разгледани и други конкретни предмети и беа отворени прашања и предлози, меѓу кои и антикорупциска проверка на законот за катастар на недвижности од аспект на состав на органите на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ, поради можен судир на интереси во самата структриа на органите.

The post ДКСК не може да отвори предмет за синот на Џафери, оти Министерството за правда не ја зачувало документацијата appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата. ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.
Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.
Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас. Членовите беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат елктронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби се уште постојат.