антидепресиви Archives - Република https://republika.mk/tema/antidepresivi/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 17:14:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png антидепресиви Archives - Република https://republika.mk/tema/antidepresivi/ 32 32 Лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои возат велосипед до работа https://republika.mk/zivot/zdravje/lekarite-im-prepishuvaat-pomalku-antidepresivi-na-lugeto-koi-vozat-velosiped-do-rabota/ Sat, 24 Feb 2024 17:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=747909

Едно ново истражување покажа дека лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои патуваат со велосипед до работното место.

Инаку, биле анкетирани околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажа дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.

Иако мажите почесто возат велосипед, оваа физичка активност има поголемо и попозитивно влијание врз жените отколку врз мажите.

Истражувачите искомбинирале податоци за 378.253 луѓе на возраст од 16 до 74 години од пописот на Шкотска во 2011 година со податоци за рецепти од британската Национална здравствена служба за следните пет години.

Испитаниците живеат и работат во Единбург или Глазгов, живеат близу велосипедската патека и не им биле препишани антидепресиви на почетокот на студијата.

Истражувачите откриле дека имало 15 отсто помалку препишани рецепти за депресија и анксиозност меѓу велосипедистите во тие пет години, во споредба со невелосипедистите.

Нашето откритие, дека овој рентабилен и одржлив метод на патување го подобрува менталното здравје, сугерира дека политиките за инвестирање во велосипедски патеки и поттикнување на активно патување најверојатно ќе имаат широк опсег на придобивки“, рече водачот на истражувањето, професорот Крис Дибен, од Школата за геонауки при Универзитетот во Единбург.

Исто така, тој истакна дека „ова не само што може да го подобри менталното здравје на луѓето, туку може да помогне и да се намали метежот на патиштата и загадувањето на воздухот“.

 

The post Лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои возат велосипед до работа appeared first on Република.

]]>

Едно ново истражување покажа дека лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои патуваат со велосипед до работното место. Инаку, биле анкетирани околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажа дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност. Иако мажите почесто возат велосипед, оваа физичка активност има поголемо и попозитивно влијание врз жените отколку врз мажите. Истражувачите искомбинирале податоци за 378.253 луѓе на возраст од 16 до 74 години од пописот на Шкотска во 2011 година со податоци за рецепти од британската Национална здравствена служба за следните пет години. Испитаниците живеат и работат во Единбург или Глазгов, живеат близу велосипедската патека и не им биле препишани антидепресиви на почетокот на студијата. Истражувачите откриле дека имало 15 отсто помалку препишани рецепти за депресија и анксиозност меѓу велосипедистите во тие пет години, во споредба со невелосипедистите.
Нашето откритие, дека овој рентабилен и одржлив метод на патување го подобрува менталното здравје, сугерира дека политиките за инвестирање во велосипедски патеки и поттикнување на активно патување најверојатно ќе имаат широк опсег на придобивки“, рече водачот на истражувањето, професорот Крис Дибен, од Школата за геонауки при Универзитетот во Единбург.
Исто така, тој истакна дека „ова не само што може да го подобри менталното здравје на луѓето, туку може да помогне и да се намали метежот на патиштата и загадувањето на воздухот“.  

The post Лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои возат велосипед до работа appeared first on Република.

]]>
Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-osum-milioni-britantsi-koristat-antidepresivi/ Mon, 19 Jun 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=653152

Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС).

Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години.

Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се наведува во соопштението.

Современите антидепресиви, наречени „Селективни инхибитори на повторното земање на серотонин“ (ССРИ), како што е „Прозак“, што се појавија на крајот од 80-тите години од 20 век, беа најавени како „чудесни лекови“ без сериозни несакани ефекти.

Постојат некои докази кои сугерираат дека долготрајната употреба на антидепресиви може да биде поврзана со здравствени ризици како што се срцеви проблеми и дијабетес.

Исто така, се смета дека долготрајната употреба може да доведе до поголем ризик од несакани симптоми откако пациентите ќе престанат да ги користат: некои може да доживеат посериозни и долготрајни негативни ефекти, додека други може да престанат да ги користат лековите без проблеми.

The post Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви appeared first on Република.

]]>

Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС). Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години. Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се наведува во соопштението. Современите антидепресиви, наречени „Селективни инхибитори на повторното земање на серотонин“ (ССРИ), како што е „Прозак“, што се појавија на крајот од 80-тите години од 20 век, беа најавени како „чудесни лекови“ без сериозни несакани ефекти. Постојат некои докази кои сугерираат дека долготрајната употреба на антидепресиви може да биде поврзана со здравствени ризици како што се срцеви проблеми и дијабетес. Исто така, се смета дека долготрајната употреба може да доведе до поголем ризик од несакани симптоми откако пациентите ќе престанат да ги користат: некои може да доживеат посериозни и долготрајни негативни ефекти, додека други може да престанат да ги користат лековите без проблеми.

The post Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви appeared first on Република.

]]>
Антидепресивите кај помладата популација предизвикуваат емоционално осиромашување https://republika.mk/zivot/zdravje/antidepresivite-kaj-pomladata-populatsija-predizvikuvaat-emotsionalno-osiromashuvane/ Mon, 23 Jan 2023 13:28:44 +0000 https://republika.mk/?p=600025

Антидепресивите, кои се’ почесто се користат, особено кај помладата популација, предизвикуваат емоционално осиромашување, покажа студијата која нуди нови сознанија за ефектите на лековите и нивните можни несакани ефекти. Студијата покажа дека здравите волонтери реагирале помалку на позитивни и негативни повратни информации откако земале селективни инхибитори на репреземањето на серотонинот (SSRI) три недели. Негативните емоции би можеле да бидат дел од тоа како лековите им помагаат на луѓето да се опорават од депресија, но исто така може да предизвикаат несакан ефект.

Еден од авторите на студијата, проф. Барбара Сахакијан од Универзитетот во Кембриџ рече дека ова може да биде еден начин на кој делуваат антидепресивите.

Тие одземаат дел од емоционалната болка што ја чувствуваат луѓето кои страдаат од депресија, но за жал, изгледа дека одземаат и дел од задоволството, објасни таа.

Студијата може да им помогне на пациентите подобро да се информираат пред да ги земат лековите, рече таа, но додаде дека нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти.

Според Здравствениот орган на ОК, повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија примиле антидепресив во 2021-2022 година. SSRI се меѓу најчесто користените и се ефикасни за повеќето, иако не за сите пациенти.

Некои луѓе рекоа дека по користењето на лекот се чувствуваат емоционално блокирани или дека убавите нешта веќе не се пријатни, а студијата сугерира дека ова се однесува на 40-60 проценти од луѓето кои земале лек. Сепак, не е јасно дали овој симптом е несакан ефект на лекот или симптом на депресија.

 

The post Антидепресивите кај помладата популација предизвикуваат емоционално осиромашување appeared first on Република.

]]>

Антидепресивите, кои се’ почесто се користат, особено кај помладата популација, предизвикуваат емоционално осиромашување, покажа студијата која нуди нови сознанија за ефектите на лековите и нивните можни несакани ефекти. Студијата покажа дека здравите волонтери реагирале помалку на позитивни и негативни повратни информации откако земале селективни инхибитори на репреземањето на серотонинот (SSRI) три недели. Негативните емоции би можеле да бидат дел од тоа како лековите им помагаат на луѓето да се опорават од депресија, но исто така може да предизвикаат несакан ефект. Еден од авторите на студијата, проф. Барбара Сахакијан од Универзитетот во Кембриџ рече дека ова може да биде еден начин на кој делуваат антидепресивите.
Тие одземаат дел од емоционалната болка што ја чувствуваат луѓето кои страдаат од депресија, но за жал, изгледа дека одземаат и дел од задоволството, објасни таа.
Студијата може да им помогне на пациентите подобро да се информираат пред да ги земат лековите, рече таа, но додаде дека нема сомнеж дека антидепресивите се корисни за многу пациенти. Според Здравствениот орган на ОК, повеќе од 8,3 милиони пациенти во Англија примиле антидепресив во 2021-2022 година. SSRI се меѓу најчесто користените и се ефикасни за повеќето, иако не за сите пациенти. Некои луѓе рекоа дека по користењето на лекот се чувствуваат емоционално блокирани или дека убавите нешта веќе не се пријатни, а студијата сугерира дека ова се однесува на 40-60 проценти од луѓето кои земале лек. Сепак, не е јасно дали овој симптом е несакан ефект на лекот или симптом на депресија.  

The post Антидепресивите кај помладата популација предизвикуваат емоционално осиромашување appeared first on Република.

]]>
Драстично зголемена употребата на антидепресиви во Русија по објавената мобилизација https://republika.mk/vesti/svet/drastichno-zgolemena-upotrebata-na-antidepresivi-vo-rusija-po-objavenata-mobilizacija/ Thu, 06 Oct 2022 06:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=557771

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголемила откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти, јави ТАСС.

Податоците на руската фармацевтска компанија за маркетинг „ДСМ Груп“ покажуваат дека во текот на неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголемила за 120 отсто.

Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија, Викторија Пресњакова, за ТАСС вели дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години.

Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација“.

Според Пресњакова, има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки, слободно се продаваат многу лекови за кои е потребен рецепт во другите европски земји.

The post Драстично зголемена употребата на антидепресиви во Русија по објавената мобилизација appeared first on Република.

]]>

Продажбата на антидепресиви во руските аптеки се зголемила откако претседателот Владимир Путин на 21 септември објави делумна мобилизација на 300.000 резервисти, јави ТАСС. Податоците на руската фармацевтска компанија за маркетинг „ДСМ Груп“ покажуваат дека во текот на неделата од 19 до 25 септември, продажбата се зголемила за 120 отсто. Претседателката на Алијансата на фармацевтските здруженија, Викторија Пресњакова, за ТАСС вели дека од почетокот на воените дејствија на 24 февруари, побарувачката за антидепресиви, апчиња за спиење и средства за смирување е значително зголемена во споредба со претходните години. Според неа, тоа се должи на „геополитичката и економската ситуација“. Според Пресњакова, има многу пациенти на кои по првпат им биле препишани такви лекови. Меѓутоа, за да се смират, луѓето купуваат и лекови без рецепт. Во руските аптеки, слободно се продаваат многу лекови за кои е потребен рецепт во другите европски земји.

The post Драстично зголемена употребата на антидепресиви во Русија по објавената мобилизација appeared first on Република.

]]>