Анкетна комисија за Онкологија Archives - Република https://republika.mk/tema/anketna-komisija-za-onkologija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 08:49:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Анкетна комисија за Онкологија Archives - Република https://republika.mk/tema/anketna-komisija-za-onkologija/ 32 32 Mизрахи не се откажува од извештајот на Анкетната комисија за Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-ne-se-otkazhuva-od-izveshtajot-na-anketnata-komisija-za-onkologija/ Fri, 22 Dec 2023 08:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=725582

На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието.Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото.

Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината ТАКВА КАКВА ШТО Е.Се понатаму е во рацете на обвинителството, напиша Рашела Мизрахи.

The post Mизрахи не се откажува од извештајот на Анкетната комисија за Онкологија appeared first on Република.

]]>

СДСМ бара оставка од Мизрахи затоа што ги посочи одговорните за скандалот „Онкологија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-bara-ostavka-od-mizrahi-zatoa-shto-gi-posochi-odgovornite-za-skandalot-onkologija/ Wed, 29 Nov 2023 08:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=717410

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи која покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните, велат од СДСМ.

Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.

Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија.

Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

The post СДСМ бара оставка од Мизрахи затоа што ги посочи одговорните за скандалот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

Срамна и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката на комисијата Рашела Мизрахи која покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните, велат од СДСМ.
Јавноста се сомнева дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува.
Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата и да свика седница на Анкетната комисија за онкологија. Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ, мора да има одговорност за сите инволвирани.

The post СДСМ бара оставка од Мизрахи затоа што ги посочи одговорните за скандалот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани https://republika.mk/vesti/makedonija/buhova-so-reaktsija-dodeka-bev-direktorka-na-dzsi-nemashe-nikakva-prijava-zakluchotsite-na-anketnata-komisija-se-neizdrzhani/ Tue, 28 Nov 2023 11:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=717151

Како поранешна директорка на Државната здравствена и санитарна инспекција најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија, се вели во писмената реакција на д-р Ирина Сотирова Бухова.

ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции, се вели во писмената реакција на д-р Сотирова Бухова.

Таа смета дека предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.

Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се додава во рекацијата.

Анкетната комисија за скандалот во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/

The post Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани appeared first on Република.

]]>

Како поранешна директорка на Државната здравствена и санитарна инспекција најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија, се вели во писмената реакција на д-р Ирина Сотирова Бухова.
ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции, се вели во писмената реакција на д-р Сотирова Бухова.
Таа смета дека предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.
Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се додава во рекацијата.
Анкетната комисија за скандалот во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети. https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/

The post Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Од Клиниката за онкологија се прекршени 37 закони и 31 законска одредба https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-od-klinikata-za-onkologija-se-prekrsheni-37-zakoni-i-31-zakonska-odredba/ Mon, 27 Nov 2023 17:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=716885

Претседателката на собраниската Анкетна Комисија за онкологија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција над 40 минути цитираше закони и подзаконски акти кои биле прекршени од страна на сите здравствени институции. Таа потенцира дека бил укинат контролниот механизам, поради што било загрозено уставното право на граѓаните на еднаква здравствена заштита и се создал амбиент за „здравствен башибозук“.

Мизрахи информира дека Анкетната Комисија утврдила политичка одговорност кај екс министерот за здравство Венко Филипче, екс директорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, како и поранешните директори на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Таа ги прочита сите закони и подзаконски акти кои, со пропуштање односно со непостапување, овие лица ги прекршиле.

Петседателката на Анкетната Комисија ја искритикува МАЛМЕД што на Анкетната комисија наместо документи за Онкологија им доставиле две кутии со по 1.900 страници архивски материјали за тоа како во земјава се набавувал инсулин. Таа информира дека до Владата пратиле барање за доставување документи за работата на Клиниката за онкологија, при што посочи дека од Владата такви материјали не доставиле.

Мизрахи истакна дека имаат сублимат дека од страна на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба.

Таа додаде дека два месеца „дише со законите за здравствена заштита“ и благодарение на тој посветен пристап, утврдила, според законите, кој е виновен и пропуштал дејствија.

Мизрахи истакна дека не е првпат пратениците на СДСМ да бараат оставка од нејзе затоа што стои зад вистината и фактите.

Моите заклучоци не се базирани ни на политика ни на вендета. Имаше нервозна атмосфера кога ги прочитав, иако само ја следев законската патека за тоа како требало да функционира системот, а не функционирал. Денеска побараа мое разрешување заради тие заклучоци. Не е првпат. Ќе стојам зад вистината и фактите, рече Мизрахи.

Еден од заклучоците на пратениците на СДСМ беше да се променат законите, за што Мизрахи потенцира дека „не може да менувате закони и да тврдите дека се дефектни, а притоа воопшто не сте ги ни почитувале“.

The post Мизрахи: Од Клиниката за онкологија се прекршени 37 закони и 31 законска одредба appeared first on Република.

]]>

Претседателката на собраниската Анкетна Комисија за онкологија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција над 40 минути цитираше закони и подзаконски акти кои биле прекршени од страна на сите здравствени институции. Таа потенцира дека бил укинат контролниот механизам, поради што било загрозено уставното право на граѓаните на еднаква здравствена заштита и се создал амбиент за „здравствен башибозук“. Мизрахи информира дека Анкетната Комисија утврдила политичка одговорност кај екс министерот за здравство Венко Филипче, екс директорите на Онкологија, Никола Васев и Нехат Нухи, поранешната директорка на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова, како и поранешните директори на Фондот за здравство, Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Таа ги прочита сите закони и подзаконски акти кои, со пропуштање односно со непостапување, овие лица ги прекршиле. Петседателката на Анкетната Комисија ја искритикува МАЛМЕД што на Анкетната комисија наместо документи за Онкологија им доставиле две кутии со по 1.900 страници архивски материјали за тоа како во земјава се набавувал инсулин. Таа информира дека до Владата пратиле барање за доставување документи за работата на Клиниката за онкологија, при што посочи дека од Владата такви материјали не доставиле. Мизрахи истакна дека имаат сублимат дека од страна на ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија прекршени се 37 закони и 31 законска одредба. Таа додаде дека два месеца „дише со законите за здравствена заштита“ и благодарение на тој посветен пристап, утврдила, според законите, кој е виновен и пропуштал дејствија. Мизрахи истакна дека не е првпат пратениците на СДСМ да бараат оставка од нејзе затоа што стои зад вистината и фактите.
Моите заклучоци не се базирани ни на политика ни на вендета. Имаше нервозна атмосфера кога ги прочитав, иако само ја следев законската патека за тоа како требало да функционира системот, а не функционирал. Денеска побараа мое разрешување заради тие заклучоци. Не е првпат. Ќе стојам зад вистината и фактите, рече Мизрахи.
Еден од заклучоците на пратениците на СДСМ беше да се променат законите, за што Мизрахи потенцира дека „не може да менувате закони и да тврдите дека се дефектни, а притоа воопшто не сте ги ни почитувале“.

The post Мизрахи: Од Клиниката за онкологија се прекршени 37 закони и 31 законска одредба appeared first on Република.

]]>
СДСМ не даваат Филипче да одговара за Онкологија, иако Комисијата утврди одговорност https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ne-davaat-filipche-da-odgovara-za-onkologija-iako-komisijata-utvrdi-odgovornost/ Mon, 27 Nov 2023 11:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=716675

Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Анкетната Комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова Букова, тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети.

Целиот извештај тука:

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/

По претставувањето на овие заклучоци од Мизрахи, реагираа пратениците членови на СДСМ, кои истакнаа дека не се согласуваат со овие заклучоци оти, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека ќе бараат да даде оставка претседателката на Анкетната Комисија Рашела Мизрахи.

Потоа, Мизрахи даде пауза од еден час.

Мизрахи, објаснувајќи ги закличоците, потенцираше дека клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај, како што посочи, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Мизрахи информира дека мандатот на оваа Анкетна комисија треба да заврши на 3 декември.

The post СДСМ не даваат Филипче да одговара за Онкологија, иако Комисијата утврди одговорност appeared first on Република.

]]>

Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност. Претседателката на Анкетната Комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова Букова, тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети. Целиот извештај тука: https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/ По претставувањето на овие заклучоци од Мизрахи, реагираа пратениците членови на СДСМ, кои истакнаа дека не се согласуваат со овие заклучоци оти, како што рекоа, се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека ќе бараат да даде оставка претседателката на Анкетната Комисија Рашела Мизрахи. Потоа, Мизрахи даде пауза од еден час. Мизрахи, објаснувајќи ги закличоците, потенцираше дека клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај, како што посочи, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија. Мизрахи информира дека мандатот на оваа Анкетна комисија треба да заврши на 3 декември.

The post СДСМ не даваат Филипче да одговара за Онкологија, иако Комисијата утврди одговорност appeared first on Република.

]]>
Што ќе открие? Комисијата за онкологија продолжува со дополнителните 30 дена за истражување на скандалот https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-ke-otkrie-komisijata-za-onkologija-prodolzhuva-so-dopolnitelnite-30-dena-za-istrazhuvane-na-skandalot/ Fri, 24 Nov 2023 07:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=715696

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти, и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.

Членовите на Комисијата на 13 ноември ги почнаа доплнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа претходно сослушани.

Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување - Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик - министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици - министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски. Искази дадоа и Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека по комплетирањето на исказите и документацијата, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а очекува од нив, покрај кривична, да произлезе и политичка одговорност.мд

The post Што ќе открие? Комисијата за онкологија продолжува со дополнителните 30 дена за истражување на скандалот appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти, и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија. Членовите на Комисијата на 13 ноември ги почнаа доплнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа претходно сослушани. Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување - Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик - министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици - министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски. Искази дадоа и Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери. Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија. Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека по комплетирањето на исказите и документацијата, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а очекува од нив, покрај кривична, да произлезе и политичка одговорност.мд

The post Што ќе открие? Комисијата за онкологија продолжува со дополнителните 30 дена за истражување на скандалот appeared first on Република.

]]>
Јовески и Абази абер немаат ниту од предистрага за случајот „Онкологија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-abazi-aber-nemaat-nitu-od-predistraga-za-sluchajot-onkologija/ Fri, 17 Nov 2023 08:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=702415

Два месеци поминуваат, а Обвинителството на Јовевски и Абази абер немаат од предистрага да почнат со истрага, а камо ли да обвинат некого за грозоморниот скандал Диво Месо на клиниката за онкологија. Со одолговлекувањето на постапката тие наместо да излезат со конкретни виновници, го валкаат белиот мантил на сите вработени на Онкологија, па дури и на сите здравствени работници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Предупредувавме дека институциите работат на тоа и случајот Онкологија да се затвори по принципот „кабелот е крив“ и според досегашните постапки се движат во таа насока.

Постојат основани сомнежи дека Обвинителството и власта работат на тоа да ја заштитат канцер мафијата која правела милиони на грбот на најтешко болните во Македонија. Никој не излегува со објаснување како е возможно да се натрупа толкав долг на клиниката со скапата терапија која ја набавувале од омилената веледрогерија на власта, а во исто време пациентите да имале недостатоци на терапија? Никој не ги поби тврдењата на семејства на пациенти кои велат дека на клиниката наместо лекови биле давани обични физиолошки раствори, а терапијата била препродавана на црниот пазар? Никој не објаснува зошто на клиниката нема протоколи, зошто не се водела евиденција, зошто бил исклучен КАТО системот, и зошто нема информација каде завршувале скапите лекови кои биле давани во кесичка да се аплицираат надвор од клиниката.

Сите овие прашања сега остануваат неодговорени затоа што некој пробува да ја спаси канцер мафијата. Но доаѓа време на промени и целиот овој случај ќе биде истражен и за истиот ќе има сериозна кривична одговорност.

The post Јовески и Абази абер немаат ниту од предистрага за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

Два месеци поминуваат, а Обвинителството на Јовевски и Абази абер немаат од предистрага да почнат со истрага, а камо ли да обвинат некого за грозоморниот скандал Диво Месо на клиниката за онкологија. Со одолговлекувањето на постапката тие наместо да излезат со конкретни виновници, го валкаат белиот мантил на сите вработени на Онкологија, па дури и на сите здравствени работници, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Предупредувавме дека институциите работат на тоа и случајот Онкологија да се затвори по принципот „кабелот е крив“ и според досегашните постапки се движат во таа насока.
Постојат основани сомнежи дека Обвинителството и власта работат на тоа да ја заштитат канцер мафијата која правела милиони на грбот на најтешко болните во Македонија. Никој не излегува со објаснување како е возможно да се натрупа толкав долг на клиниката со скапата терапија која ја набавувале од омилената веледрогерија на власта, а во исто време пациентите да имале недостатоци на терапија? Никој не ги поби тврдењата на семејства на пациенти кои велат дека на клиниката наместо лекови биле давани обични физиолошки раствори, а терапијата била препродавана на црниот пазар? Никој не објаснува зошто на клиниката нема протоколи, зошто не се водела евиденција, зошто бил исклучен КАТО системот, и зошто нема информација каде завршувале скапите лекови кои биле давани во кесичка да се аплицираат надвор од клиниката. Сите овие прашања сега остануваат неодговорени затоа што некој пробува да ја спаси канцер мафијата. Но доаѓа време на промени и целиот овој случај ќе биде истражен и за истиот ќе има сериозна кривична одговорност.

The post Јовески и Абази абер немаат ниту од предистрага за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија со разгледување на документацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-sednitsata-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija-so-razgleduvane-na-dokumentatsijata/ Tue, 14 Nov 2023 15:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=701505

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со разгледување на документацијата. Членовите на Комисијата, кои вчера ги отпочнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата, на седницата ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

За пратениците членови од опозицијата виновен е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ бил на врвот на пирамидата на криминалот. Додека, па, за пратениците од власта, опозицијата го политизира случајот со Клиниката и без никакви докази се става во улога на судија и неосновано обвинува.

Александар Велјановски, заменик-претседател на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија го впери прстот во поранешниот министер за здравство Венко Филипче како неговиот сопартиец Антонијо Милошоски вчера за политичка одговорност. Тој обвини за спрега меѓу Филипче, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и веледрогеријата „Пановски“.

Јасно и очигледно е дека на клиниката за онкологија, па и во здравствениот систем постоела една пирамида која што има свој врв на кој што се наоѓа екс министерот за здравство Венко Филипче. Поврзаноста помеѓу екс министерот Филипче, директорот на клиниката за онкологија Никола Васев и веледрогеријата „Пановски“ кои беспрекорно функционирале во криминалот на онкологија. Очигледно е дека здравствениот систем целосно потфрлил, рече Велјановски.

На ова реагираше пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, кој смета дека тешко ќе се дојде до заеднички заклучок бидејќи, како што рече, уште од самиот почеток пратениците од опозицијата спроведуваат партиска агенда и конструиран став и обвинувања за поранешниот министер Филипче.

Како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ цело време ја користите мантрата, ја користите тезата на покажување со прст и утврдување на вина помеѓу Пановски, Нино Васев и Венко Филипче, без притоа да експлоатирате во јавноста квалитетни материјални докази и докази кои што ќе ги потврдат таквите ваши сомневања. Строго заборени во своите партиски ставови и претходно конструирана, монтирана во вашите изјави за политичка вина паѓаат во вода, рече Костовски.

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска истакна дека пратениците од опозицијата членови на Комисијата посочуваат со имиња за виновници, иако ништо не е докажано. Таа е на ставот дека одговорност има и пропустите на онкологија траеле со години.

Државниот завод за ревизија има констатирано одредени слабости и тука би сакала лично да коментирам дека јас она што го прочитав од ДЗС се всушност констатираните слабости и неправилности во работењето и дадени препораки што треба да се прави во иднина. Не би дискутирала дека Државниот завод за ревизија во своите препораки инсинуира или покажува со прст кон одредени носители или одговорни лица за некакво незаконско работење. Констатирани се неправилности во работењето и сметам дека тие неправилности во Извештајот на ДЗР и ние како заклучок ќе го донесеме на оваа Анкетна комисија, ќе бидат доволно документи кои што евентуално понатаму други институции кои се надлежни за утврдување на одговорност на било кого да утврди дали тоа че биде причина за некакви понатамошни правни дејствија за било кога и да се однесуваат.

Од дискусијата на сите кои беа присутни на седницата на Анкетната Комисија и она што е констатирано од ДЗС е всушност дека со години наназад е констатирано дека има ненаменско трошење во огромен број на јавни здравствени установи, вклучувајќи ја и Клиниката за онкологија.

По расправата за документацијата, Анкетната комисија треба да донесе формални заклучоци.

Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување - Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик - министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици - министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

The post Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија со разгледување на документацијата appeared first on Република.

]]>

Собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со разгледување на документацијата. Членовите на Комисијата, кои вчера ги отпочнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата, на седницата ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена. За пратениците членови од опозицијата виновен е поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој како што истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ бил на врвот на пирамидата на криминалот. Додека, па, за пратениците од власта, опозицијата го политизира случајот со Клиниката и без никакви докази се става во улога на судија и неосновано обвинува. Александар Велјановски, заменик-претседател на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија го впери прстот во поранешниот министер за здравство Венко Филипче како неговиот сопартиец Антонијо Милошоски вчера за политичка одговорност. Тој обвини за спрега меѓу Филипче, поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и веледрогеријата „Пановски“.
Јасно и очигледно е дека на клиниката за онкологија, па и во здравствениот систем постоела една пирамида која што има свој врв на кој што се наоѓа екс министерот за здравство Венко Филипче. Поврзаноста помеѓу екс министерот Филипче, директорот на клиниката за онкологија Никола Васев и веледрогеријата „Пановски“ кои беспрекорно функционирале во криминалот на онкологија. Очигледно е дека здравствениот систем целосно потфрлил, рече Велјановски.
На ова реагираше пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, кој смета дека тешко ќе се дојде до заеднички заклучок бидејќи, како што рече, уште од самиот почеток пратениците од опозицијата спроведуваат партиска агенда и конструиран став и обвинувања за поранешниот министер Филипче.
Како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ цело време ја користите мантрата, ја користите тезата на покажување со прст и утврдување на вина помеѓу Пановски, Нино Васев и Венко Филипче, без притоа да експлоатирате во јавноста квалитетни материјални докази и докази кои што ќе ги потврдат таквите ваши сомневања. Строго заборени во своите партиски ставови и претходно конструирана, монтирана во вашите изјави за политичка вина паѓаат во вода, рече Костовски.
Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска истакна дека пратениците од опозицијата членови на Комисијата посочуваат со имиња за виновници, иако ништо не е докажано. Таа е на ставот дека одговорност има и пропустите на онкологија траеле со години.
Државниот завод за ревизија има констатирано одредени слабости и тука би сакала лично да коментирам дека јас она што го прочитав од ДЗС се всушност констатираните слабости и неправилности во работењето и дадени препораки што треба да се прави во иднина. Не би дискутирала дека Државниот завод за ревизија во своите препораки инсинуира или покажува со прст кон одредени носители или одговорни лица за некакво незаконско работење. Констатирани се неправилности во работењето и сметам дека тие неправилности во Извештајот на ДЗР и ние како заклучок ќе го донесеме на оваа Анкетна комисија, ќе бидат доволно документи кои што евентуално понатаму други институции кои се надлежни за утврдување на одговорност на било кого да утврди дали тоа че биде причина за некакви понатамошни правни дејствија за било кога и да се однесуваат.
Од дискусијата на сите кои беа присутни на седницата на Анкетната Комисија и она што е констатирано од ДЗС е всушност дека со години наназад е констатирано дека има ненаменско трошење во огромен број на јавни здравствени установи, вклучувајќи ја и Клиниката за онкологија. По расправата за документацијата, Анкетната комисија треба да донесе формални заклучоци. Пред Анкетната комисија досега сведочеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поранешните министри за здравство Венко Филипче, Беким Сали и Никола Тодоров, актуелниот министер Фатмир Меџити, поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување - Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Маја Парнарџиева Змејкова, Магдалена Филиповска Грашковска, актуелната заменик - министерка за здравство Маја Манолева, поранешните заменици - министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, Ефтим Насков, главен внатрешен ревизор во Фондот за здравствено осигурување, поранешната директорка на Клиниката за онкологија, Симонида Црвенковска, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Виолета Клисарова, како и други лица и функционери. Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.  

The post Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија со разгледување на документацијата appeared first on Република.

]]>
Mизрахи: Скандалот „Онкологија“ покажува колку ништо не функционира во државата https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-skandalot-onkologija-pokazhuva-kolku-nishto-ne-funktsionira-vo-drzhavata/ Tue, 14 Nov 2023 07:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=701277

Добивме огромен материјал  од Министерството за здравство, од Клиниката за радиотерапија и онкологија, од Фондот за здравство и слично, но сиот материјал не беше систематизиран туку беше во целосен хаос и беше потребно време за да се среди. Но, не губевме време ја составувавме и листата на сведоци. Или двата процеси се одвиваа паралелено, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија во емисијата „Заспиј ако можеш“

Мизрахи информираше дека биле повикани вкупно 62 сведоци, а се појавиле пред 52 сведоци пред Анкетната. Според неа непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.

„Целта на Анкетната комисија е да бара политичка одговорност. Мое лично мислење е дека јавното обвинителство може да постапи по извештајот од Државниот ревизор, од друга страна од самото гледање на хронологијата на настани недоследностите се јасни. Оттука е нејасно зошто на јавното обвинтелство му треба толку време за постапување. И нејасно е зошто обвинителството оди само во предистрага. Или се прави магла. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски требаше пред Анкетната кмисија да даде одговори затоа што не беше јасно до каде е предистрагата, потоа и обвинителството и МВР велеа дека ја почнале истрагата. Ме загрижува однесувањето на јавното обвинителство“, рече Мизрхи.

Мизрахи посочи дека до неа стигнуваат информации од пациенти или роднини на починати пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија за низа неправилности.

„Кога ќе ги прашам зошто не одите во органите надлежни за истрага и таму да ги кажете сознанијата и информациите велат дека немаат доверба. Тука е и стравот, а тој доаѓа од ситуацијата во која сме, која говори дека нема систем. Ова е траорна приказна во Македонија, исто како и случајот со модуларната болница во Тетово и на крајот ќе има одговорни со име и презиме и мора да има разврска за случајот Онкологија“, кажа Мизрахи.

Според неа скандалот Онкологија покажува колку во суштина не функционира ништо во државата.

„Ова е тенденциозен хаос. Скандалот покажува дека што подолго јавното обвинителство ја одолговлекува истрагата толку повеќе ги валка белите мантили во државата. Затоа мора да има разврска и посочување на одговорните, кажување на нивните имиња и презимиња“, изјави Мизрахи.

Мизрахи посочи дека доколку се почитуваат законите во оваа област, доколку се почитуваат протоколите и процедурите, а јасни се контролните механизми скандалот можел да се спречи.

„Случајот покажува дека не се почитуваат нормите, има само моќ и кажувања јас сум закон, јас ги креирам правилата. Во таква ситуација има погазување на законите и целосен хаос“, вели Мизрахи.

The post Mизрахи: Скандалот „Онкологија“ покажува колку ништо не функционира во државата appeared first on Република.

]]>

Добивме огромен материјал  од Министерството за здравство, од Клиниката за радиотерапија и онкологија, од Фондот за здравство и слично, но сиот материјал не беше систематизиран туку беше во целосен хаос и беше потребно време за да се среди. Но, не губевме време ја составувавме и листата на сведоци. Или двата процеси се одвиваа паралелено, рече Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Анкетната комисија за случајот Онкологија во емисијата „Заспиј ако можеш“ Мизрахи информираше дека биле повикани вкупно 62 сведоци, а се појавиле пред 52 сведоци пред Анкетната. Според неа непојавувањето на десетмината сведоци отвори сомнеж дека нешто се затскрива.
„Целта на Анкетната комисија е да бара политичка одговорност. Мое лично мислење е дека јавното обвинителство може да постапи по извештајот од Државниот ревизор, од друга страна од самото гледање на хронологијата на настани недоследностите се јасни. Оттука е нејасно зошто на јавното обвинтелство му треба толку време за постапување. И нејасно е зошто обвинителството оди само во предистрага. Или се прави магла. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски требаше пред Анкетната кмисија да даде одговори затоа што не беше јасно до каде е предистрагата, потоа и обвинителството и МВР велеа дека ја почнале истрагата. Ме загрижува однесувањето на јавното обвинителство“, рече Мизрхи.
  Мизрахи посочи дека до неа стигнуваат информации од пациенти или роднини на починати пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија за низа неправилности.
„Кога ќе ги прашам зошто не одите во органите надлежни за истрага и таму да ги кажете сознанијата и информациите велат дека немаат доверба. Тука е и стравот, а тој доаѓа од ситуацијата во која сме, која говори дека нема систем. Ова е траорна приказна во Македонија, исто како и случајот со модуларната болница во Тетово и на крајот ќе има одговорни со име и презиме и мора да има разврска за случајот Онкологија“, кажа Мизрахи.
Според неа скандалот Онкологија покажува колку во суштина не функционира ништо во државата. „Ова е тенденциозен хаос. Скандалот покажува дека што подолго јавното обвинителство ја одолговлекува истрагата толку повеќе ги валка белите мантили во државата. Затоа мора да има разврска и посочување на одговорните, кажување на нивните имиња и презимиња“, изјави Мизрахи. Мизрахи посочи дека доколку се почитуваат законите во оваа област, доколку се почитуваат протоколите и процедурите, а јасни се контролните механизми скандалот можел да се спречи. „Случајот покажува дека не се почитуваат нормите, има само моќ и кажувања јас сум закон, јас ги креирам правилата. Во таква ситуација има погазување на законите и целосен хаос“, вели Мизрахи.

The post Mизрахи: Скандалот „Онкологија“ покажува колку ништо не функционира во државата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-smeta-deka-filipche-ima-politichka-odgovornost-za-onkologija-sdsm-velat-deka-opozitsijata-ja-politizira-rabotata-na-anketnata-komisija/ Mon, 13 Nov 2023 15:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=701158

На првата седница на собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија од новиот 30-дневен рок, на која се разгледуваа стенограми од сведочења во изминатиот еден месец, опозициските пратеници на одговорност го прозваа поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Според нив, тој има политичка одговорност за случувањата на Клиниката затоа што не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита според кој министерот за здравство има обврска за надзор над законитоста на работењето на здравствените установи.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Анкетната комисија, сметаат дека е несфатливо тој да не знаел за незаконските набавки на лекови на реверс и за енормното задолжување, како и дека не знаел за постоењето на КАТО-системот - со кој  треба да се контролира „патот“ на скапата биолошка терапија за онколошките пациенти, а тоа им било познато на следниот министер Беким Сали и на актуелниот Фатмир Меџити.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека има спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање пред оваа комисија на 17 октомври рекол дека не бил запознат за случувањата, непостоењето протоколи и стручен колегиум на Онкологија, а дека поранешниот медицински директор на Клиниката, Нино Васев, како што рече, „ги демантирал исказите на Филипче" со своето сведочење кога кажал дека праќал извештаи до Кабинетот на министерот за здравство.

Од овие излагања имам констатација -  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже, изјави Милошоски.

Според пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, не е можно Филипче ништо да не знаел за случувањата на Онкологија додека бил министер.

Знаел се, а не презел ништо, и затоа политичка одговорност од Филипче треба и мора да има, рече Коцевски.

Независната пратеничка Гордана Силјановска-Давкова рече дека е „навистина многу чудно“ тоа што речиси сите министри по Филипче знаеле, а тој додека бил министер не знаел дека постои КАТО-системот иако бил набавен во 2014, во времето кога министер бил Никола Тодоров, а Венко Филипче му бил советник.

Пратениците од СДСМ во одбрана на ексминистерот потсетија на сведочењата дека квалитетната биолошката терапија е набавена токму во мандатот на Филипче.

Тоа е многу голем чекор и тоа е на барање на Здружението на онколошките пациенти. И самиот како поранешен министер во неговите изјави кажува дека во Онкологија се консултирал и целосно е во соработка со сите здруженија за онколошките пациенти... Не треба да заборавиме дека се соочивме и со короната и дека тогашниот министер Венко Филипче ја носеше целата одговорност на свој грб за време на целата корона, кога Клиниката за онкологија работеше непречено и ги услужуваше своите пациенти. Има многу аргументи кажано од сведоците дека овој поранешен министер направил многу за оваа Клиника, изјави Даниела Маркоска од СДСМ.

На оценката од пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ дека од Филипче треба да се бара политичка одговорност, Ненад Коциќ од СДСМ праша од кого треба да се бара политичка одговорност поради тоа што наместо за лекови за граѓаните, пари се трошеле за „шмизли и стиропор“.

Коциќ на почетокот на седницата реагираше на излагањето на Милошоски откако тој одговорност за скандалот на Онкологија лоцираше кај Филипче, со забелешка дека се политизира работата на Анкетната комисија. Како што рече Коциќ, Милошоски  донел „личен заклучок“ наместо Комисијата координирано да донесе заклучоци врз основа на материјалот собран од сведочењата.

Во новиот, дополнителен рок од 30 дена, членовите на собраниската Анкетна комисија треба да ги анализираат сите докази и материјали што ги добиле од институции и од искази на поединци кои беа повикани да сведочат во претходниот месец.

Со анализа на стенограми од изјави од сведочењата работата на Анкетната комисија ќе продолжи утре.

The post ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>

На првата седница на собраниската Анкетна комисија за случувањата на Клиниката за онкологија од новиот 30-дневен рок, на која се разгледуваа стенограми од сведочења во изминатиот еден месец, опозициските пратеници на одговорност го прозваа поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Според нив, тој има политичка одговорност за случувањата на Клиниката затоа што не постапил по член 295 став 1 од Законот за здравствена заштита според кој министерот за здравство има обврска за надзор над законитоста на работењето на здравствените установи. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, членови на Анкетната комисија, сметаат дека е несфатливо тој да не знаел за незаконските набавки на лекови на реверс и за енормното задолжување, како и дека не знаел за постоењето на КАТО-системот - со кој  треба да се контролира „патот“ на скапата биолошка терапија за онколошките пациенти, а тоа им било познато на следниот министер Беким Сали и на актуелниот Фатмир Меџити. Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека има спротивставени сведочења, зашто Филипче во излагање пред оваа комисија на 17 октомври рекол дека не бил запознат за случувањата, непостоењето протоколи и стручен колегиум на Онкологија, а дека поранешниот медицински директор на Клиниката, Нино Васев, како што рече, „ги демантирал исказите на Филипче" со своето сведочење кога кажал дека праќал извештаи до Кабинетот на министерот за здравство.
Од овие излагања имам констатација -  или за неговорење на вистината од Венко Филипче, дека не бил запознат со состојбата на Онкологија, или бил запознат, но тоа не сакал да го каже, изјави Милошоски.
Според пратеникот Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ, не е можно Филипче ништо да не знаел за случувањата на Онкологија додека бил министер.
Знаел се, а не презел ништо, и затоа политичка одговорност од Филипче треба и мора да има, рече Коцевски.
Независната пратеничка Гордана Силјановска-Давкова рече дека е „навистина многу чудно“ тоа што речиси сите министри по Филипче знаеле, а тој додека бил министер не знаел дека постои КАТО-системот иако бил набавен во 2014, во времето кога министер бил Никола Тодоров, а Венко Филипче му бил советник. Пратениците од СДСМ во одбрана на ексминистерот потсетија на сведочењата дека квалитетната биолошката терапија е набавена токму во мандатот на Филипче.
Тоа е многу голем чекор и тоа е на барање на Здружението на онколошките пациенти. И самиот како поранешен министер во неговите изјави кажува дека во Онкологија се консултирал и целосно е во соработка со сите здруженија за онколошките пациенти... Не треба да заборавиме дека се соочивме и со короната и дека тогашниот министер Венко Филипче ја носеше целата одговорност на свој грб за време на целата корона, кога Клиниката за онкологија работеше непречено и ги услужуваше своите пациенти. Има многу аргументи кажано од сведоците дека овој поранешен министер направил многу за оваа Клиника, изјави Даниела Маркоска од СДСМ.
На оценката од пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ дека од Филипче треба да се бара политичка одговорност, Ненад Коциќ од СДСМ праша од кого треба да се бара политичка одговорност поради тоа што наместо за лекови за граѓаните, пари се трошеле за „шмизли и стиропор“. Коциќ на почетокот на седницата реагираше на излагањето на Милошоски откако тој одговорност за скандалот на Онкологија лоцираше кај Филипче, со забелешка дека се политизира работата на Анкетната комисија. Како што рече Коциќ, Милошоски  донел „личен заклучок“ наместо Комисијата координирано да донесе заклучоци врз основа на материјалот собран од сведочењата. Во новиот, дополнителен рок од 30 дена, членовите на собраниската Анкетна комисија треба да ги анализираат сите докази и материјали што ги добиле од институции и од искази на поединци кои беа повикани да сведочат во претходниот месец. Со анализа на стенограми од изјави од сведочењата работата на Анкетната комисија ќе продолжи утре.

The post ВМРО-ДПМНЕ смета дека Филипче има политичка одговорност за Онкологија, СДСМ велат дека опозицијата ја политизира работата на Анкетната комисија appeared first on Република.

]]>
Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме, уверува ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-za-divoto-meso-vo-zdravstvoto-ke-ima-so-ime-i-prezime-uveruva-vmro-dpmne/ Sat, 11 Nov 2023 08:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=700454

Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија не само што ги потврди сите коруптивно-криминални активности, туку посочи и на нови и важни факти и околности, кои можат да придонесат до конечно утврдување на прекршување на правните норми како основ за утврдување на политичка одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потсетуваат дека минатата недела беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневања за владеење на канцер мафијата.

Новите сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнуваат потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на Комисијата. Оттука Комисијата треба да продолжи со работа дополнителни 30 дена во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите. Меѓудругото, Извештајот од вонредниот надзор кој беше објавен минатата недела јасно укажа дека „на нарачките кон добавувачите може јасно да се види цената по која се набавуваат  (набавна тендерска), која најчесто е повисока од одобрената со согласност од ФЗО“, како и дека „на пресметките кон Фондот за здравствено осигурување  за овие лекови во најголем процент  - цената која се фактурира заедно со пакет е повисока од одобрената со согласноста од 15.02.2023“, потенцираат од опозициската партија.

Доколку власта предводена од СДС и ДУИ сака да излезе на виделина што точно се случувало на Онкологија, треба да го поддржи предлогот за продолжување на рокот за работа на Анкетната комисија. Во спротивно само ќе потврдат дека се дел од канцер мафијата. Едно е јасно, одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

The post Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме, уверува ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Дали скапи лекови свесно се набавувале од омилената веледрогерија на власта за да се полни со пари? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-lekovi-koi-chinat-poveke-svesno-se-nabavuvale-od-omilenata-veledrogerija-na-vlasta-za-da-se-polni-so-pari/ Fri, 10 Nov 2023 07:47:47 +0000 https://republika.mk/?p=700086

Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула, вели ВМРО-ДПМНЕ

Притоа речиси по правило било набавувано терапија од омилената веледрогерија на власта која била „оќорена“ од тендери и народни пари.Она кое што е забележано во извештајот од финансиската контрола е дека постои нејасна причина зошто за некои лекови се правени анекси и залихи, а за други дефицитарни лекови не. Дали свесно било набавувано повеќе од некои лекови кои чинат огромни суми, за да може веледрогеријата да се наполни со пари?

Исто така во истиот извештај се забележува зошто е распишан 4 месечен тендер од страна на клиниката за Онкологија, кога тендерот на министерството за здравство бил уште во тек?

Сите овие недоследности , но и мноштвото сведоштва за злоупотреби, говорат дека на клиниката за Онкологија се спроведувал најморбидниот криминал. Оваа канцер мафија мора да одговара.

The post Дали скапи лекови свесно се набавувале од омилената веледрогерија на власта за да се полни со пари? appeared first on Република.

]]>

Власта бега од скандалот со клиниката за Онкологија како ѓавол од темјан. Бегаат затоа што токму оваа власт е дивото месо кое што го уништува здравствениот систем и овозможува некој да се богати на грбот и на сметка на животите на најтешките пациенти во државата. Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула, вели ВМРО-ДПМНЕ
Притоа речиси по правило било набавувано терапија од омилената веледрогерија на власта која била „оќорена“ од тендери и народни пари.Она кое што е забележано во извештајот од финансиската контрола е дека постои нејасна причина зошто за некои лекови се правени анекси и залихи, а за други дефицитарни лекови не. Дали свесно било набавувано повеќе од некои лекови кои чинат огромни суми, за да може веледрогеријата да се наполни со пари?
Исто така во истиот извештај се забележува зошто е распишан 4 месечен тендер од страна на клиниката за Онкологија, кога тендерот на министерството за здравство бил уште во тек? Сите овие недоследности , но и мноштвото сведоштва за злоупотреби, говорат дека на клиниката за Онкологија се спроведувал најморбидниот криминал. Оваа канцер мафија мора да одговара.

The post Дали скапи лекови свесно се набавувале од омилената веледрогерија на власта за да се полни со пари? appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-desetina-svedotsi-od-vladata-ne-se-pojavija-pred-komisijata-za-onkologija/ Tue, 07 Nov 2023 19:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=699298

Во скандалот Онкологија има интересни моменти. Во 2019 година се првите пишувања на медиумите кои стануваат многу чести. Тука беше и Државната ревизија која има и блага форма на заклучоци, а и сепак и покрај тоа што завршил надзорот со Извештај во 2023 година во март, продолжува инсистирање на медиумите кои алудираат дека се уште не е во ред ситуацијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. На сето ова јавното обвинителство почнува со некаква работа на почеток на септември годинава, рече Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа.

Мизрахи информираше дека за сведоци во Комисијата биле повикани нешто повеќе од 60 сведоци, а десеттина не се појавиле.

Тие што не одговорија, не се појавија се директно лица од Владата и оставаат црна дамка како да се работи за прикривање на докази. Сепак во трката со време се помина низ маса на материјали и можеше да се види што се случувало на Клиниката за радиотерапија и онкологија, рече Мизрахи.

Според неа случајот Онкологија е политички карцином кој навлегол во здравството, а притоа не се почитуваат никакви правни норми.

Има откажување на контролните механизми во здравствениот систем. Или нема ништо, нема протокол, процедури или има тенденциозен хаос, но тој немало да настане ако Министерството за здравство вршело надзор во сите аспекти во здравството. Значи каде било Министерството за здравство, министерот, потоа Фондот за здравство, рече Мизрахи.

Мизрахи укажа дека директорите на здравствените установи пишуваат извештаи за работа, се доставуваат до МЗ и ФЗО. Ако надлежните институции според неа имале увид и работеле по правила Клиниката немало да влезе во оваа ситуација.

На пример ФЗО кој би требало да има увид и ако работел како што треба Клиниката веројатно немала да влезе во оваа шема. Исто и Агенцијата за лекови врши надзор, потоа Државниот здравствен инспекторат. Има еден куп на контролни механизми и доколку биле надлежните за контрола вклучени и си ја работеле работата од 2019 до денес немаше да ја имаме оваа афера, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија appeared first on Република.

]]>

Во скандалот Онкологија има интересни моменти. Во 2019 година се првите пишувања на медиумите кои стануваат многу чести. Тука беше и Државната ревизија која има и блага форма на заклучоци, а и сепак и покрај тоа што завршил надзорот со Извештај во 2023 година во март, продолжува инсистирање на медиумите кои алудираат дека се уште не е во ред ситуацијата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. На сето ова јавното обвинителство почнува со некаква работа на почеток на септември годинава, рече Рашела Мизрахи, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Анкетната комисија за случајот Онкологија на гостување во емисијата „За или против“ што се емитува на телевизија Алфа. Мизрахи информираше дека за сведоци во Комисијата биле повикани нешто повеќе од 60 сведоци, а десеттина не се појавиле.
Тие што не одговорија, не се појавија се директно лица од Владата и оставаат црна дамка како да се работи за прикривање на докази. Сепак во трката со време се помина низ маса на материјали и можеше да се види што се случувало на Клиниката за радиотерапија и онкологија, рече Мизрахи.
Според неа случајот Онкологија е политички карцином кој навлегол во здравството, а притоа не се почитуваат никакви правни норми.
Има откажување на контролните механизми во здравствениот систем. Или нема ништо, нема протокол, процедури или има тенденциозен хаос, но тој немало да настане ако Министерството за здравство вршело надзор во сите аспекти во здравството. Значи каде било Министерството за здравство, министерот, потоа Фондот за здравство, рече Мизрахи.
Мизрахи укажа дека директорите на здравствените установи пишуваат извештаи за работа, се доставуваат до МЗ и ФЗО. Ако надлежните институции според неа имале увид и работеле по правила Клиниката немало да влезе во оваа ситуација.
На пример ФЗО кој би требало да има увид и ако работел како што треба Клиниката веројатно немала да влезе во оваа шема. Исто и Агенцијата за лекови врши надзор, потоа Државниот здравствен инспекторат. Има еден куп на контролни механизми и доколку биле надлежните за контрола вклучени и си ја работеле работата од 2019 до денес немаше да ја имаме оваа афера, рече Мизрахи.

The post Мизрахи: Десетина сведоци од Владата не се појавија пред Комисијата за Онкологија appeared first on Република.

]]>
Одговорност, што беше тоа? Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши, молк од власта и од Обинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/odgovornost-shto-beshe-toa-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija-zavrshi-molk-od-vlasta-i-od-obinitelstvoto/ Mon, 06 Nov 2023 08:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=698649

Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши за својата работа а власта и обвинителството молчат зошто т.н канцер мафија е заштитен. За одговорност и да не спомнуваме.

Јавното обвинителство се однесува како да не е одовде и е незаинтересирано.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека до нив пристигнале сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел.

Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали.Имено според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката.

Според опозицијата, во  Извештајот е нотирано дека нарачките се подготвувале секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобрувале со потпис од директорите, но не постоел писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка.

Власта си имала и омилени веледеогерии и не го користела  КАТО системот кој во целост ја елеминираше можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак.

The post Одговорност, што беше тоа? Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши, молк од власта и од Обинителството appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши за својата работа а власта и обвинителството молчат зошто т.н канцер мафија е заштитен. За одговорност и да не спомнуваме. Јавното обвинителство се однесува како да не е одовде и е незаинтересирано. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека до нив пристигнале сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел.
Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали.Имено според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката.
Според опозицијата, во  Извештајот е нотирано дека нарачките се подготвувале секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобрувале со потпис од директорите, но не постоел писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка. Власта си имала и омилени веледеогерии и не го користела  КАТО системот кој во целост ја елеминираше можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак.

The post Одговорност, што беше тоа? Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ заврши, молк од власта и од Обинителството appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-anketnata-komisija-za-kantser-mafijata-da-prodolzhi-so-rabota-i-da-se-proshiri-opfatot/ Sat, 04 Nov 2023 08:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=698018

Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот, реагиораат од ВМРО-ДПМНЕ.

Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.

Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор.

Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата „Диво месо“ го јаде системот, реагиораат од ВМРО-ДПМНЕ.
Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.   Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор.   Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер-мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот appeared first on Република.

]]>
Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-go-povika-mitskoski-dokolku-ima-dokazi-za-sluchajot-onkologija-da-gi-dostavi-vo-javnoto-obvinitelstvo/ Fri, 03 Nov 2023 13:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=697829

Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот  повикувајќи се на извештаи од свиркачи што го опфаќаат периодот до август годинава.

-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка, рече Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес.

Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.

-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.

На прашањата на пратениците одговара јавниот обвинител Љубомир Јовески. Треба да биде сослушуван вторпат и поранешниот директор на  Клиниката за онкологија Нино Васев. На денешната седница биле поканети да сведочат и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Миле Сугарев, актуелениот директор на ФЗО. Мизрахи на почетокот на седницата информираше дека Сугарев не можел да присуствува на седница поради службен пат надвор од Скопје. Таа соопшти дека Филипче во допис ја известува Анкетната комисија дека заради приватни обврски и патувања во странство не може да присуствува повторно на Комисијата. Известил и дека во првото појавување ги одговорил сите прашања и изложил ставови за овој процеси оти стои на располагање да одговара писмено. Мизрахи рече дека Анкетната комисија  не е седница на пратенички прашања, а тој веќе не е министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-so-rechisi-istoto-soopshtenie-kako-sdsm/

Мизрахи претходно на прес-конференција соопшти дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.

The post Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство appeared first on Република.

]]>

Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот  повикувајќи се на извештаи од свиркачи што го опфаќаат периодот до август годинава.
-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка, рече Спасовски.
Министерот Спасовски истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес. Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.
-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.
  На прашањата на пратениците одговара јавниот обвинител Љубомир Јовески. Треба да биде сослушуван вторпат и поранешниот директор на  Клиниката за онкологија Нино Васев. На денешната седница биле поканети да сведочат и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Миле Сугарев, актуелениот директор на ФЗО. Мизрахи на почетокот на седницата информираше дека Сугарев не можел да присуствува на седница поради службен пат надвор од Скопје. Таа соопшти дека Филипче во допис ја известува Анкетната комисија дека заради приватни обврски и патувања во странство не може да присуствува повторно на Комисијата. Известил и дека во првото појавување ги одговорил сите прашања и изложил ставови за овој процеси оти стои на располагање да одговара писмено. Мизрахи рече дека Анкетната комисија  не е седница на пратенички прашања, а тој веќе не е министер. https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-so-rechisi-istoto-soopshtenie-kako-sdsm/ Мизрахи претходно на прес-конференција соопшти дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа. Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.

The post Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Случајот „Онкологија“ е метастазирано диво месо во здравствениот систем https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-sluchajot-onkologija-e-metastazirano-divo-meso-vo-zdravstveniot-sistem/ Fri, 03 Nov 2023 10:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=697737

Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата.Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи, наведува Рашела Мизрахи, претседателка на Анкетната комисија.

Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато.

Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни количини лекови за суми кои се изразени во милиони евра.

Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба понатаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе.

Ова значи дека дивото месо е длабоко вкоренето во здравствениот систем.

Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.

Јавноста заслужува одговори.

https://www.youtube.com/watch?v=sQtD9DHUZEw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават.

Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО.

Вистината за канцер мафијата мора да се знае.Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

The post Мизрахи: Случајот „Онкологија“ е метастазирано диво месо во здравствениот систем appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата.Тоа се нови информации и сознанија од кои се јасни три работи, наведува Рашела Мизрахи, претседателка на Анкетната комисија. Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес и тоа не е престанато. Втората работа е дека, и покрај доволните складирани количини на лекови, омилени веледрогерии на власта и денес набавувале огромни количини лекови за суми кои се изразени во милиони евра. Трето се сознанијата дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба понатаму не е позната. почитувана јавност, ова е грозоморен скандал, каде се прави заработка од тешката болест на многу луѓе. Ова значи дека дивото месо е длабоко вкоренето во здравствениот систем.
Овде се работи за мафијашки систем на злоупотреба на скапа терапија на клиниката за Онкологија кој траел вклучително и во 2023 година, што предизвикало екстремен трошок за здравството, штета на буџетот и најстрашно од се, сето ова е правено на сметка на пациенти кои или не добивале терапија или ненавремено ја добивале.
Јавноста заслужува одговори. https://www.youtube.com/watch?v=sQtD9DHUZEw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Денес е последниот ден за сослушување на сведоци и експерти на анкетната комисија за истражување на случајот за Онкологија. Досега се сослушани 49 сведоци и експерти, а 10 лица не се појавија иако беа уредно поканети и имаа обврска да се појават.
Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и тековниот период од април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО.
Вистината за канцер мафијата мора да се знае.Одговорност за дивото месо во здравството ќе има, со име и презиме.

The post Мизрахи: Случајот „Онкологија“ е метастазирано диво месо во здравствениот систем appeared first on Република.

]]>
СДСМ за „Онкологија“: Не постои извештај за периодот до авугуст оваа година https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-za-onologija-ne-postoi-izveshtaj-za-periodot-do-avugust-ovaa-godina/ Fri, 03 Nov 2023 08:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=697645

Лагите на Мицкоски за Онкологија се демантирани, не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година.Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа, која ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле, велат во СДСМ.

Лагите на Мицкоски, кои ја вознемируваат јавноста, претставуваат обид за упад и ја загрозуваат истрагата за Онкологија.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата.
После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување.
Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/

The post СДСМ за „Онкологија“: Не постои извештај за периодот до авугуст оваа година appeared first on Република.

]]>

Лагите на Мицкоски за Онкологија се демантирани, не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година.Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа, која ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле, велат во СДСМ. Лагите на Мицкоски, кои ја вознемируваат јавноста, претставуваат обид за упад и ја загрозуваат истрагата за Онкологија. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата. После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.
https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/

The post СДСМ за „Онкологија“: Не постои извештај за периодот до авугуст оваа година appeared first on Република.

]]>
По објавувањето на аферата „Диво месо“, денеска нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/po-objavuvaneto-na-aferata-divo-meso-deneska-nova-sednitsa-na-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/ Fri, 03 Nov 2023 07:34:36 +0000 https://republika.mk/?p=697622

По вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со новите сознанија за скандалот со Онкологија денеска продолжува собраниската комисија за овој случај.

Опозицијата бара да се прошири анкетната комисија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО.

Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните.

Мицкоски синоќа истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kantser-mafijata-kupuvale-i-skladirale-lekovi-na-onkologija-iako-imale-dovolni-zalihi-omileni-veledrogerii-na-vlasta-zarabotuvale-milioni/

– Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта

The post По објавувањето на аферата „Диво месо“, денеска нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>

По вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со новите сознанија за скандалот со Онкологија денеска продолжува собраниската комисија за овој случај. Опозицијата бара да се прошири анкетната комисија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО.
Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните.
Мицкоски синоќа истакна дека канцер мафијата купувале и складирале лекови, иако имало на залихи, но ова што го правеле омилени веледрогерии на власта заработувале милиони на грбот на граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-kantser-mafijata-kupuvale-i-skladirale-lekovi-na-onkologija-iako-imale-dovolni-zalihi-omileni-veledrogerii-na-vlasta-zarabotuvale-milioni/
– Ова се лекови коишто според Фондот за здравство на 31 март биле залиха, односно се наоѓале како залиха и биле подготвени да бидат аплицирани до пациентите. Нормално сите овие лекови доаѓаат од омилената веледрогерија на власта

The post По објавувањето на аферата „Диво месо“, денеска нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ appeared first on Република.

]]>
„Онкологија“ е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/onkologija-e-najgrozomorniot-i-najmonstruozniot-skandal-koj-se-sluchil-vo-makedonija/ Thu, 02 Nov 2023 07:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=697258

Анкетната Комисија о собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија. На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи.Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис, набројува ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем ако видиме како  пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај.

Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија.

До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен.

 МВР и Обвинителството со месеци молчеле и дозволиле десетици и стотици пациенти да бидат жртви. Всушност овие институции и веќе два месеци молчат, откако направија увид во клиниката, и после два месеци нема никаква реакција ниту поднесок. Веројатно во органите на прогонот во тек е операција „продолжниот кабел е виновен“ и за овој случај на Онкологија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-so-sluchajot-onkologija-ke-stigneme-do-vistinata-kakva-i-da-e/

The post „Онкологија“ е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија appeared first on Република.

]]>

Анкетната Комисија о собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија. На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи.Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис, набројува ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем ако видиме како  пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај.
Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија. До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен.