АНБ Archives - Република https://republika.mk/tema/anb/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 14:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АНБ Archives - Република https://republika.mk/tema/anb/ 32 32 Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/nashata-rabota-ne-gi-odlozhuva-obvrskite-na-drugite-nadlezhni-organi-velat-od-dksk-za-sluchajot-so-direktorot-na-anb/ Wed, 30 Oct 2024 14:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=832486

Во врска со јавните реакции во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, од Антикорупциска денеска реагираат дека ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции.

Потстуваат дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.

Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките. Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста. Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно, реагираат антикорупционерите.

The post Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ appeared first on Република.

]]>

Во врска со јавните реакции во однос на улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата во предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, од Антикорупциска денеска реагираат дека ДКСК постапува во рамките на своите законски овластувања и надлежности, насочени кон проверка на можни судири на интереси, интегритет и транспарентност во постапките за именувања на раководни функции. Потстуваат дека ДКСК е независен орган со точно утврдени надлежности и во своето работење се води исклучиво од потребата за законито и транспарентно функционирање на институциите.
Информациите во јавноста за дуализам во постапувањето помеѓу ДКСК и ОЈО не соодветствуваат со реалноста, бидејќи двете институции имаат различни функции и институционална поставеност. ДКСК исто така истакнува дека нејзиното постапување во ниту еден случај не ги запира постапувањата на останатите надлежни институции од спроведување на надлежностите. Одредени обиди за прикажување на постапувањето на ДКСК како причина за одложување или неактивност на други институции, сметаме дека не се оправдани и може да внесат погрешни перцепции кај јавноста. Укажуваме дека нашата работа не ги заменува ниту ги одложува обврските на другите надлежни органи. Напротив, ДКСК ги поттикнува сите надлежни институции, да ги извршуваат должности во согласност со законските надлежности. ДКСК постапува во рамките на роковите утврдени со закон и тие рокови го диктираат постапувањето на ДКСК, обезбедувајќи така систематичен и транспарентен пристап во проверките. Потребно е сите надлежни органи да ја почитуваат институционалната рамка и надлежностите на ДКСК, со што ќе се обезбеди ефективно и транспарентно завршување на процесите од интерес на јавноста. Довербата во институционалниот интегритет на системот за спречување на корупцијата и одговорноста се градат преку доследност во извршувањето на надлежностите на секој орган поединечно, реагираат антикорупционерите.

The post Нашата работа не ги одложува обврските на другите надлежни органи, велат од ДКСК за случајот со директорот на АНБ appeared first on Република.

]]>
СДСМ: ЈО да отвори истрага за поставувањето на Христовски на чело на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-jo-da-otvori-istraga-za-postavuvaneto-na-hristovski-na-chelo-na-anb/ Mon, 28 Oct 2024 07:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=831530

Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат.Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност,обвини СДСМ.

Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди  кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.

Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен.

The post СДСМ: ЈО да отвори истрага за поставувањето на Христовски на чело на АНБ appeared first on Република.

]]>

Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат.Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност,обвини СДСМ.
Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.
Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди  кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот. Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот. Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен.

The post СДСМ: ЈО да отвори истрага за поставувањето на Христовски на чело на АНБ appeared first on Република.

]]>
Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-anb-gi-ispolnuva-uslovite-soglasno-zakonot-tvrdi-premierot-mitskoski/ Sun, 27 Oct 2024 12:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=831402

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.

Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Единствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање - рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.

Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.

Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира - рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик.

Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност - рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.

The post Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ги исполнува условите согласно законот. Ја повика Антикорупциската комисија во најбрз рок да се произнесе по овој случај по обвинувањата од опозицијата дека Христовски не ги исполнува условите да биде директор на АНБ.
Тврдам дека сите услови согласно закон се исполнети. Единствен орган којшто треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. Убеден дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање - рече Мицкоски по денешните обвинувања од опозициската СДСМ дека е фалсификуван сертификатот по англиски јазик на Христовски.
Мицкоски рече дека доколку се утврди пропуст во случајот со Христовски, ќе побара одговорност.
Доколку тоа го констатира соодветна институција, а не опозициската СДСМ и исплашените поранешни разузнавачи кои овие агенции за национална безбедност ги претворија во тврдини во броба против опозицијата во времето кога ние бевме опозиција, тогаш да. Но, притисокот којшто доаѓа од овие кодошко-удбашки инсталации во редовите на СДСМ и ДУИ кои треба да не натераат да работиме под пристиок, дополнително ме мотивира - рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.
Од опозициската СДСМ денеска повторно побараа оставка од директорот на АНБ затоа што, како што посочија, тој имал фалсификуван сертификат за англиски јазик.
Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка. Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност - рече Методија Илиевски на прес-конференција во седиштето на СДСМ.
Освен оставка од Христовски, СДСМ бара итна реакција од Антикоруцпската комисија и оставка и одговорност и од премиерот Христијан Мицкоски за партизирација на институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет. Бугарски Фактор соопшти дека проверката на нивните новинари покажала дека во Пловдив не постои овластен центар за полагање и издавање на меѓународно признат сертификат за ТОЕФЛ, а според регистерот на училиштата во Бугарија нема ни училиште со називот Language School Julia Cо.LTD.

The post Директорот на АНБ ги исполнува условите согласно законот, тврди премиерот Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsionerite-pochnaa-postapka-za-noviot-direktor-na-anb/ Tue, 22 Oct 2024 13:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=829923

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.

Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Подносителот ја оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба.

Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на АНБ минатата недела и оттогаш не пресрануваат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за партизирање на тајните безбедносни служби.

Христовски до лани бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа бил вратен на работа во Министерството за внатрешни работи, по што се отчленил од партијата. Тој во медиумски настап потврди дека нема безбедносен сертификат „државна тајна“, а има сертификат „строго доверливо“. Рече дека по преземањето на функцијата ја почнал постапка да го добие и сертификатот „државна тајна“. Во 2019 година водел постапка, но таков сертификат не му бил одобрен, што Христовски го гледа како политичка пресметка со него од страна на претходната власт.

The post Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски. Според претседателката на ДКСК Татјана Димитровска предметот е отворен по анонимна претставка, која е во врска со условите за поставување на директор на АНБ. Подносителот ја оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на АНБ минатата недела и оттогаш не пресрануваат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за партизирање на тајните безбедносни служби. Христовски до лани бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ, а потоа бил вратен на работа во Министерството за внатрешни работи, по што се отчленил од партијата. Тој во медиумски настап потврди дека нема безбедносен сертификат „државна тајна“, а има сертификат „строго доверливо“. Рече дека по преземањето на функцијата ја почнал постапка да го добие и сертификатот „државна тајна“. Во 2019 година водел постапка, но таков сертификат не му бил одобрен, што Христовски го гледа како политичка пресметка со него од страна на претходната власт.

The post Антикорупционерите почнаа постапка за новиот директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
Со СДСМ АНБ беше претворенa во партиски штаб https://republika.mk/vesti/makedonija/so-sdsm-anb-beshe-pretvoren-vo-partiski-shtab/ Tue, 22 Oct 2024 07:55:44 +0000 https://republika.mk/?p=829627

СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање.Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на  безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.

Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели.

Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби.

Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети

The post Со СДСМ АНБ беше претворенa во партиски штаб appeared first on Република.

]]>

СДС применува нов феномен на политичката сцена, а тоа мора да е интензивно пиење на апчињата за заборавање.Па така, Виктор Димовски кој беше член на Извршниот одбор на СДС и член на партиското дипломатско тело, тој беше и раководен кадар во АНБ, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.
Да не се заборави ниту улогата на Еролд Муслиу кој зема активно учество во кампањата на СДС, која партијата катастрофално ја загуби и за време на која Муслиу како партиски портпарол, но во исто време и прв разузнавач, креираше лажни документи, кодошеше и манипулираше при доделувањето на  безбедносните сертификати и редица други злоупотреби.
Да не заборавиме ниту на улогата на семејството Ременски, која е пример за тоа како брачен пар ја злоупотребува политичката моќ за партиски цели. Воедно, да не се заборави ниту функцијата на доскорешниот Генерален директор на СДС, Миле Зечевиќ кој се само нарекуваше Вардарски, кој беше поранешен директор на УБК. Значи, Генералниот секретар на СДС контролирал и бил прв човек на разузнавачките служби. Ја молиме СДС помалку да пие од апчињата за заборавање. Ако тие забораваат, Македонија памети

The post Со СДСМ АНБ беше претворенa во партиски штаб appeared first on Република.

]]>
СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски https://republika.mk/vesti/makedonija/sds-ja-partizirashe-anb-vmro-dpmne-ja-departizira-veli-petrushevski/ Mon, 21 Oct 2024 09:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=829363

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференцијата посочи извадок од интернет страница на СДС, на кој стои името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС, веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски.

https://www.youtube.com/watch?v=XQWrPDwzWiA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски appeared first on Република.

]]>

„СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира. Виктор Димовски беше член на ИО и на Дипломатскиот совет на партијата“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој на прес-конференцијата посочи извадок од интернет страница на СДС, на кој стои името на Виктор Димовски како член на ИО на СДС, веднаш зад тогашниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски. https://www.youtube.com/watch?v=XQWrPDwzWiA&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post СДС ја партизираше АНБ, ВМРО-ДПМНЕ ја департизира, вели Петрушевски appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-gi-partizirashe-bezbednosnite-strukturi-so-partiski-potrchkovtsi-sega-se-stava-kraj-na-toa-za-ovie-sluzhbi-kluchen-e-profesionalizmot/ Sat, 19 Oct 2024 07:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=828695

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.

Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.

За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.

Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот appeared first on Република.

]]>

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.   Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.   За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.   Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.   Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај на тоа, за овие служби клучен е професионализмот appeared first on Република.

]]>
Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот https://republika.mk/vesti/makedonija/smenata-na-direktorot-na-anb-ne-e-nenadejna-poveke-od-dva-mesetsa-ne-pratil-izveshtaj-za-rabotata-do-premierot/ Thu, 17 Oct 2024 20:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=828249

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека смената на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не е ненадејна. Повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

Новименуванот Бојан Христовски, како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, е професионалец, кој кога бил вратен на работа во МВР, поднел оставка и се деполитизирал.

Како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

-Смената на директорот на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со националнатата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, рече Мицкоски.

На прашањето за тоа што сега на чело на АНБ е поставен претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, наспроти законскиот услов дека директорот на Агенцијата не треба да биде член на политичка партија, премиерот Мицкоски рече дека тоа не е пречка да не биде избран на позицијата, зашто кога бил вратен на работа во МВР поднел оставка и се деполитизирал.

-Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање, рече Мицкоски.

The post Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека смената на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не е ненадејна. Повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ. Новименуванот Бојан Христовски, како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, е професионалец, кој кога бил вратен на работа во МВР, поднел оставка и се деполитизирал. Како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ. -Смената на директорот на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со националнатата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, рече Мицкоски. На прашањето за тоа што сега на чело на АНБ е поставен претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, наспроти законскиот услов дека директорот на Агенцијата не треба да биде член на политичка партија, премиерот Мицкоски рече дека тоа не е пречка да не биде избран на позицијата, зашто кога бил вратен на работа во МВР поднел оставка и се деполитизирал. -Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање, рече Мицкоски.

The post Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tvrdi-ne-se-politizira-anb-greshkata-se-ispravi-i-hristovski-dobi-bezbednosen-sertifikat/ Thu, 17 Oct 2024 11:09:52 +0000 https://republika.mk/?p=827995

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски за нов директор.

Им порача на новинарите: „тие што ве брифираат, треба правилно да ве брифираат“.

-Јас ќе ви помогнам. Кога се трансформираше УБК во АНБ и се правеше селекција, имаше поранешни високи структури во АР, УБК и АНБ кои што ги профилираа луѓето и врз основа на тоа гледаа како да им наштетат преку лажни вести, клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во кои што работат. Нормално откако таа неправда му беше нанасена на Христовски и не му беше даден безбедносниот сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството на АР, за што јавноста многу набрзо ќе биде запознаена. Таа грешка се исправи, Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината, кажа Мицкоски при посетата на општина Брвеница.

Претходно СДСМ обвини дека со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.

Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ, кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Според Талески, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

„Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

The post Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека не се политизира Агенцијата за национална безбедност. Не гледа проблем во назначувањето на Бојан Христовски за нов директор. Им порача на новинарите: „тие што ве брифираат, треба правилно да ве брифираат“.
-Јас ќе ви помогнам. Кога се трансформираше УБК во АНБ и се правеше селекција, имаше поранешни високи структури во АР, УБК и АНБ кои што ги профилираа луѓето и врз основа на тоа гледаа како да им наштетат преку лажни вести, клеветнички дописи, злоупотребувајќи ги институциите во кои што работат. Нормално откако таа неправда му беше нанасена на Христовски и не му беше даден безбедносниот сертификат, беше констатирана злоупотребата на дел од раководството на АР, за што јавноста многу набрзо ќе биде запознаена. Таа грешка се исправи, Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината, кажа Мицкоски при посетата на општина Брвеница.
Претходно СДСМ обвини дека со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, „власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата и на клучните безбедносни институции“.
Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ, кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Според Талески, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.
„Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

The post Мицкоски тврди: Не се политизира АНБ, грешката се исправи и Христовски доби безбедносен сертификат appeared first on Република.

]]>
Бојан Христовски e нов директор на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/bojan-hristovski-e-nov-direktor-na-anb/ Wed, 16 Oct 2024 19:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=827814

Владата денеска на седница го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.

Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

The post Бојан Христовски e нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски. Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

The post Бојан Христовски e нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завршат кај Асаф Еисин? https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dali-izreketiranite-180-000-evra-vo-ime-na-vraboten-od-anb-trebalo-da-zavrshat-kaj-asaf-eisin/ Sun, 07 Apr 2024 11:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=763431

180.000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ.

Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз.

Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин?

Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС?

Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ?

Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завршат кај Асаф Еисин? appeared first on Република.

]]>

180.000 евра изрекетирани од лице кое се претставувало како вработен во АНБ, во време кога на големо гледаме како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин за Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ. Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз. Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин? Дали и овие 180.000 евра изрекетирани од бизнисмен од Скопје требало да завршат кај Асаф Еисин за неговите валкани услуги за СДС? Многу е јасно и надвор од здрав разум, дека некој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој кој го рекетира без да ја знае позадината на рекетарот. ЈО да не крие и да каже која е заштитата на рекетарот и со кого се претставувал истиот, дали се тоа Заре Милошевски и Миле Зечевиќ? Овој скандал е само уште еден доказ зошто СДС мора да си замине од власт. Никој не е безбеден со оваа криминална банда на власт. Потребни се итни промени. Време е народот да си ја врати државата во свои раце. Македонија повторно ќе биде на граѓаните. Иднината е во рацете на народот, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали изрекетираните 180.000 евра во име на вработен од АНБ требало да завршат кај Асаф Еисин? appeared first on Република.

]]>
Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ Fri, 21 Jul 2023 10:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=663869

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.

После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.

Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.

Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи – кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи - рече Трајанов на седницата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.
После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани - рече Ковачки.
Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.

The post Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ appeared first on Република.

]]>
Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-e-sledno-onishchenko-sam-kje-si-ja-vodi-istragata/ Sat, 24 Dec 2022 09:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=589410

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.

Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот!
Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија.
Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Зечевиќ ја претворија АНБ во институција која ја срами Македонија на меѓународна сцена, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа се темели најмногу на скандалот со доделеното државјанство на Онишченко, кој е човек на црната листа на САД.
Дополнително после изборот на Зарко Милошевски оваа институција уште повеќе се девалвира, бидејќи од документите кои излегоа во јавноста видовме дека токму Милошевски дал согласност за државјанството на овој човек. Да биде потрагично, Ковачевски очекува Зарко Милошевски сам да спроведе истрага за да се утврдела одговорноста за скандалот. Фалеше уште да му дадат самиот Онишченко да го истражува случајот! Ковачевски и Зечевиќ, чиј кадар е самиот Зарко Милошевски молчат за чаршав-списокот од скандали врзани за името на новиот директор на АНБ.Тие не даваат одговор каква била улогата на Милошевски во настаните од 27 април 2017-та година кога Милошевски бил началник во УБК. Тие молчат за проценките кои Милошевски требало да ги даде од позиција началник на УБК во време на акцијата во Диво Насеље. Избегнуваат да кажат каква била улогата на Милошевски и во доделувањето на 215 македонски пасоши на мафијаши, убијци и криминалци од целиот свет. На крајот од денот молчат и за евентуалната вмешаност на Милошевски како еден од началниците во УБК во скандалот со прислушкувањето, кога и самиот Ковачевски бил дел од телекомуникацискиот сектор во Македонија. Распад систем се случува во секој сектор, па и во безбедносниот, а одговорност нема. Ковачевски со тоа свесно прифаќа да биде виновен за сите афери, скандали и криминали кои излегоа во јавноста, порачуваат од партијата.

The post Што е следно, Онишченко сам ќе си ја води истрагата? appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-i-zechevikj-izbraa-direktor-na-anb-koj-ima-zad-sebe-niza-skandali/ Mon, 19 Dec 2022 09:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=587465

Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС..

Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.

Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали appeared first on Република.

]]>

Кога мислевме дека АНБ од времето на Заев го допрела дното, тогаш Ковачевски и Зечевиќ не демантираа и покажаа дека можат уште полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За директор на АНБ го избраа Зарко Милошевски човек со чиј потпис му било доделено државјанството на контроверзниот Онишченко. Да биде срамот поголем Зарко Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки и на тој начин лице на црната листа на САД добило македонски пасош, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи, меѓу кои има белосветски мафијаши, дилери со дрога, платени убијци, па дури и припадник на ИСИС.. Ковачевски и Зечевиќ молчат и не даваат одговори дали новоименуваниот директор на АНБ, Зарко Милошевски, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили.
Молкот на Ковачевски и Зечевиќ значи признание на сите овие скандали врзани за името на Зарко Милошевски. Очигледно при изборот на директор на АНБ, Ковачевски и Зечевиќ не се воделе според капацитетот на кадарот и интересите на граѓаните и државата, туку се воделе чисто од партиските потреби и желби. Ете затоа безбедносната состојба е на вакво дереџе и затоа угледот на Македонија во светот е урнисан, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
The post ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски и Зечевиќ избраа директор на АНБ кој има зад себе низа скандали appeared first on Република.

]]>
Новиот директор на АНБ лично и персонално одобрил Онишченко да добие наш пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-direktor-na-anb-lichno-i-personalno-odobril-onishchenko-da-dobie-nash-pasosh/ Fri, 16 Dec 2022 11:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=586410

На социјалните мрежи се појави документ од Агенцијата за национална безбедност во врска со барањето на украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко.

Интересно е дека оној што одобрил дека нема безбедносни пречки Онишченко да добие наше државјанство е токму новоизбраниот директор на АНБ Зарко Mилошоски.

The post Новиот директор на АНБ лично и персонално одобрил Онишченко да добие наш пасош appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави документ од Агенцијата за национална безбедност во врска со барањето на украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Интересно е дека оној што одобрил дека нема безбедносни пречки Онишченко да добие наше државјанство е токму новоизбраниот директор на АНБ Зарко Mилошоски.

The post Новиот директор на АНБ лично и персонално одобрил Онишченко да добие наш пасош appeared first on Република.

]]>
Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/kriloto-na-mile-zechevikj-pobedi-vo-vnatrepartiskata-bitka-vo-sdsm-brat-na-eden-od-najbliskite-sorabotnici-na-crvenkovski-e-nov-direktor-na-anb/ Wed, 14 Dec 2022 20:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=585738

Миле Зечевиќ победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски. Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти, објави „Алфа“.

И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници.

Владата информира дека новиот шеф на Агенцијата за националба безбедност до сега бил помошник директор на агенцијата за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.

The post Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Миле Зечевиќ победник во внатрепартиската битка во СДСМ, нов директор на АНБ е Зарко Милошевски. Иако функцијата во АНБ треба да биде во рацете на непартиски човек, според информациите на Алфа, на местото на Виктор Димовски доаѓа и тоа како познат човек во СДСМ. Зарко е брат на Томе Милошевски, човек кој своевремено важеше за десна рака на Бранко Црвенковски во делот на безбедноста, а бил и помошник министер во МВР за обезбедување на ВИП личности и објекти, објави „Алфа“. И другиот брат на новиот директор на АНБ е функционер на СДСМ. Милан Милошевски 2003-та година од тогашниот премиер Црвенковски бил поставен за директор на ГТЦ, а во исто време бил и заменик претседател на управниот одборна клинички центар и член на надзорниот одбор во Македонски Железници. Владата информира дека новиот шеф на Агенцијата за националба безбедност до сега бил помошник директор на агенцијата за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ.  

The post Крилото на Миле Зечевиќ победи во внатрепартиската битка во СДСМ: Брат на еден од најблиските соработници на Црвенковски е нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
Си ја доби наградата: Димовски станува амбасадор во Париз, Владата утре ќе именува нов директор на АНБ https://republika.mk/vesti/makedonija/si-ja-dobi-nagradata-dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/ Tue, 13 Dec 2022 11:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=585166

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност.

Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

The post Си ја доби наградата: Димовски станува амбасадор во Париз, Владата утре ќе именува нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

The post Си ја доби наградата: Димовски станува амбасадор во Париз, Владата утре ќе именува нов директор на АНБ appeared first on Република.

]]>
Димовски оди во амбасадата во Париз, АНБ утре ќе добие нов директор https://republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-odi-vo-ambasadata-vo-pariz-anb-utre-kje-dobie-nov-direktor/ Tue, 13 Dec 2022 11:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=585134

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност.

Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директоѕр на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

The post Димовски оди во амбасадата во Париз, АНБ утре ќе добие нов директор appeared first on Република.

Не вози и нема возачка, а „направила“ сообраќајка: Нов скандал во АНБ, службени возила регистрирани на приватни лица https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-vozi-i-nema-vozachka-a-napravila-soobrakjajka-nov-skandal-vo-anb-sluzbeni-vozila-registrirani-na-privatni-lica/ Tue, 06 Dec 2022 12:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=582543

Нов скандал ја тресе Агенцијата за национална безбедност, овојпат поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, дознава „Слободен печат“.

За случајот се дознало, кога на една од вработените ѝ стигнала опомена дека извршител ќе ѝ наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа „учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ. Но, вработената ниту вози автомобил, ниту има возачка дозвола, ниту знаела дека сообраќајката е направена.

Единствено, автомобилот бил регистриран на нејзино име, а тој што го возел, кога ја направил сообраќајката во европскиот записник ги дал нејзините податоци, односно податоците од сопственикот на автомобилот.

Повеќе на „Слободен печат

The post Не вози и нема возачка, а „направила“ сообраќајка: Нов скандал во АНБ, службени возила регистрирани на приватни лица appeared first on Република.

]]>

Нов скандал ја тресе Агенцијата за национална безбедност, овојпат поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, дознава „Слободен печат“. За случајот се дознало, кога на една од вработените ѝ стигнала опомена дека извршител ќе ѝ наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа „учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ. Но, вработената ниту вози автомобил, ниту има возачка дозвола, ниту знаела дека сообраќајката е направена. Единствено, автомобилот бил регистриран на нејзино име, а тој што го возел, кога ја направил сообраќајката во европскиот записник ги дал нејзините податоци, односно податоците од сопственикот на автомобилот. Повеќе на „Слободен печат

The post Не вози и нема возачка, а „направила“ сообраќајка: Нов скандал во АНБ, службени возила регистрирани на приватни лица appeared first on Република.

]]>
Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/trojca-kandidati-za-direktor-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/ Tue, 29 Nov 2022 16:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=579690

Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, на местото на Виктор Димовски, кој треба да замине за амбасадор во Париз дознава неофицијално ТВ 24.

Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддршката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче.

Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност.

Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите.

The post Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Оливер Лукаровски, Зарко Милошевски и Зоран Ангеловски се имињата кои се во трка за шеф на Агенцијата за национална безбедност, на местото на Виктор Димовски, кој треба да замине за амбасадор во Париз дознава неофицијално ТВ 24. Лукаровски, кој доаѓа од МВР и е шеф на одделот за крим-полиција, а според неофицјалните информации од висок валдин функционер, ја има и поддршката на минситерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски и има најголеми шанси за директорското столче. Милошевски пак, доаѓа од редовите на АНБ – Началник е на одделот за безбедносни проверки и проценки, како и проверки во НАТО сојузниците – одделот кој без проверка во НАТО членките даде зелено светло за Онишченко да добие македонско државјанство, а неговиот потпис според информациите на ТВ24, е ставен на документот со кој се гарантира дека е направена проценка за ризик и украинскиот олигарх не претставува ризик по националната безбедност. Ангеловски пак, во моментов е директор на оперативно-техничката агенција, која се формираше во 2018 година со цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите.

The post Тројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>