Андреј Пленковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/andrej-plenkovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 19:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андреј Пленковиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/andrej-plenkovikj/ 32 32 Пленковиќ најави самит за Украина во Дубровник https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-najavi-samit-za-ukraina-vo-dubrovnik/ Mon, 30 Sep 2024 19:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=821169

Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во интервју за ТВ Блумберг нагласи дека главната намера на самитот е да се покаже солидарност и поддршка за Украина од група земји кои имаат историски врски со украинскиот народ.

- Сакаме да ги поддржиме во нивните напори за слобода и територијален интегритет, но сакаме и да видиме како можеме да обезбедиме добро функционирање на украинската економија во околности кои често се многу тешки, рече Пленковиќ.


Извор: МИА

The post Пленковиќ најави самит за Украина во Дубровник appeared first on Република.

]]>

Хрватска во октомври ќе организира состанок на врвот на Југоисточна Европа и на Украина во Дубровник со цел да и даде целосна поддршка на таа нападната земја. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во интервју за ТВ Блумберг нагласи дека главната намера на самитот е да се покаже солидарност и поддршка за Украина од група земји кои имаат историски врски со украинскиот народ.
- Сакаме да ги поддржиме во нивните напори за слобода и територијален интегритет, но сакаме и да видиме како можеме да обезбедиме добро функционирање на украинската економија во околности кои често се многу тешки, рече Пленковиќ.

Извор: МИА

The post Пленковиќ најави самит за Украина во Дубровник appeared first on Република.

]]>
Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската унија е неправедна кон Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/milanovik-po-sredbata-so-mitskoski-evropskata-unija-e-nepravedna-kon-severna-makedonija/ Thu, 29 Aug 2024 19:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=811335

Европската унија е неправедна кон Македонија. Македонците досега исполнија бројни барања кои се бараа од нив за да ги забрзаат преговорите и влезот во Европската унија, но и покрај тоа и понатаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен и чесен однос кон Македонија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.

На средбата, како што информираше Кабинетот на претседателот Милановиќ, потврдено е дека Хрватска и понатаму ќе биде силен поддржувач на Македонија на патот кон Европската унија и ќе се залага за влез во Унијата, јави извстувачот на МИА.

Претходно, како што јави известувачот на МИА од Загреб, иста порака упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На прес-конференцијата по средбата со премиерот Мицкоски, хрватскиот премиер рече дека во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и дека е созреано времето кога сето тоа треба да се респектира.

-Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.

Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг на патот кон ЕУ, тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.

- Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја подотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.

На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

The post Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската унија е неправедна кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Европската унија е неправедна кон Македонија. Македонците досега исполнија бројни барања кои се бараа од нив за да ги забрзаат преговорите и влезот во Европската унија, но и покрај тоа и понатаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен и чесен однос кон Македонија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска. На средбата, како што информираше Кабинетот на претседателот Милановиќ, потврдено е дека Хрватска и понатаму ќе биде силен поддржувач на Македонија на патот кон Европската унија и ќе се залага за влез во Унијата, јави извстувачот на МИА. Претходно, како што јави известувачот на МИА од Загреб, иста порака упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На прес-конференцијата по средбата со премиерот Мицкоски, хрватскиот премиер рече дека во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и дека е созреано времето кога сето тоа треба да се респектира.
-Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.
Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг на патот кон ЕУ, тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.
- Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја подотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.
На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

The post Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската унија е неправедна кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ со Мицкоски: Толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-plenkovik-imashe-mnogu-nepravdi-kon-makedonija-sozrea-vremeto-koga-seto-toa-treba-da-se-respektira-2/ Thu, 29 Aug 2024 14:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=811202

Хрватска останува подготвена да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.

На прес-конференцијата одржана по тет а тет средбата во владината зграда во Загреб, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Македонија кон Европската унија.

-Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.

Премиерот Мицкоски рече  дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.

- Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја поотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.

На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-blagodarnost-do-hrvatska-i-plenkovik-za-poddrshkata-na-makedonija-kon-eu-vo-idnina-prodolzhuva-sorabotkata-megu-dvete-drzhavi/

- Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство, рече Мицкоски.

Изрази убедување дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека „нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“.

Двајцата премиери разговараа и за унапредување на билатерланата соработка на сите нивоа особено на економски план со оглед на тоа што постојат можности за унапредување иако трговската размена сега на годишно ниво е 300 милиони долари.

За време на првата билатерална посета на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска, денеска во Загреб беа потпишани билатерални договори помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје со кои што, како што беше истакнато на прес-конференцијата, значително ќе се подобрат односите на двете земји.

-Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави, рече Мицкоски.

Во тек е средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, а попладне, според агендата, премиерот ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

The post Пленковиќ со Мицкоски: Толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи appeared first on Република.

]]>

Хрватска останува подготвена да и помогне на Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. Во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Македонија и созреа времето кога сето тоа треба да се респектира, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по средбата со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска. На прес-конференцијата одржана по тет а тет средбата во владината зграда во Загреб, Пленковиќ рече дека Хрватска ќе се залага за што подинамичен процес на пристапување на Македонија кон Европската унија.
-Темата која го оптеретува европскиот пат на Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.
Премиерот Мицкоски рече  дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.
- Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја поотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.
На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-blagodarnost-do-hrvatska-i-plenkovik-za-poddrshkata-na-makedonija-kon-eu-vo-idnina-prodolzhuva-sorabotkata-megu-dvete-drzhavi/
- Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство, рече Мицкоски.
Изрази убедување дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека „нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија“. Двајцата премиери разговараа и за унапредување на билатерланата соработка на сите нивоа особено на економски план со оглед на тоа што постојат можности за унапредување иако трговската размена сега на годишно ниво е 300 милиони долари. За време на првата билатерална посета на премиерот Христијан Мицкоски на Хрватска, денеска во Загреб беа потпишани билатерални договори помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје со кои што, како што беше истакнато на прес-конференцијата, значително ќе се подобрат односите на двете земји.
-Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави, рече Мицкоски.
Во тек е средбата на премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, а попладне, според агендата, премиерот ќе ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе оствари средба со претставници на македонската дијаспора.

The post Пленковиќ со Мицкоски: Толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, потпишување спогодби во делот на здравството и образованието https://republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-vo-prva-ofitsijalna-poseta-na-hrvatska-potpishuvane-spogodbi-vo-delot-na-zdravstvoto-i-obrazovanieto/ Thu, 29 Aug 2024 06:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=811012

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во прва официјална посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, јави известувачот на МИА од Загреб.

Во Загреб, премиерот Мицкоски освен со хрватскиот премиер, ќе оствари средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите ќе биде евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон целосна интеграција на земјите од Западен Балкан. На средбите се очекува да стане збор и за можностите за натамошно интензивирање на соработката на сите полиња, особено во делот на економско-трговската соработка.

Во рамки на посетата денеска ќе бидат потпишани и две спогодби во областа на здравството и образованието со кои ќе се унапредува меѓусебната соработка преку размена на искуства и проекти од заеднички интерес.

Соработката во областа на образованието е за временски период до 2028 година и ќе ја потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска и хрватскиот министер за наука, образование и млади Радован Фукс, додека планот за соработка во областа на здравството го опфаќа периодот до 2026 година и потпис на овој документ ќе стават министерот за здравство Арбен Таравари и неговиот хрватски колега Вили Берош.

Дел од владината делегација е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој вчера присуствуваше на посебна сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство.

Во рамки на посетата на Хрватска предвидено е премиерот Мицкоски да ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

The post Премиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, потпишување спогодби во делот на здравството и образованието appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во прва официјална посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, јави известувачот на МИА од Загреб. Во Загреб, премиерот Мицкоски освен со хрватскиот премиер, ќе оствари средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер. Во фокус на разговорите ќе биде евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон целосна интеграција на земјите од Западен Балкан. На средбите се очекува да стане збор и за можностите за натамошно интензивирање на соработката на сите полиња, особено во делот на економско-трговската соработка. Во рамки на посетата денеска ќе бидат потпишани и две спогодби во областа на здравството и образованието со кои ќе се унапредува меѓусебната соработка преку размена на искуства и проекти од заеднички интерес. Соработката во областа на образованието е за временски период до 2028 година и ќе ја потпишат министерката за образование и наука Весна Јаневска и хрватскиот министер за наука, образование и млади Радован Фукс, додека планот за соработка во областа на здравството го опфаќа периодот до 2026 година и потпис на овој документ ќе стават министерот за здравство Арбен Таравари и неговиот хрватски колега Вили Берош. Дел од владината делегација е и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој вчера присуствуваше на посебна сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство. Во рамки на посетата на Хрватска предвидено е премиерот Мицкоски да ја посети црквата „Св. Злата Мегленска“ каде ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

The post Премиерот Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, потпишување спогодби во делот на здравството и образованието appeared first on Република.

]]>
Хрватскиот премиер Пленковиќ му честита на Мицкоски за изборот за премиер https://republika.mk/vesti/makedonija/hrvatskiot-premier-plenkovik-mu-chestita-na-mitskoski-za-izborot-za-premier/ Mon, 24 Jun 2024 17:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=790414

Во објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му го честиташе на Христијан Мицкоски неговиот избор за нов премиер на Македонија.

Пленковиќ изрази ентузијазам дека ќе се зајакнуваат билатералните односи помеѓу Хрватска и Македонија и дека натамошно ќе напредува напредува соработката помеѓу политичките партии ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП).

Пленковиќ во објавата ја нагласува и важноста на регионалната соработка и споделените цели во рамките на ЕПП.

The post Хрватскиот премиер Пленковиќ му честита на Мицкоски за изборот за премиер appeared first on Република.

]]>

Во објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му го честиташе на Христијан Мицкоски неговиот избор за нов премиер на Македонија. Пленковиќ изрази ентузијазам дека ќе се зајакнуваат билатералните односи помеѓу Хрватска и Македонија и дека натамошно ќе напредува напредува соработката помеѓу политичките партии ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП). Пленковиќ во објавата ја нагласува и важноста на регионалната соработка и споделените цели во рамките на ЕПП.

The post Хрватскиот премиер Пленковиќ му честита на Мицкоски за изборот за премиер appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-go-dobi-mandatot-za-sostav-na-nova-vlada-na-hrvatska/ Fri, 10 May 2024 11:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=776793

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ.

„По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс.

Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите.

Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.

The post Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) и технички премиер Андреј Пленковиќ. „По поднесувањето на потписите на 78 избрани пратеници на 11-от состав на хрватскиот Сабор, ми беше доверен мандатот за формирање на хрватската влада. И во третиот мандат продолжуваме да работиме за добробит на Хрватска“, најави Пленковиќ на социјалната мрежа Икс. Пленковиќ утрово му ги предаде на претседателот Милановиќ потписите потребни за формирање влада согласно уставната процедура за доделување мандат. По кратката средба во кабинетот на претседателот немаше изјави за новинарите. Пленковиќ вчера соопшти дека ги има потребните 76 потписи на пратеници за формирање на третата влада, откако ХДЗ се договори за формирање парламентарно мнозинство со десничарското Татковинско движење. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја свика првата седница на Парламентот за четврток, 16 мај.

The post Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ ја честиташе победата на Мицкоски и Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/plenkovik-ja-chestitashe-pobedata-na-mitskoski-i-siljanovska-davkova/ Thu, 09 May 2024 07:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=776159

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалната мрежа „Х“ им ја честиташе победата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и новоизбраниот шеф на државата Гордана Силјановска Давкова.

Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа за ВМРО-ДПМНЕ. Се радувам за продолжението на одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, објави Пленковиќ на Х.

The post Пленковиќ ја честиташе победата на Мицкоски и Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на социјалната мрежа „Х“ им ја честиташе победата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и новоизбраниот шеф на државата Гордана Силјановска Давкова. Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа за ВМРО-ДПМНЕ. Се радувам за продолжението на одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, објави Пленковиќ на Х.

The post Пленковиќ ја честиташе победата на Мицкоски и Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-dogovori-formirane-vlada-so-desnicharskoto-tatkovinsko-dvizhene/ Wed, 08 May 2024 12:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=775532

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.

Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите.

Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот.

Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада.

Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде дел од парламентарното мнозинство или од идната влада.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада.

The post Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење appeared first on Република.

]]>

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна договор со десничарското Татковинско движење за формирање на ново парламентарно мнозинство и идна влада, која повторно ќе ја предводи претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.
Предлогот за постигнатиот договор, заедно со распределбата на ресорите на идната влада, во текот на денешниот ден ќе биде претставен пред партиските органи и потоа ќе ја информираме јавноста за сите детали“, изјави владиниот портпарол Марко Милиќ од ХДЗ, по средбата на преговарачките тимови на двете страни.
Тој изјави дека по потврдата од партиските тела ќе се започне со собирање потписи за претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да го добие мандатот за формирање на идната влада на ХДЗ, Татковинското движење и партнерите. Пленковиќ, како што беше најавено претходно, ќе го поддржат и дел од претставниците на националните малцинства, за да ги обезбеди неопходните 76 гласа во парламентот. Засега не е познато кои пратеници од малцинствата ќе бидат дел од владата, но претходно беше најавено дека во неа нема да учествуваат тројцата пратеници од српското национално малцинство од Самостојната демократска српска партија (СДСС), која досега беше дел од владата на Пленковиќ и имаше свој потпретседател на Влада. Татковинското движење, како услов за поддршката за ХДЗ побара СДСС да не биде дел од парламентарното мнозинство или од идната влада. На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ниту една партија не освои доволно мандати самостојно да формира парламентарно мнозинство и влада.

The post Пленковиќ договори формирање влада со десничарското Татковинско движење appeared first on Република.

]]>
Дали Пленковиќ ќе се замени Фон Дер Лајен на чело на ЕК? https://republika.mk/vesti/balkan/dali-plenkovik-ke-se-zameni-fon-der-lajen-na-chelo-na-ek/ Mon, 29 Apr 2024 06:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=771937

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и натаму е речиси сигурен кандидат за реизбор на функцијата. Во нејзин прилог оди тоа што таа е официјален „шпиценкандидат“ на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) на претстојните избори за членови на Европскиот парламент, што во превод значи дека таа е кандидат на оваа група на демохристијански и умерени конзервативни партии за прв човек на Европската комисија.

Дополнителен ветер во грбот на Фон дер Лајен даваат анкетите на јавното мислење кои укажуваат дека ЕПП ќе освои најмногу европратенички мандати, а по традиција најмоќната партиска група во Европарламентот, го номинира кандидатот за претседател на Европската комисија.

Но, политички кругови во Брисел, пред се оние кои имаат критики за работата на Фон дер Лајен, потсетуваат на случајот при нејзиниот избор во 2019 година. Имено, на тогашните избори „шпиценкандидат“ на ЕПП беше актуелниот претседател на партијата Манфред Вебер, кој доаѓа од редовите на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ). Но, по изборите дел од членовите на Европскиот совет не се согласија со номинацијата на Вебер, сметајќи го за „премногу конзервативен“, и така Фон дер Лајен, чија матична партија е германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), дојде на сегашната функција како „втор избор“ на ЕПП.

Од таму, „Политико“ состави листа на можни кандидати што би ја „замениле“ Фон дер Лајен, доколку се повтори сценариото од 2019 година и некои од актуелните шефови на држави или влади на членките на ЕУ решат „да стават вето“ на нејзиниот реизбор.

Како прв можен кандидат за нов претседател на Еврокомисијата, изданието го посочува поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), 76-годишниот Марио Драги.

„Владата мора да продолжи“ со работа, се тврди во петицијата, а меѓу потпишаните се и градоначалниците на Фиренца, Рим, Венеција

Во прилог на Драги оди тоа што тој важи за човек способен за постигнување компромиси, имајќи пред вид дека раководеше со владина коалиција составена од десничари, популисти, социјалдемократи, конзервативци, демохристијани, центристи, либерали и зелени. Идејата за враќање на Драги на европската политичка сцена не е нова, но тој досега се споменуваше како кандидат за претседател на Советот на ЕУ, односно за наследник на Шарл Мишел.

Во негов прилог оди тоа што тој доби задолжение од Европската комисија да изработи план за зајакнување на конкурентноста на европската економија, што треба да го презентира по евроизборите, кога ќе почнат и преговорите за новите носители на највисоките функции во ЕУ. Дополнително, како предност на Драги се посочува и тоа што тој важи за близок до францускиот претседател Емануел Макрон.

Она што би можело да му донесе негативни поени на Драги е тоа што тој не е член на ниту една политичка партија, па тешко е да се претпостави дека водечките партиски групи, пред се ЕПП, би се согласиле моќната функција на претседател на Европската комисија да ја преземе кандидат на чија политичка лојалност не би можело целосно да се смета.

Шансите на Драги за нов претседател на ЕК, „Политико“ ги оценува со „два од пет“.

Како втор потенцијал кандидат за оваа функција се посочува актуелната претседателка на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Вршејќи ја оваа должност, Мецола се докажа како некој кој успева да остане над политичките расправии, а покажа и лидерство во надворешната политика, особено со тоа што беше прв лидер од ЕУ што го посети Киев по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Во прилог на Мецола би можело да оди и тоа што таа е од Малта, па евентуалниот нејзин избор би значело дека блокот земји од јужна Европа би добиле една од водечките функции во ЕУ. Мецола на социјалните мрежи зачестено објавува фотографии на кои е во друштво со лидери на членки на ЕУ, како неодамнешните со премиерите на Грција и Полска, Киријакос Мицотакис и Доналд Туск, што може да се толкува како обид да покаже дека има поддршка од носителите на високи функции во Унијата.

Политичката припадност, што се смета за „слабост“ на Драги, оди во прилог на Мецола која доаѓа од малтешката Национална партија, членка на ЕПП. На овој начин, ЕПП би го дала кандидатот за претседател на ЕК, со што би се задоволиле амбициите на групата.

Но, пречка за Мецола би можело да биде тоа што доаѓа од најмалата земја во ЕУ и по население и по површина, како и фактот што освен сегашното, нема други искуства со раководни позиции, вклучително ниту во родната Малта.

Сепак, „Политико“ на Мецола и дава исти шанси за функцијата претседател на ЕК, како и на Драги со „два од пет“.

Трет можен кандидат за раководител на извршното тело на ЕУ е претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) и поранешна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Таа би била многу сериозен кандидат за функцијата доколку Макрон инсистира на тоа место да се најде „француски кадар“. Во нејзин прилог оди и искуството како министер во неколку конзервативни влади на Франција, а фактот што пред да замине на должноста во ММФ, беше член на сега веќе непостоечката Унија на народното движење (УМП), која беше дел од ЕПП, би можело да ја промовирана како кадар на Европската народна партија.

Економијата во еврозоната во 2020 година ги достигна своите највисоки нивоа од светската финансиска криза во 2008 година, изјави директорката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

Но, како недостатоци и се посочуваат тоа што Лагард не е многу популарна меѓу вработените во ЕЦБ, а нема ниту навестувања дека таа би била подготвена да ја напушти сегашната функција чиј мандат истекува на крајот на октомври 2027 година, ниту дека Париз сериозно размислува за нејзина номинација.

Оттаму, нејзините шанси да стане претседателка на ЕК се проценети на „еден од пет“.

Во игра за функцијата се споменува и романскиот претседател Клаус Јоханис. Тој важи за „миленик“ на европските лидери, пред се на оние од конзервативните кругови, но позитивен став кон него имаат и либералот Макрон и германскиот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, поради неговите прозападни и проевропски политики и јасното опстојување во проукраинскиот камп по руската инвазија врз Украина. Со своите ставови тој изгради репутација на „проевропски тимски играч“, што секако оди во негов прилог, а дополнителен „ветер во неговиот грб“ може да претставува идејата дека „можеби е дојдено време источноевропеец да ја води ЕУ“.

Во прилог може да му оди и неговото германско етничко потекло, како и припадноста на романската Национална либерална партија (ПНЛ), која е дел од семејството на ЕПП. Дури и самата одлука на ЕПП да го одржи својот последен Конгрес во Букурешт се врзува со влијанието на Јоханис во партијата.

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Но, како „минус“ на неговата кандидатура се посочува амбицијата на Јоханис и за функцијата генерален секретар на НАТО, позиција на која според многумина речиси сигурно ќе се најаде актуелниот холандски премиер Марк Руте, чија номинација наиде на широка поддршка меѓу лидерите на земјите членки на Алијансата. Токму, со обидот „да му го украде лидерското место“ на Руте во НАТО, според дипломатски извори, Јоханис „изнервирал некои западноевропски лидери“. Актуелниот претседателски мандат на Јоханис истекува во декември годинава, па амбициите за раководните места во ЕУ и НАТО се толкуваат како негов обид по секоја цена да си „најде работа во странство“.

Сепак, „Политико“ шансите на Јоханис за месото прв човек на ЕК ги проценува на „три од пет“.

Ист „коефициент“ му се дава на уште еден „источноевропеец“, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој со неговата Хрватска демократска заедница (ХДЗ), исто така, е член на ЕПП. Изборот на Пленковиќ на чело на ЕК би се протолкувал и како позитивен сигнал до земјите кандидати за членство во ЕУ, пред се оние од регионот на Западниот Балкан. Во прилог на неговата можна кандидатура оди најавата дека Пленковиќ ќе ја предводи кандидатската листа на ХДЗ на европските избори, што е протолкувано како негова амбиција да ја напушти домашната политичка сцена и да премине на некоја европска функција. Тој има развиено добра мрежа на односи со останатите европски лидери имајќи предвид дека на премиерската функција се наоѓа од 2016 година.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива

Пленковиќ ги отфрли гласините дека би можел да ја замени Фон дер Лајен, што, според „Политико“, може да се смета како показател дека тој е заинтересиран за таа функција.

Последен на листата „можни наследници“ на Фон дер Лајен, според бриселскиот портал, е актуелниот еврокомесар за внатрешен пазар Тјери Бретон. Бретон, како и Фон дер Лајен, во 2019 година беше „втор пик“ за член на Европската комисија, откако првиот избор за француски еврокомесар, тогашната вицегувернерка на Банката на Франција и поранешна министерка за одбрана Силви Гулар „не помина“ во Европскиот парламент. Бретон би бил добар избор имајќи го неговото претходно искуство и како менаџер и како министер за финансии, економија и индустрија, што би можело да има важна улога во заложбите за зајакнување на конкурентноста на европската индустрија.

Бретон беше еден од главните критичари на Фон дер Лајен поради именувањето на нејзиниот сопартиец Маркус Пипер за претставник на Еврокомисијата за мали и средни претпријатија, а големо внимание во јавноста предизвика и неговата објава на Икс по изборот Фон дер Лајен за „шпиценкандидат“ на ЕПП дека таа баш и нема целосно поддршка од партијата за реизбор на функцијата.

Освен што повеќе не е дел на семејството на ЕПП, туку се приклони на либералниот блок и партијата Ренесанса на Макрон, како „негативна референца“ за Бретон се посочува и тоа што важи за човек што не е многу омилен во Еврокомисијата поради обидите за „дрска самопромоција“, како и тоа што „можеби има повеќе непријатели отколку пријатели во највисоките кругови на ЕУ“. Францускиот весник „Атлантико“ неодамна дури го оцени како „најлошиот француски еврокомесар во последните 30 години“, а неповолни по неговата евентуална кандидатура би можеле да бидат и контроверзите околу раководењето со француската технолошка компанија „Атос“.

Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон се консултирал со платформите за стриминг, како Нетфликс, и побарал да внимаваат на капацитетот на мрежата поради зголемената побарувачка за инт

И шансите на Бретон за наследник на Фон дер Лајен се проценуваат на „два од пет“.

Исти шанси за претседател на ЕК, „Политико“ дава и на кандидатот „изненадување“, посочувајќи дека преговорите и тргувањата меѓу политичките партии по изборите за водечките европски функции не ретко давале неочекувани и изненадувачки кандидати.

- Пред изборите во 2019 никој не се обложуваше дека Фон дер Лајен ќе стане претседателка на Комисијата, наведува „Политико“, додавајќи дека Брисел би можел да биде изненаден од кандидат за функцијата кој не бил споменуван во ниту една комбинација.

The post Дали Пленковиќ ќе се замени Фон Дер Лајен на чело на ЕК? appeared first on Република.

]]>

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и натаму е речиси сигурен кандидат за реизбор на функцијата. Во нејзин прилог оди тоа што таа е официјален „шпиценкандидат“ на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) на претстојните избори за членови на Европскиот парламент, што во превод значи дека таа е кандидат на оваа група на демохристијански и умерени конзервативни партии за прв човек на Европската комисија. Дополнителен ветер во грбот на Фон дер Лајен даваат анкетите на јавното мислење кои укажуваат дека ЕПП ќе освои најмногу европратенички мандати, а по традиција најмоќната партиска група во Европарламентот, го номинира кандидатот за претседател на Европската комисија. Но, политички кругови во Брисел, пред се оние кои имаат критики за работата на Фон дер Лајен, потсетуваат на случајот при нејзиниот избор во 2019 година. Имено, на тогашните избори „шпиценкандидат“ на ЕПП беше актуелниот претседател на партијата Манфред Вебер, кој доаѓа од редовите на баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ). Но, по изборите дел од членовите на Европскиот совет не се согласија со номинацијата на Вебер, сметајќи го за „премногу конзервативен“, и така Фон дер Лајен, чија матична партија е германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), дојде на сегашната функција како „втор избор“ на ЕПП. Од таму, „Политико“ состави листа на можни кандидати што би ја „замениле“ Фон дер Лајен, доколку се повтори сценариото од 2019 година и некои од актуелните шефови на држави или влади на членките на ЕУ решат „да стават вето“ на нејзиниот реизбор. Како прв можен кандидат за нов претседател на Еврокомисијата, изданието го посочува поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), 76-годишниот Марио Драги. „Владата мора да продолжи“ со работа, се тврди во петицијата, а меѓу потпишаните се и градоначалниците на Фиренца, Рим, Венеција Во прилог на Драги оди тоа што тој важи за човек способен за постигнување компромиси, имајќи пред вид дека раководеше со владина коалиција составена од десничари, популисти, социјалдемократи, конзервативци, демохристијани, центристи, либерали и зелени. Идејата за враќање на Драги на европската политичка сцена не е нова, но тој досега се споменуваше како кандидат за претседател на Советот на ЕУ, односно за наследник на Шарл Мишел. Во негов прилог оди тоа што тој доби задолжение од Европската комисија да изработи план за зајакнување на конкурентноста на европската економија, што треба да го презентира по евроизборите, кога ќе почнат и преговорите за новите носители на највисоките функции во ЕУ. Дополнително, како предност на Драги се посочува и тоа што тој важи за близок до францускиот претседател Емануел Макрон. Она што би можело да му донесе негативни поени на Драги е тоа што тој не е член на ниту една политичка партија, па тешко е да се претпостави дека водечките партиски групи, пред се ЕПП, би се согласиле моќната функција на претседател на Европската комисија да ја преземе кандидат на чија политичка лојалност не би можело целосно да се смета. Шансите на Драги за нов претседател на ЕК, „Политико“ ги оценува со „два од пет“. Како втор потенцијал кандидат за оваа функција се посочува актуелната претседателка на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Вршејќи ја оваа должност, Мецола се докажа како некој кој успева да остане над политичките расправии, а покажа и лидерство во надворешната политика, особено со тоа што беше прв лидер од ЕУ што го посети Киев по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Во прилог на Мецола би можело да оди и тоа што таа е од Малта, па евентуалниот нејзин избор би значело дека блокот земји од јужна Европа би добиле една од водечките функции во ЕУ. Мецола на социјалните мрежи зачестено објавува фотографии на кои е во друштво со лидери на членки на ЕУ, како неодамнешните со премиерите на Грција и Полска, Киријакос Мицотакис и Доналд Туск, што може да се толкува како обид да покаже дека има поддршка од носителите на високи функции во Унијата. Политичката припадност, што се смета за „слабост“ на Драги, оди во прилог на Мецола која доаѓа од малтешката Национална партија, членка на ЕПП. На овој начин, ЕПП би го дала кандидатот за претседател на ЕК, со што би се задоволиле амбициите на групата. Но, пречка за Мецола би можело да биде тоа што доаѓа од најмалата земја во ЕУ и по население и по површина, како и фактот што освен сегашното, нема други искуства со раководни позиции, вклучително ниту во родната Малта. Сепак, „Политико“ на Мецола и дава исти шанси за функцијата претседател на ЕК, како и на Драги со „два од пет“. Трет можен кандидат за раководител на извршното тело на ЕУ е претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) и поранешна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард. Таа би била многу сериозен кандидат за функцијата доколку Макрон инсистира на тоа место да се најде „француски кадар“. Во нејзин прилог оди и искуството како министер во неколку конзервативни влади на Франција, а фактот што пред да замине на должноста во ММФ, беше член на сега веќе непостоечката Унија на народното движење (УМП), која беше дел од ЕПП, би можело да ја промовирана како кадар на Европската народна партија. Економијата во еврозоната во 2020 година ги достигна своите највисоки нивоа од светската финансиска криза во 2008 година, изјави директорката на Европската централна банка, Кристин Лагард. Но, како недостатоци и се посочуваат тоа што Лагард не е многу популарна меѓу вработените во ЕЦБ, а нема ниту навестувања дека таа би била подготвена да ја напушти сегашната функција чиј мандат истекува на крајот на октомври 2027 година, ниту дека Париз сериозно размислува за нејзина номинација. Оттаму, нејзините шанси да стане претседателка на ЕК се проценети на „еден од пет“. Во игра за функцијата се споменува и романскиот претседател Клаус Јоханис. Тој важи за „миленик“ на европските лидери, пред се на оние од конзервативните кругови, но позитивен став кон него имаат и либералот Макрон и германскиот канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц, поради неговите прозападни и проевропски политики и јасното опстојување во проукраинскиот камп по руската инвазија врз Украина. Со своите ставови тој изгради репутација на „проевропски тимски играч“, што секако оди во негов прилог, а дополнителен „ветер во неговиот грб“ може да претставува идејата дека „можеби е дојдено време источноевропеец да ја води ЕУ“. Во прилог може да му оди и неговото германско етничко потекло, како и припадноста на романската Национална либерална партија (ПНЛ), која е дел од семејството на ЕПП. Дури и самата одлука на ЕПП да го одржи својот последен Конгрес во Букурешт се врзува со влијанието на Јоханис во партијата. Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес. Но, како „минус“ на неговата кандидатура се посочува амбицијата на Јоханис и за функцијата генерален секретар на НАТО, позиција на која според многумина речиси сигурно ќе се најаде актуелниот холандски премиер Марк Руте, чија номинација наиде на широка поддршка меѓу лидерите на земјите членки на Алијансата. Токму, со обидот „да му го украде лидерското место“ на Руте во НАТО, според дипломатски извори, Јоханис „изнервирал некои западноевропски лидери“. Актуелниот претседателски мандат на Јоханис истекува во декември годинава, па амбициите за раководните места во ЕУ и НАТО се толкуваат како негов обид по секоја цена да си „најде работа во странство“. Сепак, „Политико“ шансите на Јоханис за месото прв човек на ЕК ги проценува на „три од пет“. Ист „коефициент“ му се дава на уште еден „источноевропеец“, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој со неговата Хрватска демократска заедница (ХДЗ), исто така, е член на ЕПП. Изборот на Пленковиќ на чело на ЕК би се протолкувал и како позитивен сигнал до земјите кандидати за членство во ЕУ, пред се оние од регионот на Западниот Балкан. Во прилог на неговата можна кандидатура оди најавата дека Пленковиќ ќе ја предводи кандидатската листа на ХДЗ на европските избори, што е протолкувано како негова амбиција да ја напушти домашната политичка сцена и да премине на некоја европска функција. Тој има развиено добра мрежа на односи со останатите европски лидери имајќи предвид дека на премиерската функција се наоѓа од 2016 година. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека една од големите политички теми на хрватското претседателство со ЕУ ќе биде и самитот за Западен Балкан во мај, закажан на иницијатива Пленковиќ ги отфрли гласините дека би можел да ја замени Фон дер Лајен, што, според „Политико“, може да се смета како показател дека тој е заинтересиран за таа функција. Последен на листата „можни наследници“ на Фон дер Лајен, според бриселскиот портал, е актуелниот еврокомесар за внатрешен пазар Тјери Бретон. Бретон, како и Фон дер Лајен, во 2019 година беше „втор пик“ за член на Европската комисија, откако првиот избор за француски еврокомесар, тогашната вицегувернерка на Банката на Франција и поранешна министерка за одбрана Силви Гулар „не помина“ во Европскиот парламент. Бретон би бил добар избор имајќи го неговото претходно искуство и како менаџер и како министер за финансии, економија и индустрија, што би можело да има важна улога во заложбите за зајакнување на конкурентноста на европската индустрија. Бретон беше еден од главните критичари на Фон дер Лајен поради именувањето на нејзиниот сопартиец Маркус Пипер за претставник на Еврокомисијата за мали и средни претпријатија, а големо внимание во јавноста предизвика и неговата објава на Икс по изборот Фон дер Лајен за „шпиценкандидат“ на ЕПП дека таа баш и нема целосно поддршка од партијата за реизбор на функцијата. Освен што повеќе не е дел на семејството на ЕПП, туку се приклони на либералниот блок и партијата Ренесанса на Макрон, како „негативна референца“ за Бретон се посочува и тоа што важи за човек што не е многу омилен во Еврокомисијата поради обидите за „дрска самопромоција“, како и тоа што „можеби има повеќе непријатели отколку пријатели во највисоките кругови на ЕУ“. Францускиот весник „Атлантико“ неодамна дури го оцени како „најлошиот француски еврокомесар во последните 30 години“, а неповолни по неговата евентуална кандидатура би можеле да бидат и контроверзите околу раководењето со француската технолошка компанија „Атос“. Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон се консултирал со платформите за стриминг, како Нетфликс, и побарал да внимаваат на капацитетот на мрежата поради зголемената побарувачка за инт И шансите на Бретон за наследник на Фон дер Лајен се проценуваат на „два од пет“. Исти шанси за претседател на ЕК, „Политико“ дава и на кандидатот „изненадување“, посочувајќи дека преговорите и тргувањата меѓу политичките партии по изборите за водечките европски функции не ретко давале неочекувани и изненадувачки кандидати. - Пред изборите во 2019 никој не се обложуваше дека Фон дер Лајен ќе стане претседателка на Комисијата, наведува „Политико“, додавајќи дека Брисел би можел да биде изненаден од кандидат за функцијата кој не бил споменуван во ниту една комбинација.

The post Дали Пленковиќ ќе се замени Фон Дер Лајен на чело на ЕК? appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-milanovik-poveke-ne-postoi-2/ Fri, 26 Apr 2024 12:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=771417

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.

The post Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои appeared first on Република.

]]>

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката. Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ. Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.

The post Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-milanovik-poveke-ne-postoi/ Fri, 26 Apr 2024 12:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=771411

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.

 

The post Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои appeared first on Република.

]]>

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.
Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.
Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите.  

The post Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-pregovara-so-desnitsata-mnozinstvo-vo-hrvatskiot-parlament/ Tue, 23 Apr 2024 08:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=769562

Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП).

Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот.

Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб.

Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење (ДП) и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработувала во владата.

На прашање за соработка со ДП, партија која пред парламентарните избори остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ одговори дека „пред избори е едно, а по избори друго“.

Коментирајќи го ставот на ДП дека нема да коалицира со СДСС, партијата која освои три пратенички места резервирани за српското национално малцинство, тој одговори дека ХДЗ и ДП се само во фаза на прелиминарни разговори.

Што се однесува до нас, ќе ја продолжиме соработката со сите малцински пратеници и кога точно ќе го дефинираме ставот, ќе најдеме решение функционалноста на мнозинството и грижата за малцинствата да биде таква што сите ќе бидат задоволни, одговори Пленковиќ, јави телевизијата Н1.

Тој рече и дека „од инает ќе формира 76 (мнозинство)“.

По повод изборите за Европскиот парламент во јуни, Пленковиќ изјави дека ХДЗ денеска ќе ја достави својата листа и оти тој ќе биде носител

The post Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека во тек се прелиминарни разговори со десничарското „Татковинско движење“ за формирање парламентарно мнозинство и рече дека тој ќе формира нова влада, а не опозицијата предводена од Социјалдемократската партија (СДП). Тој оцени дека СДП е губитник на изборите, а нивниот кандидат за премиер, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ е прекршител на уставот. Им гарантирам дека нема да стигнат до 76 пратеници (парламентарно мнозинство), изјави Пленковиќ по состанокот на раководството на партијата во Загреб. Тој повтори дека во тек се прелиминарни разговори со Татковинското движење (ДП) и дека веќе разговарале со пратениците на националните малцинства, со кои ХДЗ и досега соработувала во владата. На прашање за соработка со ДП, партија која пред парламентарните избори остро ја критикуваше ХДЗ, Пленковиќ одговори дека „пред избори е едно, а по избори друго“. Коментирајќи го ставот на ДП дека нема да коалицира со СДСС, партијата која освои три пратенички места резервирани за српското национално малцинство, тој одговори дека ХДЗ и ДП се само во фаза на прелиминарни разговори. Што се однесува до нас, ќе ја продолжиме соработката со сите малцински пратеници и кога точно ќе го дефинираме ставот, ќе најдеме решение функционалноста на мнозинството и грижата за малцинствата да биде таква што сите ќе бидат задоволни, одговори Пленковиќ, јави телевизијата Н1. Тој рече и дека „од инает ќе формира 76 (мнозинство)“. По повод изборите за Европскиот парламент во јуни, Пленковиќ изјави дека ХДЗ денеска ќе ја достави својата листа и оти тој ќе биде носител

The post Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-potvrdi-deka-ke-bide-nositel-na-listata-na-hdz-na-izborite-za-evropskiot-parlament/ Mon, 22 Apr 2024 17:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=769403

Премиерот на Хрватска и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска потврди дека ќе биде носител на листата на неговата партија на изборите за Европскиот парламент.

Тој позитивно одговори на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата на ХДЗ за ЕП, пренесува Хина.

Пленковиќ ги демантираше тврдењата на опозицијата дека тоа е „бегство во Брисел““ и додаде дека ХДЗ е победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска да биде посила во Европа.

Европските избори во Хрватска ќе се одржат на 9 јуни, право на глас имаат сите хрватски граѓани над 18 години, а ќе изберат 12 пратеници кои ќе ја претставуваат Хрватска во Европскиот парламент.

The post Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Хрватска и лидер на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска потврди дека ќе биде носител на листата на неговата партија на изборите за Европскиот парламент. Тој позитивно одговори на новинарско прашање дали ќе ја предводи листата на ХДЗ за ЕП, пренесува Хина. Пленковиќ ги демантираше тврдењата на опозицијата дека тоа е „бегство во Брисел““ и додаде дека ХДЗ е победничката листа на оние кои навистина работат за Хрватска да биде посила во Европа. Европските избори во Хрватска ќе се одржат на 9 јуни, право на глас имаат сите хрватски граѓани над 18 години, а ќе изберат 12 пратеници кои ќе ја претставуваат Хрватска во Европскиот парламент.

The post Пленковиќ потврди дека ќе биде носител на листата на ХДЗ на изборите за Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ и Мицотакис можни наследници на Фон дер Лајен https://republika.mk/vesti/svet/plenkovik-i-mitsotakis-mozhni-naslednitsi-na-fon-der-lajen/ Sun, 21 Apr 2024 16:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=768964

Германскиот весник „Билд“ пишува дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е еден од кандидатите за претседател на Европската комисија, најважното извршно тело на Европската унија. „Билд“ се повикува на инсајдери во ЕУ, со оглед на тоа дека се поверојатно е дека Урсула Фон дер Лајен нема да добие поддршка за уште еден мандат на чело на ЕК. Фон дер Лајен, исто така, си ја загрози нејзината позиција со два неодамнешни случаи кои имаа негативно влијание врз јавноста. Прво, протекоа информации дека европските обвинители започнале истрага за потенцијални кривични дела во врска со преговорите за набавка на вакцина против коронавирус помеѓу Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер. Тоа се однесуваше на наводна размена на СМС пораки меѓу Фон дер Лајен и шефот на Фајзер, Алберт Бурла, пред најголемиот договор за вакцини на ЕУ во екот на пандемијата на Ковид-19, а аферата брзо беше наречена „Фајзергејт“.

Друг случај е обидот да се назначи нејзиниот партиски колега Маркус Пипер за пратеник на ЕУ за мали и средни претпријатија. Сепак, по бројните критики и притисоци, самиот Пипер се откажа од преземањето на позициите. Билд пишува дека ова е доказ дека Фон дер Лајен има моќни противници, вклучувајќи ги и оние во нејзината сопствена партиска група, европските обични жители.

А за лидерската позиција во Брисел мора да надмине тројна пречка, прво да победи на изборите (350 милиони гласачи со право на глас во 27 земји), потоа да ги убеди шефовите на држави и влади и на крај Европскиот парламент. Едно е јасно, дури и ако конзервативците освојат 180 места на 9 јуни, како што се очекуваше, тие ќе бидат далеку од мнозинство во 720-члениот парламент.

Фон дер Лајен направи неколку отстапки за Зелените и социјалдемократите во 2019 година, а некои десничарски групи, исто така, ја поддржаа. Сепак, малку е веројатно дека тоа ќе се повтори оваа година. Зелените се разочарани од недоволно смелите климатски политики, либералите ги гледаат како главен проблем на големата бирократија, а социјалдемократите се лути што Фон дер Лајен го поддржа Израел во конфликтот во Газа.

Какви се изгледите за сојуз со потребното мнозинство од 376 гласа? Искрено, с**ње…“, изјави за Билд еден анонимен претставник на народот. „Дури и ако парламентарното мнозинство беше на дофат, останува прашањето која би била политичката цена“, вели тој.

Тука се појавува опцијата за помалку поларизирачки и компромитирачки кандидат, бидејќи Фон дер Лајен беше избрана во 2019 година наместо шпицниот кандидат Манфред Вебер.

Инсајдер на Билд од ЕУ вели дека постојат две можни алтернативи. Тоа се грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кои, наводно, пројавиле интерес. Се шпекулира и за претседателката на ЕУ-парламентот Роберта Мецола, која нема искуство во владата, но има голема самодоверба и амбиција.

 

The post Пленковиќ и Мицотакис можни наследници на Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Германскиот весник „Билд“ пишува дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ е еден од кандидатите за претседател на Европската комисија, најважното извршно тело на Европската унија. „Билд“ се повикува на инсајдери во ЕУ, со оглед на тоа дека се поверојатно е дека Урсула Фон дер Лајен нема да добие поддршка за уште еден мандат на чело на ЕК. Фон дер Лајен, исто така, си ја загрози нејзината позиција со два неодамнешни случаи кои имаа негативно влијание врз јавноста. Прво, протекоа информации дека европските обвинители започнале истрага за потенцијални кривични дела во врска со преговорите за набавка на вакцина против коронавирус помеѓу Фон дер Лајен и извршниот директор на Фајзер. Тоа се однесуваше на наводна размена на СМС пораки меѓу Фон дер Лајен и шефот на Фајзер, Алберт Бурла, пред најголемиот договор за вакцини на ЕУ во екот на пандемијата на Ковид-19, а аферата брзо беше наречена „Фајзергејт“. Друг случај е обидот да се назначи нејзиниот партиски колега Маркус Пипер за пратеник на ЕУ за мали и средни претпријатија. Сепак, по бројните критики и притисоци, самиот Пипер се откажа од преземањето на позициите. Билд пишува дека ова е доказ дека Фон дер Лајен има моќни противници, вклучувајќи ги и оние во нејзината сопствена партиска група, европските обични жители. А за лидерската позиција во Брисел мора да надмине тројна пречка, прво да победи на изборите (350 милиони гласачи со право на глас во 27 земји), потоа да ги убеди шефовите на држави и влади и на крај Европскиот парламент. Едно е јасно, дури и ако конзервативците освојат 180 места на 9 јуни, како што се очекуваше, тие ќе бидат далеку од мнозинство во 720-члениот парламент. Фон дер Лајен направи неколку отстапки за Зелените и социјалдемократите во 2019 година, а некои десничарски групи, исто така, ја поддржаа. Сепак, малку е веројатно дека тоа ќе се повтори оваа година. Зелените се разочарани од недоволно смелите климатски политики, либералите ги гледаат како главен проблем на големата бирократија, а социјалдемократите се лути што Фон дер Лајен го поддржа Израел во конфликтот во Газа. Какви се изгледите за сојуз со потребното мнозинство од 376 гласа? Искрено, с**ње…“, изјави за Билд еден анонимен претставник на народот. „Дури и ако парламентарното мнозинство беше на дофат, останува прашањето која би била политичката цена“, вели тој. Тука се појавува опцијата за помалку поларизирачки и компромитирачки кандидат, бидејќи Фон дер Лајен беше избрана во 2019 година наместо шпицниот кандидат Манфред Вебер. Инсајдер на Билд од ЕУ вели дека постојат две можни алтернативи. Тоа се грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кои, наводно, пројавиле интерес. Се шпекулира и за претседателката на ЕУ-парламентот Роберта Мецола, која нема искуство во владата, но има голема самодоверба и амбиција.  

The post Пленковиќ и Мицотакис можни наследници на Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ како Таче и Заев: Се направил неспособен за да не оди во војска https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-kako-tache-i-zaev-se-napravil-nesposoben-za-da-ne-odi-vo-vojska/ Tue, 13 Feb 2024 19:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=743639

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, но во 1998 година, за време на Татковинската војна, се „извадил“ да не оди во војска, пишува хрватскиот портал Индекс.

Актуелниот премиер наполнил 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет. Тогаш во Хрватска не било лесно да го избегне воениот рок, како подоцна, со повикување на совеста. Пленковиќ сепак успеал да се „извади“ на вродена т.н медитеранска анемија, односно мала таласемија.

 

Кога Хрватска била најзагрозена, Пленковиќ воопшто не се интересирал за војската, ниту пак бил подготвен на тој начин да ѝ помогне на земјата. Човекот кој никогаш не служел војска сега им држи лекции на младите за вештини кои никогаш не ги стекнал, пишува Индекс.

Случајот со Пленковиќ е сличен како со двајцата поранешни премиери на „Северна“ Зоран Заев и Димитар Ковачевски.Заев си призна дека не служел војска а Ковачевски исто така е воен дезертер и се направил трајно неспособен за да не и служи на државата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-ostavka-od-kovachevski-bidejkji-izbegnal-sluzenje-na-voen-rok-pravdajkji-se-deka-e-trajno-nesposoben/

 

The post Пленковиќ како Таче и Заев: Се направил неспособен за да не оди во војска appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, но во 1998 година, за време на Татковинската војна, се „извадил“ да не оди во војска, пишува хрватскиот портал Индекс. Актуелниот премиер наполнил 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет. Тогаш во Хрватска не било лесно да го избегне воениот рок, како подоцна, со повикување на совеста. Пленковиќ сепак успеал да се „извади“ на вродена т.н медитеранска анемија, односно мала таласемија.  
Кога Хрватска била најзагрозена, Пленковиќ воопшто не се интересирал за војската, ниту пак бил подготвен на тој начин да ѝ помогне на земјата. Човекот кој никогаш не служел војска сега им држи лекции на младите за вештини кои никогаш не ги стекнал, пишува Индекс.
Случајот со Пленковиќ е сличен како со двајцата поранешни премиери на „Северна“ Зоран Заев и Димитар Ковачевски.Заев си призна дека не служел војска а Ковачевски исто така е воен дезертер и се направил трајно неспособен за да не и служи на државата. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-ostavka-od-kovachevski-bidejkji-izbegnal-sluzenje-na-voen-rok-pravdajkji-se-deka-e-trajno-nesposoben/  

The post Пленковиќ како Таче и Заев: Се направил неспособен за да не оди во војска appeared first on Република.

]]>
Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста https://republika.mk/vesti/balkan/galeb-go-pokaka-plenkovik-srede-izjava-za-javnosta/ Fri, 08 Sep 2023 07:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=679855

Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во тек на обраќањето на Пленковиќ за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.

Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи ги трагите од птичји измет од оделото.

https://www.youtube.com/watch?v=lWNzu9wUad8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста appeared first on Република.

]]>

Додека даваше изјава за медиумите, галеб изврши нужда врз ракавот на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во тек на обраќањето на Пленковиќ за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.
Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка кажа Пленковиќ, бришејќи ги трагите од птичји измет од оделото.
https://www.youtube.com/watch?v=lWNzu9wUad8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Галеб го покака Пленковиќ среде изјава за јавноста appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Односите со Србија се уште се оптоварени со отворени прашања од минатото https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-odnosite-so-srbija-se-ushte-se-optovareni-so-otvoreni-prashana-od-minatoto/ Sat, 29 Jul 2023 08:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=666529

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во Опатија, изјави дека односите со Србија се оптоварени со бројни отворени прашања од минатото, но оти постои интерес за подобрување на економските односи.

На прашањето какви се според него сегашните односи со Србија, Пленковиќ одговори дека „тие се оптоварени со бројни отворени прашања што останале од времето на агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, јави хрватската телевизија Н1

Имаме интерес и да ги подобриме економските односи, да имаме хрватски компании во Србија кои работат на тој пазар, како и нивни компании овде, изјави Пленковиќ.

The post Пленковиќ: Односите со Србија се уште се оптоварени со отворени прашања од минатото appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во Опатија, изјави дека односите со Србија се оптоварени со бројни отворени прашања од минатото, но оти постои интерес за подобрување на економските односи. На прашањето какви се според него сегашните односи со Србија, Пленковиќ одговори дека „тие се оптоварени со бројни отворени прашања што останале од времето на агресијата на Милошевиќ против Хрватска“, јави хрватската телевизија Н1
Имаме интерес и да ги подобриме економските односи, да имаме хрватски компании во Србија кои работат на тој пазар, како и нивни компании овде, изјави Пленковиќ.

The post Пленковиќ: Односите со Србија се уште се оптоварени со отворени прашања од минатото appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средби со Пленковиќ и меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredbi-so-plenkovik-i-megunarodniot-sekretar-na-epp-patrik-voler/ Thu, 18 May 2023 17:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=642417

На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.

На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации, вели Мицкоски.

Тој додава дека со Пленковиќ, разговарале и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.

Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.

 

Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес, информира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер.

Разговаравме за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Беше изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и беше разговарано за идни планови за соработка, вели Мицкоски.

The post Мицкоски на средби со Пленковиќ и меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер appeared first on Република.

]]>

На маргините на Генералното Собрание на ЦДИ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со Претседателот на Владата на Република Хрватска и Претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ.
На средбата се заблагодарив за искрената поддршка која Хрватска ја дава на Македонија и македонскиот народ во целиот период на развој на македонската демократија и пристапувањето кон евроатлантските организации, вели Мицкоски.
Тој додава дека со Пленковиќ, разговарале и за идните мостови на соработка помеѓу двете пријателски држави.
Договоривме заедничка соработка на тимови на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ за размена на искуства и поддршка во процесот на изработка на изборната програма за престојните избори.   Зборувавме за предизвиците на регионот и потешкотиите на патот кон ЕУ на Република Македонија, загрижувачките економски состојби, криминалот и корупцијата како кочничари на тој процес, информира Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се сретна и со меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер.
Разговаравме за зголемена соработка со Европската Народна Партија чија членка е ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на стратешките и национални интереси на Македонија. Беше изразена поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од страна на ЕПП и беше разговарано за идни планови за соработка, вели Мицкоски.

The post Мицкоски на средби со Пленковиќ и меѓународниот секретар на ЕПП, Патрик Волер appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Ќе помогнеме да се санираат штетите од поплавите https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-ke-pomogneme-da-se-saniraat-shtetite-od-poplavite/ Thu, 18 May 2023 09:43:00 +0000 https://republika.mk/?p=642188

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одржа работна средба со министрите, локалната заедница и надлежните служби за понатамошни активности на сите компоненти на системот за домашна безбедност и цивилна заштита со цел да се помогне на населението и да се спречат штети поради зголемување на нивото на водата.

Огромните води во неколку окрузи, заштитата од поплави, високите водостои на реките продолжуваат. За жал, слична е ситуацијата, можеби и полоша и во другите европски земји -изјави на почетокот Пленковиќ, а пренесува Н1.

Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во одбраната од поплави и кои им помогнаа на граѓаните. Тој рече дека ова се рекордни водостои.

На прашањето дали можеше на некои места да има подобра реакција, тој рече: „Колку што знам, Уна беше над пет метри во Костајница. Ситуацијата е сложена, но се прават напори. Одбранбениот систем можеби може да биде подобар“.
Но, како што истакна, подобро е од претходно.

Погледнете ја поголемата слика, одете на Гугл, видете што се случува во Италија. Ова се огромни природни катастрофи, имаше одлична координација - рече Пленковиќ.

The post Пленковиќ: Ќе помогнеме да се санираат штетите од поплавите appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одржа работна средба со министрите, локалната заедница и надлежните служби за понатамошни активности на сите компоненти на системот за домашна безбедност и цивилна заштита со цел да се помогне на населението и да се спречат штети поради зголемување на нивото на водата.
Огромните води во неколку окрузи, заштитата од поплави, високите водостои на реките продолжуваат. За жал, слична е ситуацијата, можеби и полоша и во другите европски земји -изјави на почетокот Пленковиќ, а пренесува Н1.
Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во одбраната од поплави и кои им помогнаа на граѓаните. Тој рече дека ова се рекордни водостои. На прашањето дали можеше на некои места да има подобра реакција, тој рече: „Колку што знам, Уна беше над пет метри во Костајница. Ситуацијата е сложена, но се прават напори. Одбранбениот систем можеби може да биде подобар“. Но, како што истакна, подобро е од претходно.
Погледнете ја поголемата слика, одете на Гугл, видете што се случува во Италија. Ова се огромни природни катастрофи, имаше одлична координација - рече Пленковиќ.

The post Пленковиќ: Ќе помогнеме да се санираат штетите од поплавите appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ: Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-se-grizhime-za-zashtita-na-hrvatskoto-maltsinstvo-vo-srbija-kako-i-na-srbite-vo-hrvatska/ Sun, 30 Apr 2023 13:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=635534

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.

„Во дијалогот треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Премиерот на Хрватска денеска во Загреб ја прими премиерката на Србија која допатува на Големото собрание на Српскиот национален совет.

Предвидено е пред учесниците на состанокот да се обратат премиерите на двете земји.

https://republika.mk/vesti/balkan/na-hrvatskiot-pretsedatel-pred-ochi-mu-maftaa-so-zname-na-golema-albanija/

The post Пленковиќ: Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог. „Во дијалогот треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“, напиша Пленковиќ на Твитер. Премиерот на Хрватска денеска во Загреб ја прими премиерката на Србија која допатува на Големото собрание на Српскиот национален совет. Предвидено е пред учесниците на состанокот да се обратат премиерите на двете земји. https://republika.mk/vesti/balkan/na-hrvatskiot-pretsedatel-pred-ochi-mu-maftaa-so-zname-na-golema-albanija/

The post Пленковиќ: Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска appeared first on Република.

]]>