автобуси Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobusi/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:33:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png автобуси Archives - Република https://republika.mk/tema/avtobusi/ 32 32 Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне https://republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-gi-parkiraa-avtobusite-ke-vozat-samo-popladne/ Fri, 27 Sep 2024 13:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=820313

Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје. Приватните превозници доцна синоќа одржале состанок, на кој одлучиле од денеска да не сообраќаат по редовните линии само во попладневните часови. Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани. Апелираат претседателот на Совет на Град Скопје да ја стави на дневен ред иницијативата за покачување на цената од изминат километар, а советниците да ја поддржат за да може да функционираат.

Инаку вчера претседателот на совет Трајко Славески кажа дека ќе се дискутира само по предлог на градоначалник, но таква одлука немало. Од град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците.

Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес“, реагираа од градот.

Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех.

Советничката од редовите на Алијанса за Албанците поднесе иницијатива за зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници и очекуваше таа да се најде на дневен ред на вчерашната седница. Но како што тврдеше ја одбиле со образложение дека било доцна доставена. Тоа предизвика револт кај приватниците по што одлучија да прекинат делумно со работа.

The post Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне appeared first on Република.

]]>

Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје. Приватните превозници доцна синоќа одржале состанок, на кој одлучиле од денеска да не сообраќаат по редовните линии само во попладневните часови. Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани. Апелираат претседателот на Совет на Град Скопје да ја стави на дневен ред иницијативата за покачување на цената од изминат километар, а советниците да ја поддржат за да може да функционираат. Инаку вчера претседателот на совет Трајко Славески кажа дека ќе се дискутира само по предлог на градоначалник, но таква одлука немало. Од град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците.
Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес“, реагираа од градот.
Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех. Советничката од редовите на Алијанса за Албанците поднесе иницијатива за зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници и очекуваше таа да се најде на дневен ред на вчерашната седница. Но како што тврдеше ја одбиле со образложение дека било доцна доставена. Тоа предизвика револт кај приватниците по што одлучија да прекинат делумно со работа.  

The post Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне appeared first on Република.

]]>
Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/ekonomija/ako-na-skopje-mu-trebaat-250-avtobusi-sigurno-na-drugite-gradovi-vo-makedonija-im-trebaat-ushte-250-avtobusi-veli-mitskoski/ Thu, 05 Sep 2024 11:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=813504

Како влада размислуваме за сите општини во државата да направиме пакет, за да може сите општини што имаат потреба од организиран јавен превоз тоа генерално да го решиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, прашан за проблемите со автобускиот превоз во Град Скопје.
Според Мицкоски, ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси.

-Ние како влада можеме работите да ги решаваме системски, а не парцијално. Затоа има јавен повик, за решавање на проблемите. За 75 дена од денот на формирањето на владата, ние за помалку од една година обезбедуваме 21 милијарда денари за општините, во кои се општините во градот Скопје и Град Скопје. Ги повикуваме сите да аплицираат, да понудат проекти и на тој начин да ги подобриме условите во општините. Набавката на нови автобуси (во Скопје) можеби и не претставува проблем, но во Македонија има и други градови кои што имаат потреба од автобуси и не е само градот Скопје. Ние очекувавме од госпоѓата Арсовска да слушнеме план, очекувавме на координација на советничките групи да слушнеме план, рековме дека безусловно ќе ги поддржиме програмите, и ги поддржавме. Денеска да почнеме процес за набавка на автобуси само за Скопје, претпоставувам дека успешно ќе биде завршен и автобусите ќе бидат испорачани за следната учебна година, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека се на располагање да слушнат и да го поддржат тој план, и ако е планот гласање за кредит за да се набават автобуси што ќе стигнат догодина, како што рече, тоа не е решение за проблемот што го имаат скопјани.

– Проблемот се решава со мобилизација на компанијата Јавно сообраќајно претпријатие, со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку субвенција ги даваат на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, и на тој начин проблемот се решава инстант и брзо, но тоа не може да го стори владата, истакна меѓу другото премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски одговори и за ситуацијата со изградбата на катна гаража во непосредна близина на македонското Собрание, проблем кој, спoред него ,треба да биде решен, а не запоставуван.

– Информиран сум дека е остварена комуникација од страна на кабинетот на спикерот со компанијата што треба да ја гради катната гаража. Во македонското Собрание во текот на следната недела ќе има средба каде што проблемот треба да биде надминат. Треба да знаеме дека компанијата ги има испочитувано сите услови согласно закон, и ние не можеме да ја оштетиме компанијата затоа што некој некогаш не бил разумен и направил нешто што може да ја загрози безбедноста на македонското собрание. Проблемот ние треба да го решаваме и нема да седиме настрана. Тоа што некој се однесувал незрело, ние сега траба да решаваме, а со цел да нема оштетени и притоа да се зачува безбедноста на македонското Собрание, а компанијата согласно закон да се обесштети. Вистинската дреса за овој проблем е Собранието и од таму очекуваме конкретни информации, нагласи претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски.

The post Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Како влада размислуваме за сите општини во државата да направиме пакет, за да може сите општини што имаат потреба од организиран јавен превоз тоа генерално да го решиме, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, прашан за проблемите со автобускиот превоз во Град Скопје. Според Мицкоски, ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси. -Ние како влада можеме работите да ги решаваме системски, а не парцијално. Затоа има јавен повик, за решавање на проблемите. За 75 дена од денот на формирањето на владата, ние за помалку од една година обезбедуваме 21 милијарда денари за општините, во кои се општините во градот Скопје и Град Скопје. Ги повикуваме сите да аплицираат, да понудат проекти и на тој начин да ги подобриме условите во општините. Набавката на нови автобуси (во Скопје) можеби и не претставува проблем, но во Македонија има и други градови кои што имаат потреба од автобуси и не е само градот Скопје. Ние очекувавме од госпоѓата Арсовска да слушнеме план, очекувавме на координација на советничките групи да слушнеме план, рековме дека безусловно ќе ги поддржиме програмите, и ги поддржавме. Денеска да почнеме процес за набавка на автобуси само за Скопје, претпоставувам дека успешно ќе биде завршен и автобусите ќе бидат испорачани за следната учебна година, рече премиерот. Мицкоски посочи дека се на располагање да слушнат и да го поддржат тој план, и ако е планот гласање за кредит за да се набават автобуси што ќе стигнат догодина, како што рече, тоа не е решение за проблемот што го имаат скопјани. – Проблемот се решава со мобилизација на компанијата Јавно сообраќајно претпријатие, со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку субвенција ги даваат на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, и на тој начин проблемот се решава инстант и брзо, но тоа не може да го стори владата, истакна меѓу другото премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски одговори и за ситуацијата со изградбата на катна гаража во непосредна близина на македонското Собрание, проблем кој, спoред него ,треба да биде решен, а не запоставуван. – Информиран сум дека е остварена комуникација од страна на кабинетот на спикерот со компанијата што треба да ја гради катната гаража. Во македонското Собрание во текот на следната недела ќе има средба каде што проблемот треба да биде надминат. Треба да знаеме дека компанијата ги има испочитувано сите услови согласно закон, и ние не можеме да ја оштетиме компанијата затоа што некој некогаш не бил разумен и направил нешто што може да ја загрози безбедноста на македонското собрание. Проблемот ние треба да го решаваме и нема да седиме настрана. Тоа што некој се однесувал незрело, ние сега траба да решаваме, а со цел да нема оштетени и притоа да се зачува безбедноста на македонското Собрание, а компанијата согласно закон да се обесштети. Вистинската дреса за овој проблем е Собранието и од таму очекуваме конкретни информации, нагласи претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски.

The post Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, сигурно на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, сите линии се враќаат во нормала https://republika.mk/vesti/skopje/privatnite-prevoznitsi-postignaa-dogovor-so-jsp-site-linii-se-vrakaat-vo-normala/ Mon, 02 Sep 2024 12:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=812310

Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје.

Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа само по една тура, сега колегите се активираат од гаражите за да почнат да возат и да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје, изјави Петрушевски.

Петрушевски, исто така, посочи дека веќе има некои разговори и за цената на километарот и повика тоа да биде разговарано на следната седница на Советот на Град Скопје.

Очекуваме на првата седница на Град Скопје да биде ставена како точка на дневен ред. Советниците на Град Скопје ќе мора да одлучат дали ќе ги прифатат нашите барања за километарот да биде рентабилен и да можеме во иднина да го обновиме возниот парк и да ги плаќаме шоферите со подобра плата за да не ни бегаат, посочи Петрушевски.

Прашан дали протестот е дело од политичките превирања во градската власт, Петрушевски рече дека, не се политички во ниту еден поглед и дека само си ги бараат своите пари.

Два месеци досега возиме наизменично и прва и трета смена, но сега дојдовме во ситуација едногласно сите колеги, дека нема средства за да продолжат да возат. Немаше што да правиме и мораше да застанеме, изјави Петрушевски.

Дел од приватните автобуси претходно се заканија дека денеска ќе сообраќаат по само една смена, од пет часот, односно дека еден автобус ќе вози само една тура, на една линија и тоа на автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20.

The post Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, сите линии се враќаат во нормала appeared first on Република.

Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! https://republika.mk/vesti/skopje/stojanovski-do-arsovska-eve-vi-bel-list-i-napishete-reshenie-za-javniot-prevoz-za-od-ponedelnik-vtori-septemvri/ Thu, 29 Aug 2024 13:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=811290

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.

Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.

Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега, рече Стојановски.

Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.

Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.

The post Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! appeared first on Република.

]]>

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот. Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.
Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега, рече Стојановски.
Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.
Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.
 
The post Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! appeared first on Република.

]]>
Панорамските автобуси вклучени во јавниот превоз, директорот на ЈСП вели дека фалат 40 возила за летниот возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/panoramskite-avtobusi-vklucheni-vo-javniot-prevoz-direktorot-na-jsp-veli-deka-falat-40-vozila-za-letniot-vozen-red/ Sun, 18 Aug 2024 19:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=807742

Панорамските автобуси кои беа купени за туристичко разгледување на Скопје се вклучени во јавниот превоз. ЈСП „Скопје“ се соочува со недостаток на возила, па затоа за да се пополнат линиите, пуштени се и панорамските двокатни автобуси. Но, и покрај тоа, во јавниот превоз, кој моментално се одвива по летен возен ред, недостасуваат автобуси. Проблемот ќе биде поголем од септември, кога со почетокот на учебната година почнува и зимскиот возен ред, за кој се потребни повеќе автобуси.

Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќа недоволен број автобуси за пополнување на возниот ред.

„Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа. Претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред, потребни се 235“, вели Кушовски.

Тој признава дека Град Скопје и ЈСП „Скопје“ без помош од централната власт не можат да го решат проблемот и затоа ја повикува да излезе во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП, бидејќи од септември ќе фалат многу повеќе автобуси.

„Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје“, рече Кушовски.

Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска јавниот превоз во главниот град е пред колапс. Постојано нема доволно автобуси на улиците, па патниците со саати чекаат на станиците. Приватните превозници одбиваат да возат бидејќи не им се плаќа, а шоферите од претпријатито обвинија дека автобусите се неисправни, па поради тоа се случуваат сообраќајни несреќи.

Арсовска дојде на функцијата со ветувањето за бесплатен автобуски превоз за сите граѓани и нови 250 еколошки автобуси.

The post Панорамските автобуси вклучени во јавниот превоз, директорот на ЈСП вели дека фалат 40 возила за летниот возен ред appeared first on Република.

]]>

Панорамските автобуси кои беа купени за туристичко разгледување на Скопје се вклучени во јавниот превоз. ЈСП „Скопје“ се соочува со недостаток на возила, па затоа за да се пополнат линиите, пуштени се и панорамските двокатни автобуси. Но, и покрај тоа, во јавниот превоз, кој моментално се одвива по летен возен ред, недостасуваат автобуси. Проблемот ќе биде поголем од септември, кога со почетокот на учебната година почнува и зимскиот возен ред, за кој се потребни повеќе автобуси. Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќа недоволен број автобуси за пополнување на возниот ред.
„Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа. Претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред, потребни се 235“, вели Кушовски.
Тој признава дека Град Скопје и ЈСП „Скопје“ без помош од централната власт не можат да го решат проблемот и затоа ја повикува да излезе во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП, бидејќи од септември ќе фалат многу повеќе автобуси.
„Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје“, рече Кушовски.
Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска јавниот превоз во главниот град е пред колапс. Постојано нема доволно автобуси на улиците, па патниците со саати чекаат на станиците. Приватните превозници одбиваат да возат бидејќи не им се плаќа, а шоферите од претпријатито обвинија дека автобусите се неисправни, па поради тоа се случуваат сообраќајни несреќи. Арсовска дојде на функцијата со ветувањето за бесплатен автобуски превоз за сите граѓани и нови 250 еколошки автобуси.

The post Панорамските автобуси вклучени во јавниот превоз, директорот на ЈСП вели дека фалат 40 возила за летниот возен ред appeared first on Република.

]]>
Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот https://republika.mk/vesti/skopje/nedostigaat-40-avtobusi-za-popolnuvane-na-letniot-vozen-red-a-ne-sme-ni-od-daleku-blizu-do-pokrivane-na-zimskiot/ Sat, 17 Aug 2024 08:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=807417

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.

Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје, рече Кушовски.

Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.

Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму, рече Кушовски.

Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.

Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи, рече Кушовски.

За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог.

Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.

Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини, вели Кушовски.

Поголемиот дел од автобусите, директорот тврди дека имаат клима. Вели се работи за незначителен број автобуси за кои се чека поправка на климите и тие, додава, сообраќаат во раните утрински часови.

Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред, рече директорот.

Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.

Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија, вели Кушовски.

Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските.

Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.

ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени, подвлече Кушовски.

Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.

Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет, порача Кушовски.

The post Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП. Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.
Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје, рече Кушовски.
Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.
Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму, рече Кушовски.
Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.
Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи, рече Кушовски.
За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог. Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.
Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини, вели Кушовски.
Поголемиот дел од автобусите, директорот тврди дека имаат клима. Вели се работи за незначителен број автобуси за кои се чека поправка на климите и тие, додава, сообраќаат во раните утрински часови.
Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред, рече директорот.
Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.
Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија, вели Кушовски.
Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските. Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.
ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени, подвлече Кушовски.
Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.
Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет, порача Кушовски.

The post Недостигаат 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред, а не сме ни од далеку близу до покривање на зимскиот appeared first on Република.

]]>
Повлечени се 20 автобуси на ЈСП поради дефект, или речиси 10 отсто од моменталниот возен парк https://republika.mk/vesti/skopje/povlecheni-se-20-avtobusi-na-jsp-poradi-defekt-ili-rechisi-10-otsto-od-momentalniot-vozen-park/ Thu, 25 Jul 2024 15:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=800260

Проблемите во ЈСП се како приказна без крај. Кај се соочуваат со мал број на автобуси па дури и тие што ги имаат често се расипуваат. Директорот Кушовски за Телма открива дека се повлечени дури 20 автобуси од скопските улици поради тоа што имаат различни дефекти.

„Проблемот е во тоа што во моментов имаме недостаток од 20 и нешто возила, за да можеме да ги опслужиме линиите кои што се по летен возен ред. Тие се дефектни возила кои што не може да се пуштат во сообраќај“, вели Драги Кушовски, в.д. директор на ЈСП Скопје за Телма

Тој додава дека ЈСП работи според возниот ред од 2012 година, кога во оптек биле 350 автобуси, а сега претпријатието располага со вкупно 200. Од нив на 27 автобуси им беше расипана климатизацијата, а до денес таа е поправена кај 12. Со цел да се одговори на потребите на граѓаните, сообраќаат 15 автобуси на кои допрва ќе им се поправаат клима уредите, вели в.д. директорот на ЈСП. Па, останува проблемот на граѓаните да се возат без климатизација на високите температури.

„Со цел да се одговори на граѓаните, значи може да се случи да има возила од тие 15 што се без клима уред, пуштени во сообраќај“, вели Кушовски.

Поради долгови кои го сардисаа ЈСП споро иде и набавката на резервни делови. Директорот не открил за колкави суми се работи, а потврди дека ЈСП има помал долг кон трите компании на приватни превозници кои поради тоа периодов возат редуцирано. Но, Кушовски демантира дека сумата е 140 милиони денари, како што велат превозниците.

„Досега немаме никакво решение, сѐ уште. И го сменивме возењето од 17 часот попладне во фирмата во која сум јас. Другата фирма, исто, по 17 часот работи. А, третата компанија вози наизменично, од сабајле, навечер и така. Директорот на ЈСП нема никаков слух. Нас не ни требаат никакви состаноци, на нас ни требаат пари. Ние застанавме само заради парите, заради долгот“, вели Оливер Петрушевски, приватен превозник во една од трите компании превозници.

The post Повлечени се 20 автобуси на ЈСП поради дефект, или речиси 10 отсто од моменталниот возен парк appeared first on Република.

За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/za-edna-nedela-itnata-pomosh-imala-11-interventsii-vo-avtobusite-na-jsp/ Tue, 23 Jul 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=799601

Нема зборови со кои ќе се опише катастрофалната состојба со која се соочува Јавното сообраќајно претпријатије. Најмногу страдаат граѓаните кои се принудени на 40 степени да чекаат и да се молат да дојде некој автобус, а и кога ќе дојде имаат што да видат. Тој најчесто е преполн со патници кои брзаат да стигнат некаде. Внатре е преполно, и многу топло. Климата во автобусите на ЈСП е само декор, не работи и најчесто е расипана.

Патници за РСЕ сведочат на неподносливите услови во автобусите на ЈСП. Тие се жалат дека на луѓето им се слошува внатре во автобусите при што некој од патниците ќе повика брза помош.

„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М за РСЕ.

Таа била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош.

Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во изминатите две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

The post За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Нема зборови со кои ќе се опише катастрофалната состојба со која се соочува Јавното сообраќајно претпријатије. Најмногу страдаат граѓаните кои се принудени на 40 степени да чекаат и да се молат да дојде некој автобус, а и кога ќе дојде имаат што да видат. Тој најчесто е преполн со патници кои брзаат да стигнат некаде. Внатре е преполно, и многу топло. Климата во автобусите на ЈСП е само декор, не работи и најчесто е расипана. Патници за РСЕ сведочат на неподносливите услови во автобусите на ЈСП. Тие се жалат дека на луѓето им се слошува внатре во автобусите при што некој од патниците ќе повика брза помош.
„Вака веќе не се издржува. Клима нема, термините за возниот ред не важат, не знаеш кога има, кога нема автобус. Наместо да дојдат три возила во одреден термин, доаѓа еден, и тој полн. Со месеци нѐ тормозат, а од нас плата земаат“, вели патничката Стојанка М за РСЕ. Таа била сведок кога пред десетина дена, му се слошило на патник во преполн автобус. Откако присутните го полеале со ладна вода и не успеале да го освестат, возачот бил принуден да застане кај Триумфална капија и чекале да дојде Брза помош. Од Итната медицинска помош за РСЕ потврдија дека во изминатите две недели, особено кога беше прогласена портокалова фаза (од 12 до 18 јули) имале 11 интервенции во автобуси или на постојки. Но сметаат дека бројката е поголема, затоа што имало и помлади граѓани кои пријавиле колапс или повреда, но можеле да се движат и сами да отидат до лекар, па од итна помош им давале само совети.

The post За една недела Итната помош имала 11 интервенции во автобусите на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-vo-predvideniot-rebalans-na-budhet-nema-predvideno-sredstva-za-nabavka-na-novi-avtobusi-vo-grad-skopje-shokantno-e-tvrdeneto-na-arsovska-deka-ima-predvideno-tsel-eden-denar/ Tue, 16 Jul 2024 17:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=797420

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

The post Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар appeared first on Република.

]]>

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје. Тој продолжи и додаде: „Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески. Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

The post Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар appeared first on Република.

]]>
ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-skopje-ja-ispituva-soobrakajkata-na-avtobusot-na-jsp/ Tue, 16 Jul 2024 08:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=797286

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот.

Надлежниот јавен обвинител, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија, ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот, се појаснува во соопштението.

The post ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот. Надлежниот јавен обвинител, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија, ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.
За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот, се појаснува во соопштението.

The post ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? https://republika.mk/vesti/skopje/solzite-na-vozachot-ja-otvorija-pandorinata-kutija-kolku-e-bezbeden-javniot-prevoz-vo-skopje/ Thu, 11 Jul 2024 10:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=795738

Солзите на возачот кој удри во жардиниера и рече дека расипаните автобуси никој не ги поправа го отвори прашањето колку е безбеден јавниот превоз во Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/istiot-avtobus-vozeshe-za-vodno-zamislete-tamu-da-zakocheshe-volanot/

Само вчера, при редовна контрола, полицијата открила два автобуси кои возеле, а не биле исправни.

На вонреден технички преглед упатени се два автобуси кои вршат јавен превоз на патници од кои еден сопственост на ЈСП – Скопје и еден сопственост на приватните превозници кај кои при извршената контрола констатирана е техничка неисправност, при што истите се исклучени од сообраќај, велат од МВР за „Сител“.

Од ЈСП за телевизијата велат дека секое возило на ЈСП Скопје вклучено во јавниот превоз по враќање од линија, односно по повлекување во гаража е подложно на т.н. дневна нега, која, меѓудругото подразбира и мини технички преглед, што значи, практично, исправноста на возилата се прегледува секојдневно.

За три месеца возилата на ЈСП имале дури 49 сообраќајки. Според извештајот на јавното претпријатие, за период од јануари до крајот на март годинава, 9 од незгодите се случиле по вина на возачите, а во 19 виновен бил друг учесник во сообраќајот. Интересно е тоа што во најголем дел од случаите, стои дека не е утврдена вина. Во незгодите вкупно повредени биле 10 лица.

The post Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? appeared first on Република.

]]>

Солзите на возачот кој удри во жардиниера и рече дека расипаните автобуси никој не ги поправа го отвори прашањето колку е безбеден јавниот превоз во Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/istiot-avtobus-vozeshe-za-vodno-zamislete-tamu-da-zakocheshe-volanot/ Само вчера, при редовна контрола, полицијата открила два автобуси кои возеле, а не биле исправни.
На вонреден технички преглед упатени се два автобуси кои вршат јавен превоз на патници од кои еден сопственост на ЈСП – Скопје и еден сопственост на приватните превозници кај кои при извршената контрола констатирана е техничка неисправност, при што истите се исклучени од сообраќај, велат од МВР за „Сител“.
Од ЈСП за телевизијата велат дека секое возило на ЈСП Скопје вклучено во јавниот превоз по враќање од линија, односно по повлекување во гаража е подложно на т.н. дневна нега, која, меѓудругото подразбира и мини технички преглед, што значи, практично, исправноста на возилата се прегледува секојдневно. За три месеца возилата на ЈСП имале дури 49 сообраќајки. Според извештајот на јавното претпријатие, за период од јануари до крајот на март годинава, 9 од незгодите се случиле по вина на возачите, а во 19 виновен бил друг учесник во сообраќајот. Интересно е тоа што во најголем дел од случаите, стои дека не е утврдена вина. Во незгодите вкупно повредени биле 10 лица.

The post Солзите на возачот ја отворија Пандорината кутија – колку е безбеден јавниот превоз во Скопје? appeared first on Република.

]]>
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред https://republika.mk/vesti/skopje/avtobusite-na-jsp-ke-soobrakaat-po-nedelen-vozen-red/ Fri, 24 May 2024 06:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=781311

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19:00 до 19:30 часот е последно возење кон врвот, односно во 19:45 часот надолу.

The post Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Како што посочуваат од ЈСП Скопје, дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19:00 до 19:30 часот е последно возење кон врвот, односно во 19:45 часот надолу.

The post Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси https://republika.mk/zivot/patuvanja/chlenkite-na-eu-odobrija-postrogi-ogranichuvana-za-co2-za-kamioni-i-avtobusi/ Mon, 13 May 2024 17:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=777720

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси.

Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките.

Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година.

Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април.

Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година.

Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година.

The post Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската унија денеска одобрија нов закон со кој ќе се заострат ограничувањата за емисиите на јаглерод диоксид (CO2) од тешките патни возила, како камиони и автобуси. Како што пренесе ДПА, законот ќе ги прошири правилата согласно кои моментално се регулираат камионите со тешки товари за да ги опфатат урбаните автобуси, автобусите и приколките. Просечните емисии на CO2 за големите патни возила треба да се намалат за 45 проценти до 2030 година, 65 отсто до 2035 година и 90 проценти до 2040 година, во споредба со нивоата од 2019 година. Урбаните автобуси не би требало воопшто да испуштаат CO2 до 2040 година и да ја исполнат целта за намалување од 90 отсто до 2030 година. Ограничувањата беа привремено договорени во јануари од Белгија, дејствувајќи во име на земјите-членки на ЕУ и преговарачите за Европскиот парламент. Највисоките дипломати потоа му дадоа зелено светло на тој договор во февруари, отворајќи го патот за позитивно гласање во Европскиот парламент во април. Денешната одлука на министрите од земјите-членки е последниот чекор. Се очекува Европската комисија да го разгледа влијанието на законот во 2027 година. Во соопштението за печатот на ЕУ се вели дека тешките возила се одговорни за 25 отсто од емисиите на стакленички гасови од патниот транспорт во ЕУ. Првите ограничувања за такви возила беа поставени во 2019 година.

The post Членките на ЕУ одобрија построги ограничувања за CO2 за камиони и автобуси appeared first on Република.

]]>
Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи https://republika.mk/vesti/skopje/avtobusite-utre-ke-vozat-po-nedelen-vozen-red-zhichnitsata-na-vodno-nema-da-raboti/ Tue, 23 Apr 2024 08:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=769581

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

The post Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи appeared first on Република.

]]>

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

The post Автобусите утре ќе возат по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи appeared first on Република.

]]>
Како ги нарекуваше Стево овие што ги товарат во автобуси? https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-gi-narekuvashe-stevo-ovie-shto-gi-tovarat-vo-avtobusi/ Sun, 21 Apr 2024 17:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=768991

Твитерџијата „Кичеецот“ во фотографијата на денот од врнежливото Скопје денеска, каде што СДСМ организира „голем граѓански митинг“, со прашање до претседателскиот кандидат од владејачката партија Стево Пендаровски, кој не толку одамна ги навреди приврзаниците на опозицијата, споредувајќи ги со „стока“.

The post Како ги нарекуваше Стево овие што ги товарат во автобуси? appeared first on Република.

Зголемен број автобуси за Задушница https://republika.mk/vesti/skopje/zgolemen-broj-avtobusi-za-zadushnitsa/ Thu, 07 Mar 2024 09:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=752155

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел.

Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел).

The post Зголемен број автобуси за Задушница appeared first on Република.

]]>

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел. Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел).  

The post Зголемен број автобуси за Задушница appeared first on Република.

]]>
Државен завод за статистика: Се помалку се користи автобуски превоз https://republika.mk/vesti/ekonomija/drzhaven-zavod-za-statistika-se-pomalku-se-koristi-avtobuski-prevoz/ Wed, 21 Feb 2024 13:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=746599

Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166  000  патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот,  бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1  процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз.

Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти.  Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7  проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.

The post Државен завод за статистика: Се помалку се користи автобуски превоз appeared first on Република.

]]>

Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166  000  патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот,  бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1  процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз. Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти.  Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7  проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.

The post Државен завод за статистика: Се помалку се користи автобуски превоз appeared first on Република.

]]>
Вработените во ЈСП излажани: Платите денеска не легнаа на нивните сметки https://republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-jsp-izlazhani-platite-deneska-ne-legnaa-na-nivnite-smetki/ Tue, 23 Jan 2024 19:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=736116

Оваа година повеќе нема да се грижите за платите, парите утре ќе ви легнат на вашите сметки“.

Со овие зборови градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне им ја соопшти информацијата на вработените во ЈСП Скопје, кои го чекаа исходот од втора вонредна седница на Советот.

Сепак, според информациите до кои дојде „Плусинфо“ од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот нема пари на нивните сметки.

Плата и денеска нема, никој не се грижи за нас, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените, велат за „Плусинфо“ неколкумина вработени во ЈСП.

https://republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ja-donese-odlukata-za-davane-subventsii-na-jsp-skopje-za-2024-godina/

Вработените во ЈСП кои вчера беа пред бараките на Град Скопје дури негодуваа дека ќе почнат да возат без разлика каков ќе биде исходот на двете вонредни седници на Советот, велејќи дека нема да седнат зад волан додека парите не ги видат на нивните сметки.

Сепак, во договорот меѓу директорот на ЈСП Крсте Петревски и двајцата претставници на синдикатите, Миќо Стојановски и Африм Муча, вчера беше одлучено автобусите на ЈСП да се вратат во сообраќај од 17 часот, а веќе од денеска тие нормално да сообраќаат од 4:45 часот, при што им беше гарантирано дека плата ќе има во текот на денешниот ден.

Засега нема точна информација зошто доцни платат на вработените во ЈСП Скопје и не е познато дали тие ќе ја добијат во текот утрешниот ден.

https://republika.mk/vesti/skopje/subventsiite-za-plati-za-jsp-bea-izglasani-ushte-lani-a-ne-se-isplateni-poradi-nesposobnite-arsovska-i-petrevski/

The post Вработените во ЈСП излажани: Платите денеска не легнаа на нивните сметки appeared first on Република.

]]>

Оваа година повеќе нема да се грижите за платите, парите утре ќе ви легнат на вашите сметки“.
Со овие зборови градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вчера попладне им ја соопшти информацијата на вработените во ЈСП Скопје, кои го чекаа исходот од втора вонредна седница на Советот. Сепак, според информациите до кои дојде „Плусинфо“ од вработените во ова јавно претпријатие, денеска и по 15:30 часот нема пари на нивните сметки.
Плата и денеска нема, никој не се грижи за нас, едноставно не ги интерсира што ние немаме дома леб да донесеме, банките едвај чекаат да плаќаме казнени поени за кредитите. Навистина е срамота ова што го прават со нас вработените, велат за „Плусинфо“ неколкумина вработени во ЈСП.
https://republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ja-donese-odlukata-za-davane-subventsii-na-jsp-skopje-za-2024-godina/ Вработените во ЈСП кои вчера беа пред бараките на Град Скопје дури негодуваа дека ќе почнат да возат без разлика каков ќе биде исходот на двете вонредни седници на Советот, велејќи дека нема да седнат зад волан додека парите не ги видат на нивните сметки. Сепак, во договорот меѓу директорот на ЈСП Крсте Петревски и двајцата претставници на синдикатите, Миќо Стојановски и Африм Муча, вчера беше одлучено автобусите на ЈСП да се вратат во сообраќај од 17 часот, а веќе од денеска тие нормално да сообраќаат од 4:45 часот, при што им беше гарантирано дека плата ќе има во текот на денешниот ден. Засега нема точна информација зошто доцни платат на вработените во ЈСП Скопје и не е познато дали тие ќе ја добијат во текот утрешниот ден. https://republika.mk/vesti/skopje/subventsiite-za-plati-za-jsp-bea-izglasani-ushte-lani-a-ne-se-isplateni-poradi-nesposobnite-arsovska-i-petrevski/

The post Вработените во ЈСП излажани: Платите денеска не легнаа на нивните сметки appeared first on Република.

]]>
Шоферите на ЈСП возеа до 9 часот, сега се префрлија на протест пред Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/shoferite-na-jsp-vozea-do-9-chasot-sega-se-prefrlija-na-protest-pred-grad-skopje/ Mon, 22 Jan 2024 08:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=735285

Јавен превоз денеска граѓаните на Скопје ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.

Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот“, изјави Стојановски.

Тој најави дека во 10,30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз.

Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.

Ако советниците не донесат одлука за исплата на целосниот износ на субвенциите, остануваме на ставот да нема превоз. Не чека изборна година во која поради законски ограничувања, повторно е можно одлагање на одлуките за субенциите за претпријатието и доцнење на платите, а тоа нема да го дозволиме“, подвлекува Стојановски.

Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

The post Шоферите на ЈСП возеа до 9 часот, сега се префрлија на протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавен превоз денеска граѓаните на Скопје ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините. Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.
Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот“, изјави Стојановски.
Тој најави дека во 10,30 часот значителен дел од вработените на ЈСП ќе бидат пред вратите на Советот на Град Скопје, каде ќе се носи одлуката за субенциите на јавниот градски превоз. Стојановски подвлекува и дека нема да прифатат половични одлуки. Очекуваат да биде донесена одлука за целосниот износ на субенциите за ЈСП од 11 милиони евра, кој треба да овозможи редовна исплата на платите за вработените за 2024 година.
Ако советниците не донесат одлука за исплата на целосниот износ на субвенциите, остануваме на ставот да нема превоз. Не чека изборна година во која поради законски ограничувања, повторно е можно одлагање на одлуките за субенциите за претпријатието и доцнење на платите, а тоа нема да го дозволиме“, подвлекува Стојановски.
Вонредната седница на Советот на Град Скопје на која како единствена точка на дневен ред е одлуката за субвенциите од 11 милиони евра за ЈСП, е закажана во 11 часот. Ова е четврти пат како одлуката за субенциите на ЈСП се става на седница на Советот на Град Скопје.

The post Шоферите на ЈСП возеа до 9 часот, сега се префрлија на протест пред Град Скопје appeared first on Република.

]]>
ЈСП во понеделник нема да работи доколку не ја добијат декемвриската плата https://republika.mk/zivot/servisi/jsp-vo-ponedelnik-nema-da-raboti-dokolku-ne-ja-dobijat-dekemvriskata-plata/ Thu, 18 Jan 2024 10:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=734322

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.

– Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата, велат од синдикатите.

Законски рок за исплата на декемврискаа плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

The post ЈСП во понеделник нема да работи доколку не ја добијат декемвриската плата appeared first on Република.