По вооружениот грабеж кој рано утрово се случи во трговскиот центар Point Retail Park, се огласија од Управата.

За време на настанот обезбеувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаи. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар, велат од Point Retail Park.

Оттаму додаваат дека очекуваат брзо разрешување на случајот, и истакнуваат дека продолжуваат со редовна и непречена работа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.