балаш орбан Archives - Република https://republika.mk/tema/balash-orban/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 11:43:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балаш орбан Archives - Република https://republika.mk/tema/balash-orban/ 32 32 Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-budimpeshta-odlichnata-sorabotka-so-ungarija-i-nosi-ekonomski-i-politichki-napredok-na-makedonija/ Thu, 01 Aug 2024 11:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=802341

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари работна средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија.

На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи на Македонија за поддршка на домашната економија.

Заменик претседателот Николоски изрази огромна благодарност до унгарскиот колега Орбан и ја потенцира подготвеноста на Владата за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се потврди подоготвеноста на Унгарија за обезбедување на потребните ресурси за справување со пожарите во нашата земја преку последната одлука на унгарската влада да испрати противпожарни возила.

Заменик претседателот Николоски на средбата ја истакна цврстата заложба на Владата за спроведување на потребните реформи и беше истакната важноста на евроинтегративниот процес за одржување на стабилноста на регионот. Политичките односи помеѓу двете земји се на високо ниво, истакна заменик претседателот Николоски, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува Унгарија за Македонија во насока на забрзување на евроинтегративниот процес.

Покрај разменета на мислења во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, заменик претседателот Николоски ги претстави и приоритетите на Владата во делот на условите и привлекувањето на странски инвестиции.

На средбата се отворија и прашањата за безбедноста во регионот и Европа, притоа заменик претседателот Николоски нагласи дека Македонија останува на курсот за активно учество за промоција на стабилноста и безбедноста преку одбранбените иницијативи на Европската Унија и НАТО за зајакнување на трансатлантска безбедност.

Двајата говорници се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, зголемувајќи ја преку искуствата на унгарската влада во европските процеси.

The post Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари работна средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија. На средбата беа потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји, а посебен акцент беше ставен на финансиската поддршка од 500 милиони евра што Унгарија ја овозможи на Македонија за поддршка на домашната економија. Заменик претседателот Николоски изрази огромна благодарност до унгарскиот колега Орбан и ја потенцира подготвеноста на Владата за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На средбата се потврди подоготвеноста на Унгарија за обезбедување на потребните ресурси за справување со пожарите во нашата земја преку последната одлука на унгарската влада да испрати противпожарни возила.
Заменик претседателот Николоски на средбата ја истакна цврстата заложба на Владата за спроведување на потребните реформи и беше истакната важноста на евроинтегративниот процес за одржување на стабилноста на регионот. Политичките односи помеѓу двете земји се на високо ниво, истакна заменик претседателот Николоски, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува Унгарија за Македонија во насока на забрзување на евроинтегративниот процес.
Покрај разменета на мислења во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, заменик претседателот Николоски ги претстави и приоритетите на Владата во делот на условите и привлекувањето на странски инвестиции. На средбата се отворија и прашањата за безбедноста во регионот и Европа, притоа заменик претседателот Николоски нагласи дека Македонија останува на курсот за активно учество за промоција на стабилноста и безбедноста преку одбранбените иницијативи на Европската Унија и НАТО за зајакнување на трансатлантска безбедност. Двајата говорници се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, зголемувајќи ја преку искуствата на унгарската влада во европските процеси.

The post Николоски од Будимпешта: Одличната соработка со Унгарија и носи економски и политички напредок на Македонија appeared first on Република.

]]>
Унгарија со предупредување до ЕУ: „Луѓе, вразумете се“ https://republika.mk/vesti/svet/ungarija-so-predupreduvanje-do-eu-lugje-vrazumete-se/ Sun, 26 Jun 2022 18:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=519989

Унгарија повикува на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија, предупредувајќи дека продолжениот конфликт ќе предизвика економска криза што ќе им се заканува на владите ширум Европа, пишува Фајненшл тајмс.

Што побрзиот прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија - порача Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Тој предвидува дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз крај на конфликтот во следните неколку месеци. Истовремено, тој ги повика шефовите на влади на ЕУ „да се вразумат“.

Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната поради нејзината неподготвеност да ги прекине сите врски со Русија и да му даде недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Унгарија не сака да создава проблеми, но… Некои од унгарските партнери во ЕУ беа премногу желни да се борат против рускиот претседател Владимир Путин, што го вовлекува континентот во криза - вели Балаш Орбан.

Тој предупредува дека треба да се размисли за таквата стратегија.

Тие сакаат војна по секоја цена и веруваат дека можат да го победат Путин, можат да го окупираат Кремљ и тоа е нивната цел. На почетокот на конфликтот, барем во медиумите, тоа беше заедничко мислење. Но, би се обложил дека за четири месеци ќе има повеќе рационалност - вели Орбан.

Тој истакнува дека Унгарија не сака да создава проблеми.

Но, ако се обидете да се вклучите во политиката без да ја гледате реалноста околу вас, едноставно ќе ја изгубите довербата на луѓето. Застрашувачки е што во моментов нема искрени дискусии за актуелната состојба. Нашите главни цели треба да бидат преговори и прекин на огнот во наредните месеци - заклучува тој.

The post Унгарија со предупредување до ЕУ: „Луѓе, вразумете се“ appeared first on Република.

]]>

Унгарија повикува на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија, предупредувајќи дека продолжениот конфликт ќе предизвика економска криза што ќе им се заканува на владите ширум Европа, пишува Фајненшл тајмс.
Што побрзиот прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија - порача Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан
Тој предвидува дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз крај на конфликтот во следните неколку месеци. Истовремено, тој ги повика шефовите на влади на ЕУ „да се вразумат“. Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната поради нејзината неподготвеност да ги прекине сите врски со Русија и да му даде недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.