анатомија на падот Archives - Република https://republika.mk/tema/anatomija-na-padot/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 08:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png анатомија на падот Archives - Република https://republika.mk/tema/anatomija-na-padot/ 32 32 „Анатомија на падот“ денеска во Кинотека https://republika.mk/scena/film/anatomija-na-padot-deneska-vo-kinoteka/ Mon, 13 May 2024 08:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=777477

13 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 17:00 ч.
АНАТОМИЈА НА ПАДОТ
(Anatomie d’une chute)
Игран филм, Франција
2023, 152 мин., колор, ДЦП
Режија: Жастин Трие Толедано (Justine Triet)
Сценарио: Жастин Триe, Артур Харари (Justine Triet, Arthur Harari)
Улоги: Сандра Хулер, Свон Арло, Мило Мачадо – Гранер (Sandra Hüller, Swann Arlaud, Milo Machado-Graner)

Кога нејзиниот сопруг мистериозно умира, паѓајќи од балкон, писателката и мајка Сандра Војтер станува главен осомничен. Единствен сведок на прераната смрт на сопругот е нејзиниот слеп син, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Сандра мора да се соочи со последиците од чувањето тајни, справувајќи се со судењето за убиство на нејзиниот сопруг, додека нејзиниот невин син мора да избере помеѓу семејната лојалност и вистината.

АНАТОМИЈА НА ПАДОТ (Anatomie d’une chute) е возбудлив судски трилер, во режија на Жастин Трие. Во филмот таа ја испитува тенката линија кога вистината станува фикција, а фикцијата вистина. Употребувајќи го минималистичкиот интензитет на камерната драма – и користејќи сложена, елипсовидна монтажа – Триет конструира мистерија која на крајот е помалку за смртта колку за скриените животи што ги водиме.

Филмот ја имаше својата премиера на 76-тото издание на Кански филмски фестивал во 2023 година, каде што ја освои Златната палма. Филмот е добитник на два Златни глобуса, како и Оскар за најдобро оригинално сценарио.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

The post „Анатомија на падот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

13 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК) 17:00 ч. АНАТОМИЈА НА ПАДОТ (Anatomie d’une chute) Игран филм, Франција 2023, 152 мин., колор, ДЦП Режија: Жастин Трие Толедано (Justine Triet) Сценарио: Жастин Триe, Артур Харари (Justine Triet, Arthur Harari) Улоги: Сандра Хулер, Свон Арло, Мило Мачадо – Гранер (Sandra Hüller, Swann Arlaud, Milo Machado-Graner) Кога нејзиниот сопруг мистериозно умира, паѓајќи од балкон, писателката и мајка Сандра Војтер станува главен осомничен. Единствен сведок на прераната смрт на сопругот е нејзиниот слеп син, што дополнително ја комплицира ситуацијата. Сандра мора да се соочи со последиците од чувањето тајни, справувајќи се со судењето за убиство на нејзиниот сопруг, додека нејзиниот невин син мора да избере помеѓу семејната лојалност и вистината. АНАТОМИЈА НА ПАДОТ (Anatomie d’une chute) е возбудлив судски трилер, во режија на Жастин Трие. Во филмот таа ја испитува тенката линија кога вистината станува фикција, а фикцијата вистина. Употребувајќи го минималистичкиот интензитет на камерната драма – и користејќи сложена, елипсовидна монтажа – Триет конструира мистерија која на крајот е помалку за смртта колку за скриените животи што ги водиме. Филмот ја имаше својата премиера на 76-тото издание на Кански филмски фестивал во 2023 година, каде што ја освои Златната палма. Филмот е добитник на два Златни глобуса, како и Оскар за најдобро оригинално сценарио. Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари  

The post „Анатомија на падот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Анатомија на падот“ се закити со сите филмски награди https://republika.mk/scena/film/anatomija-na-padot-se-zakiti-so-site-filmski-nagradi/ Wed, 17 Apr 2024 10:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=767125

Добитник на наградата за најдобар европски филм што ја доделува Европската филмска академија по 36-ти пат, француската крими драма „Анатомија на падот“ од 18 април ќе игра и во кината шитрум земјава. По Златната палма на Канскиот филмски фестивал, филмот го освои европскиот Оскар, а се закити и со наградите за најдобар режисер и сценарист што ги освои Французинката Кристин Трир, како и со наградата за најдобра европска актерка - Сандра Хулер. Во Берлин, Европската филмска академија ја додели петтата награда за најдобра монтажа, а шестата награда му припадна на филмот по одлука на студентско жири од различни европски земји.

Францускиот трилер Анатомија на падот ја следи приказната за писателка која се обидува да ја докаже својата невиност во смртта на нејзиниот сопруг.

Последната година Сандра, нејзиниот сопруг Самуел и нивниот единаесетгодишен син Даниел живеат во зафрлена куќа во мал град на француските Алпи. Откако Семјуел бил пронајден мртов во снегот во подножјето на планинската колиба, на полицијата не и е јасно дали се работи за убиство или Семјуел пак тој се самоубил. Кога неговата сомнителна смрт е прогласена за убиство, Сандра станува главен осомничен. Она што следи не е само истрага за околностите на смртта на Самуел, туку и интригантно психолошко патување во длабочините на често конфликтната врска на Сандра и Семјуел.

Анатомија на падот е победник и на последниот фестивал во Кан, каде се закити со наградата Златна палма, а освои и дури шест награди на Европската филмска академија (Европски Оскар), меѓу другите, во категориите најдобар филм, режисер, сценарио и актерка.

Отприлика во исто време беа објавени и номинациите за наградите Златен глобус, а номинација доби и за најпрестижната филмска награда Оскарот. Анатомија на падот доби дури четири номинации, сите во најважните категории - за најдобар филм (драма), режисер, главна актерка и сценарио.

Комерцијален текст

The post „Анатомија на падот“ се закити со сите филмски награди appeared first on Република.

]]>

Добитник на наградата за најдобар европски филм што ја доделува Европската филмска академија по 36-ти пат, француската крими драма „Анатомија на падот“ од 18 април ќе игра и во кината шитрум земјава. По Златната палма на Канскиот филмски фестивал, филмот го освои европскиот Оскар, а се закити и со наградите за најдобар режисер и сценарист што ги освои Французинката Кристин Трир, како и со наградата за најдобра европска актерка - Сандра Хулер. Во Берлин, Европската филмска академија ја додели петтата награда за најдобра монтажа, а шестата награда му припадна на филмот по одлука на студентско жири од различни европски земји. Францускиот трилер Анатомија на падот ја следи приказната за писателка која се обидува да ја докаже својата невиност во смртта на нејзиниот сопруг. Последната година Сандра, нејзиниот сопруг Самуел и нивниот единаесетгодишен син Даниел живеат во зафрлена куќа во мал град на француските Алпи. Откако Семјуел бил пронајден мртов во снегот во подножјето на планинската колиба, на полицијата не и е јасно дали се работи за убиство или Семјуел пак тој се самоубил. Кога неговата сомнителна смрт е прогласена за убиство, Сандра станува главен осомничен. Она што следи не е само истрага за околностите на смртта на Самуел, туку и интригантно психолошко патување во длабочините на често конфликтната врска на Сандра и Семјуел. Анатомија на падот е победник и на последниот фестивал во Кан, каде се закити со наградата Златна палма, а освои и дури шест награди на Европската филмска академија (Европски Оскар), меѓу другите, во категориите најдобар филм, режисер, сценарио и актерка. Отприлика во исто време беа објавени и номинациите за наградите Златен глобус, а номинација доби и за најпрестижната филмска награда Оскарот. Анатомија на падот доби дури четири номинации, сите во најважните категории - за најдобар филм (драма), режисер, главна актерка и сценарио. Комерцијален текст

The post „Анатомија на падот“ се закити со сите филмски награди appeared first on Република.

]]>
„Анатомија на падот“ го освои Европскиот Оскар https://republika.mk/vesti/kultura/anatomija-na-padot-go-osvoi-evropskiot-oskar/ Mon, 11 Dec 2023 08:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=721635

„Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Трие е апсолутниот победник на 36. Европски филмски награди, освојувајќи четири награди и тоа за најдобар филм, за режија, за сценарио и за најдобра актерка за Сандра Хилер.

Данскиот актер Медс Микелсен ја освои Наградата за најдобар актер во главна улога како капетан во историографската драма „Ветена Земја“ во режија на Николај Арцел.

Други победници беа документарениот филм „Smoke Sauna Sisterhood“, чија естонска режисерка, Ана Хинтс, наместо да даде говор, испеа песна.

Две британски режисерки ја привлекоа европската публика – 30-годишната британска режисерка Моли Менинг Вокер ја освои на наградата European Discovery за дебитантските режисери со „Како да имаш секс“, додека Шарлот Реган ја доби наградата на младата публика за нејзината комедија-драма „Скрапер“.

Оваа година во трка за главната награда беа три филмови -„Анатомија на падот“, „Зона на интерес“ и „Лисја што паѓаат“.

Европските филмски награди, познати и како Европски Оскари, целат да ги препознат најдобрите филмови од последните 12 месеци на географската територија на Европа.

 

The post „Анатомија на падот“ го освои Европскиот Оскар appeared first on Република.

]]>

„Анатомија на падот“ на француската режисерка Жастин Трие е апсолутниот победник на 36. Европски филмски награди, освојувајќи четири награди и тоа за најдобар филм, за режија, за сценарио и за најдобра актерка за Сандра Хилер. Данскиот актер Медс Микелсен ја освои Наградата за најдобар актер во главна улога како капетан во историографската драма „Ветена Земја“ во режија на Николај Арцел. Други победници беа документарениот филм „Smoke Sauna Sisterhood“, чија естонска режисерка, Ана Хинтс, наместо да даде говор, испеа песна. Две британски режисерки ја привлекоа европската публика – 30-годишната британска режисерка Моли Менинг Вокер ја освои на наградата European Discovery за дебитантските режисери со „Како да имаш секс“, додека Шарлот Реган ја доби наградата на младата публика за нејзината комедија-драма „Скрапер“. Оваа година во трка за главната награда беа три филмови -„Анатомија на падот“, „Зона на интерес“ и „Лисја што паѓаат“. Европските филмски награди, познати и како Европски Оскари, целат да ги препознат најдобрите филмови од последните 12 месеци на географската територија на Европа.  

The post „Анатомија на падот“ го освои Европскиот Оскар appeared first on Република.

]]>
„Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие https://republika.mk/vesti/zlatna-palma-za-anatomija-na-padot-na-zhastin-trie/ Mon, 29 May 2023 08:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=645633

„Анатомија на падот“, судска драма во режија на француската режисерка Жастин Трие, ја освои „Златната палма“ на 76. Кански филмски фестивал.

Трие стана третата жена режисер која се закити со престижната награда на фестивалот во Кан. Психотрилерот „Анатомија на падот“ раскажува приказна за успешна и модерна писателка обвинета за убиство на својот сопруг.

Гран при доби филмот „Зона на интерес“ во режија на Британецот Џонатан Глејзер.

Филмот го реконструира семејниот живот на командантот на концентрациониот логор Аушвиц со цел да потсети на тезата за „баналноста на злото“. Застрашувачкиот поглед на идиличниот семеен живот на еден германски офицер стациониран во нацистичкиот логор на смртта е заснован на истоимениот роман на Мартин Амис, кој почина за време на фестивалот.

Почесна „Златна палма“ добија и Мајкл Даглас и Харисон Форд на почетокот на фестивалот.

Саботната церемонија на доделување награди го затвори годинешниот фестивал на кој не му недостасуваше гламур, ѕвезди и контроверзи.

The post „Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие appeared first on Република.

]]>

„Анатомија на падот“, судска драма во режија на француската режисерка Жастин Трие, ја освои „Златната палма“ на 76. Кански филмски фестивал. Трие стана третата жена режисер која се закити со престижната награда на фестивалот во Кан. Психотрилерот „Анатомија на падот“ раскажува приказна за успешна и модерна писателка обвинета за убиство на својот сопруг. Гран при доби филмот „Зона на интерес“ во режија на Британецот Џонатан Глејзер. Филмот го реконструира семејниот живот на командантот на концентрациониот логор Аушвиц со цел да потсети на тезата за „баналноста на злото“. Застрашувачкиот поглед на идиличниот семеен живот на еден германски офицер стациониран во нацистичкиот логор на смртта е заснован на истоимениот роман на Мартин Амис, кој почина за време на фестивалот. Почесна „Златна палма“ добија и Мајкл Даглас и Харисон Форд на почетокот на фестивалот. Саботната церемонија на доделување награди го затвори годинешниот фестивал на кој не му недостасуваше гламур, ѕвезди и контроверзи.

The post „Златна палма“ за „Анатомија на падот“ на Жастин Трие appeared first on Република.

]]>