Арс Ламина Archives - Република https://republika.mk/tema/ars-lamina/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 08:08:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Арс Ламина Archives - Република https://republika.mk/tema/ars-lamina/ 32 32 „Арс Ламина“ препорачува 10 книги за ова лето https://republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-preporachuva-10-knigi-za-ova-leto/ Mon, 01 Jul 2024 08:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=792299

Издавачката куќа „Арс Ламина“ препорачува 10 наслови на книги за ова лето. Станува збор за свеж литературен бран со светски бестселери, кои на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

„Само ова лето“ од Аби Хименез

„Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее.

Книгата наскоро ќе биде достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

„Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес

„Се гледаме во август“ е последниот „изгубен роман“ на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес, „пронајден“ и објавен десет години по неговата смрт. Тој е напишан во заводлив, фасцинантен стил и е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет...

Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“...

„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти

Во фокусот на овој крими-трилер е семејството Делејни, чии членови многу се сакаат, но понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе... Читателот е исправен пред моралната дилема, доколку исчезне вашата мајка, дали ќе пријавите во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е вашиот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата браќа и сестри од семејството Делејни. Тие се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат прочуената тениска академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Една вечер, непозната девојка по име Савана тропа на вратата на Стен и Џој, раскрвавена по расправијата со момчето. Делејни се и повеќе од среќни да помогнат. Ако тоа е сè што бара таа.

„Како да правите ништо“ од Џени Одел

Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп. Но, во овој инспиративен водич за отфрлање на економијата на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да си ги вратиме нашите животи. Одел го гледа нашето внимание како најскапоцен, но и најискористен ресурс што го имаме. И мораме активно и континуирано да избираме како го користиме. Можеби не го користиме за работи што капитализмот ги смета за важни... но откако ќе почнеме да обрнуваме нов вид внимание, пишува таа, можеме да преземеме посмели форми на политичка акција, да ја преосмислиме улогата на човештвото во животната средина и да постигнеме посуштинско разбирање на среќата и прогресот.

„Едно лето во Италија“ од Ребека Серл

Кога ќе почине мајка ѝ на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ѝ била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ѝ е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ѝ на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ѝ, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама. Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот. И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад.

„Кери Сото се врати“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка која ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли.

„Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс

Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие. Вдовецот Мукеш, откако ќе му почине сопругата, живее повлечен живот на улицата Илинг. Секоја среда пазарува, оди во храмот и се грижи за неговата внука Прија, која се повлекува во нејзината соба да чита, додека тој ги поминува вечерите гледајќи документарци. Алиша е одлична ученичка, но анксиозна тинејџерка, која преку летото работи во локална библиотека. Сосем случајно, открива стуткано парче хартија на крајот од книгата „Да се убие птицата подбивница“. Тоа е список со романи за кои таа не чула никогаш. Заинтригирана, а по малку и од здодевност поради бавното темпо на работа во библиотеката, таа импулсивно решава да ја прочита секоја книга од списокот, една по една. Секоја приказна е магија – книгите барем за момент ја оттргнуваат Алиша од болната реалност со која се соочува дома.
Кога Мукеш пристигнува во библиотеката, очаен да се поврзе со неговата внука и пасионирана читателка Прија, Алиша му препорачува книги од списокот за читање, надевајќи се дека ќе биде полезен и за него, како што е за неа. Полека, споделените книги ги поврзуваат двете осамени души, фикцијата им помага да ги надминат тагата и секојдневните проблеми и повторно да пронајдат радост.

„Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд

„Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале... и што ќе остави зад себе. Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива. Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер...

„Солунска 28“ (III дел) од д-р Неле Карајлиќ

Третиот и завршен дел од трилогијата „Солунска 28“ конечно е пред верната армија почитувачи на ликот и делото на д-р Неле Карајлиќ. Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува. За сето тоа време, д-р Карајлиќ со својата непресушна смисла за хумор ни ги олеснуваше разбирањето и поднесувањето на светот во кој многу почесто се занимававме со преживување отколку со уживање во животот. Тоа беше ќеф на госпоѓата Историја. Но, д-р Карајлиќ не би бил д-р Карајлиќ ако во својата сага за еден град и две и пол светски војни не ја зграпчи таа иста Историја онаму каде што е најтенка и не ја преврти наопаку...

„Лето како во Мама Миа“ од Ени Робертсон

Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановите, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа ѝ прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука...

 

The post „Арс Ламина“ препорачува 10 книги за ова лето appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ препорачува 10 наслови на книги за ова лето. Станува збор за свеж литературен бран со светски бестселери, кои на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Само ова лето“ од Аби Хименез „Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее. Книгата наскоро ќе биде достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk. „Се гледаме во август“ од Габриел Гарсија Маркес „Се гледаме во август“ е последниот „изгубен роман“ на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес, „пронајден“ и објавен десет години по неговата смрт. Тој е напишан во заводлив, фасцинантен стил и е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет... Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“... „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти Во фокусот на овој крими-трилер е семејството Делејни, чии членови многу се сакаат, но понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе... Читателот е исправен пред моралната дилема, доколку исчезне вашата мајка, дали ќе пријавите во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е вашиот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата браќа и сестри од семејството Делејни. Тие се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат прочуената тениска академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Една вечер, непозната девојка по име Савана тропа на вратата на Стен и Џој, раскрвавена по расправијата со момчето. Делејни се и повеќе од среќни да помогнат. Ако тоа е сè што бара таа. „Како да правите ништо“ од Џени Одел Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп. Но, во овој инспиративен водич за отфрлање на економијата на вниманието, уметницата и критичарка Џени Одел ни покажува како можеме да си ги вратиме нашите животи. Одел го гледа нашето внимание како најскапоцен, но и најискористен ресурс што го имаме. И мораме активно и континуирано да избираме како го користиме. Можеби не го користиме за работи што капитализмот ги смета за важни... но откако ќе почнеме да обрнуваме нов вид внимание, пишува таа, можеме да преземеме посмели форми на политичка акција, да ја преосмислиме улогата на човештвото во животната средина и да постигнеме посуштинско разбирање на среќата и прогресот. „Едно лето во Италија“ од Ребека Серл Кога ќе почине мајка ѝ на Кети, таа се чувствува изгубено. Керол не ѝ била само мајка туку и најдобра пријателка. Таа ги имала сите одговори и сега, кога ѝ е најпотребна на Кети, неа ја нема. Да бидат работите уште полоши, тие го планирале нивното животно патување мајка-ќерка: две недели во Позитано, магичниот град во кој Керол го поминала летото пред да го запознае татко ѝ на Кети. Таа со години го чекала ова патување со мајка ѝ, па сега е соочена со можноста да се впушти во авантурата сама. Само што ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка. Маѓепсана од прекрасните води, преубавите карпи, љубезните домаќини и, секако, превкусната храна, Кети како да се враќа во живот. И тогаш се појавува Керол – жива, здрава, исончана и триесетгодишна. Кети не разбира што и како се случува – сè на што може да се сосредоточи е дека некако, невозможно, ја има мајка си назад. „Кери Сото се врати“ од Тејлор Џенкинс Рејд Кери Сото е бестрашна и нејзината посветеност да победи по секоја цена не ја прави ниту малку популарна. Во моментот кога ќе се повлече од тенисот, таа е најдобрата тенисерка која ја видел светот. Таа го постави секој можен рекорд и освои дваесет грен-слем титули. Жртвуваше речиси сè за да стане најдобра, со помош на нејзиниот татко, Хавиер, како нејзин тренер. И самиот поранешен шампион, Хавиер ја тренирал уште од двегодишна возраст. Но, шест години по повлекувањето, во 1994 година, Кери седи на трибините на Отвореното првенство на САД и гледа како нејзиниот рекорд го соборува извонредната тенисерка Ники Чен. На 37 години, Кери решава да се врати и со помош на нејзиниот татко да го собори рекордот на Чен. И покрај тоа што на медиумите никогаш не им се допаѓала „Борбената секира“. И покрај тоа што нејзиното тело не се движи како порано. Па, дури и ако тоа значи да си ја проголта гордоста и да тренира со човекот кому еднаш му го отвори срцето: Боу Хантли. „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс Незаборавен и трогателен дебитантски роман за тоа како случајна средба со список за читање во една библиотека помага да се создаде неверојатно пријателство помеѓу двајца различни луѓе во едно лондонско предградие. Вдовецот Мукеш, откако ќе му почине сопругата, живее повлечен живот на улицата Илинг. Секоја среда пазарува, оди во храмот и се грижи за неговата внука Прија, која се повлекува во нејзината соба да чита, додека тој ги поминува вечерите гледајќи документарци. Алиша е одлична ученичка, но анксиозна тинејџерка, која преку летото работи во локална библиотека. Сосем случајно, открива стуткано парче хартија на крајот од книгата „Да се убие птицата подбивница“. Тоа е список со романи за кои таа не чула никогаш. Заинтригирана, а по малку и од здодевност поради бавното темпо на работа во библиотеката, таа импулсивно решава да ја прочита секоја книга од списокот, една по една. Секоја приказна е магија – книгите барем за момент ја оттргнуваат Алиша од болната реалност со која се соочува дома. Кога Мукеш пристигнува во библиотеката, очаен да се поврзе со неговата внука и пасионирана читателка Прија, Алиша му препорачува книги од списокот за читање, надевајќи се дека ќе биде полезен и за него, како што е за неа. Полека, споделените книги ги поврзуваат двете осамени души, фикцијата им помага да ги надминат тагата и секојдневните проблеми и повторно да пронајдат радост. „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд „Малибу во пламен“ е приказна за една незаборавна ноќ во животот на едно семејство: ноќ во која секој од нив треба да реши што ќе избере од луѓето кои ги создале... и што ќе остави зад себе. Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. Малибу, август 1983 година. Тоа е денот на годишната забава на Нина Рива по повод крајот на летото. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива. Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер... „Солунска 28“ (III дел) од д-р Неле Карајлиќ Третиот и завршен дел од трилогијата „Солунска 28“ конечно е пред верната армија почитувачи на ликот и делото на д-р Неле Карајлиќ. Со тоа е ставена точка на приказната за судбината на една дорќолска адреса и неколку генерации кои живееле тука, но отворено е ново поглавје во создавачката биографија на човекот кој веќе четири децении пее, компонира, глуми, режира и пишува ли пишува. За сето тоа време, д-р Карајлиќ со својата непресушна смисла за хумор ни ги олеснуваше разбирањето и поднесувањето на светот во кој многу почесто се занимававме со преживување отколку со уживање во животот. Тоа беше ќеф на госпоѓата Историја. Но, д-р Карајлиќ не би бил д-р Карајлиќ ако во својата сага за еден град и две и пол светски војни не ја зграпчи таа иста Историја онаму каде што е најтенка и не ја преврти наопаку... „Лето како во Мама Миа“ од Ени Робертсон Лорел не ризикувала никогаш во животот. Сепак, како што се приближува летото, решена е да го направи она што никој не би го очекувал од неа. Инспирирана од музиката од омилената група АББА и уште поомилениот филм „Мама миа“, го зема пасошот и се качува на лет за Скопелос, подготвена да доживее летна авантура. Со звукот на брановите, опкружена со прекрасни предели, Лорел го истражува островот и ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на шармантната вила во која е сместена. Волшебните зајдисонца, остриот вкус на виното, мирисот на морето, преубавите плажи: сето тоа ѝ прираснува за срце. Меѓутоа, кога ќе се наметне прашањето за враќање во Лондон, ќе мора да донесе важна одлука...  

The post „Арс Ламина“ препорачува 10 книги за ова лето appeared first on Република.

]]>
„Арс Ламина“ ги награди децата кои сакаат да читаат и цртаат https://republika.mk/vesti/kultura/ars-lamina-gi-nagradi-detsata-koi-sakaat-da-chitaat-i-tsrtaat/ Tue, 18 Jun 2024 08:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=788611

Доделени наградите за најдобрите на конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2024 во организација на „Арс Ламина“

На литературно-музички хепенинг, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (15 јуни), во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, во Скопје, беа доделени наградите за најдобрите учесници на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Виножито“ и „Мајски цвет“, на учениците од основните училишта ООУ „Партенија Зографски“ и ООУ „Вера Циривири-Трена“, како и на светските прваци по латино-танци, од танцовиот спортски клуб – „Денсерс јунајтед“.

Целите на кампањата „Читањето е супермоќ“, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува шеста година по ред, се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго.

Во фокусот на настанот беше доделувањето на наградите на литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и основните училишта во целата држава. На конкурсот што „Арс Ламина“ го распиша од први април до десетти мај 2024 година, пристигнаа 155 литературни и 230 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од градинките од целата наша држава. За најдобрите одлучи стручно жири, автори, илустратори, наставници и уредници.

Најпрвин беа доделени признанијата за најуспешните во ликовниот дел, за кои одлучи стручното жири во состав: Орце Нинески (илустратор на книги за деца и ликовен уметник), Касиопеја Наумовска (академски сликар и професорка по ликовно во ОУ „Круме Кепески“), Анета Илиевска (илустраторка и графичка дизајнерка во „Поинтер“), Билјана Лотеска (авторка на сликовници и воспитувачка во градинка). Во ликовниот дел имаше три категории – првата е за дечињата од градинките кои твореа на тема „Во светот на приказните“, и две категории (од 1 до 5 одд. и од 6 до 9 одд.) за учениците од основните училишта, кои цртаа на тема „Во светот на книгите“.

Во литературниот дел жирито беше во состав: Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“), Јована Матевска Атанасова (авторка на книги за деца и млади), Елизабета Теодосиевска (професорка по македонски јазик, ОУ „Јан Амос Коменски“), Цветанка Стоилова (уредничка на списанија за деца „Ѕвезди“, „Прв детски клик“). Овој дел од конкурсот беше распишан за основните училишта и беше поделен на две категории, за 1 до 5 одделение и 6 до 9 одделение. Учениците пишуваа песни, раскази и есеи на тема „Во светот на книгите“.

Во продолжение е листата на наградените и пофалените ученици и нивните ментори:

НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ - ГРАДИНКИ

(Прво место) Марко Петрески, ЈОУДГ „Наша иднина“, Прилеп
Ментори: Елеонора К. Јованоска и Ирена Горгиеска

(Второ место) Лана Радуловиќ, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје
Ментор: Билјана Андоновска
(Второ место) Неда Јанчиќ, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје
Ментор: Билјана Андоновска
(Трето место) Ангела Ристовска, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје
(Трето место) Мила Проданов, ЈОУДГ „Пролет“

ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ – ГРАДИНКИ:
Нина Настевска, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, Скопје
Веда Ивановски, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ Скопје
Искра Пацаноска, ЈУДГ ОЦ „Наша иднина“, Прилеп
Ментор: Даниела Тренковска

НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 1-5 ОДД.
(Прво место) Изабела Бундалеска, 2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар
Ментор: Габи Мерџаноска

(Второ место) Илина Танев, 1-а одд., ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје
Ментор: Симона Копанова

(Второ место) Мила Дрогришка, 4 одд., ООУ „Даме Груев“, Битола
Ментор: Наташа Настевска

(Трето место) Петар Балоски, 4-г одд., ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, Скопје
Ментор: Тања Цветаноска

(Трето место) Давид Атанасовски, 3 одд., ООУ „Коле Канински“, Битола

ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 1-5 ОДД.
Леа Андрееска, 4-4 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Прилеп
Ментор: Верче Велеска

Симон Ристоски, 1-б одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Скопје
Ментор: Сања Синадиноска

Ирина Ѓорѓевиќ, 3-1 одд., ООУ „Блаже Коневски“, Скопје
Ментор: Ангелина Митева

Михаил Ангеловски, 5 одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“, с. Романовце, Куманово
Ментор: Анета Мишевска

НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 6-9 ОДД.
(Прво место) Ивана Костова, 7-2 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Битола

(Второ место) Каролина Кузмановска, 9 одд., ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница
Ликовен педагог: Лина Тренкоска

(Трето место) Ивана Гашовски, 7-4 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Битола
Ментор: Ленче Јагоридовска

(Трето место) Марко Денковски, 6 одд., ООУ „Кочо Рацин“
Ментор: Далибор Јовановски

ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 6-9 ОДД.
Бесјана Саити, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“
Ментор: Игбал Мемиши
Бранкица Франк, 6-а одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Скопје
Теодора Давидковска, 8 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово
Ментор: Далибор Јовановски

НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 1-5 ОДД.

(Прво место) Весна Билбиловска, 2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар
Ментор: Габриела Мерџаноскa

(Второ место) Симона Миланова, IV-1 одд. ООУ„ Васил Главинов“, Велес
Ментор: Бојанка Џипунова Ташова

(Второ место) Бојан Китановски, 2-в одд., ООУ „Даме Груев“, Битола
Ментор: Љупка Здравевска

(Трето место) Ведран Веселиновски, 3-б одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје
Ментор: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски

(Трето место) Андреа Зафирова, 3-б одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје
Ментори: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски

(Трето место) Ана Мавров, 5-4 одд., ООУ „Никола Вапцаров“, Струмица
Ментор: Соња Спасова

ПОФАЛЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 1-5 ОДД.

Дамјан Тасевски, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Скопје
Ментор: Тања Јовановска

Каја Симоска, 5-2 одд., ООУ „Александар Македонски“, Скопје
Ментор: Елена Маневска

Мила Димитрова, 5-1 одд., ООУ „Тошо Арсов“, Штип
Ментор: Наташа Павлова

Костантина Андонова, 4-б одд., ООУ „Даме Груев“, Битола
Ментор: Летка Степановска

Лина Веселиноска, 4-1 одд., ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница
Ментор: Тања Костадиноска

НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 6-9 ОДД.

(Прво место) Дамјан Костадиновски, 7-1 одд., ООУ „Александар Здравковски“, Јегуновце
Ментор: Татјана Стојановска

(Второ место) Иларија Цветкова, 8-1 одд., ООУ „Никола Карев“, Кочани
Ментор: Гордана Јефтимова

(Второ место) Марија Талеска, 7-2, ООУ „Св. Климент Охридски“, Прилеп
Ментор: Стефани Петреска

(Трето место) Ивана Цветаноска, 9-4 одд., ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје
Ментор: Костадинка Поповска

(Трето место) Теодора Божиновска, 6 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово
Ментор: Весна Тодоровска
(Трето место) Андреј Богоески, 6 одд., ООУ „Круме Волнароски“, с. Тополчани
Ментор: Мирјана Талеска

ПОФАЛЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 6-9 ОДД.

Кристина Симовска, 9-1 одд., ООУ „Александар Здравковски“, Јегуновце
Ментор: Татјана Стојановска

Нина Панчевска, 7-2 одд., ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје
Ментор: Благица Ангеловска

Ана Јовановска, 6-1 одд., ООУ „Васил Главинов“, Велес
Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова

Стефанија Марковска, 9 одд., ООУ „Коле Канински“, Битола
Ментор: Кристина Ташевска

Ермина Мамути, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“
Берта Ибиши, 6-7 одд., ООУ „25 Мај“
Биона Хамиди, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“

The post „Арс Ламина“ ги награди децата кои сакаат да читаат и цртаат appeared first on Република.

]]>

Доделени наградите за најдобрите на конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2024 во организација на „Арс Ламина“ На литературно-музички хепенинг, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (15 јуни), во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, во Скопје, беа доделени наградите за најдобрите учесници на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Виножито“ и „Мајски цвет“, на учениците од основните училишта ООУ „Партенија Зографски“ и ООУ „Вера Циривири-Трена“, како и на светските прваци по латино-танци, од танцовиот спортски клуб – „Денсерс јунајтед“. Целите на кампањата „Читањето е супермоќ“, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува шеста година по ред, се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго. Во фокусот на настанот беше доделувањето на наградите на литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и основните училишта во целата држава. На конкурсот што „Арс Ламина“ го распиша од први април до десетти мај 2024 година, пристигнаа 155 литературни и 230 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од градинките од целата наша држава. За најдобрите одлучи стручно жири, автори, илустратори, наставници и уредници. Најпрвин беа доделени признанијата за најуспешните во ликовниот дел, за кои одлучи стручното жири во состав: Орце Нинески (илустратор на книги за деца и ликовен уметник), Касиопеја Наумовска (академски сликар и професорка по ликовно во ОУ „Круме Кепески“), Анета Илиевска (илустраторка и графичка дизајнерка во „Поинтер“), Билјана Лотеска (авторка на сликовници и воспитувачка во градинка). Во ликовниот дел имаше три категории – првата е за дечињата од градинките кои твореа на тема „Во светот на приказните“, и две категории (од 1 до 5 одд. и од 6 до 9 одд.) за учениците од основните училишта, кои цртаа на тема „Во светот на книгите“. Во литературниот дел жирито беше во состав: Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“), Јована Матевска Атанасова (авторка на книги за деца и млади), Елизабета Теодосиевска (професорка по македонски јазик, ОУ „Јан Амос Коменски“), Цветанка Стоилова (уредничка на списанија за деца „Ѕвезди“, „Прв детски клик“). Овој дел од конкурсот беше распишан за основните училишта и беше поделен на две категории, за 1 до 5 одделение и 6 до 9 одделение. Учениците пишуваа песни, раскази и есеи на тема „Во светот на книгите“. Во продолжение е листата на наградените и пофалените ученици и нивните ментори: НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ - ГРАДИНКИ (Прво место) Марко Петрески, ЈОУДГ „Наша иднина“, Прилеп Ментори: Елеонора К. Јованоска и Ирена Горгиеска (Второ место) Лана Радуловиќ, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје Ментор: Билјана Андоновска (Второ место) Неда Јанчиќ, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје Ментор: Билјана Андоновска (Трето место) Ангела Ристовска, ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, Скопје (Трето место) Мила Проданов, ЈОУДГ „Пролет“ ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ – ГРАДИНКИ: Нина Настевска, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“, Скопје Веда Ивановски, ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ Скопје Искра Пацаноска, ЈУДГ ОЦ „Наша иднина“, Прилеп Ментор: Даниела Тренковска НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 1-5 ОДД. (Прво место) Изабела Бундалеска, 2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар Ментор: Габи Мерџаноска (Второ место) Илина Танев, 1-а одд., ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје Ментор: Симона Копанова (Второ место) Мила Дрогришка, 4 одд., ООУ „Даме Груев“, Битола Ментор: Наташа Настевска (Трето место) Петар Балоски, 4-г одд., ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, Скопје Ментор: Тања Цветаноска (Трето место) Давид Атанасовски, 3 одд., ООУ „Коле Канински“, Битола ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 1-5 ОДД. Леа Андрееска, 4-4 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Прилеп Ментор: Верче Велеска Симон Ристоски, 1-б одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Скопје Ментор: Сања Синадиноска Ирина Ѓорѓевиќ, 3-1 одд., ООУ „Блаже Коневски“, Скопје Ментор: Ангелина Митева Михаил Ангеловски, 5 одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“, с. Романовце, Куманово Ментор: Анета Мишевска НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 6-9 ОДД. (Прво место) Ивана Костова, 7-2 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Битола (Второ место) Каролина Кузмановска, 9 одд., ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница Ликовен педагог: Лина Тренкоска (Трето место) Ивана Гашовски, 7-4 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Битола Ментор: Ленче Јагоридовска (Трето место) Марко Денковски, 6 одд., ООУ „Кочо Рацин“ Ментор: Далибор Јовановски ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН ДЕЛ 6-9 ОДД. Бесјана Саити, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“ Ментор: Игбал Мемиши Бранкица Франк, 6-а одд., ООУ „Страшо Пинџур“, Скопје Теодора Давидковска, 8 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Далибор Јовановски НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 1-5 ОДД. (Прво место) Весна Билбиловска, 2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар Ментор: Габриела Мерџаноскa (Второ место) Симона Миланова, IV-1 одд. ООУ„ Васил Главинов“, Велес Ментор: Бојанка Џипунова Ташова (Второ место) Бојан Китановски, 2-в одд., ООУ „Даме Груев“, Битола Ментор: Љупка Здравевска (Трето место) Ведран Веселиновски, 3-б одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје Ментор: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски (Трето место) Андреа Зафирова, 3-б одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје Ментори: Вера Крстевска, Зорица Атанасовски (Трето место) Ана Мавров, 5-4 одд., ООУ „Никола Вапцаров“, Струмица Ментор: Соња Спасова ПОФАЛЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 1-5 ОДД. Дамјан Тасевски, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Скопје Ментор: Тања Јовановска Каја Симоска, 5-2 одд., ООУ „Александар Македонски“, Скопје Ментор: Елена Маневска Мила Димитрова, 5-1 одд., ООУ „Тошо Арсов“, Штип Ментор: Наташа Павлова Костантина Андонова, 4-б одд., ООУ „Даме Груев“, Битола Ментор: Летка Степановска Лина Веселиноска, 4-1 одд., ООУ „Коста Рацин“, с. Брвеница Ментор: Тања Костадиноска НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 6-9 ОДД. (Прво место) Дамјан Костадиновски, 7-1 одд., ООУ „Александар Здравковски“, Јегуновце Ментор: Татјана Стојановска (Второ место) Иларија Цветкова, 8-1 одд., ООУ „Никола Карев“, Кочани Ментор: Гордана Јефтимова (Второ место) Марија Талеска, 7-2, ООУ „Св. Климент Охридски“, Прилеп Ментор: Стефани Петреска (Трето место) Ивана Цветаноска, 9-4 одд., ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје Ментор: Костадинка Поповска (Трето место) Теодора Божиновска, 6 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово Ментор: Весна Тодоровска (Трето место) Андреј Богоески, 6 одд., ООУ „Круме Волнароски“, с. Тополчани Ментор: Мирјана Талеска ПОФАЛЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ 6-9 ОДД. Кристина Симовска, 9-1 одд., ООУ „Александар Здравковски“, Јегуновце Ментор: Татјана Стојановска Нина Панчевска, 7-2 одд., ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје Ментор: Благица Ангеловска Ана Јовановска, 6-1 одд., ООУ „Васил Главинов“, Велес Ментор: Бојанка Џипунова-Ташова Стефанија Марковска, 9 одд., ООУ „Коле Канински“, Битола Ментор: Кристина Ташевска Ермина Мамути, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“ Берта Ибиши, 6-7 одд., ООУ „25 Мај“ Биона Хамиди, 6-4 одд., ООУ „25 Мај“

The post „Арс Ламина“ ги награди децата кои сакаат да читаат и цртаат appeared first on Република.

]]>
„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет https://republika.mk/vesti/kultura/izgubeniot-i-dosega-neobjaven-roman-na-nobelovetsot-gabriel-garsija-markes-se-gledame-vo-avgust-deneska-izleze-od-pechat-na-makedonski-jazik-istovremeno-so-tseliot-svet/ Wed, 06 Mar 2024 13:17:12 +0000 https://republika.mk/?p=751910

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а наскоро и во сите други книжевни продажни места.

Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излегува од печат на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот.

Во личната заложба на неговите синови Родриго и Гонзало Гарсија Барча, како и уредникот Кристобал Пера,  за вакво синхронизирано објавување на романот, учествуваше и издавачката куќа „Арс Ламина“ од Македонија, која го објави романот во едицијата „Современи класици“ (во која има уште седум други класици од Маркес) – како нов, ексклузивен наслов во превод од шпански јазик на Огнена Никуљски. Со овој издавачки потег, Македонија достојно се позиционираше на книжевната мапа на светот.

Во едицијата „Современи класици“, досега се објавени и класиците „Сто години самотија“, „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“.
„Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини.

Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“...

Иако „Се гледаме во август“ е роман на лик (Ана Магдалена Бах), сепак, во суштината, станува збор за роман за љубовта, за илузијата, за скришното што си го доверуваме само себеси, не претпоставувајќи дека светот однапред го има средено сето тоа како наш запис, императив, како наша „опашка“ на предците, како продолжување на нешто што никогаш и не може да се скине, прекине...

Габриел Гарсија Маркес (1927 – 2014)  еден од најзначајните прозаисти на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1982 година за неговите романи и раскази, во кои фантастичното и реалното се вмрежени во раскошното структуриран свет што ги рефлектира животот и конфликтите на целиот континент.

Кон крајот на својот живот, Гарсија Маркес работеше на овој роман додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови и со слабеење на меморијата, тој одлучи дека ова ново дело не треба да биде објавено по неговата смрт, и покрај тоа што го доби неговиот последен знак. Но, сега, десет години по неговата смрт, неговите синови одлучија книгата сепак да биде објавена. Така, „Се гледаме во август“ е неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет.

Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, со можност за нарачка онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет appeared first on Република.

]]>

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а наскоро и во сите други книжевни продажни места. Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излегува од печат на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот. Во личната заложба на неговите синови Родриго и Гонзало Гарсија Барча, како и уредникот Кристобал Пера,  за вакво синхронизирано објавување на романот, учествуваше и издавачката куќа „Арс Ламина“ од Македонија, која го објави романот во едицијата „Современи класици“ (во која има уште седум други класици од Маркес) – како нов, ексклузивен наслов во превод од шпански јазик на Огнена Никуљски. Со овој издавачки потег, Македонија достојно се позиционираше на книжевната мапа на светот. Во едицијата „Современи класици“, досега се објавени и класиците „Сто години самотија“, „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“. „Се гледаме во август“ е кус роман напишан во заводлив, фасцинантен и препознатлив стил на Маркес, кој е вистинска химна на животот со многу лица, особено на љубовта со многу опачини. Секој август, на точно определен датум, Ана Магдалена Бах заминува на островот каде што е погребана нејзината мајка со букет гладиоли. За време на овие патувања, макар на една ноќ, таа станува некоја друга, а нејзиниот внатрешен свет станува сосем поинаков, зашто „да се изгуби ноќта значи да се изгуби една година“... Иако „Се гледаме во август“ е роман на лик (Ана Магдалена Бах), сепак, во суштината, станува збор за роман за љубовта, за илузијата, за скришното што си го доверуваме само себеси, не претпоставувајќи дека светот однапред го има средено сето тоа како наш запис, императив, како наша „опашка“ на предците, како продолжување на нешто што никогаш и не може да се скине, прекине... Габриел Гарсија Маркес (1927 – 2014)  еден од најзначајните прозаисти на 20 век. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1982 година за неговите романи и раскази, во кои фантастичното и реалното се вмрежени во раскошното структуриран свет што ги рефлектира животот и конфликтите на целиот континент. Кон крајот на својот живот, Гарсија Маркес работеше на овој роман додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови и со слабеење на меморијата, тој одлучи дека ова ново дело не треба да биде објавено по неговата смрт, и покрај тоа што го доби неговиот последен знак. Но, сега, десет години по неговата смрт, неговите синови одлучија книгата сепак да биде објавена. Така, „Се гледаме во август“ е неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет. Книгата е достапна во сите книжарници „Литература.мк“, со можност за нарачка онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет appeared first on Република.

]]>
Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-raskazite-gramadata-na-pristanishteto-od-slovenechkiot-pisatel-boris-pahor-2/ Mon, 12 Feb 2024 09:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=743059

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот. Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели. Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите. Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

The post Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор appeared first on Република.

]]>
Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина https://republika.mk/vesti/skopje/firma-osnovana-chetiri-dena-otkako-mitovski-stana-direktor-na-vodovod-dobi-tender-za-elektronska-naplata-na-smetki-hartienite-ke-gi-pechati-ars-lamina/ Mon, 20 Mar 2023 21:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=621804

Фирмата „Клик медиа 101“ го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод.

Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов, кој не ѝ е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата, објави Телма.

Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје.

Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина.

Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.


Целиот текст на Телма

The post Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина appeared first on Република.

]]>

Фирмата „Клик медиа 101“ го добила тендерот од над 30.000 евра за електронска наплата на сметките за вода која ја користат над 50.000 корисници на скопски Водовод. Оваа фирма е основана четири дена откако на директорското столче во „Водовод“ седна Марјанчо Митовски, а основач и единствен сопственик на фирмата е Драган Стефанов, кој не ѝ е познат за јавноста, ниту пак достапен за медиумите. Тендерот е прв и единствен регистриран на фирмата Клик Медиа 101 во Бирото за јавни набавки. За 30 илјади евра новоформирана фирма треба да го одржува и поправа електронскиот систем за наплата, објави Телма. Во врска со тендерот го доби фирмата со најефтина понуда, а Драган Стефанов лично не го познавам, ниту знам за кого се работи, изјави за Телма  Марјанчо Митовски поранешен директор на ЈП „Водовод и канализација„ Скопје. Но сметките на Водовод нема да се испорачуваат само дигитално туку и во хартиена варијанта и тоа многу поскапо. Во оваа зделка од милион евра влегува познатата по печатање на Учебници Арс Ламина. Новиот, трет директор на скопски „Водовод“ Драган Илиевски склучил договор со фирмата АРС ЛАМИНА ДОО Скопје која доцнеше со печатење на училишни книги, но сега за милион евра ќе ги прави и ковертира сметките за вода во рок од 2 години.
Целиот текст на Телма

The post Фирма основана четири дена откако Митовски стана директор на „Водовод“ доби тендер за електронска наплата на сметки, хартиените ќе ги печати Арс ламина appeared first on Република.

]]>
Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација https://republika.mk/vesti/kultura/so-slikovnitsite-koncheto-od-ringishpilot-i-vo-polskata-kukichka-se-reafirmiraat-klasichnite-dela-so-nova-vizuelna-naratsija/ Wed, 08 Feb 2023 14:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=606553

Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова.
Сликовниците беа промовирани вчеравечер (7 февруари), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во рамките на настанот „Денови на литературата“. Кон книгите, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска и Орце Нинески, а „Во полската куќичка“ ја претставија уредничката Бисера Бендевска и графичката дизајнерка Ангела Чучкова.

Едицијата „Љубов на прв збор“ пред јавноста првично беше претставена минатиот месец, со промоција на „Танцот на шарените шамичиња“ на Александар Прокопиев. Со оваа нова едиција, во живот се враќаат старите и подзаборавени текстови за деца од домашните писатели од најразлични провениенции, се реобјавуваат одредени наслови во нов илустративен и ликовно-графички формат или се извлекуваат текстови од поголеми целини што можат да функционираат и самостојно. На објавувањето му претходеше пребарување по книжевната периодика за деца во минатото и наоѓање на квалитетен книжевен материјал што можеби сè досега воопшто и се нема најдено во книга.

„Коњчето од рингишпилот“ е сликовница за авантурата на едно дрвено коњче од рингишпилот на крајот од градот. Оживувајќи го коњчето со класична постапка на персонификација, стиховите на Јован Стрезовски од него прават лирски херој со кој децата лесно ќе се идентификуваат и сигурно ќе го засакаат. Песната „Коњчето од рингишпилот“ првично била објавена во списание за деца, пред дваесетина години, но веројатно не се нашла и во ниту една од книгите на познатиот писател. Јован Стрезовски е еден од најпознатите и најплодни писатели за деца во Македонија. Активно пишува и сега, во својата десетта деценија од животот. За него, иако напишал десетина збирки поезија за деца, исто толку збирки раскази и романи за млади, не може да се каже дека е автор само за деца, зашто и за возрасни еднакво создавал сето свое активно време од педесеттите години на минатиот век до денес. Автор е на познатиот роман – „Дружината ’Братско стебло‘“, што со децении беше лектира во основните училишта. Стрезовски има постигнато бележити успеси и во сферата на литературата за возрасни, пред само три години ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за збирка куса проза, жанр во тренд последниве години, особено кај помладите писатели – истакна уредничката Ќорвезироска.

За илустрациите на Орце Нинески, уредничката рече дека „тие ѝ даваат впечатлив визуелен лик на оваа ноќна авантура кога коњчето бега од рингишпилот, се прошетува низ градот и наутро се враќа на рингишпилот да ги чека децата. ’Тајниот‘ соновен живот на омилените детски нешта, меѓу кои е и дрвеното коњче, придонесува за емоционалниот развој на малите големи читатели“.
Орце Нинески има 12 години работно искуство како историчар на уметност, а нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Со сликарство се занимава повеќе години, главно сликајќи апстракција, надреализам, обоени полиња итн. Кога го видел конкурсот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ за визуализација на победничките четири бајки од проектот „Нови бајки од Македонија“, решил да си ја испроба среќата и како илустратор на книги за деца. За него, најинспиративна била бајката „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова, за која направил илустрации и ги пријавил на изборот. Жирито на конкурсот го избра токму неговото креативно решение како најдобро за оваа книга. „Коњчето од рингишпилот“ е негова втора сликовница, а наскоро ќе биде публикувана и третата, која е дел од новото дополнување на едицијата „Нови бајки од Македонија“.

Како историчар на уметноста истовремено бев (и сум) голем вљубеник и во уметноста, сликарството, скулптурата и илустрацијата. Конкурсот за „Нови бајки од Македонија“ беше моја шанса да си ја пробам среќата и да се докажам како илустратор на книги. Кога дознав дека моја илустрација е една од победничките, ме направи најсреќниот илустратор на светот. Тоа за мене беше неверојатна шанса и неверојатна среќа. Потоа, сфатив дека илустрацијата може да биде дел од сликарството и дека сликарството не мора да биде ограничено на платно. Знам голем број сликари кои се занимаваат со илустрирање книги. Кога го добив текстот на Јован Стрезовски за „Коњчето од рингишпилот“ се израдував што повторно ќе имам можност да работам сликовница за деца. Веднаш се инспирирав од текстот, бидејќи на некој начин ме потсети на мојата омилена приказна за дрвеното момче Пинокио. За мене беше преубав предизвик да ја илустрирам книгата. Немав големи тешкотии во визуелното оживување на приказната, бидејќи, пред сè, имав помалку текст и повеќе простор за ликовно дораскажување. Минимализмот во текстот за мене, како илустратор, ми беше полесно да се изразам. Како илустратор-почетник сметам дека со секоја нова сликовница одам понапред, стилски и технички. Се надевам дека ќе продолжам со оваа работа и дека ќе се надградам како илустратор – рече Нинески.

„Во полската куќичка“ од Ванчо Николески е поема напишана врз мотив од народна бајка и е објавена во 1962 година. Шеесет години подоцна, оваа поема добива ликовна креација со современ израз. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Во основата, оваа бајка зборува за моќта на другарството и сплотеноста. Зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст.
Ванчо Николески (1912 – 1980) е претставник на првата повоена генерација на македонски писатели за деца и млади. Автор е на првата стихозбирка за деца на македонски јазик, „Македонче“ (1946) и на првиот роман за деца и млади на македонски јазик, „Волшебното самарче“ (1959). За својот богат и значаен опус ги добива наградите „Климент Охридски“, „Младо поколение“, „11 Октомври“.

Николески не случајно го нарекуваат „татко и прво перо на детската литература“. Неговите дела се засноваат на мотиви од фолклорот, од народната ризница, а тоа се должи на изложеноста на народните приказни уште како мало момче, кога од неговата баба Софија, од мајка му и од селаните слушал лирски песни, сказни и други приказни. Во поемата „Во полската куќичка“ може да се забележи еволуцијата на поетскиот израз на Николески. Од една страна е формалниот напредок на ниво на стихотворење (користи катрени, терцини, дистих итн.), но и од содржински аспект – во оваа поема тој го проширува хуманистичкиот поттекст. Всушност, „Во полската куќичка“ е басна-бајка, во која човечките карактеристики се персонифицирани во животински ликови и која ја изнесува пораката за моќта на здружувањето, на дружељубивоста, особено кога заедницата е загрозена. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Освен за моќта на другарството и сплотеноста, оваа бајка зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст – изјави уредничката Бисера Бендевска.

Во комплетирање на овие дела, спојувањето на текстовите стари повеќе децении и новите илустрации голем удел има графичко-ликовното обликување. За процесот на спојување на текстот и сликата зборуваше графичката дизајнерка Ангела Чучкова.

Секој илустратор имаше слобода сам да го интерпретира текстот визуелно, да го прикаже како што го разбрал. Илустрациите го дополнуваат текстот. Со одредени детали во илустрацијата можат да се доловат елементи од приказната што не се детално објаснети во текстот, а се значајни за сликовницата во целина. Визуелното раскажување на приказната е многу важно, особено за младите или идните читатели, бидејќи децата преку сликата подобро ја разбираат приказната. За успешно спојување на двете нарации (текстуална и ликовна) важни се повеќе елементи од графичкото уредување, како што е, на пример, типографијата. Таа е мост меѓу илустрацијата и текстот, бидејќи преку добро избрана типографија можат да се доловат емоциите. „Во полската куќичка“, на пример, има директен говор, кој е доловен со големи и разиграни букви. Така, децата ќе можат да ги разликуваат – рече Чучкова.

The post Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација appeared first on Република.

]]>

Новата едиција „Љубов на прв збор“, со која издавачката куќа „Арс Ламина“ реафирмира постари, класични дела на познати македонски писатели за деца, објавувајќи ги во нов илустративен формат, се збогати со уште две сликовници. Станува збор за книгите „Коњчето од рингишпилот“ од Јован Стрезовски со илустрации на Орце Нинески и „Во полската куќичка“ од Ванчо Николески со илустрации на Љупка Стојкова. Сликовниците беа промовирани вчеравечер (7 февруари), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во рамките на настанот „Денови на литературата“. Кон книгите, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се осврнаа уредничката Оливера Ќорвезироска и Орце Нинески, а „Во полската куќичка“ ја претставија уредничката Бисера Бендевска и графичката дизајнерка Ангела Чучкова. Едицијата „Љубов на прв збор“ пред јавноста првично беше претставена минатиот месец, со промоција на „Танцот на шарените шамичиња“ на Александар Прокопиев. Со оваа нова едиција, во живот се враќаат старите и подзаборавени текстови за деца од домашните писатели од најразлични провениенции, се реобјавуваат одредени наслови во нов илустративен и ликовно-графички формат или се извлекуваат текстови од поголеми целини што можат да функционираат и самостојно. На објавувањето му претходеше пребарување по книжевната периодика за деца во минатото и наоѓање на квалитетен книжевен материјал што можеби сè досега воопшто и се нема најдено во книга.
„Коњчето од рингишпилот“ е сликовница за авантурата на едно дрвено коњче од рингишпилот на крајот од градот. Оживувајќи го коњчето со класична постапка на персонификација, стиховите на Јован Стрезовски од него прават лирски херој со кој децата лесно ќе се идентификуваат и сигурно ќе го засакаат. Песната „Коњчето од рингишпилот“ првично била објавена во списание за деца, пред дваесетина години, но веројатно не се нашла и во ниту една од книгите на познатиот писател. Јован Стрезовски е еден од најпознатите и најплодни писатели за деца во Македонија. Активно пишува и сега, во својата десетта деценија од животот. За него, иако напишал десетина збирки поезија за деца, исто толку збирки раскази и романи за млади, не може да се каже дека е автор само за деца, зашто и за возрасни еднакво создавал сето свое активно време од педесеттите години на минатиот век до денес. Автор е на познатиот роман – „Дружината ’Братско стебло‘“, што со децении беше лектира во основните училишта. Стрезовски има постигнато бележити успеси и во сферата на литературата за возрасни, пред само три години ја доби наградата „Стале Попов“ на ДПМ за збирка куса проза, жанр во тренд последниве години, особено кај помладите писатели – истакна уредничката Ќорвезироска.
За илустрациите на Орце Нинески, уредничката рече дека „тие ѝ даваат впечатлив визуелен лик на оваа ноќна авантура кога коњчето бега од рингишпилот, се прошетува низ градот и наутро се враќа на рингишпилот да ги чека децата. ’Тајниот‘ соновен живот на омилените детски нешта, меѓу кои е и дрвеното коњче, придонесува за емоционалниот развој на малите големи читатели“. Орце Нинески има 12 години работно искуство како историчар на уметност, а нашол нов животен предизвик – како самостоен уметник, сликар и графички дизајнер. За него, уметноста е исклучително предизвикувачка, привлечна и забавна. Со сликарство се занимава повеќе години, главно сликајќи апстракција, надреализам, обоени полиња итн. Кога го видел конкурсот на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ за визуализација на победничките четири бајки од проектот „Нови бајки од Македонија“, решил да си ја испроба среќата и како илустратор на книги за деца. За него, најинспиративна била бајката „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова, за која направил илустрации и ги пријавил на изборот. Жирито на конкурсот го избра токму неговото креативно решение како најдобро за оваа книга. „Коњчето од рингишпилот“ е негова втора сликовница, а наскоро ќе биде публикувана и третата, која е дел од новото дополнување на едицијата „Нови бајки од Македонија“.
Како историчар на уметноста истовремено бев (и сум) голем вљубеник и во уметноста, сликарството, скулптурата и илустрацијата. Конкурсот за „Нови бајки од Македонија“ беше моја шанса да си ја пробам среќата и да се докажам како илустратор на книги. Кога дознав дека моја илустрација е една од победничките, ме направи најсреќниот илустратор на светот. Тоа за мене беше неверојатна шанса и неверојатна среќа. Потоа, сфатив дека илустрацијата може да биде дел од сликарството и дека сликарството не мора да биде ограничено на платно. Знам голем број сликари кои се занимаваат со илустрирање книги. Кога го добив текстот на Јован Стрезовски за „Коњчето од рингишпилот“ се израдував што повторно ќе имам можност да работам сликовница за деца. Веднаш се инспирирав од текстот, бидејќи на некој начин ме потсети на мојата омилена приказна за дрвеното момче Пинокио. За мене беше преубав предизвик да ја илустрирам книгата. Немав големи тешкотии во визуелното оживување на приказната, бидејќи, пред сè, имав помалку текст и повеќе простор за ликовно дораскажување. Минимализмот во текстот за мене, како илустратор, ми беше полесно да се изразам. Како илустратор-почетник сметам дека со секоја нова сликовница одам понапред, стилски и технички. Се надевам дека ќе продолжам со оваа работа и дека ќе се надградам како илустратор – рече Нинески.
„Во полската куќичка“ од Ванчо Николески е поема напишана врз мотив од народна бајка и е објавена во 1962 година. Шеесет години подоцна, оваа поема добива ликовна креација со современ израз. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Во основата, оваа бајка зборува за моќта на другарството и сплотеноста. Зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст. Ванчо Николески (1912 – 1980) е претставник на првата повоена генерација на македонски писатели за деца и млади. Автор е на првата стихозбирка за деца на македонски јазик, „Македонче“ (1946) и на првиот роман за деца и млади на македонски јазик, „Волшебното самарче“ (1959). За својот богат и значаен опус ги добива наградите „Климент Охридски“, „Младо поколение“, „11 Октомври“.
Николески не случајно го нарекуваат „татко и прво перо на детската литература“. Неговите дела се засноваат на мотиви од фолклорот, од народната ризница, а тоа се должи на изложеноста на народните приказни уште како мало момче, кога од неговата баба Софија, од мајка му и од селаните слушал лирски песни, сказни и други приказни. Во поемата „Во полската куќичка“ може да се забележи еволуцијата на поетскиот израз на Николески. Од една страна е формалниот напредок на ниво на стихотворење (користи катрени, терцини, дистих итн.), но и од содржински аспект – во оваа поема тој го проширува хуманистичкиот поттекст. Всушност, „Во полската куќичка“ е басна-бајка, во која човечките карактеристики се персонифицирани во животински ликови и која ја изнесува пораката за моќта на здружувањето, на дружељубивоста, особено кога заедницата е загрозена. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Освен за моќта на другарството и сплотеноста, оваа бајка зборува и за љубезноста и пожртвуваноста, општоважечки етички пораки што децата треба да ги усвојат од најмала возраст – изјави уредничката Бисера Бендевска.
Во комплетирање на овие дела, спојувањето на текстовите стари повеќе децении и новите илустрации голем удел има графичко-ликовното обликување. За процесот на спојување на текстот и сликата зборуваше графичката дизајнерка Ангела Чучкова.
Секој илустратор имаше слобода сам да го интерпретира текстот визуелно, да го прикаже како што го разбрал. Илустрациите го дополнуваат текстот. Со одредени детали во илустрацијата можат да се доловат елементи од приказната што не се детално објаснети во текстот, а се значајни за сликовницата во целина. Визуелното раскажување на приказната е многу важно, особено за младите или идните читатели, бидејќи децата преку сликата подобро ја разбираат приказната. За успешно спојување на двете нарации (текстуална и ликовна) важни се повеќе елементи од графичкото уредување, како што е, на пример, типографијата. Таа е мост меѓу илустрацијата и текстот, бидејќи преку добро избрана типографија можат да се доловат емоциите. „Во полската куќичка“, на пример, има директен говор, кој е доловен со големи и разиграни букви. Така, децата ќе можат да ги разликуваат – рече Чучкова.

The post Со сликовниците „Коњчето од рингишпилот“ и „Во полската куќичка“ се реафирмираат класичните дела со нова визуелна нарација appeared first on Република.

]]>
Во чест на 86-от роденденот на Оливера Николова, „Арс Ламина“ ги реобјавува нејзините книги за возрасни https://republika.mk/vesti/kultura/vo-chest-na-86-ot-rodendenot-na-olivera-nikolova-ars-lamina-gi-reobjavuva-nejzinite-knigi-za-vozrasni/ Fri, 11 Mar 2022 20:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=471537

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова.

Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова.

Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

Овие дела ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан.

The post Во чест на 86-от роденденот на Оливера Николова, „Арс Ламина“ ги реобјавува нејзините книги за возрасни appeared first on Република.

]]>

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова. Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска. Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска). Овие дела ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан.

The post Во чест на 86-от роденденот на Оливера Николова, „Арс Ламина“ ги реобјавува нејзините книги за возрасни appeared first on Република.

]]>