Балканот е срцето на Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/balkanot-e-srceto-na-evropa/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 12:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балканот е срцето на Европа Archives - Република https://republika.mk/tema/balkanot-e-srceto-na-evropa/ 32 32 „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва https://republika.mk/vesti/kultura/balkanot-e-srtseto-na-evropa-retrospektiva-na-tvoreshtvoto-na-jordan-plevnesh-vo-budva/ Sat, 21 Sep 2024 12:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=818497

Македонскиот писател со меѓународно реноме, амбасадор и претседател на Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, каде што се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор.

Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ.

Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија.

Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми.

На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.

 

The post „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва appeared first on Република.

]]>

Македонскиот писател со меѓународно реноме, амбасадор и претседател на Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, каде што се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор. Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ. Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија. Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми. На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.  

The post „Балканот е срцето на Европа“: Ретроспектива на творештвото на Јордан Плевнеш во Будва appeared first on Република.

]]>
Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата на „Академиа Балканика Еуропеана“ https://republika.mk/vesti/kultura/evrointegraciite-na-balkanot-megju-realnosta-i-iluzijata-na-akademia-balkanika-europeana/ Tue, 10 May 2022 07:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=500232

Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг, во режија на Теодора Сиљаноска и во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, на 10 мај, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата.

На настанот, во организација на „Академиа Балканика Еуропеана“, со поддршка на Министерството за култура, и во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје со свои изведби и дела, (фотографска изложба, филмска презентации, тетарски претстави и други културни и уметнички перформанси) ќе се претстават повеќе млади уметници од регионот.

„Академиа Балканика Еуропеана“ обединува повеќе значајни творци од областа на културата, науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да им овозможи на културната јавност и младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст.

Од повеќето содржини на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Плеј Чехов“, на студентите од класата на проф. Дејан Пројковски и настапот на младите музички уметници од класите на проф. Александар Трајковски и проф. Дарко Мариновски.

Во текот на трите дена во кои што ќе се одвива манифестацијата, ќе бидат оранизирани и мастер клас по фотографија на проф. Елена Бојаџиева-Цвековска, како и мастер-клас по актерска игра од проф. Дејан Пројковски.

Исто така, во рамките на манифестцијата ќе се одржи меѓународна онлајн конференција по наслов: „Балканот е срцето на Европа – Академиа балканика еуропеана – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата”, на која ќе учествуваат повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, проф. Јордан Плевнеш, проф. Александар Прокопиев, проф. Елизабета Шелева, проф. Башким Шеху, проф. Хачиф Мулиќи итн.

The post Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата на „Академиа Балканика Еуропеана“ appeared first on Република.

]]>

Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг, во режија на Теодора Сиљаноска и во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, на 10 мај, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата. На настанот, во организација на „Академиа Балканика Еуропеана“, со поддршка на Министерството за култура, и во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје со свои изведби и дела, (фотографска изложба, филмска презентации, тетарски претстави и други културни и уметнички перформанси) ќе се претстават повеќе млади уметници од регионот.
„Академиа Балканика Еуропеана“ обединува повеќе значајни творци од областа на културата, науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да им овозможи на културната јавност и младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст. Од повеќето содржини на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Плеј Чехов“, на студентите од класата на проф. Дејан Пројковски и настапот на младите музички уметници од класите на проф. Александар Трајковски и проф. Дарко Мариновски. Во текот на трите дена во кои што ќе се одвива манифестацијата, ќе бидат оранизирани и мастер клас по фотографија на проф. Елена Бојаџиева-Цвековска, како и мастер-клас по актерска игра од проф. Дејан Пројковски.
Исто така, во рамките на манифестцијата ќе се одржи меѓународна онлајн конференција по наслов: „Балканот е срцето на Европа – Академиа балканика еуропеана – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата”, на која ќе учествуваат повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, проф. Јордан Плевнеш, проф. Александар Прокопиев, проф. Елизабета Шелева, проф. Башким Шеху, проф. Хачиф Мулиќи итн.

The post Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата на „Академиа Балканика Еуропеана“ appeared first on Република.

]]>