банкнота Archives - Република https://republika.mk/tema/banknota/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 08:02:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банкнота Archives - Република https://republika.mk/tema/banknota/ 32 32 Ретка банкнота од 10.000 долари продадена на аукција за рекордни 480.000 долари https://republika.mk/vesti/svet/retka-banknota-od-10-000-dolari-prodadena-na-auktsija-za-rekordni-480-000-dolari/ Sun, 24 Sep 2023 08:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=682240

Ретка банкнота од десет илјади американски долари, од периодот по колапсот на Њујоршката берза пред сто години, е продадена за 480.000 долари на аукција, објави Си-Ен-Ен.

Банкнотата, издадена во 1934 година, е оценета дека е со исклучителен квалитет, според аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Далас.

Банкнотата од Бостон, на која се наоѓа ликот на тогашниот секретар за финансии на претседателот Линколн, Салмон П. Чејс, беше ѕвезда на аукцијата на банкноти и е продадена за рекордна цена.

Банкнотите со големи деноминации отсекогаш го привлекувале интересот на колекционерите од секаков вид“, вели Дастин Џонстон од „Херитиџ аукшнс“ во соопштение за јавноста.

Банкнотата од 10.000 долари стои само зад златниот сертификат од 100.000 долари издаден во 1934 година, а од 18-те примероци оценети од експерти, овој примерок имал речиси највисока оценка.

Највисоката цена за која претходно била продадена банкнота од 10.000 долари од 1934 година била 384.000 долари во септември 2020 година, изјави портпаролот на аукциската куќа, додавајќи дека продажбата „поставила рекорд за банкнота од 1934 година“.

Банкнотата од 10.000 долари била најголемата деноминација досега во оптек, бидејќи банкнотата од 100.000 долари се користела само за пренос на средства меѓу банките, се наведува на веб-страницата на Музејот на американските финансии. Оваа банкнота, која е ставена на аукција, никогаш не била во оптек, објаснуваат од „Херитиџ“.

Банкнотата од 100 долари е највисоката деноминација во САД од 1969 година, откако биле укинати банкнотите од 500 долари и поголеми.

The post Ретка банкнота од 10.000 долари продадена на аукција за рекордни 480.000 долари appeared first on Република.

]]>

Ретка банкнота од десет илјади американски долари, од периодот по колапсот на Њујоршката берза пред сто години, е продадена за 480.000 долари на аукција, објави Си-Ен-Ен. Банкнотата, издадена во 1934 година, е оценета дека е со исклучителен квалитет, според аукциската куќа „Херитиџ“ со седиште во Далас. Банкнотата од Бостон, на која се наоѓа ликот на тогашниот секретар за финансии на претседателот Линколн, Салмон П. Чејс, беше ѕвезда на аукцијата на банкноти и е продадена за рекордна цена.
Банкнотите со големи деноминации отсекогаш го привлекувале интересот на колекционерите од секаков вид“, вели Дастин Џонстон од „Херитиџ аукшнс“ во соопштение за јавноста.
Банкнотата од 10.000 долари стои само зад златниот сертификат од 100.000 долари издаден во 1934 година, а од 18-те примероци оценети од експерти, овој примерок имал речиси највисока оценка.
Највисоката цена за која претходно била продадена банкнота од 10.000 долари од 1934 година била 384.000 долари во септември 2020 година, изјави портпаролот на аукциската куќа, додавајќи дека продажбата „поставила рекорд за банкнота од 1934 година“.
Банкнотата од 10.000 долари била најголемата деноминација досега во оптек, бидејќи банкнотата од 100.000 долари се користела само за пренос на средства меѓу банките, се наведува на веб-страницата на Музејот на американските финансии. Оваа банкнота, која е ставена на аукција, никогаш не била во оптек, објаснуваат од „Херитиџ“. Банкнотата од 100 долари е највисоката деноминација во САД од 1969 година, откако биле укинати банкнотите од 500 долари и поголеми.

The post Ретка банкнота од 10.000 долари продадена на аукција за рекордни 480.000 долари appeared first on Република.

]]>
Ова е најскапата банкнота на светот: „Големата лубеница“ вреди 3,3 милиони долари https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-najskapata-banknota-na-svetot-golemata-lubenitsa-vredi-3-3-milioni-dolari/ Sun, 16 Jul 2023 11:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=661877

Најскапата банкнота во светот е банкнотата од 1.000 американски долари од 1890 година. Во нумизматичката заедница оваа банкнота е позната под името „Голема лубеница“.

Ова симпатично име го доби поради изгледот на нули на задната страна на банкнотата, кои наликуваат на лубеници. На лицето на банкнотата, во нејзиниот централен дел, има голема ознака на износот сместен внатре во овален декоративен елемент кој наликува на лубеница. Во белешката пишува: Соединетите Американски Држави/Ќе му платат на носителот/Илјада долари/во монета, што значи „Соединетите Американски Држави ќе му платат на доносителот илјада долари во монети.

Во левиот дел е прикажан американскиот генерал Џорџ Гордон Мид. Во десниот дел од банкнотата има мал печат на американското Министерство за финансии. Под печатот стои ознаката на местото на издавање - Вашингтон, а над ознаката на годината на издавање: 1890. Потписите на банкнотата се W. S. Rosecrans и E. H. Nebeker, опишува порталот „нумизматика.нет“.

Серискиот број е со црвена боја и се состои од една буква, пет бројки и ѕвездичка. Се наоѓа во долниот лев и горниот десен дел од банкнотата. Сите овие елементи се поставени во внатрешноста на декоративната рамка. Во горниот дел од рамката е натписот: Трезорска белешка, а во долниот дел: Правен тендер 14 јули 1980 година.

На задната страна на банкнотата има голема ознака на износот од 1.000. Нулите овде се обликувани да личат на големи лубеници. А долу стои натписот - оваа банкнота е законско средство за плаќање до нејзината номинална вредност за сите долгови, јавни и приватни, освен ако не е поинаку наведено во договорот.

На годишната конвенција на Флорида одржана на 10 јануари 2014 година во Орландо, аукциската куќа Херитиџ ја продаде оваа банкнота од 1.000 долари од 1890 година за рекордни 3.290.000 долари (тогаш 2,5 милиони евра). Ова ја направи оваа банкнота најскапата банкнота во светот.

Претходно и оваа банкнота го сруши рекордот, кога на приватна продажба во декември 2006 година беше продадена за 2.255.000 долари. Интересно е што оваа банкнота е продадена на аукција одржана во 1944 година за 1.230 долари, а во 1970 година за само 11.000 долари.

На пазарот е достапна само една банкнота со малиот печат на Државната каса (Fr#379b), па не е чудно што достигна толку висока цена. Без сомнение таа повторно ќе го собори рекордот кога ќе се појави на следната аукција. Поминаа девет години од минатата, па можеби наскоро повторно ќе ја види „светлината на денот“.

The post Ова е најскапата банкнота на светот: „Големата лубеница“ вреди 3,3 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Најскапата банкнота во светот е банкнотата од 1.000 американски долари од 1890 година. Во нумизматичката заедница оваа банкнота е позната под името „Голема лубеница“. Ова симпатично име го доби поради изгледот на нули на задната страна на банкнотата, кои наликуваат на лубеници. На лицето на банкнотата, во нејзиниот централен дел, има голема ознака на износот сместен внатре во овален декоративен елемент кој наликува на лубеница. Во белешката пишува: Соединетите Американски Држави/Ќе му платат на носителот/Илјада долари/во монета, што значи „Соединетите Американски Држави ќе му платат на доносителот илјада долари во монети. Во левиот дел е прикажан американскиот генерал Џорџ Гордон Мид. Во десниот дел од банкнотата има мал печат на американското Министерство за финансии. Под печатот стои ознаката на местото на издавање - Вашингтон, а над ознаката на годината на издавање: 1890. Потписите на банкнотата се W. S. Rosecrans и E. H. Nebeker, опишува порталот „нумизматика.нет“. Серискиот број е со црвена боја и се состои од една буква, пет бројки и ѕвездичка. Се наоѓа во долниот лев и горниот десен дел од банкнотата. Сите овие елементи се поставени во внатрешноста на декоративната рамка. Во горниот дел од рамката е натписот: Трезорска белешка, а во долниот дел: Правен тендер 14 јули 1980 година. На задната страна на банкнотата има голема ознака на износот од 1.000. Нулите овде се обликувани да личат на големи лубеници. А долу стои натписот - оваа банкнота е законско средство за плаќање до нејзината номинална вредност за сите долгови, јавни и приватни, освен ако не е поинаку наведено во договорот. На годишната конвенција на Флорида одржана на 10 јануари 2014 година во Орландо, аукциската куќа Херитиџ ја продаде оваа банкнота од 1.000 долари од 1890 година за рекордни 3.290.000 долари (тогаш 2,5 милиони евра). Ова ја направи оваа банкнота најскапата банкнота во светот. Претходно и оваа банкнота го сруши рекордот, кога на приватна продажба во декември 2006 година беше продадена за 2.255.000 долари. Интересно е што оваа банкнота е продадена на аукција одржана во 1944 година за 1.230 долари, а во 1970 година за само 11.000 долари. На пазарот е достапна само една банкнота со малиот печат на Државната каса (Fr#379b), па не е чудно што достигна толку висока цена. Без сомнение таа повторно ќе го собори рекордот кога ќе се појави на следната аукција. Поминаа девет години од минатата, па можеби наскоро повторно ќе ја види „светлината на денот“.

The post Ова е најскапата банкнота на светот: „Големата лубеница“ вреди 3,3 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета https://republika.mk/vesti/svet/avstralija-ja-menuva-banknotata-od-pet-dolari-so-likot-na-pokojnata-kralitsa-elizabeta/ Thu, 02 Feb 2023 07:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=603599

Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата.

Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението.

Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.

Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и оти може да биде заменет со австралиски мотиви.

Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата.

На австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети.

The post Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета appeared first on Република.

]]>

Австралија ќе ја замени својата банкнота од пет австралиски долари на која е портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн што ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, соопшти денеска Националната банка на земјата. Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението. Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот. Австралиските власти по смртта на Елизабета Втора соопштија дека ликот на кралот Чарлс Трети нема автоматски да го замени ликот на починатата британска кралица на банкнотата од пет долари и оти може да биде заменет со австралиски мотиви. Банкнотата од пет австралиски долари е единствената банкнота во земјата што го носи ликот на кралицата. На австралиските монети мора да стои ликот на британскиот монарх, а на новите монети ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети.

The post Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета appeared first on Република.

]]>
Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/eve-kako-da-gi-prepoznaete-falsifikuvanite-banknoti-od-2-000-denari-koi-vrtat-niz-makedonija/ Thu, 03 Feb 2022 22:30:26 +0000 https://republika.mk/?p=453835

Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи. Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба да се обратат до банките или до Министерството за внатрешни работи.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, велат од Народна банка.

Фалсификуваната банкнота може да се препознае по основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средишен дел на предната страна на банкнотата. Кај фалсификуваната банкнота, овој елемент воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување под одреден агол, може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на сликата:

Втор елемент по кој може да се разликува оргиналот од фалсификатот е заштитниот конец којшто е вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци. Со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите, но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно може да се воочи дека е имитиран:

 

Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат и по водениот печат. Кај фалсификатот е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку се постави банкнотата под извор на светлина.

The post Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2.000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи. Со цел да се заштитат граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на којшто може да се провери дали станува збор за фалсификат. Доколку се забележи фалсификувана банкнота, граѓаните треба да се обратат до банките или до Министерството за внатрешни работи.
Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, велат од Народна банка.
Фалсификуваната банкнота може да се препознае по основниот заштитен елемент, отпечатен со оптички варијабилна боја, којшто се наоѓа на горниот средишен дел на предната страна на банкнотата. Кај фалсификуваната банкнота, овој елемент воопшто не ја менува бојата со придвижување на банкнотата, додека кај оригиналните банкноти, со придвижување под одреден агол, може да се забележи како се менува неговата боја од зелена во сина и се појавува светлозелен прстен којшто симулира ефект на движење, како што е прикажано на сликата: Втор елемент по кој може да се разликува оргиналот од фалсификатот е заштитниот конец којшто е вметнат меѓу двата слоја хартија со видливи засеци. Со придвижување на банкнотата создава лажен впечаток на делумно менување на боите, но, доколку се набљудува малку повнимателно јасно може да се воочи дека е имитиран:   Исто така, фалсификуваните банкноти може да се препознаат и по водениот печат. Кај фалсификатот е имитиран со нанесување на основниот мотив со нијанса на жолтеникава и сива боја и е видлив, додека кај оригиналните банкноти е видлив единствено доколку се постави банкнотата под извор на светлина.

The post Еве како да ги препознаете фалсификуваните банкноти од 2.000 денари кои вртат низ Македонија appeared first on Република.

]]>