апарати Archives - Република https://republika.mk/tema/aparati/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 11:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png апарати Archives - Република https://republika.mk/tema/aparati/ 32 32 Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/bolnitsata-vo-bitola-dobi-aparat-za-endoskopija-i-laproskopija-i-artroskop-za-ortopedski-i-traumatoloshki-patsienti/ Fri, 13 Sep 2024 11:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=816038

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи.

На прес - конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти.

Медицинските апарати се најсовремени и интензивно ќе бидат користени во Клиничка болница-Битола. Но, ние ќе продолжиме со други инвестиции затоа што битолската Клиничка ни е посебно важна како министерство и значајна за јавното здравство во нашата држава, истакна министерот Таравари.

Тој посочи дека владата е фокусирана и на нови вработувања.

Во разговор со директорката на битолската Клиничка болница дознав дека 18 доктори од Битола се приватни специјализанти и дека наскоро доколку се согласат и аплицирале во апликацијата што веќе е дадена од Министерство за здравство, ќе добијат решенија за работа. Тие истовремено ќе бидат обврзани да помагаат на Клиничка болница со едно, две или три дежурства неделно, за што ќе се договориме и со клиниките каде што тие специјализираат, нагласи Таравари и додаде дека во Битола но и цела држава во моментов актуелен е проблемот со средномедицинскиот кадар за што се бараат решенија до крајот на буџетската година дел од вработените да добијат решенија.

Директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Ненси Лозанче очекува со поддршка на владата да се подигне нивото на болницата.

The post Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Битола промовираше нови медицински апарати со кои се модернизираат условите за третман на пациентите во јавните здравствени установи. На прес - конференција што се одржа во ЈЗУ Клиничка болница-Битола, министерот Таравари истакна дека станува збор за апарат што помага во ендоскопско и лапароскопско третирање на пациентите, како и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти.
Медицинските апарати се најсовремени и интензивно ќе бидат користени во Клиничка болница-Битола. Но, ние ќе продолжиме со други инвестиции затоа што битолската Клиничка ни е посебно важна како министерство и значајна за јавното здравство во нашата држава, истакна министерот Таравари.
Тој посочи дека владата е фокусирана и на нови вработувања. Во разговор со директорката на битолската Клиничка болница дознав дека 18 доктори од Битола се приватни специјализанти и дека наскоро доколку се согласат и аплицирале во апликацијата што веќе е дадена од Министерство за здравство, ќе добијат решенија за работа. Тие истовремено ќе бидат обврзани да помагаат на Клиничка болница со едно, две или три дежурства неделно, за што ќе се договориме и со клиниките каде што тие специјализираат, нагласи Таравари и додаде дека во Битола но и цела држава во моментов актуелен е проблемот со средномедицинскиот кадар за што се бараат решенија до крајот на буџетската година дел од вработените да добијат решенија. Директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Ненси Лозанче очекува со поддршка на владата да се подигне нивото на болницата.

The post Болницата во Битола доби апарат за ендоскопија и лапроскопија и артроскоп за ортопедски и трауматолошки пациенти appeared first on Република.

]]>
Борзан: За две години во ЕУ ќе стапи на сила закон против вградени дефекти на уредите https://republika.mk/vesti/svet/borzan-za-dve-godini-vo-eu-ke-stapi-na-sila-zakon-protiv-vgradeni-defekti-na-uredite/ Fri, 22 Sep 2023 12:23:55 +0000 https://republika.mk/?p=684145

Во рок од две години во Европската унија ќе стапи на сила закон со кој ќе се забранат програмираните дефекти на уредите, ќе се олесни нивната поправка и ќе се подобрат ознаките на гаранциите, најави европратеничката Билјана Борзан, известувач за ова прашање.

Европскиот парламент во мај годинава го усвои извештајот на хрватскиот претставник на социјалистите и демократите, во кој, во согласност со целите на зелената транзиција на ЕУ, се повикува на потрајни производи, укинување на програмираното расипување на уредите, проширување на мрежата за нивна поправка и подобрување на ознаките за одржливост на производите. Оваа недела законот успешно ги помина преговорите со Европската комисија и Европскиот совет, а треба да стапи во сила за две години.

Оваа недела, околу една година откако го напишав првиот текст на законот, ги завршивме преговорите. Шпанскиот министер Фуентес од Советот, комесарот Рејндерс пред Комисијата и јас пред Парламентот преговаравме седум часа. Резултатот се значителни промени во делот на правата на потрошувачите и неправедните деловни практики кои ќе го олеснат животот на нашите граѓани и ќе овозможат заштеда - рече Борзан.

Таа посочи дека нејзино истражување покажало дека 94 отсто од граѓаните сметаат дека уредите произведени пред дваесет години траеле подолго.

Исто така, моето истражување како и европското истражување потврдија дека уредите најмногу се расипуваат меѓу втората и третата година, токму кога истекува задолжителната законска гаранција од две години. Затоа сум пресреќна што имаме строга забрана со високи казни од минимум четири отсто од прометот - рече Борзан.

The post Борзан: За две години во ЕУ ќе стапи на сила закон против вградени дефекти на уредите appeared first on Република.

]]>

Во рок од две години во Европската унија ќе стапи на сила закон со кој ќе се забранат програмираните дефекти на уредите, ќе се олесни нивната поправка и ќе се подобрат ознаките на гаранциите, најави европратеничката Билјана Борзан, известувач за ова прашање. Европскиот парламент во мај годинава го усвои извештајот на хрватскиот претставник на социјалистите и демократите, во кој, во согласност со целите на зелената транзиција на ЕУ, се повикува на потрајни производи, укинување на програмираното расипување на уредите, проширување на мрежата за нивна поправка и подобрување на ознаките за одржливост на производите. Оваа недела законот успешно ги помина преговорите со Европската комисија и Европскиот совет, а треба да стапи во сила за две години.
Оваа недела, околу една година откако го напишав првиот текст на законот, ги завршивме преговорите. Шпанскиот министер Фуентес од Советот, комесарот Рејндерс пред Комисијата и јас пред Парламентот преговаравме седум часа. Резултатот се значителни промени во делот на правата на потрошувачите и неправедните деловни практики кои ќе го олеснат животот на нашите граѓани и ќе овозможат заштеда - рече Борзан.
Таа посочи дека нејзино истражување покажало дека 94 отсто од граѓаните сметаат дека уредите произведени пред дваесет години траеле подолго.
Исто така, моето истражување како и европското истражување потврдија дека уредите најмногу се расипуваат меѓу втората и третата година, токму кога истекува задолжителната законска гаранција од две години. Затоа сум пресреќна што имаме строга забрана со високи казни од минимум четири отсто од прометот - рече Борзан.

The post Борзан: За две години во ЕУ ќе стапи на сила закон против вградени дефекти на уредите appeared first on Република.

]]>
Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/novi-aparati-za-plakane-smetki-za-voda-na-pet-lokatsii-vo-skopje/ Tue, 15 Aug 2023 07:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=672196

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.

Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

The post Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.
Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.
Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија. Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

The post Нови апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје appeared first on Република.

]]>
Лекарите на Том Сајзер велат дека нема надеж, семејството на актерот размислува дали да го исклучи од апаратите https://republika.mk/scena/film/lekarite-na-tom-sajzer-velat-deka-nema-nadezh-semejstvoto-na-akterot-razmisluva-dali-da-go-iskluchi-od-aparatite/ Tue, 28 Feb 2023 10:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=614171

Том Сајзмор (61) беше итно хоспитализиран пред повеќе од една недела, откако претрпел мозочна аневризма во својот дом.

Бидејќи докторите задолжени за неговото закрепнување рекле дека нема надеж, семејството на актерот во моментов одлучува дали да го исклучи од апаратите кои го одржуваат Том во живот.

Денеска лекарите го известија неговото семејство дека повеќе нема надеж. Семејството сега одлучува за крај на неговиот живот, а понатамошното соопштение ќе биде објавено во среда. Ве молиме за приватност за членовите на неговото семејство во овој тежок момент кои сакаат да им се заблагодарат на сите на пораките за поддршка и молитвите кои ги примија. Ова беше тешко време за нив“, се огласи во понеделникот менаџерот на Том, Чарлс Лаго, во соопштението кое го објави „Си-Ен-Ен“.

Имено, Сајзмор во неделата, на 19-ти февруари, доживеа мозочна аневризма поради која, во критична состојба, бил веднаш хоспитализиран.

Од тој ден Том е во критична состојба, во кома и на интензивна нега, истакнал неговиот менаџер.

The post Лекарите на Том Сајзер велат дека нема надеж, семејството на актерот размислува дали да го исклучи од апаратите appeared first on Република.