банкомати Archives - Република https://republika.mk/tema/bankomati/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 15:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банкомати Archives - Република https://republika.mk/tema/bankomati/ 32 32 Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/koj-nema-kesh-teshko-nemu-ne-funktsioniraat-kartichkite-od-site-banki-vo-tsela-makedonija/ Thu, 27 Jul 2023 12:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=665916

Утринава корисниците на кредитни картички од сите банки во државава се соочија со голем проблем. Плаќањата, но и вадењето пари од картичките е оневозможено. Од НЛБ пратија информација дека нивната мрежа е падната, но информациите од терен говорат дека картичките од ниту една банка не функционираат.

Тоа значи дека ниту од другите поголеми банки, како Комерцијална и Стопанска, картичките не можат да се користат. Вадење пари е единствено можно од шалтерите на банките, а за се друго мора да имате кеш.

Информациите упатуваат на тоа дека се работи за сериозен дефект, поради изгубена врска со главниот провајдер. Се очекува проблемот да биде надминат, но засега не се знае кога би било тоа.

The post Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Утринава корисниците на кредитни картички од сите банки во државава се соочија со голем проблем. Плаќањата, но и вадењето пари од картичките е оневозможено. Од НЛБ пратија информација дека нивната мрежа е падната, но информациите од терен говорат дека картичките од ниту една банка не функционираат. Тоа значи дека ниту од другите поголеми банки, како Комерцијална и Стопанска, картичките не можат да се користат. Вадење пари е единствено можно од шалтерите на банките, а за се друго мора да имате кеш. Информациите упатуваат на тоа дека се работи за сериозен дефект, поради изгубена врска со главниот провајдер. Се очекува проблемот да биде надминат, но засега не се знае кога би било тоа.

The post Кој нема кеш, тешко нему: Не функционираат картичките од сите банки во цела Македонија appeared first on Република.

]]>
„Поинт ретаил парк“: На снимките јасно се лоцирани ограбувачите, очекуваме брзо разрешување на случајот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/point-retail-park-na-snimkite-jasno-se-locirani-ograbuvachite-ochekuvame-brzo-razreshuvanje-na-sluchajot/ Wed, 07 Dec 2022 16:14:17 +0000 https://republika.mk/?p=583069

По вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар Point Retail Park, се огласија од Управата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/video-od-ekplodiranjeto-i-grabezot-na-bankomatite-vo-skopskiot-shoping-centar/

За време на настанот обезбеувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар, велат од Point Retail Park.

Оттаму додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, и истакнуваат дека продолжуваат со редовна и непречена работа.

 

The post „Поинт ретаил парк“: На снимките јасно се лоцирани ограбувачите, очекуваме брзо разрешување на случајот appeared first on Република.

]]>

По вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар Point Retail Park, се огласија од Управата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/video-od-ekplodiranjeto-i-grabezot-na-bankomatite-vo-skopskiot-shoping-centar/
За време на настанот обезбеувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар, велат од Point Retail Park.
Оттаму додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, и истакнуваат дека продолжуваат со редовна и непречена работа.  

The post „Поинт ретаил парк“: На снимките јасно се лоцирани ограбувачите, очекуваме брзо разрешување на случајот appeared first on Република.

]]>
Видео од екплодирањето и грабежот на банкоматите во скопскиот шопинг центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/video-od-ekplodiranjeto-i-grabezot-na-bankomatite-vo-skopskiot-shoping-centar/ Wed, 07 Dec 2022 15:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=583027

Неколку лица со закана со оружје во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Како што објави „Зум“, кои споделија и видео од инцидентот, станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада.


Од МВР информираа дека во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Видео од екплодирањето и грабежот на банкоматите во скопскиот шопинг центар appeared first on Република.

]]>

Неколку лица со закана со оружје во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Како што објави „Зум“, кои споделија и видео од инцидентот, станува збор за „Поинт ретаил парк“, а полицијата поради тоа го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско косовска бригада. Од МВР информираа дека во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Видео од екплодирањето и грабежот на банкоматите во скопскиот шопинг центар appeared first on Република.

]]>
Киев во моментов: Гужва во маркетите, се прават залихи, се вадат пари од банкомати „за секој случај“ https://republika.mk/vesti/svet/kiev-vo-momentov-guzva-vo-marketite-se-pravat-zalihi-se-vadat-pari-od-bankomati-za-sekoj-sluchaj/ Thu, 24 Feb 2022 07:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=462772

Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и се истоварија војници на нејзиниот јужен брег, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.

Набргу откако Путин се обрати на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

Владимир Путин ја најави воената операција во Украина во 5.55 часот по московско време – а неколку минути подоцна првите гранатирања и проектили беа лансирани во Украина.

Во главниот град Киев, се огласија сирените за итни случаи, а фотографии и снимки на социјалните мрежи покажуваат колони автомобили во обид да го напуштат градот. На жителите на Киев им е кажано да останат дома и да спакуваат торба со потребните работи, во случај да треба нагло да заминат. Но, голем дел од нив побрзаа во киевското метро за да побараат засолниште, пишува Си-Ен-Ен.

Во близина на главниот град, како што јавија локалните медиуми, се слушале пукотници.

Низ градот, црвените стрели насликани на ѕидовите ги означуваат локациите на најблиските засолништа од бомби. Градот првпат ги постави по избивањето на војната на истокот од земјата во 2014 година, но неодамна беа повторно обоени, за да не се пропуштаат.

„Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.

„Ова е агресивна војна. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот може и мора да го запре Путин. Време е да се дејствува“.

Реагирајќи на инвазијата што САД ја предвидуваа со недели, американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите молитви се со народот на Украина „додека трпи неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“.

Претходно, Русија побара запирање на проширувањето на НАТО кон исток, а Путин го повтори својот став дека членството на Украина во Атлантската воена алијанса предводена од САД е неприфатливо. Тој рече дека ја одобрил воената акција затоа што Русија немала друг избор освен да се брани од, како што рече, заканите кои доаѓаат од модерна Украина, демократска држава со 44 милиони жители.

„Русија не може да се чувствува безбедна, да се развива и да постои со постојана закана што произлегува од територијата на модерна Украина“, рече Путин. „Целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата при најавата на воените операции. Тој, исто така, истакна дека Русија не планира окупација на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и граничните сили и дека експлозии се слушнале во многу градови.

Тој рече дека е прогласена вонредна состојба и дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден. Во средата беа мобилизирани резервисти. – Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина, рече Зеленски.

Украинските вооружени сили објавија соопштение во кое се вели дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата, јави Би-Би-Си. Русија, исто така, изврши ракетни напади врз аеродромот Бориспил во близина на Киев и неколку други аеродроми, се вели во соопштението.

Локалните медиуми цитираат украински официјални лица дека војници во Белорусија се приклучуваат на рускиот напад, што значи дека офанзивата сега доаѓа и од северот на Украина.  Нападот од север ги дополнува руските напади на истокот на Украина и движењето на руските трупи кон Одеса на југ.

Истовремено, проруските сепаратисти објавија дека почнале офанзива против градот Шчастија во провинцијата Лугањск, што е под контрола на Украина. Во провинцијата Доњецк почнале голема воена операција долж линијата на одвојување, јавија руските медиуми.

Меѓународната заедница остро го осуди нападот и најавија силен одговор.

Утрово во Киев е тивко. Би-Би-Си јавува дека е забележливо поголемо воено присуство од вообичаено. Жители се жалат дека изгубиле врска на нивните телефони. Исто така, локалните медиуми информираат дека во супермаркетите е гужва, а луѓето прават залихи од храна и продукти, како и дека вадат пари од банкоматите „за секој случај“

The post Киев во моментов: Гужва во маркетите, се прават залихи, се вадат пари од банкомати „за секој случај“ appeared first on Република.

]]>

Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и се истоварија војници на нејзиниот јужен брег, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот. Набргу откако Путин се обрати на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев. Владимир Путин ја најави воената операција во Украина во 5.55 часот по московско време – а неколку минути подоцна првите гранатирања и проектили беа лансирани во Украина. Во главниот град Киев, се огласија сирените за итни случаи, а фотографии и снимки на социјалните мрежи покажуваат колони автомобили во обид да го напуштат градот. На жителите на Киев им е кажано да останат дома и да спакуваат торба со потребните работи, во случај да треба нагло да заминат. Но, голем дел од нив побрзаа во киевското метро за да побараат засолниште, пишува Си-Ен-Ен. Во близина на главниот град, како што јавија локалните медиуми, се слушале пукотници. Низ градот, црвените стрели насликани на ѕидовите ги означуваат локациите на најблиските засолништа од бомби. Градот првпат ги постави по избивањето на војната на истокот од земјата во 2014 година, но неодамна беа повторно обоени, за да не се пропуштаат. „Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер. „Ова е агресивна војна. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот може и мора да го запре Путин. Време е да се дејствува“. Реагирајќи на инвазијата што САД ја предвидуваа со недели, американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите молитви се со народот на Украина „додека трпи неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“. Претходно, Русија побара запирање на проширувањето на НАТО кон исток, а Путин го повтори својот став дека членството на Украина во Атлантската воена алијанса предводена од САД е неприфатливо. Тој рече дека ја одобрил воената акција затоа што Русија немала друг избор освен да се брани од, како што рече, заканите кои доаѓаат од модерна Украина, демократска држава со 44 милиони жители. „Русија не може да се чувствува безбедна, да се развива и да постои со постојана закана што произлегува од територијата на модерна Украина“, рече Путин. „Целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на владејачкиот режим во Украина, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата при најавата на воените операции. Тој, исто така, истакна дека Русија не планира окупација на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и граничните сили и дека експлозии се слушнале во многу градови. Тој рече дека е прогласена вонредна состојба и дека телефонски разговарал со американскиот претседател Џо Бајден. Во средата беа мобилизирани резервисти. – Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина, рече Зеленски. Украинските вооружени сили објавија соопштение во кое се вели дека руската војска започнала „интензивно гранатирање“ кон нивните единици на истокот на земјата, јави Би-Би-Си. Русија, исто така, изврши ракетни напади врз аеродромот Бориспил во близина на Киев и неколку други аеродроми, се вели во соопштението. Локалните медиуми цитираат украински официјални лица дека војници во Белорусија се приклучуваат на рускиот напад, што значи дека офанзивата сега доаѓа и од северот на Украина.  Нападот од север ги дополнува руските напади на истокот на Украина и движењето на руските трупи кон Одеса на југ. Истовремено, проруските сепаратисти објавија дека почнале офанзива против градот Шчастија во провинцијата Лугањск, што е под контрола на Украина. Во провинцијата Доњецк почнале голема воена операција долж линијата на одвојување, јавија руските медиуми. Меѓународната заедница остро го осуди нападот и најавија силен одговор. Утрово во Киев е тивко. Би-Би-Си јавува дека е забележливо поголемо воено присуство од вообичаено. Жители се жалат дека изгубиле врска на нивните телефони. Исто така, локалните медиуми информираат дека во супермаркетите е гужва, а луѓето прават залихи од храна и продукти, како и дека вадат пари од банкоматите „за секој случај“

The post Киев во моментов: Гужва во маркетите, се прават залихи, се вадат пари од банкомати „за секој случај“ appeared first on Република.

]]>