апликација Archives - Република https://republika.mk/tema/aplikacija/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 10:49:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апликација Archives - Република https://republika.mk/tema/aplikacija/ 32 32 Тошковски промовираше мобилна апликација за зајакнување на капацитетот на полицијата при случаи на родово и семејно насилство https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-promovirashe-mobilna-aplikatsija-za-zajaknuvane-na-kapatsitetot-na-politsijata-pri-sluchai-na-rodovo-i-semejno-nasilstvo/ Sat, 21 Sep 2024 10:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=818450

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на 20.09, се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно насилство и истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места. Содржината на апликацијата е изработена од работна група со членови од Центарот за обука, Бирото за јавна безбедност и Одделот за информатика и телекомуникации, а Мисијата на ОБСЕ во Виена даде силна поддршка во изработката апликацијата, со менторство на целиот процес и ангажман.

Истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места.

Полициската професија е сложена и комплексна. Од полицискиот службеник се очекува брз и ефикасен одговор, но и одговор кој во целост ќе ја задоволи процедуралната правда за жртвите. Полициските службеници често се соочуваат со предизвикот да дадат одговор по пријави за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, а потребата за почитување на процедурите во постапката е од извонредно значење за жртвата, но и за полицијата како служба која има примарна надлежност да штити преку соодветно постапување“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски нагласи дека ваквите алатки за учење како што е мобилната апликација за родово базирано насилство и семејно насилство, треба да го овозможи процесот за полесно учење, за следење на процедурите при постапувањето по пријави за овој вид на кривични дела.

Родово базираното насилство врз жени и семејното насилство е проблем кој ја засега целата заедница. Мултисекторскиот одговор, брзината и ефикасноста на одговорот кој го нуди полицијата треба целосно да биде заснован на родово разбирање на насилството, одговор без дискриминација, одговор со кој во центарот на целокупното внимание ќе биде ставена жртвата, нејзините права и потреби. Знаењето на процедурата, познавањето на начелата за постапување, протоколот за соработка со другите институции се една од гаранциите за обезбедување на ефикасен систем за помош, поддршка и заштита на жените жртви на насилство.

Министерството за внатрешни работи, во целиот процес на реформи и развој, акцентот го става на развивање на дигитални алатки за учење, но и дигитализација на работните процеси со што ќе се овозможи брзина, ефикасност и намалување на можности за грешки во работата“, ја нагласи министерот посветеноста кон олеснување на процесите со нивна дигитализација.

Тошковски на крај подвлече дека едуцирани, компетентни и мотивирани полициски службеници се еден од предусловите за полиција која ќе биде сервис, поддршка и заштита за граѓаните.

The post Тошковски промовираше мобилна апликација за зајакнување на капацитетот на полицијата при случаи на родово и семејно насилство appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на 20.09, се обрати на промоција на мобилната апликација „Џастис РБН за родово базирано насилство“, која се одржа во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово. Апликацијата која треба да помогне да се зајакнат капацитетите на полицијата во постапувањето со жени жртви на насилство и семејно насилство и истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места. Содржината на апликацијата е изработена од работна група со членови од Центарот за обука, Бирото за јавна безбедност и Одделот за информатика и телекомуникации, а Мисијата на ОБСЕ во Виена даде силна поддршка во изработката апликацијата, со менторство на целиот процес и ангажман. Истата ќе биде дел од материјалите за учење за кадетите за полицаец, но и од континуираниот процес на учење на полициските службеници на работните места.
Полициската професија е сложена и комплексна. Од полицискиот службеник се очекува брз и ефикасен одговор, но и одговор кој во целост ќе ја задоволи процедуралната правда за жртвите. Полициските службеници често се соочуваат со предизвикот да дадат одговор по пријави за родово базирано насилство врз жени и семејно насилство, а потребата за почитување на процедурите во постапката е од извонредно значење за жртвата, но и за полицијата како служба која има примарна надлежност да штити преку соодветно постапување“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека ваквите алатки за учење како што е мобилната апликација за родово базирано насилство и семејно насилство, треба да го овозможи процесот за полесно учење, за следење на процедурите при постапувањето по пријави за овој вид на кривични дела. Родово базираното насилство врз жени и семејното насилство е проблем кој ја засега целата заедница. Мултисекторскиот одговор, брзината и ефикасноста на одговорот кој го нуди полицијата треба целосно да биде заснован на родово разбирање на насилството, одговор без дискриминација, одговор со кој во центарот на целокупното внимание ќе биде ставена жртвата, нејзините права и потреби. Знаењето на процедурата, познавањето на начелата за постапување, протоколот за соработка со другите институции се една од гаранциите за обезбедување на ефикасен систем за помош, поддршка и заштита на жените жртви на насилство.
Министерството за внатрешни работи, во целиот процес на реформи и развој, акцентот го става на развивање на дигитални алатки за учење, но и дигитализација на работните процеси со што ќе се овозможи брзина, ефикасност и намалување на можности за грешки во работата“, ја нагласи министерот посветеноста кон олеснување на процесите со нивна дигитализација.
Тошковски на крај подвлече дека едуцирани, компетентни и мотивирани полициски службеници се еден од предусловите за полиција која ќе биде сервис, поддршка и заштита за граѓаните.

The post Тошковски промовираше мобилна апликација за зајакнување на капацитетот на полицијата при случаи на родово и семејно насилство appeared first on Република.

]]>
Преку новата апликација „mAiGreece“, туристите ќе имаат дигитален асистент за време на нивниот престој во Грција https://republika.mk/vesti/balkan/preku-novata-aplikatsija-maigreece-turistite-ke-imaat-digitalen-asistent-za-vreme-na-nivniot-prestoj-vo-grtsija/ Mon, 03 Jun 2024 13:10:25 +0000 https://republika.mk/?p=784420

Информации за болници, амбасади, плажи, полициски станици, музеи и сл, достапни на 31 јазик, вклучува новата апликација „mAiGreece“ на грчката Влада што ќе функционира како дигитален асистент и со употреба на вештачката интелигенција ќе им помага на туристите за време на нивниот престој во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Апликацијата ќе биде достапна од 10 јуни, а претпладнево ја презентираа министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани и министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу.

Според најавите „mAiGreece“ може да даде одговори за: болници низ цела Грција; здравствени центри; за амбасади и конзулати на странски држави во земјата; за полициски; плажи со сини знамиња; музеи, ќе пренесува содржини од апликацијата visitgreece.gr и ќе одговори на најчесто поставувани прашања.

Дополнително, ќе има и функција за итни случаи преку копчето 112, со што ќе смс испрати порака до оперативниот центар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита со географската локација на испраќачот.

Апликацијата поддржува 31 јазик, односно официјалните јазици на ЕУ, како и албански, кинески, јапонски, турски, хебрејски, арапски и корејски.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани рече дека „mAiGreece“ е важен чекор кон „зајакнување на квалитетните карактеристики на грчкиот туризам“, но и уште повеќе да се зајакне „чувството на безбедност и гостопримство, што веќе се главните предности на грчкиот туризам“.

Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу истакна дека од 10 јуни сите посетители, но и грчките туристи, бесплатно, ќе имаат на располагање личен дигитален туристички водич.

The post Преку новата апликација „mAiGreece“, туристите ќе имаат дигитален асистент за време на нивниот престој во Грција appeared first on Република.

]]>

Информации за болници, амбасади, плажи, полициски станици, музеи и сл, достапни на 31 јазик, вклучува новата апликација „mAiGreece“ на грчката Влада што ќе функционира како дигитален асистент и со употреба на вештачката интелигенција ќе им помага на туристите за време на нивниот престој во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Апликацијата ќе биде достапна од 10 јуни, а претпладнево ја презентираа министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани и министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу. Според најавите „mAiGreece“ може да даде одговори за: болници низ цела Грција; здравствени центри; за амбасади и конзулати на странски држави во земјата; за полициски; плажи со сини знамиња; музеи, ќе пренесува содржини од апликацијата visitgreece.gr и ќе одговори на најчесто поставувани прашања. Дополнително, ќе има и функција за итни случаи преку копчето 112, со што ќе смс испрати порака до оперативниот центар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита со географската локација на испраќачот. Апликацијата поддржува 31 јазик, односно официјалните јазици на ЕУ, како и албански, кинески, јапонски, турски, хебрејски, арапски и корејски. Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани рече дека „mAiGreece“ е важен чекор кон „зајакнување на квалитетните карактеристики на грчкиот туризам“, но и уште повеќе да се зајакне „чувството на безбедност и гостопримство, што веќе се главните предности на грчкиот туризам“. Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу истакна дека од 10 јуни сите посетители, но и грчките туристи, бесплатно, ќе имаат на располагање личен дигитален туристички водич.

The post Преку новата апликација „mAiGreece“, туристите ќе имаат дигитален асистент за време на нивниот престој во Грција appeared first on Република.

]]>
Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт https://republika.mk/vesti/makedonija/promotsija-na-interaktivnata-aplikatsija-komuniti-preku-koja-graganite-mozhe-direktno-da-komunitsiraat-so-opshtinskata-vlast/ Sat, 09 Mar 2024 08:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=752874

На плоштадот во Гевгелија денеска ќе биде промовирана интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни.

Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од „Индиго“, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.

Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата - без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење - можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина. Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од „Индиго“.

Како што велат оттаму, овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините, а е првиот во низата настани и ќе биде збогатен со музички перформанс, доделување на награди на најактивните посетители и сл.

Како што посочуваат, „Комунити“ караванот е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители. Преку серија интерактивни обуки и сесии за вмрежување, учесниците ќе имаат можност да станат дел од големото Комунити семејство.

Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Веруваме дека енергичните заедници се изградени врз основа на соработка, емпатија и заедничка цел. Комунити е проект на кој сме особено горди и кој e резултат на нашата посветеност за зајакнување на иницијативите и спроведување на позитивните промени на локално ниво. Нашата главна цел со имплементирање на Комунити платформата не е само да инспирираме и едуцираме, туку и да поттикнеме акција. Сакаме секој учесник да покаже чувство на енергија, подготвеност и моќ да направи видлива разлика во својата заедница, велат од „Индиго“.

Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН

The post Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт appeared first on Република.

]]>

На плоштадот во Гевгелија денеска ќе биде промовирана интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може да ги дознаат сите информации поврзани со општината во која живеат и директно да комуницираат со општинската власт за прашањата кои им се важни. Покрај тоа, како што велат креаторите на апликацијата од „Индиго“, граѓаните може да праќаат известувања, поплаки или пак да пишуваат статии.
Апликацијата е изградена врз принципите на инклузивност и достапност кон корисниците, обезбедувајќи дека сите членови на заедницата - без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење - можат активно да учествуваат во обликувањето на иднината на нивната општина. Преземањето на апликацијата Комунити е многу едноставно преку мобилните продавници за апликации (App store), со персонализирање на искуството на корисниците, уредување на профилот и регистрирање на личните преференции, по што веднаш може да се користи, велат од „Индиго“.
Како што велат оттаму, овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините, а е првиот во низата настани и ќе биде збогатен со музички перформанс, доделување на награди на најактивните посетители и сл. Како што посочуваат, „Комунити“ караванот е осмислен како динамичен настан за вклучување на различни чинители во заедницата, вклучувајќи локални лидери, активисти, едукатори, претприемачи и жители. Преку серија интерактивни обуки и сесии за вмрежување, учесниците ќе имаат можност да станат дел од големото Комунити семејство.
Преку ова патувачко претставување, граѓаните од општините Гевгелија, Струмица, Гостивар, Охрид, Чаир и Шуто Оризари ќе земат активно учество во одржливиот развој на заедницата, зачувувањето на животната средина, различноста и вклученоста, дигиталната писменост и вклученост на сите чинители во поедноставен живот. Веруваме дека енергичните заедници се изградени врз основа на соработка, емпатија и заедничка цел. Комунити е проект на кој сме особено горди и кој e резултат на нашата посветеност за зајакнување на иницијативите и спроведување на позитивните промени на локално ниво. Нашата главна цел со имплементирање на Комунити платформата не е само да инспирираме и едуцираме, туку и да поттикнеме акција. Сакаме секој учесник да покаже чувство на енергија, подготвеност и моќ да направи видлива разлика во својата заедница, велат од „Индиго“.
Настанот е организиран во рамки на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН

The post Промоција на интерактивната апликација „Комунити“ преку која граѓаните може директно да комуницираат со општинската власт appeared first on Република.

]]>
Апликацијата „Мое здравје“ е поврзана со „Мој термин“ и во неа се впишани прегледите кај матичен лекар, упати, рецепти и примени вакцини https://republika.mk/vesti/makedonija/aplikatsijata-moe-zdravje-e-povrzana-so-moj-termin-i-vo-nea-se-vpishani-pregledite-kaj-matichen-lekar-upati-retsepti-i-primeni-vaktsini/ Thu, 25 May 2023 11:37:54 +0000 https://republika.mk/?p=644560

Апликацијата „Мое здравје“ денеска беше презентирана во Скопје. Преку неа, секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци. Реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини.

Според министерот за здравство Фатмир Меџити, таа ќе го трансформира начинот со кој управуваме со нашето здравје.

Преку „Мое здравје“ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Она што го издвојува „Мое здравје“ е неговата беспрекорна интеграција со системот „Мој термин“, посочи министерот.

Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска изјави дека апликацијата ветува подобрување во здравството, односно овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните.

„Мое здравје“ ги доближува модерната технологија и важноста за точни, ажурирани податоци на врвот на нашите прсти. Покрај неверојатниот потенцијал на апликацијата, важно е да се потенцира дека посебно внимание е посветено и на безбедноста на податоците, затоа што доверливоста и сигурноста на личните податоци се најважни, нагласи Шерифовска.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека како МИОА, сите процеси што се дигитализираат, ги поддржуваат, или се дел од процесот на дигитализација.

Креирање на агенција за дигитализација. Инклузивно работиме со сите министерства и институции во коишто сакаме да го подобриме тој процес или да почнеме со процесот на дигитализација на услугите во коишто ги има, додаде Алиу.

Жаклина Чагороска, раководител на одделението Управа за електронско здравство, ги запозна присутните со начинот на користење на апликацијата.

Присутните можеа да поставуваат прашања за апликацијата, но и да дадат мислења за нејзино надополнување.

Добро би било да се додаде уште крвна група и алергиски реакции на пациентите, кога веќе тоа е нешто лично и им треба многу често, гласеше еден од предлозите. 

The post Апликацијата „Мое здравје“ е поврзана со „Мој термин“ и во неа се впишани прегледите кај матичен лекар, упати, рецепти и примени вакцини appeared first on Република.

]]>

Апликацијата „Мое здравје“ денеска беше презентирана во Скопје. Преку неа, секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци. Реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини. Според министерот за здравство Фатмир Меџити, таа ќе го трансформира начинот со кој управуваме со нашето здравје.
Преку „Мое здравје“ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Она што го издвојува „Мое здравје“ е неговата беспрекорна интеграција со системот „Мој термин“, посочи министерот.
Портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска изјави дека апликацијата ветува подобрување во здравството, односно овозможува лесен, брз и ефикасен пристап до медицинската историја на граѓаните.
„Мое здравје“ ги доближува модерната технологија и важноста за точни, ажурирани податоци на врвот на нашите прсти. Покрај неверојатниот потенцијал на апликацијата, важно е да се потенцира дека посебно внимание е посветено и на безбедноста на податоците, затоа што доверливоста и сигурноста на личните податоци се најважни, нагласи Шерифовска.
Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу истакна дека како МИОА, сите процеси што се дигитализираат, ги поддржуваат, или се дел од процесот на дигитализација.
Креирање на агенција за дигитализација. Инклузивно работиме со сите министерства и институции во коишто сакаме да го подобриме тој процес или да почнеме со процесот на дигитализација на услугите во коишто ги има, додаде Алиу.
Жаклина Чагороска, раководител на одделението Управа за електронско здравство, ги запозна присутните со начинот на користење на апликацијата. Присутните можеа да поставуваат прашања за апликацијата, но и да дадат мислења за нејзино надополнување.
Добро би било да се додаде уште крвна група и алергиски реакции на пациентите, кога веќе тоа е нешто лично и им треба многу често, гласеше еден од предлозите. 
 
The post Апликацијата „Мое здравје“ е поврзана со „Мој термин“ и во неа се впишани прегледите кај матичен лекар, упати, рецепти и примени вакцини appeared first on Република.

]]>
Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatarot-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-kje-bide-promovirana-novata-mobilna-aplikacija-immersium/ Mon, 21 Nov 2022 09:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=576391

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium - интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот.

Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот.

Искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудио визуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн.

Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.

The post Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium appeared first on Република.

]]>

Од 22 до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium - интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот. Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот. Искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудио визуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн. Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби - Градско (Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.  

The post Во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium appeared first on Република.

]]>
Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни https://republika.mk/vesti/azurirajte-go-profilot-na-moj-ddv-novata-verzija-na-aplikacijata-e-vo-funkcija-za-site-mobilni/ Wed, 10 Aug 2022 07:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=538593

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денеска е достапна и на „Гугл плејстор“ (Google playstore).

Корисниците на апликацијата, треба првин да направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

The post Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денеска е достапна и на „Гугл плејстор“ (Google playstore). Корисниците на апликацијата, треба првин да направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

The post Ажурирајте го профилот на Мој ДДВ: Новата верзија на апликацијата е во функција за сите мобилни appeared first on Република.

]]>
Украинците во мобилните телефони имаат тајно оружје преку кое со само неколку кликови и нанесуваат штета на руската војска https://republika.mk/vesti/svet/ukraincite-vo-mobilnite-telefoni-imaat-tajno-oruzje-preku-koe-so-samo-nekolku-klikovi-i-nanesuvaat-shteta-na-ruskata-vojska/ Thu, 21 Apr 2022 18:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=491399

Украинците во своите мобилни телефони имаат специјална апликација која се покажува како ефикасно оружје против руските сили.

Дигитализацијата на државната администрација не ја заобиколи ниту Украина. Иако од денешна перспектива на војна и воено уништување изгледа како далечно минато, дигитализацијата беше едно од предизборните ветувања на актуелниот претседател Володимир Зеленски.

Така, во февруари 2020 година беше пуштена во употреба апликацијата „Диа“ која требаше да биде поедноставен начин на комуникација меѓу граѓаните и Владата и да им овозможи пристап до јавните услуги, плаќање даноци и пристап до лични податоци.

Но, тоа не значи дека „Диа“ не функционира во време на војна. Напротив, таа доби многу поважна улога. Министерството за дигитална трансформација инсталираше нова функција во апликацијата наречена „Е-непријате“ (E-Enemy). Функцијата е многу едноставна и, за владата, исклучително корисна. Тоа им овозможува на граѓаните на Украина да ја пријават позицијата на руските војници директно од нивните паметни телефони.

На овој начин, украинската влада, како и армијата, добиваат илјадници податоци дневно, а вакви податоци се испраќаат и преку официјалниот канал на Телеграм. Ваквите информации им помогнале на украинските војници да го пронајдат и уништат рускиот конвој во близина на Киев, пишува „Бизнис инсајдер“.

Главната предност на „Е-непријател“ е што за пристап до апликацијата „Диа“, корисникот мора да ги користи корисничкото име и лозинката регистрирани во системот за е-пасош. На овој начин армијата знае дека зад информациите за локацијата на руските сили стои лице со име и презиме - посочува директорката за развој на е-услуги во Министерството за дигитална трансформација Слава Баник и додава дека поради тоа е многу полесно да се провери оваа информација.

Како што објаснува Баник, откако ќе се пријават на „Диа“ и ќе ја изберат опцијата „Е-непријател“, корисниците се пренасочуваат на посебен канал на Телеграм каде што можат да остават клучни информации како што се локацијата на војниците, видот на војниците, дали пешачат или се во возила, проценет број на војници и време на последен контакт.

За само еден месец, колку што е активна оваа функција, над 260 илјади луѓе споделиле информации.

Украинските власти се надеваат дека ваквата мрежа на доушници ќе им помогне да бидат чекор пред руските сили, но и да ги документираат евантуалните воени злосторства што се случуваат низ целата земја. Така, тие ги поканија граѓаните преку апликацијата да пријават доколку знаат за неко (вклучувајќи ги сите фотографии или видеа).

The post Украинците во мобилните телефони имаат тајно оружје преку кое со само неколку кликови и нанесуваат штета на руската војска appeared first on Република.

]]>

Украинците во своите мобилни телефони имаат специјална апликација која се покажува како ефикасно оружје против руските сили. Дигитализацијата на државната администрација не ја заобиколи ниту Украина. Иако од денешна перспектива на војна и воено уништување изгледа како далечно минато, дигитализацијата беше едно од предизборните ветувања на актуелниот претседател Володимир Зеленски. Така, во февруари 2020 година беше пуштена во употреба апликацијата „Диа“ која требаше да биде поедноставен начин на комуникација меѓу граѓаните и Владата и да им овозможи пристап до јавните услуги, плаќање даноци и пристап до лични податоци. Но, тоа не значи дека „Диа“ не функционира во време на војна. Напротив, таа доби многу поважна улога. Министерството за дигитална трансформација инсталираше нова функција во апликацијата наречена „Е-непријате“ (E-Enemy). Функцијата е многу едноставна и, за владата, исклучително корисна. Тоа им овозможува на граѓаните на Украина да ја пријават позицијата на руските војници директно од нивните паметни телефони. На овој начин, украинската влада, како и армијата, добиваат илјадници податоци дневно, а вакви податоци се испраќаат и преку официјалниот канал на Телеграм. Ваквите информации им помогнале на украинските војници да го пронајдат и уништат рускиот конвој во близина на Киев, пишува „Бизнис инсајдер“.
Главната предност на „Е-непријател“ е што за пристап до апликацијата „Диа“, корисникот мора да ги користи корисничкото име и лозинката регистрирани во системот за е-пасош. На овој начин армијата знае дека зад информациите за локацијата на руските сили стои лице со име и презиме - посочува директорката за развој на е-услуги во Министерството за дигитална трансформација Слава Баник и додава дека поради тоа е многу полесно да се провери оваа информација.
Како што објаснува Баник, откако ќе се пријават на „Диа“ и ќе ја изберат опцијата „Е-непријател“, корисниците се пренасочуваат на посебен канал на Телеграм каде што можат да остават клучни информации како што се локацијата на војниците, видот на војниците, дали пешачат или се во возила, проценет број на војници и време на последен контакт. За само еден месец, колку што е активна оваа функција, над 260 илјади луѓе споделиле информации. Украинските власти се надеваат дека ваквата мрежа на доушници ќе им помогне да бидат чекор пред руските сили, но и да ги документираат евантуалните воени злосторства што се случуваат низ целата земја. Така, тие ги поканија граѓаните преку апликацијата да пријават доколку знаат за неко (вклучувајќи ги сите фотографии или видеа).

The post Украинците во мобилните телефони имаат тајно оружје преку кое со само неколку кликови и нанесуваат штета на руската војска appeared first on Република.

]]>
Петков ја предаде апликацијата ,,dDnevnik” корисна за превенција и лекување дијабетес https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-ja-predade-aplikacijata-ddnevnik-korisna-za-prevencija-i-lekuvanje-dijabetes/ Tue, 18 Jan 2022 16:48:14 +0000 https://republika.mk/?p=446463

Бугарскиот премиер Кирил Петков на претседателот на македонската Влада Димитар Ковачевски му ја предаде апликацијата „dDnevnik” која ќе им го олесни животот на болните од дијабетес во Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, софтверското решение „dDnevnik” е креирано од компанијата „Скеил фокус” која како најголема странска инвестиција од Бугарија во ИТ-секторот работи во земјава од 2019 година.

Станува збор за проект поддржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку оперативната Програма за развој, во кој компанијата „Скеил фокус” е партнер заедно со Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје, која има мисија да ги доближи дигиталните технологии до сите граѓани. Идејата за развој на ваков вид апликација е поддржана и прифатена и од македонското Министерство за здравство.

Тимот на „Скеил фокус“ за време на реализацијата на проектот ја развиваше апликацијата „dDnevnik“, консултирајќи се со лекари, ендокринолози и, секако, со здруженијата на пациентите со дијабетес, наведува прес-службата на Владата.

Апликацијата ќе биде достапна од идниот месец и нејзините корисници ќе имаат можност бесплатно да ја користат на македонски и на албански јазик. За неколку месеци оваа апликација ќе стане активна и на бугарски јазик во Република Бугарија, за тамошните пациенти. Оваа мобилна апликација е достапна на двете платформи за IOS и за Android.

Претседателот на Бордот на директори на „Скеил фокус“, Пламен Цеков, како што е наведено во соопштението,  пред присутните порача дека преку апликацијата „dDnevnik“ дијабетичарите успешно ќе можат да се справат со предизвиците што ги носи дијабетесот и ќе им помогне во превенцијата и за поефикасно лекување.

„dDnevnik” овозможува пациентите да ги запишуваат измерените вредности за нивото на шеќер во крвта на нивните мобилни телефони, наместо на хартија. Добиените анализи за одреден временски период, апликацијата овозможува да бидат споделени со лекарите или други блиски членови од семејството, преку однапред дефинирани правила од страна на корисникот, истакна Цеков.

Генералната менаџерка на „Скеил фокус“ за Македонија, Софче Јовановска, порача дека голема е професионалната сатисфакција на целиот тим на компанијата од креирањето на ваков тип апликација, која ќе им го олесни животот на болните од дијабетес, а на лекарите ќе им овозможи полесен пристап до аналитички податоци за здравјето на пациентите.

Ова е само еден од над 500 светски проекти кои „Скеил фокус“ ги има испорачано за повеќе од 300 клиенти низ светот, во Америка, Европа и Азија. Токму годинава „Скеил фокус“ слави 10-годишен јубилеј, 10 години забрзан раст и развој, препознаен и од реномираните „Форбс“ и „Фајненшл тајмс“ коишто изминативе години ја вброија компанијата и во најбрзорастечките компании во Европа. Во Скопје компанијата почна да работи со 10 вработени, а денеска бројката надминува 130 луѓе. Бизнис планот на „Скеил фокус“ е да ги мотивира и задржи младите ИТ-кадри да останат во земјата, наведува прес-службата на македонската Влада.

The post Петков ја предаде апликацијата ,,dDnevnik” корисна за превенција и лекување дијабетес appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков на претседателот на македонската Влада Димитар Ковачевски му ја предаде апликацијата „dDnevnik” која ќе им го олесни животот на болните од дијабетес во Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, софтверското решение „dDnevnik” е креирано од компанијата „Скеил фокус” која како најголема странска инвестиција од Бугарија во ИТ-секторот работи во земјава од 2019 година. Станува збор за проект поддржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија, преку оперативната Програма за развој, во кој компанијата „Скеил фокус” е партнер заедно со Фондацијата „Метаморфозис“ од Скопје, која има мисија да ги доближи дигиталните технологии до сите граѓани. Идејата за развој на ваков вид апликација е поддржана и прифатена и од македонското Министерство за здравство.
Тимот на „Скеил фокус“ за време на реализацијата на проектот ја развиваше апликацијата „dDnevnik“, консултирајќи се со лекари, ендокринолози и, секако, со здруженијата на пациентите со дијабетес, наведува прес-службата на Владата.
Апликацијата ќе биде достапна од идниот месец и нејзините корисници ќе имаат можност бесплатно да ја користат на македонски и на албански јазик. За неколку месеци оваа апликација ќе стане активна и на бугарски јазик во Република Бугарија, за тамошните пациенти. Оваа мобилна апликација е достапна на двете платформи за IOS и за Android. Претседателот на Бордот на директори на „Скеил фокус“, Пламен Цеков, како што е наведено во соопштението,  пред присутните порача дека преку апликацијата „dDnevnik“ дијабетичарите успешно ќе можат да се справат со предизвиците што ги носи дијабетесот и ќе им помогне во превенцијата и за поефикасно лекување.