барикади Archives - Република https://republika.mk/tema/barikadi/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Feb 2023 07:56:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png барикади Archives - Република https://republika.mk/tema/barikadi/ 32 32 Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? https://republika.mk/tvitovi/kako-beshe-onaa-sharena-mantra-zarobena-drzhava-zatvorena-drzhava-ili-zabegana-drzhava/ Sat, 04 Feb 2023 07:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=604556

Со барикади се „чува“ Свети Спас од граѓаните

The post Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? appeared first on Република.

]]>

Со барикади се „чува“ Свети Спас од граѓаните

The post Како беше онаа шарена мантра – заробена држава, затворена држава или забегана држава? appeared first on Република.

]]>
Почна отстранувањето на барикадите во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/pochna-otstranuvaneto-na-barikadite-vo-kosovo/ Thu, 29 Dec 2022 09:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=591340

Србите на Косово и Метохија почнаа да ги отстрануваат барикадите на  Мердар.

Барикадата која беше во знак на поддршка на уапсените Срби, а ја поставија група граѓани, после нивното вчерашно ослободување, штотуку е тргната.

The post Почна отстранувањето на барикадите во Косово appeared first on Република.

]]>

Србите на Косово и Метохија почнаа да ги отстрануваат барикадите на  Мердар. Барикадата која беше во знак на поддршка на уапсените Срби, а ја поставија група граѓани, после нивното вчерашно ослободување, штотуку е тргната.

The post Почна отстранувањето на барикадите во Косово appeared first on Република.

]]>
РТС: Се уште не е почнато отстранувањето на барикадите во северниот дел на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/rts-se-ushte-ne-e-pochnato-otstranuvaneto-na-barikadite-vo-severniot-del-na-kosovo/ Thu, 29 Dec 2022 08:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=591306

Сè уште не е започнато отстранувањето на барикадите на Рудар, ниту пак на луѓето на барикадите им е кажано кога ќе бидат отстранети, јави РТС, пренесе Бета.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово треба да започне денеска во утринските часови.

Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа“.

The post РТС: Се уште не е почнато отстранувањето на барикадите во северниот дел на Косово appeared first on Република.

]]>

Сè уште не е започнато отстранувањето на барикадите на Рудар, ниту пак на луѓето на барикадите им е кажано кога ќе бидат отстранети, јави РТС, пренесе Бета. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека отстранувањето на барикадите на северот на Косово треба да започне денеска во утринските часови. Зборувајќи пред јавноста доцна синоќа по средбата со претставници на Србите од северот на Косово во касарната во Рашка, Вучиќ рече дека „отстранувањето на барикадите не е лесно и тие не можат да се отстранат за два часа“.

The post РТС: Се уште не е почнато отстранувањето на барикадите во северниот дел на Косово appeared first on Република.

]]>
Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади https://republika.mk/vesti/balkan/situatsijata-pred-eksplozija-kurti-najavi-deka-ke-gi-otstrani-srpskite-barikadi/ Tue, 27 Dec 2022 08:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=590407

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколку барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.

Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови - изјави Курти.

Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград.

– Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти.

Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска.

– Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти.

Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано“.

The post Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколку барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.
Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови - изјави Курти.
Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград. – Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти. Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска. – Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти. Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано“.

The post Ситуацијата пред експлозија: Курти најави дека ќе ги отстрани српските барикади appeared first on Република.

]]>
Османи му се пожали на Ескобар дека блокадите се поради намерата на Србија да го минира дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/osmani-mu-se-pozali-na-eskobar-deka-blokadite-se-poradi-namerata-na-srbija-da-go-minira-dijalogot/ Mon, 12 Dec 2022 19:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=584911

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на средба со американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар изјави дека е итно потребно отстранување на барикадите што во северно Косово ги поставија припадници на тамошните Срби, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Османи по средбта со американскиот емисар се наведува дека таа нагласила оти барикадите на патните правци кон граничните премини со Србија се поставени „од илегалните структури организирани од криминални банди и диригирани од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.

Според Османи, Приштина „продолжува да се однесува конструктивно“ во преговорите со Белград, додека „дејствијата на Србија претставуваат обид да се минира дијалогот за меѓусебно признавање“ на двете држави.

Претседателката Османи потенцира дека нападите врз институциите на Република Косово и врз оние меѓународните, претставуваат злосторства и нивните автори треба под итно да се соочат со правдата, се вели во соопштението.

Османи се заблагодари на САД за „јасната порака“ што ја испратиле со осудата на блокадите и на нападите со експлозивни средства и со огнено оружје врз косовските полицајци и врз припадниците на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС.

Ескобар се сретна и со премиерот Албин Курти, а предвидени се средби и со лидеритре на политичките партии.

Најавено е дека од Приштина Ескобар ќе отпатува за Белград, на средби со тамошниот државен врв, а во врска со најновата криза предизвикана во северно Косово, каде што локалните Срби поставија барикади и ги блокираа патиштата кон граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

The post Османи му се пожали на Ескобар дека блокадите се поради намерата на Србија да го минира дијалогот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на средба со американскиот специјален пратеник за Балканот, Габриел Ескобар изјави дека е итно потребно отстранување на барикадите што во северно Косово ги поставија припадници на тамошните Срби, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението од кабинетот на Османи по средбта со американскиот емисар се наведува дека таа нагласила оти барикадите на патните правци кон граничните премини со Србија се поставени „од илегалните структури организирани од криминални банди и диригирани од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“. Според Османи, Приштина „продолжува да се однесува конструктивно“ во преговорите со Белград, додека „дејствијата на Србија претставуваат обид да се минира дијалогот за меѓусебно признавање“ на двете држави.
Претседателката Османи потенцира дека нападите врз институциите на Република Косово и врз оние меѓународните, претставуваат злосторства и нивните автори треба под итно да се соочат со правдата, се вели во соопштението.
Османи се заблагодари на САД за „јасната порака“ што ја испратиле со осудата на блокадите и на нападите со експлозивни средства и со огнено оружје врз косовските полицајци и врз припадниците на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС. Ескобар се сретна и со премиерот Албин Курти, а предвидени се средби и со лидеритре на политичките партии. Најавено е дека од Приштина Ескобар ќе отпатува за Белград, на средби со тамошниот државен врв, а во врска со најновата криза предизвикана во северно Косово, каде што локалните Срби поставија барикади и ги блокираа патиштата кон граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

The post Османи му се пожали на Ескобар дека блокадите се поради намерата на Србија да го минира дијалогот appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Се надевам дека КФОР ќе биде доволно паметен да не дозволи насилно отстранување на барикадите на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/vuchevikj-se-nadevam-deka-kfor-kje-bide-dovolno-pameten-da-ne-dozvoli-nasilno-otstranuvanje-na-barikadite-na-kosovo/ Mon, 12 Dec 2022 08:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=584565

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека се надева оти ќе има „доволна интелигенција и одлучност“ во КФОР и ЕУЛЕКС да не дозволат насилно отстранување на барикадите на Косово.

Ние сме подготвени (Србија да испрати барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Косово) и Владата ќе одлучи за тоа во текот на неделата. Тоа (испраќањето на барањето) не ни падна на памет од очај, туку поради правните обрасци од Резолуцијата 1244, бидејќи очигледно нема доволно безбедносни капацитети, изјави министерот за белградски медиуми.

Тој рече дека Србија ќе се обиде да направи се што може за да го зачува мирот и дека ќе бара политички договор, но дека за тоа е потребна волја од двете страни, односно и од Белград и од Приштина.

The post Вучевиќ: Се надевам дека КФОР ќе биде доволно паметен да не дозволи насилно отстранување на барикадите на Косово appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека се надева оти ќе има „доволна интелигенција и одлучност“ во КФОР и ЕУЛЕКС да не дозволат насилно отстранување на барикадите на Косово.
Ние сме подготвени (Србија да испрати барање до КФОР за враќање на безбедносните сили на Косово) и Владата ќе одлучи за тоа во текот на неделата. Тоа (испраќањето на барањето) не ни падна на памет од очај, туку поради правните обрасци од Резолуцијата 1244, бидејќи очигледно нема доволно безбедносни капацитети, изјави министерот за белградски медиуми.
Тој рече дека Србија ќе се обиде да направи се што може за да го зачува мирот и дека ќе бара политички договор, но дека за тоа е потребна волја од двете страни, односно и од Белград и од Приштина.

The post Вучевиќ: Се надевам дека КФОР ќе биде доволно паметен да не дозволи насилно отстранување на барикадите на Косово appeared first on Република.

]]>
На Косово се уште затворени премините Брњак и Јариње https://republika.mk/vesti/balkan/na-kosovo-se-ushte-zatvoreni-preminite-brnjak-i-jarinje/ Sun, 11 Dec 2022 10:31:38 +0000 https://republika.mk/?p=584224

Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци, јави агенцијата Бета.
Блокади на патиштата организираа Србите од северот на Косово по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а косовската полиција соопшти дека Брњак и Јариње од претпазливост се привремено затворени.
Како што јави Радио телевизија Србија, ноќта поминала мирно, додека пред полноќ одвреме-навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети.
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свечља во саботата изјави дека Пантиќ е уапсен затоа што „организирал терористички напад во просториите на Централната изборна комисија на северот на земјата“.
Косовскиот премиер Албин Курти рече дека барикадите треба веднаш да се отстранат, а косовската претседателка Вјоса Османи рече дека е постигнат договор изборите во четири општини на северот на Косово да се одложат за април 2023 година.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е усогласен текстот на барањата што ќе биде испратен до командантот на меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) за враќање на одреден број српски војници и полицајци на територијата на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Тој посочи дека Пантиќ бил уапсен „додека носел леб“ на своето семејство кое живее во зградата каде што се наоѓаат канцелариите на ЦИК.

The post На Косово се уште затворени премините Брњак и Јариње appeared first on Република.

]]>

Главните патишта на северот на Косово се уште се блокирани, а административните премини Брњак и Јариње се затворени и за возила и за пешаци, јави агенцијата Бета. Блокади на патиштата организираа Србите од северот на Косово по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, а косовската полиција соопшти дека Брњак и Јариње од претпазливост се привремено затворени. Како што јави Радио телевизија Србија, ноќта поминала мирно, додека пред полноќ одвреме-навреме се слушале пукотници и детонации, но нема информации за повредени или ранети. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељај Свечља во саботата изјави дека Пантиќ е уапсен затоа што „организирал терористички напад во просториите на Централната изборна комисија на северот на земјата“. Косовскиот премиер Албин Курти рече дека барикадите треба веднаш да се отстранат, а косовската претседателка Вјоса Османи рече дека е постигнат договор изборите во четири општини на северот на Косово да се одложат за април 2023 година. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е усогласен текстот на барањата што ќе биде испратен до командантот на меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) за враќање на одреден број српски војници и полицајци на територијата на Косово, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој посочи дека Пантиќ бил уапсен „додека носел леб“ на своето семејство кое живее во зградата каде што се наоѓаат канцелариите на ЦИК.

The post На Косово се уште затворени премините Брњак и Јариње appeared first on Република.

]]>
Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени https://republika.mk/vesti/balkan/barikadite-na-kosovo-se-povlekuvaat-dvata-premina-ostanuvaat-zatvoreni/ Mon, 01 Aug 2022 13:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=535764

На северот на Косово се отстранети барикадите од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот телевизијата Н1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Србите,коишто живеат во оваа област ги поставија барикадите пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

Барикадите на Косово се отстранети, но двата премини остануваат затворени

 15:26

На северот на Косово, барикадите се отстранети од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот N1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени.

Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 30 дена.

Преминот Јариње се уште е затворен и не може да се помине дури и пеш. Од двете страни на преминот се формирани колони возила.

Слична е состојбата и на преминот Брњак, додека на преминот Мердаре сообраќајот се одвива нормално, со тоа што на сите со српски лични карти и натаму им се издаваат пропратни документи за влез-излез.

Косовската полиција претходно соопшти дека премините Брњак и Јариње ќе бидат пуштени за сообраќај веднаш по отстранувањето на сите барикади, а на овие премини нема да се применува уредбата на косовската Влада со која се забранува влез на територијата на Косово со српска лична карта.

The post Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени appeared first on Република.

]]>

На северот на Косово се отстранети барикадите од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот телевизијата Н1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени. Србите,коишто живеат во оваа област ги поставија барикадите пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.

Барикадите на Косово се отстранети, но двата премини остануваат затворени

 15:26
На северот на Косово, барикадите се отстранети од сите патишта за да се овозможи сообраќај, но како што јави известувачот N1, премините Јариње и Брњак се уште се затворени. Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуките на Приштина за регистарски таблички и лични документи.
По притисокот на меѓународната заедница, Владата на Косово се согласи да го одложи спроведувањето на тие мерки за 30 дена.
Преминот Јариње се уште е затворен и не може да се помине дури и пеш. Од двете страни на преминот се формирани колони возила. Слична е состојбата и на преминот Брњак, додека на преминот Мердаре сообраќајот се одвива нормално, со тоа што на сите со српски лични карти и натаму им се издаваат пропратни документи за влез-излез. Косовската полиција претходно соопшти дека премините Брњак и Јариње ќе бидат пуштени за сообраќај веднаш по отстранувањето на сите барикади, а на овие премини нема да се применува уредбата на косовската Влада со која се забранува влез на територијата на Косово со српска лична карта.

The post Барикадите на Косово се повлекуваат, двата премина остануваат затворени appeared first on Република.

]]>