арта биљали зендели Archives - Република https://republika.mk/tema/arta-biljali-zendeli/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 14:44:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png арта биљали зендели Archives - Република https://republika.mk/tema/arta-biljali-zendeli/ 32 32 Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство https://republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-na-pratenichkata-arta-bilali-zendeli-od-dui-od-ponedelnikot-e-vraboten-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo/ Wed, 04 Oct 2023 14:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=687921

Елвир Зендели, сопруг на пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели, од почетокот на месецов е вработен во Аенцијата за цивилно воздухопловство. Јавноста добро знае дека платите во оваа државна агенција, во зависност од стажот, се движат околу 70.000 денари.

Одлуката за вработување е донесена пред два дена, на 2 октомври 2023 година, а е потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ. Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството, пишува Прес 24..

 

The post Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство appeared first on Република.

]]>

Елвир Зендели, сопруг на пратеничката на ДУИ Арта Билали Зендели, од почетокот на месецов е вработен во Аенцијата за цивилно воздухопловство. Јавноста добро знае дека платите во оваа државна агенција, во зависност од стажот, се движат околу 70.000 денари. Одлуката за вработување е донесена пред два дена, на 2 октомври 2023 година, а е потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ. Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството, пишува Прес 24..  

The post Сопругот на пратеничката Арта Билали Зендели од ДУИ од понеделникот е вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство appeared first on Република.

]]>
Биљали-Зендели: Мојот впечаток е дека прашањето со Бугарија ни го оставаат сами да го решиме https://republika.mk/vesti/makedonija/biljali-zendeli-mojot-vpechatok-e-deka-prashanjeto-so-bugarija-ni-go-ostavaat-sami-da-go-reshime/ Tue, 11 Oct 2022 18:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=559794

Пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели, која е член на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа денешната дебата во Стразбур за Западен Балкан ја оцени главно како позитивна, бидејќи речиси сите пратеници изразија став дека е потребно да се прошири ЕУ и дека регионот е дел од Европа и не треба да се дозволува на Балканот да се вкрстуваат други сили или интереси, јави дописникот на МИА од Стразбур.

-Тоа беше главната порака. За жал, не стана многу збор за отворените прашања што постојат меѓу земјите на Западен Балкан, ако не го земеме предвид случајот со Србија и Косово кој беше споменат неколку пати од неколку говорници, вели Зендели.

Тоа што како отворено прашање не се спомна прашањето меѓу Македонија и Бугарија, според неа, покажува дека земјите од Советот на Европа ја сметаат нашата приказна можеби не како завршена, туку како успешна приказна која што сега многу повеќе ќе зависи од националните влади отколку од Советот на Европа или други меѓународни тела.

-Имам впечаток како сега во оваа фаза да ни го оставаат нам тоа прашање да се реши. Битно е дека пораката беше позитивна, се гледаме како позитивен пример. Неколку пати беше спомнат Договорот од Преспа како пример дека Балканот може да ги решава сопствените проблеми, изјави Зендели.

Повикувајќи се на изјавата на една од говорничките во дебатата која го цитираше Винстон Черчил дека Балканот продуцира многу повеќе историја отколку што може да консумира, додаде дека треба да се надеваме дека во иднина нема да биде така, туку ќе ставиме крај на историјата и ќе гледаме кон иднината, но не само „ние од Западен Балкан, туку и другите земји од регионот кои се членки на НАТО, ЕУ, Советот на Европа и други организации”.

The post Биљали-Зендели: Мојот впечаток е дека прашањето со Бугарија ни го оставаат сами да го решиме appeared first on Република.

]]>

Пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели, која е член на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа денешната дебата во Стразбур за Западен Балкан ја оцени главно како позитивна, бидејќи речиси сите пратеници изразија став дека е потребно да се прошири ЕУ и дека регионот е дел од Европа и не треба да се дозволува на Балканот да се вкрстуваат други сили или интереси, јави дописникот на МИА од Стразбур. -Тоа беше главната порака. За жал, не стана многу збор за отворените прашања што постојат меѓу земјите на Западен Балкан, ако не го земеме предвид случајот со Србија и Косово кој беше споменат неколку пати од неколку говорници, вели Зендели. Тоа што како отворено прашање не се спомна прашањето меѓу Македонија и Бугарија, според неа, покажува дека земјите од Советот на Европа ја сметаат нашата приказна можеби не како завршена, туку како успешна приказна која што сега многу повеќе ќе зависи од националните влади отколку од Советот на Европа или други меѓународни тела. -Имам впечаток како сега во оваа фаза да ни го оставаат нам тоа прашање да се реши. Битно е дека пораката беше позитивна, се гледаме како позитивен пример. Неколку пати беше спомнат Договорот од Преспа како пример дека Балканот може да ги решава сопствените проблеми, изјави Зендели. Повикувајќи се на изјавата на една од говорничките во дебатата која го цитираше Винстон Черчил дека Балканот продуцира многу повеќе историја отколку што може да консумира, додаде дека треба да се надеваме дека во иднина нема да биде така, туку ќе ставиме крај на историјата и ќе гледаме кон иднината, но не само „ние од Западен Балкан, туку и другите земји од регионот кои се членки на НАТО, ЕУ, Советот на Европа и други организации”.

The post Биљали-Зендели: Мојот впечаток е дека прашањето со Бугарија ни го оставаат сами да го решиме appeared first on Република.

]]>
Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/biljali-zendeli-stavot-na-rama-kje-pridonese-kon-omeknuvanje-na-stavovite-na-bugarija/ Thu, 07 Apr 2022 19:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=484995

За Арта Биљали Зендели од ДУИ изјавата на албанскиот претседател Еди Рама за одвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговорите со посетата на Урсула вон дер Лајен во Бугарија е еден вид на притисок врз бугарската страна.

– Тоа покажува дека и Бугарија претставува одредени сигнали на закочување на одредени интеграциони процеси во Европа, кои по примерот на Украина не смеат да се дозволат. Институциите на ЕУ се повеќе од свесни за тоа. Сметам дека еден ваков став на Рама повеќе ќе придонесе кон забрзување на процесот на интеграција и вршење мек притисок врз Бугарија, да ги омекнат ставовите. – рече Биљали Зендели во „24 Анализа“.

The post Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија appeared first on Република.

]]>

За Арта Биљали Зендели од ДУИ изјавата на албанскиот претседател Еди Рама за одвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговорите со посетата на Урсула вон дер Лајен во Бугарија е еден вид на притисок врз бугарската страна.
– Тоа покажува дека и Бугарија претставува одредени сигнали на закочување на одредени интеграциони процеси во Европа, кои по примерот на Украина не смеат да се дозволат. Институциите на ЕУ се повеќе од свесни за тоа. Сметам дека еден ваков став на Рама повеќе ќе придонесе кон забрзување на процесот на интеграција и вршење мек притисок врз Бугарија, да ги омекнат ставовите. – рече Биљали Зендели во „24 Анализа“.

The post Биљали Зендели: Ставот на Рама ќе придонесе кон омекнување на ставовите на Бугарија appeared first on Република.

]]>