АСОМ Archives - Република https://republika.mk/tema/asom/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 19:39:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АСОМ Archives - Република https://republika.mk/tema/asom/ 32 32 АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот https://republika.mk/vesti/ekonomija/asom-ja-pozdravuva-rabotata-na-ministerstvoto-za-finansii-site-oblozhuvalnitsi-da-rabotat-soglasno-zakonot/ Mon, 22 Jul 2024 19:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=799335

Во однос на изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во врска со постапката за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека нивните членки секогаш се на страната на законот и се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.

Според Министерството за финансии, се работи за друштва кои не ги подмирувале своите давачки кон буџетот од своето основање до денес, што е констатирано и во записник од страна на УЈП. Во овој контекст, потсетуваме дека сите наши членки секогаш навремено и целосно ги подмируваат своите обврски, со што имаат и сериозен удел во државната каса, меѓутоа без исклучок работиме за спроведување и на сите останати законски прописи во однос на влез на малолетници во објектите, одговорно обложување и сл.

Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме контруктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот. Оттука, силно ја поздравуваме работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите.

Членките на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои секогаш делуваат во насока на унапредување на сите аспекти од работење. По сите основи, од приредувачите на игри на среќа на годишно ниво во буџетот се слеваат 280 милиони евра по сите основи, а индустријата индиректно придонесува за приходите на околу 54.000 лица“, се вели во денешното соопштение на АСОМ.

The post АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот appeared first on Република.

]]>

АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/asom-tsrn-den-za-demokratijata-bez-glasane-i-bez-nieden-prifaten-amandman-nasilno-se-nosi-zakonot-za-igri-na-sreka/ Sat, 13 Jan 2024 10:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=732525

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.

„Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици“, велат од АСОМ.

Оттаму се обратија до претставниците на ЕУ во Македонија, пратениците, но и до претседателот на државата, Пендаровски, со цел да спречат овој закон да биде изгласан.

„Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!

Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија.

Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава“, пишуваат од АСОМ.

Асоцијацијата најави дека во следните денови ќе донесе одлуки како понатаму ќе се спротистави на носењето на законот.

The post АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.
„Претседателот на комисијата за европски прашања, Арбер Адеми вчера го погази Собранието и ги лиши од право пратениците да гласаат за амандман поднесен од пратеник на мнозинството. Ваков опасен преседан и злоупотреба не е запаметена, а АСОМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд. Погазени и прекршени се сите права и процедури на Собранието. Ова е црн ден за демократијата и последна потврда за сценариото кое со месеци се подготвуваше со цел реализација на бизнис интереси на малкумина. Ваков насилнички државен интевенционизам, не е запаметен, а последиците од овој автократски акт ќе има страшни последици“, велат од АСОМ.
Оттаму се обратија до претставниците на ЕУ во Македонија, пратениците, но и до претседателот на државата, Пендаровски, со цел да спречат овој закон да биде изгласан.
„Почитувани, претставници на Европската Унија во државата, зошто го дозволувате ова? Зошто замижувате пред вакво политички насилство? Ова е последен момент да се вклучите и да го спречите ова што се случува во име на ЕУ. Овој закон е неевропски, недемократски и ваков закон не постои во ниту една земја од Европската унија!
Почитувани пратеници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , зошто дозволувате вакво недемократско насилие? Дали сте свесни за последиците? Со евентуално гласање на пленарна седница ќе одобрите уништување на животи на работници, отворање на игри во подруми на црно, богатење на малкумина. Во тешка заблуда сте ако сметате дека овој закон ќе донесе нешто добро, напротив ќе донесе влошување на состојбата со игрите на среќа и враќање барем 20 години на целата индустрија. Претседателе Пендаровски, ви порачуваме дека не смеете да го потпишете овој закон доколку истиот се изгласа. Бидете барем вие заштитник на правдата и процедурите во оваа држава. Носењето на овој закон и се што му претходеше е целосно спротивно на сите правни и демократски процедури во една држава која претендира да се приклучи кон ЕУ. Застанете против ова политичко своеволие, поддржете ги оние кои чесно работат и придонесуваат во оваа држава“, пишуваат од АСОМ. Асоцијацијата најави дека во следните денови ќе донесе одлуки како понатаму ќе се спротистави на носењето на законот.

The post АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри https://republika.mk/vesti/makedonija/asom-i-apis-najavuvaat-serija-protesti-protiv-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-i-zabavni-igri/ Wed, 10 Jan 2024 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=731659

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска на протест пред Собранието повторно изразија револт од предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кој, пак, истовремено, се разгледуваше во второ читање во собраниската Комисија за европски прашања.

Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри.

Горан Стојменов, претставник на АПИС, изјави дека евентуалното усвојување на измените во ваква верзија ќе остави 10 000 вработени без егзистенција, а Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход.

Измените во ваква верзија ќе ја вратат земјава во 1990-та година, кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња и диви играчници по подруми во секое мало. Државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината ќе биде навистина загрозена. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставниот суд, ќе следат тужби за астрономски штети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 000 вработени, од 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар. Сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, а банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход, што е најмалку 5 отсто од предвидените државни приходи за 2024 година, рече Стојменов.

Доколку не ги прифатат предупредувањата, Стојменов вели ќе следат серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство.

Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски истакна дека блокирањето на улицата пред Собранието е само прва од блокадите што ќе следуават сѐ додека не се слушне нивниот глас. Целта на овој закон, според Илиевски, „е да се затворат легалните домашни компании, за да може Владата преку онлајн страници со странски компании од Бугарија да го преземе бизнисот“.

Илиевски оцени дека „личните апетити се поголеми од европскиот пат на земјата“, бидејќи, како што рече, и покрај укажувањата за злоупотреба на европското знаменце од страна на евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателот на земјава Стево Пендаровски, Владата продолжува да го турка овој закон.

Безобразно е што извештајот на ЕУ нотира дека се злоупотребува европското знаменце, а Владата продолжува да го турка овој неевропски закон. Иако и евроамбасадорот Гир, и претседателот и повеќе стручни лица коментираа дека со европско знаме насила се форсира закон за кој што е јасно дека не постои европска директива. Личните апетити се очигледно поголеми од европскиот пат на земјата, изјави Илиевски.

The post АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри appeared first on Република.

]]>

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска на протест пред Собранието повторно изразија револт од предложените измени и дополнувања на Законот за игрите на среќа и забавните игри, кој, пак, истовремено, се разгледуваше во второ читање во собраниската Комисија за европски прашања. Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии, како и да бидат оддалечени од училиштата најмалку 500 метри. Горан Стојменов, претставник на АПИС, изјави дека евентуалното усвојување на измените во ваква верзија ќе остави 10 000 вработени без егзистенција, а Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход.
Измените во ваква верзија ќе ја вратат земјава во 1990-та година, кога имаше покер апарати зад завеси во кафулиња и диви играчници по подруми во секое мало. Државата ќе нема никаква контрола, тогаш младината ќе биде навистина загрозена. Ќе водиме правни битки, ќе следи иницијатива пред Уставниот суд, ќе следат тужби за астрономски штети кои ќе се прекршат преку грбот на народот. Без егзистенција ќе останат 10 000 вработени, од 54 до 100 илјади други работни места кои се поддржуваат преку легалните игри на среќа ќе доживеат сериозен економски удар. Сопствениците на објектите ќе останат без закупнина, а банките ќе активираат хипотеки и други гаранции. Буџетот ќе загуби 280 милиони евра годишен приход, што е најмалку 5 отсто од предвидените државни приходи за 2024 година, рече Стојменов.
Доколку не ги прифатат предупредувањата, Стојменов вели ќе следат серија масовни протести и други демократски форми за изразување незадоволство. Претседателот на АСОМ, Васко Илиевски истакна дека блокирањето на улицата пред Собранието е само прва од блокадите што ќе следуават сѐ додека не се слушне нивниот глас. Целта на овој закон, според Илиевски, „е да се затворат легалните домашни компании, за да може Владата преку онлајн страници со странски компании од Бугарија да го преземе бизнисот“. Илиевски оцени дека „личните апетити се поголеми од европскиот пат на земјата“, бидејќи, како што рече, и покрај укажувањата за злоупотреба на европското знаменце од страна на евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателот на земјава Стево Пендаровски, Владата продолжува да го турка овој закон.
Безобразно е што извештајот на ЕУ нотира дека се злоупотребува европското знаменце, а Владата продолжува да го турка овој неевропски закон. Иако и евроамбасадорот Гир, и претседателот и повеќе стручни лица коментираа дека со европско знаме насила се форсира закон за кој што е јасно дека не постои европска директива. Личните апетити се очигледно поголеми од европскиот пат на земјата, изјави Илиевски.

The post АСОМ и АПИС најавуваат серија протести против измените на Законот за игри на среќа и забавни игри appeared first on Република.

]]>
АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа https://republika.mk/vesti/ekonomija/asom-nezakonska-i-diskriminirachka-odluka-na-vladata-za-novi-prireduvachi-na-igri-na-sreka-2/ Wed, 27 Sep 2023 14:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=685707

Изразуваме силен револт во однос на вчерашната медиумска објава на Државната лотарија на Македонија, во која се информира за започнување на постапка за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа со доминантен капитал на Државна лотарија. Државата ни создава силен удар и ја доведува во прашање нашата егзистенција.

Зошто Државната лотарија досега молчеше и не информираше за отпочнување на постапката, иако владината одлука за отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа била донесена пред три месеци? Дали за однапред договорени компании од странство се отворени овие повици со цел да се дискриминираат домашните?

Зошто Државната лотарија чекаше во медиумите да избие скандал, за потоа да информира?

Целта на оваа нетранспарентност на Државна лотарија укажува на тоа дека зад сето ова стои однапред договорено сценарио и дека се работи за услови креирани за однапред договорени компании преку повик кој е незаконски.

Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Мораме да потенцираме дека овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери.

Повикот е напишан за странски компании и преку него се врши директна штета на домашните приредувачи на игри на среќа. Како најочигледен пример ќе ја посочиме одредбата: да има искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, да има искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и да има 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Прво државата не дискриминираше и не ни дозволуваше да приредуваме интернет игри на среќа, а сега како услов бара да сме имале искуство во тоа. Преку ова станува јасно дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови.

Понатаму, Државната лотарија вели дека одлуката се темели на претходно изработена физибилити студија, за која нема споделено никакви детали кои укажуваат на потребата од отворање на три нови трговски друштва за интернет игри на среќа, што уште еднаш ја доведува во прашање издржаноста на одлуката.

Почитувани медиуми,

Оваа одлука значи силен удар за индустријата, односно за постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. На среден рок кога новите друштва ќе ја преземат работата ова ќе значи директен удар на 10 илјади вработени, и за домашните компании кои плаќаат данок на државата од околу 250 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.

Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет.

Сакаме да појасниме дека не е точно дека само Државна лотарија има право да приредува игри на среќа преку интернет, цитирајќи го член 7 став 3 од Законот за игри на среќа. Тој член ним само им дозволува, но истиот Закон во цела глава VI, со преку 20 членови регулира и дозволува лиценци и за останатите приредувачи, многу повеќе отколку само член 7.

Единствено, поради "административна причина" од непознати причини 9 години не се донесуваа подзаконските правилници, иако министерот за финансии беше должен да ги донесе за 6 месеци, токму за да се дозволи монополизирање на пазарот.

Поради сето ова нашата земја останува една од ретките во светот каде на постоечките приредувачи на игри на среќа не им се овозможува да приредуваат игри на среќа преку интернет, со што ние сме сериозно оштетени и за тоа алармиравме во повеќе наврати. Владата не само што немаше слух за нашите апели, туку направи крајно деструктивен чекор за нашата индустрија донесувајќи ја оваа штетна одлука.

Ја информираме јавноста дека ќе ги преземеме сите правни механизми да ја оспориме оваа штетна одлука која ќе предизвика сериозни последици за домашните приредувачи на игри на среќа и ќе остави без работа илјадници вработени во време на економска криза велат од Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија - АСОМ.

The post АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Изразуваме силен револт во однос на вчерашната медиумска објава на Државната лотарија на Македонија, во која се информира за започнување на постапка за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа со доминантен капитал на Државна лотарија. Државата ни создава силен удар и ја доведува во прашање нашата егзистенција. Зошто Државната лотарија досега молчеше и не информираше за отпочнување на постапката, иако владината одлука за отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа била донесена пред три месеци? Дали за однапред договорени компании од странство се отворени овие повици со цел да се дискриминираат домашните? Зошто Државната лотарија чекаше во медиумите да избие скандал, за потоа да информира? Целта на оваа нетранспарентност на Државна лотарија укажува на тоа дека зад сето ова стои однапред договорено сценарио и дека се работи за услови креирани за однапред договорени компании преку повик кој е незаконски. Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Мораме да потенцираме дека овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери. Повикот е напишан за странски компании и преку него се врши директна штета на домашните приредувачи на игри на среќа. Како најочигледен пример ќе ја посочиме одредбата: да има искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, да има искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и да има 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Прво државата не дискриминираше и не ни дозволуваше да приредуваме интернет игри на среќа, а сега како услов бара да сме имале искуство во тоа. Преку ова станува јасно дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови. Понатаму, Државната лотарија вели дека одлуката се темели на претходно изработена физибилити студија, за која нема споделено никакви детали кои укажуваат на потребата од отворање на три нови трговски друштва за интернет игри на среќа, што уште еднаш ја доведува во прашање издржаноста на одлуката. Почитувани медиуми, Оваа одлука значи силен удар за индустријата, односно за постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. На среден рок кога новите друштва ќе ја преземат работата ова ќе значи директен удар на 10 илјади вработени, и за домашните компании кои плаќаат данок на државата од околу 250 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството. Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет. Сакаме да појасниме дека не е точно дека само Државна лотарија има право да приредува игри на среќа преку интернет, цитирајќи го член 7 став 3 од Законот за игри на среќа. Тој член ним само им дозволува, но истиот Закон во цела глава VI, со преку 20 членови регулира и дозволува лиценци и за останатите приредувачи, многу повеќе отколку само член 7. Единствено, поради "административна причина" од непознати причини 9 години не се донесуваа подзаконските правилници, иако министерот за финансии беше должен да ги донесе за 6 месеци, токму за да се дозволи монополизирање на пазарот. Поради сето ова нашата земја останува една од ретките во светот каде на постоечките приредувачи на игри на среќа не им се овозможува да приредуваат игри на среќа преку интернет, со што ние сме сериозно оштетени и за тоа алармиравме во повеќе наврати. Владата не само што немаше слух за нашите апели, туку направи крајно деструктивен чекор за нашата индустрија донесувајќи ја оваа штетна одлука. Ја информираме јавноста дека ќе ги преземеме сите правни механизми да ја оспориме оваа штетна одлука која ќе предизвика сериозни последици за домашните приредувачи на игри на среќа и ќе остави без работа илјадници вработени во време на економска криза велат од Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија - АСОМ.

The post АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа appeared first on Република.

]]>
АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/asom-nezakonska-i-diskriminirachka-odluka-na-vladata-za-novi-prireduvachi-na-igri-na-sreka/ Wed, 27 Sep 2023 13:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=685701

Изразуваме силен револт во однос на вчерашното соопштение на Државната лотарија на Македонија, во која се информира за започнување на постапка за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа со доминантен капитал на Државна лотарија. Државата ни создава силен удар и ја доведува во прашање нашата егзистенција. Зошто Државната лотарија досега молчеше и не информираше за отпочнување на постапката, иако владината одлука за отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа била донесена пред три месеци? Дали за однапред договорени компании од странство се отворени овие повици со цел да се дискриминираат домашните? Зошто Државната лотарија чекаше во медиумите да избие скандал, за потоа да информира, прашуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

„Целта на оваа нетранспарентност на Државна лотарија укажува на тоа дека зад сето ова стои однапред договорено сценарио и дека се работи за услови креирани за однапред договорени компании преку повик кој е незаконски.

Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Мораме да потенцираме дека овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери.

Повикот е напишан за странски компании и преку него се врши директна штета на домашните приредувачи на игри на среќа. Како најочигледен пример ќе ја посочиме одредбата: да има искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, да има искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и да има 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Прво државата не дискриминираше и не ни дозволуваше да приредуваме интернет игри на среќа, а сега како услов бара да сме имале искуство во тоа. Преку ова станува јасно дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови.

Понатаму, Државната лотарија вели дека одлуката се темели на претходно изработена физибилити студија, за која нема споделено никакви детали кои укажуваат на потребата од отворање на три нови трговски друштва за интернет игри на среќа, што уште еднаш ја доведува во прашање издржаноста на одлуката.

Оваа одлука значи силен удар за индустријата, односно за постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. На среден рок кога новите друштва ќе ја преземат работата ова ќе значи директен удар на 10 илјади вработени, и за домашните компании кои плаќаат данок на државата од околу 250 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството.

Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет.

Сакаме да појасниме дека не е точно дека само Државна лотарија има право да приредува игри на среќа преку интернет, цитирајќи го член 7 став 3 од Законот за игри на среќа. Тој член само им дозволува, но истиот Закон во цела глава VI, со преку 20 членови регулира и дозволува лиценци и за останатите приредувачи, многу повеќе отколку само член 7.

Единствено, поради 'административна причина' од непознати причини 9 години не се донесуваа подзаконските правилници, иако министерот за финансии беше должен да ги донесе за 6 месеци, токму за да се дозволи монополизирање на пазарот.

Поради сето ова нашата земја останува една од ретките во светот каде на постоечките приредувачи на игри на среќа не им се овозможува да приредуваат игри на среќа преку интернет, со што ние сме сериозно оштетени и за тоа алармиравме во повеќе наврати. Владата не само што немаше слух за нашите апели, туку направи крајно деструктивен чекор за нашата индустрија донесувајќи ја оваа штетна одлука.

Ја информираме јавноста дека ќе ги преземеме сите правни механизми да ја оспориме оваа штетна одлука која ќе предизвика сериозни последици за домашните приредувачи на игри на среќа и ќе остави без работа илјадници вработени во време на економска криза“, се вели во реакцијата на АСОМ.

The post АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Изразуваме силен револт во однос на вчерашното соопштение на Државната лотарија на Македонија, во која се информира за започнување на постапка за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа со доминантен капитал на Државна лотарија. Државата ни создава силен удар и ја доведува во прашање нашата егзистенција. Зошто Државната лотарија досега молчеше и не информираше за отпочнување на постапката, иако владината одлука за отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа била донесена пред три месеци? Дали за однапред договорени компании од странство се отворени овие повици со цел да се дискриминираат домашните? Зошто Државната лотарија чекаше во медиумите да избие скандал, за потоа да информира, прашуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). „Целта на оваа нетранспарентност на Државна лотарија укажува на тоа дека зад сето ова стои однапред договорено сценарио и дека се работи за услови креирани за однапред договорени компании преку повик кој е незаконски. Државната лотарија се повикува одредбите на член 7, став 3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри. Мораме да потенцираме дека овој член не пропишува постапка и начин како и услови и критериуми за избор на приватен партнер. Преку овој повик јасно се гледа дека се прекршува Законот за игрите на среќа и забавните игри при што без прецизни законски услови и дефинирани критериуми се избираат приватни партнери. Повикот е напишан за странски компании и преку него се врши директна штета на домашните приредувачи на игри на среќа. Како најочигледен пример ќе ја посочиме одредбата: да има искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, да има искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и да има 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа. Прво државата не дискриминираше и не ни дозволуваше да приредуваме интернет игри на среќа, а сега како услов бара да сме имале искуство во тоа. Преку ова станува јасно дека партнерите се веќе договорени и ги исполнуваат токму наведените специфични услови. Понатаму, Државната лотарија вели дека одлуката се темели на претходно изработена физибилити студија, за која нема споделено никакви детали кои укажуваат на потребата од отворање на три нови трговски друштва за интернет игри на среќа, што уште еднаш ја доведува во прашање издржаноста на одлуката. Оваа одлука значи силен удар за индустријата, односно за постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. На среден рок кога новите друштва ќе ја преземат работата ова ќе значи директен удар на 10 илјади вработени, и за домашните компании кои плаќаат данок на државата од околу 250 милиони евра годишно и придонесуваат за општеството. Министерството за финансии од 2014 година ги нема донесено подзаконските акти, без кои во пракса не можеме да приредуваме игри на среќа преку интернет. Сакаме да појасниме дека не е точно дека само Државна лотарија има право да приредува игри на среќа преку интернет, цитирајќи го член 7 став 3 од Законот за игри на среќа. Тој член само им дозволува, но истиот Закон во цела глава VI, со преку 20 членови регулира и дозволува лиценци и за останатите приредувачи, многу повеќе отколку само член 7. Единствено, поради 'административна причина' од непознати причини 9 години не се донесуваа подзаконските правилници, иако министерот за финансии беше должен да ги донесе за 6 месеци, токму за да се дозволи монополизирање на пазарот. Поради сето ова нашата земја останува една од ретките во светот каде на постоечките приредувачи на игри на среќа не им се овозможува да приредуваат игри на среќа преку интернет, со што ние сме сериозно оштетени и за тоа алармиравме во повеќе наврати. Владата не само што немаше слух за нашите апели, туку направи крајно деструктивен чекор за нашата индустрија донесувајќи ја оваа штетна одлука. Ја информираме јавноста дека ќе ги преземеме сите правни механизми да ја оспориме оваа штетна одлука која ќе предизвика сериозни последици за домашните приредувачи на игри на среќа и ќе остави без работа илјадници вработени во време на економска криза“, се вели во реакцијата на АСОМ.  

The post АСОМ: Незаконска и дискриминирачка одлука на Владата за нови приредувачи на игри на среќа appeared first on Република.

]]>
АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа https://republika.mk/vesti/makedonija/asom-predlaga-drugi-reshenija-namesto-dislokatsija-na-objektite-za-igra-na-sreka/ Thu, 09 Mar 2023 12:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=617697

Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе овозможи соодветно функционирање на оваа дејност.

Индустријата за игри на среќа вработува повеќе од 10.000 вработени директно, а индиректно преку 54 000 луѓе обезбедуваат приходи од работењето на оваа стопанска гранка. Негативите ефекти ќе се одразат најмногу врз вработените и врз приходите во буџетот на државата, кои според наша проценка се движат некаде преку 250 милиони евра на годишно ниво. Затоа уште еднаш ќе потенцираме дека за вакво законско решение е потребно да се отвори јавна расправа, односно дебата со сите институции кои се задолжени за носење на вакви закони како би се овозможило индустријата да ги изнесе сите факти, изјави Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Во однос на предлогот за дислоцирање на спортските обложувалници тој рече дека постојат други решенија.

Дистанцата е јасно дефинирана во членот 21 од Законот, каде што стои дека влез за малолетни лица е забранет. Јасно законодавецот предвидел кој може да учествува во игрите на среќа и сметаме дека тоа е доволна мерка која може да се подобри во насока доколку смета законодавецот да се зголеми казната, да се вклучи и другата страна на процесот доколку е затекнато на самото уплатно место, тука се мисли за малолетникот, родителот старателот, заштитата преку забраната на странските сајтови и она што како препорака го имавме работа на едукативни програми да помогнат на играчите да ја разберат услугата која ја нудат понудувачите на игрите, посочува Илијевски.

Меѓутоа, од здружението „Антикоцкари“ не се согласни со ваквите ставови и велат дека казните не покажале никаков ефект, односно дека не се почитуваат забраните за влез во објектите.

Не знам зошто не им одговара дистанца, не се работи за затворање, треба да разјасниме некои работи и зошто на нив им смета оваа дислокација. Сме ги слушале тие приказни за едукации, дека постојат психолози, дека не се доозволува да се влегува на децата, но тоа нема никаков ефект, единствено решение е дислокација, вели Џемал Абдиу, од движењето „Антикоцкари“.

Тој вели дека тоа го покажал и случај во добитник кој 15-годишник од Тетово.

Треба да се дислоцираат на три километри или да се затвораат. Да се помират со овие измени, да не се врши притисок и да сфатат дека животот не е коцка парите не се центар на светот. Не се почитува влезот на малолетници и самите се свесни дека не се почитува тоа, додава Абдиу.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии, во кој се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри, беше утврден минатитот месец.

The post АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа appeared first on Република.

]]>

Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе овозможи соодветно функционирање на оваа дејност.
Индустријата за игри на среќа вработува повеќе од 10.000 вработени директно, а индиректно преку 54 000 луѓе обезбедуваат приходи од работењето на оваа стопанска гранка. Негативите ефекти ќе се одразат најмногу врз вработените и врз приходите во буџетот на државата, кои според наша проценка се движат некаде преку 250 милиони евра на годишно ниво. Затоа уште еднаш ќе потенцираме дека за вакво законско решение е потребно да се отвори јавна расправа, односно дебата со сите институции кои се задолжени за носење на вакви закони како би се овозможило индустријата да ги изнесе сите факти, изјави Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.
Во однос на предлогот за дислоцирање на спортските обложувалници тој рече дека постојат други решенија.
Дистанцата е јасно дефинирана во членот 21 од Законот, каде што стои дека влез за малолетни лица е забранет. Јасно законодавецот предвидел кој може да учествува во игрите на среќа и сметаме дека тоа е доволна мерка која може да се подобри во насока доколку смета законодавецот да се зголеми казната, да се вклучи и другата страна на процесот доколку е затекнато на самото уплатно место, тука се мисли за малолетникот, родителот старателот, заштитата преку забраната на странските сајтови и она што како препорака го имавме работа на едукативни програми да помогнат на играчите да ја разберат услугата која ја нудат понудувачите на игрите, посочува Илијевски.
Меѓутоа, од здружението „Антикоцкари“ не се согласни со ваквите ставови и велат дека казните не покажале никаков ефект, односно дека не се почитуваат забраните за влез во објектите.
Не знам зошто не им одговара дистанца, не се работи за затворање, треба да разјасниме некои работи и зошто на нив им смета оваа дислокација. Сме ги слушале тие приказни за едукации, дека постојат психолози, дека не се доозволува да се влегува на децата, но тоа нема никаков ефект, единствено решение е дислокација, вели Џемал Абдиу, од движењето „Антикоцкари“.
Тој вели дека тоа го покажал и случај во добитник кој 15-годишник од Тетово.
Треба да се дислоцираат на три километри или да се затвораат. Да се помират со овие измени, да не се врши притисок и да сфатат дека животот не е коцка парите не се центар на светот. Не се почитува влезот на малолетници и самите се свесни дека не се почитува тоа, додава Абдиу.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии, во кој се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри, беше утврден минатитот месец.

The post АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа appeared first on Република.

]]>
АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување https://republika.mk/vesti/ekonomija/asom-do-vladata-na-mala-vrata-sakate-da-protnete-shteten-zakon-so-koj-se-vraka-divoto-oblozhuvane/ Fri, 10 Feb 2023 10:32:02 +0000 https://republika.mk/?p=607285

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денеска прати отворено писмо до Владата во кое пишува дека најмалку очекувале во „ек“ на економска криза таа да им го сврти грбот на 10.000 вработени во индустријата на игрите на среќа и од нив да направи социјални случаи.

Запрепастувачки за нас како Асоцијација е дека после толку долго време од нашите обиди и повици да се организира „јавна расправа“ за измените на Законот за игри на среќа, вие како Влада се оглушивте. Сега, на мала врата и по скратена постапка, сакате штетното законско решение да помине во Собрание, преку злоупотреба на европското знаменце, пишува АСОМ во писмото до Владата.

Во писмото АСОМ исто така прашува зошто измените и дополнувањата во Законот за игри на среќа и забавни игри треба да се донесат по скратена постапка со ЕУ знаменце и без да поминат јавна расправа и без да се слушнат засегнатите страни, пошироката и стручна јавност, која може и треба да даде свој коментар или нов пакет предлози.

Со одлуката на Влада АСОМ се игнорира како официјална организација во која членуваат над 90% од приредувачите на игри на среќа. Што за Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија отвора ново прашање: Дали и кој стои зад овие измени и чив интерес се штити? По однос на грижите на граѓаните од негативните последици АСОМ во отвореното писмо потсетува дека Владата ниту еднаш не ги зела во предвид низата решенија и законски измени кои биле доставувани до ЕНЕР системот, но и до Владата. Треба да биде јасно, дека нашата индустрија „НЕМА ИНТЕРЕС“ од играње ниту на малолетници, ниту има интерес од креирање зависности. Напротив, индустријата на игри на среќа има интерес игрите да се играат за забава и тоа силно го промовира. Годишно трошиме десетици илјади евра како компании за спроведување кампањи за заштита од негативни последици и едукација на играчите. Ние сме општествено одговорни компании, кои 100% ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме
буџетските приливи. Ние сме индустрија која е одлично регулирана во моментов, а нашите членки се компании кои работат согласно законите без никакви отстапки. Ако вие како Влада сакате на било кој начин да помогнете или придонесете, треба да бидете партнер во овие напори, порача АСОМ во писмото до Влада.

The post АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денеска прати отворено писмо до Владата во кое пишува дека најмалку очекувале во „ек“ на економска криза таа да им го сврти грбот на 10.000 вработени во индустријата на игрите на среќа и од нив да направи социјални случаи.
Запрепастувачки за нас како Асоцијација е дека после толку долго време од нашите обиди и повици да се организира „јавна расправа“ за измените на Законот за игри на среќа, вие како Влада се оглушивте. Сега, на мала врата и по скратена постапка, сакате штетното законско решение да помине во Собрание, преку злоупотреба на европското знаменце, пишува АСОМ во писмото до Владата.
Во писмото АСОМ исто така прашува зошто измените и дополнувањата во Законот за игри на среќа и забавни игри треба да се донесат по скратена постапка со ЕУ знаменце и без да поминат јавна расправа и без да се слушнат засегнатите страни, пошироката и стручна јавност, која може и треба да даде свој коментар или нов пакет предлози.
Со одлуката на Влада АСОМ се игнорира како официјална организација во која членуваат над 90% од приредувачите на игри на среќа. Што за Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија отвора ново прашање: Дали и кој стои зад овие измени и чив интерес се штити? По однос на грижите на граѓаните од негативните последици АСОМ во отвореното писмо потсетува дека Владата ниту еднаш не ги зела во предвид низата решенија и законски измени кои биле доставувани до ЕНЕР системот, но и до Владата. Треба да биде јасно, дека нашата индустрија „НЕМА ИНТЕРЕС“ од играње ниту на малолетници, ниту има интерес од креирање зависности. Напротив, индустријата на игри на среќа има интерес игрите да се играат за забава и тоа силно го промовира. Годишно трошиме десетици илјади евра како компании за спроведување кампањи за заштита од негативни последици и едукација на играчите. Ние сме општествено одговорни компании, кои 100% ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме буџетските приливи. Ние сме индустрија која е одлично регулирана во моментов, а нашите членки се компании кои работат согласно законите без никакви отстапки. Ако вие како Влада сакате на било кој начин да помогнете или придонесете, треба да бидете партнер во овие напори, порача АСОМ во писмото до Влада.

The post АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон со кој се враќа дивото обложување appeared first on Република.

]]>
АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници https://republika.mk/vesti/makedonija/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/ Tue, 17 May 2022 10:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=503292

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата.

Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник.

-Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.

Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници.

Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година.

-Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО.

За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници.

-Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

The post АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата. Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник. -Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување. Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници. Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година. -Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО. За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници. -Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.

The post АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници appeared first on Република.

]]>