авторизирана Archives - Република https://republika.mk/tema/avtorizirana/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 09:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png авторизирана Archives - Република https://republika.mk/tema/avtorizirana/ 32 32 Спортскиот новинар Зоран Михајлов ја напиша авторизираната биографија на Дарко Панчев https://republika.mk/sport/fudbal/sportskiot-novinar-zoran-mihajlov-ja-napisha-avtoriziranata-biografija-na-darko-panchev/ Wed, 07 Sep 2022 09:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=548209

Доајенот на спортското новинарство, Зоран Михајлов е автор на првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, која наскоро ќе биде пуштена во продажба, најавија од издавачката куќа „Арс Ламина“.

На денешен ден, 7 септември, во 1965 година, во Скопје е роден најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија – Дарко Панчев. Благодарение на своите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до ден-денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, на која ù беше првиот капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.

 

The post Спортскиот новинар Зоран Михајлов ја напиша авторизираната биографија на Дарко Панчев appeared first on Република.

]]>

Доајенот на спортското новинарство, Зоран Михајлов е автор на првата авторизирана биографија на Дарко Панчев, која наскоро ќе биде пуштена во продажба, најавија од издавачката куќа „Арс Ламина“. На денешен ден, 7 септември, во 1965 година, во Скопје е роден најславниот и најуспешниот фудбалер на Македонија – Дарко Панчев. Благодарение на своите голгетерски способности и вродениот рефлекс за скротување на топката во шеснаесетникот, тој се здобива со прекарот Кобра, како што е познат и до ден-денес во фудбалскиот свет. Решетејќи ги мрежите на звучните клубови во Првата југословенска лига како играч на Вардар, успева да стигне до врвот на лигата во сезоната 1986/87 година, по што станува привлечен за клубовите од т.н. „Голема четворка“: српските Црвена звезда и Партизан, и хрватските Динамо Загреб и Хајдук. Но, најбрза во трката за неговиот потпис е белградска Звезда, каде што ќе го достигне зенитот во својата кариера – освојување на тронот на клупска Европа и тоа токму со неговиот победнички погодок во пенал-рулетот против Олимпик Марсеј, и добивањето на Златната копачка за најдобар стрелец во Европа. Потоа настапува и за гигантот Интер од Милано, за Лајпциг, Фортуна Диселдорф и за Сион, каде што ја завршува својата кариера. Бележити се и неговите настапи за југословенската репрезентација и за репрезентацијата на Македонија по осамостојувањето, на која ù беше првиот капитен. Тој е прогласен за Фудбалер на векот во Македонија.  

The post Спортскиот новинар Зоран Михајлов ја напиша авторизираната биографија на Дарко Панчев appeared first on Република.

]]>