Андраш Клаин Archives - Република https://republika.mk/tema/andrash-klain/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 11:50:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Андраш Клаин Archives - Република https://republika.mk/tema/andrash-klain/ 32 32 Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerot-murtezani-so-ungarskiot-ambasador-klein/ Thu, 01 Aug 2024 11:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=802351

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која, како што информираат од МЕП, се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија.

Муртезани упатил честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изразил надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласил подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодарил за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледале можностите за нејзина реализација.

Соговорниците разговарале и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

The post Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин appeared first on Република.

]]>

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, на која, како што информираат од МЕП, се дискутираше за јакнењето на билатералните односи и напредокот на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Муртезани упатил честитки за преземањето на претседателството на Унгарија со Советот на ЕУ и изразил надеж дека унгарското претседавање ќе донесе напредок во пристапните преговори, истакнувајќи дека Министерството за европски прашања е целосно посветено на оваа стратешка цел за членство во Унијата. Тој ја нагласил подготвеноста на земјата за тесна и успешна соработка како со новата Европска комисија, така и со Унгарското претседателство. Во тој контекст, министерот Муртезани се заблагодарил за упатената покана од унгарска страна за негова посета на Будимпешта, за време на нивното претседавање и заедно со амбасадорот Клеин ги разгледале можностите за нејзина реализација. Соговорниците разговарале и за важноста на регионалната соработка, истакнувајќи дека Вишеградската група во која Унгарија е членка, претставува одличен модел за споделување на добри практики и помош во имплементацијата на ЕУ стандардите. Се разговараше и за потенцијалната соработка во различни области, како и за активностите кои можат да придонесат за забрзување на процесот на интеграција.

The post Средба на министерот Муртезани со унгарскиот амбасадор Клеин appeared first on Република.

]]>
Маричиќ до унгарскиот амбасадор: Важно ни е да ја имаме вашата поддршка за преговорите https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-do-ungarskiot-ambasador-vazhno-ni-e-da-ja-imame-vashata-poddrshka-za-pregovorite/ Tue, 04 Apr 2023 12:04:15 +0000 https://republika.mk/?p=627122

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин, на која разговараа за процесот на преговори, за актуелни политички теми и можностите за унапредување на билатералните односи и соработка.

Европскиот пат на Македонија и обврските кои произлегуваат од пристапните преговори мора да останат во нашиот фокус и во текот на оваа година, а за нас е важно да знаеме дека ја имаме поддршката од Унгарија во процесот на преговори и исполнување на целта, рече Маричиќ на средбата. Амбасадорот Клаин, како што информираат од СЕП, потенцираше дека Унгарија дава јасна поддршка за членство на Македонија во ЕУ и укажа дека сега не смее да се дозволи сами да ги блокираме преговорите.

Клаин додаде дека Унгарија и понатаму ќе се залага за проширување на ЕУ со земјите од регионот и дека на тој пат можеме да сметаме на нивната техничка помош и поддршка во спроведувањето на реформите и постигнување на стандардите на ЕУ.

Соговорниците се согласија дека најважниот чекор кон ЕУ Македонија веќе го направи, но дека потребен е политички консензус и одговорност од сите општествени чинители за натамошното спроведување на реформската агенда, се наведува во соопштението од СЕП.

Во таа насока ја истакнаа важноста од натамошните реформи во поглавјата 23 и 24, како и важноста на реформите во судството, независноста на судството, но и борбата против криминалот и корупцијата, за што Владата има политичка волја и капацитет рече вицепремиерот Маричиќ.

На средбата беше разговарано и за досегашните одлични билатерални односи и беа разгледани можностите за унапредување на соработката во различни области, која треба да послужи за забрзување на евроинтеграциите. Во таа насока подетално Маричиќ разговараше за нови унгарски инвестиции, како и за нова иницијатива за инфраструктурен проект, кој ќе го поврзе регионот со Европа, информираат од Секретаријат за европски прашања.

The post Маричиќ до унгарскиот амбасадор: Важно ни е да ја имаме вашата поддршка за преговорите appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин, на која разговараа за процесот на преговори, за актуелни политички теми и можностите за унапредување на билатералните односи и соработка.
Европскиот пат на Македонија и обврските кои произлегуваат од пристапните преговори мора да останат во нашиот фокус и во текот на оваа година, а за нас е важно да знаеме дека ја имаме поддршката од Унгарија во процесот на преговори и исполнување на целта, рече Маричиќ на средбата. Амбасадорот Клаин, како што информираат од СЕП, потенцираше дека Унгарија дава јасна поддршка за членство на Македонија во ЕУ и укажа дека сега не смее да се дозволи сами да ги блокираме преговорите.
Клаин додаде дека Унгарија и понатаму ќе се залага за проширување на ЕУ со земјите од регионот и дека на тој пат можеме да сметаме на нивната техничка помош и поддршка во спроведувањето на реформите и постигнување на стандардите на ЕУ. Соговорниците се согласија дека најважниот чекор кон ЕУ Македонија веќе го направи, но дека потребен е политички консензус и одговорност од сите општествени чинители за натамошното спроведување на реформската агенда, се наведува во соопштението од СЕП. Во таа насока ја истакнаа важноста од натамошните реформи во поглавјата 23 и 24, како и важноста на реформите во судството, независноста на судството, но и борбата против криминалот и корупцијата, за што Владата има политичка волја и капацитет рече вицепремиерот Маричиќ. На средбата беше разговарано и за досегашните одлични билатерални односи и беа разгледани можностите за унапредување на соработката во различни области, која треба да послужи за забрзување на евроинтеграциите. Во таа насока подетално Маричиќ разговараше за нови унгарски инвестиции, како и за нова иницијатива за инфраструктурен проект, кој ќе го поврзе регионот со Европа, информираат од Секретаријат за европски прашања.

The post Маричиќ до унгарскиот амбасадор: Важно ни е да ја имаме вашата поддршка за преговорите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-ungarskiot-ambasador-klajn-vlasta-nema-sluh-iako-im-nudime-reshenie-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza/ Thu, 29 Sep 2022 15:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=555737

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн.

Како што соопштија од партијата, на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори.

Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза.

Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење.

Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој.

Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн. Како што соопштија од партијата, на средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори. Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза. Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење. Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој. Воедно, Мицкоски се заблагодари на унгарската поддршка и изрази надеж за продолжување на поинтензивна соработка и унапредување на билатералните односи со Унгарија.

The post Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух, иако им нудиме решение за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-novoimenuvaniot-ambasador-na-ungarija-andrash-klain/ Thu, 15 Sep 2022 11:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=551007

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клаин.

На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција.

Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

The post Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клаин. На церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка во духот на цврстото пријателство и традиционалното партнерство, додавајќи дека двете земји ги поврзува и заедничката визија за мир, стабилност и просперитет, како во регионот на Западен Балкан, така и на европскиот континент. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за целокупната континуирана поддршка која Унгарија ѝ ја пружа на Македонија во насока на остварување на европската стратешка цел. „Сега, кога Македонија е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Унијата, уверен сум дека унгарската поддршка ќе добие на дополнителен интензитет“, истакна претседателот Пендаровски. Претседателот Пендаровски, го потенцираше унгарскиот придонес во контекст на почетоците на мигрантската криза на т.н. западно-балканска рута во насока на обезбедување и заштита на македонската јужна граница и изрази благодарност што до денес, речиси 1800 унгарски полициски службеници зедоа учество во заедничкото справување со предизвиците на илегалната миграција. Новоименуваниот амбасадор Клаин истакна дека унгарската влада останува цврста во поддршката за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, честитајќи го стартот на преговорите на Република Македонија. Тој додаде дека билатералните односи изобилуваат со примери на соработка. Претседателот Пендаровски на амбасадорот Андраш Клаин му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

The post Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин appeared first on Република.

]]>